Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

w_56674000

Ужасна статистика: 20 починати, 393 нови случаи на КОВИД-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:Направени се 2.974 тестирања, а регистрирани се 393 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 187, Куманово – 34, Велес – 30, Штип – 21, Прилеп – 14, Охрид и Струмица – по 11, Крива Паланка – 10, Тетово и Кичево – по 8, Битола, Кавадарци и Пробиштип – по 7, Кочани – 6, Виница – 5, Гевгелија, Радовиш, Берово и Македонска Каменица – по 4, Ресен и Богданци – по 3, Кратово – 2, Делчево, Македонски Брод и Демир Хисар – по 1.Регистрирани сe 397 оздравени пациенти од: Скопје – 195, Куманово – 44, Велес – 20, Кавадарци – 19, Прилеп – 17, Штип – 13, Кочани – 11, Битола и Охрид – по 10, Кичево и Крива Паланка – по 7, Кратово – 6, Тетово и Радовиш – по 5, Виница и Валандово – по 4, Струмица, Делчево и Пробиштип – по 3, Струга, Гевгелија и Неготино – по 2, Гостивар, Богданци, Крушево, Демир Хисар и Македонска Каменица – по 1.Во текот на изминатите 24 часа починале 20 лица: 9 починати лица од Скопје (52г,54г, 54г,69г,75г,80г ,81г,82г и 84г), по 2 починати лица од Куманово (82г и 86г), Струга(56г и 68г) и Велес (69г и 76г), и по едно починато лице од Кавадарци (63г), Гостивар (69г), Кичево (68г), Крива Паланка (70г) и Свети Николе (62г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 5 починати лица, со датум на смрт од 21.09.2021 до 02.10.2021 година. Регистрирани се 3 лица од Скопје и 2 лица од Тетово на возраст од 52 до 78 години. Од пријавените лица, 4 се починати во болнички услови, а едно лице е починато во домашни услови.Направени се 2.974 тестови преку: ИЈЗ-261, ЦЈЗ Скопје-61, ЦЈЗ Битола-52, ЦЈЗ Прилеп-40, ЦЈЗ Тетово–45, ЦЈЗ Куманово-67, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-4, лабораторија болница Козле-20, УК Пулмологија со алергологија – 0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–178, Жан Митрев (Филип Втори)-68, Авицена-123, Биотек-163, Систина-64, лабораторија Лаор-80, Синлаб-7, Ремедика-15, Плодност–24, Генеа-7, Никоб лаб-380, ВФВ Медикал-25, Ели Медика-67, Ројал Медика –13, Спектра-ММ-2, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.208.Досега во земјата се направени вкупно 1.311.162 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 193.846 бројката на оздравени пациенти е 176.278, на починати е 6.783, а бројот на активни случаи изнесува 10.785.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 84467, Активни 5194Куманово 11620, Активни 949Тетово 10857, Активни 837Прилеп 9114, Активни 282Гостивар 7964, Активни 407Битола 7150, Активни 242Велес 6339, Активни 338Охрид 6002, Активни 300Кавадарци 5992, Активни 197Штип 5814, Активни 242Струмица 5776, Активни 234Кичево 3997, Активни 351Струга 3803, Активни 107Кочани 3322, Активни 165Гевгелија 2444, Активни 90Неготино 2323, Активни 33Свети Николе 1925, Активни 107Ресен 1546, Активни 74Радовиш 1538, Активни 74Крива Паланка 1473, Активни 107Дебар 1451, Активни 66Берово 1214, Активни 20Делчево 1127, Активни 61Виница 1049, Активни 49Пробиштип 931, Активни 38Валандово 825, Активни 17Кратово 595, Активни 63Богданци 558, Активни 23Крушево 529, Активни 20Македонски Брод 474, Активни 29Демир Хисар 451, Активни 33Демир Капија 411, Активни 4Пехчево 314, Активни 4Македонска Каменица 311, Активни 27Дојран 140, Активни 1

пред 4 години

policija-1

Кандидати се скарале за тоа кој да стави плакат, пријавиле и во полиција

На 06.10.2021 во 23.00 часот во СВР Куманово било пријавено дека З.П. од с.Градец, кривопаланечко, одзел рекламен банер од кандидат за градоначалник на Крива Паланка поставен на ул„Св. Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка. По овластување од ОЈО Куманово, увидна екипа од ОВР Крива Паланка излегла на местото и бил извршен разговор со З.П., кој изјавил дека по извршената ждрепка на Општинска комисија за утврдување на определени локации, било предвидено да биде поставен банер од неговата партија, а не од партијата што претходно поставила банер. Симнатиот банер бил пронајден кај него. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 4 години

DSC_0718

Млад велешанец доби кривична зошто кинел плакати

На 05.10.2021 околу 22.40 часот на ул.„Ѓоре Органџиев“ во Велес, полициски службеници ги лишиле од слобода Б.Н.(25) и Љ.П.(34), двајцата од Велес, затоа што биле забележани додека кинеле плакати на кандидат за градоначалник на Велес.Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 4 години

DSC_0735

Кандиадат пријавил дека возач на градоначалник откако го спречил да снима спот на стадион

На 06.10.2021 во 10.46 часот во СВР Битола, В.Н.(50), кандидат за градоначалник на општина Новаци пријавил дека околу 10.30 часот од возачот на актуелниот градоначалник и В.Б.(46), полициски службеник во СВР Битола бил спречен да замине во с.Новаци и да снима спот на стадионот во селото.Според пријавеното, додека се движел со патничко возило, двете лица со патничко возило му свиреле и се обиделе да го престигнат, но тој не застанал. Во врска со настанот во 11.30 часот во СВР Битола, В.Б. пријавил дека околу 10.00 часот, додека преземале службени дејствија, В.Н., кој бил со патничко возило, не застанал и продолжил со движење. Како што е пријавено, на ул.„Филип Втори Македонски“ со возилото се обидел да удри полициски службеник. Околу 12.40 часот, В.Н. бил приведен во полициска станица во врска со сторено дело по член 383 од Кривичниот законик и по целосно документирање ќе биде поднесена соодветна пријава. Во врска со истиот настан, во 15.05 часот во СВР Битола, Т.К., претседател на ФК „Новаци“ пријавил дека кандидатот за градоначалник В.Н. неовластено влегол во стадионот на ФК „Новаци“ да снима спот. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

пред 4 години

policija-policaec-3

Уапсен полицаец, фатен како превезува мигранти!

Денеска (07.10.2021) во 10.00 часот кај напуштена бензиска пумпа пред с.Воиновиќ, кумановско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот го лишиле од слобода С.Ј.(44) од Велес, вработен во Полициската станица Велес.Тој бил затекнат на наведеното место со возило „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки при обид да преземе четири лица од Кина, кои илегално влегле во државата, за да ги превезе до Гевгелија. Во 10.15 часот на бензинска пумпа на автопатот Табановце-Куманово, како соучесник во криумчарењето, од слобода бил лишен и Е.М.(35) од с.Горно Оризари, Велешко за кој постои сомнение дека е организатор и учесник при вршење на делото. За случајот бил известен јавен обвинител и Одделот за внатрешна контрола,криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР заради превземање на мерки од нивна надлежност.

пред 4 години

DSC_0761

Маж од Лабуништа доби кривична за „измама“, откако насамарил сограѓанин

Нaдворешната канцеларија за криминалистички Струга поднесе кривична пријава против М.М.(46) од с.Лабуништа, струшко, за сторено кривично дело „измама“.Пред околу три години пријавениот купил стока во вредност од 950 евра од Џ.Ф.(81) од с. Делогожда, струшко, за која се договориле во рок од два месеца да биде платена. Откако стоката не му била исплатена во договорениот рок, Џ.Ф. во неколку наврати го барал на мобилен телефон пријавениот, но истиот не одговарал на повиците по што сфатил дека е измамен, со што му била причинета материјална штета.

Македонија | пред 4 години

soobrakajka-696x463-312863

Тешка сообраќајка во Гостивар, сопатичка заврши во болница

На 06.10.2021 во 23.05 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека на крстосницата од бул .„Браќа Ѓиноски“ со ул.„101“, патничко моторно возило “хјундаи“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од К.У.(57) од Гостивар, удрило во паркирано товарно моторно возило „мерцедес“ со гостиварски регистарски ознаки.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничка од патничкото возило, констатирани во Ургентниот центар Гостивар. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Гостивар.

Македонија | пред 4 години

toplifikacija-cifliganec-3

Чифлиганец кажа зошто ја купува Топлификација

Aд Адора инженеринг испратија известување во врска со случувањата и реакциите во јавноста околу купувањето на Топланите Исток и Запад од стечајна постапка.„Како генерален директор и сопственик на Адора инженеринг би сакал да дадам видување на нашата компанија во врска со некои од реакциите во јавноста околу купувањето на Топланите Исток и Запад од стечајна постапка, инаку поранешен имот на Топлификација АД.Пред се, би се осврнал кон реакциите на Здружението на граѓани акционери во Топлификација – Скопје. Во врска со информацијата која што како допис ја споделија во јавноста, би кажал дека воопшто не би сакал да навлегувам во дискусија за истата. Ниту кажувам дека се во право, ниту спорам дека не се во право. Адора инженеринг не е запознаена со историјата и случувањата со Топлификација АД низ годините и навистина не би заземале став околу истите. Она што за нас како компанија е познато е дека за Топлификација АД беше отпочната стечајна постапка и имотот кој што веќе години наназад е стопанисуван од БЕГ без да има сопственост за истиот, односно го користи под наем, беше предмет на продажба од страна на стечајната постапка. Идејата и интенцијата на Адора инженеринг беше најдобронамерна и позитивно стратешка за градот Скопје, односно оценивме дека Топланите Исток и Запад, кој што впрочем се од највисок јавен интерес заслужуваат да станат во сопственост и владение на домашна компанија, како не би биле предмет на изнајмување од страна на странски компании.Понатаму, за самиот купопродажен процес. Адора инженеринг се пријави на транспарентна јавна лицитација за купување на пакет број 1 од лицитацијата, односно само имотот на Топланите Исток и Запад. За да биде јасно, ние не го купивме целиот имот на Топлификација проценет на 30 милиони евра, не купивме никакви идни побарувања, сопственички удели во ТЕ-ТО, ниту ништо друго освен Топланите Исток и Запад. Исто така, исклучително важно да се знае е тоа што иако имотот на Топланите Исток и Запад, кој што всушност се делот кој влегува во регулираниот бизнис со топлинска енергија е проценет на 17 милиони евра, во Регулаторната Комисија за Енергетика, тие се со запишана сметководствена вредност од околу 8 милиони евра, на кој износ се пресметува Одреден Регулиран Принос на Капитал. На јавната лицитација можеше да се пријави било кое лице или субјект. Лицитацијата беше организирана од страна на стечаен управител и Адора инженеринг немаше апсолутно никакви ингеренции ниту улога во истата, освен како заинтересирана странка. Лицитацијата беше без почетна цена со единечен праг на наддавање од 165 000 евра, односно некој можеше да понуди 165 000 евра и лицитацијата да заврши. Адора инженеринг понуди највисока цена, односно 9,27 милиони евра со сите вклучени даноци, по што немаше понатамошни понуди.За самиот бизнис со Производство на Топлинската Енергија. Би сакал јавно да ги информирам граѓаните дека овој бизнис, во овој момент има многу мала или, кога од одобрениот принос на капитал таканеречен WACC ќе се одземат банкарските камати, речиси и да нема економска исплатливост. Моменталниот одоборен принос на капитал WACC, односно регулираната определена заработувачка од бизнисот е на историско најниско ниво, односно двојно помала во споредба со неколку години наназад. Во исто време, предизвиците за оперирање на истиот, поради глобалните неприлики, неизвесност и инфлација се поголеми од било кога. Транспарентно изјавуваме дека Адора инженеринг ќе стопанисува со овој бизнис со цел да најде економска логика за повратот на оваа инвестиција. За ние да сме во можност и да имаме оправданост да ја развиваме оваа гранка на про-активен начин, круцијално е за нас како инвеститори, да се има економска логика во работењето. Тоа не значи задолжително зголемување на цената за греење, бидејќи во целиот процес веруваме дека постојат начини да се направат заштеди, оптимизации и модернизации во работењето, со што финално би можело да се добие и поголема економска исплатливост во работењето и реални сметки за граѓаните. Исто така, би сакале транспарентно да соопштиме дека цената на гасот е најголемиот фактор во крајната цена на топлинската енергија, а денес цената на гасот е на рекордно високо ниво, што не значи дека задолжително ќе остане така, односно во иднина, овој ценовен шок би требало да се стабилизира.Како сублимација би сакал да го кажам следното. Би сакал да ја повикам јавноста да се воздржи од обвинувања спрема мојата компанија, односно моето семејство. Во минатото овој бизнис пропаднал, за што како што кажав на почетокот, не би сакал да давам коментари околу истото. Нашата идеја беше исклучиво мотивирана од желбата овој бизнис да биде во домашни раце. Адора инженеринг е прв правен субјект досега што реално платила за овој бизнис. Односно топланите во градот Скопје се изградени во 60-тите години со тогашни државни пари. Околу 2000-та година, Топлификација АД се приватизира од страна на вработените. Од 2013-та година, друштвото БЕГ Производство ги стопанисува топланите без да има сопственост врз нив, односно ги има под наем. Ние денес, за прв пат од кога постојат, плаќаме 9,3 милиони евра за истите. Адора инженеринг ќе го употреби целото наше менаџерско знаење, искуство и визија да оствари оптимизација, модернизација и заштеди во процесот, што како резултат ќе обезбеди заштеди за граѓаните, а за нас како инвеститори, транспарентна економска исплатливост од бизнисот. За Адора инженеринг, износот на оваа инвестиција не е воопшто занемарувачки, односно успешноста или неуспешноста на истата може да биде од егзестинцијален карактер за компанијата. Овие средства исто така имаат опуртунитетен трошок и постојат многу можности за нивно вложување во останати деловни гранки.Така што, го повикувам Собранието на доверители кое што ќе се одржи на 8-ми Октомври, каде што впрочем треба да се одлучува за оваа наша купопродажна понуда, внимателно да ги согледаат сите аспекти, прилики и неприлики и по истото да се произнесат.Доколку Собранието на доверители одлучи дека не е задоволно со понудата, Адора инженеринг е подготвена да ја прифати одлуката на Собранието на доверители, без разлика дали е позитивна или е негативна за најповолниот понудувач, Адора инженеринг“, пишува во известувањето од Адора, потпишано од генералниот директор Ванчо Чифлиганец.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-10-06-at-07.51.18

Претседателот на Регуларторна доби поддршка откако беше нападнат од синот на Муса Џафери

Вработените во Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија во врска со немилиот настан во кој беше физички нападнат Претседателот Бислимоски го изразуваат својот револт и негодување и најостро го осудуваат нападот.Имено, физичкиот напад врз Претседателот Бислимоски го сметаме како директен напад и притисок врз работењето на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија, но и врз системот на регулирањето на енергетските пазари во Република Северна Македонија кој е воспоставен и успешно функционира од 2003 година.Ваквото нецивилизирано и дивјачко однесување на учесникот на енергетскиот пазар во 21-от век е недозволиво особено за нас како земја аспирант за влез во ЕУ.Претседателот Бислимоски, претходно вработен во Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија од 2004 година помеѓу своите колеги важи за голем професионалец, без ниту една дамка во своето работење и човек спремен секогаш и секому да помогне.Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија постапувала и ќе постапува во согласност со законите, а врз основа на начелата на објективност, транспарентност и недискриминација, со примена на најдобрите меѓународни искуства и практики.Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија три последователни години е прогласувана за најдобро регулаторно тело во рамки на Енергетската заедница и ниту еден ваков недоличен настан не смее да го загрози интегритетот и угледот ниту на Претседателот, ниту на институцијата.Бараме надлежните институции да ги преземат сите законски мерки кои се во нивна надлежност и сторителот (сторителите) на ваквото дело најстрого да го санкционираат.

Македонија | пред 4 години

Silegov

За 18 месеци ќе биде готова клучката кај Момин Поток

Со увид во градежните работи на клучката кај Момин поток, градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов денес ја продолжи презентацијата на клучните стратешки сообраќајни проекти со кои до 2024 Скопје станува град со целосно решени сообраќајни проблеми.– Денес се наоѓаме на главната градска артерија каде поминуваат 25 до 30.000 возила, а спојува четири општини, но и води до патот до Косово. Оваа раскрсница која ја паметиме по огромни гужви го добива најмодерното и најсофистицираното сообраќајно решение било кога изработено во Македонија во урбана средина, изјави Шилегов на денешната прес-конференција.– Градиме издигнат булевар на 9 м. со кружен тек во ридот кај касарната, со којашто овозможуваме целосно анулирање на семафорската сигнализација и движење без застој на сите видови сообраќај. Овде за прв пат ќе се изгради велосипедски мост со кој продолжуваме по стандардот дека вело патеки мора да има како составен дел од сите идни сообраќајни решенија, нагласи Шилегов.– Ова сообраќајно решение овозможува развој на градот во досега неурбанизираниот дел што ќе значи сериозно растеретување на урбанизација во централното градско подрачје. Освен што ќе имаме функционални сообраќајници и брз транспорт, ќе го заштитиме и јавниот простор на скопјани креирајќи хуман урбанизам, појасни Шилегов.– Ова сообраќајно решение, заедно со клучката на бул. Словенија каде набрзо започнуваат градежните работи, како и пробивање на бул. Словенија до Волково и Хасан Приштина до обиколница во правец на Косово, целосно го решаваме на долг рок сообраќајот во овој дел од градот, потенцираше Шилегов.– Покрај ова, многу важен аспект е дека паралелно го решаваме и јавниот транспорт како дел од урбанизацијата. Јавниот транспорт ќе се одвива по постојната пруга со градски возови, нешто што Скопје го добива за прв пат. За ова веќе е готова студијата која ја подготвивме во 2018. Возот оттука ќе се спојува со БРТ кај Железничка станица, дополни Шилегов.– Не ветувам брзи и лесни решенија бидејќи ниту е брзо, ниту е лесно да се направи целосна трансформација и модернизирање на град како Скопје. Јас ветувам стратешки издржани, долгорочни решенија, базирани на сериозни студии кои ги градиме денес а им служат на многу идни генерации. Оние кои ветуваат брзо и лесно, со таквиот пристап единствено може да продаваат брза храна, но никако да водат сериозна институција како град Скопје, уште помалку стратешки да го развиваат градот, заклучи на крајот од денешната прес-конференција градоначалникот Шилегов.

Македонија | пред 4 години

Y4t1A-aerodrom-pistol

Приведено момчето кое со „пиштол“ шеташе низ Аеродром

Приведено е лицето кое утрово со пластичен пиштол се шеташе низ Трговскиот центар „Бисер“ во населбата Аеродром во Скопје.Од полицијата информираа дека станува збор за 19-годишник со здравствени проблеми.„Денеска, околу 9:20 часот, полициски службеници од Полициска станица Аеродром, постапувајќи по претходна пријава, во трговски центар на подрачјето на Аеродром го затекнале Ш.Л.(19) од Скопје, лице со здравствени проблеми, кој носел пластичен пиштол (играчка). Од страна на полициските службеници, пиштолот и футролата му биле одземени“, информираат од МВР.

Скопје | пред 4 години

pistol-kursumi-noz

Пронајден пиштол, пушка и полуавтоматска пушка при претрес во Прилеп

Денеска (07.10.2021) полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи од ОВР Прилеп го лишија од слобода Р.Т.(43) од Прилеп.При претрес, извршен со судска наредба, во домот на Р.Т. на ул."Круме Спиркоски" во Прилеп, биле пронајдени и одземени: еден пиштол „Екол“ модел „Туна“ калибар 8 мм, еден ловен карабин М 98 кал.7,9 мм, една ловна пушка пумпарица модел 586, една полуавтоматска пушка М 59 7,62 мм, 4 парчиња куршуми калибар 6,35, 81 парче куршуми 7, 62 х39 и 35 парчиња куршуми 7,9 х57.Лицето е приведено во полициска станица и против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 396 од Кривичниот законик.

Македонија | пред 4 години

IMG_20211006_215724_908

СДСМ: Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ беа против покачување на платата на текстилните работнички

Бесрамно е учеството на Данела Арсовска на дебата на тема „социјално и економско зајакнување на жените“ на „Текстилијада“ во Штип. Данела Арсовска беше противник на социјалното и економско зајакнување на жените преку зголемување на минималната плата на текстилните работнички. Целокупната јавност знае дека кандидатката за градоначалник на Скопје Данела Арсовска и носителот на листа Трајко Славески беа едни од најгласните противници на покачувањето на минималната плата, која најмногу ги засега жените текстилни работнички од Штип, велат од СДСМ.„Како застапник на „бизнис заедницата“ и интересите на крупниот капитал на нејзиниот заменик Сеад Кочан, Данела Арсовска јавно тврдеше дека „Секој вештачки обид за зголемување на минималната плата за нас не е добар“ и манипулираше дека покачувањето на минималната плата нема да биде одржливо.Данела Арсовска заедно со Трајко Славески на ТВ дебати ги застапуваа интересите за профит на газдите и апелираа да не се покачува минималната плата. Славески дури изнесуваше лаги дека покачувањето на минималната плата ќе донесе „нестабилност, хаос, секојдневни штрајкови“.Арсовска, Славески и ВМРО-ДПМНЕ беа здружени против покачувањето на минималната плата на работниците. Откако Арсовска и Славески ја манипулираа јавноста дека минималната плата не треба вештачки да се покачува, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не гласаа за Законот за покачување на минималната плата и ја напуштија собраниската седница кога требаше да се гласа.Работниците знаат дека СДСМ ја покачи минималната плата од 9 на 15 илјади и ја зголеми просечната плата за околу 100 евра. Работниците знаат дека СДСМ ја намали стапката на невработеност на најниски 15.9% и вети покачување на минималната плата на 300 евра од 1 јануари 2022. Арсовска, Славески и ВМРО-ДПМНЕ беа против зголемувaње на минималната и просечната плата. Арсовска, Славески и ВМРО-ДПМНЕ се заинтересирани само за зголемување на профитот на „бизнис заедницата““, се вели во соопштението.

Скопје | пред 4 години

Нема фотографија

Чаир додели 9.500 имотни листови

По доделувањето на имотните листови, градоначалникот Ганиу информираше дека Општина Чаир, до денес примила 12.000 барања за имотни листови, од кои 9.500 веќе добиле. Со тоа, како што рече Ганиу, Општина Чаир им претходи на сите општини во Република Северна Македонија, во делот на решени барања за нови имотни листови и регистрација на имот.„Општина Чаир успеа да обработи и имплементира над 80 проценти од овие барања и како таква, се смета за рекордер во оваа област“, рече Ганиу.Правото на приватна сопственост и домување, рече Ганиу, го сметаме за елементарно право на демократијата и државата, и како такви сме прваци во остварувањето на ова индивидуално и семејно право.„Општината Чаир им обезбеди на 9500 семејства документи за сопственост преку регулирање на станбениот статус на овие семејства и решавање на овие витални проблеми. Во новиот мандат, процесот на легализација и сопственост на имот ќе биде проблем кој ќе се смета за минато“, рече градоначалникот на Чаир и кандидат за оваа задача во следните четири години, Висар Ганиу.„Сето ова достигнување беше овозможено со Законот за легализација, кој создаде можности за огромното мнозинство жители на Чаир да добијат имотни листови за нивните домови, од кои, некои изградени пред повеќе децении“, изјави Ганиу, заблагодарувајќи се на Секторот за урбанизам на општината за ефикасната работа во текот на сиве овие години.

Скопје | пред 4 години

Y4t1A-aerodrom-pistol

(ВИДЕО): Аеродромци вознемирени од лице кое шеташе со "пиштол" низ Бисер

Млад човек со пластичен пиштол се шетал низ Аеродром. Самиот момент бил вознемирувачки за сите кои го затекнале лицето, бидејќи не знаеле дека пиштолот не бил вистински. Моментот е снимен од минувач.

Скопје | пред 4 години

Screenshot-2021-10-06-at-07.51.18

РКЕ контра Бектеши: Никој не му се извинил на претседателот Бислимовски

Никој не му се извинил на претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски, за физичкиот напад што беше извршен завчера вечер врз него од сопственикот на У-повер, Аријант Хоџа, во центарот на главниот град на земјава.Ова се информациите од РКЕ, откако министерот за економија Крешник Бектеши, изјави дека според неговите информации, Џафери му се извинил на Бислимовски.Крешник Бектеши, денеска рече дека Аријант Џафери, синот на Муса Џафери, му се јавил за да му се извини на Марко Бислимовски, претседателот на Регулаторна комисија за енергетика, за физичкиот напад над него во понеделникот во една од кафаните во Дебар Маало.„Значи вака, имав прилика да го гледам видеото и ги осудуваме ваквите случувања. Бислимовски во разговор добил извинување и не е загрозена коалицијата. РКЕ е независна институција и тие одлучуваат во делот на исполнување на условите за лиценците“, порача министерот.

Македонија | пред 4 години

lazarov

Нема ПЦР за тестирање на државно, тврди Лазаров

„Немањето ни приближно доволно PCR тестови на државно е директен атак врз здравјето на народот и флагрантно кршење на човековите права! Ниту може рано да дијагностицираме ниту пак да изолираме, со тоа свесно и намерно се пушта цел народ низ вода, да го цитирам Ф: ‘да изгори епидемијата’. Што да правам со симптоматски пациенти во тие неколку дена па и недела додека чекаат термин за тест? Молкот на фелата е недозволив“, напиша Лазаров.Ваквата ситуација со задоцнето тестирање трае од август месец од кога нагло се зголемија случаите со ковид-19.Според последниот билтен од Министерството за здравство објавен вчера, а се однесува на тестирањата во вторникот, направени се 3.149 тестови од кои преку Институтот за јавно здравје 299, преку Центарот за јавно здравје Скопје 64, преку ЦЈЗ Битола 61, преку ЦЈЗ Прилеп 43, ЦЈЗ Тетово 59, ЦЈЗ Куманово 48, на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби 1 тест, Судска медицина 0, лабораторија болница Козле 0, УК Пулмологија со алергологија 0, ГОБ „8 Септември“ 0, Институт за микробиологија 174, Клиника „Жан Митрев“ 76, Авицена 141, Биотек 230, Систина 51, лабораторија Лаор 133, Синлаб 18, Ремедика 19, Плодност 29, Генеа 4, Никоб лаб 355, ВФВ Медикал 61, Ели Медика 36, Ројал Медика 12, Спектра-ММ 1, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) вкупно 1.234 теста.Лазаров посочи и на друг проблем поврзан со задоцнетото лекување, а тоа е немањето термини во поликлиниките за навремена крвна слика.„Вчера, 6 октомври, праќам ковид пациенти со ковид упат за крвни анализи во поликлиника Јане Сандански. Им закажале боцкање на 22 октомври“, напиша Лазаров.

Македонија | пред 4 години

vmro_dpmne

ВМРО ДПМНЕ: Шилегов во отсуство на проекти ги копира тие на Данела и Коце Трајановски

Шилегов во отсуство на свои проекти доследно ги копира проектите на ВМРО-ДПМНЕ.До вчера ги копираше проектите на Данела Арсовска, па половично ги предлагаше како свои, а сега промовира проекти кои Коце Трајановски ги промовираше во 2017 година, а за кои уште тогаш имаше и проектна документација, за што постојат и видео записи.Тоа што Шилегов направи е стопирање на сите овие проекти. Четири години беа сосема доволни да се реализираат, но Шилегов ништо не направи.Вчера беше „Лимак“, а денес е турбо кружниот тек кај Момин поток.Турбо кружниот тек кај Момин поток е решение осмислено од Коце Трајановски, со систематско вградување на кружен тек и натпатник, со што се избегнува тесното грло кое сега го има во тој дел од Скопје.Шилегов 4 години го кочеше овој проект, за сега да го нуди како свое решение.Шилегов ќе остане запаметен како најнеуспешниот и најнеспособниот градоначалник кој Скопје некогаш го имало.Еден свој проект нема направено, а како најголемо негово дело ќе остане лагата за тунелот под Кале.Скопје има потреба од вистински проекти и дела, и тие ќе ги има со промената на власта по 17-ти октомври.

Скопје | пред 4 години

07102021_PVRSM_MP_press-1

Заев, Маричиќ и судијата Нанев: Нема веќе чекање по шалтери

Премиерот Зоран Заев, заедно со министерот за правда Бојан Маричиќ и претседателот на Основниот суд во Кавадарци, Лазар Нанев, денеска одржаа заедничка прес-конференција на која ги претставија резултатите од процесот на системска дигитализација на судството.Во оваа пригода премиерот Заев истакна дека дигитализацијата е меѓу врвните приоритети со кои се затвораат одделни теми од владината „Акција 21“ и „Европа дома“ и порача дека овој процес треба да биде приоритет за сите министри, директори, градоначалници, како и за сите одговорни луѓе во правосудството и другите општествени дејности кои вршат сервиси за граѓаните.„На овој начин граѓаните заштедуваат време и пари. Нема повеќе чекања по шалтери ниту патувања по други градови за да се добие документот. Од денес по електронски пат ќе се вади потврда од казнената евиденција. Набрзо ќе се почне и со услугата за потврда за кривична, како и уверение дека против лицето не е изречена санкција – забрана за вршење на професија, дејност или должност. Сите овие уверенија им се потребни на граѓаните за вработување, доколку сакаат да добијат виза или работа во странство, како доказ дека немаат сторено кривично дело. Дополнително, доколку некое лице сака да се јави на тендер, ќе мора да има ваква потврда. Сите овие нови услуги ќе бидат достапни на сајтот е-услуги“, истакна премиерот.Со ова, како што рече, заминуваат во историја постапките за вадење на потврди од казнена евиденција во хартиена форма за кои беше задолжително физичко присуство во надлежниот суд според местото на раѓање.„Со приклучувањето на судовите на Националниот портал за услуги, граѓаните повеќе немаат потреба да губат по неколку часа за да го подигнат документот што им е потребен, туку сега го добиваат за три минути. Овие потврди се првите електронски документи создадени согласно закон, кои ги издава судската власт. Со оваа активност судот започна да ја применува регулативата на ЕУ, односно нејзината национална транспозиција со Законот за електронските документи, електронската идентификација и доверливите услуги и со тоа се приклучи во практичната примена на Националната платформа за интероперабилност. Пресметките се дека со воведување на овие услуги, судовите ќе направат заштеди изразени во милиони евра, кои ќе можат да ги инвестираат во генерално подобрување на нивната работа“, истакна премиерот Зоран Заев.Тој најави дека ова е почеток на дигитализацијата на услугите за граѓаните што ги добиваат преку судскиот систем по што ќе следува и опремување на стотици судници во земјата и воведување најсовремена информатичка технологија во сите 34 судови во земјата. Како што рече, дигитализацијата на правосудниот систем ќе го минимизира човечкиот фактор во дел од процесните дејствија и во пракса нема да имаме повеќе случаи од преку 3.000 недоставени пресуди и максимално ќе се елиминираат изговорите за застареност за гонење.„Сакам да ве потсетам дека како дел од овој процес за системска дигитализација се усвоија и измените на Законот за личната карта, Законот за матичен број, Законот за државјанство на Република Северна Македонија, Законот за личното име, Законот за патните исправи на државјаните на Република Северна Македонија и Законот за пријавување на живеалиштето и престојувалиштето на граѓаните“, подвлече премиерот.Со реализација на активностите предвидени со дигитализацијата, како што рече, се создава и механизам за спречување на корупцијата, кој ќе обезбеди намалување на човечкиот фактор а ќе се подобри и начинот на кој граѓаните комуницираат со институциитеМинистерот за правда Бојан Маричиќ изрази задоволство од првите резултати од макотрпната работа на овој исклучително важен процес.„Од денес на граѓаните ќе им бидат потребни буквално неколку минути да добијат уверение од казнена евиденција. Набрзо истото ќе можат да го направат и за изводите од кривична евиденција. Се работи на трета услуга, односно дигитално издавање на уверение дека против лице не е изречена санкција – забрана за вршење на професија, дејност или должност. Начинот е брз, а процедурата едноставна и сигурна. Анализите покажуваат дека со воведувањето на информатичката технологија заштедите на судовите ќе бидат огромни. Ќе се штеди на ресурси и хартија. Токму затоа дигитализацијата има и еколошка димензија, а во светот овие процеси се дел од таканаречена зелена-дигитална трансформација на општествата“, истакна министерот за правда Маричиќ.Тој подвлече дека дигитализацијата на судството е само почеток на процесот на осовременување на услугите кон граѓаните по што ќе следува вградување на современа информатичка технологија во сите 34 судови во земјава со што ќе се обезбеди и судење на далечина, но и ќе се овозможува видеозапис од судењата.„За успешноста на овој процес сакам јавно да се заблагодарам на Врховниот суд и Министерството за информатичко општество, а ќе ја продолжиме соработката и со нашите стратешки партнери Соединетите Американски Држави кои дадоа голема поддршка за процесот за дигитализација на судниците ширум земјата но и со ОБСЕ и Норвешката влада“, подвлече министерот за правда Маричиќ.Судијата Нанев, како претседател на работната група за дигитализација на судството, истакна дека дигиталните услуги за издавање на уверенија се однесуваат на физички и на правни лица и ги опфаќаат сите основни судови кои постапуваат по кривични и прекршочни предмети.„Услугата овозможува електронско поднесување на барањето, електронско плаќање преку платежна картичка и електронско добивање на уверението во ПДФ формат со бар код - сертификат што подразбира поврзување на документот со електронски потпис и електронски печат на судот издавач на документот со кој се потврдува веродостојноста на документот. Користењето на дигиталната услуга е едноставно, брзо и лесно. Корисникот преку националниот портал за услуги https://uslugi.gov.mk/ се најавува со корисничко име креирано за добивање и користење на услугите на УЈП“, појасни Нанев.

Македонија | пред 4 години

Foto-3

Претседателот Пендаровски прими претставници на Македонското лекарско друштво

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими претставници на Македонското лекарско друштво (МЛД) коешто повеќе од 70 години функционира во нашата држава.На средбата претставниците на МЛД го информираа претседателот Пендаровски за тековните проекти и планираните активности во насока на подобрување на севкупниот квалитет на здравствените услуги, преку усовршување и развој на македонската медицина и сродните науки.Претседателот Пендаровски изрази поддршка на континуираната посветеност на Македонското лекарско друштво во воспоставувањето високи етички стандарди и заштита на лекарската професија, со крајна цел унапредување на здравствената нега на граѓаните во Република Северна Македонија. Оддавајќи признание на севкупниот ангажман на лекарите во справувањето со Ковид-19, Претседателот истакна дека пандемијата дополнително ја акцентира исклучително важната улога на здравствениот сектор, притоа нагласувајќи ја неопходноста идните стратегии да бидат градени во согласност со потребите и целите на науката.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Заев: Нападот врз Бислимоски е кривично дело

Осуда за физичкиот напад врз првиот човек на регулаторната комисија, Марко Бислимоски, пристига и од премерот Заев.-Тоа е недозволиво, чин на кривично дело и согласно на тоа МВР ќе преземе се што е потребно. Го осудувам ваквиот настан, затоа што е директен напад врз независно регулаторно тело, кое што е важно за државата, како и сите институции. Се надевам дека лицето брзо ќе биде процесуирано пред правдата, рече Заев

Македонија | пред 4 години

018

Завршна показна вежба на припадниците на САЕ „Тигар“

Завршна показна вежба на припадниците на САЕ „Тигар“ во рамки на проектот ИПА 2016 „Јакнење на координативните капацитети за превенција и борба против насилен екстремизам и тероризам“„Проблематиката на насилниот екстремизам и тероризам како прилично сензитивна, сега веќе глобална, а не само национална закана, дополнително бара мултиплицирање на институционалните напори и потенцијали во квалитетно спротивставување, потпирајќи се подеднакво како на сопствените капацитети и нивната постојана надградба, така и на меѓународната институционална соработка, комуникација и партнерство“, ова меѓу другото го истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска во Полицискиот центар ,,Ѓорче Петров“ на завршната показна вежба од едномесечната обука на припадниците на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ на МВР, во рамки на проектот ИПА 2016 „Јакнење на координативните капацитети за превенција и борба против насилен екстремизам и тероризам“, на која покрај раководството на МВР, присуствуваа Н.Е. Андреа Силвестри, амбасадор на Италијанската Република во земјава, претставници од Делегацијата на Европската Унија и поканети гости. Обуката ја спроведоа експерти од Специјалната единица за интервенции на италијанските карабинери.Во своето обраќање по повод вежбата министерот Спасовски потенцираше: „Заедно со нашите партнери од ЕУ, како и со користењето на низата конкретни механизми за помош и поддршка на Унијата, Министерството за внатрешни работи постојано работи на севкупното институционално зајакнување на сите организациони сегменти подеднакво, имајќи на ум една иста цел: структуирана полиција која што ќе биде во служба на безбедноста и сигурноста на граѓаните и на општеството, истовремено препозната како кредибилен и важен фактор во билатералните или мултлатералните полициски активности“, додавајќи: „Навистина ме радува фактот што нашата полиција и натаму ужива огромна поддршка и кредибилитет кај нашите пријатели од ЕУ, исто како што радува фактот дека од наша страна правиме извонредни напори таквата позиција да биде заслужена и задржана. Бездруго оваа обука, односно импактот од неа, дополнително ќе значи натамошно професионално-оперативно профилирање и надградување на полициските службеници, дотолку повеќе што станува збор за една од најчувствителните безбедносни проблематики – насилниот екстремизам и тероризам“, нагласи министерот Спасовски.Италијанскиот амбасадор Силвестри во оваа пригода пред присутните рече: ,,Ова е прв проект на ЕУ за превенција и борба против насилен екстремизам и тероризам имплементиран во Република Северна Македонија и на Балканот од страна на карабинерите и особено би ја истакнал личната посветеност и професионалниот пристап на обучувачите што резултираше со успешно завршување на овој значаен проект“. Амбасадорот Силвестри упати благодарност до министерот Спасовски и до раководството на МВР за досегашната одлична соработка во повеќе сфери од полициската работа и даде уверување дека и во наредниот период Владата на Италијанската Република преку Италијанската Амбасада во земјава останува отворена за реализација на нови значајни проекти како искрен поддржувач и партнер.Раководителот на Одделението за операции во Делегацијата на ЕУ, Фрик Јанмат го потенцираше значењето на денешниов проект - Јакнење на капацитетите за превенција и борба против насилен екстремизам и тероризам, за кој рече дека во себе вклучува активности за кои е потребен меѓуинституционален пристап, развојна стратегија со посебни методи, тактики и техники во справувањето со насилниот екстремизами тероризмот, посебно во делот на заштита на јавните добра, критичната инфраструктура и заштитата на граѓаните.Началникот на Одделот за специјални полициски операции Бранко Трајановски и командантот на САЕ „Тигар“ Митко Даневски на припадниците на САЕ –Тигар,им ги доделија сертификатите за успешно завршената обука, министерот Оливер Спасовски амбасадорот на Италијанската Република во земјава Н.Е Андреа Силвестри му додели благодарница за поддршката и успешната соработка, а директорот на БЈБ Сашо Тасевски му додели благодарница за поддршката и успешната соработка на Масимо Пани, претставник од Делегацијата на ЕУ во земјава. [embed]

Македонија | пред 4 години

trosoci

Трошоците на живот зголемени за 3,7, а цените на мало за 5,6 отсто

Трошоците на животот во септември годинава, во однос на септември лани бележат зголемување од 3,7 отсто, а цените на мало од 5,6 проценти.Според податоците на Државниот завод за статистика, трошоците на животот во септември во споредба со претходниот месец се помали за 0.1, а цените на мало за 0.5 отсто.Намалување на индексите на трошоците на животот е забележано кај свежото и разладеното овошје за 4.4 и млекото за 0.3 проценти.Исто така, намалување на трошоците на животот е забележано и кај воздухопловниот патнички транспорт за 9.4 проценти, туристичките пакет-аранжмани за 9.3 проценти, услугите за сместување за 3.3 проценти, книгите за 1.2 проценти, накитот, часовниците и рачните часовници за 0.9 проценти, информатичката опрема за обработка на податоците за 0.6 проценти, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики, електричните апарати за лична хигиена за 0.5 проценти, обувките за 0.3 проценти и моторните возила за 0.2 проценти.Пораст на трошоците на животот во септември има кај свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 2.5 проценти, пивото за 0.7 проценти, рибата и морските плодови за 0.4 проценту, маслото и маснотиите, мебелот и покуќнината за 0.2 проценти.Во септември пораст на трошоците на животот е забележан и кај медиумите за снимање за 3.1 процент, канцеларискиот материјал и материјалите за цртање за 2.9 процент, гасот за домаќинствата за 2.2 процент, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 1.3 проценти, цврстите горива за домаќинствата за 1.2 проценти, игрите, играчките и хобијата за 1.0 процент, поправките на мебелот, покуќнината и покривките за подот, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 0.8 процент, течните горива за домаќинствата, поправките на апаратите за домаќинствата, другите медицински производи за 0.7 проценти, велосипедите, градините, растенијата и цвеќињата, фризерските салони и центрите за разубавување за 0.6 проценти, текстилот за домаќинствата, малите алатки и останатите додатоци за 0.3 проценти, материјалите за одржување и поправки на живеалиштето, големите електрични апарати за домаќинствата, малите електрични апарати за домаќинствата, фармацевтските производи, рестораните и кафулињата за 0.2 проценти.извор MIA

Македонија | пред 4 години

07102021_PVRSM_FondacijaNebregovo-1

Заев на средбата со секретарот на Фондацијата „Небрегово“

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев го прими секретарот на Фондацијата за македонски јазик „Небрегово“, Атанас Конески.Атанас Конески на средбата, во име на фондацијата „Небрегово“, на премиерот Заев му врачи плакета и признание како изрази на благодарност за неговата лична посветеност во поддршката на активностите на фондацијата за афирмација на животот и делото на Блаже Конески и за реализација на активностите за таа цел кои што се вклучени во Националната програма за одбележување на 100 годишнината од раѓањето на Конески.Секретарот на Фондацијата „Небрегово“ Атанас Конески на премиерот Заев му ги врачи и изданијата на фондацијата предвидени со програмата, меѓу кои централно место имаат изданијата „По повод најновиот напад на нашиот јазик“, што е всушност реиздание на истоименото дело на академик Конески објавено во 1948 година, потоа репринтот на публикацијата „Граматичарот Конески“ по повод 65-годишнината од првото издание на граматиката на академик Конески, како и книгите „Конески инспирира и мотивира“, и „Македонската литература и македонскиот литературен јазик“, од Блаже Конески.Премиерот Заев на средбата истакна дека Владата на Северна Македонија, заедно со Министерството за култура останува целосно посветена на реализацијата на севкупната програма за одбележување на 100 годишнината од раѓањето на Блаже Конески.„Блаже Конески со своето дело ги задолжи сите генерации да го чествуваат неговиот придонес за македонскиот јазик, неговото останато научно дело, неговата поезија, неговата културна и национална мисија, кои ги претставуваат највисоките и највозвишените богатства на македонскиот и на другите народи во земјата“, рече на средбата премиерот Заев, и додаде дека научното и литературното дело што Конески го остави зад себе засекогаш ќе ги исполнува со љубов и љубопитство, со постојан интерес за истражување на сегашните и идните поколенија научници, поети, и најважно од сѐ вљубениците во вистината и литературата.

Македонија | пред 4 години

mizrahi

Мизрахи: Ако Филипче не си поднесе неотповиклива оставка ќе докаже дека оставката до Заев била фарса

Ако Филипче не си поднесе неотповиклива оставка и не си замине веднаш ќе докаже дека оставката до Заев била само фарса.Четири недели јавноста чекаше да добие одговори. Четири недели немаше реакција од институциите. Насекаде во светот за вакви инциденти и далеку помали од овие оставките се даваат уште првиот ден. Само Венко Филипче наместо да си замине реши да глуми.Сите институции делуваа во насока на заштита на Венко Филипче. ЈО наместо веднаш да ги повика на давање на искази и Филипче и Хасани цел месец се занимава со роднините на починатите. Истрагата се држи ниско без воопшто да се викне некој одговорен во институцијата вели Мизрахи и додава:Филипче нема одговорност, без разлика дали причина за пожарот бил кабел, некој штекер, полнач за телефон или некој друг електронски уред кој ќе му текне на Заев.Болницата во Тетово воопшто немала потреба од модуларна болница зошто истата располага со два спрата објект во цврста градба во склоп на истата кој што само требало да биде опремен со медицинска опрема и ќе бил спремен за прифаќање на пациенти, но наспроти тоа Филипче се решил да прави профит на Анѓушев и монтирал картонска болница во Тетово.Таквата модуларна болница не ги исполнува основните градежни стандарди ниту за резистентност на пожар од десетина минути, туку самата изгоре само за 3 минути. Болницата наместо од огноотпорни материјали е изградена од ПУР панели, кои се високо запаливи и при најмало изложување на оган.Дополнително болницата немала одобрение за пуштање во употреба, туку е пуштена во употреба онака на диво.Приклучоците за довод на кислород и струја се правени откако е предадена модуларната болница во употреба, и нема првичен план за такви приклучоци, туку тие се правени дополнително.Самиот процес на постапување, вградените материјали и употребата на истите е крајно сомнителен и скандалозен. По ниту едно од поставените прашања на јавноста Филипче не одговори, ниту е повикан во ЈО да даде исказ.Затоа ВМРО-ДПМНЕ побара собраниска седница на која ќе се расправа Извештајот, затоа што власта по секоја цена го спасува Филипче од институционализација на случајот.И Заев и Филипче треба да знаат дека одговорност за овој случај не можат да избегнат и одговорност ќе има,изјави Мизрахи

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања