Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

filipce-venko

Во Романија цела влада си даде оставка, а за Филипче кабелот е виновен, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

Во Романија цела влада си даде оставка, а Филипче за 14 жртви вели кабелот е виновен, вели ВМРО-ДПМНЕ.„Насекаде во светот после поголема трагедија или несреќа која се случува во определен ресор, министерот, а некогаш и цела влада си дава оставка, само Филипче бега од одговорност и со Заев го обвинуваат кабелот.Многу министри низ светот и функционери кога поднесувале неотповикливи оставки можеле да најдат изговори, но сите имале морал и не го направиле тоа.Филипче ќе остане запаметен како единствен министер кој после тешка несреќа во ресорот кој го води наместо да понесе одговорност прави театар со лажна оставка.Филипче треба да знае дека среќата која ја чувствува моментално заради спасената фотелја нема долго да му трае. Одговорност за трагедијата од Тетово ќе има. Колку и Заев да се труди да врши притисок врз органите на прогонот сега, веднаш по ослободувањето на системот од хибридниот режим ќе има одговорност за сите од прв до последен, вклучувајќи го и Филипче“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 4 години

avtopat-koli-3

Сообраќајот се одвива по влажни коловози.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози.„Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони“, велат од АМСМ.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-10-08-084800

Скандалозна анкета за основци во Битола со сексуални прашања

Шокантни прашања во анкета за деца кои посетуваат основно училиште во Битола, од типот: Дали сте сликале сцена со сексуална содржина во соблекувална или тоалет и дали сте ја објавиле на интернет?; Дали сте имале сексуални односи со лица постари од вас?; Колку заработуваат твоите родители?, Дали твоите родители се алкохоличари, објави телевизија 24.Ова за телевизијата го тврди претседателката на Советот на родители од основното училиште „Климент Охридски“ во Битола. Таа вели дека на родителите претходно им била побарана согласност за анкетата, но таа била претставена како прашалник за насилство во училиштата. Откако дел од учениците им ги кажале прашањата, родителите побарале увид во анкетите, но училиштето ги одбило.Според родителите, ваквите прашања се несоодветни за деца на таа возраст. Од училиштето пак потврдуваат дека била спроведена анкета за врсничкото насилство, но демантираат дека во анкетата биле користени прашања за сексуални активности со возрасни.

Македонија | пред 4 години

242540359_2671098966532615_4411733976704507129_n

Шилегов ги копира проектите на ВМРО-ДПМНЕ, обвинува партијата

Шилегов е повторувач и препишувач, нема свои проекти и ги копира и се фали со тие на ВМРО-ДПМНЕ. Со денови Шилегов ги копира проектите на Данела и половично ги презема презентирајќи ги како свои. Но Шилегов не застана тука, туку почна да презентира и проекти кои ВМРО-ДПМНЕ ги реализирало како свои, обвинува опозицијата.„Подземната сообраќајница кај Јужен Булевар во која Шилегов се слика, а е дел од обврската која ја презема „Лимак“, како надомест за изградба на станбено деловен комплекс над истата е проект на ВМРО-ДПМНЕ и Коце Трајановски кои го договорија проектот.Шилегов вчера се фалеше и со турбо кружниот тек кај Момин поток, кој е презентиран од Коце Трајановски во 2017 година, а за кој е оставена и целосна документација.Жално за Скопје е што Шилегов и после 4 години мандат нема направено ништо па мора да се фали со проекти на ВМРО-ДПМНЕ.Веднаш по изборите и промената на градската власт, повторно ќе продолжат делата и проектите, како во Скопје, така и во сите општини низ Македонија“, се вели во соопштението.

Скопје | пред 4 години

Eurokompozit-1

Украдено оружје од фабрика во Прилеп, фалат зољи

Пред два дена било украдено оружје од фабриката Еурокомпозит во Прилеп, која не работи веќе две години, а неколку месеци објектите и магацините се оставени без никакво обезбедување на милост и немилост на криминалците, јави Сител.Од МВР не кажуваат каков вид на оружје е украдено, а вработените велат дека се работи за зољи и средства кои се употребуваат против оклопни возила. Од вчера после оваа кражба полицијата повторно ја обезбедува фабриката.„Но ние немаме пристап до фирмата за да видиме колку оружје е украдено. Се работи за некои зољи и оружја од армијата. Ние се сомневаме дека раководството ги прави овие кражби. Затоа што обични граѓани не знааат ниту каде се тие магацини, ниту пак како да се влезе таму. Се работи за зграда во која што е влезено на први и на трети спрат,токму таму каде што е оружјето. Во фабрикава има и оружје и муниција, репроматеријали, има огромни штети направено, а ако продолжат вака ќе се направи уште поголема штета“, вели Роберт Богданоски, вработен во Еурокомпозит.Претходно беше украдена трафостаницата со што била направена штета од околу 300.000 евра. Во овој момент некој и да сака не може повеќе да пушти електрична енергија во фабриката.

Македонија | пред 4 години

koronavirus-korona-kovid-test

Симптоми на продолжениот ковид

Продолжениот ковид трае најмалку два месеци и најчесто се јавува кај луѓе помлади од 65 години. Како се препознава оваа состојба?Светската здравствена организација (СЗО) оваа недела објави дефиниција за продолжен ковид, термин што се користи за да се опишат постојаните здравствени проблеми што ги доживуваат луѓето кои имале коронавирус.Според „Ројтерс“, научниците сѐ уште работат на разбирање на овој синдром.СЗО го дефинира продолжениот ковид како состојба со најмалку еден симптом што обично започнува да се појавува во рок од три месеци од почетокот на потврдената или веројатна инфекција со коронавирус и трае најмалку два месеци.Меѓу најчестите симптоми се замор, отежнато дишење и когнитивни проблеми.Други симптоми се болка во градите, проблеми со чувството за мирис или вкус, мускулна слабост и брзо чукање на срцето.„Ројтерс“ наведува дека точниот број на луѓе погодени од оваа состојба сѐ уште не е познат.Студија на Универзитетот во Оксфорд, во која биле вклучени повеќе од 270.000 луѓе кои биле заболени од коронавирус, откри барем еден симптом во 37 проценти од случаите, при што симптомите се почести кај луѓето на кои им била потребна хоспитализација.Американскиот центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) наведува дека се потребни повеќе истражувања за да се утврдат ефектите од вакцинацијата врз оваа состојба.

Актуелно | пред 4 години

Нема фотографија

Студено со врнежи од дожд

Времето ќе биде облачно и студено со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од североисточен правец, информира УХМР.Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13, а максималната од 9 до 15 степени.Во Скопје облачно со повремен дожд и со слаб североисточен правец. Минималната температура ќе биде 11, а максималната ќе достигне до 13 степени.Под влијание на влажна воздушна маса и во следните денови времето ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд. Врнежите повремено ќе бидат пообилни, на места со пороен карактер и проследени со засилен ветер.

Македонија | пред 4 години

mickoski-miting-12341-danela

Заев ги создаде проблемите со Бугарија, смета Мицкоски

Заев ги создаде проблемите со Бугарија, а викаше дека ќе не внесе во ЕУ, само договорот да се потпише, рече Христијан Мицкоски претседател на ВМРО-ДПМНЕ на денешниот митинг во Валандово.Мицкоски додаде дека 5 години власта креира тензии во општеството преку амнестирање на криминалот заедно со нивниот коалициски партнер ДУИ, прашувајќи ги граѓаните дали донесе живот во Македонија, како што ветуваше.-52 месеци и речиси 5 години истите работи. Креира тензии во општеството преку амнестирање на криминалот и заедно со ДУИ се истото лице и опачина. Одговорете си самите има ли живот во Македонија? Донесе ли тој и СДСМ живот? Не, и тоа малку што остана го уништуваат, вели Мицкоски.

Македонија | пред 4 години

toni-mihajlovski

ВИДЕО: Михајловски заразен со коронавирус

Веста вечерва самиот ја соопшти Михајловски на социјалните мрежи.– Почитувани граѓани, за жал мора да ве известам дека на моето денешно тестирање од Ковид-19 излегов позитивен, вакциниран и почитувајки ги сите мерките за заштита на моето и вашето здравје сепак дојде до оваа несакана ситуација за секого. Мојот тим е на терен и работи за да ја донесеме долго очекуваната и заслужена промена во Куманово, рече Михајловски.

Македонија | пред 4 години

koronavirus-kovid-skopje

Немаме доволно ПЦР тестови на државно, вели др. Лазаров

Доктор Ненад Лазаров, специјалист од Скопје реагира на тоа што нема доволно тестови за детектирање на коронвирусот. Тој смета дека медицинарите не треба да молчат за овој проблем и гласно да зборуваат. Ова не е првпат тој да излезе јавно и да ги изнесе проблемите.„Немањето ни приближно доволно PCR тестови на државно е директен атак врз здравјето на народот и флагрантно кршење на човековите права! Ниту може рано да дијагностицираме ниту пак да изолираме, со тоа свесно и намерно се пушта цел народ низ вода, да го цитирам Ф: "да изгори епидемијата". Што да правам со симптоматски пациенти во тие неколку дена па и недела додека чекаат термин за тест??? Молкот на фелата е недозволив“, вели Лазаров.Тој сподели и искуство за крвни анализи.„Вчера 6ти Октомври, праќам ковид пациенти со ковид упат за крвни анлизи во поликлиника Јане Сандански. Им закажале боцкање на 22ри Октомври!“, напиша Лазаров.

Коментари | пред 4 години

vakcina-kovid-fajzer

„Фајзер“ бара дозвола за вакцинација на деца од 5 до 11 години

„Фајзер“ побара од американската влада дозвола за имунизација со вакцината против коронавирус за деца на возраст од 5 до 11 години, што ќе биде голем чекор во борбата против големиот пораст на инфекции кај младите луѓе и ќе помогне училиштата да останат отворени.Многу родители и педијатри бараат заштита за децата под 12-годишна возраст, што е сегашната граница за вакцинација против Ковид-19 во САД.Агенцијата за храна и лекови ќе треба да одлучи дали има доволно докази дека вакцината е безбедна и ефикасна кај помалите деца како кај тинејџерите и возрасните. Независен експертски совет ќе расправа за одобрување на вакцината за деца под 12 години на 26 октомври.„Фајзер“ и неговиот германски партнер „Бионтек“ соопштија дека нивното истражување покажува дека помалите деца треба да добијат третина од дозата што сега им се дава на сите други.

пред 4 години

Нема фотографија

Спасовски во Бутел: Смилевски е најдобриот избор, проектите кои се реализирани го потврдуваат тоа

Велимир Смилевски за четири години докажа дека е најдобриот избор што Бутел го има направено. Градоначалник кој е вистински пример за соработка на локалната, градската и централната власт, планирање и реализација на проекти. Булеварот „Босна и Херцеговина“ е препрасен пример за ова.Капитален проект на развиена патна инфраструктура кој отвора нови можности за реализирани за инвестиции на многу компании во општината. Индустриската зона „Визбегово“ се реализираше фекална канализација, изградба на нова водоводна мрежа, многу бргу ќе се гради нов училишен објект во Визбегово, за кого е отпочната тендерската постапка. Фискултурна сала во ООУ Лиман Каба во Љуботен, нова детска градинка Св.Климент Охридски, ново кошаркарско игралиште во училиштето „Петар Здравковски - Пенко“. Реконструкција на многу локални патишта низ населбата. Бутел ќе ја добие најголемата социјална зграда со 312 станови за своите жители. Со Велимир, Бутел стана општина која подава рака на сите, на граѓаните, на работниците, на младите, на сите.Поддршката за Велимир Смилевски како кандидат за градоначалник и Оливера Ливриниќ како носител на листата за советници е поддршка на граѓаните за себе, за избор на проектите наспроти избор за поделбите, избор за транспарентна работа наспроти враќање кон режимските кадри и политики.Велимир Смилевски е најдоброто за Бутел.

Скопје | пред 4 години

sasa

(ВИДЕО) Жестока расправија: На Поповиќ му се свиѓа Цеца, ама не и како говори

Во новата емисија на „Ѕвездите на гранд“ Саша Поповиќ беше воодушевен од изгледот на фолк пејачката Цеца.„Ти кажа ли некој дека вечерва изгледаш феноменално“, рече Саша.Но подоцна во емисијата Цеца влезе во расправија со Поповиќ.„Додека пеам, дали треба на луѓето да им ставам превод? Тома Здравковиќ, каква дикција имаше додека ги пееше своите песни?“, истакна Цеца.

Магазин | пред 4 години

viber_image_2021-10-07_18-16-47-429

Шилегов: Приоритетите на граѓаните и бизнис заедницата секогаш ни се на прво место

Вечерва во Визбегово, градоначалник Шилегов, одржа состанок со бизнис заедницата од Визбегово. На состанокот присуствуваше и градоналачникот на Бутел, Велимир Смилевски.На средбата, стопанствениците од Визбегово на Шилегов му ја предочија голема важност за изградбата на клучката на булеварот Словенија, каде наскоро ќе започнат градежните работи. Со клучката и пробивањето на булеварот Словенија до Волково и Хасан Приштина до обиколницата во правец на Косово, ќе се овозможи посилен економски развој на овој дел од градот.„Со изградбата и проширувањето на булеварот Никола Карев, како и со изградбата на мегапроектот кај Момин Поток, се отвораат големи можност за нови работни места и подобрување на локалнатаекономија во Визбегово. Како градоначалник на Град Скопје потенцирав дека ќе продолжиме со вложувањата во инфраструктурата затоа што приоритетите на граѓаните и бизнис заедницата секогашни се на прво место“, посочи Шилегов на состанокот.

Скопје | пред 4 години

244375344_2928148067453648_5105145864062653143_n

ФОТО: Стојкоски со граѓаните и спортистите: Најдобар начин за да допреме до секој жител и да размениме мислење

Квалитетен живот и остварување на ветеното се главните барања на жителите во Ѓорче Петров, смета Александар Стојкоски, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за општината. Тој и неговиот тим посетија илјадници домови ширум Ѓорче, отидоа во секое маало, населба, село. Според нив, тоа е најдобар начин за комуникација со граѓаните кои ќе го практикуваат и по доаѓањето на чело на општината.„Непосредниот контакт е најдобар начин да размениме мислење и да допреме до секој еден жител. Денес зградите кај Јурија, одличен прием! Продолжуваме без запирање до победата!“, напиша Стојкоски на „Фејсбук“.Претходно тој беше и во Хром, каде разговараше со граѓаните, кој ја добија програмата, поставуваа прашања и добиваа одговори.„Победнички Хром“, смета Стојкоски.Кандидатот Стојкоски се сретна и со дел од спортистите во Ѓорче. Заедно со него, беа и носителот на советничката листа Ленче Нелоска, како и пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски.„Поддршка кон младите и спортот, преку ракометот - спортот со кој и јас растев. Средбата со ракометарките и стручниот штаб на РК Ѓорче Петров - - ЖРК помина одлично. Среќа е да се гледаат овие млади успешни спортисти, со ентузијазам и ведар дух, кои го даваат максимумот на теренот“, напиша тој.

Скопје | пред 4 години

Nikoloski2

Проблемот со Бугарија ќе се реши за едно попладне, ако ЕУ сака Македонија да почне преговори, вели Николоски

„Кога стигаат лоши вести и од Македонија и од соседните земји тогаш и паѓа поддршката на јавното мислење во европските држави за проширување, тоа е и вистината. Но, вистината е и дека не треба да се лаже дома. Затоа што слушаме четири години дома дека не овој вторник, туку другата среда, не овој јуни, туку другиот јуни, па октомври, па не октомври туку декември ќе добиеме датум. Јас не сум многу среќен што ова ќе го кажам, но државата уназадува. Јас сум првиот кој што говореше дека ова ќе се случи. И тоа го кажав уште пролетта 2018-тата година, тука во Канал 5 беше кажав дека нема да има датум за почеток на преговори за Македонија со ЕУ“, истакна Aлександар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија.„Зоран Заев го напаѓа преку своите блиски луѓе Оливер Вархеји, комесарот за проширување, еден тон колумни му изнапишаа овие поеташиве на Заев. После тоа очекуваат да го поддржи. Го напаѓаат Јанез Јанша, после седнува со Јанша да договара за проширување. Што мисли Заев дека тие немаат овдека амбасади, немаат ЕУ тука делегација, не им ги преведуваат, не им ги пуштаат текстовите“, запраша Николоски.Николоски посочи дека Бугарија не е единствената пречка на Македонија да започне преговори со ЕУ.„Имаше едно интервју за еден македонски медиум Јоргос Катругалос кој скоро беше министер за надворешни работи на Грција, значи не е слуачен човек, сега е пратеник во грчкиот Парламент и шеф на грчката делегација во Совет на Европа, каде што многу прецизно кажува дека не е само Бугарија проблемот“, рече Николоски.„Да бидеме искрени и реални доколку клучните земји во ЕУ сметаат дека Македонија треба да почне преговори ќе го решеа проблемот со Бугарија за едно попладне или едно претпладне. И тоа се знае како се прави, ќе пуштеа едно до двајца дипломатски булдожери во Софија и во рок од неколку часа проблемот ќе беше решен“, појасни Николоски.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

„Нетфликс“ ќе го тргне телефонот што се појавува во серијата „Игра со лигни“, жена се жали дека сите и се јавуваат

Продукциската куќа „Нетфликс“ најави дека ќе го смени телефонскиот број што се појавува во неколку сцени од хит-серијата Squid Game, откако една жена се пожали дека се соочува со лавина повици кон нејзиниот мобилен телефон.Јужнокорејската драма се фокусира на натпреварувачи кои треба да се јават на телефон за да учествуваат во детски игри на живот и смрт за пари. Во неколку сцени, е прикажан телефонски број видлив на визит-картичка. Иако повеќето серии користат лажни броеви, креаторите на „Игра со лигни“ случајно искористиле вистински број што ѝ припаѓа на една жена од Јужна Кореја, која секојдневно примала илјадници повици.Деловна жена во Сеонџу, југоисточна Јужна Кореја, изјавила дека бројот кој се појавува на екранот е всушност нејзиниот телефон – и била преплавена со барања за игра.Таа за локалните медиуми рекла: „Примав илјадници пораки и повици на мојот телефон до тој степен што ми е тешко да продолжам со секојдневниот живот“.„Ова е број што го користам повеќе од 10 години, така што сум изненадена. Има повеќе од 4.000 броеви што морав да ги избришам од мојот телефон”, рече таа за Money Today.„Отпрвин не знаев зошто, но мојот пријател ми рече дека мојот број се појавил во Squid Game и тогаш сфатив.“Локалните медиуми пишуваат дека таа ги одбила понудите за надомест во висина од пет милиони вони (4.178 долари).Серијата стана популарна низ светот по премиерата на „Нетфликс“ минатиот месец и се смета дека е најуспешната серија досега.

Магазин | пред 4 години

Screenshot_2

(ВИДЕО) Стојкоски промовира Ѓорче без кал со нови градинки, сообраќајници и зелени површини

Александар Стојкоски, кандидат за градоначалник на Ѓорче Петров од ВМРО-ДПМНЕ преку промотивен видео спот презентираше како ќе изгледа општината со неговото доаѓање на градоначалничката функција, како менаџер кој ќе ги исполнува барањата на граѓаните. Како што наведува, откако жителите посочиле какви проблеми имаат, тој понуди решенија. Гарантира дека ќе ги исполни сите ветувања, кои нема да останат само предизборна програма.„Гарантираме квалитетна иднина за сите во Ѓорче Петров и решенија за проблемите на граѓаните. Со проектот ‘Ѓорче без кал’ буквално сите улици ќе добијат асфалт и улично осветлување. Ќе ги зголемиме капацитетите на постоечките градинки, а ќе изградиме и две нови нови, од кои едната во срцето на Ѓорче Петров. За подобра комуникација, ќе има нови директни сообраќајници од Даме Груев кон Волково, преку Стопански двор и Ново Село“, посочи Стојкоски.Тој додаде дека во општината ќе има и нови пешачки и вело патеки. Ветува и реализирање на спортско-рекреативен центар во Хром.„Ќе подигнеме над 20.000 метри квадратни нови зелени површини во Мирче Ацев, Волково, Даме Груев и во секое маало на Ѓорче. Доаѓаат подобри времиња во Ѓорче Петров. Разгледајте ја програмата. Ние ги исполнуваме нашите ветувања“, додава Стојкоски.

Скопје | пред 4 години

stevce-jakimovski-750x430-1

На игралиштето „Сокол“ ќе се игра и кога ќе врне и кога ќе вее, најави Стевчо Јакимовски

Кандидатот на ГРОМ за градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, денеска најави реновирање и покривање на спортското игралиште „Сокол“ во Карпош 1 за да може, како што рече, да се користи во сите годишни времиња и под сите временски услови.Култното игралиште исто така ќе добие вештачка трева и нови трибини, најави Јакимовски.– На култното игралиште „Сокол“ ќе се игра и кога ќе врне и кога ќе вее. Ова игралиште овде ќе го покриеме ќе ставиме вештачка трева ќе направиме уште подобри трибини за да можат младите да играат и кога паѓа дожд и кога врне снег и сето тоа ќе биде на терет на општината – изјави Јакимовски.

Скопје | пред 4 години

46317741_255773971764209_8357199638603759616_o

Мерко асфалтирањата ги прави како ’мачката со опашката‘, обвинува Алијанса за Албнаците

Овие денови, сведоци сме на една еуфорија на асфалтирања од страна на Општина Струга и Рамиз Мерко. Иако сме на сред изборна кампања и без законско право, актуелниот градоначалник на општината започнал асфалтирање на улици и улички без никаков критериум, без никаков стандард, некаде по два, а некада по четири сантиметри дебелина, со единствена цел за да ги залаже граѓаните на почетокот на изборите и само за придобивка на уште еден дополнителен глас, реагираше Алијанса за Албанците преку соопштение.„Кога намерите се лоши, плановите пропаѓаат и природата те засрамува. Дождот што почна да врне и што продолжува во текот на целиот ден, ги извади на површина сите измами на Рамиз Мерко. Милиони денари, стотици илјади евра на граѓаните на Струга се потрошија залудно, бидејќи асфалтирањата се прават непрофесионално, како ’мачката со опашката‘. Само со една прошетка низ улиците на градот ќе забележите дека новите асфалтирани улици за време на предизборната кампања се преполни со вода и се непроодни, невозможно е граѓаните да поминат по улиците. Ова предизвикува хаос во сообраќајот и големи пречки во движењето на граѓаните. Затоа, немојте да дозволите да бидете измамени сега. Немојте да им верувате на тие што во текот на нивните три мандати станаа провесионалци за измами. Уште малку денови останаа и Струга ќе дише слободно. Конечно ќе се ослободи од неодговорните лица, коишто единствено се збогатија на сметка на граѓаните и институциите ги третираат како да се нивна лична сопственост. Ништо повеќе. На 17 октомври, без многу врева, со насмевка на лицето и со кренати глави, заокружете го бројот шест, гласајте чисто и да го ослободиме нашиот убав град Струга“, се вели во партиското соопштение на Алијанса за Албанците.

Македонија | пред 4 години

51526704661_1990f1f880_c

Родителите што им наметнуваат печатени учебници им штетат на децата, вели Царовска,

МВР има укажувања, а и постапувања каде што се прекршени материјалните права на авторите и на издавачите на учебници, изјави министерката за образование и наука Мила Царовска одговарајќи на новинарско прашање дали МОН е информирано дека во некои книжарници се продаваат комплет учебници за четврто одделение за кое од оваа година треба да се употребуваат дигитални.– Биро за развој на образованието нема издадено одобрение на никого за печатење примероци. Ако ми посочите каде се наоѓаат, тогаш јас тоа директно би го пријавила во Министетството за внатрешни работи како што направив и во претходни случаи кога имав сознанија дека такво нешто се случило и каде што имаше постапување – рече Царовска.Таа додава дека просветните инспектори се постојано на терен за да контролираат дали се користат фотокопирани учебници за четвртоодделенците апелирајќи да се користат дигиталните верзии.Царовска повтори дека учебниците се бесплатни и се достапни на e-biblioteka.gov.mk и треба да се користат во дигитална верзија затоа што, рече. тоа е од највисок интерес на учениците и процесот на нивно дигитално описменување и за следење на наставни содржини проследени со мултимедија и квизови кои ги нема во печатената верзија.– Секој родител кој се обидува на ученикот да му наметне печатен учебник прави штета, не му прави добро, затоа што користење дигитални улчебници е свесно поставено така за да добиеме и подобра дигитална псименост, но и да им посочиме на учениците дека користењето електронски уреди не се само за играње, туку се и места за учење и примање знаење – истакна Царовска.Печатени верзии на учебниците МОН има набавено 20 отсто од вкупниот потребен тираж и ги има платено и пратено до училиштата за да се обезбедат учениците кои немаат електрична енергија дома да може да ги имаат кај себе, а одреден број примероци и за користење во училишните библиотеки.– За сите останати, МОН набави дигитални уреди, таблети, и околу 3500 до денеска се дистрибуирани и на располагање на општините им се уште 6500 од вкупно 10.000 набавени. Тоа значи дека секој ученик треба да има пристап до дигитален уред освен оние коишто немаат електрична енергија во домашни услови и за нив се обезбедени печатени – додаде министерката.

Македонија | пред 4 години

2-6

Носачи на вакцини и 1250 тестови од СЗО за Министерство за здравство

Канцеларијата на СЗО во Северна Македонија денеска до Министерството за здравство/Институтот за јавно здравје достави пет носачи на вакцини и 1250 тестови и реагенси за секвенционирање вируси, во рамки на тековниот одговор на Ковид-19.Целта е да се придонесе за ефективен одговор на Ковид-19 во земјава.Како интегрален дел на складирањето на вакцините во ладен синџир, носачите на вакцини претставуваат кутии со изолација што се користат за транспорт на вакцини и разредувачи до локации на терен, како и за привремено складирање во текот на изведувањето на имунизацијата во здравствените установи, со што се одржува потребната температура за складирање и се задржува квалитетот на вакцините.Џихан Тавила, претставничка на СЗО во Северна Македонија, истакна дека подобрувањето на инфраструктурата на ладниот синџир ќе помогне вакцините што спасуваат животи, како вакцините против Ковид-19, така и редовните вакцини, да стигнат до оние на кои им се најпотребни.„Покрај ладниот синџир, СЗО ги поддржува и сите други аспекти за зајакнување на имунизацијата, вклучително и градењетo на капацитетите на работниците во јавното здравство, здравствените работници кои ја вршат вакцинацијата, педијатрите, матичните доктори и останатите здравствени работници, преку прилагодени курсеви за обука за вакцинацијата“, додаде Тавила.Таа ги охрабри сите целосно да се вакцинираат и да се придржуваат на јавноздравствените и социјалните мерки, бидејќи, како што рече, сите тие се од клучно значење за завршувањето на пандемијата и забрзувањето на закрепнувањето на глобално ниво.Набавката на опремата и имплементацијата на проектот се поддржани од Германија и Центарот за превенција и контрола на болести на САД

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

2 нови паркови за домашни миленици вети Оливер Зафировски

Кандидатот за градоначалник на Општина Карпош Оливер Зафировски денес промовираше проект за изградба на 2 нови парка за миленици во Карпош. Во консултација со граѓаните, активистите и здруженијата за заштита на правата на животните тој понуди неколку идеи кои се дел од неговата програма:- Системско решение за подигнување на свеста кај сите граѓани за односот конживотните- заедничко организирање настани за љубители на миленици во општина Карпош- акции за вдомување на миленициТој порача дека милениците се тие кои играат улога на социјални помагачи, позитивно влијаат на нашето психофизичко здравје, се користат како терапија за многу специфични болести, го намалуваат стресот, а пред сè даваат многу љубов. Токму затоа согласно барањата на граѓаните и здруженијата освен горе наброентие ке се преземат уште многу други и активности.

Скопје | пред 4 години

panovski

„Не ги малтретирајте прележаните!“, Пановски со апел до здравствените власти

Mикробиологот Никола Пановски, со апел до здравствените власти да не ги малтретираат лицата кои прележале коронавирус, и да им дадат рок од 12 месеци да се вакцинираат.-Досега, за 18 месеци од почетокот на пандемијата, починале 5 лица претходно прележани, а за 6 месеци од вакциналната кампања кај нас починале скоро 200 комплетно вакцинирани. Министре Филипче и премиеру Заев, уште ли верувате дека вакцината штити подобро од природното прележување? Извинете се и сменете ги „врвните експерти“ кои ве убедија во таа глупост“, пишува Пановски во колумна на платформата „Окружење“.

Коментари | пред 4 години

Нема фотографија

Почина фолк пејачот Васил Атанасов

Почина познатиот фолк пејач Васил Атанасов, кој на македонската јавност ќе остане запаметен по безвременскиот хит „Кој не раздели“. Веста за смртта на Васил ја објави сестра му Ленка на неговиот Фејсбук профил.-На брат ми пред една години му го оперираа вратот по што веќе не можеше да оди, функционираше во количка. Јас и мојта внука Аница не го оставивме сам. Потоа доби шекер, па од шекерот му се оштетија бубрезите. Веќе три недели лежеше во болница во Лудвигзбург, јас и Анкица постојано бевме со него, по три пати во денот одевме да го храниме, самиот не можеше ниту да јаде ниту да пие. Синојка по вечерата брат ми падна во кома, а утрово во пет часот ни се јавија да ни кажат дека брат ми починал, му откажале бубрезите. Нема да биде донесен во Македонија, ќе биде погребан тука Нека почива во мир и нека го пречекаат ангелите, напиша таа.

Магазин | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања