Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

falsifikt-evra

Еден милион фалсификувани евра фатени на аеродромот во Скопје

На 08.10.2021 полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал (ОСОСК) во содејство со Одделот за гранични работи и миграции на Граничен премин „Меѓународен Аеродром“ – Скопје, при влез во државата, ги лишија од слобода Т.Р.Ф.(36) и М.Б.С.(40), двајцата од Камерун, поради постоење на основи на сомнение за сторени кривични дела „Правење, набавување или отуѓување средства за фалсификување “.Имено, при пасошка контрола на пријавените, кои допатувале од Милано, извршена им била дополнителна гранична контрола и при преглед на багажот, кај Т.Р.Ф. биле пронајдени 2.591 исечени парчиња хартија на кои од двете страни е отпечатен дел од дизајнот на банкноти од 50 евра, 2.363 такви парчиња со отпечатен дел од дизајнот на банкноти од 100 евра, 463 парчиња со дел од дизајнот на банкноти од 200 евра, 213 со дизајн на банкноти од 500 евра, 2 исечени парчиња хартија на кои од едната страна е отпечатен во повеќе бои дел од дизајнот на банкноти од 50 евра, 78 исечени парчиња хартија без никаква ознака, како и две шишиња со течност и УВ-ламба.При преглед на багажот кај М.Б.С. пронајдени се 2.072 исечени парчиња хартија со црна позадина на кои од двете страни е отпечатен дел од дизајнот на банкноти од 50 евра, 1.321 такви парчиња со отпечатен дел од дизајнот на банкноти од 100 евра, 247 со отпечатен дел од дизајнот на банкноти од 200 евра, 104 со дизајн на банкноти од 500 евра, како и 1 француска лична карта на име К.В.С. и 1 камерунска патна исправа на име С.И.Ф. за кои нема податоци дека се вистинити.Пронајдените предмети се одземени и предадени на вештачење во Народна банка и Одделот за за криминалистичко - технички испитувања и вештачења при МВР, при што било утврдено дека примероците се имитации на евро банкноти со различна апоенска вредност, кои се изработени со користење на професионална опрема. Исто така, од извршената експертиза од страна на Народната банка е констатирано е дека тие претставуваат примероци во рана фаза од изработката на фалсификувани евро банкноти со апоенска вредност од 50, 100, 200 и 500 евра.Поради тоа што кривично-пријавените предметите неовластено ги поседувале со намера истите да ги внесат на територијата на нашата држава за да се искористат за правење на лажни пари во вкупна вредност од 902.150 евра, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО Скопје, поднесе кривична пријава против двете лица поради постоење на основи на сомнение за сторени кривични дела „Правење, набавување или отуѓување средства за фалсификување“ по чл.271 ст. 2 од Кривичниот законик.

Скопје | пред 4 години

WhatsApp-Image-2021-10-08-at-20.52.20-1

Дефектолози и логопеди во училиштата во Центар, ветува Герасимовски

Горан Герасимовски, кандидатот за градоначалник на општина Центар од СДСМ и Коалицијата вчера заедно со потпретседателката на СДСМ Мила Царовска и министерка за образование и наука одржа средба со граѓаните од Буњаковец. Герасимовски зборуваше за заложбите на партијата и важноста од квалитетното образование како и за идните мерки на општината кои се поврзани со подобрување на образованиот процес.„ Во ООУ „Кочо Рацин“ и во ООУ „Кирил и Методиј“ следува реконструкција на покривот, фасадата и фасадната столарија со што сите училишта во Центар ќе бидат целосно надворешно заштитени и енергетски ефикасни. Во ООУ „Кочо Рацин“ ќе го реконструираме и потпорниот ѕид. Имајќи предвид дека сите училишта во нашата Општина се инклузивни, во периодот што следува ќе работиме на вработување стручни лица дефектолози и логопеди кои навистина ќе им помогнат на учениците на кои им се потребни да добијат квалитетно образование“, рече Герасимовски.Тој исто така најави дека општината ќе го продолжи процесот на дигитализација преку набавка и инсталација на современи електронски уреди со што ќе се овозможи современ модел на настава. Герасимовски најави и реконструкција на објектот „Кукушка“ во рамките на ЈУДГ „13 Ноември“ и објектот „Панорама“ во рамките на ЈУДГ „Кочо Рацин“, со што сите објекти на градинките во Општина Центар ќе бидат модерни, современи и восогласност со потребите на генерациите на претшколски деца.Општината исто така ќе продолжи континуирано да работи на партерно уредување на училишните дворови, на лабораториите за физика и хемија, во опремување на музичките кабинети, сензорни соби за деца со попреченост, дигитализација и збогатување на библиотечниот фонд во училиштата со детска и стручна литература како и осветлување на дворовите и пристапите до училиштата и градинките.

Скопје | пред 4 години

maksim-dimitrievski-43

Димитриевски се слушнал со Тони Михајловски: Му посакав добро здравје и побрзо се врати во трката

Независниот кандидат за градоначаник Максим Димитриевски во гостување во дебатната емисија „Што не е јасно“ на Алфа телевизија истакна дека се слушнал со противкандидатот за градоначалник на општина Куманово од ВМРО-ДПМНЕ Тони Михајловски, кој вчера информираше дека е позитивен на ковид-19 и му посакал добро здравје.– Се слушнав со Тони Михајловски, му посакав добро здравје, нема симптоми, да закрепне побрзо за да се врати во трката назад, бидејќи треба да дебатираме пред граѓаните. А, воедно и да кажам дека јас сум тврд социјалдемократ и еве ме во студиото. Социјалдемократите не бегаат од дебата, туку транспарентно се соочуваме со реалноста – рече Димитриевски.

Македонија | пред 4 години

SILEGOV-1

Шилегов: БРТ од Лисиче до Ѓорче низ плоштад

Една од темите на дебатата која вчера се одвиваше помеѓу 6-те најсериозни кандидати за градоначалници на Скопје, на емисијата 360 степени, една од темите беше и урбаната мобилност.Според Шилегов, Скопје за жал, досега немал организиран урбан систем на транспорт на луѓе. Тоа е нешто што после 40 години со добро планирање, добра стратегија и напорна работа успеавме и тоа е нешто што е пред имплементација. Обезбедена е финансиска конструкција, а ЕБРД овој проект за Бас Рапид Транзит системот го има прогласено за најзелен проект што го има финансирано во рамките на урбан транспорт за последниве 25 години.Она што 40 години во овој град само се зборуваше, вели Шилегов, тоа сега е доведено до стапка на тендер. Урбаната мобилност не подразбира само БРТ, урбаната мобилност подразбира и непречено движење на секаков вид сообраќај.„Создадовме 110 километри велосипедски патеки, обзнанивме на јавноста дека веќе се работи тунелот којшто поминува под ’Лимак‘ и го спојува делот на Кисела Вода со Карпош. Мостот на булеварот ’АСНОМ‘ е во завршна фаза, таму веќе се рушат објектите за завршените експропријации, во јули ќе биде завршен и булеварот, а во меѓувреме по секундарната мрежа ќе се движат граѓаните и така, го заобиколуваме градот од двете страни. Внатре се вметнува БРТ, во средина, од Лисиче до Ѓорче Петров и ќе поминува низ плоштад, со што ја создаваме можноста Скопје да ја добие најголемата пешачка зона во Европа – од Старата железничка станица до Бит Пазар, од Собранието на РСМ до ’Палома Бјанка‘. Тоа е концепт, тоа е план, тоа е развој, тоа е нешто што не можете да го сработите или да кажете ’јас вака ќе го решам‘. Зголемувањето на бројот на автобусите не е систем за превоз на патници, едноставно тоа не функционира така. Треба малку повеќе знаење да се има, отколку да кажеш ’ќе пуштам повеќе автобуси‘“, изјави Шилегов.Брзите сообраќајни решенија за пробивање на нови коридори се едноставно невозможни, додава Шилегов и секое такво дадено ветување ќе го валоризираат граѓаните. Во моментов, Град Скопје работи на булеварот „Борис Трајковски“, завршена е постапката, тоа е нешто што се одвива и граѓаните, особено од населбите Драчево и Батинци, од тој дел на градот, можат секако да го видат. Завршена е тендерската постапка за изградба на булеварот „Словенија“, со што се влегува во реализација и тоа е дел кој Шилегов го зборуваше минатата кампања – изработката на секундарниот северен прстен.„’Босна и Херцеговина‘ е споен булевар со ’Словенија‘, на ’Христијан Тодоровски Карпош‘ излезот е направен. За булеварот ’Хрватска‘ е завршено проектирањето, во моментов во тек се постапките за отстранување на електричните инсталации, кои таму изнесуваат преку 7 милиони евра, имајќи ги предвид далноводите кои таму ги имаат и МЕПСО и ЕЛЕМ и по нивното завршување, ќе можеме да влеземе во имплементација на тој булевар. Таму има 4 објекти на коридорот, кои ќе се експроприраат и да не заборавам дека во моментов се работи на ’Момин Поток‘, една од најважните клучки. Дегутантно е да се зборува за работи кои градот веќе ги работи и да се претставуваат како проекти“, заврши Шилегов.

Скопје | пред 4 години

Screenshot-2021-09-28-at-08.23.33

Шилегов на крај на мандат руши брод да фрли магла во очите на граѓаните, вели Камиказа

Кандидатот за градоначалник на Скопје, поддржан од Левица, Петар Георгиевски – Камиказа, во вечерашното соочување на „360 степени“ на тема урбанизација рече дека доколку победи, ќе ги заврши сите започнати проекти од актуелниот градоначалник.-Ќе ги завршиме сите проекти. Нема да рушиме и да фрламе пари за џабе. Шилегов ниту сруши нешто ниту направи, туку сега на крај на мандат руши брод колку да фрли магла во очите на граѓаните, рече Георгиевски.

Скопје | пред 4 години

eu-750x355-1

Македонија на уште една црна листа

Во најновиот документ на полето на владеење на правото, транспарентноста и даноци, Европската унија ја смести Македонија заедно со Катар, Уругвај, Хонг Конг, Малезија и со Коста Рика на црната листа на земји со некооперативно правосудството во делот на даночните политики, јавува Блумберг.Два пати годишно Советот на ЕУ ја обновува оваа листа на земји кои не се членки на Унијата, а главните критериуми се нивото на даночната транспарентност, даночното затајување и сомнителните трансфери на профит.Советот на Европската унија на 5 октомври ја ажурираше листата.Промените вклучуваат:– поместување на Ангола, Доминикана и Сејшели на сивата листа од црната листа и давање на овие јурисдикции дополнителен преглед од Глобалниот форум;– отстранување на Австралија, Есватини и Малдиви од сивата листа бидејќи ги спроведоа сите неопходни реформи за да се усогласат со критериумите на ЕУ;– додавање на Костарика, Хонг Конг, Малезија, Северна Македонија, Катар и Уругвај на црната листа.

Македонија | пред 4 години

beni

Бени Шаќири: Не може сите да се напикаме во центарот на Скопје

Кандидатот за градоначалник на Скопје, Арбен Бени Шаќири од коалицијата „Одлучно за промени“, во вечерашното соочување на „360 степени“ со останатите кандидати рече дека во главниот град мора да почне да владее редот.-Ќе се залагам плановите да ги изработуваат стручни лица од областа на екологија, архитекти, просторни планери итн. Влијанијата од страна и дивеењето на градежната мафија, иако не ми се допаѓа овој збор, под итно ќе престане. Скопје треба да биде, урбан, модерен, регулиран и град каде што владее ред и поредок. Не можеме сите да се напикаме во центарот на градот, рече Шаќири.

Скопје | пред 4 години

Screenshot-2021-09-29-at-19.38.33

Арсовска: ГУП-от мора да е јавен за граѓаните

Независна кандидатка за градоначалник на Скопје, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска во вечерашната дебата на „360 степени“ рече дека генералниот урбанистички план треба да биде изработен од експерти, бидејќи тој треба да мапира и да креира каква ќе биде иднината на Скопје.„Сметам дека генералниот урбанистички план треба да се отвори и пред граѓаните. Секој граѓанин да има можност да види и да знае што е она што се планира да му се направи, изгради или креира како решение во неговото маало. Да не се случува некој ден да се разбудиме и да видиме дека на три метри од нашиот прозор некој гради ново бетонско здание или нова зграда. Треба сето тоа да биде направено плански. Мора да се отвори јавно и за експертиза, но и за релевантните организации и за увид на граѓаните. Мора да знаат што се планира, сепак градот е на граѓаните, а не ГУП-от да се врти само во одредени кулоари… И не смее повеќе во Скопје да има заборавени населби и населби во кои нема да има вода за пиење, тоа е срамота во 21 век“, додаде Арсовска.

Скопје | пред 4 години

izbori

Последен ден за пријавување за гласање на болни и немоќни

Вечер на полноќ завршува рокот за пријавување до општинските изборни комисии за гласање на болните и немоќните на Локалните избори на 17 октомври, додека рокот за лицата со ковид -19 или во самоизолација е до 11 октомври на полноќ. Овие лица, како и затворениците, лицата во притвор, во стaрските домови и внатрешно-раселените лица гласаат ден претходно, во сабота на 16 октомври, а за нив за утврдување на идентитетот и проверката дали веќе гласале нема да се врши со уреди за биометриска идентификација, туку за нив ќе користи спреј и УВ ламба.За пријавувањето на болните, немоќните и лицата со ковид-19 или во самоизолација, ДИК изготви посебни упатства со услови што треба да ги исполнат овие лица ако сакаат да гласаат дома.Гласањето на лицата со ковид-19 или во самоизолација го спроведува посебен избирачки одбор составен од здравствени работници. Предвидено е Општинската изборна комисија по службена должност да собере податоци од Државниот санитарен и здравствен инспекторат за лица кои се пријавени за гласање. ДСЗИ е должен во рок од 24 часа од добиеното барање да ги достави до ОИК податоците за лицата пријавени со Ковид-19 или во самоизолација.Избирачите кои на денот на гласањето се згрижени во посебни установи за вонсемејна грижа гласаат во установата каде што се згрижени, еден ден пред денот определен за одржување на изборите, по претходна пријава до одговорното лице на установата каде се згрижени. Ова гласање го спроведува избирачкиот одбор на чија територија се наоѓа установи за вонсемејна грижа, на 16 октомври.

Македонија | пред 4 години

Vardariste-diva-deponija-3

Ќе започнеме со изградба на модерни депонии кои отпадот ќе го преработуваат во енергија, велат од СДСМ

Екологијата и одржливиот развој остануваат висок приоритет на Владата предводена од СДСМ и локалните самоуправи, бидејќи чистиот воздух, водите и здравата животна средина се реална потреба на жителите на секоја современа општина која тежнее да биде модерно, удобно и европско место за живеење, вели СДСМ.„Силната посветеност на реализација на зелената агенда континуирано ја покажуваме на дело. Од сонцето правиме струја. Од ветерот правиме струја. Од отпадот правиме струја. На македонските полиња ќе никнат стотици ветерници и фотоволтаици.Изминатите четири години бележиме значително намалување на загадувањето на воздуот. Тоа е резултат на успешните политики на Владата предводена од СДСМ.За таа цел, продолжува набавката на еколошки јавен превоз за дополнително намалување на аерозагадувањето во градските средини.Градиме пречистителни станици за да ги заштитиме водите и почвата на нашата земја. Ќе продолжи распределбата на субвенциите за инвертери за греење и за енергетско ефикасни фасади.Само со СДСМ која го носи најдоброто продолжуваат инвестициите во одржливиот развој на општините кој носи баланс помеѓу грижата за животната средина и економскиот развој, на тој начин еднакво ќе ги развиваме сите општини во нашата татковина.Дополнително, продолжуваме и со инвестициите во алтернативни извори на енергија, во поставувањето фотоволтаици на покривите на јавни објекти.Нашите мерки и политики за подобро јавно здравје нема да застанат тука. Напротив, ќе започне изградба на модерни депонии кои отпадот ќе го преработуваат во енергија и трајно ќе се решаваат децениските проблеми на депонии и незаконско расфрлање на ѓубре и смет.Како одговорна партија продолжуваме со мерки и политики, со инвестиции за унапредување на квалитетот на животната средина и развој на сите општини во државата“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 4 години

1530367347615ee62704fca082649808_v4_big

Се продава „поршето“ на Пабло Ескобар

„Поршето 911 карера 3.0“, кој му припаѓаше на кралот на кокаинот, Пабло Ескобар, ќе се продава на аукција. Автомобилот од 1974 година е уникатен, тој учествуваше во повеќе трки, а претходно го возеше и шампионот во Формула 1, Емерсон Фитипалди.Овој спортски автомобил ќе се продава на онлајн-аукција и се очекува да се продаде за 1 милион долари.Модел е вратен во САД по смртта на Ескобар.Каросеријата е вратена во оригиналната состојба, а „поршето“ е реставрирано помеѓу 2007 и 2010 година. И по реставрацијата, учествуваше на многу натпревари и освои многу награди.

Магазин | пред 4 години

krediti-za-skoluvanje-denari-1

Инфлацијата со најава да расте, цените скокаат, вели ВМРО-ДПМНЕ

Инфлацијата со најава да расте, цените скокаат, а Заев лаже дека се е во ред, вели ВМРО-ДПМНЕ„Цените на основните продукти во последната година дена се зголемени и до 20% при продажба на мало, тоа не треба да го кажат некакви истражување, тоа го чувствуваат и гледаат граѓаните секој ден.Гувернерката на НБРМ спротивно од Заев за кого се е розево предупреди на можно зголемување на инфлацијата, а производителите предупредуваат на покачувања на цените и до 50% во малопродажба.Заев е виновен за ценовната спирала и шок кој не очекува, и за да се амортизираат ефектите мора итно да се делува. ВМРО-ДПМНЕ во минатото во 2007 и 2008 година се справи со таква опасност кога цените насекаде во светот скокаа, но не дозволивме нашите граѓани да го почувствуваат тоа. За разлика од тогаш, сега Заев не е способен да ги заштити граѓаните, а ефектите ги чувствуваме сите“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 4 години

policija-2

90 казни за сообраќајни прекршоци

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (08.10.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.На територијата на град Скопје изречени се вкупно 90 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 14, 8 санкции за непрописно престигнување и обиколување, 10 за возење без возачка дозвола, четири за минување на затворен семафор (црвено светло).Изречени се и пет мерки за користење мобилен телефон, две за управување под дејство на алкохол, 36 мерки за непрописно паркирање.Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот на патиштата.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-10-09-093329

Претседателот Пендаровски со сопругата на концерт на музичари од „Илија Николовски - Луј“

Во рамки на одбележувањето на Јубилејот – 30 години независна македонска држава, вчеравечер претседателот Стево Пендаровски со сопругата г-а Елизабета Ѓоргиевска присуствуваа на концертот насловен „Музичка вечност“ на кој настапија млади музичари од Музичко - балетскиот училишен центар „Илија Николовски - Луј“ од Скопје.Концертот е дел од низата културни настани „Слоеви на современоста – 30 години независност низ уметностите“ преку кои се артикулира богатството на современото културно наследство, кое почива на еден континуитет, но добива свои патеки кои се неизоставен дел на нашата современост.На концертот настапија младите музичари: Виктор Рафајловски, Горјан Стојановски, Ана Смилевска, Светле Васкова, Марио Иванчов, квартетот во состав: Симеон Гошев, Маријана Лазаревиќ, Виктор Манев и Антонио Илиоски, фолклорниот квинтет: Мартина Трајковска, Сандра Димитриевска, Влатко Ѓорѓиев, Стефан Трајковски и Мартина Муневски, како и детскиот хор „Пиколо“ под диригетентската палка на Весна Димчевска, а пијано соработник на концертот беше м-р Билјана Петровска.Младите музичари се претставија со дела на реномираните македонски композитори Зографски, Прокопиев и Шуплевски, како и со дела на светски познатите композитори Моцарт, Шопен, Пјацола, Коломеец и др. Фолклорниот квинтет се претстави со две изворни фолклорни нумери од Разлошкиот и пределот на Скопска Црна Гора.

Македонија | пред 4 години

mickoski-123r75

Мицкоски: Власта личи на автомобил пред ремонт, а вели ќе не однесе на Формула 1

Власта личи на стар автомобил пред ремонт кој ни вели дека ќе нѐ однесе на натпревар на Формула 1, каде што ќе победи, а не е способен да се придвижи на локална маалска трка. Маслото е растечено, моторот пред крахирање, а новата боја со која го пребојадисуваат и нѐ убедуваат дека е најдобар, постепено распукува и бледнее, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешниот митинг во општина Бутел.Мицкоски пред присутните порача дека волкот влакното го менува, но карактерот не додавајќи дека иако Заев уште пред 5 години ветил дека ќе ја донесе Европската Унија во Македонија, народот точно знае дека не ја говори вистината бидејќи, како што рече тој, Македонија е сѐ подалеку од Европската Унија.„И не залудно велам насекаде, волкот влакното го менува, а карактерот не. Но, новината е сега дека влакното може да го сменат сто пати, ама карактерот, кој не го менуваат, им го научија, им го прочитаа и го распознаваат до перфекција. И кога Заев ќе каже дека Европската Унија ќе ја донел во Македонија, народот точно знае дека не ја говори вистината затоа што ова го кажува 5 години по ред и ЕУ е сѐ подалеку од Македонија. Одговорот зошто и во ЕУ не сакаат да седат на иста маса со Заев и врз себе да си ги лепат неговиот криминал, неговите афери и скандали“, истакна Мицкоски.

Македонија | пред 4 години

EU-Western-Balkans-2

Ќучук: Предлагам да се формира младински совет помеѓу Бугарија и Македонија

Гледам можност за разговор и мислам дека интеграцијата на Западен Балкан ќе биде успех за регионот, за ЕУ и за Бугарија. Бугарија има потенцијал и искуство, а единствениот етнички модел, воспоставен и надграден, може да послужи само како пример за земјите од регионот. И бидејќи верувам дека добрососедските односи и дијалогот се формулата за успех, предлагам да се создаде младински совет меѓу Бугарија и Северна Македонија - институционален разговор со младите луѓе кои треба да развијат сопствена иднина во ЕУ, рече потпретседателот на АЛДЕ, Илхан Ќучук, кој беше домаќин на конференцијата „ЕУ - Западен Балкан: преглед и очекувања“, што се одржа во Софија, Бугарија.- Треба да се намалат тензиите и да се започне со конструктивен и ефективен разговор. Интеграцијата е тежок и долг процес, но со соодветни алатки е апсолутно возможна, потенцираше Ќучук.На состанокот присуствуваше и комесарот за соседство и проширување Оливер Вархеји, кој во специјална видео порака рече дека ЕУ не е комплетна без Западен Балкан, бидејќи регионот е дел од истата Европа со ЕУ.- Продолжуваме да даваме се од себе за да го забрзаме процесот на проширување и интеграција на регионот во ЕУ. Резултатите што ги постигнавме за време на Самитот ни даваат причина за гордост. Заедно се согласивме за голем број опипливи мерки поврзани со имплементацијата на Економскиот и инвестициониот план. Тој нуди значителен пакет за инвестиции, мобилизирајќи финансирање од речиси 30 милијарди евра и се фокусира на стратешките инвестиции во регионалните транспортни и енергетски мрежи, еколошката и дигиталната агенда, како и поддршката на приватниот сектор. Имаме солиден пакет амбициозни иницијативи, за кои Комисијата најави дека ќе обезбеди средства во вкупна вредност од 1,1 милијарди евра до крајот на 2021 година. Врз основа на овие приоритети, сакаме дополнително да ја зајакнеме нашата посветеност кон земјите од регионот, рече комесарот за проширување Оливер Вархеји.На конференцијата присуствуваа претседателот на МРФ Мустафа Карадаи, Мајлинда Брегу - генерален секретар на Советот за регионална соработка, Роман Јакиќ - претседател на Либералната мрежа на Југоисточна Европа, Емил Кирјас - потпретседател на Либералната интернационала и европратеничката на МРФ, Искра Михајлова.

Македонија | пред 4 години

IMG_4715

Облачно со температура до 13 степени

Времето денеска ќе биде претежно облачно и студено, со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, информират од Управата за хидрометеоролошки работи.Од таму додаваат дека во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 9 до 13 Целзиусови степени.Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. Ќе дува слаб ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне 11 степени.И во следните денови ќе бидеме под влијание на влажна воздушна маса, времето ќе се задржи претежно облачно и студено со повремени врнежи од дожд. Врнежите повремено ќе бидат пообилни, на места со пороен карактер и проследени со засилен ветер.

Македонија | пред 4 години

MickoskiGaziBaba

Мицкоски: Различни сме, тие веруваат во тендери, јас верувам во Македонија и нејзиниот народ

Ова е борба на народот против корумпираниот систем. На обичниот човек против оковите на потпросечност на власта, потенцираше Христијан Мицкоски на вечерашниот митинг во општина Гази Баба.Мицкоски пред граѓаните порача дека не се сите исти, односно дека тој верува во Македонија и нејзиниот народ, за разлика од СДСМ и Зоран Заев кои веруваат во тендери, моќ и пари.Ова е борба на идејата во која веруваме и која ја сонуваме, наспроти уривањето на вредностите и кршење на принципите. Тие веруваат во тендери, јас верувам во Македонија и нејзиниот народ. Тие се политиката за моќ и пари, јас сум за да создаваме иднина за сите генерации. Има разлика. Различни сме во моралот, во делата, историјата, и во намерите, истакна Мицкоски.

Македонија | пред 4 години

7

Мицкоски: Немаат програма затоа што таа подразбира план и визија

Ако дојдат 500-те евра плата кои Заев ги ветува лажно 5 години тоа ќе биде кога зејтинот веќе станал 200 денари литар, брашното тродупло се поскапело, лебот отишол над 30 денари, литар бензин дошол 100 денари. Какво фајде од неговите лажни 500 евра кога трошоците за живот се многу поголеми од тоа што го зема едно семејство, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешниот митинг пред граѓаните во општина Гази Баба.Мицкоски посочи дека СДСМ немаат програма, бидејќи таа подразбира и план и визија затоа што нивната визија се тендерите и криминалните бизниси.И доаѓаат пред вас без програма, а велат дека се најдобри и сега овој пат треба да им верувате на оние кои десет пати, 50 пати стопати претходно ве излажале. Немаат програма затоа што таа подразбира план и визија. Тие немаат визија затоа што нивната визија се тендерите и криминалните бизниси. Нивната програма се лагите и прес конференциите во кои никој не им верува. Заев нема програма затоа што таму ќе остане напишано излажаното. Нема програма затоа што и тоа им тешко да го направат и ќе станат мерливи и ќе може да се споредат дека ништо немаат направено, нагласи претседателот Мицкоски.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

„Државата ја развиваме“, Заев објаснуваше и убедуваше за глас повеќе

„Четири години ја развиваме државата на меѓународен план, ги развиваме општините на домашен план, го унапредуваме квалитетот на живот и расте животниот стандард, општините, државата, заедно ги поставивме во вистинскиот правец, конечно тргнавме напред, одиме напред и нема дилема, „Најдоброто“ е можно единствено напред“, порача вечерва од Кочани претседателот на СДСМ Зоран Заев.„Сите знаат каде бевме пред четири години а каде сме сега. За само четири години ја покачивме минималната плата од 9.000 на 15.200 денари, со интенција да ја покачиме на 18.000 што е 100-процентно покачување на минималната плата. Постигнавме просечна плата од 28.744 денари - сите плати се покачени за најмалку 100 евра. Од 1 јануари 2022 година, просечната плата ќе биде 500 евра, минималната плата 300 евра. Ги зголемивме пензиите за по 2.000 денари во просек изминатите 4 години и од 2022 година, секој 1 јануари и 1 јули сериозно ќе растат пензиите. Социјалната помош ја зголемивме не за 3 отсто, не за 30 отсто, туку 300 отсто, ги обесштетивме стечајците и воведовме државна социјална пензија. Ја намаливме младинската невработеност од 42 процента, колку што ја затекнавме, на 29 проценти.Вкупната невработеност ја намаливме на 15,9 отсто. 500 милиони евра инвестиравме во локални проекти. Така се сака државата. Така се градат општини и држава за сите луѓе. Не со поделби, не со лажни вести и со блокади, туку со проекти, со инвестиции, со влог во нашите сограѓани“, порача Заев.Претседателот Заев ги повика граѓаните да дадат поддршка за да продолжат успесите на централно и локално ниво.„Успесите што ги постигаме не се случајни, тие се резултат на силната заложба но и на вашата поддршка. Таа ваша поддршка ја очекуваме и на 17 октомври, за да ни потврдите дека го имаме „Најдоброто“ за Кочани. Затоа почитувани пријатели, на 17 октомври излезете масовно и заедно, сплотено и одлучно заокружете го бројот 12, тоа е победничкиот број кој гарантира напредок. На 17 октомври гласаме за Николчо Илијев гласаме за советничката листа на СДСМ, гласаме за 12 – за Најдоброто за Кочани“, повика Заев.

Македонија | пред 4 години

instagram

„Инстаграм“ повторно не работи

Сервисот „Инстаграм“ по вторпат неделава не работи. Прекинот е забележан и на „Down detector“ каде илјадници корисници пријавија дека имаат проблем со користењето. За неколку минути, имаше над 11.000 извештаи. Според истиот сајт, главните проблеми се кај корисниците кои се вклучуваат на Инстаграм преку апликациите за „Андроид“ и „Иос“ уреди.Во понеделникот Фејсбук, Фејсбук Месинџер, ВатсАп и Инстаграм претрпеа огромни прекини што погодија милиони корисници.Овие прекини траеја шест часа и беа најдолгите прекини во историјата на Фејсбук.

Магазин | пред 4 години

51526704661_1990f1f880_c

Царовска се „закани“ поради учебниците

Министерката за образование и наука Мила Царовска го повтори истиот став од вчера дека просветниот Инспекторат спроведува редовни инспекции во училиштата, но, досега не наишле на фотокопирани или оригинални дигитални книги што ги купиле учениците за четврто одделение.-Сите детектирани случаи на комерцијализирано пуштање во употреба на бесплатни учебници ќе биде спроведено до надлежните институции, изјави кратко Царовска.Министерката вчера потврди дека учебниците се бесплатни и тие имаат испечатено 20 отсто од вкупниот потребен тираж за оние ученици кои немаат услови да следат дигитална настава. Задоволна е како се одвива реформата и потенцира дека сите училишта ги прифатиле промените и ги користат новите алатки за работа.-Ако ми посочите каде се наоѓаат, тогаш јас тоа лично би го пријавила во Министерството за внатрешни работи како што направив и во претходни случаи кога имав сознанија дека такво нешто се случило и каде што имаше постапување, изјави Царовска.

Македонија | пред 4 години

103C3218-2A5E-45F2-99A4-139B5DCA5ECB

Мицкоски: Во Бутел Велимир Смилевски е во коалиција со бандитите и криминалците

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска од Бутел ја побара поддршката од граѓаните на општина Бутел за кандидатот за градоначалник Дарко Костовски, порачувајќи дека сегашниот градоначалник од СДСМ, Велимир Смилевски е во коалиција со бандити и криминалци кои го донеле на власт.Во Бутел, Велимир Смилевски е во коалиција со бандитите и криминалците кои го донесоа на власт. Нив се им исполни, на народот не му исполни ништо, ветуваше поликлиника, основно училиште во Визбегово, водовод во Љуботен и Љубанци, гасификација, две нови градинки- ништо од ова не исполни, рече Мицкоски.Затоа не им верувајте и сега кога лажно ветуваат. Поддржете промени. Излезете масовно на 17-ти октомври и заокружете го бројот 7 за Дарко Костовски, за победничката листа на коалицијата за Обнова на Македонија, за доктор Игор Николов, за професор Трајко Славески, бројот 82 за нов градоначалник на Градот Скопје, Данела Арсовска, порача Мицкоски.

Скопје | пред 4 години

mutsunski-filipovski

На сред дебата со кандидатите на Аеродром почнаа да се споменуваат и цицки

Жестока дебата водат кандидатите за градоначалници на Аеродром, Тимчо Муцунски и Александар Филиповски на телвизија Канал 5. Во еден момент Муцунски го обвини Филиповски дека неговата фирма, откако СДСМ е на власт, добила 15 милиони евра државни пари.Филиповски одговори дека тоа не е точно:-Вие осум години сте на државна цицка и со ништо не придонесувате. Нашата фирма обезбедува храна за 100 семејства. Таа е успешна фирма со години. Работи повеќе од 30 години, рече Филиповски.

Скопје | пред 4 години

Danela-Arsovska-Pretsedatel-SSK-960x640

Апасиев ја пријави Данела во антикорупциска

До ДКСК пристигна пријава за нерегуларни трошења на кандидатката за градоначалник на Град Скопје, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска.Пријавата ја поднесе Левица во средата, чиј лидер, Димитар Апасиев реагираше преку социјалните мрежи уште пред девет дена.„Данела Арсовска, официјално е независен кандидат за градоначалник на Скопје, со различен број на гласачкото ливче од ДПМНЕ. Правно гледано, немаат ни склучено договор за коалиција. Тоа значи дека, по закон, и следува само 3% од буџетот за платено политичко рекламирање (околу 15.000 ЕУР) и само 30 секунди на секој час емитувана програма – како и за сите останати “независни кандидати“. Арно ама, она лагано си ги користи 45% од првиот привилегиран пакет на парите кои им следуваат на ДПМНЕ и ААА (цирка, околу милион ЕУР за реклами)!? ДИК, АВМУ и Антикорупциска, ко по обичај, мува не ги лази за овие нерегуларности“, реагираше Апaсиев на Фејсбук.

Скопје | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања