Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

korona-sutka

Полицијата добија пријава дека врз плакати од еден градоначалник биле лепени нови од друг кандидат

На 08.10.2021 во 17.10 часот било пријавено дека во Шуто Оризари, врз плакати од кандидат за градоначалник од една политичка партија, биле поставувани плакати од кандидат на друга политичка партија.

Македонија | пред 4 години

tetovoold

Натепан малолетник тетовски трговски центар

На 08.10.2021 во 22.30 часот Р.Р.(39) с.Добарце, тетовско, пријавил дека пред трговски центар во Тетово, по претходно недоразбирање, неговиот малолетен син бил физички напднат од две лица на возраст од околу 17-18 години, кои во нападот користеле тврд предмет.Се работи на расчистување на случајот.

Македонија | пред 4 години

DSC_0718

Страшно: Жена натепана во центарот на Скоје среде пладне за да ја ограби!

На 08.10.2021 во 15.15 часот во СВР Скопје од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив била донесена М.С.(78) од Скопје, со тешки телесни повреди.Полициски службеници излегле на местото, при што било констатирано дека М.С. со повредите се здобила откако едно лице на подрачјето на Центар физички ја нападнало и ѝ ја одзело чантата. Се работи на расчистување на случајот.

пред 4 години

Screenshot-2021-10-09-at-16.03.33

Роднина на Пале од Велес која е обвинета за убиство: Морав да ја кажам вистината, оти душата ќе ми препукне

Веста за убиството на полицаецот одекна во целата земја, а набргу потоа се објавија и детали од насилното минато на Александар, кој во два наврати, за две кривични дела бил условно осуден во Основниот суд во Велес. Роднината на Пале раскажува дека сите се потресени и се уште не можат да се смират, но сакаат јавноста да ја дознае вистинската слика. Појаснува дека по настанот, Пале била таа која што повикала итна помош, се присетува на тешкиот живот на својата роднина, но кажува и дека жали што роднините не успеале на време да сфатат што се случувало во домот на Пале.-Таа имаше тешко детство, нејзиниот татко беше алкохоличар. Се разведе од мајка и, која е болна, има склероза и е во постела веќе подолг период. На почеток, Пале и нејзината сестра близначка, живееа со мајка им, а потоа, кога уште малолетна, таа го запозна Александар, со него замина во куќата на татко и. Таму и се случи настанот, во таа куќа, каде тие останаа да живеат и по смртта на татко и. Уште на почеток на нејзината врска со Александар, кој зад себе имаше неколку бракови и деца, јасно ни беше на сите дека Пале во него барала поддршка, заштита, ете направила погрешна проценка. Татко и дури и го пријави случајот, бидејќи се работеше за малолетно девојче и возрасен маж, тие беа повикани на разговор, каде Пале изјавила дека е со него доброволно, и тој продолжи да живее со неа-појаснува роднината.-Сега сфаќаме многу работи. Пцуењето и навредите и беа дел од животот, верувам дека соседите тоа ќе го потврдат. Но, најмногу жалиме што не успеавме да сфатиме на време дека таа трпела и физичко малтретирање, и целото време си молчела и собирала во себе. Најверојтано, се плашела да побара помош, немаше каде да се обрати, каде да оди, а тоа што тој беше полицаец, најверојатно било причина таа да се плаши да го пријави во полиција, кај неговите колеги. Инаку, Пале работеше во германската фабрика Дрекслермајер во Кавадарци, и дознавме дека често отсуствувала од работа. Наша претпоставка е дека барала слободни денови во тие периоди кога трпела физичко насилство, бидејќи се срамела да се појави во јавност со модрици. Беше многу вредна, постојано нешто работеше дома, на работа беше добар работник, дури и кога на гости и доаѓаа децата на Александар, од бракот со поранешната сопруга која живее во Австрија, а кои се речиси врсници со Пале, таа премногу се трудеше околу нив. За тоа, дека е многу вредна и трудољубива, сите секогаш ја задевавме – вели роднината.Целото сведошство на ФОКУС.

Македонија | пред 4 години

263

(ВИДЕО) Стојкоски: Населбата Даме Груев ќе добие пешачка зона наместо небезбедна улица без осветлување и тротоари

Километарска пешачка зона ќе биде направена на улицата „Шар планина“ во населбата Даме Груев, која сега е неосветлена и небезбедна, поради тоа што нема ниту тротоари, ниту осветлување. Реализација на овој проект ветува Александар Стојкоски, кандидат за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ за Ѓорче Петров. Смета дека ова место ќе биде одлично за спорт и рекреација за сите жители на населбата, но и општината.„Оваа улица покрај за сообраќај, локалното население често ја користи за слободните активности во попладневните часови. Овдека тие шетаат со своето семејство, со своите пријатели, дел од нив ги шетаат тука и своите домашни миленичиња. Но оваа улица во вечерните часови е многу небезбедна, бидејќи е неосветлена и на нејзе нема тротоари од двете страни. Во мојата изборна програма предвидувам изградба на пешачка зона, пропратена со бројни зони за спорт и рекреација, како и места на кои што граѓаните ќе можат да седнат и да поразговараат“, вели Стојкоски.Повеќе инфраструктурни проекти се дел од програмата на Стојкоски, кој вети и отворање на нови сообраќајни артерии за да нема гужва низ Ѓорче Петров и околните населби. Тој секојдневно преку објави информира дека е со граѓаните на терен, што како пракса, ќе го воведе и кога би ја презел функцијата градоначалник. Според него, програмата стигнала до сечиј дом, а за тековните активности информира и на социјалните мрежи.

Скопје | пред 4 години

Нема фотографија

Каевски: Скандал со парцели во Долно Соње

Скандал со парцели во Долно Соње води директно до актуелниот и сегашен кандидат за градоначалник поддржан од Христијан Мицкоски, Стефче Трпковски, вели Дарко Каевски, пратеник на СДСМ„Погледнете ги овие 28 имотни листови. Бројни парцели, со илјадници метри квадратни во Долно Соње за краток период станал сопственик само еден човек, близок до градоначалникот.Хектари се во прашање овде, над 30 илјади метри квадратни купено земјиште за само неколку години.Како е можно еден човек близок до актуелниот градоначлник Трпковски за краток временски период да купи 30 илјади метри квадратни земјиште?Дали станува збор за дил ориентед релации кум-кумашин, како во времето на Никола Груевски и богатење на грбот на граѓаните?Сите надлежни институции имаат обврска по допрен глас да го проверат овој случај и да ја информираат јавностаГрадоначалникот на општина Сопиште Стефче Трпковски треба да излезе пред граѓаните и да објасни како негов близок за само неколку години станал сопственик на илајдници метри квадратни земјиште.Која е улогата на Трпковски во овој скандал со „парцели во Долно Соње“ од 30 илјади метри квадратни?Очигледно актуелната локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ во општина Сопиште и градоначалникот од ВМРО-ДПМНЕ ги повторува и утврдува лекциите научени од времето на Никола Груевски“, додава тој.

Скопје | пред 4 години

krazbi

Расчистена тешка кражба во Скопје

На 08.10.2021 од страна на полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Кисела Вода во Казнено-поправната установа „Идризово“ е извршен службен разговор со И.Р.(31) од Италија, со престој во Скопје, поради постоење основи на сомнение дека на 09.09.2020 на паркинг на ул.„Христо Татарчев“ извршил кривично дело „тешка кражба“. И.Р. во целост го признал делото и го појаснил начинот на извршување, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 236 од Кривичниот законик.

Скопје | пред 4 години

silegov-1

Субвенции за 30.000 велосипеди ветува Шилегов за следниот мандат

Град Скопје во изминатите четири години ги насочи средствата на скопјани во финансиска поддршка за проекти и субвенции кои дадоа одличен резултат во делот на намалување на загадувањето и здравите животни навики. Градот се грижеше за животната средина и нејзиното унапредување како никогаш порано.Оваа стратегија даде резултат, денес живееме во град со почист воздух, со повеќе алтернативен превоз како велосипеди, а граѓаните ги заменија нееколошките печки со еколошко греење.- За четири години доделивме 15.000 субвенции за велосипеди и 700 електрични тротинети. Во следниот мандат, оваа бројка ја зголемуваме за двојно и предвидуваме субвенции за 30.000 велосипеди, изјави Шилегов на денешната прес-конференција.- Во рок од еден мандат, преку субвенции стимулиравме 5000 домаќинства да ги заменат нееколошките грејни тела со еколошки. 5000 оџаци помалку чадат во Скопје благодарение на оваа поддршка. Во следниот мандат издвојуваме еден милион евра годишно субвенции за инвертер клима уреди, односно 4 милиони евра за наредните 4 години. Одлучни сме да го искорениме загревањето на нееколошки начин во Скопје и уште повеќе да го намалиме загадувањето, потенцираше градоначалникот Шилегов.

Скопје | пред 4 години

zhg-drvo-bilbord-960x1280-1

ФОТО: Пак не се гледа билбородот на Темелковски, оти засадено е ново дрво на местото од исеченото

Пред неколку дена во скопската општина Кисела Вода беше исечено дрво за да може подобро да се гледа билбордот со кандидатот за градоначалник на СДСМ Филип Темелковски. Но, од Зелен хуман град на истото место засадија ново дрво.Исекоа дрво за да им се гледа билбордот. Ние засадивме дрво и им го покривме билбордот. Сакаме Зелен хуман град, велат од ЗХГ. 

Скопје | пред 4 години

Silegov-520x292

Додека скопјани чекаа нови проекти, Шилегов си градеше хациенда во Маврово, вели ВМРО-ДПМНЕ

Петре Шилегов ќе остане запаметен по стотината ветени, а нереализирани проекти. Тој знае дека ништо не направил и давал само лажни ветувања како Зип лајнот од Кале до Градски парк, тунелот под Кале, продолжувањето на Булевар Илинден и редица други проекти.Шилегов е воочливо нервозен затоа што нема ништо направено, а нема ниту понуда што би направил, тој копира од ВМРО-ДПМНЕ.Брзиот кружен тек кој го најавува кај Момин поток е проект на Коце, исто како и подземната сообраќајница кај Јужен булевар, која ја гради Лимак, инвестиција донесена од ВМРО-ДПМНЕ.Шилегов ќе остане запаметен како најнеспособниот градоначалник што Скопје го имало. Но и по тоа што од функција си го зголеми имотот за половина милион евра.Додека скопјани чекаа нови проекти, Шилегов си ја градеше хациендата во Маврово и креваше два спрата дивоградби на зградата во Карпош.Скопјани очекуваа проекти, а 4 години градот стагнира.Скопје мора да биде посредено, Скопје заслужува да оди напред.

Скопје | пред 4 години

natasa-bekvalac-1

Последната песна која ја напиша Туцаковиќ ќе ја отпее Беквалац

Пејачката Наташа Беквалац ќе ја отпее последната песна која ја напиша една од најпознатите југословенски текстописци, Марина Туцаковиќ. За потсетување, Туцаковиќ почина на 19 септември, а зад себе има оставено бројни хитови. Некои од нив сè уште не објавени.Една од тие песни ќе се најде на новиот албум на Беквалац. Песната се вика „Излекувана“ и се однесува на животот на пејачката.„Не можам да кажам дека таа песна лекува душа, повеќе би рекла дека заборува за душата“, рече Беквалац во едно од нејзините интервјуа.

Магазин | пред 4 години

Nikola-Gruevski-so-lav-VMRO

Каде ќе оди Груевски, му истекува азилот во Унгарија: Ќе го вратат ли во Македонија?

Меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии (ИФИМЕС) од Љубљана објави опширна анализа за престојните локални избори во Северна Македонија на 17 октомври кои ги смета за „избори со историски последици“ на кои за првпат на изборната листа се наоѓаат две меѓуетнички предизборни коалиции.Од ИФИМЕС анализираат дека локалните избори ќе бидат нов обид за дестабилизација на Северна Македонија.Тригодишниот политички азил на Никола Груевски во Унгарија истекува во октомври 2021 година, и тој преговарал со Русија и Турција за можноста за добивање политички азил, пишува ИФИМЕС.„Опција е и можноста за враќање во Северна Македонија по локалните избори, на кои, според неговите проекции, би победила ВМРО-ДПМНЕ. Така, тие би се обиделе да го соборат Зоран Заев и неговата влада, а тоа сценарио го играат серија акции зад сцената, кои во најголем дел беа спречени. Тоа би било нов почеток за Северна Македонија и враќање во старата држава – дали граѓаните на Северна Македонија навистина го сакаат тоа?“, прашува ИФИМЕС на крајот од анализата.

Македонија | пред 4 години

maricic-1

Потврдите од казнената евиденција почнаа да се издаваат електронски

Министерот за правда Бојан Маричиќ од Штип изјави дека услугата електронско вадење на потврди од казнена евиденција одлично функционира во пракса и граѓаните веќе ја користат услугата. Ова беше прва од повеќето услуги кои се дигитализираат, а целта е граѓаните да не мора да чекаат по шалтери и овие потврди да се добиваат електронски.-Според информациите граѓаните веќе ја користат оваа услуга и системот одлично функционира. Граѓаните електронски, на модерен начин ги вадат овие потврди, односно потврдите за неосудуваност. Се работи за целосно нов систем, но важно е дека се се одвива во најдобар ред, изјави Маричиќ.Оваа услуга е само една по неколкуте кои целосно ќе се дигитализираат. Наскоро ќе може по електронски пат да се добијат и изводите од кривична евиденција, а се работи и на трета услуга, односно дигитално издавање на уверение дека против лице не е изречена санкција – забрана за вршење на професија, дејност или должност. Целиот процес на дигитализацијата на судството кој го води Министерството за правда, предвидува воведување информатичка технологија на сите 34 судови во земјава и во речиси 200 судници.

Македонија | пред 4 години

nenad-lazarov4

Не може Филипче да менаџира здравство и да менаџира изборна кампања, вели д-р Лазаров

Македонија е единствената земја во светот каде првиот човек во здравството среде пандемија тера кампања за локални избори, смета матичниот лекар д-р Ненад Лазаров.На Македонија лошо и се пишува ако надлежните и натаму се однесуваат како да не сме среде пандемија.-Ако не можат да си дозволат пациентите приватно да платат анализи значи секако се соочуваат со минимум 24 до 48 часа чекање, што во оваа криза и после година ипол е недозволиво. Втор проблем е тестирањето конкретно, не постојат термини, односно постојат но многу мал број, смешен број на термини за она што е реална потреба на терен. И второ, од оваа ситуација ќе апелирам и ќе поздравам дека не постои друг пример на светот каде што министерот актуелен за здравство е шеф на изборен штаб на владејачката партија во моментот. Како? Јас мислам дека е физички невозможно да се менаџира здравство и да се менаџира изборна кампања во исто време, рече д-р Лазаров.Најголема грешка на надлежните, вели Лазаров е тоа што целосно вакцинирани се ослободени од секакви рестрикции, дури и ако домаќинството го делат со позитивни лица.Да споменеме една небулоза која прави многу штета во моментот а тоа е дека вакцинирани не се изолираат доколку во семејството има позитивен случај. Тоа е нон сенс. Бидејќи видовме дека голема е веројатноста дека иако си вакциниран можеш да се инфицираш. Имам во ситуацијава, неколку семејства моментално со по двајца позитивни, а останатите двајца кои се вакцинирани дури не ги ни тестираме, немаме право ни на тест да ги пратиме, не па да подлежат на изолација. Тие апсолутно одат и на работа, додава Лазаров.

Коментари | пред 4 години

IMG-1b44e70535a4de437ef432b907ea749b-V

МВР со детали за двајцата фалсификатори од Камерун

На 08.10.2021 полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал (ОСОСК) во содејство со Одделот за гранични работи и миграции на Граничен премин „Меѓународен Аеродром“ – Скопје, при влез во државата, ги лишија од слобода Т.Р.Ф.(36) и М.Б.С.(40), двајцата од Камерун, поради постоење на основи на сомнение за сторени кривични дела „Правење, набавување или отуѓување средства за фалсификување “.Имено, при пасошка контрола на пријавените, кои допатувале од Милано, извршена им била дополнителна гранична контрола и при преглед на багажот, кај Т.Р.Ф. биле пронајдени 2.591 исечени парчиња хартија на кои од двете страни е отпечатен дел од дизајнот на банкноти од 50 евра, 2.363 такви парчиња со отпечатен дел од дизајнот на банкноти од 100 евра, 463 парчиња со дел од дизајнот на банкноти од 200 евра, 213 со дизајн на банкноти од 500 евра, 2 исечени парчиња хартија на кои од едната страна е отпечатен во повеќе бои дел од дизајнот на банкноти од 50 евра, 78 исечени парчиња хартија без никаква ознака, како и две шишиња со течност и УВ-ламба.При преглед на багажот кај М.Б.С. пронајдени се 2.072 исечени парчиња хартија со црна позадина на кои од двете страни е отпечатен дел од дизајнот на банкноти од 50 евра, 1.321 такви парчиња со отпечатен дел од дизајнот на банкноти од 100 евра, 247 со отпечатен дел од дизајнот на банкноти од 200 евра, 104 со дизајн на банкноти од 500 евра, како и 1 француска лична карта на име К.В.С. и 1 камерунска патна исправа на име С.И.Ф. за кои нема податоци дека се вистинити.Пронајдените предмети се одземени и предадени на вештачење во Народна банка и Одделот за за криминалистичко - технички испитувања и вештачења при МВР, при што било утврдено дека примероците се имитации на евро банкноти со различна апоенска вредност, кои се изработени со користење на професионална опрема. Исто така, од извршената експертиза од страна на Народната банка е констатирано е дека тие претставуваат примероци во рана фаза од изработката на фалсификувани евро банкноти со апоенска вредност од 50, 100, 200 и 500 евра.Поради тоа што кривично-пријавените предметите неовластено ги поседувале со намера истите да ги внесат на територијата на нашата држава за да се искористат за правење на лажни пари во вкупна вредност од 902.150 евра, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО Скопје , поднесе кривична пријава против двете лица поради постоење на основи на сомнение за сторени кривични дела „Правење, набавување или отуѓување средства за фалсификување“ по чл.271 ст. 2 од Кривичниот законик. 

Македонија | пред 4 години

D-Butel2

Данела Арсовска е иста како нејзиниот ментор Никола Груевски, вели СДСМ

Кандидатката за градоначалник на Град Скопје Данела Арсовска е иста како нејзиниот ментор Никола Груевски, се противи секогаш кога парите завршуваат кај граѓаните, вели СДСМ.„Додека минималната плата постојано растеше, ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска беа против секое ново покачување.За Арсовска зголемувањето на минималната плата било вештачко, ќе довело до колапс на илјадници претпријатија, а економијата тоа не можела да го поднесе.Арсовска, кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ, без срам и перде се обрати на „Текстилијада“ да зборува за работнички и женски права.Токму текстилните работнички имаа најголема придобивка од минималната плата, затоа што вработените во оваа индустрија како и вработените во кожарската и чевларската индустрија со години добиваа плати кои беа под законскиот минимум, односно под 9.000 денари.Во изминатите четири години СДСМ минималната плата ја покачи за над 6.000 денари, од 9.000 на 15.200 денари.Со ревитализација на економијата и успешното надминување на последиците од коронакризата, намерата е минималната плата до крајот на годината да изнесува 18.000 денари.Тоа е двојно или стопроцентно зголемување во однос на 2017 година.Денес, фактите ја демантираат Арсовска. Нема изгубени места поради повисока минимална плата, растот на БДП изнесува 13,1 отсто, а стапката на невработеност е на најниски 15.9%.Арсовска се грижи само за зголемување на приходите на бизнисмените, а не на работниците.Затоа на 17 октомври ја чека убедлив пораз и казна од граѓаните за нејзиното арогантно и антинародно однесување“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 4 години

D-Butel2

Арсовска си ги кажа желбите за платите во Македонија

Кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска на денешната прес-конференција упати критики за лошата организација на водоснабдувањето во Скопје.Таа вети дека ќе го реши тој проблем, а говореше и за животниот стандард на граѓаните на нашата држава, со надеж дека во иднина тој ќе се подобри.„Речиси нема ден да нема прекин на водата низ целиот град. Ние ќе направиме оптимизација на водоснабдителниот систем. Подготвуваме стручен тим за утврдување на состојбата на сметководите. Со моја програма нема да има заборавени места во Скопје. Јас лично ќе посетувам диви депонии кои го нарушуваат здравјето на скопјани. Кога зборуваме за животниот стандард, зошто да имам 40 отсто сиромаштија? Јас сакам секој да има 5000 евра плата во Македонија, но треба да се креираат услови“, истакна Арсовска.

Слајдер | пред 4 години

244799149_4658946280803256_1524227686469572762_n

ФОТО: Како течел претресот кај Фросина Ременски, караница на судењето со обвинителката Трајчева

Сите заинтересирани кои едно време голтаа пропаганда и манипупација, наддава и лицитираа со тоа што се случува и што ќе се случува на рочиштата во случајот со „Меѓународен сојуз“, одеднаш станаа комплетно незаинтересиран да ги следат главните расправи во кои се објавуваат докази за безобразната правна небулоза по команда на Вилма Русковска, пишува Фросина Ременски на Фејсбук.„Небулозата е во „фатаморгана случајот“ или коска за гладни кучиња. Во кривичното право и во правната држава која ја прокламираме оваа незаинтересираност носи назив „Тајно делување на правдата“.За да нема тајни, еве неколку реченици за последното рочиште што се оддржа во среда:Рочиштетот во средата се одджа по (без малку) 90 дена. За него немаше НИКАКВА информација во јавноста – исто како за претходни две одложени рочишта.ПР-центарот во ОЈО ГОКК задолжен за (де)брифинг, „контролирана тајност на истрагите“, дефокуси и ексклузиви, има задача да комуницира со „неколкумина кои први дознаваат“, кога треба, а кога не треба да се оди и известува од рочиштата – „нормално“, за да се сокрие срамот на ОЈО ГОКК и нивниот партнер МВР. Тоа му личи како комуникикацијата на Вилма Русковска со Бојан Јовановски во која таа „професионално брифира кого ќе апси, приведува и каде ѝ требаат екипи“ Бројот на чевли и дизајнот на шеширите не се дел од ПР-стратегијата за (де)фокус.На рочиштетот јас ги изведов како круцијални докази -те видео снимки во вкупно траење од близу 35 минути во кои експлицитно се гледа In Flagrante НЕЗАКОНСКИОТ ВЛЕЗ ВО МОЈОТ ДОМ И ПРЕТРЕС БЕЗ НИКАКВИ УСЛОВИ ЗА ОТПОЧНУВАЊЕ НА ПРЕТРЕС на 09.10.2019 годинаОва кршење на уставната гаранција на неповредливост на домот (чл.26 од Уставот) видено од снимките го вршат:Белкија Решити (истражител кај Вилма, сега заклонет во Финансиска полиција);Билјана Целевска (истражителка кај Вилма и заклонета во МВР)Сашо Николовски (инспектор во МВР)Сашо Томевски (инспектор во МВР)Вацлав Лукиќ (инспектор во МВР)Јахона Сулејмани (инспектор во МВР)Валентина Димчевска (инспектор во МВР).по незаконита наредба на извршителката Вилма Русковска, а по писмена нардба на уценета судијка на претходна постапка Весна Димишкова.Во Судица владееше шатам во текот на гледањето на видео материјалот , со мал прекин во вид на шега дека: „Mачорот Тоби влезе дома, заедно со наведените и очигледно бил улога на сведок во претрес“(види слика)Возбудената ЈО Трајчева се обиде да ми „поучи“ како да го интерпретирам тоа што го гледам, зошто очигледно таа не сакаше да види. Се осмели да каже дека, не треба да „претпоставувам“ што прават горепосочените во очигледниот незаконски претрес, зошто нормално тоа е голем срам за МВР и ОЈО ГОКК.Објаснив дека, ако јавен обвинител не знае како изгледа легитимирање на службено лице пред преземање на службено дејствие, тогаш морам да објаснам како изгледа тоа и дека, скрстените раце и раце во џебови на извршители на незаконскиот претрес што се гледа од видео снимките ВООПШТО не соодветствуваат со ФАЛСИФИКУВАНИТЕ со кои Билјана Целевска и Дејан Андонов-Крапот од внатрешна коннтрола ги лажеле судиите, кривичниот совет и сите други – се лажеле себеси со надеж дека овој In Flagrante никогаш нема да биде виденМожам да ги идентификувам извршителите, затоа што јас побарав тие да се легитимираат со број на значка и име/презиме откако дојдов и ги затекнав во претурање по документи кои немаат врска со „Меѓународен сојуз“Продолжив и завршив со презентирање на видео материјалот.Судијата се погрижи за „заштита на мојата приватност во прегледот на видео материјалот“ кога објасни дека на снимката се гледа и моето малолетно дете на кое не му е дозволено да си влезе дома.Не барав исклучуваање на јавноста, бидејќи освен претставници на мисијата на ОБСЕ и претставници на коалицијата „Сите за правично судење“ немаше ниту еден медиум да види или да излезе со наслов за тоа што гледа, бидејќи на едно од рочистата за „Рекет“ сите „видоа“ и пренесоа дека, „за време на сведочењето ѝ застанал часовникот на госпожа Ана Камчева“Судијата дозволи да забележам дека, не побарав исклучување на јавноста како мое права, дека видео материјалот не е воена тајна и дека моето малолетно дете не се сослушува како обвинето или жртва во судницаНа крајот на рочиштето на Судот му се обратив во врска со мојот допис доставен на 29.09.2021 година до Судијата во кое експлицитно и конкретно укажувам дека, ОЈО за ГОКК (од прв до последен), во извршителска дружба со главните за прикривање и фалсификување на криминалот во МВР, и по обидот за очигледниот незаконски влез во дом виден во , ВРШАТ ВЛИИЈАНИЕ И ЗАПЛАШУВААТ МОИ СВЕДОЦИ ВО ПОСТАПКИПотсетив - Судот писмено е информиран дека, ОЈО ГОКК во текот на целата моја доказна постапа (4 рочишта) ВРШИ ПОПРЕЧУВАЊЕ НА ДОКАЖУВАЊЕТО и ВЛИЈАНИЕ И ЗАКАНИ ВРЗ МОИ СВЕДОЦИДа биде јасно, ќе повторам зошто ОЈО ГОКК го прави ова – затоа што јас не побивам докази на ЈО за некаква моја инволвираност во „незаконски дејствија и Меѓународниот сојуз“, бидејќи докази нема. Но, побивам фалсификувани документи од МВР и ОЈО ГОКК за злоупотребите и незаконитиот влез и претрес во мојот дом во кој СИТЕ ИНВОЛВИРАНИ И СТРАНИЧНИ ИГРАЧИ ЈА ШТИТАТ ВИЛМА РУСКОВСКА ОД ОДГОВОРНОСТ за незаконски издадените наредби за влез дома и директното мешање во надзорната функција над УБК/АР на пратеник во тек на реформа на УБКАко ОЈО ГОКК за влијание и заплашување на сведоци бара притвор за обвинети, напоменав дека Судот е должен да го испита и спречи влијанието на јавното обвинителство од позиција на моќ и сила да попречува докажување и на нивните злоупотреби.Судот извести дека, со пропратен акт известувањето е доставено до ОЈО ГОКК и ја повтори обврската и за јавното обвинитество да се држи на линија на законот.Рочиштето заврши околу 14.00 часот.Бидејќи овој последен пасус отвара уште една димензија на организираното приикривање на злоупотребите на МВР и ОЈО ГОКК, во следен статус ќе Ви објаснам како работи „параполициската машинерија за организираното прикривање на режимскиот криминал во кој како извршител влегуваат и продолжените дејствија на Вилма Русковска“Ќе видите како во овој институционализиран организиран криминал откривачите на криминал и злоупотреби стануваат непожелни и жртви на својата доследност и професионалност, а како криминалците и маскираните режимски професионалци стануваат зааштитени мечки. Ова последното помалку ќе ми пречење ако не беше поддржано од сите кои требаше да донесат промени за кои се боревме до и по 2016 годинаПродолжува ...(Слика - мал дел - незаконски влез во дом, заради вршење претрес и "службен фалсификат" дека, свекрва ми Милка била на претресот, а мене лично ми ја дале наредбата пред претрес).П.С Нека се најде еден полицаец од ФБ заедницата и нека ми каже дека вака може„, стои во објавата на Фејсбук.

Коментари | пред 4 години

sela-2

Таравари нема да падне, тврди Села

Коалицијата „Алијанса за Албанците“ и „Алтернатива“ синоќа во Гостивар одржа предизборен собир со жителите на населбите Леска и Дутлок. Пред партиски членови и симпатизери, беа претставени делови од предизборната програма „Трансформиран Гостивар“.„Победата од Гостивар ќе се пренесе во Струга и секоја општина до Липково. Конечно дојде времето на демократија, слобода, надеж кои доаѓаат со овие промени. Политичките противници попусто трошат време, бидејќи Арбен Таравари нема да падне, затоа што е прв во Гостивар и ќе победи уште во првиот круг“, рече Села.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-10-09-at-10.58.14

Анкета за Кисела Вода: Предност за Темелковски, неопределените клучни за победа во општината

Во предизборието, десетици анкети проциркулираа во јавноста за тоа кој ќе ја добие битката на локалните избори за водење на општините наредните четири години. Таква анкета е направена и за Кисела Вода, на како што пишува, репрезентативен примерок од 1400 испитаници. За 2,6 проценти повеќе предност во општината има СДСМ и кандидатот Филип Темелковски, кој беше градоначалник во изминативе четири години.„Најголем број на граѓаните очекуваат идниот градоначалник да е одличен познавач на проблемите на општината, да одговорна личност, да е докажан менаџер и да нуди квалитетна програма. Најголем број од граѓаните го познаваат сегашниот градоначалник. Кога биле запрашани да споменат некое име од постојните кандидати најголем број од граѓаните го спомнуваат името на моменталниот градоначалник Филип Темелковски. На прашањето за кој од актуелните кандидати за градоначалник би гласале видлива е наклоност кон сегашниот градоначалник Темелковски за кого предност даваат 35,1% од граѓаните споредбено со 32,5% за Ѓорѓиевски“, стои во неа.Во истата се коментира дека резултатите на анкетата кореспонтираат со анкета направена пред четири години кога Темелковски беше избран за градоначалник.„Во 2017 поддршката за Филип Темелковски беше 29,3% а за кандидатот на ВМРО ДПМНЕ Јохан Тарчуловски 27,8%. Како и тогаш конечната одлука ќе ја донесат гласачите кои сеуште не се определиле за кого ќе ја дадат својата доверба од 13,7%“, стои во неа.

Скопје | пред 4 години

iveqgpr0mxohbhtipzy0

Фејсбук тврди ги отстранил проблемите

Фејсбук ги отстрани проблемите што предизвикаа втор прекин на неговата работа оваа недела и им се извини на корисниците.Синоќа, Фејсбук, Месинџер и Инстаграм повторно станаа недостапни за корисниците во некои делови на светот. Според податоците на веб -страницата Downdetector, корисниците пријавиле прекини во работата на социјалните мрежи. Компанијата соопшти дека падот е предизвикан од „погрешна конфигурација“ на рутерите.„Искрено се извинуваме ако немавте пристап до нашите социјални мрежи во последните неколку часа. Го отстранивме проблемот и ви благодариме уште еднаш за трпението оваа недела”, се нагласува во објавата на Фејсбук.Податоците за проблемите со Фејсбук почнаа да се појавуваат вчера по 20 часот. Корисниците во САД и Европа изразија незадоволство од работата на страницата и мобилната апликација. Неколку минути по првите известувања за прекини на Фејсбук, имаше и извештаи за проблеми со Инстаграм. Во понеделникот, Фејсбук, Месинџер, Инстаграм и Ватсап беа недостапни со часови во многу делови на светот.

Магазин | пред 4 години

Izbori

ИФИМЕС: Сакаат ли граѓаните на Македонија враќање во старите лоши времиња?

Меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии (ИФИМЕС) од Љубљана редовно ги анализира актуелните настани на Блискиот Исток, Балканот и низ целиот свет. ИФИМЕС подготви анализа на актуелната политичка состојба во Северна Македонија по повод локалните избори, што ќе се одржат на 17 октомври 2021 година. Од обемната анализа „Локални избори во Северна Македонија 2021 година: Избори со историски последици“ ги издвојуваме најважните и најинтересни делови.Избори со историски последициСедмите локални избори од прогласувањето на независноста ќе се одржат во Република Северна Македонија на 17 октомври 2021 година, а вториот круг од локалните избори ќе се одржи на 31 октомври 2021 година.Државната изборна комисија (ДИК) објави дека се потврдени 303 листи за градоначалници и 567 за членови на општинските совети.Партиите и независните кандидати имаат 19 дена да водат кампања и да ги претстават своите програми.Право на глас на претстојните локални избори ќе имаат 1.824.864 избирачи од граѓаните на Северна Македонија, кои ќе избираат градоначалници и советници во 80 општини во првиот круг од изборите, како и за главниот град Скопје. Листи со кандидати за градоначалници и советници поднесоа 19 партии и коалиции, а кандидати за 64 независни кандидати и листи поднесоа групи граѓани. Локалните избори во северна Македонија ќе се спроведат на 3.480 избирачки места и ќе ги следат повеќе од 300 набудувачи на ОБСЕ/ОДИХР.Претставниците на политичките партии кои учествуваат на изборите потпишаа Кодекс со кој се обврзуваат дека ќе ги почитуваат основните човекови права и слободи за да имаат транспарентни, инклузивни и фер избори.Специфичноста на локалните избори е дека, за првпат, на изборната листа има две меѓуетнички предизборни коалиции. На едната страна е коалицијата на владејачките партии, предводена од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) и три албански партии – ДУИ, Беса и ДПА, додека на другата страна е коалицијата на опозициските партии, предводена од конзервативната десница – ВМРО-ДПМНЕ со албанскиот блок составен од Алијанса за Албанците и Алтернатива. Земја на мир и мултиетнички балансРепублика Северна Македонија со одржување на предвремени парламентарни избори во декември 2016 година, успеа да ја надмине длабоката долгогодишна политичка криза, предизвикана од незаконското прислушување на над 20.000 граѓани и грабежот на режимот од над пет милијарди евра народни пари.Во таа држава постои демократска трансформација и консолидација . Државата успеа да се избори меѓу демократијата и авторитаризмот, односно меѓу граѓанскиот и / или етничкиот карактер на Северна Македонија. Сепак тешката наследена ситуација за време на владеењето на Никола Груевски (ВМРО-ДПМНЕ) остави длабока трага и долгорочни последици. Режимот Груевски-Мијалков, се уште е капиларен во сите сегменти на македонската држава, односно уште не е целосно демонтиран. Остатоците од режимот на Груевски постојано ги опструираат процесите, што ги отежнува демократските промени и создавањето функционална држава.Сепак членството на Северна Македонија во НАТО ја заокружи македонската државност. НАТО гарантира опстанок и територијален интегритет на модерната македонска држава. Со влегувањето во НАТО, никој не може да смета на Северна Македонија за неговите големодржавни проекти, што е особено важно поради турбулентната регионална средина и бројните опасности. Демократските промени и постигнатите резултати во изминатите четири години покажаа дека промените се можни и остварливи и дека Северна Македонија, како и регионот на Западен Балкан имаат потенцијал да го сторат тоа. Ова испрати силна порака и охрабрување до другите земји во регионот. Исто така, важно е што официјален Брисел го призна текот на промените во Северна Македонија, но не реагираше на нив позитивно и конструктивно, иако вети дека ќе го стори тоа. Без демократски промени во Северна Македонија, немаше да има демократски промени во Црна Гора и Косово. Согласно ова сценарио демократски промени ја чекаат Босна и Херцеговина на следните парламентарни избори на 2 октомври 2022 година. Во меѓувреме Зоран Заев (СДСМ), заедно со претседателот на Србија Александар Вучиќ (СНС) и премиерот на Албанија Еди Рама (ПС), ја започнаа најважната регионална иницијатива „Отворен Балкан“, која ќе донесе бројни придобивки за граѓаните на Северна Македонија и регион.Затоа аналитичарите веруваат дека Северна Македонија е најбезбедна[2] земја на Западен Балкан и без никаков меѓуетнички инцидент од доаѓањето на власт на Владата на Зоран Заев (СДСМ), додека за време на владеењето на Никола Груевски тоа беше редовна појава. Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски (СДСМ), е најодговорен за оваа ситуација и затоа е под интензивни напади, бидејќи покрај борбата против криминалот и превентивните мерки преземени за зголемување на безбедноста во сообраќајот, откри и демонтираше мрежи на одредени странски разузнавачките служби во Северна Македонија. Од тогаш, нападите врз него беа замислени како еден вид одмазда за неговата успешна акција.Локални избори со историски последициПретстојните локални избори претставуваат шанса за продолжување на промените во Република Северна Македонија, кои започнаа со формирањето на коалициската влада на 31 мај 2017 година, предводена од премиерот Зоран Заев (СДСМ).Локалните теми се најмалку застапени во изборната кампања, иако овие теми се блиски до кандидатите за градоначалници, кои во голема мера се непознати за пошироката јавност. Пристапот на лидерите на политичките партии е таков што секогаш зборуваат за големи државни и стратешки прашања. Затоа и на локалните избори, повеќе гласови се даваат за политичка партија, а не за поединец, кој е кандидат за локална позиција, и тоа е политичка аномалија присутна цело време во земјите од регионот.Фокусот е на теми како што се стандардот на живеење на граѓаните, вакцинација против „Ковид-19“, екологија, план за инвестиции во слободни економски зони, инфраструктура, плати и економска политика, борба против криминалот и корупцијата, отворени прашања со Бугарија, европската иднина и како една од главните теми е неодамнешниот пожар во Тетово, во кој 14 пациенти загинаа во модуларната „Ковид“ болница.Од тука на претстојните локални избори не се гласа само за градоначалници и советници во општинските / градските совети, туку се одлучува и за правецот на Република Северна Македонија, односно дали ќе продолжи да се развива и реформира во просперитетна и успешна земја со многу меѓународни пријатели. или ќе се врати во времето на владеењето на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, кои играа на картата на лажен патриотизам врз основа на кој беше ограбена државата за над пет милијарди евра, а повеќе од 20.000 граѓани беа незаконски прислушкувани. ВМРО-ДПМНЕ на тој начин ја блокираше државата 12 години за време на нејзиното владеење, додека сега тоа сака да го стори тоа со физичко организирање серија манипулативни протести против актуелните власти.Локалните избори-нов обид за дестабилизација на Северна МакедонијаЗа Република Северна Македонија е од особено значење сите оние што го попречуваат или не го признаваат Договорот од Преспа, кој донесе мир, стабилност и отвори шанса за просперитет на Северна Македонија, да бидат санкционирани и вклучени во „црната листа“ на американската администрација.Тригодишниот политички азил на Никола Груевски во Унгарија истекува во октомври 2021 година и тој веќе преговара со Русија и Турција за можноста за добивање политички азил. Опција е и можноста за враќање во Северна Македонија по локалните избори, на кои, според неговите проекции, би победила ВМРО-ДПМНЕ. Така, тие би се обиделе да го соборат Зоран Заев и неговата влада, а тоа сценарио го спроведуваат со серија акции зад сцената, кои во најголем дел беа спречени. Тоа би било нова катастрофа за Северна Македонија и враќање во староте лоши времиња – прашањето е дали граѓаните на Северна Македонија навистина го сакаат тоа?

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Мадона му легна на маса на Џими Фалон

Поп пејачката Мадона, повторно ја забавуваше публиката, овој пат во шоуто на Џими Фалон, во кое го покажа задникот. Прво легна на масата, а потоа го крена здолништето. Водителот се обиде со сакото да ја покрие, а потоа од срам си го покри лицето.Фановите ја осудија Мадона заради нејзиниот настап и ѝ порачаа дека не знае да се однесува за нејзини години. Некои пак ја поддржаа и напишаа дека таа секогаш знае како да ја привлече јавноста и да биде секогаш во центар на внимание.

Магазин | пред 4 години

kucinja-skitnici

Вчера две лица каснати од кучиња скитници

На 08.10.2021 во 19.20 часот во СВР Битола, В.К.(32) од с.Поешево пријавил дека на ул.„Васко Карангелевски“ во Битола бил каснат од куче скитник.На 08.10.2021 во 01.10 часот во Полициската станица Драчево, С.Б.(54) од Скопје пријавил дека во Паркот на бранителите бил каснат од куче скитник.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Фатен Албанец кој бил баран со потерница од Интерпол

На 08.10.2021 во 23.25 часот на Граничниот премин Ќафасан бил лишен од слобода Г.Б.(29) од Р.Aлбанија. По извршени гранични проверки било констатирано дека тој во службената евиденција е мерка „апси“ по распишана потерница од Интерпол - Р.Унгарија.Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Струга за понатамошна постапка.

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања