Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

BRITANSKA-DONACIJA-600x375-1

Британска донација за Армијата во вредност од 230 илјади фунти

Амбасадорката на Обединетото Кралство, Рејчел Галовеј денеска на министерката за одбрана Радмила Шекеринска во скопската касарна „Ѓорче Петров“ и ја предаде британската донација од системи за преноќување, наменети за припадниците на Лесната пешадиска баталјонска група и за специјалните сили, во вредност од 230 илјади фунти, опрема добиена преку НАТО Агенцијата за јавни набавки.Донацијата, наменета за единицата за НАТО операции каде влегуваат Лесната пешадиска баталјонска група и специјалните единици, се состои од околу 4.000 парчиња (3.963), два типа вреќи за спиење едни за три сезони, другите летни со мрежа за заштита од комарци, подлоги за вреќи за спиење, мали шатори – набљудувачници за снајперисти, тунелски шатори за специјалци, резервни потпорни шипки.Според министерката Шекеринска, овој настан покажува дека кога имате план и го спроведувате и имате сојузници, можете целосно и брзо да ги реализирате сите чекори. Нагласи дека како Армија, како МО и како Влада направиле се секојдневно да се реформира, да се трасформира и да се опремува нашата армија, да одговара на потребите на нашите граѓани, на нивната безбедност, но и да личи на Армија на една НАТО земја членка.– Токму поради тоа во изминатиот период нашиот фокус и во поглед на персоналот и во поглед на условите за работа и опремувањето, го ставивме на Лесната пешадиска батаљонска група во Штип и ова денеска ќе биде плус за нивното опремување, изјави Шекеринска.Таа потсети дека во изминатиот период освен што се обезбедени повисоки примања и нова структура на Армијата на РС Македонија, обезбедени се и дополнителни приходи за сите припадници на Лесната пешадиска батаљонска група во Штип. Од нив бараме подобри резултатие, истакна министерката Шекеринска, мора државата повеќе да им понуди.Шекеринска најави дека за оваа група ќе бидат наменети и најсовермени околопни возила и наведе дека се обезбедни и целосна униформа, спортска опрема, ЏПС системи и дополнителна логорска опрема, како дел од опремата што припаѓа на ваква група.Помоша од Обединетото Кралство во поглед на нашите армиски и одбранбени реформи, потенцира Шекеринска, е многу значајна и таа поддршка продолжи и со голема инвестиција во тренингот на нашите луѓе на различни нивоа.– Сојузништвото носи резултати, особено за држави како РС Македонија. Да имаш сојузници како Обединетото Кралство навистина е аргумент плус, дополнителна сила, енергија и шанса да развиеме сили што ќе бидат вистински НАТО сили, изјави министерката Шекеринска.Taa информира дека претставници на воените структури на Обединетото Кралство го посетиле и армискиот полигон Криволак и ја споделиле нашата визија, како што рече,за поамбициозен план за овој полигон.Шекеринска најави дека очекува во следните неколку недели да започне првата набавка преку НАТО Агенцијата.Амбасадорката Галовеј истакна дека оваа опрема е меѓу најдобрите и ќе овозможи на пешадиските сили да дејствуваат во мисиите во НАТО во сите временски услови.– Обединетото Кралство останува посветено во поддршката на Северна Македонија за способноста во НАТО и во моментот сили од Обединетото Кралство обезбедуваат совети за пешадиска обука на првиот од макеоднските батаљони даден на располагање на НАТО, изјави амбасадорката Галовеј.Вториот тим, најави таа, ќе пристигне во текот на годината за да обезбеди совети за тактичка обука и лидерство за пешадиската група.Според неа, АП Криволак водечки светски капацитети за обука на лесни пешадиски, воздухопловни специјални сили, истовремено, потенцира, зачувувајќи го опкружувањето и разновидната природа во областа.Галовеј информира дека се работи со МО за изработување на плановите за билатерална соработка за 2022 и 2023 година и врз основа на сегашнтие области на ангажирање, ќе се понудат дополнителна специјализирана пешадиска експертиза, курсеви во воената едукација во Обединетото Кралство и ќе се истражат можностите за понатамошно донирање опрема за градење капацитети, како што е и денешната донација.извор: МИА

Македонија | пред 4 години

IMG_20211006_112558_356

Арсовска - Скопје ќе биде вистински вело град

„Вело патеки што во светот ги нарекуваат автопати за велосипед ќе никнат од Бутел преку Чаиркон Центар, од Гази Баба до Центар, од Драчево преку Кисела Вода кон Центар, од Даме Груев конЃорче Петров. Во Скопје не смее да има булевар без велосипедска патека и таква велосипедскамрежа мора да има и од приградските населби кон центарот на Скопје“ – вака ја започнаденешната прес конференција кандидатот за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска, одневообичаено место од каде што може јавноста да види дека Скопје нема вистински инепрекинати велосипедски патеки.Таа истакна дека велосипедистите секојдневно се соочуваат со проблеми, затоа што на таканаречените патеки, има се, освен слобода да уживаат во возењето. На средина на патеките имаконтејнери, сообраќајни знаци и други најразлични препреки, а во исто време актуелен е ипроблемот со наоѓаање соодветно вело паркинг место.„Ќе се обезбедат и нови паркинг места за велосипеди, заштитени од кражби и оштетувања иистите ќе бидат под 24 часовен видео-надзор. А, со цел реализација на проектот Скопје – велоград, ќе биде спроведена модернизација на системот за изнајмување велосипеди, со современаапликација за само изнајмување во рамки на Скопје. Во исто време предвидено е градот даобезбеди 1000 бесплатни електрични велосипеди што ќе бидат доделени на групи на граѓани сопониски примања и ќе биде зголемена финансиската поддршка на граѓаните за набавка навелосипеди, како и електрични тротинети – додаде Арсовска.Арсовска раскажа дека по истиот принцип ќе биде воспоставен систем на изнајмување наелектрични тротинети во целиот град, со што ќе се подигне степеност на користење алтернативнирешенија за автомобилите и ќе се намали загадувањето.За крај посочи дека Скопје има потенцијал да биде град на велосипеди и потребно е тоа награѓаните да им биде овозможено.

Скопје | пред 4 години

pesevska

Пешевска: Згрозена сум од нивото на говор на премиерот Заев на митингот на СДСМ во Општина Аеродром

Како жена, згрозена сум од нивото на говор на премиерот Заев на митингот на СДСМ во Општина Аеродром.Најостро ја осудувам постапката на премиерот, да со правење на гестикулации со раката споменува една жена, која е сопруга и мајка и одлучила да се кандидира за градоначалник на Скопје истакнува таа и додава:Верувам дека премиерот и СДСМ при потпишувањето на етичкиот кодекс за фер и демократски избори, не мислеа дека ќе водат ваква кампања. Ја повикувам претседателката на форумот на жените на СДСМ Снежана Калевска Ванчева, да ја осуди постапката на премиерот Заев и да застане во одбрана на една жена во политиката.Ваквите постапки се недозволиви и од причина што во тек е кампања под насловот "Заокружи НЕ за насилство врз жените во политиката", која кампања верувам дека СДСМ не само декларативно, туку вистински ја поддржува се вели во фб статусот на Пешевска.

Скопје | пред 4 години

241688629_585924389520550_7051623577493705864_n

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ бара итна собраниска седница за разрешување на Филипче и Хасани

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ бара свикување на итна седница на Собранието согласно член 67 и член 68 од Деловникот, со две точки на дневен ред Одлука за разрешување на министерот за здравство Венко Филипче и Одлука за разрешување на заменикот министер за здравство Илир Хасани, соопшти денеска пратеникот Антонио Милошоски.-Нашето прашање до собраниското мнозинство и до Владата е уште колку луѓе треба живи да изгорат како пациенти за да се понесе политичка и објективна одговорност за ваквата трагедија која што е резултат на неодговорноста на власта, рече Милошоски.Пратеникот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ посочи дека нивните очекувања се дека претседателот на Собранието согласно членовите 67 и 68 ќе ја закаже седницата на Собранието во рок пократок од 10 дена, бидејќи сметаат дека оваа состојба е од итен карактер и треба итно да се разреши.Милошоски потсети дека во Романија пред пет дена се случи пожар во болница со загубени пет човечки животи и оти таму падна целата Влада.-Во Македонија пред еден месец изгоре модуларната болница во Тетово, но во Романија падна целата Влада, а во Македонија падна продолжниот кабел со кој што премиерот Заев ја потценува интелегенцијата на сите граѓани и сака да ја сокрие одговорноста на Филипче, министер за здравство, рече пратеникот.Затоа, како што потенцира, ВМРО-ДПМНЕ смета дека зелената агенда на ДУИ и СДСМ, за жал, изгоре со тетовската модуларна болница, со која што изгоре и принципот за политичка и објективна одговорност на носителите на јавни функции кои што треба да се грижат за здравјето на граѓаните.-Гледаме дека здравјето и животите на 14 луѓе беа колатерална штета на неодговорната власт, рече Милошоски.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-09-20-at-08.55.18

Објавени имињата на загинатите во пожарот во модуларната болница во Тетово

Албанскиот „Тетова експрес“ објави список со имињата на 12 од 14 загинати пациенти во пожарот во модуларната болница во Тетово кој избувна на 8 септември годинава.

Македонија | пред 4 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ продолжува да ја политизира трагедијата, институциите покажаа капацитет да спроведат темелна и ефикасна истрага

ВМРО-ДПМНЕ не престанува да ја политизира трагедијата и да ја злоупотребува несреќата на семејствата на починатите во тетовската модуларна болница во дневно политички цели.Сите надлежни институции покажаа капацитет , стручност и подготвеност да спроведат ефикасна и темелна истрага за откривање на причините кои го предизвикаа пожарот во Тетово.Наместо да ги остави институциите да работат независно и професионално, ВМРО-ДПМНЕ се уште се обидува да профитира врз оваа несреќа.Тоа само зборува дека на неодговорната, антинародна партија предводена од Христијан Мицкоски осен политичкиот рејтинг ништо друго не и е битно се вели во соопштението од СДСМ.

Македонија | пред 4 години

policija-akcija-policaec-mvr-5

Приведен дилер од тетовско, пронајдена дрога

Ноќва (06.10.2021) во 01.00 часот од страна на полициски службеници од Полицискоодделение Жеровјане во с.Радиовце бил лишен од слобода Е.И.(31) од с.Горно Седларце,тетовско. При контрола на патничко возило „фолксваген голф“,со скопски регистарски ознаки,кое тој го управувал, била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 4 години

A.Filipovski-03.10.2021-god.-press

Филиповски на „Утрински брифинг“: Хумана урбанизација и двојно повеќе зеленило во Аеродром

„Имам 14 годишно работно искуство во приватниот сектор и можам сето знаење да го искористамза Аеродром, заедно со граѓаните да направиме почиста општина, повеќе паркови и спортско –рекреативни зони“, посочи Александар Филиповски, кандидат на СДСМ и коалицијата за општинаАеродром, на своето гостување во емисијата „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ.Во изминативе години, во Аеродром беа реализирани и успешни проекти. Локалната самоуправаподигна 6 нови паркови и целосно се реконструирани 15 детски игралишта. Сепак, Филиповскиистакна дека постои простор за поголем напредок и нови успешни проекти.Запрашан во врска со урбанизацијата, како еден од најгорливите проблеми на национално ниво,кандидатот на СДСМ посочи дека истата ќе се пренасочи кон периферните делови.- По однос на урбанистичкото планирање, нема простор за грешка. Сега имаме иПартиципативно тело кое е вклучено во носење на урбанистичките планови, аинспекциските служби ќе вршат надзор и на законската одредба – 20% зеленило во рамкина градежнаата парцела. Приватната сопственост ќе ја почитуваме, но нема да дозволимеоттуѓување на државно земјиште и дехуманизација на јавниот простор, кажа Филиповски.Тој посочи дека сериозно ќе се зголеми зеленилото, рамномерно по сите населби. Аеродром ќедобие нов парк на 5.000 м2, од „авиончето“ до автобуската постојка на последна „5 – ка“, апредвидено е и садење на 5.000 висококвалитетни дрвја. Исто така, меѓу покапиталните проектисе и изградбата на двете градинки во Мичурин и Ново Лисиче, како и зголемување накапацитетите на ООУ „Блаже Конески“.

Скопје | пред 4 години

Screenshot-2021-10-06-at-07.51.18

Портпаролот на РКЕ за состојбата на Беслимоски по нападот

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) Марко Бислимоски е добар, колку и да е тоа соодветен збор по инцидентот кој се случи синоќа каде тој беше нападнат во центарот на градот. Нападот е пријавен во МВР, информира портпаролот на РКЕ Марина Узунов.„Сакам да ја информирам јавноста дека како и до сега така и од сега РКЕ ќе продолжи да работи транспарентно согласно законот затоа што основен постулат во нашето делување е заштита на потрошувачите и обезбедување на сигурност и стабилност во електро енергетскиот систем. Единствено по што се водиме е словото на закнот, така и ќе продолжиме да ги водиме постапките врз основа на силата на аргументите, а не на физичка сила“,изјави Узунов за МИА.Таа нагласи дека претседателот на РКЕ Бислимоски инцидентот го пријави во соодветните институции.

Скопје | пред 4 години

alijansa-za-albancite

ДУИ злоупотребуват и деца во предизборна кампања, обвинува Алијанса за Албанците

Се чини дека на ДУИ не и е доволно притисок врз администраторите, наставниците и професорите со закани и уцени да учествуваат во нивните предизборни митинзи во кампањата, овој политички субјект не ги штеди ниту децата со нивно користење и злоупотреба во нивните предизборни кампањи, додека сериозно ги кршаат правата на децата, велат од Алијанса за Албанците.„Овој феномен често се повторува на митинзите на ДУИ. Последниот случај беше злоупотребата на деца од страна на кандидатката за градоначалник на општина Тетово од редовите на ДУИ г –ѓа.Теута Арифи, која на својот официјален профил објави фотографии со децата на Боксерскиот клуб „Шкендија Нолимит“ и со што се обидува да добие политички поени. Овој грд гест на Теута Арифи која се фотографира со деца среде кампања уште повеќе не потсетува дека градоначалничката во заминување не направи ништо за децата на Тетово, оставајќи ги нив без детски парк, без игралиште за нив, без спортски активности, и без образ и без срам оди и се фотографира со деца за време на кампањата.Митинзите на ДУИ и отворањето на штабовите на оваа партија стануваат се поопасни поради рафалите и истрелите затоа ова претставува уште поголема опасност за децата и другите кои можат да бидат присутни во некој штаб на ДУИ како оној во Чаир или Желино.Бараме од Мисијата на ОБСЕ и ОДИХР во Северна Македонија да ја евидентираат оваа загриженост во нивниот извештај за предизборната кампања, исто така ја повикуваме и Првата амбасада за деца во Македонија „Меѓаши“ да го кренат гласот за кршење на правата на децата кои се злоупотребуваат во изборната кампања“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 4 години

1-6

Скопје ќе добие најголема пешачка зона во Европа

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов го претстави планот за затворање на Малиот Ринг во Скопје, со што ќе се добие најголемата пешачка зона во Европа.Со затворање на улицата 11 Октомври, односно Димитрија Чуповски (од Собрание до Палома Бјанка) се добиваат 71 хектар, или 730.000 метри квадратни зона во којашто автомобилите нема да бидат присутни.„На овој потег од улицата ќе биде овозможено движење исклучиво за автобусите на БРТ системот. Со тоа се овозможува непречено движење на пешаците од Стара Железничка се до крајот на Бит Пазар и од Собрание до крстосницата кај Палома Бјанка“, изјави Шилегов.Најголемите пешачки зони во Европа до сега се во Гент (Белгија) и Портеведра (Шпанија) и зафаќаат површина од околу 50 хектари. И Барселона во Шпанија неодамна ја презентираше својата намера да затвори дел од центарот на градот со цел да направи пешачка зона од речиси 33.5 хектари.Град Скопје го ослободува овој простор од автомобили по примерот на европските метрополи. Со воведување на ефикасен јавен транспорт каков што е БРТ системот граѓаните добиваат алтернатива за транспорт на граѓаните, а особено оние кои сакаат да стигнат до овој дел од градот. Двете линии на БРТ се преклопуваат непосредно пред пешачката зона, велат од таму.Додаваат дека дополнително олеснување на движењето се добива и со кружните текови кои се предвидува да се изградат во непосредна близина на зоната, со цел движењето на автомобилите полесно се дисперзира од центарот на градот. Два кружни тека се планирани пред и по надвозникот кај Црниче и Кисела Вода и третиот кај зградата на поранешна Нова Македонија.Целта, како што напоменуваат е да се дисперзира фокусот на Градот Скопје во неговиот центар, да се остави простор градот целосно да се развива, во сите негови делови. Истовремено, оставајќи простор за посетители, пешаци, велосипедисти, токму во центарот на градот, а истиот да се сочува.

Скопје | пред 4 години

kotlar

Котлар Трајкова: Да се стави контрола на бетониацијата во Центар, загубивме 70% од зеленилото

Наташа Котлар Трајкова, ВМРО-ДПМНЕ и коалиција „Обнова на Македонија“ во денешното гостување во Студио 10 на ТВ24 изјави дека треба да се стави контрола на бетонизацијата.„Центар треба да е урбано место. Тоа не е само центарот на градот, туку на државата. Сметам дека треба системско решавање на проблемите - пренаселеноста, решавањето на сообраќајната инфраструктура, ја загубивме 70% зелената маса во нашата општина. Младите треба да се директни учесници во креирањето на општината. Јавен интерес наспроти интерес на групи и поединци.Да се стави контрола на бетонизацијата, мора да дадеме нота - ова е револуционерно однесување во начинот на живеење. Требаат огромни промени. Ние имаме во градот недоволно контејнери, треба да бидат под земја со современа технологија. Имаме понуда за селектирање на отпадот. Ммора да ги детектираме главните загадувачи. Ќе има дрворед на секоја улица“ - вели Наташа Котлар Трајкова, ВМРО-ДПМНЕ и коалиција „Обнова на Македонија“ во Студио 10 на ТВ24.

Скопје | пред 4 години

DSC_0153

203 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (05.10.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 203 возачи. Од нив, 16 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 81 возач ја пречекорил брзината во населено место, а 122 надвор од населено место.Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Македонија | пред 4 години

image-150669

Хаос во Ѓорче, предизборно се реконструираат улици

Деновиве, граѓаните од Ѓорче Петров се соочуваат со сериозен сообраќаен хаос поради тоа што дел од улиците се раскопани.Ѓорчевци се револтирани, бидејќи ваква оптовареност на улиците тие не паметат. Најмногу ги лути што ваквите активности наместо да се одвиваат постепено, дел по дел, се „натрупани“ во предизборјето.Во дел од коментарите може да се види незадоволството на Ѓорчевци, кои сметаат дека летниот период бил посоодветен за да се работи на рехабилитирање на улиците и дека одлуката да се гребе асфалтот кога луѓето треба да стигнат на работа или да се вратат дома е сосема некоректен.Голем дел од Ѓорчевци се согласуваат дека периодот пред избори не е соодветен за да се „замачкаат очи“ на граѓаните со ситни интервенции, кои всушност го попречуваат нормалниот тек на сообраќајот.

Скопје | пред 4 години

vakcina-kovid-fajzer

Трета доза примиле 499 граѓани

-Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 3.845 дози вакцини, од кои 958 се аплицирани како прва доза, 2.813 се ревакцинирани, а 74 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со 5 октомври вкупно се вакцинирани 792.174 граѓани, ревакцинирани се 740.822, а трета доза примиле 499 граѓани, информираат од Министерството за здравство.

Македонија | пред 4 години

IMG_4715

Максималната температура до 21 степен

Променливо облачно со сончеви периоди и постудено. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има врнежи од дожд.Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12, а максималната ќе достигне од 16 до 21 степен.Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне 20 степени.Под влијание на влажна воздушна маса од четврток следува период на претежно облачно време, преку денот значително посвежо, со врнежи од дожд со променлив интензитет. На места врнежите повремено ќе бидат пообилни со пороен карактер кога локално ќе наврнат и над 30 л/м2 за 24 часа, а ќе бидат проследени со повремено засилен ветер. Дневните температури од четврток насекаде ќе опаднат од 10 до 12 степени.

Македонија | пред 4 години

eu-1

Лидерите на Западен Балкан на Самит во Словенија

Самитот на Европската унија-Западен Балкан ќе се одржи денеска и утре на Брдо кај Крањ во Словенија и ќе ги собере шефовите на земјите-членки на ЕУ и лидерите на Западен Балкан.Самитот се смета за можност за реафирмирање на европската перспектива на Западен Балкан и негова понатамошна интеграција во Унијата, но и давање дополнителен поттик за имплементација на Европскиот инвестициски и економски план.Домаќин на самитот ќе биде премиерот на Словенија Јанез Јанша, а состанокот ќе го води претседателот на Европскиот совет, кој заедно со претседателката на Европската комисија ќе ја претставува ЕУ.На собирот ќе присуствуваат лидери на сите земји-членки на ЕУ и Западен Балкан: Северна Македонија, Србија, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Косово.Самитот ќе се одржи преку две одделни сесии, на првата ќе присуствуваат лидерите на земјите-членки на ЕУ, а на втората ќе им се придружат лидерите на земјите од Западен Балкан.Фокусот на состанокот ќе биде реафирмација на европската перспектива на Западен Балкан, која, како што посочуваат во ЕК, е од заеднички стратешки интерес и останува заеднички стратешки избор.Како одговор на зголемените критики и скептицизам во регионот за стратегијата за проширување на ЕУ, Урсула фон Фер Лејен ја пренесе таа порака за време на нејзината посета на Западен Балкан минатата недела, повторувајќи ја нејзината поддршка-Западен Балкан да се приклучи на Унијата.

Македонија | пред 4 години

DSC_0737

Во Скопје за еден ден пишани 186 казни, за шест различни прекршоци

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (05.10.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.На територијата на град Скопје изречени се вкупно 186 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 40, 21 санкција за возење без возачка дозвола, шест санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила.Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон, 12 за непрописно престројување, седум санкции за непрописно престигнување и обиколување, четири прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, 63 за непрописно паркирање.Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Скопје | пред 4 години

Screenshot-2021-09-20-at-08.55.18

Заев и Ахмети се договорија кабелот да биде виновен за 14 изгорени луѓе, наместо да поднесат оставки, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

„Заев и Ахмети се договорија кабелот да биде виновен за 14 изгорени луѓе, наместо да поднесат оставки. Заев ја спасува коалицијата СДСМ - ДУИ, за него владата е поважна од 14 изгубени човечки животи. Заев вчера излезе и ги отфрли оставките на Филипче и Хасани, затоа што тие здружено двајцата се челници на криминалот во здравството. Заев не ги дава Филипче и Хасани затоа што многу знаат, знаат и за провизиите од кинеските вакцини, а знаат и за сите матни тендери. И затоа Заев кажува приказни за мали деца, затоа нема одговорност, туку кабелот е виновен за смртта на 14 луѓе. Ако не беше кабелот ќе беше штекерот или осигурачите, но за Заев никако не смее одговорен да биде Филипче, затоа што тие се здружени во криминалот“, стои во сооптешнието на ВМРО-ДПМНЕ.„Доколку Заев мислеше на Македонија веднаш ќе ја прифатеше оставката на Филипче и Хасани, а веднаш потоа и сам ќе си дадеше оставка, но на Заев поважна му е владата отколку одговорноста за 14 загубени човечки животи. Заев мисли само на власта и на бизнисите свои, затоа во Македонија имаме над 6.000 починати од КОВИД, и болници кои горат побрзо од картонски кутии. За сето ова ќе има одговорност, а од истата нема да се спасат ниту Заев, ниту Филипче“, додаваат оттаму.

Македонија | пред 4 години

vakcinacija-skopje

Пад на вакцинацијата: Од 12 илјади дози на ден, сега во Македонија се даваат по 3.845 дози

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 3.845 дози вакцини, од кои 958 се аплицирани како прва доза, 2.813 се ревакцинирани, а 74 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со 5 октомври вкупно се вакцинирани 792.174 граѓани, ревакцинирани се 740.822, а трета доза примиле 499 граѓани. 53% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 47% , а со две дози опфатени се 44% од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 38% од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35% од популацијата во државата примила две дози вакцина.

пред 4 години

lorenco

ЕУ е се подалечна со Заев, тврди ВМРО-ДПМНЕ

ЕУ со Заев е се подалечна цел, се што остана е сликата од авионот, лага до лага, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Зоран Заев 5 години е власт, а 3 години од фамозната фотографија од владиниот авион каде тој, Османи, Димитров и Анѓушев со кренати палци кажаа дека сме добиле датум. Три години датум ниту на повидок.ЕУ е се подалечна со Заев.Иако главно ветување на Заев беше дека Македонија ќе стане членка на ЕУ, тој целосно потфрли, и не само што не сме членка, ниту пак сме ги почнале преговорите, туку и државата е во најлоша состојба до сега.По индикаторите за корупција и криминал Македонија е на врвот во регионот и Европа. Лошата слика за државата со Заев на чело стана наша лична карта.Државата не може да оди напред со шверцери на дрога, местачи на тендери, криминалци и секакви бандити какви што има во власта.Време е за промени, победи и проекти. А, по промените ВМРО-ДПМНЕ ќе ја стави државата на брза трака за влез во ЕУ“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 4 години

paridenari1

Социјалната помош ја зголемивме за 300 отсто, вели СДСМ

Грижата за најранливите категории на граѓани е врвен приоритет на СДСМ – Тоа е најдоброто за нашата општина, за нашата држава. Владата предводена од СДСМ и општините покажуваат вистинска грижа за сите граѓани, од работници, преку сиромашни, до лица со попреченост, велат од СДСМ.„За нас како социјалдемократска партија, еден од врвните приоритети е заштитата на достоинството на работниците.За таа цел, минималната плата ја покачивме од 9.000 на 15.200 денари. А, денеска, имаме просечна плата од 28.764 денари, односно платите се покачени за најмалку 100 евра.Резултат на нашите успешни политики е токму Законот за минимална плата, кој предизвика значителен раст на платите.Од 1 јануари 2022 просечната плата ќе стане 500 евра, а минималната плата 300 евра.Фокусот на нашето работење е свртен кон трајно извлекување од сиромаштија преку реални мерки и политики.Социјалната помош ја зголемивме за 300 отсто.И понатаму продолжуваме да излегуваме во пресрет на најранливите, а со тоа и најпогодени од сиромаштијата преку парична помош и нивно вклучување на пазарот на трудот.Истовремено, Владата предводена од СДСМ покажува вистинска грижа и борба за достоинствен живот за возрасните.Во таа носока воведовме државна социјална пензија од 6.000 денари за нашите сограѓани над 65 години кои не исполнуваат услови за стекнување на пензија.Нашата грижа не застанува тука.Општините создаваат услови за активно вклучување на лицата со посебни потреби во одлучување на општините.Воведовме лични асистенти за лицата со попреченост.Активно и посветено работиме на отстранување на сите бариери на локално ниво за лицата со попреченост и нивна целосна интеграција во општеството.Мерките и политиките на СДСМ и општините со најдоброто носат вистинска грижа за сите“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 4 години

vakcina-kovid-fajzer

Третата доза на „Фајзер“ е безбедна, нема јасна препорака кој и кога треба да ja добие

Европската агенција за лекови (ЕМА) соопшти дека третата доза на вакцината „Фајзер“ за луѓе на возраст од 15 до 55 години, земена најмалку шест месеци по втората доза, е „безбедна и дава значителен скок на антителата“ во споредба со оние присутни по втората доза.Д-р Марко Кавалери, во име на ЕМА, наведува дека се’ уште нема јасна препорака за тоа кога и кој треба да добие засилувачка доза и oти таквата одлука треба да се донесе врз основа на достапните епидемиолошки информации и податоци за ефикасноста и безбедноста на вакцината.„Во моментов, миокардитис и перикардитис се главните безбедносни ризици поврзани со mRNA вакцините, особено по втората доза. Повеќето од овие случаи се благи, а ризикот од нивна појава после третата доза се’ уште не е докажан “, забележува Кавалери.ЕМА наведува дека е важно да се направи разлика помеѓу зголемена доза кај луѓе со нормален имунолошки систем и дополнителна доза за луѓе со ослабен имунолошки систем.

Актуелно | пред 4 години

Нема фотографија

„Крај Вардарот џез“ вечерва во МКЦ

Вечерва е последната вечер од второто издание на „Крај Вардарот џез“. Овогодишното издание на фестивалот ќе го затворат две есенцијални имиња на „PMG Jazz“, кои со својата свежина и квалитет ја исполнуваат нашата локална, но и регионална сцена.Такси Конзилиум/Taxi Consilium е составен од неколку извонредни млади џез-музичари, а предводен од гитаристот и композитор Филип Букршлиев. Квалитетот на нивната музика и зрелата изведба се на завидно ниво, токму како во вашите фантазии за легендарните џез-херои. Нивниот албум “The Essential Sunday Gloom” е прогласен за џез-албум на месецот мај 2021 од водечката светска платформа за продажба на музика bandcamp. Тоа ја заокружува приказната за овие наши талентирани музичари со очигледен глобален потенцијал.Дино Имери e доста познато име на нашата сцена, но сѐ почесто гостува и на регионалните и европски сцени. Тој веќе компонираше, отсвири и издаде еден албум за „PMG Jazz“, а за почетокот на 2022 се очекува и ново издание. Неверојатно талентиран, култивиран и позитивен музичар и човек, кој вреди да се проследи во сите негови инкарнации.Настанот ќе започне во 20 часот во сала Фросина.Настанот ќе се реализира согласно актуелниот протокол на организирање настани во затворен простор.

Магазин | пред 4 години

Нема фотографија

Приведен скопјанец по распишана потерница

На 05.10.2021 во 16.00 часот полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Кисела Вода на ул.„Воин Драшковиќ“ го лишиле од слобода Б.Ф.(42) од Скопје. За него била распишана потерница од Основното јавно обвинителство Скопје, поради основано сомнение за сторено кривично дело по чл.215 ст.1 од Кривичниот законик за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги психотропни супстанции и прекурсори“. Лицето е предадено на ОЈО Скопје за понатамошна постапка.

Скопје | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања