Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

Нема фотографија

29 санкции за пребрзо возење во Куманово

Вчера, полициски службеници од СВР Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање возачи што управуваат возило со брзина поголема од пропишаната.Притоа на подрачјето на Куманово биле санкционирани 29 возачи, од кои 25 во населено место и 4 надвор од населено место.Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.Макфакс

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Тројца уапсени во Тетово, пронајден кокаин

Полициски службеници на СВР Тетово, вчеравечер околу 21 часот и 40 минути, на улица „Илинденска“ во Тетово ги лишиле од слобода 29-годишниот Х.Д., 32-годишниот Б.С., 33-годишниот И.А., тројцата од тетовска Мала Речица, затоа што кај нив бил пронајден и одземен кокаин, извести СВР Тетово. Тие се задржани во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што ќе им биде изготвен соодветен поднесок.Макфакс

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Снимал сексуален однос со 15-годишно девојче, гостиварец обвинет за производство на порнографија

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе наредба за спроведување истражна постапка против 30-годишен гостиварец затоа што постои основано сомнение дека сторил кривично дело производство и дистрибуција на детска порнографија од член 193-а став 1 од Кривичниот законик.Во периодот од 2022 година до 26.6.2023 година во Гостивар осомничениот произведувал детска порнографија снимајќи во повеќе наврати сексуален однос со 15-годишно дете жртва. Снимениот видеоматеријал и фотографиите тој ги зачувал

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Казни за 236 возачи во Скопје, 74 возеле над дозволеното

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје биле изречени вкупно 236 казни, меѓу кои за возење над дозволената брзина 74 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, осум санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл. Изречени биле и 24 санкции за користење на мобилен телефон при возење, осум мерки за некористење на сигурносен појас.Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните д

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Доларот паѓа, цената на нафтата порасна

На девизните берзи вредноста на доларот паѓа трет ден по ред.Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 103,57 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 103,85 поени.Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута падна од вчерашните 146,35 на 146,15 јени, пренесуваат регионалните медиуми.Американската валута ослабе и во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0865 дола

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Македонски концепт: Стара ЕУ во која започнавме асоцијативен процес веќе не постои, нема повеќе „полноправно членство“

Последните случувања во ЕУ, особено дадената потврда на вистинскиот француски предлог од страна на претседателот на Француската Република, но и последните вести од Европската комисија испратени преку претседателката Урсула Фон Дер Лајен, беа предмет на итни внатрешни консултации и анализа од стручните и политички тела на Македонски Концепт. Од оваа партија ги изнесуваат следните заклучоци:„1. Светот се менува, ЕУ се менува, ние се менуваме, што е нормално. Стара ЕУ во која ние започнавме асоција

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

„Владата на ДУИ и СДС нема пари за учебници, за лекови, а има за фирмите на своите роднини“, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Владата на СДС и ДУИ нема пари за учебници за учениците, нема пари за наставниците, за лекарите, за лекови за граѓаните. Владата на СДС и ДУИ има пари за своите семејства, за внуците. Или фирмите донатори на ДУИ се нивниот рудник за пари. Секој од ДУИ си има своја фирма и си склучува тендери во четири очи“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.„Внуците на функционерите на ДУИ очигледно сите се со силен претприемачки дух!Сега Бујар Османи, кој како министер за надворешни работи, на фирмата Еуровиа ДООЕЛ ќе и испл

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

СДСМ: Блокадите на ДПМНЕ мора да бидат поразени, отворена врата за ЕУ е историска шанса

Отворената врата кон Европската унија претставува историска шанса за реализација на стратешката цел на државата и на граѓаните, велат од партијата на власт.По 10 години, во ЕУ, како што оценуваат од СДСМ, првпат се зборува за временска одредница за следното проширување. „Во наредните месеци ЕУ треба да ги донесе клучните одлуки за проширувањето и за забрзување на реформите и за олеснување на проширувањето, во рамки на европските правила.Македонија има историска и реална шанса, веќе во 2030 годи

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Уписи на УКИМ – над 10 000 места за бруцоши

Денеска и утре се официјалните датуми за упис на студенти во прва година на 23 факултети во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.Според Конкурсот што го распиша УКИМ, за студиската 2023/2024 година слободни се 10.473 места. Од нив 5.074 се предвидени за редовни студенти финансирани од државниот буџет, 4.439 за редовни со кофинансирање на студиите и 960 за вонредни студенти. Може да се запишат и странски студенти за кои има или утврдено број или процент од вкупниот број запишани студенти

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Башибозлукот на командирот кој пукаше со калашников на веселба, покажува што направил Спасовски од полицијата

„Оливер Спасовски треба да си поднесе оставка, затоа што криминалот владее со државата. Затоа што тој како министер 8 години дозволи башибозлук во Македонија. Затоа што убијци слободно се шетаат. Затоа што командирите и началниците кои тој ги поставува наместо да го гонат криминалот ги кршат законите“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Впрочем последен таков случај беше во Ропотово каде што среде веселба, среде толпа, командир на полициска станица пукал од автоматско оружје и со тоа ги довел во прашање живот

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Судија што не положил психолошки тест за личност и тест за интегритет, не може повторно да полага: Лога за судијката Манев

Министерот за правда Кренар Лога испрати писмен допис до Судскиот совет на Република Северна Македонија во кој се бара советот да постапи согласно законските надлежности во врска со мислењето дадено од страна на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања-Скопје, за судијата Снежана Манев повторно да има право да полага психолошки тест за личност и тест за интегритет.Во мислењето на Институтот, како што информираат од Министерството за правда, наведено е дека Снежана Манев, кандида

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Спасовски: Во првата половина од 2023 година спречени се 5.018 обиди за илегални преминувања

Во борбата против илегална миграција – во првата половина од 2023 година имаме сузбиена 17-члена организирана криминална група, спречени се 5.018 обиди за илегални преминувања, откриени се 36 случаи на криумчарење на 286 мигранти, кривично гонети 28 лица, напиша на својот фејсбук профил, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.– Благодарение на операционализацијата на ФРОНТЕКС Договорот помеѓу Република Северна Македонија и Европската Унија за оперативните активности спроведени од стран

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Заслуги, а не датум, порача Европската комисија откако Мишел најави проширување на Унијата до 2030 година

Проширувањето е приоритет за овој состав на Европската комисија и кога станува збор за проширување ќе се заснова на заслуги, изјави на прес-конференцијата портпаролката на Европската комисија, Дана Спинант.„Секогаш велиме дека проширувањето се заснова на заслуги, дека земјите треба да се приклучат кога ќе бидат подготвени“, рече Спинант.Таа додаде дека тесно ќе соработува со земјите за да се подготват за влез во ЕУ и да ги спроведат реформите.Спинант рече дека Европската комисија не е фокусирана

Македонија | пред 3 години

289114724_1172275476681324_762076722338506029_n

„Таче излезе поштракнат од Заев“, вели Јаулески за изјавата на премиерот со келнерите

Пратеникот Јован Јаулески од ВМРО-ДПМНЕ, упати нови критики кон СДСМ. По изјавата на премиерот Димитар Ковачевски дека келнери му барале да ги врати во Македонија, Јаулески возврати.„Порано зборувавме за Македонија во ЕУ, сега да бидеме келнери во Словенија, тоа е она што СДС го нуди.Таче излезе поштракнат од Заев, тоа мора да се признае! Тие келнери се истите оние кои СДС ги избрка од Македонија и за кои остава кондури пред влада!Како Стево, верувам дека и Таче да не беше премиер на среќа, ќе с

Коментари | пред 3 години

Нема фотографија

Маричиќ на Бледскиот стратешки форум: Колку е подостижно проширувањето на ЕУ толку е посилен гласот на Европа

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ денеска учествуваше на панелот насловен „Збогум Европа! (?) – Глобален вазал или глобален лидер: Европа во новата геополитичка доба“, на кој рече дека проширувањето на ЕУ е нејзина најсилната политика, колку е подостижна толку е посилен гласот на Европа.– Нашето партнерство со ЕУ е клучно. Но, без опиплив датум и план за пристапување регионот нема да се грижи за ЕУ, затоа е многу важен говорот на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, споре

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Министерството за правда по протестот „стоп за извршителите“ – нека се обратат до Собранието

Автентично толкување на закони врши Собранието. Претседателот на ПЦЕР Самка Ибраимовски, КСОМ, да се обратат до законодавниот дом, велат од Министерството за правда во реакција по протестот организиран од неколку здруженија, а насловен „стоп за извршителите“ откако група демонстранти попладнево упатија низа барања од Министерството за извршителите да го почитуваат законот.Реакцијата на Министерството за правда ја проследуваме во целост:„Собранието на РСМ на 18.07 2023 година донесе 2 законски ре

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Oсмани: Големо „не“ за историски толкувања во преговорите, големо „да“ за правата на заедниците

Министерот за навдворешни работи, Бујар Османи на панел на Блед стратешкиот форум во Словенија се осврна на францускиот предлог што доведе до договор со Бугарија лани, заклучувајќи дека уставните измени се дел од принципите на договорот, но не и било која дебата поврзана со идентитетот.„Добро е што Александар Адам е со нас овде, бидејќи тој е еден од архитектите на таканаречениот француски предлог. И овој предлог што што доведе до договор минатата година се засноваше на некои принципи.Принципот

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Пендаровски-Фиала: Континуирана е поддршката од Чешка за македонските интеграции во ЕУ

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на официјалната посета на Чешката Република, денеска во Прага оствари средба со претседателот на Владата на Чешката Република, Петр Фиала.На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, што во изминатите три децении се карактеризираат со широка соработка во повеќе сфери од заемен интерес.Посочувајќи ја Чешката Република како важен партнер во НАТО, ОН и ОБСЕ, претседателот Пендаровски ја нагласи заложбата од македонск

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Сончево со умерена облачност, температурата до 33 степени

Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Локално, претежно во западните делови, ќе има услови за појава на краткотраен слаб дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени. UV=7Во Скопје сончево со умерена облачност и со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне 31 степен, извести УХМР.Следува период на претежно со

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Канадската министерка за надворешни работи во посета на Скопје

Министерката за надворешни работи на Канада, Мелани Жоли, денеска ќе престојува на работна посета на Северна Македонија, при што ќе оствари средба со министерот за надворешни работи, Бујар Османи.Во фокусот на разговорите ќе бидат билатералните односи во рамките на стратешкото партнерство меѓу двете земји, сојузништвото во рамките на НАТО, предизвиците на претседавање на земјата со ОБСЕ, како и другите актуелности од областа на надворешната политика.За време престојот во Скопје, Жоли ќе оствари

Македонија | пред 3 години

sports-center-boris-trajkovski-called-3483753

“Еуровиа“ нема донации кон ДУИ - фирмата која добива државни тендери реагира, важна и е репутацијата

Во годишниот извештај на Демократската унија за интеграција, кој до Државниот завод за ревизија е испратен во март годинава, стои дека „Еуровиа Тетово“ дала донацијата од 1.8450.000 денари на сметката на партијата на Али Ахмети. Од фирмата „Еуровиа“ која го доби тендерот од Министерството за надворешни работи за конференцијата на ОБСЕ велат дека донација од нив за ДУИ немало.„Мојата врска со ДУИ, донирањето што се нагласува кон Демократската унија за интеграција и вредноста на донацијата, се нев

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Се запали возило на Итната помош во Куманово

Возило на Итната помош во Куманово се запали на улицата Тоде Мендол.Од МВР информираа дека пожарот во возилото кое е во сопственост на ЈЗУ „Здравствен дом“ Куманово се случил додека било во движење.На терен излегле кумановските пожарникари, а во гаснењето на огнот помогнал и возачот на Итната помош.Нема повредени лица и извршен е увид.Макфакс

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Грабеж во Кавадарци: „испразнета“ канцеларија на здружение на граѓани, однесени компјутерите

Вчера во Кавадарци било пријавено дека од Здружението на граѓани на улицата Браќа Хаџи Тефови биле украдени седум лап топ компјутери и делови за компјутер.Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.Макфакс

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Избодено младо момче во Скопје

Дваесет и двегодишно момче синоќа било избодено во Шуто Оризари.„Од Градската општа болница Св.Наум Охридски било пријавено дека кај нив со повреди од остар предмет бил донесен С.Б.(22) од Скопје. Според пријавеното, настанот се случил во Шуто Оризари, а повредите му ги нанел З.Б..“, велат од МВР.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.Макфакс

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Бектеши на состанок со раководството на СКСЗМ: Преку соработка со Коморите креираме мерки за подобрување на бизнисот и стандардот за граѓаните

Министерот за економија, Крешник Бектеши, денеска оствари работен состанок со раководството на Стопанската комора на Северозападна Македонија (СКСЗМ).На состанокот се разговараше на повеќе теми меѓу кои мерките кои ги превзема Владата за поддршка на бизнис секторот, продлабочување на соработката во делот на крерирање на политики за подобрување на бизнис климата во земјата и животниот стандард на граѓаните.„Со раководството на СКСЗМ разговаравме на повеќе теми кои се од важност за поддршка и разв

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања