Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

napad-beslimoski

ВИДЕО: Полицијата со детали за нападот врз Беслимовски од синот на Џафери, има и втора снимка

Нападот врз претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Беслимоски,се случил додека тој седел во ресторан во Дебар маало. Сѐ се случило неколку минути пред 12 часот и е пријавен во полиција. Очевидци веќе споделија неофицијални информации дека пред нападот врз Беслимовски, претходела расправија поради незадоволството на Џафери што Регулаторна комисија започнала постапка за одземање лиценца на неговата фирма.„На 05.10.2021 во 23.54 часот во СВР Скопје М.Б.(45) од Скопје пријавил дека на тераса од угостителски објект на подрачјето на Центар бил физички нападнат од А.Џ.(28) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок“, велат од МВР.Беслимоски неофицијални инфорамции тој бил удиран по глава и во пределот на телото, а по нападот, Џафери заминал од местото. Претседателот на РКЕ останал, пријавил и чекал да дојде полиција.https://twitter.com/JohnnyParka/status/1445516170061254665?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1445516170061254665%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fmakpress.mk%2FHome%2FPostDetails%3FPostId%3D434250 

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-10-06-at-07.51.18

ВИДЕО: Нападнат Бислимоски, претседател на РКЕ, од синот на Муса Џафери

Аријанит Џафери, син на поранешниот функционер на ДУИ Муса Џафери и сопственик на компанијата за снабдување со електрична енергија „У Пауер“, во понеделникот физички го нападнал претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски, јави Дојче Веле.„Откако неколку пати го удрил и го влечел Бислимоски, три лица од придружбата на Џафери успеале да го отргнат и сите заедно избегале во непознат правец. Очевидец на настанот снимил и видео на кое можат да се видат моменти од инцидентот кога Џафери го влече Бислимоски, а потоа бега од местото на настанот“, пишува Дојче Веле.Повеќе..

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Русија снима филм во вселената

Руски екипаж од двајца космонаути, филмски режисер и актерка полетаа во вторникот кон Меѓународната вселенска станица (International Space Station – ISS) за да го снимаат првиот филм во вселената, најнов пресврт во децениското руско-американско вселенско ривалство.Според американските медиуми, овој проект има за цел да го подигне престижот на руската вселенска програма.Вселенското летало „Сојуз МС-19“ требаше да се укотви во 12.12 часот по Гринич (20 часот и 12 минути) во станицата, која орбитира околу Земјата на надморска височина од околу 354 километри.Руските државни медиуми обезбедија целосна и патриотска репортажа, со одбројување на часовникот на Канал 1, а презентерите на вести го прикажаа настанот како значаен пробив на Русија, кој остатокот од светот внимателно го следи.Како одраз на советските корени на руската вселенска индустрија, екипажот беше лансиран од космодромот Бајконур во степите на Казахстан, поранешна советска република во Централна Азија.Според „Ројтерс“, помпите беа во спротивност со последните случувања во руската вселенска индустрија, која во последниве години беше погодена од бројни одложувања, несреќи и корупциски скандали, а во меѓувреме, приватни фирми со седиште во САД, поддржани од богати бизнисмени, развија нови вселенски бродови.12-дневната руска мисија следува само три недели откако „Спејс икс“ го испрати во вселената првиот цивилен екипаж во тридневна мисија. Капсулата беше развиена од „Спејс-икс“ на американскиот бизнисмен Илон Маск.Руската мисија е осмислена така да влезе пред холивудскиот проект кој претходно годинава го најави актерот Том Круз заедно со НАСА и „Спејс икс“.Рускиот филм, насловен „Предизвик“, се фокусира на сторија за докторка, ја глуми актерката Јулија Пересилд, од која се бара да отпатува во вселенската станица за да го спаси животот на еден космонаут премногу болен за да биде транспортиран назад на Земјата.

Магазин | пред 4 години

tonci-huljic-hana-petar-graso

Тончи Хуљиќ ja потврди врската на ќерка му и Петар Грашо

Хрватскиот композитор Тончи Хуљиќ се огласи по веста дека неговата ќерка е во љубов со Петар Грашо.„ Разбирлив ми е интересот на медиумите и јавноста за врската помеѓу Петар и Хана, но јас никогаш до сега јавно не сум се огласувал на теми поврзани со приватниот живот на моето семејство и на луѓето со кои работам. Сличен став имаат и Петар и Хана кога станува збор за нивниот приватен живот, а покрај тоа Петар е и наш голем пријател. Ако се тие среќни, а гледам дека се, тогаш сме среќни и јас и мојата сопруга.“Петар и Хана во 2016 година го снимија дуетот „Срце без водач“, за кој музиката ја напиша Тончи, а текстот е на нејзината мајка. Грашо беше 25 години во љубов со Данијела Мартиновиќ со која неодамна се разделија.

Магазин | пред 4 години

zaev-filipce

„Кабелот бил, електричарот, а Филипче нека тера кампања“, негодувања откако Заев не ја прифати оставката на Филипче

Премиерот Зоран Заев не ја прифати оставката од министерот за здравство, Венко Филипче, но и на неговиот заменик Илир Хасани. Двајцата остануваат да го раководат здравството. Заев одлуката ја образложи како логична и нормална бидејќи тие немаат морална одговорност, а тоа го покажал и извештајот од Обвинителството. Доколку има друг вид одговорност, според Заев, треба да одговараат пред други државни органи. За потсетување, причина за пожарот бил слаб продолжен кабел кој се запалил, а пожарот бргу се проширил. Но, остануваат низа неодговорени прашања за овој случај.https://twitter.com/baljumbaljum/status/1445413375459176455https://twitter.com/mordorea/status/1445412443207913478https://twitter.com/Mrchatina/status/1445410308865077261https://twitter.com/Hasta_la_manana/status/1445409841372139526https://twitter.com/d_dedalus/status/1445402926546100240https://twitter.com/poliedar/status/1445399249236209680https://twitter.com/DiSkopje/status/1445381908897095680https://twitter.com/ibogovitelicno/status/1445348512510717954https://twitter.com/_Mitkov_/status/1445513378164731913https://twitter.com/profBezovski/status/1445513013893632000https://twitter.com/Trim4e_1/status/1445492557383798788https://twitter.com/gjur0ml/status/1445491029596155904https://twitter.com/SmetaloLevo/status/1445487081573294080https://twitter.com/LjManijakot/status/1445484744532127745https://twitter.com/T_m____n/status/1445482075654541318https://twitter.com/MoPkoB4E/status/1445472663355359234https://twitter.com/zstoikowski/status/1445461710391824391https://twitter.com/Gas_maska/status/1445457682467409922https://twitter.com/saltwatered/status/1445447380019544065https://twitter.com/LawBoy30/status/1445443133655891968https://twitter.com/petnaesetdotri/status/1445440707402027011За потсетување, што контатираше истрагата, кои прашања се одговорени, а кои не: 

Македонија | пред 4 години

Tetovo-6

Никогаш не купувајте евтини продолжни кабли од пазар, поука од професор по извештајот за пожарот во болницата

Професорот Дејан Трајковски се огласи со свој став во однос на официјалниот извештај за пожарот во модуларната болница во Тетово кој се случи на 8.септември вечерта.-Во извештајот за пожарот во модуларната болница во Тетово се вели: „Со вештачењето се утврдува дека пожарот настанал како последица од ЕЛЕКТРИЧНА КУСА ВРСКА преку ВИСОК ПРЕОДЕН ОТПОР во приклучниот кабел на дефибрилатор со кој се вршела реанимација на пациент во една од болничките соби. Прегревањето на кабелот предизвикало палење во приклучната кутија од продолжителниот кабел на кој бил приклучен дефибрилаторот, полнач за мобилен телефон и уште еден апарат“.Инаку, куса врска (нула ома) и висок преоден отпор (многу оми) се поими кои взаемно се исклучуваат. Можеби се мисли дека имало висок преоден отпор во контактот помеѓу утикачот и утичницата, поради што се запалила изолацијата на спроводниците во утикачот или утичницата, па тоа предизвикало куса врска и понатаму палење на кабелот. Всушност, ако настанала куса врска поверојатно е да се запалила инсталацијата во ПУР пената од ѕидот. Но, тоа е многу малку веројатно, затоа што осигурачите би исклучиле моментално, под услов да биле исправни. Можно е продолжниот кабел да бил неисправен (на пазар се продаваат неквалитетни турски продолжни кабли со тенки спроводници и лоши контакти), но прегревањето настапува постепено, сигурно утикачот бил топол на допир и морало да се почувствува мирис на изгорен бакелит, пред да се запали, смета проф. Трајковски.Тој вели дека во секој случај доколку продолжниот кабел бил исправен (изработен според стандарди), електричната инсталација во ѕидот била исто така според стандарди, а осигурачите исправни, немало шанси да се случи запалување на кабелот, дури дефибрилаторот да бил неисправен и да повлекол премногу струја.-Високи преодни отпори не можат да се појават во исправен продолжен кабел. Заклучок: никогаш не купувајте евтини продолжни кабли од пазар. Независно од причината за палењето, доколку ѕидовите не биле од ПУР пена, туку биле почитувани препораките на Здружениот истражувачки центар (Joint Research Center – JRC) на Европската комисија (EC), според кои ковид-болниците со висока концентрација на кислород треба да се градат според стандардите за хемиски фабрики, немало да дојде до ширење на пожарот. Несереќен сплет на околности, но истовремено опомена дека истото може да се повтори во преостанатите модуларни болници со ѕидови и тавани од ПУР пена. Проблемот останува и катастрофата само чека повторно да се случи, заклучува тој.

Коментари | пред 4 години

2740579_nadatopcagic-3_ff

Нада Топчагиќ на роденденден кај Златан Ибрахимовиќ

Српската пејачка Нада Топчагиќ (68) присуствуваше на роденденската забава на фудбалерот Златан Ибрахимовиќ (40) во Милано. По гала забавата, таа изјави дека тие двајца се светски фаци и дека колегите од естрадата можат само да ѝ плукнат под прозорецот.Таа во интервју за српските медиуми раскажа за времето поминато во Италија, но откри и дека фудбалерот ја сакал толку многу што ја запознал со речиси сите гости, кои притоа биле воодушевени од нејзината енергија.„Беше феноменално во Милано! Мислам дека сега дури и врапчињата на гранката знаат колку се почитуваме со Златан., слободно можам да кажам дека ова е пријателство кое ќе трае со години. Подготвив неколку изненадувања за неговиот роденден, сè организарав во договор со блиски луѓе, така што сè помина според планот и во најдобар ред. Му го отпеав на уши мојот најголем хит ‘Јутро је’, исто така можам да се пофалам дека сите гости станаа да играат. Што да ви кажам, јас и Ибра сме светски фаци. Сето ова го заслужив. Колегите од сцената можат да плукаат под мојот прозорец. Умрете и пукнете од љубомора! Мојата кариера е повторно во полн сјај, целиот свет зборува за мене. Веројатно ќе бидам распната од моите колеги“, изјави пејачката.„Песната ‘Јутро је’ е извонреден хит што се слуша и денес, исто како и првиот ден кога ја објавив. Така што можам да ги разберам повеќето колеги зошто ми љубоморат, но таквите коментари не ме допираат. Се гледам себеси, мојот напредок и работата. Ибрахимовиќ побара мојата песна да се пушти на фестивалот во Сан Ремо, сите се сеќаваат на тоа, се сеќавам дека не можев да заспијам од среќа. Јас и Златан навистина се зближивме и верувам дека отсега постојано ќе се гледаме на родендени. Тој е спортски великан и нормално е да ме импресионира тоа што ме сака и почитува“, додаде таа.За потсетување, во неделата вечер пејачката се појави на роденденската забава на фудбалерот Ибрахимовиќ како специјално изненадување, каде ја испеа нејзината најпозната песна „Јутро је“. По тој повод, пејачката наводно заработила 30.000 евра.

Магазин | пред 4 години

Mickoski-Tusk-2-05102021

Мицкоски на средба со Туск: Државата не смее да биде заложник на Зоран Заев на патот кон ЕУ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски, заедно со секретарот за меѓународна соработка доцент д-р Тимчо Муцунски денес во Љубљана на самитот на ЕПП остварија средба со претседателот на Европската народна партија, Доналд Туск.На средбата се разговараше за соработката на ВМРО-ДПМНЕ со Европската народна партија и за европските интеграции на земјата.Претседателот Мицкоски посочи дека државата влегува во нов циклус на криза и постојано се оддалечува од датум за преговори со Европската Унија.Мицкоски посочи дека и покрај многу бројните отстапки на Зоран Заев сега се лиферуваат нови датуми и нови пречки кои што треба да се надминат, што значи дека државата губи потенцијал во однос на исполнување на оваа стратешка цел.И покрај сите забелешки поврзани со криминалот и зголемената корупција, недостатокот на реформи во правосудството, како и уназадувањето на економијата, државата треба да напредува во интеграциите во ЕУ, бидејќи тоа е во интерес на целиот Западен Балкан.Земјата не смее да биде заложник на Зоран Заев на патот кон ЕУ, истакна Мицкоски.

Македонија | пред 4 години

gorcev

(ВИДЕО) Ѓорчев за одбиените оставки: Заев и Филипче одбраа да паднат заедно

Денеска повторно видовме дека власта нема чувство и нема жал за 14 луѓе живи изгорени во ковид-болницата во Тетово, обвини на прес-конференција, Владимир Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ, откако попладнево премиерот Зоран Заев одби да ги прифати понудените оставки на министерот и заменик-министерот за здравство.„Наместо пристојност и етика, СДСМ и ДУИ решија да ја спасуваат коалицијата. Четиринаесет луѓе живи изгореа во пластичниот киоск на Зоран Заев и Венко Филипче. Четиринаесет семејства се во црнина поради нивната неодговорност, поради нивниот срам и брука, поради тоа ужасно, смртоносно профитерство“, нагласи претставникот на ВМРО-ДПМНЕ.Тој воено додаде дека ваквата разврска на настаните значи дека Зоран Заев и Венко Филипче одбрале да паднат заедно.„Народот е револтиран, овој срам и брука во Македонија ќе заврши. А оние кои што се виновни ќе одговараат“, порача Ѓорчев.

Македонија | пред 4 години

apasiev-8123

Зошто Апасиев нема советничка листа во Струмица?

Според истражување на Меѓународниот републикански институт (ИРИ) на три месеци пред почетокот на кампањата за изборите, повеќе од половина од граѓаните не ги поддржуваат актуелните градоначалници, односно 53% рекле дека одговориле дека би требало да се избере друг кандидат.Ако се има предвид дека 70% од општините ги водат градоначалници на СДСМ и уште 16% ги водат партиите кои се во коалиција со СДСМ во владата или вкупно 86% градоначалници на власта, тоа значи дека граѓаните не се задоволни од работата на актуелната власт и бараат промени.Во таа насока ВМРО-ДПМНЕ, повика на обединување на опозицијата каде се приклучи дури и коалицијата на Алијанса за Албанците и Алтернатива, но не и Левица. Со 10 кандидати за градоначалници и 40 советнички листи Левица одлучи сама да оди на изборите. Но, според тоа како стои во некои општини прашање е која е целта на тие кандидати и советнички листи.Така во тие 40 општини каде Левица нема кандитирано своја советничка листа е Струмица каде што на минатите парламентарни избори освоиле 1.158 гласови. Но, затоа имаат листи во две слични општини според број на избирачи, односно Охрид каде лани имале 1.240 гласови и Кичево 327 гласови. Според избирачкиот список од тие избори Струмица има 49.341 избирач, Кичево 50.480, додека Охрид 52.547. (Гласовите за Кичево се собрани од 5 и 6 изборна единица, бидејќи на парламентарни општината е поделена)Оттука се поставува прашање зошто Левица нема кандитирано советничка листа во Струмица каде има реални шанси за да освои советничко место, а има во Кичево каде не постојат шанси но таа бројка може да наштети на опозицијата ако се знае каква е состојбата во таа општина и како македонските партии се борат за советник повеќе.Левица советничка листа има кандитирано дури во Струга која на последните избори имаше 60.850 избирачи, а каде Левица освои само 524 гласови, однос и таму речиси да нема шанси за освојување на советник, а и таму е слична ситуацијата како во Кичево.Дали Левица нема своја советничка листа во Струмица каде може да освои советник само да не им наштети на СДСМ и Зоран Заев, но и дали намерно има кандидатски листи во Кичево и Струга за да им наштети на македонските партии во однос на албанските? Тоа се две логични прашања кои се поставуваат имајќи ги предвид гласовите од минатите избори.Оттука граѓаните сами може да проценат која е целта на Левица, во овие премногу важни избори кои ќе одлучат дали СДСМ ќе остане на власт или ќе оди во опозиција.извор republika.mk

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Лукаревска во Чаир: Немаме ниту време, ниту луѓе за поделби, за национализми, за омраза, заедно сме, заедно работиме, за побрз развој на нашата заедничка Татковина

Негуваме вредности на взаемно почитување, правичност, еднакви можности, Едно општество за сите. Немаме ниту време, ниту луѓе за поделби, за национализми, за омраза, заедно сме, заедно работиме за побрз и хуман развој на општината, за побрз развој на нашата заедничка Татковина, рече заменик претседателката на Социјалдемократскиот сојуз, Сања Лукаревска на средбата со граѓаните на општина Чаир.“Чаир се гордее со својата традиција и брзо се развива во модерна општина. Со поддршка на Владата предводена од СДСМ се обезбедени 690.000,00 евра за општина Чаир од грантот од Светската банка за поврзување на локалната патна мрежа, се реконструираа и во тек е реконструкцијата на повеќе улици. Се грижиме за најмладите, тие се нашата иднина, инвестираме во нова градинка во Чаир со капацитет од 350 деца, во реконструкција и подобрување на условите во повеќе училишта, ја подобруваме комуналната инфраструктура преку реконструкција на постојни водоводи и канализации, вложуваме во заштита на културните вредности.Чаир памети како се живеело, домакински, еснавски, да му помогнеш на соседот кога му треба, да го поканиш на чај, на баклава, на кафе муабет за живеачката, за работата, на секој празник заедно, пред дуќан заедно, оти животот е еден за сите и само заедно можеме да го направиме подобар. Затоа вложуваме во нашата иднина. Локалната економија е двигател на развојот, со поддршка од централнта власт во соработка со општините ќе ги поттикнеме малите бизниси, тие се темелот на економскиот развој, шанса за секого, поддршка за секоја добра идеја, можности за младите луѓе да се реализираат овде, дома, во својата општина.Го имаме Најдоброто за развој на секоја општина, за подобар живот на секој граѓанин, за поддршка на младите, на жените, на децата, за Социјалдемократскиот сојуз и коалицијата секој еден е важен, градиме општество еднакво и праведно за сите, затоа на 17 октомври гласајте за 12, за советничката листа предводена од Марија Вељовска Кондовска, за Најдоброто за Чаир.”

Скопје | пред 4 години

Gjorcev-02.09

Ѓорчев: Наместо пристојност и етика за 14-те живи изгорени, СДСМ и ДУИ решија да ја спасуваат коалицијата

Денес повторно видовме дека власта нема осет и нема жал за 14-те луѓе живи изгорени во Ковид болницата и 7.000 починати од Ковид рече на денешната прес-конференција Владимир Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ.Наместо пристојност и етика, СДСМ и ДУИ решија да ја спасуваат коалицијата.Четиринаесет луѓе живи изгореа во пластичниот киоск на Зоран Заев и Венко Филипче.Четиринаесет семејства се во црнина поради нивната неодговорност, поради нивниот срам и брука, поради тоа ужасно, смртоносно профитерство.Почитувана македонска јавност, тие одбраа да паднат заедно. И да Зоран Заев и Венко Филипче заедно ќе си паднат.Народот е револтиран, овој срам и брука во Македонија ќе заврши. А оние кои што се виновни ќе одговараат додаде тој.

Македонија | пред 4 години

koronavirus-korona-kovid-test

Нови 399 случаи, 17 починати, 1.348 оздравени пациенти

Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој Термин“, пријавени се уште четири починати лица, со датум на смрт од 24.09.2021 до30.09.2021 година. Починатите лица се по едно лице од Скопје, Тетово, Велес и Охрид, на возраст од 63 до 81 години. Од пријавените лица три се починати во болнички услови, а едно лице е починато во домашни услови.Направени се 3.337 тестови преку: ИЈЗ-300, ЦЈЗ Скопје-61, ЦЈЗ Битола-47, ЦЈЗ Прилеп-29, ЦЈЗ Тетово–42, ЦЈЗ Куманово-56, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-1, лабораторија болница Козле-21, УК Пулмологија со алергологија – 0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–1, Жан Митрев (Филип Втори)-77, Авицена-159, Биотек-230, Систина-70, лабораторија Лаор-137, Синлаб-53, Ремедика-28, Плодност–31, Генеа-8, Никоб лаб-378, ВФВ Медикал-37, Ели Медика-57, Ројал Медика –17, Спектра-ММ-2, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.495.Досега во земјата се направени вкупно 1.305.039 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 193.052 бројката на оздравени пациенти е 175.496, на починати е 6.740, а бројот на активни случаи изнесува 10.816.

Македонија | пред 4 години

MVR

Приведено лице барано со потерница

Денеска (05.10.2021) во 14:45 часот во Скопје полициски службеници од Оперативен тим потраги го лишија од слобода М.Д. (52) од Скопје кој се барал со потерница од Основно јавно обвинителство. Лицето ќе биде предадено на ОЈО за понатамошна постапка.

Македонија | пред 4 години

apteka-kvoti-lekovi

Разбојништво во аптека на „Рузвелтова“

На 04.10.2021 околу 21:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во аптека на ул.„Рузвелтова“ едно лице со закана од вработената одзело пари од дневниот промет.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 4 години

Screenshot-2021-10-05-at-16.39.24

Заев не ја прифати оставката од Филипче

Премиерот Зоран Заев не ги прифати оставките од министрите Венко Филипче и Илир Хасани. Тој рече дека тие спасиле илјадници животи со нивниот ангажман, по што посочи, дека затоа им ја дава довербата.„Нема причини да се лоцира за политичка или моралност одговорност кај министрите. За евентуалните грешки, ќе се произнесат надлежните органи. Нема да дозволам политизирање на трагедијата во тетовската болница. Ние политичарите не смееме да го толкуваме извештајот на вештите лица. Откриена е причината за пожарот и таа јавно објавена. Дадов насоки до МЗ да се направат контроли во сите болници“, рече Заев.„Доколку има човечка одговорност тоа е на кривичните органи“, рече Заев, посочувајќи дека оставките биле од морална одговорност.Одлуката Заев ја донесе откако Обвинителството кажа како настанал пожарот во тетовската модуларна болница.

Македонија | пред 4 години

koronavirus-korona-kovid-test

17 лица починати и 399 нови заразени од корона

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:Направени се 3.337 тестирања, а регистрирани се 399 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 197, Куманово – 49, Тетово – 15, Кочани – 14, Битола – 13, Кавадарци – 11, Велес и Крива Паланка – по 10, Струмица – 8, Штип, Кичево, Гевгелија и Кратово – по 6, Ресен, Радовиш, Пробиштип и Валандово – по 5, Прилеп – 4, Гостивар, Охрид, Богданци и Македонска Каменица – по 3, Неготино, Свети Николе и Виница – по 2, Струга, Дебар, Берово, Македонски Брод, Демир Хисар и Пехчево – по 1.Регистрирани сe 1.348 оздравени пациенти од: Скопје – 419, Струга – 196, Охрид – 144, Куманово – 87, Тетово – 71, Кичево – 45, Струмица – 43, Гостивар и Дебар – по 42, Велес – 41, Прилеп – 37, Кавадарци – 34, Битола – 26, Штип и Свети Николе – по 16, Ресен – 14, Радовиш – 13, Кочани и Гевгелија – по 11, Виница – 8, Кратово и Делчево – по 6, Валандово – 5, Пробиштип и Неготино – по 3, Берово и Демир Хисар – по 2, Крива Паланка, Македонска Каменица, Македонски Брод, Крушево и Демир Капија – по 1.Во текот на изминатите 24 часа починале 17 лица: 8 починати лица од Скопје (59г, 65г, 68г, 70г, 72г, 80г, 83г и 86г), 4 починати лица од Куманово (64г, 69г, 71г и 79г) и по едно починато лице од Охрид (93г), Радовиш (72г), Струмица (87г), Битола (90г) и Гостивар (63г).Од пријавените починати лица 16 се починати во болнички услови, а едно лице е починато во домашни услови.Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 4 починати лица, со датум на смрт од 24.09.2021 до30.09.2021 година. Починатите лица се по едно лице од Скопје, Тетово, Велес и Охрид, на возраст од 63 до 81 години. Од пријавените лица 3 се починати во болнички услови а едно лице е починато во домашни услови.Направени се 3.337 тестови преку: ИЈЗ-300, ЦЈЗ Скопје-61, ЦЈЗ Битола-47, ЦЈЗ Прилеп-29, ЦЈЗ Тетово–42, ЦЈЗ Куманово-56, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-1, лабораторија болница Козле-21, УК Пулмологија со алергологија – 0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–1, Жан Митрев (Филип Втори)-77, Авицена-159, Биотек-230, Систина-70, лабораторија Лаор-137, Синлаб-53, Ремедика-28, Плодност–31, Генеа-8, Никоб лаб-378, ВФВ Медикал-37, Ели Медика-57, Ројал Медика –17, Спектра-ММ-2, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.495.Досега во земјата се направени вкупно 1.305.039 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 193.052 бројката на оздравени пациенти е 175.496, на починати е 6.740, а бројот на активни случаи изнесува 10.816.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 84099, Активни 5265Куманово 11555, Активни 953Тетово 10843, Активни 835Прилеп 9089, Активни 276Гостивар 7962, Активни 410Битола 7126, Активни 240Велес 6290, Активни 315Охрид 5986, Активни 343Кавадарци 5971, Активни 207Штип 5770, Активни 215Струмица 5757, Активни 231Кичево 3990, Активни 356Струга 3796, Активни 117Кочани 3306, Активни 162Гевгелија 2429, Активни 81Неготино 2321, Активни 35Свети Николе 1913, Активни 97Ресен 1542, Активни 71Радовиш 1531, Активни 78Крива Паланка 1451, Активни 98Дебар 1450, Активни 65Берово 1210, Активни 16Делчево 1124, Активни 62Виница 1039, Активни 44Пробиштип 923, Активни 34Валандово 824, Активни 20Кратово 583, Активни 58Богданци 555, Активни 21Крушево 529, Активни 21Македонски Брод 473, Активни 29Демир Хисар 446, Активни 29Демир Капија 411, Активни 4Пехчево 314, Активни 4Македонска Каменица 304, Активни 23Дојран 140, Активни 1

пред 4 години

droga-marihuana

Претрес во Гостивар, пронајдена дрога

Денеска (05.10.2021) околу 11.35 часот во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово - Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода гостиварците К.С.(51) и Х.А.(54). При претрес во станот на К.С. на улица „Гоце Делчев“ во Гостивар, извршен со судска наредба, во кој бил затекнат и Х.А., биле пронајдени и одземени хероин, неколку пластични шишиња со метадон, дигитална вага и предмети со остатоци од дрога. Тие се задржани во Полициската станица Гостивар и по целосно документирање на случајот ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци.

Македонија | пред 4 години

bektesi

Бектеши: Aко треба ќе ги „замрзнеме цените“ на основните производи

Бектеши по средбата со еснафот на Старата скопска чаршија изјави дека состојбата будно се следи.-Будно ја следиме ситуацијата во делот на глобалниот ланец на снабдување, посебно со прехранбените производи. Тоа го покажавме и во време на пандемија. Секако има механизми, посебно ако се повикаме на Законот за трговија каде што за основните производи може да донесеме одлуки во делот на замрзнување на одредени цени, било тоа да се цени во прехранбените производи или суровини кои се увезуваат или се продаваат директно во голема и мала продажба, рече министерот.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

ВМРО ДПМНЕ: Благодариме што Шилегов макар делумно го поддржа проектот на Даниела

Благодариме што Шилегов макар делумно го поддржа проектот на Данела, но сепак Данела ќе спроведе целосен јавен превоз.10 дена ја напаѓа Данела дека е невозможно, а сега, во среде кампања и тој го ветува истото.Неискрено и потценувачки за граѓаните. Знаеме дека Шилегов нема идеи, и не знае што да прави, но лицемерие е прво да се напаѓа нешто, а после да се предлага половично како свое.Шилегов веќе е свесен дека напразно ги потроши четири години мандат. Тој ќе остане запаметен како најнеспособниот градоначалник на Скопје. А неговиот тунел под Кале сите ќе не потсеќа на времето кога од ракав се тресеа ветувања без реално да се размислат.Колку и да ги краде и копира ветувањата на Данела, на скопјани им е јасно со Шилегов нема иднина, со Шилегов нема проекти.Данела има визија и конкретна програма, Петре има само арогантна желба да остане политичар. Но тој е само мафијаш кој мести тендери, се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.

Скопје | пред 4 години

tabanovce

Со фалсификуван ПЦР сакале да влезат во Македонија

– На 04.10.2021 во 05.35 часот на Граничен премин Табановце, на излез од Република Северна Македонија, поради употреба на фалсификувани ПЦР тестови, биле приведени Ш.Н.(40), Љ.Ш.(34) и Ф.Ш.(43), сите од Република Србија, информираат од Министерството за внатрешни работи.Тие биле предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.извор kumanovskimuabeti.mk

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Заев: Од 2022 година државата ќе ги покрива придонесите за нововработените млади

„Најавуваме за 2022 година, за секој млад човек што ќе тргне на работа, државата ќе ги плати придонесите и ќе има дополнителни стимулации. Само да тргнат на работа. Тие што немаат практично искуство ќе бидат поддржани преку практиканство директно од компаниите каде што ќе бидат ангажирани за да створат своја пракса, да имаат свои практични вештини за да можат на крајот да ги имаат сите опции. Да продолжат со работа, да отворат свој бизнис или да учествуваат во некои други глобални економски тенденции“, истакна премиерот Заев на денешната прес-конференција на која заедно со вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Коста Петров ги презентираа предлог-мерките за забрзан раст на македонскиот стартап екосистем.Притоа, премиерот Заев посочи дека Владата сериозно помага, развива механизми и модели преку комерцијалните банки за да биде најден соодветен начин и модел кој ќе биде решение за секој оној којшто има своја иновативна идеја за да ја преточи во проект, во погон, во фабрика, во производство, во услуги, со цел успешна иднина на младите луѓе, кои ќе бидат свои газди.„Северна Македонија ја правиме одличен пример во регионот во стартап можностите и во иновативниот и технолошкиот севкупен развој на државата. За останатите млади имаме огромна побарувачка на квалификувани кадри од приватниот сектор, конечна цел ни е од 2022 година сите млади до 29 години да бидат ангажирани“, рече премиерот Заев додавајќи дека државата подготвува мерки со цел младите порано да бараат и стекнат работа, веднаш по завршувањето на средното или високото образование.„Конечна цел ќе ни биде ангажман на сите млади. Целта на опаѓањето на невработени млади од 42% на 29% во моментот ќе продолжи како тенденција до 2024 година, да обезбедиме помалку од 17% невработеност на младите. Тоа не е бројка само како гола флоскула туку важно е што се вградува еден сериозен енергетски капацитет во државата во економскиот систем кој ќе движи“, оцени премиерот Заев потенцирајќи дека сето ова носи мултипликативни ефекти за целата економија, за целото стопанство.Тој подвлече дека државата работи и ќе помага на повеќе т.н. ленти: „Една се стартапите, секој да направи чекор, да се охрабри, а другите да бидат директно ангажирани уште во рана младост за да може државата да ги поттикне со плаќање на придонесите комплетно за првите години од нивниот ангажман.“Дополнително, подвлече премиерот Заев, ќе бидат обезбедени стимулации за размена на искуство и развојот на практичните вештини и практиканството коешто им е многу потребно на младите луѓе коишто теоретски се образувале, завршиле образование, но за да бидат конкурентни на пазарот на трудот, директно ќе бидат помогнати од државата.

Македонија | пред 4 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Исплатени субвенции од 380 милиони денари за само неколку дена

Изминатите денови се исплатени субвенции во вкупна висина од 380 милиони денари.На 3.310 градинари, кои оствареното производство од пријавените површини го предале во преработувачки капацитети им се исплатени 168,9 милиони денари, односно по три денари за килограм.Средства на сметките добија и сите земјоделци кои оствареното производство на овошни култури го предале во производни капацитети. За оваа мерка исплатени се 16,7 милиони денари на 172 овоштари, односно три денари по килограм произведено и предадено овошје во преработувачки капацитети, истакнуваат од СДСМ.Финансиска поддршка од 30,4 милиони денари примија и 708 градинари, кои имаа произведено пролетна зелка од почетокот на април до почеток на мај лани. Тие добиваат по три денари за килограм пролетна зелка предадена кај регистрирани откупувачи.Над 14 милиони денари беа поделени на 656 мали земјоделски стопанства.149 милиони денари субвенции се исплатени за одгледани и заклани гоеници во регистрирани капацитети.Станува збор за финансиска поддршка од 950 денари, која ги следува сите кои имаат одгледано и заклано гоеници од 90 до 130 килограми, а сите фармери кои одгледале и заклале гоеници над 130 килограми, на сметките добија 1.950 денари.Исплатата на преостанатите мерки ќе продолжи во наредниот период, кон сите земјоделци кои оствариле право на финансиска поддршка во земјоделството.СДСМ во континуитет води вистинска грижа за земјоделците, со мерки и политики за сестрана поддршка за агросекторот. Развојот на земјоделството и неселективната поддршка за секој земјоделец останува наш врвен приоритет, се вели во соопштението од СДСМ

Македонија | пред 4 години

Nikoloski17082021

Николоски: СДСМ и ДУИ преку ЈО во Тетово си нарачуваат извештај каков што им одговара со цел да сoкријат одговорност

Очигледно е дека СДСМ и ДУИ преку обвинителството во Тетово си нарачуваат извештај каков што им одговара со цел да скријат одговорност, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, денеска од Општина Кисела Вода, одговарајќи на новинарско прашање во врска со извештајот за модуларната во Тетово, и додаде дека најодговорен за целиот случај е министерот за здравство Венко Филипче, бидејќи тој е одговор за изградбата на модуларните кои се во неговото министерство.Николоски истакна дека во најмала рака смешно е да се тврди дека 14 човечки животи се загубија заради некаков кабел.- Во исто време дури и да е така како што тврди тетовското обвинителство, повторно одговорноста е кај Венко Филипче затоа што тој е министер за здравство и тој е најодговорен за изградбата на модуларните болници и за нивното функционирање, затоа што тие се во рамките на министерството за здравство и знаеме дека со промените на Законот за градење целосно е прескокната процедурата на кој начин истите требало да бидат изградени, рече Николоски.Тој нагласи дека од одговорност не може да избегаат и одговорност ќе се случи после овие локални избори после кои ќе има и ново парламентарно мнозинство , затоа што 14 човечки животи кои беа загубени не можат да завршат со некаков кабел кој не бил исправен.

Македонија | пред 4 години

gasovod

Плинот со рекордно висока цена

Авто-плинот, или течниот нафтен гас, кој станува се повеќе популарен во Македонија, од денеска се точи по 41,5 денари на слободниот нерегулиран пазар.Пред две години во овој период тој чинел 10 денари помалку од денеска односно 32 денари за еден литар плин.Од денес на повеќето малопродажни објекти плинот е со покачена цена за литар. Цената на авто-плинот (тнг) се зголеми за 2,5 денари, додека за останатиот дел објекти новата цена на плинот ќе стапи на сила од вечерва.Инаку цената на авто-плинот не е државно регулирана.

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања