Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

0000traktor

Тракторист загина откако удрил во „голф“

62-годишен маж од Арачиново загина во тешка сообраќајна несреќа во атарот на селото откако со трактор удрил во патничко моторно возило „фолксваген голф“.-Вчера во 20.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на регионалниот пат Скопје–Куманово, во атар на с.Арачиново, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.М.(28) од с.Арачиново и трактор „имт-533“, управуван од С.С.(62) од с.Арачиново. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на тракторот, по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде околу 21.10 часот им подлегнал на повредите. Со телесни повреди се здобиле возачот на патничкото возило, сопатничката од истото возило Е.М.(24) од с.Арачиново и уште двајца малолетни сопатници од возилото, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, велат од полицијата.Извршен бил увид на местото на несреќата од увидна екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 4 години

A.Filipovski-press-30.09.2021-god.

Филиповски: Цистерни ќе ги мијат сервисните улици во Аеродром

Следува зајакнување на капацитетите на комуналните служби во општинаАеродром. Сервисните улици по сите населби ќе се мијат со цистерни. Оваа механизација,ќе придонесе и за почисти плочници меѓу зградите, платоата, тротоарите, како и другитејавни површини, изјави Александар Филиповски, кандидат на СДСМ и коалицијата заградоначалник на општина Аеродром.Филиповски при презентацијата на мерките за почист Аеродром, истакна дека епланирана и изведба на станица за селекција и компосторање на органиски отпад. Какошто посочи, основната цел е отпадот до добие нова вредност и да се преработува.Поголеми обврски ќе добијат и вработените по урбаните заедници, кои ќе бидатпоприсутни на терен и ќе вршат надзор на состојбата со јавната хигиена.Во делот на заштита на животната средина, значаен проект е и затворањето на Усјанскиотканал. Овој потег ќе прерасне во зелена, рекреативна зона која ќе можат да ја користатсите граѓани.- Општината редовно ќе иницира и еко – акции, каде што ќе биде вклученацелокупната јавност: општинска администрација, училишта, градинки, малитебизниси, заинтересираните граѓани, јавни личности и сите оние кои сакаат дададат конкретен придонес за почист Аеродром. Важно е да работиме и наповисока јавна свест за нашите маала да бидат почисти, кажа Филиповски.Кандидатот за градоначалник и тимот од советници продолжуваат и денеска сосекојдневните средби со граѓани. Тие ја презентираат програмата „Најдоброт заАеродром“, која нуди решавање на голем дел од проблемите на аеродромци.

Скопје | пред 4 години

Screenshot-2021-10-06-at-07.51.18

Напаѓачот му се извинил на Бислимовски

Го видов видеото и го осудувам настанот со физичкиот напад врз првиот човек на РКЕ, изјави денеска министерот за економија, Крешник Бектеши, при што информира дека се слушнал со Марко Бислимовски и дека напаѓачот му се извинил за настанот.Тој додаде дека не верува дека ова може да влијае во загрозување на енергетскиот сектор во државата.-Не сакам да навлегувам во независноста на Регулаторната комисија. Тие одлучуваат за лиценците и исполнување на условите на компании, додаде Бектеши.Во понеделникот, синот на Муса Џафери, Аријанит Џафери физички го нападна претседателот на РКЕ Бислимоски пред кафеана на улица „Боемска“. Причината поради која ескалирала ситуацијата е поради тоа што Регулаторна отворила постапка за одземање на лицената на фирмата У Повер поради недолично однесување на пазарот со струја,а чиј сопственик бил токму Аријанит Џафери. Напаѓачот го признал делото и заработи кривична пријава.

Скопје | пред 4 години

gerasimovski_554334-678x381-1

Што ќе биде со Дебар маало по изборите, според агендата на Герасимовски

Ново шеталиште, нов парк, два нови паркинга и нова општинска зграда најави Горан Герасимовски, кандидатот за градоначалник на општина Центар од СДСМ и Коалицијата. Во денешната изјава пред кругот општински бараки Герасимовски го претстави новиот проект кој му дава сосема нов лик на „Дебар Маало“.„Во овој круг на руинирани бараки, на средина ќе има мала модерна административна зграда во која покрај Советот ќе биде сместен Младинскиот центар и други здруженија на граѓани кои работат во интерес на жителите на Општина Центар. За поголема безбедност на граѓаните на отворениот простор кон бул. „Илинден“ ќе бидат лоцирани комуналната полиција и противпожарната бригада со едно до две противпожарни возила. Голема површина зеленило предвидуваме кон ул. „Орце Николов“ кое ќе биде претворено во мало шеталиште, хортикултурно уредено со модерна урбана опрема и ЛЕД – осветлување. На местото на првата барака до ул.„Орце Николов“ ќе биде сместен подземен паркинг на две нивоа за 300 возила, додека оваа ограда ќе се замени со нова од еколошки материјали“, изјави Герасимовски.Тој рече дека ќе биде обезбеден и пристап до портата на старата Учителска школа, која ќе биде реставрирана со цел да се истакне нејзината културно-историска вредност.Герасимовски исто така најави и промени на местото на поранешен ПУИК.„На местото на ПУИК за деловна зграда ќе се задржи само една парцела додека другиот простор ќе биде претворен во нов парк и монтажна гаража со нови 296 паркинг места. Неговата вредност изнесува 58 милиони денари и истиот ќе овозможи непречено и безбедно движење“ рече Герасимовски.Во програмата на Герасимовски улицата „Орце Николов“ ќе биде целосно резидентна и ослободена за велосипеди и пешаци. Истата ќе биде претворена во „Смарт зона“ во која преку мобилна апликација граѓаните ќе дознаваат за слободните паркинг места.

Скопје | пред 4 години

vakcina

Само 35% од граѓаните примиле две дози вакцина

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 3.458 дози вакцини, од кои 873 се аплицирани како прва доза, 2.513 се ревакцинирани, а 72 граѓани примиле трета доза вакцина, соопшти Министерството за здравство. Заклучно со 6 октомври вкупно се вакцинирани 793.179 граѓани, ревакцинирани се 743.374, а трета доза примиле 571 граѓани. 53% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 47% , а со две дози опфатени се 44% од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 38% од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35% од популацијата во државата примила две дози вакцина.

Македонија | пред 4 години

1322271

Даниел Крег доби ѕвезда на холивудската Патека на славните

Даниел Крег ја заврши седмицата на лансирање на неговиот последен филм за Џејмс Бонд со тоа што стана 2,704. славна личност почестена со sвезда на холивудската Патека на славните во Калифорнија.Поставена е на булеварот „Холивуд 7007“, во чест на кодот на измислениот британски шпион.Само неколку метри подалеку е sвездата на неговиот претходник како Бонд, сер Роџер Мур.Крег, кој играше 007 од 2006 година, рече дека е апсолутна чест да застане врз своја ѕвезда на булеварот „Холивуд“.

Магазин | пред 4 години

WhatsApp-Image-2021-10-06-at-22.13.18

30 субвенции за кровови и лифтови, ветува Герасимовски

На вчерашната средба со граѓаните на урбаната заедница „Гајдик“ Горан Герасимовски, кандидат за градоначалник на општина Центар од СДСМ и Коалицијата и Коста Петров, директорот на ФИТР и член на ЦО на СДСМ, зборуваа за реконструкција на детско игралиште спроти тутунскиот комбинат, асфалтираната улицата и паркингот како и реконструираната фасада на ОУ „Димитар Миладинов“.„Овде доделивме субвенции за кровови и лифтови во станбените згради и со тоа ќе продолжиме во следниот период. До крајот на мандатот ќе бидат доделени 30 субвенции за кровови и лифтови, 6 уште во првата година“, рече Герасимовски пред граѓаните. Герасимовски рече дека важно е во Центар да се одржува хигиената поради што ќе бидат воведени „маалски пароли“, а преку ЈП ПОЦ кое ќе биде и комунално претпријатие ќебидат набавени нови три цистерни за прскање на улиците. Исто така ги повика младите да бидат иновативни и да земат активно учество на конкурсите на ФИТР.

Скопје | пред 4 години

kunovdks

„Колку е прост“, Куновска за однесувањето на Заев

Софија Куновска, член на СДСМ, го искоментира недоличното однесување на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на митинзите за локалните избори.„Честопати сум сакала да објаснам на оние кои не го познаваат колку е прост, но никогаш не ми успеало на начин на кој самиот најдобро се објасни себеси“, пишува Куновска.

Коментари | пред 4 години

Нема фотографија

Обновен дрворедот на улицата „Орце Николов“

Во текот на вчерашниот ден, службите на Општина Центар ги засадија новите садници на местата на старите, шупливи и болни стебла кои се отстранија при реконструкцијата на улицата „Орце Николов“.Засадени се 15 веќе подраснати стебла јавори, од видот Acer Campestre, од контејнерско производство, високи над 4 метри и со обем на стебло од 22 до 26 сантиметри. На почетокот на јуни Општина Центар ги отстрани старите и болни дрва поради поплаките од жителите од околината, кои бараа да бидат отстранети затоа што при секое поголемо невреме имаше опасност од нивно паѓање и нанесување штета.Новите дрва во годините што следат повторно ќе го вратат препознатливиот зелен лик на улицата „Орце Николов“.Со ова, Општина Центар става крај на шпекулациите за наводно проширување на коловозот или на објектите на улицата. Според проектот за реконструкција на „Орце Николов“, зеленилото на улицата е зголемено за 20% од пред реконструкцијата.Покрај јаворите, во долниот дел ќе се засадат и ниски грмушасти садници, кои освен декоративната улога, ќе го следат движењето на улицата, ќе придонесат кон заштитата на животната средина и прочистувањето на воздухот.

Скопје | пред 4 години

Screenshot-2021-09-20-at-08.55.18

Заев четири недели мислеше како да го спаси Филипче, и на крај го обвини кабелот, вели ВМРО-ДПМНЕ

Еден месец му требаше на Зоран Заев да смисли како да го спаси Венко Филипче и на крај го обвини кабелот за 14 живи изгорени луѓе. Еден месец Заев молчеше и се переа од одговорност и на крај да утврдат дека никој не е виновен, реагира ВМРО-ДПМНЕ.– Дури и да се земе како точна тезата на Заев дека кабелот е причината за пожарот Филипче и Хасани носат одговорност зошто употребиле високо запалив материјал од таканаречени ПУР панели, а не вградиле ПИР панели. Филипче и Хасани со вградување на ПУР панели во болницата и пресудиле уште кога ја поставиле. Болницата изгоре, беше целосно пеплосана за 3 минути, а тоа не е време ниту за кое може еден човек да се евакуира, а не пак 14 луѓе – велат од ВМРО-ДПМНЕ.Оттаму додаваат дека Филипче и Хасани носат одговорност и зошто во тетовската болница не е искористен објектот на два спрата во рамки на болницата кој е од цврста градба и е празен.– Се што требало е да се опреми објектот со медицинска опрема и да биде подготвен за пациенти, таму ниту ќе дошло до краток спој, ниту ќе изгорел објектот како чкорче кибрит. Филипче и Хасани се виновни по сите основи, и оставката е најмалку што можат да направат – велат од ВМРО-ДПМНЕ.Опозициската партија очекува Јавното обвинителство да не ги следи во линија тезите на Заев и да преземе активности кон првите луѓе во министерството за здравство.– Не смее 14 луѓе живи да горат, а за тоа никој да не е виновен. Одговорност мора да има – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 4 години

parno

Почна грејна сезона

Од денеска започнува испораката на топлинска енергија до потрошувачите поврзани на системите за централно греење во Скопје, што се врши по строго утврдени правила во зависност од атмосферските услови и надворешните температури, информира Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).– Според регулативата, доколку надворешните температури се пониски се испорачува поголемо количество топлинска енергија и обратно, така што корисниците имаат обезбеден комфор и загреани домови согласно стандардите, односно температури во домовите не пониски од 20 +1 степен Целзиусов. Во исто време, со овие правила на испорака се обезбедува оптимална потрошувачка на топлинска енергија и минимални трошоци за греење на потрошувачите. Оваа година грејната сезона започнува пред официјалниот старт на грејната сезона – 15 октомври, поради тоа што просечнaта дневна температура за следниот ден е пониска од 12 степени, заради што РКЕ даде одобрение за испорака на топлинска енергија за да се обезбеди потребниот комфор на потрошувачите, посочуваат од регулаторното тело.

Скопје | пред 4 години

DSC_0210

249 казни за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (06.10.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 249 возачи. Од нив, 11 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 134 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 115 надвор од населено место.Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Македонија | пред 4 години

50876776_2325418810825542_4713286283017846784_n

Крводарителска акција утре во Општина Аеродром

Крводарителска акција ќе се организира утре, петок, 8 октомври, во просториите на Општина Аеродром.Акцијата ќе се спроведе во периодот од 09:00 до 13:30 часот, а крв можат да даруваат сите заинтересирани граѓани. Притоа, ќе се почитуваат сите мерки за заштита од КОВИД-19.Крводарителската акција е во организација на Црвен крст на Република Македонија - Општинска организација Кисела Вода и Институтот за трансфузиона медицина.

Скопје | пред 4 години

a9e91e0a-2bb4-45f2-99da-6874513ccbac

Истражување: Можни проблеми со срцето и една година по инфекција со коронавирус

Можни се проблеми со срцето и една година по блага инфекција со Ковид-19. Според најновите истражувања, оштетување на срцето може да настане и по почетните фази од инфекција со „Ковид-19“.Имено, дури и кај оние кои никогаш не биле хоспитализирани постои можност за срцева слабост и формирање смртоносни згрутчувања на крвта дури и една година по инфекцијата, пишува „Блумберг“.Истражувачите користеа информации од Одделот за ветерани на САД и анализираа податоци од 151.195 лица заразени со „Ковид-19“.Истражувањата покажуваат дека по првите 30 дена од инфекцијата, луѓето со „Ковид-19“ се изложени на зголемен ризик за кардиоваскуларни заболувања, што вклучува неколку категории, вклучувајќи дисритмија, перикардитис, миокардитис, срцева слабост и тромбоемболизам.„Ризиците беа очигледни кај оние кои не беа хоспитализирани за време на акутната фаза на инфекцијата се наведува во студијата.“Нашите резултати покажуваат дека постои значителен ризик за можни кардиоваскуларни заболувања во рок од една година по инфекцијата со „Ковид-19“. Затоа, ние веруваме дека медицинската нега за преживеаните по акутна инфекција на „Ковид-19“ треба да вклучува мониторинг на кардиоваскуларното здравје”, се додава во студијата.

пред 4 години

Нема фотографија

Облачно со врнежи од дожд

Времето денес ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд.Врнежите повремено ќе бидат обилни, со пороен карактер и засилен југоисточен ветер, особено во западните делови каде на повеќе места ќе наврнат и над 30 л/м2 дожд.Под влијание на влажна воздушна маса во следните денови времето ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд.Дневната температура значително ќе се намали.Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.Во Скопје облачно со врнежи од дожд, повремено поројни. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне само 14 степени.Во следните денови ќе се задржи облачно и студено време со врнежи од дожд со променлив интензитет.

Македонија | пред 4 години

4-1

Има ли шанси Скопје да биде без метеж

Сообраќајот во Скопје до 2024 ќе доживее целосна трансформација. Мастерпланот кој содржи повеќе крупни сообраќајни решенија на неколку локации, а вчера го презентираше градоначалникот Петре Шилегов, од корен ќе го променат начинот и брзина на кој скопјани ќе патуваат низ главниот град.Со отворање на двете нови артерии, едното преку тунелите под Лимак кои овозможуваат брзо движење од Кисела Вода до Карпош, а другото во Аеродром преку новиот мост на булевар АСНОМ, сообраќајот долж Скопје целосно се пренасочува и го заобиколува центарот. Глетките на долги колони заглавени по централните раскрсници и семафори ќе станат минато. Скопјани ќе се движат многу побрзо и тоа со сите видови транспорт, загадувањето значително ќе се намали во централното градско подрачје, а центарот на градот ќе добие комплетно нов лик.Овие клучни стратешки сообраќајни проекти го решаваат сообраќајот во Скопје за следните 50 години и ја прават промената за која со години се зборува. Скопје во последните децении стана метропола со многу повеќе жители, но со минимално зголемување или инвестиции во крупни сообраќајни инфраструктурни проекти. Ваква промена на Скопје му е повеќе од потребна и таа се случува а до 2024 Скопје станува град со решени сообраќајни проблеми.Градоначалникот Шилегов не ветува ниту брзи ниту лесни решенија како против кандидатите. Секој добар менаџер знае дека ниту е брзо ниту е лесно да се направи целосна модернизација на град како Скопје. Затоа, во програмата за следните четири години нудиме издржани, долгорочни решенија кои ги градиме денес, а им служат на многу идни генерации. Оние кои ветуваат брзо и лесно, никако не може да водат сериозна институција како град Скопје, уште помалку стратешки да го развиваат градот.

Скопје | пред 4 години

IMG_7474

209 санкционирани возачи во Скопје, 53 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (06.10.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.На територијата на град Скопје изречени се вкупно 209 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 53, 11 санкции за возење без возачка дозвола, девет санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила.Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон, четири за непрописно престројување, пет санкции за некористење сигурносен појас, 81 мерка за непрописно паркирање.Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Скопје | пред 4 години

Screenshot_2

(ВИДЕО) Стојкоски гарантира големи промени во Ѓорче: Не би дозволил да одам со наведната глава поради нереализирани ветувања!

„Имам силно чувство дека ние сите сакаме да победиме за подобра иднина и на 17 октомври ние ќе победиме. Ќе победиме за индните поколенија. Нашата сегашност ние ја живееме во нашето Ѓорче. Се познаваме меѓу нас. Ме знаете како еден од вас и јас сум еден од вас. Овде се образував, израснав, створив семејство, живеев, живеам и создавам. Се обидувам цело време да го направам Ѓорче подобро место за живеење. Ѓорче Петров е силна емоција, енергија, место кое заслужува да биде подобро место за живеење. Ги знам сите убави места на Ѓорче Петров, но ги знам и проблемите на жителите бидејќи и јас ги живеам. Со мојот тим поминавме низ сите населени места. Скоро сите улички. Од вас ги разбрав проблемите, знам дека ви пречат многу работи во Ѓорче. Ви пречи што треба да патувате по еден час да дојдете во својте домови бидејќи некој касно се разбудил и разбрал дека е градоначалник. Знам дека ви пречи депонијата. Јас знам дека по секој дожд вашите улици се претвораат во реки. Знам дека имате проблеми со канализацијата, како што знам дека Кучково остана без вода сред лето, а вода нема се уште. Како што знам дека Орман нема канализација а беше ветувана цели четири години. И нека не ве лажат ако во последниве 50 дена прават привид дека нешто работат, дека ви решиле некој проблем. Не може да ги нема по улиците четири години, а сега да се појават. Време е да заминат во минатото и никогаш да не ни се повтори. И ќе замине“, рече Стојкоски.„Гарантираме изградба на две нови детски градинки, дограба и проширување на постоечките. Сакаме Ѓорче Петров да биде без листи за чекање. Реновирање на дотраените спортски сали, изградба на три мултифункицонални сали, гарантираме нови вон школки програми за странски јазици и ИТ вештини. Мојата цел е да создадеме силни индивидуи. Младите ќе добијат и место во културниот центар. Општината ќе обезбеди средства за талентираните. Ќе ги поддржиме учениците и нивните ментори. Гарантираме и подгнување на нови паркови, целосна рекоснтрукција на паркот во срцето на Ѓорче. Гарантираме и целосно санирање на дивата депонија во Ново село и нови зони за спорт и рекреација во општината. Ќе направам се што е во моја моќ да го подигнеме стандардот на жителите. Да создадеме нови инвестиции. Со реконструкција на постоечките и изградба на нови урбани месни заедници, повторно ќе ги отвориме нивните врати за да бидат пристапни со цел полесно да си ги решат проблемите. Стојам пред вас и ви кажувам. Гарантирам дека нема да го има проблемот со кал на улиците, тоа е носечки проект. Со Данела разговаравме како го гледаме Ѓорче. Тоа е урбано и модерно, согласно сите светски текови. Ќе покажеме како се решава проблемот со Лепенец. Сообраќајниот хаос во Ѓорче ќе го решиме со два кружни текови. Ќе ја продолжиме улицата Лука Геров кон Стопански двор и Ново село. Не, јас не сум човек кој може да си дозволи да ветува проекти кои не може да ги реализира. Никогаш нема да си дозволам да одам со наведната глава поради нереализирани ветувања. Сакаме да победиме и ќе победиме. На 17 октомври излезете и заокружете го бројот 7, ќе победиме за подобра иднина за сите!“, додаде Стојкоски.

Скопје | пред 4 години

Нема фотографија

Не ги сака народот кочниците на Мицкоски, порача Заев

„Важни, капитални проекти за Пробиштип, кандидатот на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не може ниту да сонува, а не пак да понуди или реализира и тој како и другите кандидати од ВМРО-ДПМНЕ знаат само да го слушаат Христијан Мицкоски и да нудат само враќање назад во темното минато, порача вечерва од Пробиштип“, претседателот на СДСМ Зоран Заев.„Знам јас каде се прават најдобрите акумулатори во државава, како што знаат и сите останати, во фабриката која е тука во вашата општина, тоа е милионска странска инвестиција. Ама знам и каде се прават најдобрите кочници, во белиот дворец во Центарот на Скопје. И тоа е милионска инвестиција ама изградена со наши народни пари. И покрај масовното производство на кочници, тие не можат да се пробијат на пазарот, веќе четири години народот не им ги купува. Ниту ќе го закочат напредокот, ниту ќе ја вратат државата назад за пак да ги крадат народните пари, за пак да изигруваат локални шерифи и паши и да не одговараат пред никого. Не сака народот кочници, не сака да кочи туку сака енергија сака да продолжи брзо напред, кон нови инвестиции, кон повисоки плати и пензии кон подобар квалитет на живот во секоја општина“, порача Заев.Тој пред присутните додаде дека народот го бара „Најдоброто“, затоа што најдоброто и го заслужува.„Најдоброто го носи СДСМ и Коалицијата, најдоброто за Пробиштип е под реден број 12!На 17 октомври одберете го најдоброто! Гласајте за број 12, гласајте за Драган Анастасов-Ладич за градоначалник! Гласајте за советничката листа предводена од Оливер Андовски! Број 12 за да продолжи развојот на Пробиштип, број 12 за да продолжи Најдоброто за Пробиштип!“, повика Заев.

Македонија | пред 4 години

IMG_20211006_215724_908

Проект не е асфалтирање на улица, туку тоа е обврска на градоначалникот, посочи Арсовска која вети уредување на кејот на Лепенец

Данела Арсовска, независната кандидатка за градоначалник за Град Скопје, вечерва на митингот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Ѓорче Петров, ги посочи проектите кои ќе бидат клучни за општина Ѓорче Петров и Скопје: -Од проектите за општина Ѓорче Петров важно е поврзувањето на булевар „Словенија“, со Ѓорче Петров, така ќе се финализира онаа внатрешна обиколница и ќе го олесни движењето низ градот;-Поврзувањето со четири ленти на булевар „Теодосиј Гологанов“ до раскрсницата на булевар „Ѓорче Петров“ ќе биде еден од приоритетите;-Изградба на  Спортски комплекс, со трим и вело патеки, со терени за ракомет, кошарка, одбојка и многу други содржини за кои вие самите кажавте дека ви е неопходно тука во Ѓорче;-Ќе се уреди коридорот на реката Лепенец, со велосипедски патеки, со фитнес зони, со детски катчиња за најмладите, со катчиња за пензионерите, да се придонесе кон уредување на овој заборавен дел од Ѓорче;-Кучковци повеќе не смее да немаат вода за пиење со месеци, не е дозволиво, луѓето не смеат да бидат заборавени заради ароганцијата и мрзливоста на еден човек;-Ќе се субвенционира вистинска енергетска транзиција, преку енергетски ефикасни фасади, преку соларно фотоволтаични панели, преку инвертер клими, топлински пумпи за домаќинствата;-Оние дивите депонии за кои Шилегов снимаше спотчиња, а ние ги гледаме секој ден, како онаа во Ново село, која гори и согорува опасен отпад секој ден, ќе ги расчистиме за точно 82 дена. Арсовска истакна дека треба да се стави крај на празното политиканство и трошење на парите на скопјани за непостоечки проекти.Проект не е асфалтирање на улица, туку тоа е обврска на градоначалникот, сега е времето да се бориме за Скопје, за да живееме во подобар и поубав град, затоа ја барам вашата поддршка да избере убави промени во Ѓорче, за модерно Скопје и за поубава Македонија, посочи Арсовска во Ѓорче Петров.

Скопје | пред 4 години

mickoski-123r75

Мицкоски: Петрета го викаат и Худини

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски да денешниот митинг во општина Ѓорче Петров пред граѓаните, го нарече Петре Шилегов, Худсини бидејќи само тој успеал 12.5 милиони евра од Градската куќа да ги потроши, а никој да не знае каде и како.-Петрета го викаат и Худини. Само него може да му успее да стопи 12.5 милиони евра добиени од продажбата на Градската куќа која ја градеше Трајановски. Досега се нема случено толку брзо и толку „најдобро“ да се стопат точно 12.5 милиони евра и никој да не виде ниту трага ниту глас. Да завршат изборите па ќе видиме што ќе покаже истрагата, порача Мицкоски.

Скопје | пред 4 години

mickoski-miting-12

Мицкоски: Државата на чело со Заев не оди кон ЕУ и нема цел кон која се движи

Дури ни 2030-та година не е годината кога Македонија и Западен Балкан ќе бидат дел од Европската Унија, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешниот митинг во општина Ѓорче Петров.Мицкоски нагласи дека нема Европска Унија со СДСМ, бидејќи се длабоко навлезени во криминал и корупција.Ако се сеќавате пред три години како СДСМ не убедуваше дека Европската Унија е загарантирана, дека датум сме добиле, дека онаа слика со плаците во авиончето од Заев, Османи и Анѓушев. Не само што со СДСМ нема датум, туку и Македонија ја втурнаа во нова криза во европските интеграции што поради нивниот криминал и заразната корупција ЕУ стана далечна цел. А се сеќавате, ни викаше излезете за Европска Македонија - и ќе имаме бесплатно здравство. Имаше билборди на кои ни порачуваше дека ќе обезбедил бесплатни студии во Европа, 250 илјади евра помош секој ден, 18 милиони евра за реформи во судството и што уште не. А каква е реалноста?Денеска да може и воздухот што го дишеме да ни го наплати, вели Мицкоски и додаде:Уште пострашно е што државата на чело со СДСМ нема цел кон која се движи. Со СДСМ нема Европска унија, зошто има криминал, сиромаштија и нема систем. Не може да сме најкорумпирана земја во Европа, а да сме дел од ЕУ.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-09-29-at-19.38.33

Ревизија и порака дека не им се плаши испрати Арсовска до Шилегов потенцијраќи дека има „црна кампања“

Данела Арсовска, независната кандидатка за градоначалник за Град Скопје, вечерва на митингот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Ѓорче Петров, истакна дека власта спроведува црна кампања и со видео спотови залудно се труди, затоа што никој повеќе им се плаши, а тие се во страв од пораз и страв дека некој ќе ревидира каде отидоа парите на скопјани и на што се потрошија, а ништо не е реализирано во овие четири години.„Градот тоне во нечистотија и смет изминативе неколку години, но јас знам дека можам да го променам тоа. Ова што ќе замине во историјата било најлошото, а не најдоброто за нашите општини. Имам визија, посветена сум и поседувам план. Проектите на власта останаа само ветувања, а нивното време помина, затоа што имаа години за да реализираат, а не го направија тоа, такви ветувања како враќањето на езерото Треска на граѓаните, кружниот тек на влезот во Скопје кај Сарај, а Скопје не е ни прогласено за зелена метропола, ја нема ни ветената гасификација, никој не ги виде овие проекти, а и 40 години да им се даде нема да ги реализираат ветените проекти“, критикуваше Арсовска.Таа вели дека трагедија е тоа што во 21-от век во Кучково нема вода за пиење, има заборавени места кои немаат канализација и водоводна мрежа, а исто така нема и асфалтирани улици.„Власта спроведува црна кампања затоа што се плашат дека некој ќе ревидира каде отидоа парите на скопјани изминативе четири години, а ништо не е реализирано, им порачувам дека ќе изгубат, залудни им се црните кампањи, затоа што никој повеќе не ви се плаши. Во Градот Скопје ќе дојдат луѓе кои се чесни и ќе работат за подобар град. Мислат дека ако пуштат некој спот на телевизија нема ќе ги сокријат ѓубрето и нечистотијата во кои тоне градот, дека нема да се види дека Универзална сала е далеку од реализација, а не може да се види ништо затоа што ништо не е направено“, посочи Арсовска во Ѓорче.

Скопје | пред 4 години

Miting-Gjorce-Petrov-9-06102021

Мицкоски до Заев: 4 недели мислевте што да измислите за Тетово, ова нема да ви помине! За ова ќе одговарате, луѓето живи гореа и бараа помош!

Во овие моменти, дозволете наместо стандардните пораки да се задржам на две многу важни теми кои се случија во последниве неколку дена. Првата тема е реакцијата на Зоран Заев во однос на Извештајот за пожарот во болницата во Тетово каде живи изгореа 14 наши сограѓани, рече Христијан Мицкоски претседател на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот митинг во Ѓорче Петров.Наместо да имаше целосна истрага, наместо уште првиот ден најодговорните да бидат повикани во обвинителството да даваат искази, да се препотуваат, а премиерот како прво повикан, па потоа и министерот и заменик министерот за здравство да си дадеа оставка, пред се како морален чин, тие мислеа, мислеа неколку недели како да ја одбегнат одговорноста и смислија да обвинат дека крив за 14 жртви бил кабелот од болницата, рече Мицкоски.Мицкоски им порача на Заев и Филипче дека лагата дека кабелот и струјата се виновни за изгорените 14 луѓе, нема да им помине и дека кога тогаш ќе одговараат за оваа голема трагија.Па зарем мислат дека целиот народ ќе им верува во овие глупости, само за да ја одбегнат одговорноста за овој грозоморен настан? Кажете јавно и отворено и признајте дека како што се договарате за тендери, за сите криминални зделки така се договоривте ДУИ и СДСМ да нема одговорност за ова и вината да ја барате во струен кабел или полнач за телефон. Дури и да е така, тогаш кој е одговорен за инсталацијата во болницата? Кој друг освен министерот и заменик министерот за здравство е одговорен за тоа што немало противпожарни апарати и се чувале незаштитени боци со кислород во болницата? Кој друг ако не министерството за здравство е одговорно за слабата изведба на болницата и за тоа што изгоре за не цели 2 минути? Па тоа е дел и од измените на законот за градење што вие ги предложивте. Каде е правилникот што треба министерот да го донесе за пуштање на модуларните болници во употреба? Ова е срам за сите нас! Ова е срам за сите во оваа држава! Четири недели чекавме за вакво фијаско?! Четири недели не отидовте во Тетово да ги погледнете во очи семејствата на загинатите. Четири недели бегате од одговори. Ова нема да ви помине! За ова кога тогаш ќе одговарате сите. Луѓето живи гореа внатре и бараа помош, порача Мицкоски.

Македонија | пред 4 години

joci-naumoski

„Пакуј куферите, Сашееее“, му порача Јоци на Наумоски од Ѓорче со порака дека ќе губи со 5.000 гласови разлика

Новинарката и критичар, Јорданка Ивановска-Јоци му порача на актуелниот градоначалник на Ѓорче Петров, Александар Наумоски, кој е кандидат од СДСМ за нов мандат, да си ги спакува куферите бидејќи ќе ги изгуби изборите.„Како се дерел Саше со отечениве очи завчера во #Ѓорче, речиси сум сигурна дека ланската разлика од 2.000 гласа во корист на вмровци, годинава ќе биде 4.000. Ептен да не згрешам, па да бидат 5.000. Пакуј куферите, Сашееее, хехе.... И земи си крема за брчки за очиве да ги средиш! И за јетра нешо витамини, а можеш и ,,anti age". Сепак 45 си, а личиш ко 55. Еве, мислам на тебе...❤ Ветено - исполнето!“, пишува Јоци.

Коментари | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања