Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

DSC_0292

Скопјанец ограбен на кејот од Вардар, останал без телефони и пари по закана со нож

На 05.10.2021 во 20.30 часот во Полициската станица Карпош, И.Б.(38) од Скопје пријавил дека на 04.10.2021 околу 12.00 часот на кејот на река Вардар, во близина на мостот „Газела“, три машки лица со закана со нож му одзеле два мобилни телефони, пари и банкарска картичка.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 4 години

DSC_0735

Уапсени двајца пијани скопјани, на два различни митинзи

На 05.10.2021 во 19.00 часот во с.Стајковци, скопско, за време на одржување на собир на политичка партија, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.М.(53) од с.Стајковци затоа што под дејство на алкохол го нарушил јавниот ред и мир и не почитувал наредба на полициски службеници кои извршувале службени дејствија.Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.На 05.10.2021 во 20.00 часот на ул.„Даме Груев“ во Скопје, за време на одржување на собир на политичка партија, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода И.К.(63) од Скопје затоа што под дејство на алкохол го нарушил јавниот ред и мир и не почитувал наредба на полициски службеници кои извршувале службени дејствија. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Скопје | пред 4 години

IMG_4715

Мртво тело извадено од езерото „Козјак“

На 05.10.2021 во 09.30 часот на површината на водата од езерото „Козјак“ било пронајдено телото на Б.Л.(55) од с.Пополжани, кичевско, кој на 25.09.2021, додека ловел риба, паднал во водите на езрото и се удавил.Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Македонски Брод, а по Наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството.

Македонија | пред 4 години

tepacka

Жени се степале среде кафеана во Аеродром

На 05.10.2021 во 17.20 часот во СВР Скопје, М.Ј.Д.(47) од Скопје пријавила дека околу 17.00 часот на паркинг пред угостителски објект на подрачје на Аеродорм, по претходна расправија, била физички нападната од Е.Ц.(24) од Скопје, женско лице. Сочинет е записник за констатиран прекршок од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

Скопје | пред 4 години

240456251_250080713784836_4346381935782682901_n

Кривична за сопственик на селска кафеана, примил гости по дозволеното работно време

ОВР Гостивар поднесе кривична пријава против М.П., управител и сопственик на правно лице-угостителски објект во с.Беловиште, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.На 28.02.2021 во с.Беловиште, полициски службеници извршиле контрола на објектот во 21.20 часот и било констатирано дека работи и во него имало осум гости, со што пријавениот постапил спротивно на донесена одлука на Влада на Република Северна Македонија скратување на работното време на угостителските објекти.

Македонија | пред 4 години

DSC_0699

Загина градежен работник

Во СВР Битола било пријавено дека од објект во изградба на ул.„Крушевска република“ во Битола, Б.Н.(62) од с.Барешани, битолско, додека изведувал градежни работи паднал и починал.Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Битола, а по наредба на Јавен обвинител телото било предадено во судска медицина за обдукција. Увид извршила увидна екипа на СВР Битола заедно со трудов инспектор.

Македонија | пред 4 години

kokain-2

Го застанале за контрола и му нашле кокаин во кола, двајца квадарчани ќе одговараат кривично

ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава против Н.А.(35) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба на наркотични дроги“ и М.К.(36) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.На 06.06.2021 на излезот од Кавадарци полициски службеници извршиле преглед и на совозачкото седиште во патничко возило „ауди“, управувано од второпријавениот, а како совозач бил првопријавениот, бил пронајден и одземен кокаин. По преземени мерки констатирано било дека во текот на јуни 2021 во Кавадарци првопријавениот му го дал кокаинот на второпријавениот за користење.

Скопје | пред 4 години

trgovski-centarr

Скопјанец затекнат во трговски сред кражба, полицијата со детали

На 05.10.2021 во 14.30 часот на ул.„Владимир Полежиновски“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Центар го лишиле од слобода И.М.(31) од Скопје.Тој бил затекнат од сопственик на правен субјект во трговски центар при обид да изврши тешка кражба. И.М. бил приведен во полициска станица и по комплетирање на доказниот материјал ќе биде поднесена кривична пријава по член 236 од Кривичниот законик.

Скопје | пред 4 години

krazba

Скопјанец се ускреќи, откако полицијата го фати крадецот кој го ограби

Денеска (06.10.2021) во 09.00 часот во Полициската станица Карпош бил приведен Б.Ц.(39) од с.Кучевиште, скопско, поради сомнение за сторено кривично дело по член 235 од Кривичниот законик.Тој се сомничи дека на 15.06.2021 извршил кражба во Скопје. Со него бил извршен службен разговор, а украденото ќе биде вратено на сопственикот. По целосно документирање на случајот против Б.Ц. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Скопје | пред 4 години

kidnapiranje

Киднапиран скопјанец поради долг кон две лица

На 05.10.2021 во 20.00 часот во Полициската станица Чаир, Р.С.(44) од скопско, пријавил дека околу 13.45 часот на ул.„Кемал Сејфула“ бил пресретнат од В.К. и Б.М., при што В.К. со закана го внел во возилото „фолксваген голф“, кое го управувал Б.М..Според пријавеното, потоа В.К. физички го нападнал, а причина за тоа бил долг што го имал кон него. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 4 години

Нема фотографија

Заев: Чекорите и блокадите што ги презема бугарскиот преседател Румен Радев во името на Бугарија се навреда за македонските граѓани

Чекорите и блокадите што ги презема бугарскиот преседател Румен Радев во името на Бугарија се навреда за македонските граѓани, изјави денеска премиерот Зоран Заев во Брдо кај Крањ, каде присуствува на Самитот ЕУ – Западен Балкан.Заев нагласи дека не е нова вест оти за нас е прифатливо во духот на европските добрососедски односи да ги интензивираме разговорите со Бугарија.– Ние велиме да, можеме и мораме. Двете страни, веднаш по изборите во Бугарија и во … Македонија, како што ни прилега со искрена политичка волја да преземеме одлучни чекори за решавање на отворените прашања. Но, исто така не е нова вест дека нашиот гласен став за идентитетските прашања е дека македонскиот идентитет не може да биде тема за преговори, истакна Заев.Тој нагласи дека на Самитот е добиена уште една силна потврда дека само една земја членка на ЕУ се противи на нашата интеграција и на почетокот на преговорите за членство во Унијата.– За жал и на огромно разочарување, мое лично и верувам на сите наши граѓани ,блокадата доаѓа од нашиот сосед Бугарија, посочи Заев.Тој додаде дека македонскиот народ со целата своја мирољубивост не може да ги оправда блокадите.– Мојот народ мене ми даде мандат да создадам решение, не ми дал мандат да оправдам политики од минатиот век. До сега не постои земја членка на ЕУ која има каква било забелешка за нашите реформи. Нашиот напредок во интеграциите во ЕУ првенствено треба да зависат од домашните реформи поврзани со постигнувањето на европските стандарди, а не од билатералните прашања. Затоа посветени сме на решавање на билатералните спорови кои се влечат од минатото, а доказ за тоа се и Договорот од Преспа и Договорот со Бугарија од 2017 година, нагласи претседателот на Владата.Тој додаде дека земјава ги презела сите неопходни чекори во наша надлежност за деблокирање на процесот на проширување на ЕУ, не само за нас, туку и за целиот регион.– Нашиот успех во европеизацијата на земјата беше признаен и потврден со одлуката на Европскиот совет во март минатата година за почеток на преговорите за нашата земја. Ние остануваме посветени на нашата стратешка цел – членството во ЕУ преку целосна имплементација на европските вредности и стандарди во … Македонија. Тоа го бараат нашите граѓаните, тоа мора да го одработиме. … Македонија е Европа, Западен Балкан е Европа, потенцираше премиерот Заев.

Македонија | пред 4 години

gerasimovski_554334-678x381-1

Со подземни, надземни и монтажни гаражи ќе го решиме проблемот со паркирање во Центар, тврди Герасимовски

Во денешната дебата со против кандидатите за градоначалници за Центар на Телевизија 24, Горан Герасимовски од СДСМ и Коалицијата рече дека за општина Центар нуди реални решенија за сите три клучни проекти во општината паркирање, хигиена и урбанизам. Тој рече дека ЈП ПОЦ добива додатна дејност со сектор хигиена и зголемување на вработените до 130 за кои ќе се плаќаат придонеси што не било случај досега.„ПОЦ добива нова комунална дејност и нови вработени кои ќе се грижат за хигиената на јавните површини. Новите вработени ќе имаат платени придонеси за разлика од сега што е дополнителен мотив за нив. Претпријатието има 3 но ќе се набават уште три цистерни за прскање на улиците. Во делот на зелените појаси ќе правиме засадување и зазеленување со дрвореди, денес имаме и ново засадување на „Орце Николов“. Исто така ќе имаме практика за едно исечено две нови дрва, ќе правиме и регистар на дрвореди, а стручен увид ќе утврдува дали треба тоа да се исече или не. Мора да напоменам дека планирам дупло зголемување на буџетот на екологијата“, рече Герасимовски во Студио 10 на Телевизија 24Герасимовски ги презентираше и решенијата за проблемот со паркирањето на најфреквентните и критични точки, Буњаковец, Дебар Маало и Капиштец.„Во Капиштец ќе следи продолжување на монтажната гаража по цела ул. „Народен Фронт“ со 250 нови паркинг места, Во „Буњаковец“ постојната гаража ја планираме на три нивоа под земја и две нивоа над земја, додека во „Дебар Маало“ на местото на сегашната општинска зграда ќе има големо зеленило, нова мала зграда на општината и подземен паркинг на две нивоа за 300 возила. ПУИК исто така ќе добие и нова зграда со 296 паркинг места и зелен појас. Ул. „Орце Николов“ останува само за жителите и така ќе биде со останатите улици. „Ленинова“ ќе почне со реконструкција при крајот на годината и ќе има предвидени паркинг места за сите жители. Резидентни паркинг места на секоја улица, така ќе ги заштитиме паркинг местата на жителите кои живеат таму“, изјави Герасимовски.Како директор на Државниот завод за индустриска сопственост и познавање на патентите Герасимовски најави и проект кој се однесува на делот на рециклирање. Станува збор за посебни машини кои се произведени дома, во нашата држава и кои не чинат многу, со договори со компаниите кои се во можност да се рекламираат би можеле да се постават на бензински пумпи, училишта или било каде на јавна површина каде граѓаните ќе може да рециклираат. Така ќе се подигне јавната свест, а и децата од рана возраст ќе учат да ја чуваат животната средина.

Скопје | пред 4 години

mickoski-5

Мицкоски: Нема да поверувам дека крив бил кабелот за тетовската несреќа

Шокиран и згрозен сум од тоа што го слушнав вчера од Заев. Не би сакал овој настан да се политизира затоа што има загубени човечки животи кои настрадаа таму каде што требаше да добијат помош, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостувањето на вестите на телевизија Канал 5Според него јасна е одговорноста, односно каде треба да се бара одговорноста.„Јасна е одговорноста тука, и одговорноста е содржана во измените на Законот за градење во ноември минатата година. Одговорноста да изработи протокол за пуштање во употреба на ваков тип на објекти е кај министерот за здравство. Дали до ден денес некој го видел тој протокол и кои се документи и услови се содржани во тој протокол за ваков објект да биде пуштен во употреба. Доколку се испочитува Законот за градење онаков каков што е нема да има оптоварување на кабелот за што јас зборував дека тоа ќе биде најверојатно изговорот и немало да дојде до ова“, рече Мицкоски.Така што згрозен сум, додава Мицкоски, и навистина немам зборови со кои можам да ја опишам мојата лутина и гнев на ова отсуство на одговорност не зборувам само за политичка и морална, туку и човечка за ова што се има случено.„Јас како човек не можам никогаш да се помирам за ова што го кажа Зоран Заев и нема да престанам да се борам се додека вистината не ја дознаат прво семејствата кои загубија блиски, а потоа и граѓаните. Ова не смее да ни се повтори, а како тргнале ќе ни се повторува, бидејќи овие луѓе не чувствуваат одговорност, за онолку уште малку колку што ќе се на функциите“, вели Мицкоски.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Шилегов на средба со градоначалникот на Цетиње

Градоначалникот Петре Шилегов денеска се сретна со градоначалникот на Цетиње, Црна Гора, Александар Кашќелан, Амбасадорката на Црна Гора Н.Е. Марија Петровиќ, како и со шефот на Кабинетот и шефицата на протоколот на Градоначалникот на Цетиње, Дејан Лучиќ и Ивана Јовиќевиќ.На билатералната средба, двајцата градоначалници разговараа за соработката меѓу Скопје и Цетиње и за можностите таа соработка меѓу двата града да се продлабочи.На состанокот се зборуваше и за концептот на зелени градови, планирањето на просторот и за урбаната отпорност, како и актуелни теми кои ги засегаат и двете локални самоуправи. Шилегов и Кашќелан разговараа и за можностите за забрзан економски развој на Скопје и на Цетиње и за актуелни теми кои ги засегаат и двете локални самоуправи.

Скопје | пред 4 години

krazbi

Расчистена кражба во Скопје

Денеска (06.10.2021) во 09.00 часот во Полициската станица Карпош бил приведен Б.Ц.(39) од с.Кучевиште, скопско, поради сомнение за сторено кривично дело по член 235 од Кривичниот законик. Тој се сомничи дека на 15.06.2021 извршил кражба во Скопје. Со него бил извршен службен разговор, а украденото ќе биде вратено на сопственикот. По целосно документирање на случајот против Б.Ц. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Скопје | пред 4 години

Sex-and-the-City-And-Just-Like-That

„Сексот и градот“ се враќа во декември

„Сексот и градот“, минисеријата со 10 епизоди, ќе има премиера во декември, потврди „Ејч-би-о“. Новата серија насловена And Just Like That, ќе се емитува на нивниот стриминг сервиз „Ејч-би-о макс“. Во новиот проект се вратија Сара Џесика Паркер како Кери Бредшо, Синтија Никсон во улогата на Миранда Хобс и Кристин Дејвис како Шарлот Јорк, но не и Ким Катрал која ја глумеше Саманта Џоунс.„Сексот и градот“ е една од најуспешните серии изминатите дваесет години. Се емитуваше од 1998 до 2004 година. Освои седум Еми награди, а потоа врз база на серијата се снимија два филма, во 2008 и 2010 година.

Магазин | пред 4 години

mickoski-1-750x430-1

Мицкоски: Ако Бугарите влезат во уставот, тогаш треба и Македонците во Бугарија

Не може Бугарија да бара од Македонија да вклучат незначително бугарско малцинство во Уставот, а од друга страна македонското малцинство во Бугарија да не биде вклучено во бугарскиот Устав и да нема никакви права, мора да има мерки на реципроцитет, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за вестите на Канал 5 Телевизија.Мицкоски изјави дека целиот процес е заглавен, а и Радев денеска потврди поради тоа што Бугарија инсистира декларацијата на бугарскиот Парламент да биде дел од преговарачката која што ќе постои при евентуален почеток на преговори на Македонија со ЕУ, иако спротивно не убедуваше Зоран Заев дека ќе се потпишел протокол во кој што немало да биде содржана рамката на бугарскиот Парламент.- Денеска Радев тоа го кажува во неговата изјава дека на почетокот на ноември ќе добиеле протокол и доколку тој протокол содејствува со рамката на бугарскиот парламент и да биде тоа вклучено во преговарачката рамка, тогаш тие ќе го поддржеле преговарачкиот процес, вклучувајќи и амандман за вклучување на бугарско малцинство во Македонија, незначително бугарско малцинство во Македонија во рамките на Уставот, изјави Мицкоси.Мицкоски истакна дека за да помине тоа барање на Бугарија во македонскиот парламент потребно е двотретинско мнозинство кое Заев го нема, а ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи истото да помине доколку Македонците во Бугарија не влезат во бугарскиот Устав.- Она што јас го добив како информација е дека Зоран Заев ветува се и сешто вклучително и дека тоа ќе го прифати само да опстои подолго на политичката сцена. Треба да знае и Радев и бугарските политичари дека за промена на Уставот во Македонија се потребни две третини, а ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати било каква промена на уставот и овој амандман доколку немаме реципроцитет и од стана на Бугарија, односно вклучување на македонското малцинство во Бугарија како конститутивен народ во рамките на бугарскиот Устав и признавање на сите одлуки на Судот за човекови права во Стразбур и Резолуцијата на Европскиот Парламент, бидејќи до овој момент Македонците во Бугарија се спречени да се организираат во свои здруженија, потенцира Мицкоски.

Македонија | пред 4 години

mickoski-123r75

Мицкоски: Разочарувачки е што ЕУ станува се подалечна цел со Заев

„Значајно е да се каже дека вчерашниот Самит на Европската народна партија е посветен на Западниот Балкан е многу значаен за регионот. Бидејќи од најголемото политичко семејство во ЕП имаме јасна и недвосмислена поддршка за регионот за целосно интегрирање на регионот во рамките на ЕУ, а ние како ВМРО-ДПМНЕ се разбира јасна и недвосмислена поддршка за следните локални избори“, истакна Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ во изјава за вестите на Канал 5 телевизија.Мицкоски додаде дека две влијателни земји членки на ЕУ биле против дефинирање на датата односно година до која треба да се интегрира Западен Балкан во ЕУ.„Она што можеби е разочарувачко што таму го дознав лично од претседавачот со ЕУ, премиерот на Словенија, господинот Јанез Јанша кое го кажа на состанокот е дека во суштина било потребно да се дефинира и од негова страна било предложено да се дефинира дата, односно година до која што ќе биде целосно интегриран Западниот Балкан, а тоа е 2030-тата година. Две влијателни земји членки биле против дефинирање на краен рок за интегрирање на земјите на Западен Балкан во рамките на ЕУ, да биде тоа 2030-тата година“, појасни Мицкоски.Мицкоски посочи дека за него лично ова е разочарувачки.„Но, она што за мене е разочарувачки е дека практично сите оние лаги кои што ги живееме 52 месеци, пет години откако СДСМ и Зоран Заев се Влада во Македонија. Практично се излегува на површина. Сите ние сме сведоци дека неговото политичко функционирање се темелеше на лажна вест, сите овие 52 месеци. Нема ништо, барем сега за сега од европското образование, европското здравство, како тој што викаше европскиот сон. Туку ќе треба да се справиме со корупцијата и криминалот кои што се би рекол најголем проблем во нашето општество“, појасни Мицкоски.

Македонија | пред 4 години

zaev-pres-23-1024x641-1

Заев: Силен Западен Балкан претставува неопходен придонес за европската економија

„Силен и просперитетен Западен Балкан претставува неопходен придонес за европската економија и без сомнение, целосната интеграција на Западен Балкан во Европската Унија треба да биде природен исход на реформскиот пат во регионот“, истакна претседателот на Владата на Северна Македонија, Зоран Заев на првата пленарна сесија на Самитот на ЕУ за Западен Балкан посветена на социо-економскитe прашања во соработката на земјите од регионот со Европската Унија.Премиерот Заев нагласи дека активностите на Владата за економски развој се одвиваат истовремено со мерките што обезбедуваат социјална сигурност и социјална правда, со позитивно влијание врз намалувањето на сиромаштијата и подобрувањето на социјалната вклученост.„Преку дијалог и инклузивни платформи, нашите партнери за социјален дијалог, ни помогнаа да ги збогатиме мерките кои се покажаа како социјално праведни“, потенцираше премиерот Заев.Тој додаде дека пандемијата од КОВИД-19 дополнително ја забрза амбицијата за регионална интеграција, покажувајќи ги важните врски помеѓу пазарите во регионот, како и меѓу економиите на ЕУ и Западен Балкан. За време на овие предизвикувачки времиња, регионот соработуваше, обезбедувајќи непречен проток на стоки во текот на целата криза.„Како резултат на водечките принципи на Берлинскиот процес, ние сме целосно посветени на инклузивна регионална соработка за да станеме рамноправни учесници во политиките, програмите и единствениот пазар на ЕУ, хармонизација со правилата и стандардите на ЕУ и проширување на можностите за граѓаните и деловните заедници“, истакна премиерот Заев.За Република Северна Македонија, посочи премиерот Заев, Економскиот и инвестицискиот план на ЕУ за Западен Балкан е добредојдена и многу важна иницијатива, која покажува солидарност и грижа за регионот, зајакнување на економската активност и надградба на нејзината конкурентност.„Реализацијата на Економскиот и инвестицискиот план на Западен Балкан и Акциониот план на Заедничкиот регионален пазар, ќе го трансформираат регионот, со што ќе се обезбедат зелени и повеќе дигитализирани економии, како и подобро вмрежување со единствениот пазар на ЕУ, насочен кон закрепнување од кризата предизвикана од КОВИД-19, забрзувајќи го економскиот раст“, потенцираше премиерот Заев на првата пленарна сесија на Самитот на ЕУ за Западен Балкан посветена на социо-економскитe прашања во соработката на земјите од регионот со Европската Унија.

Македонија | пред 4 години

11

Шилегов: Со тунелот под лимак ја добиваме најголемата пешачка зона во европа

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов денес одржа презентација на тунелите со коисе спојува булеварот Македонија (Јужен булевар) со бул. Кочо Рацин и поминуваат под објектотна Лимак.- Ова сообраќајно решение е дел од планот кој го поставив пред четири години кога станавградоначалник – а тоа е Скопје да биде град без сообраќаен метеж, со најголема пешачка зонаво Европа во центарот на градот. Со реализацијата на овој план скопјани добиваат брзо инепречено патување низ градот со возила, јавен превоз или други средства за транспорт, изјавиградоначалникот Шилегов на денешната прес-конференција.- Ова што денес го презентирам многумина рекоа дека е неверојатно и не може да се реализира.Денес гледаме дека не само што може, туку веќе сме на пола пат, а до 2024 ќе бидеме целосноготови, додава Шилегов.Во продолжение тој додаде дека целосното сообраќајно решение кое се состои од три големицелини.- Првата е токму оваа која денес ја гледаме. Овој коридор кој се прави со изградбата на тунелитепод Лимак, овозможува без поминување преку строгиот центар на градот, граѓаните коипатуваат од Карпош, Ѓорче Петров да стигнат до Кисела вода или Аеродром. Практично отвораменова артерија која ќе го растерети центарот. Во рамки на целото решение за овој дел е вклученаизградба на голем кружен тек на раскрсницата кај Нова Македонија. Со ова добиваме брз исообраќај без застој во овој дел на градот, продолжува Шилегов.- Втората целина од планот е отворање на другата артерија од другата страна на градот соизградба на мостот на булевар АСНОМ. Со ова решение, граѓаните на Аеродром и сите коидоаѓаат од таму, ќе можат директно и без поминување во строгиот центар да патуваат доКарпош. Со тоа уште повеќе го ослободуваме од притисок на возила централното градскоподрачје, додаде Шилегов.- Овие два зафати ни овозможуваат потоа целото централно подрачје да го претвориме вонајголемата пешачка зона во Европа каде ќе има само сервисни возила и секако БРТ,потенцираше Шилегов.- За планот да биде целосен, има уште две големи сообраќајни решенија од кои првото езапочнато а тоа е клучката кај Момин поток. Во моментов таму интензивно се гради и со неа горешаваме сообраќајниот метеж во тој дел од градот и брз транспорт кон Косово. И второто,решение за кое веќе имаме започнато постапка, пробивање на булеварот Словенија до Волково,нагласи Шилегов.- Сите овие проекти ќе бидат готови до 2024 година и со тоа го решаваме сообраќајот во градотза следните 50 години. Вака се работи стратешки и плански и се развива градот за следнитегенерации. Она што ние ќе го направиме во овие осум години ќе им служи на многу иднигенерации. Со ваквите храбри решенија, Скопје станува европска метропола, со решенисообраќајни проблеми, со помалку загадување и метеж, со многу јавен простор во Центарот ислободен за пешаци. Ова се реални проекти кое сега се случуваат, кои се градат и кои мора дапродолжат за веќе 2024 да живееме во модерен, европски град. Сега не смееме да запреме наполовина пат, туку да го завршиме она што храбро го почнавме, заклучи Шилегов на крајот одденешната прес-конференција.

Скопје | пред 4 години

mvr-1

Приведено лице, поднесена кривична пријава за чување и отуѓување на диво животно

На 05.10. 2021 полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за општ криминал во координација со полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.А.(31) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено ловење, чување и отуѓување на диви животни“, по член 228, став 1 од Кривичниот законик.Имено, по претходно добиени оперативни сознанија за незаконско чување на диво животно, преземени се мерки и активности, а по добиена судска наредба извршен е претрес на три локации на подрачјето на Куманово, со С.А. е извршен службен разговор и по насока на Јавен обвинител, од страна на СВР Куманово против него е поднесена кривична пријава. Во врска со овој случај се преземаат и дополнителни активности во насока на целосно расчистување.

Македонија | пред 4 години

1143A335-F5C1-4F85-8969-FCCABE117B39

ВМРО ДПМНЕ: Нема прес на Арсовска кој Шилегов не го повтори

Шилегов кога веќе е неработник, барем е добар повторувач, нема прес на Арсовска кој Шилегов не го повтори. Така е и денес, изјавуваат од ВМРО ДПМНЕ.Тој секој ден ги гледа проектите и пресовите на Данела, а потоа половично ги предлага и прераскажува како свои.Данела предлага 5 мега паркови кои ќе ги реализира, еколошки јавен превоз кој ќе биде целосно бесплатен.Шилегов не само што е повторувач, туку и непоправливо лош ученик, 4 години не успеа да запамети кои му се ингеренциите.Градинките за каде предлага покривање на 50% од месечниот надоместок на храна за децата се под надлежност на општините, а не градот Скопје.Данела Арсовска предложи бесплатен превоз за сите, Шилегов предложи бесплатен превоз за пензионери.Данела Арсовска предложи пешачка зона, потоа Шилегов го предлага истото.Но нека не се мачи Шилегов ако не научил до сега нема да може ниту за две три недели уште колку му остануваат како градоначалник на Скопје, се вели во реакцијата на ВМРО ДПМНЕ

Скопје | пред 4 години

DarkoKostovski03102021

Костовски: Општина Бутел ќе добие два нови паркови и модерен плоштад

Наспроти јасната визија на Велимир Смилевски од општина Бутел да направи бетонизирана општина, ние нудиме зелена општина – Бутел изјави кандидатот за градоначалник на ВМРО ДПМНЕ за оваа скопска Општина.Токму заради тоа во наредните четири години ќе бидат изградени два големи паркови, едниот на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ од левата страна гледа према населба Радишани. Овој парк ќе биде втор по големина во градот Скопје. Вториот во населбата Радишани на третиот влез спрема Коњичкиот клуб.Ова е јасна порака до сите бутелчани дека ние се грижиме за зеленилото во општината.Исто така во наредните четири години општина Бутел ќе добие нов голем и модерен плоштад од потегот на полициската станица која ќе се дислоцира се до црквата Свети Јован. На оваа површина ќе изградиме и културен центар каков што му недостига на Бутел. И ќе изградиме еден мини трговски центар за потребите на граѓаните од општина Бутел.Почитувани граѓани на општина Бутел,Изборот е јасен, со заокружувањето на бројот 7 си ја заокружуваме нашата иднина за безбедна општина Бутел и за модерна општина Бутел изјави Костовски.

Скопје | пред 4 години

image-150691

Возило удри и усмрти мечка на автопатот Тетово-Скопје

Четириесет и три годишен возач од Кичево со својот автомобил удрил во мечка ноќеска на автопатот Тетово-Скопје, а при инцидентот нема повредени луѓе. Поради ударот мечка е усмртена.-Ноќеска околу 2:20 часот, на автопатот Тетово-Скопје, во близина на месноста „Карпалак“, патничко моторно возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 43-годишниот Ф.О. од Кичево, удрило и усмртило мечка. Нема повредени лица во возилото, соопшти денес портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски.

Македонија | пред 4 години

partizanska-brza-pomos-914

Автобус и автомобил се судрија на „Партизанска“, едно лице тешко повредено

На 05.10.2021 во 07.45 чaсот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Партизански одреди“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.П.(29) од Скопје и автобус „ман“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Ѓ.М.(49) од Скопје.-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од патничкото возило П.П.(64) од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, информира МВР.Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања