Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

Нема фотографија

Пензионер нападнат од неговата сосетка во Кисела Вода

Скопјанец, на возраст од 74 години бил физички нападнат од неговата сосетка, објави полицијата.„На 06.08.2023 во 14.45 часот во СВР Скопје, Ј.Т.(74) од Скопје пријавил дека околу 11.20 часот на подрачјето на Кисела Вода бил физички нападнат од неговата сосетка В.Ј., која употребила и тврд предмет“, велат од МВР.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.Макфакс

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Кавадарчанка си купувала онлајн од туѓа дебитна картичка и потрошила над 300 евра

Полицијата поднесе кривична пријава против А.М.(38) од Кавадарци, порадисторени кривични дела „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“ и „злоупотреба на лични податоци“.„Пријавената, на 16.10.2022 неовластено пристапила до мобилен телефон и, користејќи ја електронската дебитна картичка од оштетената, извршила нелегална онлајн трансакција од 21.000 денари“, објави МВР во дневниот билтен.Макфакс

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Насилство пред кафуле во Кисела Вода

Вчера во 6.35 часот наутро во полицијата било пријавено дека пред угостителски објект на подрачјето на Кисела Вода, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ш.Б.(53) и Б.Б.(59), двајцата од Скопје.При тепачката, како што информираат од МВР, употребен бил и тврд предмет.По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.Макфакс

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Teтовец ја чистел куќата на покојниот татко и нашол автоматска пушка, се јавил во полиција

Maж од селото Подбреѓе пријавил во полицијата дека при чистење на стара куќа, сопственост на неговиот покоен татко, пронашол автоматска пушка.„Вчера во 18.15 часот во Полициското одделение Јегуновце, З.А.(41) од тетовско Подбреѓе пријавил дека при чистење на стара куќа, сопственост на неговиот покоен татко С.А. во село Подбреѓе, пронашол една автоматска пушка. По овластување на јавен обвинител, полициски службеници од СВР Тетово извршиле увид и било констатирано дека станува збор за автоматска п

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Подготвени сме да испратиме 100 армиски припадници во Словенија, рече Петровска

До Центарот за управување со кризи како контакт точка на Република Северна Македонија преку НАТО механизмот за помош при катастрофи (Евро-атлантски координативен центар за одговор на катастрофи) пристигна барање за помош на Словенија.Министерката за одбрана Славјанка Петровска по консултации со Генералштабот на Армијата, извести дека Армијата на Република Северна Македонија е подготвена да испрати 100 армиски припадници, кои по донесување на Одлука на Владата и давање согласност на Претседателот

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Утре без вода дел од Чаир

Утре поради уличен дефект на водоводна цевка од ф – 200 мм на ул. Никола Малешевски бр.24, во периодот од 13.40 часот  без вода ќе останат корисниците од ул. Никола Малешевски, како и дел од корисниците од ул. Македонско Косовска Бригада, општина Чаир , соопштуваат од ЈП Водовод и Канализација.Без вода ќе бидат корисниците се до отстранување на дефектот.Макфакс

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Четврто прскање против ларви од комарци

Градот Скопје ги известува граѓаните дека во среда , ќе се реализира четвртата фаза од дезинсекцијата на подрачјето на градот Скопје против лаври од комарци, односно:– Авионската дезинсекција (четврта фаза) на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци, ќе се реализира на 09.08.2023 (среда), во раните утрински часови;– Терестричната дезинсекција (четврта фаза) на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци, ќе се реализира на 09.08.2023 (среда), во текот на денот.Доколку време

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Охриѓанец пукал со пиштол на свадба, повредени маж и дете

На 06.08.2023 околу 13.00 часот во СВР Охрид, пријавено е дека на свадбена веселба во двор на улицата „Петрино“ во Охрид, К.Б.(60) од Охрид, кој бил гостин, испукал неколку куршуми од пиштол „Застава“ калибар 7,62 милиометри.Притоа, И.С.(39) Охрид и неговиот малолетен син се здобиле со повреди, констатирани во Општа болница во Охрид. Полициски службеници од СВР Охрид извршија увид, при што од К.Б. одзедоа пиштол „Застава м57“ калибар 7.62 мм, пиштол „ЦЗ 99, карабин „Југословенски маусер“, ловечк

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Таравари: Битно ни е да поминат уставните промени, во Алијансата не дискутиравме дали остануваме или излегуваме од Влада

За околу две недели во парламентот на пленарна седница ќе излезат уставните измени. Алијанса за Албанците имаше состанок минатата недела на централното претседателство. Воопшто не дискутиравме за тоа дали остануваме или излегуваме од Влада. Битно ни е да поминат уставните промени, се уште сме оптимисти дека има шанси да се случат, да се започнат уставните промени. Ако не ќе видиме како понатаму. Како ќе се одвиваат работите така и ќе одлучуваат партиските тела на Алијанса за Албанците, изјави пр

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Катастрофа, пресудата е неправедна, разочарана сум од судството, вели мајката на прегазената Магдалена

Пресудата е неправедна, немам зборови, катастрофа, рече мајката на 11-годишната Магдалена, Емилија Иванова, која беше смртно прегазена на пешачки премин во Велес во декември минатата година.„Не сум задоволна, ова не е доволно за возачот да извлече поука и да не го повтори делото. Која поука би можел од ова да ја извлече? Тоа значи дека тој цело време може да го повторува делото затоа што казните ќе му бидат многу мали. Правдината е да си биде осуден како што треба, без притисоци, без врски, казн

Македонија | пред 3 години

veles-960x566-1

Пресудата е шок за семејството и сол на рана, кај обвинетиот немаше никакво каење, никаква емоција, вели Митровски

Наместо 18 години затвор, велешанецот Ангелчо Николов, кој ја прегази 11-годишната Магдалена Иванова и ја усмрти, ќе треба да издржи осум години затвор, одлучи скопска Апелација. Второстепените судии му ја намалија казната за десет години. Пресудата на Апелација е донесена по пет месеци од изрекувањето на првостепената бидејќи Николов издржува притвор поради опасност од бегство, кој му беше изречен сѐ до правосилност.Во врска со ова на социјалните мрежи се огласи адвокатот Јанаки Митровски.„Не з

Коментари | пред 3 години

Нема фотографија

Стоилковски: Ковачевски се повикува на непостоечки изјави од Софија дека „немало нови услови“, а нема осуда за пораките за 2 август од Бугарија

Јавноста и денеска е покуса за информацијата каде летува Димитар Ковачевски и од кога е заминат во странство, имајќи предвид дека е објавено интервју со него кое што не кореспондира со реалноста и актуелните случувања. Да бевме малициозни ќе прашавме дали интервјуто е резултат на изложеност на сонце или место Ковачевски одговарал Артан Груби, вели Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.[embed]„Пораките на Ковачевски во последното интервју се несериозни и не може да се врзат со реалноста. Кова

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Наместо 18, ќе одлежи осум години затвор: велешанецот што смртно прегази дете и избега доби десет години пониска казна од Апелација

Наместо 18 години затвор, велешанецот Ангелчо Николов, кој ја прегази 11-годишната Магдалена Иванова и ја усмрти, ќе треба да издржи осум години затвор, одлучи скопска Апелација. Второстепените судии му ја намалија казната за десет години. Пресудата на Апелација е донесена по пет месеци од изрекувањето на првостепената бидејќи Николов издржува притвор поради опасност од бегство, кој му беше изречен сѐ до правосилност.Николов беше возач на „мерцедесот“, кој во пијана состојба, на пешачки премин,

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Левица: Европската комисија потврди – Рамковниот балансер не ги исполнува целите

Европската комисија го објави нацрт-извештајот од скрининг процесот за првиот кластер од поглавјата на Унијата, во кој ЕК го потврдува тоа што Левица го говори секојдневно – не постојат поголеми анти-европскии партии од криминалната коалиција СДС и ДУИ, велат од Левица.„Забелешките на ЕК се однесуваат на многу прашања за кои Левица веќе има јавно реагирано, како на пример злоупотребата на т.н „европско знаменце“ за да се прошверцуваат сомнителни закони без комисиска расправа. Комисијата, исто та

Македонија | пред 3 години

358163216_300193479049198_5433235161432538757_n

Ахмед од Скопје прескокна одделение како натпросечно дете, соучениците го нарекуваат: „штребер” и „бубалица”

Десетгодишниот Ахмед Смајовиќ од Скопје, годинава заврши петто одделение. Има способност брзо да чита, да разбере и да ја научи било која содржина. Посебен талент има кон математиката и странските јазици, пишува Мета.Ужива да решава математички задачи и да учи нови зборови. Тој многу рано прозборел, а на неполни две години веќе користел реченици во својата комуникација.До својата петта година веќе читал кирилично и латинично писмо и течно зборувал босански, македонски и англиски јазик. Математич

Скопје | пред 3 години

Screenshot-2023-08-07-123305

(ВИДЕО) Пожарникари спасиле срна од поплавите во Словенија, па им јадела од раце

Припадниците на Јавната противпожарна единица на градот Запрешиќ наишле на млада срна во неволја во поплавеното подрачје. Според достапните фотографии и видео, срната со целосна самодоверба им го доверил животот.Откако го извлекле од загрозениот, поплавен дел во месноста Запрешиќ, кога го префрлиле на безбедно, го покриле да го исушат и стоплат. Тој не протестираше. Тој дури спремно позирал со својот спасител и сосема мирно ги изел од раката тревките што му ги понудил пожарникарот.– Јавната прот

Магазин | пред 3 години

Нема фотографија

Неколку повредени во тешка сообраќајна несреќа во Охрид

Вчера, во 16.30 часот, во СВР Охрид било пријавено дека на улицата Железничка во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“, со радовишки регистарски ознаки, управувано од 56-годишниот Д. К. од Охрид, и патничко возило „фиат пунто“, со охридски регистарски ознаки, управувано од 50-годишниот А. Р. од Охрид, извести МВР.„Во несреќата тешки телесни повреди добила сопатничка од возилото ‘фиат пунто’, Ј. Р. (75) од Охрид, констатирани во Специјалната болница ‘Св. Еразмо’ во Ох

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Герасимовски: Започнува реконструкцијата на улицата „Славејко Арсов“ на Водно

Општина Центар врз основа на воспоставената меѓуопштинска соработка со Град Скопје, започнува со реконструкција (рехабилитација) на улица ,,Славејко Арсов” (со краци) и улица ,,Столтенбергова”.,,На овој потег на улицата ,,Славејко Арсов” ќе биде поставен нов асфалт со должина од 5800 м2, и нови рабници со вкупна должина од 250 метри. Заедно со поставувањето на новиот асфалт долж овој потег на улицата, ќе бидат нивелирани и 38 шахти” истакна Герасимовски.Општина Центар во следниот период ќе започ

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

На бонбона бизнисите им нема крај: директорот на штаб на ДПМНЕ „награден“ со 18,5 милиони денари за две години, велат од Левица

Општините каде што се на власт кадрите на ДПМНЕ се претворени во цицачи за финансирање на функционерите и елитата во друштво на Мицкоски, обвинува Левица.„Новоназначените лица од Мицкоски кои секојдневно пропагираат борба против криминалот и корупцијата во државава, за делење тендери и крадење на нашите народни пари зборуваат во прво лице, бидејќи и самите тие, како и оние кои ги осудуваат во јавност, си оствариле огромен сопствен бенефит. Имено, вкупно 18.053.858,5 денари градоначалниците на са

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

(Видео) Ќе има жешка есен, со протести на здравството и полицијата, најавија Независниот синдикат на здравство и Независниот синдикат на Геријатрија

На состанокот се реши дека има голем број на аномалии во колективниот договор со здравствените работници, со здравствениот административен персонал, со техничкиот персонал. Потребно е тие аномалии да се решат постепено, кажа Боби Бојчевски од Независниот синдикат на здравство по средбата со министерот за информатичко општество и администрација.Ние сме усогласени за понатамошните постапки што ни ги нагласија во МИОА, каде да се движиме и како да го решиме овој проблем, кажа тој.[embed]„Здравствен

Македонија | пред 3 години

IMG_4225

Пет пари не даваат за заштита на Водно, Матка, Кале и Гази Баба

Македонските политичари со фанфари се фалат кога ќе се донесе регулатива за заштита на одредени подрачја со особени природни вредности, но потоа никаде ги нема кога таа треба да се спроведе во практиката. Пример за тоа се Водно, Матка, Кале, Гази Баба и другите локалитети во околината на Скопје, коишто, иако имаат статус на заштитени подрачја, секојдневно се уништуваат. Главна причина за ваквата поразителна состојба е негрижата на Владата и другите надлежни институции, односно недостигот од капа

Скопје | пред 3 години

Нема фотографија

Приведен шверцер на мигранти од Скопско

Полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица го лишиле од слобода 27-годишниот Б. А. од селото Рашче, Скопско, извести МВР.„Во 21.15 часот тој бил затекнат со А. А. (18), мигрант од Сирија, при илегално преминување на државната граница од Република Грција во Република Северна Македонија. Мигрантот бил сместен во прифатно-транзитен центар, а Б. А. бил задржан во полициска станица“, соопшти МВР.По целосно документирање на случајот, во координација со

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

ОМО Илинден-Пирин: За 10 дена Бугарија успеа да деградира 4 различни народи, 3 земји и милиони граѓани од Македонија, Србија и Грција

ОМО Илинден-Пирин во објава на социјалните мрежи сподели неколку вести за како што велат „добрососедската“ земја Бугарија и како таа гради добрососедски односи со Балканските држави.„Уште нетргнати се заканија дека ќе палат знамиња на Албанија и Македонија. При пристигнувањето беше предизвикан инцидент со локалното албанско население во Скопје, при што беше прободен еден бугарски граѓанин, за потоа инцидентите да ги префрлат на стадион во судир со македонската полиција, која уапси 19 бугарски на

Македонија | пред 3 години

20190807122837

Денеска е Света Ана: Направете ги овие работи за среќа

Иако нејзиниот главен празник е на 9 септември, православната црква денес го празнува успението на Света Ана, мајката на Пресвета Богородица Марија.Денес, верниците одат во манастирскиот комплекс посветен на Света Ана во село Маловишта кај Битола, кое е единствено во рамките на Националниот Парк Пелистер.Се верува дека овој манастир има чудотворна моќ за двојките кои не можат да имаат деца. Некои и сега го практикуваат обичајот вечерта помеѓу 6 и 7 август да преспијат во манастирот за да добијат

Магазин | пред 3 години

Нема фотографија

536 санкции за брзо возење на територијата на Македонија

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 536 возачи.Од нив 36 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 15 возилa се движелe со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.Притоа 262 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 274 надвор

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања