Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

Нема фотографија

4. Конференција за е-трговија со експерти од „Вибер“, „Алибаба“ и „Спотифај“

Подготовките за најголемата конференција за е-трговија во Македонија, која оваа година по четврти пат ќе се одржи на 12 ноември под мотото „Ready, set, grow!”, се во полн ек.И годинава, конференцијата за е-трговија ќе биде место каде што сите присутни ќе можат да ги прошират своите знаења во областа на е-трговијата, како и да се запознаат со домашните и странски експерти од областа на е-трговијата, дигитализацијата, е-плаќањата и дигиталниот маркетинг.Во, досега најбогатата програма, конференцијата ќе биде домаќин на преку 25 домашни и странски експерти од 10 различни држави во светот, кои ќе го пренесат своето искуство и знаење преку клучни говори, панел дискусии и неформални разговори, на различни теми поврзани со можностите за раст на бизнисите во е-трговија, по многубројните адаптации што беа направени речиси во сите сфери на работењето, како одговор на глобалната пандемија.Директно од големиот светски гигант Алибаба („Alibaba Group“), на конференцијата ќе говори директорката за глобални клучни клиенти, Шарон Гаи, која ќе ја пренесе својата експертиза за развојот на социјалната е-трговија и лекциите научени од Кина. Своето искуство пред присутните ќе го претстави и Константин Костадинов од комуникациската платформа Вибер („Rakuten Viber“), кој работи како Директор на продажба за Централна и Југоисточна Европа и кој ќе зборува за моќта на апликациите за разговор и тоа како да ги вклучите корисниците и да постигнете успех со помош на дигиталниот маркетинг.Листата на еминентни говорници на конференцијата е збогатена и со претставник од можеби најпопуларниот бренд во музичката стриминг индустрија, Ана Горка, која како партнер за Балканот во Спотифај („Spotify“) на публиката ќе им ги доближи можностите за рекламирање на Спотифај и како тоа може да помогне за градење свест за вашиот бренд.Конференцијата годинава ќе се одржи во хибриден формат, односно учесниците ќе имаат можност да одберат дали преферираат учество на конференцијата со физичко присуство во хотел DoubleTree by Hilton, со следење на сите актуелни протоколи против ширење на пандемијата, или пак да ја следат конференцијата преку интернет, од удобноста на својот дом или на работно место.Картите веќе се пуштени во продажба по специјална цена од 199 евра за физичко присуство и 49 евра за онлајн следење на конференцијата.Генерален партнер на конференцијата и оваа година е Мастеркард, додека А1 Македонија е дигитален партнер, а Фондот за иновации и технолошки развој ја поддржува конференцијата како организациски партнер. Конференцијата е поддржана од голем број компании, а меѓу нив се Касис и Пејтен како златни спонзори оваа година.

Магазин | пред 4 години

kuzeska

Кузеска: Данела е против зголемувањето на минималната плата

СДСМ во изминатите четири години ја покачи минималната плата за над 6.000 денари, од 9.000 на 15.200 денари.Со враќањето на економијата во нормала по надминувањето на последиците од корона-кризата, по очигледниот раст на економијата, интенцијата е минималната плата до крајот на годината да изнесува 18.000 денари.Тоа е двојно или стопроцентно зголемување во однос на 2017 година, рече на прес-конференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.„И додека минималната плата постојано растеше, ВМРО-ДПМНЕ и нивни претставници се противеа на секој нов раст.Една од нив беше и Данела Арсовска, кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски за градоначалник на Скопје.Арсовска јавно се противеше против зголемувањето на минималната плата, го нарекуваше вештачко, обвинуваше дека тоа ќе довело до колапс на илјадници претпријатија, дека економијата наводно нема да може да го издржи тоа.‘Секој вештачки обид за зголемување на минималната плата за нас не е добар’, велеше Арсовска додека се противеше на зголемувањето на минималната плата.Затоа лицемерно Арсовска, кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, да се обрати на ‘Текстилијада’ и да зборува за работнички и женски права.Токму текстилните работнички имаа најголема придобивка од растот на минималната плата, затоа што вработените во оваа индустрија, како и вработените во кожарската и чевларската индустрија со години добиваа плати кои беа и под законскиот минимум, односно под 9.000 денари.Денес фактите ја демантираат Арсовска. Нема изгубени работни места поради повисока минимална плата, растот на БДП изнесува 13,1 отсто, а стапката на невработеност е на најниски 15.9 отсто.Арсовска е заинтересирана само за зголемување на приходите на бизнисмените, а не на работниците.Таа како и ВМРО-ДПМНЕ има проблем кога парите завршуваат назад кај граѓаните. Затоа на 17 октомври неа и ВМРО-ДПМНЕ ги очекува убедлив пораз кој ќе им го испорачаат граѓаните“, рече Кузеска.

Скопје | пред 4 години

VAN_6722

Патот Куманово - Страцин во завршна фаза

Денеска заменикот на претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, заедно со министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, ја пoсетија локацијата кадешто во тек е рехабилитацијата на магистралниот пат Куманово - Страцин.Рехабилитација е поделена на два дела, односно фази. Првата фаза е од Куманово до село Војник, во должина од 15,2 километри, во вредност од 4,7 милиони евра. Рехабилитацијата на оваа фаза завршува во јуни следната година. Втората фаза е од село Војник до Страцин, во должина од 16,6 километри, во вредност од 7,2 милиони евра, пари обезбедени преку Јавното претпријатие за државни патишта. Овој дел е веќе во завршна фаза и според динамиката се очекува во текот на следниот месец да биде комплетно завршена рехабилитацијата.„Како дел од паневропскиот Коридор 8, доизградбата и модернизацијата на магистралниот пат Куманово - Страцин е од витално значење не само за овој регион, туку и за целата држава. Поврзувањето на локалните и регионалните патишта со главните коридори за поврзување со соседните земји, а со тоа и со земјите од Европа, е наш стратешки приоритет! Токму овој Коридор е во фокусот и на Европска унија и е вклучен во Економскиот и инвестициски план на Европската Комисија за Западен Балкан, вклучително и за Северна Македонија“, рече вицепремиерот Николовски.Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски посочи дека изградбата на капиталните проекти се врвен приоритет на Владата.„Покажавме како се гради, како правилно и рационално се трошат буџетските средства, преку кои создаваме просперитетна држава со модерни патишта и силни општини. Капиталните инвестиции во ресорот Транспорт, токму тоа го покажуваат. Заклучно со третитот квартал, реализацијата на капиталните инвестиции се движат над 68% од основнот буџет на министерството, што покажуваат силна динамика во изградба на патиштата, водоводните и канализационите системи и гасификацијата. Тоа ни дава за право да испорачаме силна реализација на капиталните проекти до крај на годината“, рече министерот Бочварски.Вицепремиерот Николовски и министерот Бочварски, посочија дека во истокот и свероистокот како никогаш досега се реализираат крупни капитални инвестиции во патната инфраструктура. Се гради трета лента кон граничниот премин Деве Баир, изградбата на експресниот пат Крива Паланка - Ранковце, магистралниот пат кадешто сме во моментов Куманово - Страцин, изградбата на втората фаза од експресниот пат Штип - Радовиш, забрзано се гради патот Крупиште - Кочани. Веќе се пуштени во употреба патните правци Пробиштип - Крупиште и Штип - Крупиште.

Македонија | пред 4 години

lukarevska

Колку заработувале и нотари и извршители

Лице кое се родило во 2013 година е најмладиот милионер во 2020 година и истото остварило доход 1.016.947 денари (16.535 евра), а највозрасното лице кое остварило над еден милион денари приход било на возраст од 96 години со вкупен доход од 4.570.535 денари (74.317 евра) И кај двете лица најголемиот дел од приходот е остварен од закупнина, информираше денеска Сања Лукаревска, директорка на Управата за јавни приходи.Управата за календарската 2020 година изготвила и доставила пополнета Годишна даночна пријава, за 769.794 граѓани.Искажаниот годишен бруто доход во пријавите изнесува 331.146.120.469 денари, а пресметаниот данок на личен доход е во износ од и 19.607.095.073 денари.За 40 021 граѓани утврден е бруто-доход над 1 милион денари, додека најголемиот број на граѓани односно 616.024, оствариле бруто-доход кој се движи од 100 илјади до 1 милион денари. Во однос на 2019 година има зголемување во врвните прагови, односно 11 граѓани во 2020 оствариле над 100 милиони денари а 557 граѓани оствариле приходи во прагот од 10 до 100 милиони денари.Во 2020 година Скопјанка пријавила 453.110.019 (7,4 милиони евра) годишен бруто доход.Највисоката годишна бруто плата во 2020 година исплатена е на граѓанин од Струга. Платата е остварена во индустријата со метали и изнесува 105.200.322 денари. На листата на највисоко рангирани бруто плати се најдоа и платите исплатени во секторот здравство, аптеки, одгледување на добиток,трговија со тутун и игри на среќа. Највисокото лично примање изнесува 63.263.316,00 денари на годишно ниво за извршени услуги кон компанија за производство на алкохолни и безалкохолни пијалоци.Највисоката капитална добивка 151.630.289,00 денари остварена е од граѓанин на Скопје од продажба на сопственички удел, додека највисоката исплатена дивиденда е во износ од 306.304.450,00денари и исплатена е на граѓанин на Скопје кој е сопственик на бизнис кој припаѓа на дејностите на трговија со автомобили и моторни возила.И во 2020 година од самостојното вршење на дејност Скопјани доминираат на листата со доход по овој основ, од кој највисокиот изнесува 73.575.500 денари. Во 10-те топ рангирани на листата се наоѓаат адвокати, нотари, извршители, угостители, електроинсталатори и производители на амбалажи од хартија. Највисок доход од продажба на земјоделски производи во износ од 32.211.004 денари остварил жител на Ресен.Прво-рангираниот пензионер е од Скопје кој пријавува странска пензија која изнесува 5.811.143 денари.Годишните даночни пријави се изготвени врз основа на податоците од пресметките за исплата на доход поднесени од страна на исплатувачите, од пресметките во кои граѓаните пријавиле дека оствариле доходот од други физички лица и од странство, врз основа на податоците од годишниот даночен биланс како и паушално утврдениот нето доход од вршење самостојна дејност.

Македонија | пред 4 години

20211008124620

Пелистер под снег

Првиот есенски снег ја побеле планината Баба и врвот Пелистер. Ниските температури во Македонија придонесоа да заснежи на повисоките места, таму температурата е под нулата.Според метеоролозите дождот на пониските места ќе потрае и во текот на викендот и наредната недела, а снег сеочекува на повисоките места.

Македонија | пред 4 години

stojance-cuk

Каналите се исчистени, постојат можности од поплави, вели Стојанче Ангелов

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов на денешната прес – конференција информира дека вчера имале состанок со сите надлежни, и ја разгледале состојбата со одводните канали.-Заклучокот е дека најголем дел од примарните канали се исчистени, останува мал дел од нив да бидат исчистени. Секундарните канали, добар дел од нив се во добра кондиција и се исчистени, но се работи на нивно понтамошно чистење. Додека локалните канали, кои поминуваат низ населени места, состојбата некаде е многу лоша и не би можеле да ја прифатат надојдената вода доколку дојде до пообилни врнежи, рече Ангелов. Апелира надлежните институции да продолжат со ваквото чистење и во следниот период за, како што рече, да не бидеме изненадени од евентуални обилни врнежи.Ангелов предупреди дека постои можност од поплави, кои не би биле од големи размери, но може да биде поплавено земјоделско земјиште, можат да бидат поплавени и куќи покрај одредени реки

Македонија | пред 4 години

svr

Полицаецот што претепа малолетник во станица доби пријава за малтретирање

Полициски службеник од СВР Штип доби кривична пријави поради основано сомнение дека сторил кривично дело „малтретирање во вршење на служба“.Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на 29 септември годинава околу 21 часот, во просториите на ПСОН Штип, пријавениот полициски службеник делото го сторил на начин што неповикан влегол во просторијата на полициската станица каде од друг полициски службеник било обезбедувано повикано малолетно лице и го удрил малолетникот кој се здобил со повреди.Била повикана итна медицинска помош која ги констатирала повредите и му пружила медицинска помош, а против полицискиот службеник поведена е и постапка за утврдување на дисциплинска одговорност.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

СДСМ: ВМРО ДПМНЕ градеше само скапи споменици и фасади за "барокно Скопје"

Граѓаните многу добро знаат дека ВМРО-ДПМНЕ трошеше стотици милиони евра за „барокноСкопје“, а не на инфраструктурни проекти. ВМРО-ДПМНЕ не градеше подземни сообраќајниции булевари, зашто приоритет им беше „Панорамското тркало“ и „Панорамската кула наВодно“ велат од градска организација СДСМ и додаваат:Граѓаните многу добро знаат кои се проектите на Коце Трајановски - барокните фасади,партискиот плоштад пред „Белата палата“, испустените градски плажи, исушените палми... Да,и криминалната фонтана на заменикот на Данела Арсовска - Сеад Кочан, фонтана од 2.5милиони евра во која пропаѓаат возила.Граѓаните препознаваат дека град Скопје се движи во вистинска насока, дека Шилегов гирешава децениските инфраструктурни проблеми и дека го спојува и поврзува Скопје како градза сите. Граѓаните препознават дека дека скопскиот воздух е многу почист, а градот многупозелен, откако на урбаната мафија од ВМРО-ДПМНЕ и беше одземена можноста да гомасакрира зеленилото во Скопје.Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ нема свој кандидат ниту во Скопје ниту во Општина Центар, кадешто ги извршија најголемите урбанистички злодела, а „независната“ кандидатка со кампањафинансирана од криминалната „Бела палата“ ќе доживее убедлив пораз на изборите на 17октомври се вели цо соопштението од СДСМ Скопје.

Скопје | пред 4 години

raskovski-99

Рашковски доби обвинение за софтверите

Со обвинението за спорните набавки на софтвери за сообраќајни прекршоци и за биометриска идентификација на гласачи, покрај Рашковски, се опфатени уште шест лица, дознава „360 степени“ од судски извори. Во одбрана на Рашковски остана премиерот Зоран Заев, кој неколкупати досега изјавуваше дека лично проверил оти набавката била законито направена, дека чуму Владата би купувала софтвер ако нема потреба за тоа, па и дека не и верува на обвинителката Русковска во овој случај.Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈОГОКК), со кое раководи Вилма Русковска, денеска до Кривичниот суд во Скопје поднело обвинение против поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, и против уште шест лица за проблематичните набавки на софтвери, дознава „360 степени“ од судски извори. Засега нема официјална потврда на овие сознанија на „360 степени“.Освен за софтверите за сообраќајни прекршоци и за биометриска идентификација, Обвинителството за гонење организиран криминал се интересира и за обвинувањата за манипулации со софтверот за полагање државни испити. И тој тендер го склучи Драги Рашковски како генерален секретар и тоа со фирмата која е под истрага за софтверот за сообраќајни прекршоци, „Инвока гроуп“. Со тој систем, своите испити електронски ги спроведуваа 13 институции, меѓу кои и Академијата за судии и јавни обвинители. Предметот е во фаза на предистрага.Адвокатите на Рашковски досега одбиваа да ги коментираат предметите против нивниот клиент. Своите ставови засега ги преточуваат во жалби пред надлежните институции, како онаа во која понудија половина милион евра имот и пари за Рашковски да излезе од Шутка. Со гаранцијата се согласи и Вишото обвинителство, но Апелацискиот суд, на крај, не ја зеде предвид. Сепак, делумно ја уважи неговата и жалба и наместо на слобода, го прати во куќен притвор.Во средина на септември во јавноста излегоа фотографии од Рашковски како се шета додека е во куќен притвор. Објаснувањето е дека Основниот суд му дозволил во одреден период од денот да користи здравствени услуги.

Македонија | пред 4 години

20211008085609

ВМРО-ДПМНЕ кажа дали Темелковски ќе изгуби во Кисела Вода поради дрвото кое го исекол за да се гледа на билбордот

„Темелковски нема да загуби поради тоа што дрвото му сметало на билбордот, туку затоа што нема ништо сработено“, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ.„Ќе изгуби затоа што кога ќе ги помеша ароганцијата и нервозата се добиваат панични реакции како што е таа да се сечат дрвјата за да се види билбордот на Темелковски.Не знаеме што е пострашно, тоа што поради билборд сечат дрвја или што ја нагрдуваат со 20 метарско платно зградата на ПОЦ. Дрвјата се повредни од платното на Темелковски. И дека треба да се знае онаа народната „дрво на дрво не смета““, додаваат оттаму.

Скопје | пред 4 години

mickoski-miting-12

Мицкоски кажа нов виц

Европската унија со чело со Зоран Заев станува се подалечна, а односите со Бугарија никогаш претходно не биле полоши како сега, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во Македонски Брод.Тој притоа раскажа, како што рече, шега што се кажувала меѓу луѓето.-Се возеле во авион Меркел, Макрон, Борисов, Јанша и Заев, кога наеднаш пилотот вели авионот се расипа, мора да го напуштиме истиот. Арно ама во авионот има само 4 падобрани. Го зема падобранот Макрон, и вели морам да ја спасам Франција, не смеам да завршам вака, после него истото и Борисов го зема падобранот вели тој морам да ја спасувам Бугарија, не смеам вака да завршам рипа и тој. Доаѓа редот на Зоран Заев зема и тој и вика јас морам да ја спасам мојата држава, не вели Македонија бидејќи тоа му е забрането и остануваат уште Меркел и Јанша. Меркел му вика на Јанша, види јас сум во години, еве ќе се жртвувам и за Германија и Словенија, земај го ти последниот падобран и спасувај се. Јанша и вели има два падобрани, бидејќи Заев рипна со својот ранец – рече Мицкоски.

Македонија | пред 4 години

wnjatyitzyqezf0mbece

Кандидатите за Шутка се скараа сред дебата кој има повеќе пари и биткоини

Кандидатот за градоначалник на општина Шуто Оризари од редовите на СДСМ, Ферат Асан обвини дека моментално општината е „семејна“.-Имаме претседавач сопруга на актуелниот градоначалник Курто Дудуш, вработени од семејеството, имаме инспектори од истото семејство и вработени во институции. Вујко ти е возач во геријатрија, обвини Асан во дебатата во емисијата „Студио 10“.Тој обвини за злоупотреба при една јавна презентација во општината на ДУП-от.-Пред 120 души ти реков кој е тој што се осудува да направи маркица на плоштад. Ти рече: „Jас не сум клошар и имам пари“. Да имаш пари, ти паѓаат биткоините од џебот, тоа не е проблем, меѓутоа ти да бараш 200 илјади од мене и да кажеш ќе ти направам какви маркици сакаш, тоа не може. Две евра не ти давам. Луѓе не можат да дојдат до извод од ДУП, посочи Асан во телевизиското соочување на двајцата кандидати за градоначалници.

Скопје | пред 4 години

DSC_0289

Апсења, дрога, разбојништво, сообраќајки ширум Македонија - полицијата со детали

На 07.10.2021 во 18.40 часот на ул.„Даме Груев“ во Неготино, полициски службеници од Полициската станица Неготино ги лишиле од слобода В.К.(32) и Д.К.(59), двајцата од Неготино. При претрес во нивниот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и пари. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.Денеска (08.10.2021) во с.Банско, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица и Одделот за криминалистичка полиција при МВР го лишиле од слобода И.Р.(49) од с.Банско. При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.На 07.10.2021 во 11.10 часот на ул.„Челопек“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар го лишиле од слобода В.К.(34) од Скопје. Тој бил затекнат веднаш по извршување кривично дело разбојништво во продажен објект на ул.„Челопек“, при што со закана со пиштол од сопственикот одзел пари, а откако пристигнале полициски службеници им се заканил со пиштол. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 237 од Кривичниот законик.На 07.10.2021 во 15.00 часот на ул.„11 Октомври“ во Скопје, полициски служебници од Полициската станица Центар лишиле од слобода малолетник од Скопје, кој бил затекнат при извршување кражба во продажен објект. Тој бил приведен во полициска станица и во присуство на родител со него бил извршен разговор и му биле одземени пари кои потекнуваат од кривично дело. За настанот бил известен Јавен обвинител и Јавната установа центар за социјални работи Скопје, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.На 07.10.2021 во 16.20 часот на граничниот премин „Табановце“, полициски службеници го привеле З.М.(61) од с.Боговиње, тетовско, затоа што по извршена пасошка контрола било констатирано дека во службената евиденција е предмет на потрага по телеграма од Сектор за меѓународна полициска соработка-Одделение за потраги. Лицето е предадено на полициски службеници од СВР Тетово за понатамошна постапка.На 07.10.2021 во 17.30 часот на граничниот премин „Долно Блаце“, полициски службеници го лишиле од слобода У.Ѓ.(63) од Битола, затоа што по извршена пасошка контрола било констатирано дека во службената евиденција е со мерка „апси“ издадена од СВР Битола, Одделение за потраги. Лицето е предадено на полициски службеници од Единица за интервентна полиција при СВР Скопје за спроведување во Затвор Битола.На 07.10.2021 во 15.20 часот во Полициската станица Кисела Вода, П.М.(20) од Скопје пријавил дека на ул.„Христо Татарчев“ бил каснат од куче скитник.На 07.10.2021 СВР Штип спроведе засилена акциска контрола во областа на сообраќајот, при што се изречени 26 мерки, меѓу кои 9 за управување возила со брзина поголема од дозволената, 8 за управување возило без возачка дозвола, 5 за нерегистирани возила, 3 за управување возило под дејство на алкохол и 1 за некористење сигурносен појас.На 07.10.2021 во 10.20 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на магистралниот пат Делчево -Штип, во близина на с.Тркање, патничко возило „пежо“, со кочански регистарски ознаки, управувано од М.Б.(48) од Кочани, излетало од коловозот. Возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Јавната здравствена установа Кочани. Извршен бил увид на местото на несреќата од увидна екипа од Полициската станица Кочани.На 07.10.2021 во 15.15 часот во СВР Скопје, А.Г.(37) од Скопје пријавила дека на бул.„Јане Сандански“ нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.На 07.10.2021 на подрачјето на СВР Битола била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, биле преземени 11 мерки, од кои 7 за пречекорување на максималната дозволена брзина во населено место и 4 за пречекорување на брзината надвор од населено место. Откриени се и 3 други видови прекршоци. За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци.На 07.10.2021 во 14.00 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Прилеп-Македонски Брод, на крстосницата кај с.Мажучиште, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел фронтера“, управувано од Д.Р.(26) од с.Лажани, прилепско и патничко возило „ауди“, управувано од Р.Ф.(37) од с.Десово, прилепско, и двете со прилепски регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот во патничкото возило „ауди“, Ѓ.Т., а со телесни повреди се здобил возачот од другото возило, Д.Р, констатирани во Градската болница Прилеп. Увид на местото извршила екипа од Полициска станица Прилеп.На 07.10.2021 во 19.00 часот во Полициската станица Карпош, О.С.П.(52) од Скопје пријавила дека на ул.„Скупи“ била касната од куче скитник.Во текот на изминатото деноноќие (07.10/08.10.2021) на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 24 прекршоци.

Македонија | пред 4 години

DSC_0074

150 возачи во Скопје казнети за брзо возење

Полицијата вчера казни 150 возачи во Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи.„На територијата на Град Скопје изречени се вкупно 150 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 24, 11 санкции за непрописно престигнување и обиколување, 24 за возење без возачка дозвола, седум санкции за нерегистрирани возила.Изречени се седум мерки за користење мобилен телефон, девет прекршоци што ги чинат пешаците, пет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), 37 мерки за непрописно паркирање“, велат од МВР.Од таму најавија дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Скопје | пред 4 години

IMG_6665

Ганиу донираше скали на пожарникарите во Чаир, достигнуваат должина од 24 метри

Градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу донираше посебни скали за интервенција на Здружението на доброволни пожарникари „Бајрам Мифтари“, како што се гаснење пожар и други природни непогоди.Овие скали се долги 24 метри и имаат посебен мотор. Покрај скалите, на пожарникарите им беа доделени 40 парчиња специјална облека и друга опрема за пожарникарите.„Слободно можеме да кажеме дека ЗДП„ Бајрам Мифтари “што функционира во рамките на Општина Чаир е опремена за гаснење пожари или во случај на природни катастрофи“, рече Ганиу.Скалите веднаш ги демонстрираше екипата на „Бајрам Мифтари“.„Скалите што ги демонстрираме се многу добредојдени бидејќи се од единствениот модел во цела Северна Македонија, достигнуваат должина од 24 метри и се моторизирани“, рече претседателот на ЗДП „Бајрам Мифтари“, Артан Демири.Скалите и беа донирани претходно на Општина Чаир и нејзиниот градоначалник Висар Ганиу од приватната компанија „АР-ДЕ“.

Скопје | пред 4 години

Нема фотографија

Ценовниот шок е на врата - Дали владата има капацитет да се справи со инфлацијата, вели Славески

Не паметам кога за последен пат сме имале толку голем дилетантизам во водењето на економските политики во земјава од страна на една влада како што е тоа во моментов. Премиерот ветува покачување на платите, што е неостварливо и неморално ветување во сегашниве услови, а неговиот министер за економија планира инфлацијата, која подолго време тропа силно на врата и ги празни џебовите на граѓаните, да ја скротува со замрзнување на цените, вели Тајко Славески од ВМРО-ДПМНЕ.„Сосема е јасно дека едното со другото не оди! Замрзнување на цените при истовремен пораст на платите е навистина невозможна комбинација во сегашните околности на умерено висока инфлација. Во Европа тоа сигурно нема да го направи ниту една влада.Уште повеќе, овој наивен или можеби пресметан популизам од страна на г-динот Заев води кон опасната спирала на раст на цените и платите. Исходот ни е познат од минатото – ПЛАТИТЕ СЕКОГАШ И ПО ПРАВИЛО ЈА ГУБАТ ТРКАТА СО ЦЕНИТЕ! Тоа го гледаме со свои очи – и покрај постојаните фалби за раст на просечната плата во земјава, според официјални податоци на Завод за статистика на Република Македонија таа во јули е намалена за 1,4%. Сиромаштијата на граѓаните драстично се зголемува! Дополнително расте буџетскиот дефицит и се влошува состојбата во платниот биланс.Земји кои во минатото би додале – во подалечното минато, соочени со галопирачка инфлација, доколку се одлучиле да посегнат по вака драстични мерки, истовремено вршат замрзнување на платите и цените. Ова беше честа практика во поранешната СФРЈ чиј дел беше Социјалистичка Република Македонија, а во инфлаторните 70-ти години од минатиот век, замрзнување на платите и цените применија дури и некои развиени земји како што се САД, Велика Британија и др.Но, ова е веќе минато. Оваа епизода треба единствено да служи за извлекување поуки, а не за копирање во сегашните услови.Од лично искуство знам како се справивме со ценовните шокови на светските берзи на храна и енергија во 2007 и 2008 година. Го заштитивме стандардот на граѓаните. Тие не ја почувствуваа инфлацијата. Не ни помислувавме на замрзнување на цените, мерка која повозрасните меѓу нас ја паметат од времето на претходниот систем, како крајно неефикасна! Кога не умеете на вистински начин да спречите висока инфлација, замрзнувањето на цените доведува до празни рафтови во маркетите и редици за леб, млеко, масло за јадење и други продукти.И сето ова го постигнавме во услови кога тогашната неодговорна опозиција, предводена од СДСМ и медиумите под нивна контрола, долеваа масло на огнот плашејќи ги граѓаните со хиперинфлација и наводно одмотување на инфлациската спирала.Слична ситуација со уште поголем пораст на цените на житариците на светските берзи имавме и во летото 2007 година. Мелничарите, пекарите и производителите на масло за јадење најавија зголемување на цените на лебот и зејтинот.Со мерките што ги преземавме како влада за неколку месеци состојбата се стабилизира и успеавме да го заштитиме стандардот на граѓаните. Можат да се повикаат и да учат од тоа искуство!Покрај порастот на цените на храната и енергијата на светските берзи, кон актуелната висока инфлација во земјава не може да бидат амнестирани од одговорност фискалната политика на владата и високите буџетски дефицити. Да ги споменеме само покачувањето на акцизата на горивата од почетокот на мандатот на актуелната влада, неповолната структура на расходите, која ги дискриминира капиталните инвестиции, понатаму популистичките мерки за поткуп на гласови пред секој изборен циклус и сл.Наместо ова, владата треба веднаш да дизајнира мерки за дополнителна поддршка на социјално загрозените категории граѓани и да ги ограничи сите непродуктивни трошења.Исто така, бараме од владата да покаже дека располага со капацитет да се справи со предизвиците од растечката инфлација. Во спротивно, ќе се разгорат инфлациските очекувања кои ја имаат незгодната особина самите себе дополнително да се потхрануваат. Не сакаме состојбата да излезе од контрола! Бараме да се заштити стандардот на граѓаните, да не се обезвреднуваат нивните заштеди, нивниот имот.Ако веднаш не се делува на соодветен начин, се создава амбиент на неизвесност во кој приватниот сектор, претпријатијата, не можат да носат соодветни деловни одлуки и да ги планираат своите активности за во наредниот период.Почитувани,Водењето на економската политика, особено во турбулентни времиња, е работа за вистински професионалци, а не на обични дилетанти“; додава тој.

Македонија | пред 4 години

policija-3-640x382

Скопјанец се заканувал со пиштол на полиција

На 07.10.2021 во 11.10 часот на ул.„Челопек“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар го лишиле од слобода В.К.(34) од Скопје. Тој бил затекнат веднаш по извршување кривично дело разбојништво во продажен објект на ул.„Челопек“, при што со закана со пиштол од сопственикот одзел пари, а откако пристигнале полициски службеници и нив им се заканил со пиштол.Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 237 од Кривичниот законик.

Скопје | пред 4 години

Нема фотографија

Претрес во струмичко, пронајдена дрога,

Денеска (08.10.2021) во с.Банско, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица и Oдделот за криминалистичка полиција при МВР го лишиле од слобода И.Р.(49) од с.Банско. При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Приведен малолетник, фатен додека ограбувал продавница

Полицијата приведе крадец од Скопје кој бил фатен додека ограбувал продавница.Според информациите на МВР, вчера на ул. 11 Октомври во Скопје полициски служебници привеле малолетник од Скопје, кој бил затекнат при извршување кражба во продажен објект. Тој бил приведен во полициска станица и во присуство на родител со него бил извршен разговор и му биле одземени пари кои потекнуваат од кривично дело.За настанот бил известен јавен обвинител и Јавната установа центар за социјални работи Скопје, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Скопје | пред 4 години

bieber-keaton-4

Џастин Бибер објави тизер од новиот спот

По најавата за видео со оскаровката Дајан Китон, поп-ѕвездата Џастин Бибер го претстави целосниот музички спот за својата песна Ghost.27-годишниот пејач сподели тизер од видеото на социјалните мрежи во четвртокот попладне, а 75-годишната Китон одговори: „Благодарам што ме има!!! Џастин Бибер.“Видеото е емотивен приказ на тага, што доаѓа откако Бибер ја изведе новата нумера на церемонијата Video Music Awards. 

Магазин | пред 4 години

20211008085609

Cе сечат дрва за да се гледа билбордот на кандидат за градоначалник

На социјалната мрежа Твитер се шири видео на кое во скопската општина Кисела Вода се сече дрво за да се гледа билбордот со рекламна порака на еден од кандидатите за градоначалник на претстојните локални избори.Кога минувачот прашува која е причината за сечење на дрвото, еден од работниците кои сечеа му одговара „За да се гледа билбордот“.

Скопје | пред 4 години

Screenshot-2021-10-08-at-08.56.51

(ВИДЕО) Стојкоски ветува дека Ѓорче ќе го менува ликот!

Нови дрвореди, урбана опрема и спортско-рекреативни содржини ќе добие пешачката патека на насипот во Ѓорче Петров. Александар Стојкоски, кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ за општината има зацртано да направи урбанизација и модернизација на местото, каде жителите ќе можат да го поминуваат слободното време.„Пешачката патека на насипот во Ѓорче Петров е место каде што многу жители го поминуваат своето слободно време, дали со пријателите, со семејството, со домашните миленичиња. Но, за жал премногу е очигледно дека на овој простор му треба многу љубов, многу повеќе грижа и многу повеќе работа. Се обврзуваме дека во наредниот период ќе поставиме многу повеќе канти за отпадоци, ќе поставиме многу повеќе клупи на кој што ќе можат да одмараат посетителите на ова место, како и поставување нови содржини во делот на спорт и рекреација. Од обете страни на патеката ќе подигнеме и нови дрвореди, а со тоа ќе придонесеме да ја подигнеме нашата свест за зачувување на животната средина, како и сите заедно да се погрижиме овој простор да стане поубав“, смета Стојкоски.Стојкоски во повеќе наврати напомена дека проблемите на жителите ќе ги решава од првиот ден кога ќе влезе во општината. Тој посочи и дека нема да дозволи да оди со наведната глава поради нереализација на ветеното. Во изминативе денови, кандидатот е постојано со граѓаните, ги посетува сите домови, организира средби. И по доаѓањето на функцијата, се обврзува да продолжи со непосредна комуникација.

Скопје | пред 4 години

WhatsApp-Image-2021-10-07-at-21.08.16

Надземен и подземен паркинг за 200 возила во „Буњаковец“, ветува Герасимовски

Трајно оградување на тревниците кои се користат за паркирање, обновување на системите за наводнување, дополнување на зелените површини и нивно одржување се дел од проектите за кои вчеравечер кандидатот за градоначалник од СДСМ Горан Герасимовски ги претстави пред граѓаните во Буњаковец. Герасимовски најави и инфраструктурни решенија кои Буњаковец ќе ја направат поорганизирана и позелена населба.„ Во Буњаковец предвидуваме инфраструктурни решенија за намалување на сообраќајниот метеж со фокус на велосипедските патеки. Имаме готов проекти за надземен и подземен паркинг за 200 возила на веќе постоечкиот во „Буњаковец“. Во населбата исто така ќе ги зголемиме зелените површини, на ул. Орце Николов сега засадивме 12 јавори на местото на исечените ќе направиме и регистар на стари и исушени дрва и за секое исечено ќе засадиме две нови. Ќе ги дополниме и правилниците за поттикнување “зелени решенија” во урбаното планирање и производство на електрична и топлинска енергија. Ќе поставиме енергетски ефикасно улично осветлување на јавните површини вклучително и во дворовите на училиштата и градинките. “, изјави Герасимовски.Дополнително Герасимовски најави надградување на програмата за обнова на фасадите на зградите, како и реконструкција на сите дотраени тротоари. Целосна реконструкција ќе има ул. Ленинова, со нови велосипедски патеки од едната страна на улицата. Ќе се реконструираат и улиците Рајко Жинзифов и Петар Поп Арсов и дел од Никола Тримпаре и реконструкција на паркинг бр 2, 4, 6 и 9 како и реконструкција на ул. Дебарца, сорезидентен паркинг, како и реконструкција на Христо Смирненски.За потребите на повозрасните граѓани Герасимовски најави надградување на услугата „Нега за стари лица во домашни услови“, за која во континуитет се зголемува бројот на заинтересирани. Како општина која прва воведе ваков проект, во следниот период ќе следи проширување на услугата со медицинска и административна помош.

пред 4 години

marihuana2

При претрес пронајдена дрога

На 07.10.2021 во 18.40 часот на ул.„Даме Груев“ во Неготино, полициски службеници од Полициската станица Неготино ги лишиле од слобода В.К.(32) и Д.К.(59), двајцата од Неготино. При претрес во нивниот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и пари.Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 4 години

30-godini-nezavisnost

Слоеви на современоста – 30 години независност низ уметностите

По повод чествувањето на 30 години независна македонска држава, во организација на Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија на 08.10.2021 година – петок, со почеток во 19:00 часот во х. Хилтон, ќе се одржи концерт на кој ќе настапат солисти, квартет и фолклорен квинтет, сочинети од ученици од музичкото училиште „Илија Николовски – Луј“, како и детскиот хор „Пиколо“ под диригентската палка на Весна Димчевска.Одбележувањето на 30-годишнината од независноста во организација на Кабинетот на Претседателот насловено како „Слоеви на современоста – 30 години независност низ уметностите“ претставува пресек на само скромен дел од уметничките белези, артикулирани низ визуелните, изведбените и музичките интерпретации.

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања