Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

Screenshot_4

Славески вети дека Скопје ќе биде град со нова Универзална сала, нов забавен парк, ред во сообраќајот, како и град со безбеден и ефикасен еколошки јавен превоз

Ова не е само избор помеѓу две спротивставени политички партии. Ова е борба на два концепти – концепт на уништување од една страна и, од друга страна, концепт на промени, проекти и победи, порача Трајко Славески носителот на советничката листа за Град Скопје, пред граѓаните на општина Ѓорче Петров.Славески, порача дека доста е од загадено и уништено Скопје, ветувајќи дека од Скопје ќе направи модерен и европски град.Ние скопјани повеќе не сакаме Скопје да биде валкано, замирисано, загадено, уништено. Не сакаме Скопје да биде во застој, уништено во духот. Ние заслужуваме модерно, вибрантно, европско Скопје. Наместо тоа, ние во изминативе години се соочуваме со градска управа што не може да ги остварува ни основните функции! Ѓубрето не може да го собере! Дупките на улиците не може да ги закрпи! Уличните кучиња не може да ги прибере! Не само што ништо ново не создале, туку и она што го имаме не можат да го зачуваат. И сега, сега, и во оваа кампања ли ќе слушаме како ќе ветуваат нови паркови и чист воздух? Истите оние кои среде пандемија исфрлаа смет и отпад во Вардариште, истакна Славески.Ние не можеме да чекаме уште четири години некој да му ја краде иднината на Скопје. Не смееме да прифатиме дека тие се најдоброто за Скопје, зашто НЕ СЕ. Ние заслужуваме многу повеќе и затоа време е да ставиме крај на ароганцијата и мрзеливоста. Време е за промени, за проекти, за заеднички победи, рече тој.Славески вети дека Советот ќе биде конструктивен, ќе работи домаќински и ќе биде контролор на работата на градоначалникот и институциите.Ние, за разлика од нашите политички конкуренти, не се бориме за да станеме гласачка машина во Советот на град Скопје. Се бориме за Совет што ќе биде конструктивен, ќе осигура домаќинско работење на градската управа и ќе биде контролор на градоначалникот и на јавните претпријатија и други институции каде што е градот основач, а притоа ќе работи во дослух со граѓаните, вели Славески.Славески вети дека Скопје ќе биде град со нова Универзална сала, нов забавен парк, ред во сообраќајот, како и град со безбеден и ефикасен еколошки јавен превоз.Со целосна поддршка на Програмата за модерно Скопје на независниот кандидат за градоначалник, г-ѓа Данела Арсовска, ние се обврзуваме и гарантираме исполнување на клучните приоритети за градот Скопје. Размислуваме и планираме стратешки, темелно и долгорочно, а делуваме практично, брзо и сигурно. Град со ред во сообраќајот. Град со безбеден и ефикасен еколошки јавен превоз. Гасифициран град со можност за приклучок во секое домаќинство. Град со десетици илјади метри квадратни нови паркови. Град со нова Универзална сала, нов забавен парк. Град со нови можности за младите да останат да живеат и творат во Скопје. Тоа е Скопје што го сакаме, тоа е Скопје што го заслужуваме! Тоа е Скопје за кое вреди да се бориме, посочи Славески.

Скопје | пред 4 години

1-4

Шилегов повторно говореше за стиропорот, Скопје 2014, бронзата

- Вложивме многу љубов во секое маало, во секое катче од нашиот град. Додека ВМРО-ДПМНЕ преку Скопје 2014 вложи над 700.000 евра во стиропор, камен и бронза, во само 1 км квадратен во центарот на градот, ние вложувавме во секоја општина подеднакво. За нас нема поважни и помалку важни населби, за нас нема поважни и помалку важни луѓе. Секој човек е важен. Секоја општина, секоја населба, секое маало се подеднакво важни, со овие зборови градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов го започна своето обраќање пред жителите на Драчево во скопската општина Кисела Вода.- Во Кисела Вода за само еден мандат целосно ги реконструиравме улиците Антон Попов, Бихаќка, Црниче, Востаничка и Жарко Зрењанин. Изградивме кружен тек на раскрсницата на бул. Србија со ул. Христо Татарчев. Во завршна фаза е изградбата на ул. Есенинова, со тоа го одглавуваме тесното сообраќајно грло кај Тутунски, изјави Шилегов осврнувајќи се на реализираните инфраструктурни објекти во оваа општина.- Во тек се градежните активности за проширување на бул. Борис Трајковски од Пинтија до мостот на Маркова река пред Драчево. Во вкупна должина од 2.325 метри го прошируваме од 2 на 4 коловозни ленти, со изградба на пешачки патеки од двете страни и велосипедска патека со ширина од 2,75 метри. Ние ја направивме и велосипедската патека на бул. Борис Трајковски од бул. Србија до Пинтија, а сега ја продолжуваме и до Драчево за безбедно движење со велосипед од Драчево до Центар. Крстосницата пред мостот кај Драчево предвидено е да биде заменета со модерен кружен тек со дијаметар од 20 м, додаде Шилегов.- Го решаваме сообраќајот за следните 50 години! Скопје ќе биде град без сообраќаен метеж, со најголема пешачка зона во Европа во центарот на градот. Денес го презентирав планот со кој бул. Македонија (Јужен булевар) го спојуваме со Кочо Рацин и Бихаќка со 2 кружни тека и тунели под објектот на Лимак се до зградата на некогашна Нова Македонија. Во рамки на целото решение за овој дел е вклучена изградба на голем кружен тек на раскрсницата кај Нова Македонија со што го решаваме и ова тесно сообраќајно грло во градот. Овој коридор овозможува без поминување преку строгиот центар на градот, граѓаните кои патуваат од Кисела Вода да стигнат до Карпош и Ѓорче Петров, нагласи Шилегов.Во продолжение тој се осврна и на ослободувањето на јавните простори и нивното преуредување со цел да бидат по пријатни и за пешаците, велосипедистите, но и за луѓето на кои им е потребен одмор и релаксација.-Покривот на ГТЦ беше детектиран како топлотен остров, сега е полн со луѓе и зеленило. Полн е и плочникот пред ГТЦ од страната на Плоштадот. Го ослободивме од возила и целосно го реконструиравме Кејот 13 ноември, го ослободуваме и коритото на Вардар, појасни Шилегов.- Во Кисела Вода успеавме на местата на некогашните диви депонии да подигнеме над 22.000 метри квадратни нови паркови површини каде се засадени над 1000 садници, додаде Шилегов.- Ги реконструиравме средните градски училишта Браќа Миладиновци и Васил Антевски Дрен, а обезбедивме и прочистувачи за воздух во секоја училница, продолжи Шилегов.- Со субвенциите на инвертер клима уредите во Скопје денес чадат 5.000 оџаци помалку во однос на претходно. Со субвенциите за велосипеди и тротинети Скопје денес е побогато за 15.000 велосипеди и над 600 тротинети, додаде тој.- Секој глас што го добиваме е еден глас повеќе за нас, глас повеќе за најдоброто за Скопје! Затоа е важно да излеземе на 17 октомври и да избереме континуитет за европско, уредно и зелено Скопје на среќни луѓе, заклучи Шилегов на крајот од своето обраќање.

Скопје | пред 4 години

Screenshot_1

ВО ЖИВО: Митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Ѓорче Петров

Во Ѓорче Петров, ВМРО-ДПМНЕ вечерва одржува митинг за промоција на кандидатот за градоначалник Александар Стојаноски. Според партијата, митингот е со цел да се испрати порака за промени и нова иднина. Тие велат дека се чувствува победничката енергија.

Скопје | пред 4 години

1200x628

Skopje Sounds Good и Skopje Calling во МКЦ

Skopje Sounds Good и Skopje Calling ќе се одржат на 29 и 30 октомври во МКЦ.„Нашиот став е дека никогаш не треба да се предадеме и дека ако престане да се свири и пее, престанува и животот. Поради тоа, заедно со нашите спонзори – стратешки партнери, одлучивме двата фестивала Skopje Sounds Good и Skopje Calling коишто беа откажани поради деновите на жалост и поради катастрофата во Тетово, да се одржат во форма која е единствено возможна во овој момент“, велат од Авалон продукција.Skopje Sounds Good, соречиси  непроменет line up, ќе се одржи на 29 октомври, со настапи на BUČ KESIDI, NIPPLEPEOPLE и FUNK SHUI, а утредента на 30 октомври ќе се одржи македонско издание на Skopje Calling исклучиво со домашни диџеи и тоа: GALOSKI, CYRILLIC, CHRIS J и JANA SLAYY.Влезниците ќе бидат пуштени во продажба в четврток (07 октомври) во 9 часот наутро, во строго ограничен број по следниве цени: Skopje Sounds Good- 700 денари, Skopje Calling – 500 денари и блок-билет за двата настана- 900 денари.Од „Авалон продукција“ наведуваат дека Skopje Sounds Good и Skopje Calling ќе се одржат согласно актуелните протоколи за одржување јавни настани.

Магазин | пред 4 години

Screenshot-2021-10-06-at-07.51.18

„Бислимовски насилно ја зел раката на Џафери и почнал сам да се удира во неа“, реакции по тепачката

Претседателот на РКЕ Бислимовски вчера вечер на боемската улица во Дебар Маало бил физички нападнат од  Аријанит Џафери син на поранешнот фунцкионер на ДУИ Муса Џафери и сопстваник на компанијата за снабдување со електрична енергија У Пауер. Настанот се случил пред позната скопска кафеана.За овој немил случај сведочат неколку видео материјали, а веднаш по нивното објавување започнаа коментарите на социјалните мрежи, еве само дел од нив:https://twitter.com/Yoda_mk/status/1445740384395563018https://twitter.com/Zmugalo/status/1445725784694562826https://twitter.com/DiSkopje/status/1445702717767360512https://twitter.com/toopersonal_1/status/1445682331990249472https://twitter.com/cebulba_mk/status/1445664748427624450https://twitter.com/PetarPanSkopje/status/1445658453859442688https://twitter.com/SlavicNorman/status/1445648502294417408https://twitter.com/She_Msa/status/1445788988598472705https://twitter.com/Dejan61451106/status/1445772633480384518https://twitter.com/wakaflakaonaka/status/1445765112833343500https://twitter.com/pitonzmija/status/1445725706248286212https://twitter.com/seznajko3/status/1445661324017430532 

Коментари | пред 4 години

31-1

ВИДЕО: „Цанде изгубен во свемирот“, реакција за интонирањето на химната

Интересна реакција беше забележана кај кандидатот за градоначалник на Општина Аеродром од СДСМ, Александар Филиповски - Цанде, за време на интонирањето на македонската химна.„Цанде и химната. Изгубен во свемирот“, стои во описот на видеото на социјалните мрежи.

Коментари | пред 4 години

31-2

(ВИДЕО) Кандидатка промовираше програма пред телевизија, откако не ја примија на дебата

Тодора Димитровска кандидатка за градоначалник на општина Куманово, на социјалните мрежи објави видео во кое се пожали дека не била повикана на дебата со останатите кандидати, а воедно и ја презентираше својата програма.„Јас како најмлада кандидатка но и првата жена во историја на градот Куманово добив одговор од телевизијата Алсат дека немаат доволно технички средства за да можам да бидам присутна на оваа дебата. Иако самата се понудив дека не ми е потребно столче и дебатата може да се одвива со стоење, сепак уредниците и одговорните во телевизијата не го овозможија тоа па затоа денес јас бев приморана програмата која што сакав да ја претставам на денешната дебата морам да ја презентирам на овој начин“, вели Димитровска во видеото.

Македонија | пред 4 години

kuimanovo-lavovi

Пронајдени лавчињата, кумановец заработи кривична

Министерството за внатрешни работи информираше дека е приведен кумановецот кој кај себе чувал младенчиња од лав, откако реагираа здруженијата за заштита на животните, како и голем број граѓаните, откако на социјалните мрежи се појавија фотографии на луѓе со малите животни.Службеници од Одделот за криминалистика при кумановската полиција вчера привеле 31-годишник од овој град со иницијали С.А.За него постои основано сомнение дека сторил кривично дело неовластено ловење, чување и отуѓување диви животни.По претходно добиени сознанија за незаконско чување диво животно, полицијата презела активности, а по добиена судска наредба извршила претрес на три локации на подрачјето на Куманово.Со 31-годишникот бил извршен службен разговор и по насока на јавен обвинител, од страна на СВР Куманово против него е поднесена кривична пријава.Во врска со овој случај се преземаат и дополнителни активности во насока на негово целосно расчистување.

Македонија | пред 4 години

244290904_221616983368354_5504367208811096230_n

Бомбакис со книга за борбата со ракот

Кристијан Станковски-Бомбакис, кој во јавноста е познат по транспарентите, деновиве ја објави книгата „Живот“ со која прослави две години без рак.Тој уште лани говореше за својата битка со тешката болест, а овој пат со емотивна објава на Инстаграм повторно си ја отвори душата.„Ми велат, премлад си, имаш 30 години, што знаеш ти што е живот, кој си ти да пишуваш книга, сѐ уште не си поминал ништо. Навредуваат, пцујат, без да те запознаат.Но не им се лутам, не би бил ‘позитива’ кога би се лутел. И јас бев таков пред да го сменам животот за 360 степени. Прекинав да судам, не му судам никому и не зборувам никому ништо сѐ додека не го запознаам човекот. Потоа ќе процениш дали е добар или лош. На некои луѓе животната линија им е мирна. За жал, јас овие 30 години имав доста тахикардии што ми ја носеа животната линија од крајност во крајност. Горе-долу, драги читатели. Немаше никаква средина. Ама така требало да биде. Затоа, откако ќе ја прочитате оваа книга, вие ќе ме запознаете, тогаш ќе имате право и да ми судите“, рече Бомбакис.Лани Бомбакис за првпат проговори дека се соочувал со оваа болест. Тој објави транспарент во негов стил и напиша „Една година без рак“, по што доби огромна поддршка од јавноста, која дотогаш се забавуваше со неговите интересни и позитивни пораки испишани на картони. Тој се сликаше и со Игор Џамбазов, Тамара Тодевска, Лила Филиповска, Викторија Лоба и многу други. Дел од парите од продажбата ќе одат во хуманитарни цели.“

Магазин | пред 4 години

06102021_PVRSM_Zaev_Brdo-Kranj-1

Заев: Македонија презеде сѐ што беше неопходно, очекуваме одговорност од другата страна

„ЕУ и Западен Балкан секогаш ќе бидат посилни заедно. Иако овој Самит не е исклучиво посветен само на проширувањето на ЕУ, сепак го отвора патот да се продолжи со разговорите кои ќе обезбедат спроведување на одлуките за проширување донесени во март минатата година. Се надевам дека во декември 2021 година ќе имаме вин-вин процес и исход, а не пораз-пораз. Сите ние тука имаме одговорност да го направиме ова“, истакна претседателот на Владата Зоран Заев на втората тематска сесија на Самитот на ЕУ за Западен Балкан во Брдо-Крањ во Република Словенија, посветен на проширувањето на ЕУ.Премиерот Заев нагласи дека е многу важно што на овој Самит е жив духот од јули оваа година, кога Словенија го презеде претседателството со ЕУ, и кога беше силно изразена посветеноста за проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан.„Верувам, и се надевам дека ќе го споделите со мене истото мислење, кога велам дека е потребен нов поттик за да се забрза процесот на донесување одлуки, бидејќи блокадата ќе продолжи да ги охрабрува ретроградните сили кои се противат на европското единство и вредности, коишто се вредности на земјите од Западен Балкан и кои ние ги прифативме и ги негуваме“ потенцираше премиерот Заев.Заев истакна декан Северна Македонија презеде сѐ што беше неопходно и што беше потврдено како позитивно во март 2020 година, и е подготвена да направи и дополнителни прифатливи чекори, но и дека истата одговорност се очекува и од другата страна за вин-вин надминување на блокадата за проширување на ЕУ.„Во духот на европските добрососедски односи, ќе ги интензивираме разговорите со нашиот сосед Бугарија и искрено ќе преземеме чекори во насока на решавање на отворените прашања. И досега покажавме подготвеност и конструктивен придонес во решавањето на билатералните прашања преку меѓусебно почитување и заштита на националното достоинство, но идентитетските прашања се едноставно невозможни за преговарање“, нагласи премиерот Заев.Северна Македонија ќе продолжи по патот на реформите, рече Заев, и додаде дека преку владините стратегии „Акција 2021“ и „Европа дома“, сериозно се имплементираат европските вредности.„ЕУ мора да најде формула како да го одржи својот збор и да го продолжи проширувањето на Западен Балкан. Граѓаните на Северна Македонија ќе видат огромен неуспех во политиките на Унијата доколку итно не им се испорача европската перспектива. Овој процес нема алтернатива, и затоа остануваме посветени на нашата стратешка цел - членство во ЕУ преку целосна имплементација на европските вредности и стандарди во Република Северна Македонија“, истакна претседателот на Владата Зоран Заев на втората тематска сесија на Самитот на ЕУ за Западен Балкан во Брдо-Крањ во Република Словенија, посветен на проширувањето на ЕУ.

Македонија | пред 4 години

Orce1906

Ѓорѓиевски до Темелковски: Мандатот го преспавте, граѓаните немаат основни услови за живот

Разликата помеѓу ситуацијата во која беше Кисела Вода во 2017 и сега е различна, се стагнира, а се оди и назад во општината. Во 21 век нашите сограѓани немаат фекална канализација, во Расадник нема паргинг место, улиците се со кал. Моите сограѓани немаат основни услови за живот. Секој ден добивам се поголема поддршка и со мој тим ќе ја смениме сликата во општината, рече Орце Ѓорѓиевски, кандидат за градоначалник на Кисела Вода на вечерашната дебата во емисијата „Само вистина“ што се емитува на телевизија Канал 5.Ѓорѓиевски истакна дека актуелниот градоначалник Филип Темелковски манипулира и ја лаже јавноста.„Вие мандатот го преспавте. Ако сакате ќе одиме проект по проект функционална поликлиника во Драчево и нова во Расадник, енергетски ефикасна општина...Граѓаните знаете велат кога Темелковски добро вечер ние гледаме низ прозор дали навистина е вечер. Вие доживувавте дебакл“, му рече Ѓорѓиевски на актуелниот градоначалник Темелковски.Ѓорѓиевски посочи дека гасификација на општината нема, нова градинка нема како и низа на други работи кои беа ветени, а не се реалзирани од актуелниот градоначалник.

Скопје | пред 4 години

pehcevo-pozar-4

Маж изгоре во пожар во Пробиштип

Жител на Пробиштип починал во пожар што избувнал во атарот на с. Кундино, Пробиштипско, на местото наречено Бела Вода. Пожарот зафатил нискостеблеста шума и сува трева.„Во 15 часот пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Пробиштип. Околу 22.50 часот на наведеното место во својата бавча бил пронајден починат Д. Ѓ. (82) од Пробиштип со видливи изгореници на телото“, соопшти МВР.Увид извршила екипа од Полициската станица Пробиштип.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Данела во Шуто Оризари: Во 21 век луѓето газат по кал, прв ден по изборите ќе почнам со решавање на овој проблем

Независната кандидатка за градоначалник на Град Скопје, Данела Арсовска вечерва повторно е меѓу граѓаните и на теренската активност од врата на врата ја презентираше својата програма за модерно Скопје пред жителите од скопско Шуто Оризари.Неасфалтирани и небезбедни улици, немање на соодветна комунална инфраструктура а граѓаните секојдневно газат по кал на улиците е сликата за општина Шуто Оризари која што ја раскажуваат тамошните жители.„Недозволиво е во 21 век општина која што се наоѓа во главниот град да има неасфалтирани улици, луѓето да газат по кал, без водоводна и канализациона мрежа, нема тротоари и улиците не се безбедни ниту за возрасните, а уште помалку пак за децата. Едноставно, ова се проблеми кои треба да бидат оставени во минатиот век. И граѓаните со кои секојдневно се среќавам не бараат многу. Бараат нормални услови запристоен живот како што заслужува секој еден граѓанин. И должност на секој градоначалник е да го овозможи тоа. Затоа уште од првиот ден после изборите ќе се зафатам со решавање на овие суштински проблеми. Скопје и скопјани немаат време за чекање уште четири години за некој да се сети на нив. Со брзи и ефикасни решенија Скопје ќе биде метропола како што секој од нас посакува и заслужува да живее во нејзе“,изјави Арсовска по средбата со жителите од Шуто Оризари.

Скопје | пред 4 години

maksim-dimitrievski-43

Максим Димитриевски доби закани, имало обид да го натепаат

Вчеравечер при средба со граѓани, актуелниот градоначалник и независен кандидат, Максим Димитриевски добил закани, а потоа имало и обид за физички напад.„М.Д., кандидат за градоначалник на Куманово пријавил дека, додека имал средба со граѓани во Долно Којнаре, кај спортското игралиште, Д.„Н“ и З.П. го навредувале и му се заканувале, по што се обиделе и физички да го нападнат.Се работи на расчистување на случајот“, стои во билтенот од МВР.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Заврши шестата трансплантација на срце од починат донор

Министерот за здравство Венко Филипче попладнево на својот фејсбук профил објави дека заврши трансплантацијата на срце кај 53-годишниот пациент, кој имаше тешка срцева аномалија.– Неколку часа траеше трансплантацијата на срце кај 53-годишниот пациент, кој имаше тешка срцева аномалија. Сега следи критичен период на опоравување. Пациентот останува под надзор на стручниот лекарски тим на Клиниката за кардиохирургија. На клиниката за Урологија хирурзите полека ја завршуваат и трансплантацијата на бубрег кај дваесетгодишната пациентка која подолг период беше на дијализа – напиша Филипче.Тој им посака на пациентите брзо закрепнување и многу здравје.– На колегите кои беа дел од овие експлантации и трансплантации на срце и бубрег, им честитам за уште еден успех. Вие пишувате историја! Изразувам незимерна благодарност за храброста, добродушноста и хуманоста на семејството на донорот – напиша Филипче.

Македонија | пред 4 години

doktor

Смена на директорите во тетовската болница по избори

Директорот Флорим Бесими и Артан Етеми, економскиот директор на тетовската болница после изборите ќе бидат сменети.„Оставката на двајцата директори е неотповиклива и после изборите ќе се постават други директори. Сега е забрането по Избрниот законик“ – велат од владата за тв 24.Бесими и Етеми поднесоа оставки во ист ден кога оставката поднесе и заменикот министер за здравство, а министерот за здравство понуди оставка. Премиерот Заев откако вчера излезе еден од извештаите за несреќата во Тетово, порача дека не ги прифаќа оставките на Филипче и Хасани.

Македонија | пред 4 години

2-1

Мицкоски: Taквите како Заев на факултет ги викавме повторувачи

Доста е од Зоран Заев во политиката и се што овој човек донесе на политичката сцена. Доста е од политика која ја сведува во броење на кеш и квадрати, порача Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на денешниот митинг пред граѓаните во општина Петровец.Мицкоски му одговори на Заев дека таквите како него на факултет ги нарекувале повторувачи, односно како што рече затоа што толку им е знаењето, додавајќи дека е Заев е нервозен и му гори под нозе затоа што никој веќе не верува во неговите глупости.Вчера го слушам ми дава на митинг некакви оценки, се расфрла со напишани фрази, прави потези со лактови, до душа го заборави да го каже она „мало сутра“, ама изгледа не му го напишале, па го пропушти, ги омаловажува противниците, бидејќи нема што друго да каже. Но еве само накусо да одговорам, како професор таквите како Заев на факултет ги викавме повторувачи, кои нјачесто ги повторуваа или како што ние популарно тоа го нарекувавме ги квадрираа годините. Зошто толку им беше знаењето, а како политичар морам да признаам нема поголем комплимент од тоа Заев да ти каже дека си за единица, бидејќи доаѓа од човекот кој е во тесна битка со самиот себе во кажување на гафови. Кој досега ни соопшти дека рибата смрди од опашката, кој им се обраќа на сончевите колектори како да му се публика, кој работи за џинџер баланс, и мисли дека е сидро кое што влече напред. Е за таков човек станува збор. Но го разбирам, но не можам да го оправдам Нервозен е и му гори под нозете. Зошто веќе никој не му верува во глупостите кои ги кажува и прави, потенцираше Мицкоски.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Утре почнува грејна сезона

Поради падот на надворешните температури, од утре започнува грејната сезона за потрошувачите приклучени на системот за централно греење во градот Скопје со кој управува БЕГ, се вели во соопштението.„За ден 7.10.2021 година, се создадени надворешни услови за производство и испорака на топлинска енергија. Оваа информација е согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги, а врз основа на прогнозата за средна дневна температура од 11,8 степени Целзиусови за Скопје. Во моментов во 103 колективни станбени објекти, кои се приклучени на системот за централно греење, сè уште не се отстранети пречките кои се во надлежност на потрошувачите и заедниците на станари за да може грејната сезона да започне навремено и испораката на топлинска енергија да се одвива непречено. Во околу 40 објекти не е обезбедено напојување на топлинската станица со електрична енергија, а во 63 не се отстранети дефектите во внатрешната грејна инсталација или истото не е пријавено во Центар за грижа за потрошувачи на снабдување со топлина Балкан Енерџи. Снабдување со топлина Балкан Енерџи постојано контактира со потрошувачите и со заедниците на станари за отстранување на пречките, со цел грејната сезона да стартува навремено и испораката на топлинска енергија да се одвива непречено. Затоа во изминатиот период повеќе од 1.300 потрошувачи се телефонски контактирани и испратени се повеќе од 430 писмени ивестувања до потрошувачите и до заедниците на станари“, се вели во соопштението на БЕГ.Оттаму посочуваат дека соработката на потрошувачите и заедниците на сопственици за ставање во функција на сите објекти дополнително ќе придонесе за да се обезбеди навременa и квалитетна испорака на топлинската енергија.

Скопје | пред 4 години

IMG_4715

Додека ловел риба се удавил во езерото Козјак

На површината на водата од езерото „Козјак“ вчера било пронајдено телото на Б.Л.(55) од с.Пополжани, кичевско, кој на 25.09.2021, додека ловел риба, паднал во водите на езрото и се удавил.Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Македонски Брод, а по Наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството.

Скопје | пред 4 години

koronavirus-korona-kovid-test

406 нови случаи на ковид-19 – пријавени 12 починати лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:Направени се 3.149 тестирања, а регистрирани се 406 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 184, Куманово – 31, Штип – 23, Велес – 19, Битола – 17, Кавадарци – 13, Свети Николе и Крива Паланка – по 12, Прилеп и Гевгелија – по 11, Кочани – 10, Струмица – 9, Кратово – 7, Тетово, Охрид и Струга – по 6, Виница – 5, Демир Хисар – 4, Гостивар, Неготино, Радовиш и Македонска Каменица – по 3, Делчево и Пробиштип – по 2, Кичево, Ресен, Дебар и Валандово – по 1.Регистрирани сe 387 оздравени пациенти од: Скопје – 223, Охрид – 48, Куманово – 23, Струга – 13, Кавадарци и Струмица – по 11, Битола – 10, Радовиш – 6, Крива Паланка и Тетово – по 5, Велес, Гевгелија и Кичево – по 4, Штип и Гостивар – по 3, Прилеп, Кочани, Неготино и Македонска Каменица – по 2, Свети Николе, Виница, Делчево, Пробиштип, Ресен и Македонски Брод – по 1.Во текот на изминатите 24 часа починале 12 лица: 6 починати лица од Скопје (63г, 71г, 72г, 75г, 81г и 85г), 2 починати лица од Битола (63г и 80г) и по едно починато лице од Штип (69г), Кратово (71г), Струмица (57г) и Охрид (55г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 6 починати лица, со датум на смрт од 08.09.2021 до 03.10.2021 година. Починатите лица се 4 лица од Скопје и по едно лице од Тетово и Струмица, на возраст од 59 до 89 години. Од пријавените лица, 4 се починати во болнички услови, а две лица се починати во домашни услови.Направени се 3.149 тестови преку: ИЈЗ-299, ЦЈЗ Скопје-64, ЦЈЗ Битола-61, ЦЈЗ Прилеп-43, ЦЈЗ Тетово–59, ЦЈЗ Куманово-48, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија – 0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–174, Жан Митрев (Филип Втори)-76, Авицена-141, Биотек-230, Систина-51, лабораторија Лаор-133, Синлаб-18, Ремедика-19, Плодност–29, Генеа-4, Никоб лаб-355, ВФВ Медикал-61, Ели Медика-36, Ројал Медика –12, Спектра-ММ-1, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.234Досега во земјата се направени вкупно 1.308.188 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 193.458 бројката на оздравени пациенти е 175.881, на починати е 6.758, а бројот на активни случаи изнесува 10.819

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Митевски: Петровец ќе стане европска општина

На вечерашниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Петровец, кандидатот за градоначалник Борче Митевски, истакна дека се' што ветил исполнил, а сега ветува изградба на нов културен дом, нова општинска зграда, асфалтирање на преостанатите улици, спортски сали, пречистителни станици за отпадни води, две нови градинки, велосипедски патеки, за Петровец да стане европска општина.-Во иднина ќе продолжиме да се почитуваме како сограѓани, без разлика на верска или политичка определба, во изминативе години изградивме многу проекти, изградивме канализациони мрежи, пешачки патеки, санација на културниот дом во Сушица, месната заедница во Катланово и во Огњанци, поплочивме голем број улици, направивме три индустриски зони со што општина Петровец стана број еден општина по привлекување на нови инвестиции во Македонија, а со тоа ја направивме општината финансиски јака и стабилна, порача Митевски.Митевски истакна дека се што ветил пред граѓаните исполнил, а ќе продолжи да го прави тоа сега со уште поголеми ветувања за нови проекти кои ќе бидат реализирани.-Овде на ова место ќе изградиме нов културен дом, нова општинска зграда, ќе изградиме две нови градинки една во Ржаничино, една во Долно коњари, ќе изградиме во Огњанци нова спортска сала, ќе изградиме нови пречистителни станици за отпадни води во Петровец и во Ржаничино, во Средно Коњари ќе иградиме нова местна заедница, нови велосипедски патеки, ќе извршиме асфалтирање на сите преостанати улици во сите населена места, гарантираше Митевски.Митевски гарантира исто така дека ќе се грижи за младината со поддршка на сите културно уметнички друштва, со нови велосипедски патеки, спортско-рекреативни патеки, проширување на неколку училишта со дополнителен број на училници, со спортски сали таму каде што нема, градинки и се она кое недостасува во Петровец.

Скопје | пред 4 години

w_56089446

12 починати лица и 406 нови случаи од корона

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:Направени се 3.149 тестирања, а регистрирани се 406 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 184, Куманово – 31, Штип – 23, Велес – 19, Битола – 17, Кавадарци – 13, Свети Николе и Крива Паланка – по 12, Прилеп и Гевгелија – по 11, Кочани – 10, Струмица – 9, Кратово – 7, Тетово, Охрид и Струга – по 6, Виница – 5, Демир Хисар – 4, Гостивар, Неготино, Радовиш и Македонска Каменица – по 3, Делчево и Пробиштип – по 2, Кичево, Ресен, Дебар и Валандово – по 1.Регистрирани сe 387 оздравени пациенти од: Скопје – 223, Охрид – 48, Куманово – 23, Струга – 13, Кавадарци и Струмица – по 11, Битола – 10, Радовиш – 6, Крива Паланка и Тетово – по 5, Велес, Гевгелија и Кичево – по 4, Штип и Гостивар – по 3, Прилеп, Кочани, Неготино и Македонска Каменица – по 2, Свети Николе, Виница, Делчево, Пробиштип, Ресен и Македонски Брод – по 1.Во текот на изминатите 24 часа починале 12 лица: 6 починати лица од Скопје (63г, 71г, 72г, 75г, 81г и 85г), 2 починати лица од Битола (63г и 80г) и по едно починато лице од Штип (69г), Кратово (71г), Струмица (57г) и Охрид (55г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 6 починати лица, со датум на смрт од 08.09.2021 до 03.10.2021 година. Починатите лица се 4 лица од Скопје и по едно лице од Тетово и Струмица, на возраст од 59 до 89 години. Од пријавените лица, 4 се починати во болнички услови, а две лица се починати во домашни услови.Направени се 3.149 тестови преку: ИЈЗ-299, ЦЈЗ Скопје-64, ЦЈЗ Битола-61, ЦЈЗ Прилеп-43, ЦЈЗ Тетово–59, ЦЈЗ Куманово-48, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија – 0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–174, Жан Митрев (Филип Втори)-76, Авицена-141, Биотек-230, Систина-51, лабораторија Лаор-133, Синлаб-18, Ремедика-19, Плодност–29, Генеа-4, Никоб лаб-355, ВФВ Медикал-61, Ели Медика-36, Ројал Медика –12, Спектра-ММ-1, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.234Досега во земјата се направени вкупно 1.308.188 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 193.458 бројката на оздравени пациенти е 175.881, на починати е 6.758, а бројот на активни случаи изнесува 10.819Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 84283, Активни 5217Куманово 11586, Активни 961Тетово 10849, Активни 836Прилеп 9100, Активни 285Гостивар 7965, Активни 410Битола 7143, Активни 245Велес 6309, Активни 330Охрид 5992, Активни 300Кавадарци 5984, Активни 209Штип 5793, Активни 234Струмица 5766, Активни 227Кичево 3991, Активни 353Струга 3802, Активни 110Кочани 3316, Активни 170Гевгелија 2440, Активни 88Неготино 2324, Активни 36Свети Николе 1925, Активни 108Ресен 1543, Активни 71Радовиш 1534, Активни 75Крива Паланка 1463, Активни 105Дебар 1451, Активни 66Берово 1210, Активни 16Делчево 1126, Активни 63Виница 1044, Активни 48Пробиштип 925, Активни 35Валандово 825, Активни 21Кратово 590, Активни 64Богданци 555, Активни 21Крушево 529, Активни 21Македонски Брод 473, Активни 28Демир Хисар 450, Активни 33Демир Капија 411, Активни 4Пехчево 314, Активни 4Македонска Каменица 307, Активни 24Дојран 140, Активни 1

пред 4 години

mvr-1

Приведен дилер, пронајдени околу 1,5 килограми дрога

Денеска (06.10.2021) полициски службеници од СВР Скопје-Единица за недозволена трговија по добиени оперативни сознанија и добиена судска наредба, извршија претрес во дом и други простории на Г,Ф. (29) во с. Долно Лисиче и други локации.При претресите пронајдени се 40 кеси со марихуана со вкупна тежина од околу килограм и половина, дигитални ваги, како и амфетамин. Лицето е лишено од слобода во ПС Аеродром за понатамошна постапка. По документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното обвинителство.

Македонија | пред 4 години

20211006175753

Бегалците од Авганистан на шопинг во строгиот центар на Скопје

Бегалците од Авганистан денес беа на шопинг во трговскиот центар, натоварени со кеси. По два часа пазарење, на излезот чекале да се собере целата група, за потоа со полициска придружба да заврши нивната прошетка, објави Телма.Биле предводени од претставници на Црвен крст и со три градски автобуси се вратиле назад во своето сместување. Од Владата им било забрането да даваат било какви изјави за медиуми. Вчера стигна нова група Авганистанци во земјава.

Скопје | пред 4 години

06102021_PVRSM_Zaev_Brdo-Kranj-1

Заев од Брдо-Крањ: Македонските граѓани не можат да ги оправдаат блокадите

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев во завршницата на Самитот на ЕУ за Западен Балкан даде изјава за медиумите којашто ви ја пренесуваме во целост:„Денеска на Самитот за Западен Балкан тука во Брдо, Словенија, имаме уште една силна потврда дека само една земја членка на ЕУ се противи на нашата интеграција и на почетокот на преговори за членство во Европската Унија.За жал и на огромно разочарување, мое лично и верувам на сите наши граѓани, блокадата доаѓа од нашиот сосед Бугарија.Пораките од претседателот Макрон и канцеларката Меркел се јасни - за решенијата треба поглед напред, кон иднината, а не копање во минатото.Но за жал, не сум сигурен дека претседателот Радев ја разбрал таа порака.Чекорите и блокадите што Радев ги презема во име на Бугарија се навреда за македонските граѓани.Македонскиот народ, со целата своја мирољубивост, не може да ги оправда блокадите.Мојот народ мене ми даде мандат да создавам решенија, но не ми дал мандат да оправдувам политики од минатиот век.До сега, не постои земја членка на ЕУ која има какви било забелешки за нашите реформи.Нашиот напредок во интеграцијата во ЕУ првенствено треба да зависи од домашните реформи поврзани со постигнувањето на европските стандарди, а не од билатералните прашања. Затоа, посветени сме на решавање на билатералните спорови кои се влечат од минатото, а доказ за тоа се и Договорот од Преспа и Договорот со Бугарија од 2017 година.Не е нова вест дека за нас е прифатливо, во духот на европските добрососедски односи, да ги интензивираме разговорите со нашиот сосед Република Бугарија.Ние велиме – да, можеме и мораме, двете страни, веднаш после изборите во Бугарија и во Северна Македонија, како што ни прилега, со искрена политичка волја да преземеме одлучни чекори за решавање на отворените прашања.Но, исто така, не е нова вест, дека нашиот јасен и гласен став за идентитетските прашања е дека македонскиот идентитет не може да биде тема за преговарање.Северна Македонија ги презеде сите неопходни чекори во наша надлежност за деблокирање на процесот на проширување на ЕУ, не само за нас туку и за целиот регион.Нашиот успех во европеизацијата на земјата беше признаен и потврден со одлуката на Европскиот совет во март минатата година за почеток на преговорите за нашата земја.Ние oстануваме посветени на нашата стратешка цел - членство во ЕУ преку целосна имплементација на европските вредности и стандарди во Северна Македонија.Тоа го бараат нашите граѓани, тоа мораме да го одработиме.Северна Македонија е Европа. Западен Балкан е Европа!Сакам да ја искористам оваа прилика и да се заблагодарам на Словенија и на премиерот Јанша за нивната посветеност и на квалитетното време за добро на целиот Западен Балкан и за процесот на проширување и верувам дека до крајот на нивниот мандат, до крајот на годината ќе останат посветени.Посебна благодарност до канцеларката Меркел и до претседателот Макрон коишто посветија исто така значајно време да разговараат со мене и со претседателот Радев за изнаоѓање решенија.Секако благодарност и до претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, до претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, до потпретседателот на Европската комисија Борел и до еврокомесарот Вархеји.Сакам да се заблагодарам и за поддршката од средбите со премиерката на Естонија Калас, и со премиерот на Ирска Мартин. Имавме одлични состаноци, разговаравме за билатералните соработки и имаме уште многу што да направиме во таа насока, но сме благодарни и за нивната директна поддршка за интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ“.

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања