Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

pozarna

Пожарникарите контра Арсовска: Бригадата не е место за партиски собири

Град Скопје реагира на намерата одредени кандидати да ја злоупотребуваатпротивпожарната бригада за изборни цели. На партиските кампањи никогаш не имбило местото во просториите на Хероите на Градот и тоа не смее да се промени заовие локални избори изјавија од Град Скопје.Просториите на ПП бригадата во Автокоманда се стратешкибезбедносен објект за Градот Скопје и мора да биде функционален и во припремнасостојба во секое време. Според тоа, тоа не е место за никакви партиски собириили состаноци со кандидати со некои пожарникари.Апелираме Пожарникарите да бидат изоставени од партиските препукувања и дабидат оставени на мира да си ги извршуваат секојдневните обврски.Синдикалните организации имаат право да се среќаваат со кого сакаат, се додеказа тоа не ги користат просториите на противпожарната бригада на Град Скопје,се вели во соопштението од Град Скопје.

Скопје | пред 4 години

Нема фотографија

Заев: Најдоцна до утре ќе одлучам за оставките

– Навистина првпат слушам дека извештајот е објавен, веројатно веќе сме биле на прес-конфернција кога тоа е објавено. Дозволете да го прочитам извештајот, да го видам со се што е објавено, за да можам да ги дадам своите реакции и веднаш во текот на денот или најдоцна утре ќе дадам свој коментар за ова, изјави Заев, одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција денеска во Владата.Заев, истоа така изради и благодарнност до институциите што ги објавуваат извештаите, затоа, како што рече, граѓаните ги чекаат.– Тоа е најважното, самите извештаи мора да бидат професионално и навремено завршени и секоја информација што дава дополинтелно одговори на нашиот народ, на семејствата на загинатите наши сограѓани е респонзивност на институциите, посочи Заев.

Македонија | пред 4 години

235588089_236233675056622_5572529493199701428_n

Град Скопје објави оглас за купување градска куќа, мора да биде во строг центар и да чини до 11 милиони евра

Рокот на поднесување на понудите е 15 календарски дена од денот на објавување на огласот, односно понудите треба да се достават најдоцна до 13 октомври.Во моментов, градоначалникот на Град Скопје и администрацијата се сместени во бараките кај Градски парк. Откако ќе се исели градската администрација во нов објект, на местото на бараките ќе се гради монтажен паркинг со спортски терени. Маркичката за деловен простор на оваа парцела, со приземје, 5 ката и поткровје, e избришана со новиот Детален урбанистички план Градска четврт 3.12- локалитет Парк 1 и дел од Дебар Маало 2.Градоначалникот Петре Шилегов пред две години за 12.7 милиони евра ѝ ја продаде Градската куќа на кејот на реката Вардар под тврдината Кале на австриската компанија ЕВН. Одлуката за продажба на објектот кој почна да го гради неговиот претходник Коце Трајановски беше донесена со образложение дека се наоѓа на несоодветна локација и нема да ги собере сите вработени во Градот.извор sdk.mk

Скопје | пред 4 години

Screenshot-2021-09-20-at-08.55.18

ОЈО: Пожарот во тетовската модуларна болница настанал од прегреан кабел на дефибрилатор

Вештачењето на крим-техника утврди дека пожарот во тетовската модуларна болница настанал како последица на прегревање на кабел на дефибрилатор, по што се запалил продолжениот кабел на кој биле приклучени дефибрилаторот, полнач за мобилен и уште еден апарат, соопшти Јавното обвинителство. Во пожарот во ковид-болницата на 8 септември загинаа 14 лица.„Со вештачењето се утврдува дека пожарот настанал како последица од електрична куса врска преку висок преоден отпор во приклучниот кабел на дефибрилатор со кој се вршела реанимација на пациент во една од болничките соби. Прегревањето на кабелот предизвикало палење во приклучната кутија од продолжителниот кабел на кој бил приклучен дефибрилаторот, полнач за мобилен телефон и уште еден апарат“, се вели во соопштението.Вештачењето, кое е доставено до Основното јавно обвинителство Тетово е од извештајот изработен од Одделот за криминалистичко-технички испитувања и вештачења при Министерството за внатрешни работи.„Од извршената анализа на трагите од пожарните оштетувања, динамиката на ширење на пожарот и врз основа на оштетувањата на инвентарот и просторот, земајќи ги предвид и добиените сознанија за дејствијата пред и во текот на настанувањето на пожарот, вештите лица ја утврдија локацијата, како и можната причина за настанување на пожарот“, велат од обвинителството.По избивањето на пожарот, присутниот медицински персонал презел обид за гаснење, но настанало бурно ширење на пожарот по целиот објект, простирајќи се по кровните панели кон ниските предели на панелните ѕидови и болничкиот инвентар. Со оглед на тоа што сите хоспитализирани пациенти биле приклучени на централниот довод за кислородна поддршка, а со тоа и процентуалното присуство на кислород во целиот болнички простор било зголемено, како и поради настанато оштетување на кислородната инсталација во текот на пожарот, огнот се проширил по целиот објект за многу краток временски период.„Кон ова придонел и фактот што во поткровниот простор на објектот не постојат прегради помеѓу модулите / просториите и кон ходникот кои би го успориле пренесувањето на огнот“, се вели во соопштението.Од обвинителството велат дека ова вештачење е само еден од досега обезбедените докази и се очекува во Основното јавно обвинителство Тетово да пристигнат извештаите и податоците за кои обвинителството има издадено наредби и насоки и до други надлежни институции, како и вештачењето кое треба да пристигне согласно побараната меѓународна правна помош од експертски тим од Република Германија.

Македонија | пред 4 години

bolnica-tetovo2

Позната причината за пожарот во тетовската болница, објавени се детали од истрагата

Во Основното јавно обвинителство Тетово доставен е Извештајот од извршено вештачење на траги од пожарот во Модуларната ковид болница во Тетово, изработен од Одделот за криминалистичко-технички испитувања и вештачења при Министерството за внатрешни работи. Согласно издадената Наредба од Основното јавно обвинителство Тетово, вештачењето утврдува постоење траги од електрична куса врска на доставениот материјал подигнат при вршење на увидот на самото место на пожарот, како и траги што се значајни за утврдување на причината поради која настанал пожарот во Модуларната болница, во кој животот го загубија 14 лица.Од извршената анализа на трагите од пожарните оштетувања, динамиката на ширење на пожарот и врз основа на оштетувањата на инвентарот и просторот, земајќи ги предвид и добиените сознанија за дејствијата пред и во текот на настанувањето на пожарот, вештите лица ја утврдија локацијата, како и можната причина за настанување на пожарот.Имено, со вештачењето се утврдува дека пожарот настанал како последица од електрична куса врска преку висок преоден отпор во приклучниот кабел на дефибрилатор со кој се вршела реанимација на пациент во една од болничките соби. Прегревањето на кабелот предизвикало палење во приклучната кутија од продолжителниот кабел на кој бил приклучен дефибрилаторот, полнач за мобилен телефон и уште еден апарат.По воочена појава на пламен, присутниот медицински персонал презел обид за гаснење, но настанало бурно ширење на пожарот по целиот објект, простирајќи се по кровните панели кон ниските предели на панелните ѕидови и болничкиот инвентар. Со оглед на тоа што сите хоспитализирани пациенти биле приклучени на централниот довод за кислородна поддршка, а со тоа и процентуалното присуство на кислород во целиот болнички простор било зголемено, како и поради настанато оштетување на кислородната инсталација во текот на пожарот, огнот се проширил по целиот објект за многу краток временски период.Кон ова придонел и фактот што во поткровниот простор на објектот не постојат прегради помеѓу модулите / просториите и кон ходникот кои би го успориле пренесувањето на огнот.Ова вештачење е само еден од досега обезбедените докази. Се очекува во Основното јавно обвинителство Тетово да пристигнат извештаите и податоците за кои обвинителството има издадено наредби и насоки и до други надлежни институции, како и вештачењето кое треба да пристигне согласно побараната меѓународна правна помош од експертски тим од Република Германија. Едновремено, обвинителството и натаму интензивно постапува по предметот и се преземаат и други дејствија за целосно расчистување на настанот.По прибирање на сите вербални и материјални докази, по нивно разгледување и анализа, ќе биде донесена јавнообвинителска одлука за натамошниот тек на постапката.​

Македонија | пред 4 години

Sequence-05.02_15_17_02.Still013

ВИДЕО: Среде дебата, кандидат за Ѓорче се фати за колбасицата на Заев и Мицкоски

Најмногу е вложено во Ѓорче Петров, споредено со последните 20 години. Ова го смета актуелниот градоначалник на општината и кандидат за нов мандат од СДСМ, Александар Наумоски. Тој во дебатата со противкандидатите на „А1он“ и „Макфакс“ кажа дека останала за реализација уште 20 проценти од програмата, за да Ѓорче нема повеќе кал.Александар Стојкоски, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ тврди по неговото доаѓање во општина Ѓорче Петров, доколку победи на изборите, ќе ги реши проблемите на жителите.„Вака со ‘ќе направиме, ќе направиме’, граѓаните веќе немаат простор за тоа ‘ќе’, да чекаат постојано. Треба на граѓаните да им е јасно дека нема проект за Клиничкиот центар, ниту има идеен проект за него. Никој не знае како ќе изгледа. Ниту еден проект не е нов, сите се наследени проекти и на некој начин поробуваат да ги доработат. Во никој случај јас не би се спротивставил ако се донесе одлука Клинички да се гради во Ѓорче Петров, ниту на тоа што значи развој на општината.  Според моите информации, се работи на изнаоѓање на нова локација за Клинички. Околу делот на инвестициите сакам да напоменам, дека без развој на постоечките и дефинирање на нови инфраструктурни зони. Со изградена инфраструктура. На голи полиња многу тешко е да се најдат инвеститори“, рече Стојкоски.Прва зелена општина да биде Ѓорче Петров е планот на Љупчо Јаневски.„Ако сакаме велосипед од Влае натаму, ако сакаме маратон до Влае па се враќаат назад, ако сакаме кафе, од Влае натаму. Ајде да работиме за Ѓорче. За се има решение. Мое твое, лево-десно, наше-ваше, доста е. За еден мандат може да се заврши проблемот со депонијата во Ново село“, рече Јаневски.Сашо Панговски смета дека иста невладина организација ги тренира ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ за да победат на избори и затоа во Ѓорче Петров ништо не се решава.„Не се проблем парите. Проблем е коалицијата на Мицкоски и Заев, што ја јадат кобасицата на маса, најверојатно печена на тие контејнерите, пред црквата во Ѓорче. Како што гледате ова се среќни луѓе“, рече Панговски од ТМРО.Според Александар Димитријевиќ од Левица, Ѓорче е најдобрата општина која може некој градоначалник да ја добие за работа.„Ние не сме против градење, туку да има планско. Да видиме кој дел од Ѓорче како може да се развива. Многу поважно е точка еден од програмата да се замени со точка два. А точка еден да биде освестување на граѓаните во Ѓорче, кои ќе имаат верба во општината, кои ќе имаат надеж дека во Ѓорче може да владее правото. Како ќе носиме инвеститори кога администрацијата е на најниското ниво од сите општини“, рече Димитријевиќ од „Левица“.

Скопје | пред 4 години

danela.arsovska-1200x1200

Градската управа забрани средба на Арсовска со Синдикатот на пожарникарите

Денеска на независниот кандидат за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска и беше забрането да влезе во просториите на Територијалната противпожарна единица – Автокоманда каде е сместен Синдикатот на пожарникарите на Скопје.„Имавме договорена и потврдена средба со претставници на Синдикатот чии регистрирани простории се во рамки на Територијалната противпожарна единица – Автокоманда. На влезот на зградата ни беше кажано дека со усна наредба е забранет влез за мене и мојот тим во просториите. Јавно прашувам како може некој да биде над законот и да забранува влез на претходно договорен состанок? Ова е класично злоупотребување на функцијата на командирот што е поставен од Петре Шилегов? Од што се плаши Шилегов, јавно нека каже? Јас знам од што е стравот, тој досега со понижување гледаше на пожарникарите. Сите бевме сведоци дури и на ситуации пред медиумите кога ги понижуваше. Проблем му е на Шилегов да излезат во јавност сите понижувања, проблем му е дека досега ништо не направил за нив освен што направи сомнителна набавка на противпожарната скала“, истакна Арсовска.Таа додаде дека била во неможност да поразговара за програмата посебно во делот што се однесува за противпожарните едници во Скопје.„Имам цел план како да ја подобрам нивната состојба и како да се надминат сите предизвици. Имам нови и модернизирани решенија за поголема заштита, безбедност и спасување на градот од пожари, но и подобри услови за вработените. Пожарникарите спаѓаат во категоријата работници кои што секојдневно се изложени на висок ризик. Не смееме дополнително да им ја отежнуваме работата! Ќе набавиме комплетна и стандардизирана заштитна униформа за интервенции, набавка на нови противпожарни камиони, теренски возила, возила за технички интервенции и за пренесување пожарникари со цел поефикасно гаснење пожари во урбана средина и за шумски пожари. Нови противпожарни станици ќе има во неколку општини во Скопје, како и реконструкција на сите постоечки. Планирана е и изградба на современ едукативен центар во кругот на единицата за вежба и усовршување на вештините на вработените, како и доедукација во специјализирани центри надвор од државата”, додаде Арсовска.

Скопје | пред 4 години

DSC_0735

277 возачи добија казни за еден прекршок

Во текот на вчерашниот ден (04.10.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 277 возачи.„Од нив, 19 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 118 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 159 надвор од населено место.Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, велат од МВР.

пред 4 години

market

Цените на основните намирници за една година пораснаа и за 20%, со лошите политики на Заев се очекува за уште 50%, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Цените на основните намирници за една година пораснаа и за 20%, со лошите политики на Заев се очекува покачување за уште 50%.Зејтинот лани се продаваше за цена од 67 денари сега се продава по цена од 95, или 100 денари. Млекото кое лани се продаваше за 45 денари сега се продава по 52 денари, а брашното од 34 денари стана 40 денари.Цените на основните намирници драматично растат. А, стандардот на граѓаните е се послаб.Вчера стопанските комори алармираа дека може да се очекува ново зголемување на цените и до 50%, тоа е огромен ценовен шок кој граѓаните не можат да го издржат.Со оваа влада не може да очекуваме стабилност и извесност. Со Заев животот е крајно неизвесен и нестабилен. На 17 октомври сите ние ќе можеме да ставиме крај на неизвесноста и немаштијата во која не втурнаа.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Што се случи со Фејсбук: Намерно исклучување на сервери поради кражба на податоци или „погрешна конфигурација“

Фејсбук ја обвини „погрешната промена на конфигурацијата“ за речиси шестчасовна блокада што спречи 3,5 милијарди од нивните корисници да пристапат до социјалните медиуми и услугите за пораки, како што се Вотсап (WhatsApp), Инстаграм и Месинџер. Компанијата не наведе на блогот кој ја направил промената на конфигурацијата и дали била планирана.Неколкумина вработени во Фејсбук, кои побарале да останат неименувани, за западни медиуми рекоа дека веруваат дека прекинот се должи на внатрешна грешка во начинот на насочување на сообраќајот преку интернет.Неисправностите на алатките за комуникација преку интернет и другите ресурси што зависат од истата мрежа го влошија проблемот, велат вработените. Безбедносните експерти не ја отфрлија можноста за ненамерна грешка, ниту за саботажа.Фејсбук и Инстаграм почнаа да се поврзуваат на интернет во понеделникот точно пред полноќ, речиси шест часа по глобалниот пад.Фејсбук и неговите апликации „Ватсап“ и „Инстаграм“ се урнаа вчера доцна попладнето, а некои корисници на „Фејсбук“ почнаа да добиваат делумен пристап до социјалната мрежа околу 23.45 часот. Губењето на врската беше втор удар за тој гигант на социјалните медиуми во неколку дена, откако „свиркач“ во неделата ја обвини компанијата дека честопати дава предност на профитот, наместо да ги потиснува говорот на омраза и дезинформациите.Познавачи на функционирањето на платформите, но и  светски медиуми, пренесоа дека можеби станува збор и за намерно исклучување на серверите, поради кражба на податоци. За протекувањето на билиони кориснички сметки, се известуваше и пред недела и половина.https://twitter.com/i/status/1445132771798798342 

Магазин | пред 4 години

mark-zuckerberg-e1551957869226-600x385-1

Шест милијарди изгуби Цукерберг во акции, откако со часови не работеа „Фејсбук“, „Инстаграм“ и „Ватсап“

Поради падот на „Фејсбук“, „Инстаграм“ и „Ватсап“, богатството на Марк Цукерберг, се намали за повеќе од шест милијарди американски долари за неколку часа, пишуваат светските медиуми.Најпрво се урнаа социјалните мрежи и услугите за пораки во сопственост на „Фејсбук – Инстаграм“, „Ватсап“ и „Фејсбук-Месинџер“, а потоа слични проблеми на корисниците беа пријавени на Амазон, Тикток, Снепчет и други, пренесуваат агенциите.Според странските медиуми, десетици илјади корисници ширум светот останале без интернет конекција.Кон крајот на септември, беше објавена изјава од хакерскиот форум, за која се тврди дека поседува имиња, адреси за е -пошта, телефонски броеви, локација, пол и корисничка легитимација на 1,5 милијарди корисници на Фејсбук, објавија неодамна одредени портали.

Магазин | пред 4 години

slika-1

Филипче глуми загрижен министер, а на митинзи не си ги почитува сопствените протоколи, велат ВМРО-ДПМНЕ

„Филипче глуми загрижен министер, а на митинзи не си ги почитува сопствените протоколи. Филипче преку ден глуми загриженост и апелира на почитување на мерките, а навечер оди по партиски митинзи и не ги почитува сопствените мерки. Во прилог испраќаме фотографии од Венко Филипче од митинг на СДСМ, каде ниту тој ниту луѓето околу него не носат маска, ниту држат дистанца како што самиот тој преку ден како министер бара. Филипче нека им каже на граѓаните, кога да го слушаат на сабајле кога вели дека на митинзи треба да се оди со маска, или навечер кога и самиот не носи маска и не држи дистанца? Филипче ги крши мерките кои сам ги пропишува од почетокот на пандемијата. Додека сите беа затворени тој возеше мотор со Заев, тоа е таа ароганција на СДСМ со што го потценуваат народот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 4 години

IMG_20211004_185225_897

Директна врска помеѓу Гази Баба и Аеродром, ветува Данела Арсовска

Независната кандидатка за градоначалник на Град Скопје, Данела Арсовска денеска на теренската активност од врата на врата ги посети граѓаните на општина Гази Баба. На овие средби Арсовска во разговор со жителите на општината ја презентираше својата програма за модерно Скопје и воедно ги слушна приоритетите кои ги истакнаа граѓаните, со цел подобрување на квалитетот на животот во ова населено место.   „Потребно е итно решавање на актуелните проблеми на Гази Баба, не треба да чекаме туку да започнеме веднаш“, им порача на граѓаните на оваа општина независната кандидатка за градоначалник на Скопје, Данела Арсовски.Притоа Арсовска изнесе конкретни решенија за проблемите со кои секојдневно се соочуваат граѓаните на Гази Баба, како проблемот со чистата вода за пиење, непостоењето фекална канализација во некои делови од општината, лошата поврзаност со центарот на градот и високата загаденост на воздухот.“Ќе направиме директна врска помеѓу Гази Баба и Аеродром, ќе направиме голем мега парк во општината, ќе ги обновиме постојните и ќе создадеме нови пешачки и велосипедски патеки, урбана опрема и летниковци, ќе направиме фекална канализација“ – им посочи Арсовска на граѓаните на општината и најави дека ова се само дел од проектите.

Скопје | пред 4 години

Lepa-Lukic-foto-Ivan-Vucicevic-660x430-1

Лепа Лукиќ сакала да се убие поради забранета љубов

Пејачката Лепа Лукиќ често открива пикантни детали од нејзиниот живот, а сега раскажа како на само 16 години сакала да се убие поради забранета љубов.– Бев смртно заљубена во дечко кога имав 16 години и сакав да се самоубијам поради него, да се обесам во штала. Ја исплашив мајка ми, ако не ми дозволи да го видам, ќе скокнам во Морава, но всушност излажав – рече таа во емисијата „Ѕвездите на Гранд специјал“.Како што додаде, подоцна повторно го сретнала дечкото во кого била многу вљубена , по многу години.– Тој живее во Сремска Митровица, а јас бев на концертот таму. Кога излегов и го видов во првиот ред, се скаменив. Дојде тука да ме види и да ме поздрави, нозете ми беа отсечени, не беа мои (се смее), но помина … Тоа беше во мојата младост, а јас веќе имав 30 години кога го запознав. Тоа помина, но никогаш повеќе нема да се сретнам со него – откри пејачката.

Магазин | пред 4 години

IMG_1112-edit-1

По 4 месеци Петар Грашо во нова љубовна врска

По раскинувањето на долгогодишната врска со пејачката Даниела Мартиновиќ, Петар Грашо стапи во врска со ќерката на хрватскиот композитор Тончи Хуљиќ, 14 години помладата Хана, пишуваат хрватските медиуми.Како што се шпекулираше веќе некое време и како што наводно беше потврдено за хрватските медиуми од извор близок до Грашо, романсата меѓу двајцата трае веќе извесно време, а Хана го придружувала Грашо на повеќето настапи. Пејачот неодамна објави снимка од најавата за еден концерт, а во очилата се гледа одраз на женска личност слична на Хана.Во 2016 година, Хана и Петар соработуваа на песната „Срце за водич“, а Грашо е многу близок со нејзините родители.Семејствата Грашо и Хуљиќ се многу блиски, а пејачот и 31-годишната Хана се познаваат практично од нејзиното детство.Петар Грашо беше во долга врска со Даниела Мартиновиќ, а на почеокот на мај медиумите ширум регионот ја пренесоа веста за раскинувањето на нивната 24-годишна врска.

Магазин | пред 4 години

ZPVRSM-Bytyqi-Introducing-Green-Financing-Facility-7

Битиќи: Посветени сме на реализација на „Зелената агенда“

Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, се обрати на отворањето на конференцијата „Забрзување на финансирањето на зелени проекти: Претставување на инструментот за Зелено финансирање“, на кој учествуваат и заменикот помошник генерален секретар на Организацијата на Обединети Нации и претседавач на Управувачкиот комитет на „Заедничкиот фонд за цели за одржлив развој (Joint SDG Fund)“, г. Хаолијанг Шу, министерот за финансии Фатмир Бесими, министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, Постојаната координаторка на ОН агенциите во Северна Македонија, Росана Дуџак, Постојаната претставничка на УНДП во Северна Македонија, Нарине Сахакјан, Директорката на финансиските институции за Западен Балкан и Источна Европа на Европската банка за обнова и развој Александра Вукосављевиќ и други експерти од областа на заштита на животната средина и развојни „зелени“ проекти.Вицепремиерот во своето воведно обраќање нагласи дека во оваа фаза на развојот на Република Северна Македоија неопходно е да се зборува за забрзување на „зелените финансии“ и за неопходноста од воведувањето различни финансиски инструменти што ќе водат до подобар исход за животната средина во државата.„Дозволете ми да ги повторам позициите на Владата на Северна Македонија и уште еднаш да потенцирам дека нашата посветеност на „Зелената“ агенда е поголема од кога и да било досега, а со тоа и потребите за инвестиции се значителни на сите нивоа и во сите сектори. Ние, без сомнеж, сме целосно посветени на намалување на загадувањето, намалување на емитувањето на стакленичките гасови, зазеленувањето на нашата економија, особено преку намалување на нашата зависност од фосилни горива и фокусот на поефикасно користење на енергијата и во индустрискиот и во станбениот сектор“, потенцираше Битиќи.Вицепремиерот се осврна на енергетските политики во Северна Македонија, посочи дека тие се сеопфатни и бараат голема посветеност и работа во имплементацијата.„Донесени се веќе неколку стратегии: за развој на енергетиката, енергетска ефикасност и обезбедување на стабилност во снабдувањето со енергија за сите. Започнавме голем инвестициски циклус за позелена иднина, обновливи енергетски извори и истражување на повеќе опции за снабдување со енергија. Сфативме дека инвестирањето е од клучно значење за да се постигне трансформација. Нашите ветувања, намери и планови се претвораат во дејства и во факти. Неодамнешното поднесување на нашиот унапреден „Национален придонес за климатските промени“, усвојувањето на Стратегијата за развој на енергиката и другите национални стратегии и планови усогласени со пристапниот процес на ЕУ и Зелениот договор, се наш начин за достигнување на нашите краткорочни и долгорочни цели, но исто така, горенаведените стратегии и пристапи јасно ја покажуваат решеноста на Владата да воспостави политики поврзани со енергијата и да преземе дејства како централна точка за декарбонизација и напори за зелено закрепнување“, додаде вицепремиерот за економски прашања.Битиќи подвлече дека спроведувањето на сите стратешки документи ќе покаже дека може да се одвои економскиот раст од емисиите на јаглерод и од неодржливите потрошувачка и производство.„За да можеме да го направиме тоа, треба да ги преобликуваме нашите практики, да ги приспособиме и прошириме нашите традиционални финансиски пазари и алатки за финансирање, како и да ги вклучиме сите релевантни партнери и засегнати страни. Од друга страна, трошокот што ќе биде потребен за инвестирање во енергетската транзиција е повеќе од профитабилен и тоа во многу насоки: прво, заштита на здравјето на граѓаните и заштита на животната средина; второ, треба да се земе предвид дека Европската унија воведува данок за загадување од термоелектрани, на емисии на јаглерод диоксид со што, практично, се обесхрабрува производството на електрична енергија од конвенционалните фосилни горива и ќе придонесе кон тоа производството да биде поскапо отколку што е сега. Затоа, инвестирањето во обновливи извори не треба да се гледа само како трошок, туку и како заштеда и како инвестиција за иднината, за одржливост на општеството и за подобар живот на граѓаните“, потенцираше Битиќи.Финансискиот пејзаж ги става во фокус инвестициите во енергетската ефикасност, истражувањето, иновациите, конкурентноста и обновливата енергија, а тоа е одлична можност да се искористи спојувањето на јавните и приватните фондови.„Во таа насока, ја цениме потенцијалната можност за партнерство со Заедничкиот фонд за одржливите цели за развој (Joint SDG Fund), со агенциите на Обединетите нации – УНДП, Меѓународната организација за миграција и УНЕЦЕ, ЕБРД и 7 приватни банки од Северна Македонија во воспоставувањето на „Инструмент за зелено финансирање“. Механизмот за финансирање ќе служи за пример за тоа како различни партнери – јавни, приватни и меѓународни финансиски институции – може да ја комбинираат својата експертиза заедно и да ги спојат финансиите за забрзување на одговорот кон климатските промени. Тоа, исто така, ќе отвори нови, иновативни патишта за поттикнување на бизнис и станбените сектори и обновливата енергија што се користи таму, како и за усвојување на ефикасни технологии. И конечно, ќе креира нов модел за тоа како да се искористат инвестициите од приватниот сектор и да се стави во употреба владиното финансирање за стимулирање на пазарната реакција и поголемите инвестиции во еден заеднички приоритет. Поради тоа, силно го поддржуваме развојот на „Инструментот за зелени финансии“ и драго ми е што можам да кажам дека Владата има намера да придонесе со 800.000 долари кон овој инструмент“, рече Битиќи.„Инструментот за зелени финансии“ треба да претставува систем од поврзана, взаемно засилена интервенција, наспроти повеќе паралелни интервенции што функционираат одделно. Овој инструмент ќе охрабри инвестиции во обновлива енергија и енергетска ефикасност, инвестиции во нови, иновативни решенија привлечни за пазарот истовремено зголемувајќи ја свесноста и негувајќи ја културата за одговорно производство и користење на енергијата.„Горд сум на тоа што Владата на Република Северна Македонија игра значајна улога во создавањето и овозможувањето средина за инвестиции во енергетска ефикасност и обновлива енергија. Ја искористивме досегашната динамика за развој на овие пазари и ја надградивме; го препознавме потенцијалот на пазарната трансформација што го нуди овој проект. Решени сме да го поддржиме спроведувањето, притоа работејќи заедно со системот на ОН како наш сигурен партнер со цел да го оптимизираме пазарот на Северна Македонија за обновлива енергија врз основа на владината стратегија за енергија и клима. Со ова, би сакал да се заблагодарам на Заедничкиот фонд за целите за одржлив развој затоа што го разгледаа предлогот на Северна Македонија и за стимулирањето на развојот на финансиски инструменти што имаат потенцијал да ја унапредат агендата за финансирање на целите за одржлив развој, како меѓународната, така и регионалната за Југоисточна Европа и Балканот. Дозволете ми и да го истакнам важниот придонес што нашите партнери го дадоа на овој проект – тимот на ОН Северна Македонија и УНДП, ИОМ и УНЕЦЕ, како и ЕБРД – партнери кои во овој проект ја донесоа својата огромна експертиза и чие знаење и посветеност ќе ни овозможат да го заживееме „Инструментот за Зелени финансии“, заврши во своето воведно обраќање вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, на конференцијата на која беше претставен „Инструментот за Зелени финансии“ на „Заедничкиот фонд за целите за одржлив развој на ОН“.На отворањето на конференцијата свое воведно обраќање имаше и постојаната координаторка на ОН агенциите во Република Северна Македонија, Росана Дуџак, која што посочи дека амбициозните планови на Владата за намалување на емисиите на стакленички гасови се добра основа за забрзување на вложувањата во изградба на обновливи извори на енергија.„Северна Македонија започна многу амбициозен план за намалување на емисиите на стакленички гасови што е добра основа за забрзување на вложувањата во обновливи извори на енергија, со цел - намалување на емисиите на стакленички гасови од 51% до 2030 година. Среќна сум што гледам и голем интерес во нови и разновидни финансиски инструменти, како и поврзување на финансии за да се привлечат повеќе инвестиции во "зелената агенда", рече Росана Дуџак, Постојан координатор на Обединетите нации во Северна Македонија и додаде: "Цел на оваа заедничка програма е токму тоа, да понуди еден таков финансиски инструмент – „Инструментот за Зелено финансирање“, кој нема да постои без цврстата заложба на сите партнери и за тоа сакам искрено да им се заблагодарам на сите што се вклучени“.

Македонија | пред 4 години

policija-3-640x382

Градоначалник нападнат, интервенирала полиција за да го одбрани

Градоначалникот на Лозово Ацо Велковски во полиција пријавил загрозување на сигурноста во село Каратманово.Од МВР денеска соопштија дека во саботата околу 17.20 часот во ОВР Свети Николе А.В., градоначалникот на општина Лозово пријавил кривично дело „загрозување на сигурноста“ во с.Каратманово, светниколско, од страна на С.С.(47) од ова село, кој во С. Каратманово тргнал кон него со метален предмет.Се преземаат мерки за расчистување на случајот, се посочува во информацијата од МВР.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Паднаа Фејсбук, Инстаграм и Ватсап

Mилиони корисници на социјалните мрежи Фејсбук, Инстаграм и Ватсап во моментов имаат проблеми со овие популарни апликации.Трите апликации кои се во сопственост на Фејсбук целосно престанаа да работат нешто пред 17 часот. Други апликации што се дел од Facebook Workplace, исто така престанаа да работат.Прекините на Фејсбук се случуваат ретко, но имаат големо влијание, бидејќи се три од најкористените апликации во светот.

Магазин | пред 4 години

policija-1

23 возачи казнети поради затемнети стакла

Во текот на минатата недела сообраќајната полиција спровела контрола за санкционирање  возила на кои се вградени неатестирани фолии (затемнети стакла) и користење уреди за светлосни и звучни знаци, при што санкционирани се 24 возачи.Како што информираат од МВР, 23 возила имале вградени неатестирани фолии (затемнети стакла), а едно возило поседувало уреди за светлосни и звучни знаци.Од ресорното министерство посочуваат дека засилените акциски контроли ќе продолжат и во наредните денови.

Македонија | пред 4 години

IMG_6392

Ганиу: 400 квадратни метри опремени канцеларии за развој на старт-ап бизниси

Градоначалникот на Чаир, и кандидат на ДУИ за следните четири години на оваа позиција, Висар Ганиу денеска во Старата скопска чаршија се сретна со млади луѓе од оваа општина, каде ги информираше дека Општина Чаир ќе обезбеди 400 квадратни метри простории, канцеларии опремени за развој на почетни бизниси и нови идеи за развој.Ганиу рече дека преку овој проект им се нуди на младите можност како поединци или групи млади луѓе да се обучат како да отворат нов бизнис, Старт-ап, сето тоа покриено од Општина Чаир, со простор, опрема и финансиски средства.„Центарот за стартапи и иновации има за цел да им обезбеди на младите луѓе канцеларии и инфраструктура потребни за започнување бизнис - интернет конекција, канцелариски мебел, електронска опрема - принтер, проектор, а овие уреди младите ќе можат да ги користат одреден период додека не се зајакне нивниот бизнис“, рече Ганиу по средбата со младите луѓе.Тој додаде дека за младите луѓе кои ќе имаат иновативни идеи за бизнис, заедно со приватниот сектор ќе создадат фонд, со кој бизнисите на младите иноватори ќе имаат пристап до финансии, а општината ќе им помогне со логистика на канцеларии и простор.„Во овој проект ќе го вклучиме и Фондот за иновации на ниво на влада, како и други домашни и меѓународни институции кои можат да финансираат ваков тип на проекти“, рече Ганиу, објаснувајќи дека до 50 млади, индивидуално или во мали групи ќе ги имаат сите потребните технички можности и опрема, неопходни за развој на нивниот бизнис.Општината Чаир, рече кандидатот за нов мандат Висар Ганиу, ќе биде поврзувачкиот мост, гарант и најголем промотор на овие бизниси со цел да, како што кажа, младите да продолжат да се смееат и да го направат светот подобро и попристапно место за живеење.

Скопје | пред 4 години

Mucunski

Муцунски има седум приоритети за Аеродром

Седум приоритети за општина Аеродром, коишто се гарантирани со заокружување на бројот седум, вели Тимчо Муцунски, кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Општина Аеродром.„Изградба на четири нови градинки, еден од нашите врвни приоритети за следните четири години.Гаранција дека покрај четири нови градинки, дополнително ќе работиме на реновирање и проширување на капацитетите на веќе постоечките.Дополнителен приоритет ќе биде проект наречен „Еко-Дром.Целта е обезбедување на нови зелени содржини, наша гаранција дека до крајот на нашиот мандат ќе има 100 илјади метри квадратни нова зелена површина. Но, еднакво значајно ќе биде и одржување на актуелните и веќе постоечки зелени површини ширум општината“, вели тој.

Скопје | пред 4 години

Нема фотографија

Филиповски ќе го решава проблемот со кучињата скитници

Изградба на повеќе паркови за миленици, поставување на наменски корпи за отпад, едукации за одговорно сопствеништво, бесплатно микрочипирање, вакцинација и стерилизација. Ова се дел од барањата кои сопствениците на миленици од Аеродром му ги пренесоа на Александар Филиповски, кандидат за градоначалник за оваа општина на СДСМ и коалицијата.На попладневната средба, присутните разговараа и за правилен и хуман третман на бездомните кучиња. Во повеќе населби низ општината можат да се забележат повеќе бездомни кучиња, кои во одредени случаи претставуваат закана и за граѓаните – минувачи. Оттука, очигледна е потребата од еден посистемски локален пристап за намалување на овој проблем. Тоа подразбира поголема соработка со ЈП „Лајка“, но и вклучување на организациите, неформалните групи и поединци во решавањето на проблемот со кучињата – скитници.Филиповски истакна дека овој инклузивен пристап ќе биде дел од неговото работење, не само по ова прашање туку и при креирањето на другите локални политики.

Скопје | пред 4 години

Skopski-aerodrom-skopje-turisti

Африканци со туѓи пасоши се обиделе да влезат во државата

Министерството за внатрешни работи информира дека на Меѓународниот аеродром „Скопје“ биле откриени две лица од Камерун, кои во нивниот личен багаж имале лична карта и патна исправа на име на други лица, а полицијата пронашла и две шишиња со непозната течност.Според МВР, денеска, во 00.10 часот, на граничниот премин – Меѓународен аеродром „Скопје“, при пасошка контрола и проверка кај лицата М. Б. С. (40) од Камерун, со француска патна исправа, и Р. Ф. (36) од Камерун, со дозвола за престој во Луксембург, полициски службеници во нивниот личен багаж пронашле една француска лична карта и камерунска патна исправа на име на други лица, како и хартија во форма на банкноти со идентичен принт на пари во апоени од 50, 100, 200 и 500 евра и две шишиња со непозната течност.Предметите им биле одземени, а на лицата не им бил дозволен влез во Република Северна Македонија.

Македонија | пред 4 години

244417160_579547166816533_1485869781433207084_n

За какви капитални проекти говори Темелковски кога делови на Кисела Вода немаат канализација, вели Левица

На само неколку километри од центарот на општината, жителите наПрипор живеат во услови од минатиот век, без елементарна хигиена. Недозволиво е современа општина да нема фекална канализација и жителитеда бидат изложени на опасност од зараза, поради погрешните политики на сите досегашни локални власти, велат од Левица.„За какви капитални проекти и урбана општина говори актуелниот градоначалник, Филип Темелковски, кога делови на Кисела Вода не се обезбедени ниту со соодветна канализација?! Уште во август 2018 година, Темелковски на средба со граѓани ветуваше дека ќе биде побарана финансиска поддршка од Владата за конечно решавање на овој проблем. Наместо тоа, се трошат општински пари на привремени вработувања во администрација и сомнителни семинари и обуки!На општина Кисела Вода ѝ се потребни нови луѓе, ослободени од криминалите на сите претходни партии, кои ја доведоа општината во очајна состојба. Од нашата секојдневна комуникација со жителите, како општина вокоја Левица има убедливо највисока поддршка, убедени сме дека од 17-ти октомври, конечно ќе се слушне гласот на обичниот човек и во Советот на Кисела Вода“, се вели во соопштението.

Скопје | пред 4 години

1-3

При претрес пронајдено оружје

Денеска (04.10.2021) полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и СВР Скопје- Единица за недозволена трговија со дрога и оружје по претходно добиени оперативни информации и добиена судска наредба за претрес, извршија претрес во дом на А.С. (39) од с. Страчинци, скопско. При претресот пронајдени се два пиштоли, една пушка и три куршуми. А.С. е лишен од слобода и против него ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното обвинителство.

Скопје | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања