Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-54-7320PM

Трагедија: Се удави маж во Охридското Езеро, во близина на Свети Наум

Странски турист попладнево се удавил во водите на Охридското Езеро, во близина на Свети Наум.Според првичните информации од полицијата, станува збор за лице родено 1958 година, односно имал 64 години, државјанин на Република Албанија.Увид на местото на настанот е во тек, за утврдување на околностите за настапувањето на смртта.

Охрид | пред 3 години

uciliste-skolo-deca-ucenici-4-4

Големи се шансите оваа учебна година да започне со штрајк

Големи се шансите оваа учебна година да започне со штрајк на просветните работници, вели претседателот на Независниот синдикат на образование и наука, Томислав Гиевски во интервју за Радио Слободна Европа.Гиевски појаснува дека огромно е незадоволството коешто преовладува во основните и средни училишта, како резултат на понудените ниски десет проценти од страна на Владата преку општиот колективен договор.Постојат огромни шанси учебната година да започне со штрајк, ние како Независен синдикат за

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Фатени 9 мигранти од Сирија на пат кон гевгелиско село

На регионалниот пат 1102 кон селото Милетково, полицијата пронајде девет мигранти од Сирија во патничко возило Бе-Ем-Ве Х6 со скопски регистарски ознаки, соопшти МВР.Возачот го напуштил местото на настанот, а полицијата презема мерки за расчистување на случајот.На 26.08.2023 во 18,00 часот на регионален пат 1102 кон с.Милетково од полициски службеници од Полициска станица Богородица во патничко моторно возило „бмв Х6″ со скопски регистарски ознаки биле пронајдени девет лица мигранти од Сирија, а

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Трагедија: 27 годишен струмичанец пронајден мртов во својот дом

Во СВР Струмица било пријавено дека во куќа во село Мокриево, струмичко пронајдено е тело на 27-годишниот М.С.На 26.08.2023 околу 13,30 часот во СВР Струмица било пријавено дека во с.Мокриево, струмичко во семејниот дом бил пронајден починат М.С.(27). Смртта била констатирана од лекар од итна медицинска помош – велат од МВР.По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Струмица.Макфакс

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Вевчанецот кој за децата со аутизам кажа дека треба да се извор на органи и ги нарече „ретардирани“ доби кривична и од „Меѓаши“

МВР информира дека денеска во ОВР Струга е извршен службен разговор со Р.С.(36) од Вевчани по поднесена пријава од Детска амбасада „Меѓаши“ и З.М. од Штип дека преку социјалната мрежа Фејсбук упатил коментари со кои сторил кривично дело по чл.394 од Кривичниот законик.Во службениот разговор Р.С. го признал делото, обезбедени се потребните докази и по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава до ОЈО Струга за ширење на расистички и ксенофобичен материјал преку компјуте

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

МНР: Меѓународните активности чинат пари, ние избравме најевтина фирма

Министерството за надворшени работи реагира по информациите во медиумите дека фирма, блиска до ДУИ, која воедно се јавува и како донатор, добила тендер за адаптација на СЦ Борис Трајковски во конференциска сала.Во соопштението на МНР, меѓудругото, се вели:„Постапувајќи по задолженијата од страна на Владата, Министерството за надворешни работи ја спроведе постапката за јавна набавка на работи за предметната цел, во целост придржувајќи се кон одредбите на Законот за јавни набавки. На јавната набав

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Едниот крак на пожарот е под контрола, вториот оди кон манастир, вели директорот на ЦУК

Се уште се силни пламените јазици во скопски Илинден.„Едниот крак на пожарот е ставен под контрола. Вториот се движи кон манастирот каде дел од вегетацијата е изгорена од вчера. Нема опасност по населени места“, рече директорот на ЦУК, Ангелов.Претходно, тој рече дека на едниот крак дејствува ер трактор на ДЗС, а на вториот, полошиот крак, дејствуваат два хеликоптери на МВР. „Со механизација е направено и забраздување, т.н пресеци за да се спречи ширењето на пожарот надвор од оваа линија. Тука и

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Хајредини: Сликање со Ескобар за „европски фронт“ без книги за учениците, без лекови за болните, со изгорена и украдена пошта

„Не е доволно само едно сликање со Ескобар за „европски фронт“ и членство во ЕУ“, коментира поранешниот министер и аналитичар, Џевдет Хајредини, за дводневната посета на американскиот дипломат Габриел Ескобар на Македонија.– Без книги за учениците, без лекови за болните, без независни обвинители и судии, со возови што се движат со брзина од 20 км на час, со изгорена и повеќе пати украдена пошта, со нула отсто доверба на народот во обвинителите и судиите, со секојдневни коруптивни скандали и афер

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Министерот за правда разговарал со државниот обвинител на Швајцарија: една од темите биле валканите пари на политичарите

Министерот за правда, Кренар Лога, остварил разговор со државниот обвинител на Швајцарија, Стефан Блатлер.„Отворен, пријателски разговор, во доверба, за нови патеки за соработка со државниот обвинител на Швајцарија, г. Стефан Блатлер. Борба против организираниот криминал, валканите пари на политичарите и олигарсите, помош за реформа на правосудниот систем итн.Прозорецот за соработка останува отворен за понатамошни состаноци на високо ниво со мојот швајцарски колега, наскоро“, вели министерот.Мак

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

(Видео) Хеликоптерска снимка го покажува ужасот во скопски Илинден

Продолжува воздушното гасење на пожарот кој од вчера е активен во скопското село Ајватовци.Од ЦУК споделија видео на кое се гледа прецизно исфрлање вода од еден од полициските хеликоптери.Претходно првиот човек на ЦУК, Ангелов, рече дека едниот крак на пожарот е ставен под контрола,а вториот се движи кон манастирот каде дел од вегетацијата е изгорена од вчера. „Нема опасност по населени места“, кажа тој.Макфакс

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Пендаровски ги прими лауреатот, наградените и организаторите на Струшките вечери на поезијата

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими годинешниот лауреат на Струшките вечери на поезијата, академикот Влада Урошевиќ, директорот на Струшките вечери на поезијата Тодорче Тасевски, претседателката на управниот одбор на фестивалот, Елизабета Шелева, добитникот на наградата „Браќа Миладиновци“, Димитар Башески и добитник на наградата „Мостови на Струга“ на УНЕСКО за дебитантска книга, Гавин Бредли.Честитајќи му на Урошевиќ за наградата „Златен венец“, претседателот истакна дека му претс

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Спасовски: кога дојдов во МВР имаше само еден хеликоптер, сега почнавме со гаснење на пожари со три

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на ФБ им честита на припадниците на МВР и Одделот за воздухопловни единици.„Благодарение на успехот на припадниците на Хеликоптерската единица за полициски намени и на Хеликоптерската единица за посебни намени при Одделот за воздухопловни единци, кои дејствуваа во гасење пожари низ државата – во реонот на Свети Николе, реонот на Дојран, реонот на Богданци, реонот на Демир Капија, велешка Отовица, Гоцева Шума, кочанските села Соколарци, Врбјани и

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Опасен пожар изби во Зелениково

Огнената стихија во скопски Илинден е под контрола. На терен остануваат скопските пожарникари кои треба да го изгаснат целосно. Во меѓувреме, ЦУК информира за нов опасен пожар.„Пожарот кај Ајватовци е локализиран. Се работи на негово догаснување. Во овој момент, хеликоптерите се повлекуваат. За жал, се појави нов пожар на територија на општина Зелениково. Таму патува еден армиски хеликоптер. Пожарот добива сериозни димензии, навлегува во квалитетна шума“, вели директорот на ЦУК, Ангелов.Макфакс

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Се шири пожарот во Зелениково

Пожарот на територијата на Општина Зелениково се простира во атарот на селата Смесница, Ново Село и Страхојадица.„Еден крак од пожарот е активен во насока на с. Смесница, помеѓу селото и пожарот има висока сува трева која може да изгори бргу.Нашите напори се напори се насочени да се обезбеди селото со заорување на критичното место пред селото и правење на изоран појас преку кој пожарот нема да може да помине“, вели директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.Макфакс

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Милионите евра од МНР не се единствени: Тетовската фирма чиј газда е донтатор на ДУИ, добивала пари од други институции

Фирмата „Еуровиа“ од тетовско Желино која ќе инкасира 1.8 милиони евра за да ја трансформира салата „Борис Трајковски“ во центар за ОБСЕ конференција – годинава имала низа зделки со државни институции за илјадници евра. Добивале од неколку министерства, од Општина Чаир, но и од Универзитетот „св. Кирил и Методиј“-Скопје.  Од министерства, таму пари трансферирале Министерството за животна средина, Министерството за труд и социјална политика, Министерството за здравство. [caption id="attachme

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Мортус пијан битолчанец постигна „црн рекорд“

МВР вечера на подрачјето на СВР Битола спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол.При контролата санкционирани се 18 возачи.„Во Битола е санкциониран и возач од Прилеп кај кого се измерени 5.01 промили алкохол. За време на контролата биле санкционирани и 35 други видови прекршоци. Акциските контроли продолжуваат и во наредните денови“, велат од полицијата.Макфакс

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

(Видео) Димковски: Со приемот во ЕУ ни се отвора пазар од преку 500 милиони потенцијални потрошувачи

Претседателот на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ, Трајан Димковски, на прес конференција во партиското седиште рече дека со приемот во ЕУ ни се отвора пазар од преку 500 милиони потенцијални потрошувачи, на кој македонските земјоделци ќе може да ги понудат и пласираат своите производи.„Европската Унија преку мерките од ИПАРД 3 програмата досега, има издвоено вкупно 217 милиони евра за директна поддршка на нашите земјоделски производители. Со пристапот на Македонија в

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

(Видео) Митева: Економски колапс, висока инфлација и пораст на цените е политиката на СДС и ДУИ

Портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева на прес конференција рече дека во Македонија се профитира на грбот на граѓаните, а власта нема никаков план иако е директно одговорна да го спречи или во најмала рака да го ублажи порастот на цените.„Токму оваа власт на СДС и ДУИ до пред некое време имаа т.н алиби дека сето ова се случува поради надворешните фактори односно заради порастот на цените на струјата, на гасот, на нафтата и на репроматеријалите. И тогаш лажеа, но денес кога економските прилик

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Пожарот во скопски Илинден се уште активен, ама нема потреба од воздушно гасење

Пожарот кај Ајватовци се уште е активен на еден крак, односно под репетиторите, додека останатите делови се изгаснати, информира директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов.– Екипи на скопската БППЗ работат на гаснење на активниот крак и обиколка и проверка на изгаснатите делови од пожарот. Пожарот се гаснеше непрекинато во текот на целата ноќ од страна на скопските пожарникари и доброволци од локалното население предводени од градоначалникот на Општина Илинден Александ

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

(Видео) Пак се разгоре пожарот во скопски Илинден, повикан е хеликоптер

Пожарот кај скопско Ајватовци кој утринава беше локализиран, пак се разгоре поради високите температури и ветерот.Директорот на ЦУК, Ангелов, информира дека е ангажиран полициски хеликоптер за гасење.Видеото е на Центарот за управување со кризи.https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/08/10000000_6494492520650067_6190786690696137646_n.mp4Макфакс

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Полета и вториот хеликоптер кон скопски Илинден, пожарот се шири

Пожарот во Ајватовци се разгоре на два крака, информира директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.Поради тоа ќе се вклучи и вториот хеликоптер на МВР.Пожарот избувна вчера и се гаснеше непрекинато во текот на целата ноќ од страна на скопските пожарникари и доброволци од локалното население предводени од градоначалникот на Општина Илинден Александар Георгиевски.Утринава беше локализиран, но пред неполн час, повторно се разгоре.Макфакс

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

АМСМ: Гужва има само на „Табановце“

„Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Се бележи зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце за влез и за излез од државата, времето на чекање е околу 40 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата“, информираа попладнево од АМСМ.Макфакс

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Ковачевски се сретна со македонски иселеници во Словенија

Премиерот, Димитар Ковачевски, во рамките на работната посета на Република Словенија по повод учеството на Бледскиот стратешки форум, оствари средби со претставници на здруженија и асоцијации на дијаспората Македонија во градот Копер.На средбата беше истакната заложбата на Владата да негува врски со иселениците во Словенија со што придонесува за взаемно одржување на традицијата и културата што е заедничко за сите без разлика каде живеат. Соговорниците разменија мислења за важноста од воспоставув

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Пожарот во скопски Илинден е надвор од контрола, се шири кон Куманово

Пожарот во скопски Илинден е надвор од контрола. Ниту три воздухоплови не може да ги изгасат пламените јазици. Според последните информации од терен, огнот може да биде закана и за Куманово.„На едниот крак дејствува ер трактор на ДЗС, а на вториот, полошиот крак, дејствуваат два хеликоптери на МВР. И покрај тоа не можевме да воспоставиме контрола. Со механизација е направено и забраздување, т.н пресеци за да се спречи ширењето на пожарот надвор од оваа линија. Тука има и доброволци од Свети Нико

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

(Видео) „Браво МВР, Господ да ве благослови“ – жителите благодарни за помошта во скопски Илинден

Пожарот во скопски Илинден се уште се гаси со два хеликоптери на МВР и од копно со екипи на противпожарната бригада на Скопје. Жителите на Ајватовци се заблагодија за помошта од МВР и споделуваат снимки од дејството на полицискиот хеликоптер.Пожарот избувна вчера и се гаснеше непрекинато во текот на целата ноќ. Утринава беше локализиран, но пред неполн час, повторно се разгоре.Макфакс

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања