Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

Mentalno-zdravje

Речиси една милијарда луѓе во светот имаат ментално растројство заради ковид пандемијата

Пандемијата на Ковид 19 има големо влијание врз менталното здравје на луѓето, а особено ги погоди вработените во првата линија, студентите, самците и оние кои веќе имаа ментални проблеми, објави Светската здравствена организација (СЗО).Речиси една милијарда луѓе имаат ментално растројство и тоа може да влијае на секого, а водечка форма е депресијата, од која, според проценките, страда пет проценти од светската популација, изјавија од СЗО по повод Светскиот ден на менталното здравје.Во соопштението се наведува дека секој седми човек на возраст од 10 до 19 години доживува некаква форма на ментално растројство и дека луѓето со сериозни нарушувања, како што е шизофренија, обично умираат 10 до 20 години порано од општата популација.„Еден од 100 смртни случаи е самоубиство. Тоа е четврта најчеста причина за смрт на луѓе на возраст од 15 до 29 години “, наведува СЗО.„Стигматизацијата, дискриминацијата и кршењето на човековите права на лицата со нарушено ментално здравје и понатаму се широко распространети“, велат од СЗО.Извештајот, исто така, предупредува на пад на продуктивноста поради депресија и вознемиреност и дека тоа ја чини светската економија трилиони долари секоја година.Во извештајот на СЗО не се споменува дека најчестите форми на нарушувања на менталното здравје – депресијата и анксиозноста – може да се третираат со терапија за разговор, лекови или комбинација од овие.

пред 4 години

zlate-mehmedovikj

Д-р Мехмедовиќ: Изборната кампања е ризик, нè очекува пандемска зима

Доктор Злате Мехмедовиќ за вестите на телевизија „Сител“ изјави дека не очекува пандемиска зима, бидејќи студеното време ќе ги натера луѓето повеќе да се концентрираат во затворени простории, а за влошување на ситуацијата со пандемијата ќе влијае и собирањето на митинзите.-Секој контакт во затворен простор каде има повеќе луѓе е ризик, и самата кампања изборна сега е ризик која може да предизвика влошување на епидемиолошката состојба, но, сепак, ќе кажам дека ладното време и затворањето во простории е причина да очекуваме пандемиска зима, која ќе биде непознаница бидејќи сега имаме и вакцинирани граѓани. Не би сакале мешањето односно комуникацијата во затворен простор меѓу вакцинирани и невакцинирани да биде причина за зголемување на бројот, вели др. Злате Мехмедовиќ.Сепак, лекарите не стравуваат дека ќе ни се повтори минатогодишната зима кога болни молеа за болнички кревет, туку апелираат за што помасовна имунизација.-Прерано е после изборниот процес, негде средината на ноември може да очекување влошување на состојбата, но пак ќе кажам го велам тоа со резерва бидејќи не е исто како лани кога сите знаеме како ја поминавме зимата и мораше да бидат отворени и дополниутелни ковид центри меѓу кои и на интерните, сега има вакцинација и таа треба да биде интензивирана, вели Мехмедовиќ.

Коментари | пред 4 години

ceca-karla

ВИДЕО: Дали е подобра Цеца или Карлеуша во „Sвездите на Гранд“

Откако Цеца седна на столчето од Јелена Карлеуша во Sвездите на Гранд, предизвика многу контроверзии. Главното прашање е дали таа ќе биде подобра од нејзината претходничка. На оваа тема зборуваат неколку фаци кои го следат шоубизнисот во Србија. Суштински, единствена која со сигурност е среќа што Карлеуша не е во жирито е Вики Милковиќ.Погледнете:

Магазин | пред 4 години

petrovska-zivotna-sredina

Петровска: Само на еден начин Скопје ќе може да дише

Граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“ заедно со Ана Петровска се залагаат против бетонски чудовишта во Пржино, а за еколошка населба.Како што порачуваат од Иницијативата, тие го креваат гласот против грдосии од згради на ерозивен терен, кајшто падна потпорен ѕид, при нефункционална инфраструктура и поплавени улици, со руиниран општински центар.„Во Пржино урбаната мафија измислила иновација: како на место за индивидуални станбени куќи да никнат станбени згради. Се ситни градежната парцела и на секоја се прави по една куќа. Во стварност добиваме бетонски чудовишта! Само кога ќе се почитува правото за хумано живеење, само тогаш Скопје ќе може да дише! Скопје мора да биде зелен хуман град!“ категорична е Ана Петровска.Да го одбраниме Пржино заедно! – порача Ана Петровска.

Скопје | пред 4 години

bugarija-granica

Бугарија и „попушти“ на Македонија за влез во земјата

Почнувајќи од денеска, 10 октомври, Република Бугарија ги повлекува рестрикциите за патување за нашите државјани на нејзината територија, објави на Фејсбук шефот на дипломатијата, Бујар Османи.Со последната одлука, Северна Македонија од црвена е преместена во портокалова зона. Забраната е укината за сите кои поседуваат сертификат за вакцинација (14 дена поминати од втората примена доза), или сертификат на прележана болест (од 11-тиот до 180-тиот ден од денот на оздравување), како и со негативен ПЦР тест (не постар од 72 часа).

Македонија | пред 4 години

DSC_0210

MВР казни 138 возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (09.10.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.На територијата на град Скопје изречени се вкупно 138 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 36, 9 санкции за возење без возачка дозвола, шест за нерегистрирано возило, две за минување на затворен семафор (црвено светло).Изречени се и шест мерки за користење мобилен телефон, 10 за управување под дејство на алкохол, 46 мерки за непрописно паркирање.Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот на патиштата.

Скопје | пред 4 години

image10-2

NoWasteMK е годинешниот проект на Модниот викенд Скопје

Под слоганот „Beyond the Fields”, се одржа 24. Моден викенд, кој годинава се пресели на локации надвор од Скопје. Кружна економија во модниот бизнис е акцентот кој годинава организаторката на Модниот викенд Скопје, Света Богова-Јовановска го стави во фокусот и им даде простор за промоција на 30 креативци и нивните дела за време на иницијативниот проект NoWasteMK.- Со затворањето на изложбениот салон во Битола и модниот перформанс на проектот „Кружната економија како модел за решавање на текстилниот отпад во Општина Штип“, успешно беше означен крајот на тридневното издание на настанот, во чиј фокус беше бавната мода и циркуларната економија под слоганот „Beyond the Fields“.Преку шоу-рум, изложба, експериментална колекција и сет на разговори во Битола и Штип, со онлајн-вклучувања од Штип до Њујорк, NoWasteMK истражуваше и дискутираше на теми за одржливост, со цел да ги поттикне потребните промени кон поодржливо општество и индустрија, истакна Света Богова-Јовановска.Првиот ден тема на дискусија беше поврзаноста помеѓу „slow food“ и „slow fashion“ и можностите за едукација на новите генерации за како сè можe да се вкрстат двата концепта за плодна иднина. Со „Слоу Фуд Македонија“, на автентична вечера, го промовираа светскиот тренд на соединување на здрава храна и мода, залагајќи се за одговорен однос кон планетата и животната средина.Визијата на NoWasteMK беше да обедини различни индустрии во Македонија со цел да создаде ефикасен проток на креативност во различни сектори. Своето видување на концептот го претставија преку храна и отворија можност сите заедно да ги пронајдеме точките што нѐ спојуваат, да ја истражиме поврзаноста меѓу земјоделството, храната и модата, погледнувајќи низ призмата на одржливоста, циркуларната економија и локалната култура.За време на вечерата на гостите им беше поставено едно прашање: „Што би било она што би можеле да го направите во моментов, придонесувајќи кон одговорна мода?“ Некои од уникатните одговори беа искористени во креирањето на програмата на Моден викенд, како: „Промена на односот кон шопингот, инвестирање во сезонски парчиња облека и донирање облека“, додека други одговори беа „Зголемување на побарувачката за прилагодена одржлива облека“ како и „Рециклирање стара облека и намалување на потребата од купување нови модни парчиња“.Пред јавни личности и љубители на убавиот дизајн, своите колекции ги прикажаа, како познати имиња од домашната сцена, така и млади таленти за кои допрва ќе се слушне.#NoWasteMК претставува фузија од физички и виртуелни активности, реализирани со грант од Circular Design Assembly, доделен од British Council со фасилитација од Ellen MacArthur Foundation и со поддршка од Британскиот совет во Македонија.Последниот ден беше посветен на eдукација за одржливоста, проследен со професионални излагања на темата од претставниците на „Fashion Revolution“ во Македонија.- Одржливата иднина во модната индустрија бара информираност, свесност и отвореност кон одржливи практики. Неопходно е успорување на потрошувачката која има тренд на пораст низ годините. Заедно со „FairWear“ и „Utopiic“ доближивме голем дел од начините на такво делување и ги изнесовме нашите видувања за развивање на свеста во таа насока. Развивме дискусија која ни докажа дека потрошувачите се заинтересирани за тематиката и сакаат да придонесат со попаметни куповни навики, изјави Ана Јакимовска, координатор на Fashion Revolution Macedonia.Текстилната трговска асоцијација – Текстилен кластер, Македонското модно здружение предводено од дизајнерката Ирина Тошева, советничката за одржлив развој Шарлот Вандиерендонк и модната дизајнерка во подем Т*МИТРОВСКА со десетици врвни професионалци од креативната индустрија, презентираа успешни примери за системот на циркуларната економија во земјата и ги елаборираа предизвиците и можностите за нејзиниот развој.На 3-ти октомври пред платото на Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип, како дел од активностите на Моден викенд под мотото #NoWasteMK беа промовирани дел од активностите на проектот „Кружната економија како модел за решавање на текстилниот отпад во Општина Штип“. Во првиот дел на настанот беа презентирани придобивките од проектот финансиран од Глобалниот еколошки фонд , каде збор зеде  Златко Самарџиев, национален координатор на ГЕФ ПМГ во Македонија, како и координаторот на проектот проф. Игор Јорданов, основач на ИНО ТЕХ КЛУБ Штип. Во дебатата се приклучи и Борис Шарковски од Фондацијата за развој на локалната заедница и стави акцент на промоцијата на концептот на циркуларна економија и социјално претприемништво кое е во зародиш во нашата држава, а има огромен потенцијал за развојот на економијата.Во Штип има над 80 текстилни компании, овој пионерски чекор што го започнавме преку овој проект очекуваме да се развива, да се одржува и да се следи и од други чинители како пример на добра пракса, изјави Дијана Насева од УГД, асистент на проектот и модератор на настанот.

Магазин | пред 4 години

orce-kamcev

Вештачењето за најголемиот проблем против Камчев е готово: Империја пред обвинение

Истрагата за “Империја”, во која меѓу осомничените се и Сашо Мијалков и Орце Камчев, влегува во завршна фаза, бидејќи пред два дена заврши вештачењето, извршено од страна на економските експерти. Вештачењето траеше неколку месеци, поради обемната документација.-Во врска со предметот “Империја”, ве информираме дека во текот на вчерашниот ден е пристигнато вештачењето и истото е предмет на проучување и анализа од страна на предметниот обвинител, ни одговорија од Обвинителството.Вештачењето го вршеа петмина професори, чии имиња се чуваа во тајност, поради стравувања за притисоци. Според обвинителството, станува збор за комплициран предмет, со над 80.000 страници документи.Деновиве исто така на исказ во обвинителството биле повикани осомничените, но и сведоци.-Во меѓувреме се преземаат и други процесни дејствија во насока на расветлување на случајот, се прибираат материјални докази и се повикуваат лица во својство на сведоци и осомничени, велат од Обвинителството за “Фокус”.Овој случај го отвори СЈО, а истрагата ја водеше обвинителката Лиле Стефанова. Откако предметот премина во редовното обвинителство, и се приклучи и колешката Гордана Смаќовска.ШТО ОТКРИ СЈО?Додека предметот беше во СЈО, „Фокус“ објави детали за истрагата, која беше во напредна фаза. Тогаш, по само три месеци истрага, од СЈО открија дека имаат голем број на материјални докази, неколку сведоци, легално прислушувни разговори на дел од осомничените, со кои ја разоткриваат криминалната шема, а со која наводно осомничените, меѓу кои Орце Камчев и Сашо Мијалков, переле пари, на штета на државата, а во корист на сопственото банкарско салдо. Дотогаш сомнежот беше дека се „испрани“ или злоупотребени околу 10 милиони евра. Прочитајте повеќе на ФОКУС.

Македонија | пред 4 години

20211010072728

Избувна пожар во канцеларија на ДУИ во Кичево

Пожар избувнал синоќа во 1:10 часот по полноќ во хотелот „Арабела” во Кичево, при што била опожарена канцеларијата на ДУИ , каде што беше сместен изборниот штаб на оваа партија.На местото излегле полициски службеници од Полициската станица Кичево, соопшти МВР.За огнената стихија бргу е интервенирано од страна на ТППЕ Кичево, од каде се дејствувало со три возила и шест пожарникари. Пожарот најпрво е локализиран и околу 2 часот и целосно ликвидиран.Како што соопшти МВР во пожарот нема повредени лица.Материјалната штета и причините за пожарот допрва ќе се утврдваат.Извор: Агенции. фото Миа

Македонија | пред 4 години

WhatsApp-Image-2021-10-09-at-20.58.45

Нова градинка во Маџир Маало, ветува Герасимовски

Нова детска градинка, реконструкција на улици, ново шеталиште, парк се дел од проектите кои вечерва ги најави Горан Герасимовски кандидат за градоначалник на општина Центар од СДСМ и Коалицијата на маалската средба со граѓаните од Маџир Маало. Герасимовски го придружуваа носителката на листа Андријана Будимир Филиповски и кандидатот за советник Мартин Попов.„Во Маџир Маало ќе изградиме нова детска градинка која верувам дека на многу наши граѓани ќе им помогне во згрижувањето деца. Објектот треба да биде завршен до јуни 2024 година. Овде ќе ги реконструираме и улиците „Вардарска“, „Тетовска“ и „Маџир Маало“. Ќе изведеме шеталиште Кеј 13 Ноември со парк, детско игралиште и парковско зеленило. Исто така ќе ја завршиме изградбата на новата мрежа за парно греење на цела населба. Ќе го зазелениме и разубавиме Маџир Маало“, рече Герасимовски пред граѓаните.Герасимовски рече дека претходно се работело на реконструкција на ул. „Светиниколска“, ул. „Ѓуро Ѓоновиќ“ со изградба на фекална, атмосферска и водоводна канализација, фекална канализација се извела и на ул. „Титовелеска“ и ул. „Петричка“ која се проширила со нови тротоари и лед осветлување. Герасимовски рече дека на овој реон било поставено и детско игралиште.

Скопје | пред 4 години

cdf8e37e9e8ea514a1db11db178c8c6c

(ВИДЕО) По 30 години Мајкл Китон пак ќе го глуми Бетмен

Седумдесетгодишниот глумец Мајкл Китон по 30 години повторно ќе биде во улогата на суперхеројот Бетмен, во филмот The Flash, кој во моментов се снима. Китон призна за новата улога во емисијата на водителот Стивен Колберт.Тој призна дека и по 30 години може да влезе во оделото на суперхерјот.„Тоа веќе го направив“, рече Китон и објасни дека сè уште му одговара бројот.За потсетување, Мајкл Китон го играше Бетмен во истоимениот филм на режисерот Тим Бартон од 1989 година, како и во остварувањето на „Враќањето на Бетмен“ во 1992 година.Глумецот потоа го замени неговиот колега Вал Килмер во филмот „Бетмен засекогаш“, од 1995 година.

Магазин | пред 4 години

w_56102301

Најдени пациенти кои оздравеле од корона, а со месеци се воделе како болни

Министерството за здравство вчера пронајде дури 3.654 оздравени пациенти од коронавирусот, уште од август, кои оздравеле претходно, но досега за нив не се знаело.„Дополнително, при проверка во системот се пронајдени оздравени 3.645 постари случаи кои се прикажани со денешните резултати (од месец август, случаи кои биле хоспитализирани и испишани без да не информираат болниците, странци и лица без матични лекари). Скопје – 1.583, Тетово – 652, Гостивар – 348, Куманово – 304, Кичево – 214, Прилеп – 84, Охрид – 76, Велес – 61, Битола – 48, Струга – 41, Дебар – 39, Струмица – 31, Ресен – 20, Македонски Брод, Делчево и Гевгелија – по 16, Штип - 13, Крушево и Радовиш – по 12, Кочани – 11, Кавадарци – 10, Неготино – 7, Македонска Каменица и Богданци – по 6, Свети Николе – 5, Демир Хисар и Виница – по 4, Пробиштип – 3, Берово – 2, Крива Паланка - 1.“, се вели во вчерашниот извештај на Министерството за здравство.Не е јасно како досега можело да не се дознае и да не се добие информација за толку голем број на оздравени пациенти.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Георгиевски од Охрид: Презедовме одлучни чекори за зачувување на статусот на УНЕСКО

Со силна желба и голема упорност покажавме и докажавме што значи љубовта кон Охрид, ја раздолживме општината и преку ефикасен менаџмент реализиравме проекти кои беа ветувани со децении, Охрид доживеа вистински развој, инвестиравме во инфраструктурата, во обрзованието, во проекти за младите и секаде каде што е потребно, направивме квалитетна разлика и создадовме нови можности и за охриѓани и за туристите, вложени се средства како никогаш до сега, а нашата работа е видлива на дело, порача вечерва пред своите сограѓани, кандидатот на СДСМ и Коалицијата за градоначалник на Охрид Константин Георгиески.Тој нагласи дека во изминатиот период се преземени одлучни чекори за зачувување на статусот на УНЕСКО за Охрид .Бевме соочени со големи притисоци, но не дозволивме никој да ја сопре нашата решителност. Постапивме и ги спроведовме сите препораки за заштита на крајбрежјето на Охридското Езеро. Нашите заложби беа поздравени од сите меѓународни институции, релевантни експерти и на крајот јасно валоризирани од УНЕСКО, дадовме вистински пример за владеење на законите и покажавме дека правната држава е над сите лични и бизнис интереси на поединци, нагласи градоначалникот на Охрид Константин Георгиески.Тој истакна дека на опозицијата и пропаднаа сите обиди за дисквалификација и креирање на лажни слики за хаос, затоа што граѓаните и туристите изминатото лето уживаа во слободните плажи, без диви градби и бетон.Додека јас решавав проблеми и реализирав проекти, оние другите, седеа зад тастатурите, пишуваа лаги и критикуваа. Но еве дојде време да се пресметаме, дојде време да ги соочиме фактите и да ја видиме вистината, дојде време на дела наместо на празни зборови, порача Георгиевски.Во следните четири години продолжуваме со уште посилно темпо, да работиме на исполнување на препораките за заштита на природното и културното наследство, најави Георгиевски, додавајќи дека во континуитет се креираат проекти за квалитетна инфраструктура, подобро урбано планирање, заштита на животната средина, модерно образование, уредени плажи, современ туризам, побрз локален економски развој и социјална сигурност за сите.Нашата цел е Охрид да прерасне во современ урбанизиран простор, културна и туристичка престолнина, рече Георгиевски и нема повторно да падне во рацете на политичките ученици на Груевски и Мицкоски, кои сеат лаги и се плашат од носење на вистински одлуки.Го имаме најдоброто за Охрид! На 17-ти октомври да го заокружиме бројот 12, за најдобриот тим и за уште една голема победа за овој свет град! Охрид знае, Охрид памети, Охрид гледа, Охрид има градоначалник, повика кандидатот за градоначалник на СДСМ и Коалицијата за општина Охрид Константин Георгиевски.

Охрид | пред 4 години

vmro-1

Со колку агенции за јавно мислење до сега Заев има склучено договори, прашува ВМРО-ДПМНЕ

Со колку агенции за јавно мислење до сега Заев во владата имаат склучено договори, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Заев да не се крие зад владини соопштенија и да одговори дали со државни пари финансирал агенции за мерење на јавно мислење, кои потоа излегувале со анкети на кои тој и СДСМ имаат добар рејтинг?Дали Заев со пари на народот платил агенција за мерење на јавно мислење за една потреба, а таа иста агенција после неколку месеци прави политичка анкета на која резултатите се поволни за него?Колку чини власта на Заев и дали народните пари се злоупотребуваат во директна политичка кампања?Дали и колку од тие агенции кои ги платила владата до сега излегле со анкета за локалните избори, и дали тој резултат е во полза на Заев?Тоа што Заев редовно го прави во Македонија, во Австрија која е земја членка на ЕУ, дури и да постои сомнеж за тоа, цела влада си дава оставка, да го следеше Заев тој пример до сега требаше едно 1.000 пати да си даде оставка. Но кај Заев нема ништо европско, тој дури и кога е фатен инфлагранти во криминал не дава оставка, туку се крие и бара изговори“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 4 години

vlada

80 години од Денот на народното востание

Република Северна Македонија денеска и утре го чествува државниот празник 11 Октомври – Ден на народното востание и одбележува 80 години од овој настан со кој во 1941 година беше означен почетокот на народно-ослободителната војна и заокружувањето на раѓањето на македонската држава.Програмските содржини од централната манифестација, во организација на Владата на Република Северна Македонија и Општина Прилеп започнуваат денеска со свечен почеток на плоштадот „Методија Андонов Ченто“ во градот херој Прилеп во 18:00 часот.На овој дел од програмата по повод 8 децении од Денот на народното востание свои обраќања ќе имаат претседателот на Владата Зоран Заев, претседателот на Главниот одбор на Сојузот на борците од Народно-ослободителната антифашистичка војна од 1941-1945, д-р Никола Стојановски, и градоначалникот на Општина Прилеп Илија Јованоски.Празничната програма потоа ќе продолжи со настапот на воениот оркестар на Армијата на Република Северна Македонија и ќе заврши со традиционалниот импровизиран напад на градот како реминисценција на настаните од 11 октомври 1941 година.Свеченостите по повод 11 Октомври – Денот на народното востание и во чест на 80 годишнината од овој настан, продолжуваат утре исто така во Прилеп, во 09:00 часот, кога делегации на државниот врв, на општествено-политичките организации, на Армијата, на борците, на дипломатскиот кор и на гостите од странство, ќе положат венци свежо цвеќе на спомениците на Методија Андонов Ченто, Кузман Јосифовски Питу, и на спомен обележјата во Алејата на народните херои, пред споменикот „Жена борец“ и на Могилата на непобедените.На Могилата на непобедените е предвидена свечена празнична програма и обраќања на претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски, на градоначалникот на Општина Прилеп Илија Јованоски и на претседателот на Општинскиот одбор на борците од Прилеп Круме Соколоски.Во Скопје, чествувањето на празникот 11 Октомври - Ден на народното востание и на јубилејот 80 години од овој настан ќе започне во меморијалниот комплекс „Партизански гробишта“ во Бутел во 09:30 часот.На свеченостите во Скопје свои обраќања ќе имаат потпретседателката на Главниот одбор на Сојузот на борците од НОАВМ 1941-1945 Елена Ј. Грујовска, градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов, првиот заменик-претседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби и потпретседателот на Собранието на Република Северна Македонија Горан Мисовски.Во градот херој Куманово, пред спомен костурницата во градот, венци свежо цвеќе ќе положат министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и заменик-министерот за политички систем и односи меѓу заедниците Илхан Рахман.

Македонија | пред 4 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

100 милони евра за сите општини за изградба на подобра инфраструктура, велат од СДСМ

СДСМ предводена од претседателот Зоран Заев континуирано покажува вистинска грижа за граѓаните преку реализација на инфраструктурни проекти кои го унапредуваат квалитетот на животот на граѓаните и носат напредок и развој на општините, велат од СДСМ.„Како одговорна и домаќинска партија остануваме целосно посветени на градење современа инфраструктура во секоја општина, во секој град, во секое село.Само со СДСМ и „Најдоброто“ продолжува силниот тренд на инвестициите во атмосферската канализација, како и реконструкција на улиците во општините, локалните и полски патишта, изградба на велосипедски патеки, како и поддршка на инфраструктурата неопходна за развој на алтернативниот туризам.Комуналната инфраструктура ќе остане во фокусот на нашето работење, а општините плански ќе ги зајакнуваат капацитетите на јавните градски претпријатија.Водејќи се од фактот дека инфраструктурата е моторот на економскиот развој, во изминатите 4 години водевме посебна грижа за локалните патишта и инфраструктурата во општините.Преку Проектот за локални патишта, којшто е дел од тековната соработка со Светска банка и се спроведува преку Министерството за транспорт и врски, седумдесет милиони евра беа наменети да се распределат на сите 80 општини за изградба и санација на локални патишта и улици, како и на друга патна инфраструктура во единиците на локалната самоуправа.Паралелно, преку проектот „Водоснабдување и одведување отпадни води“, финансиран преку Европската инвестициска банка (ЕИБ), Светска банка, КфВ, ИПА и буџетски средства, а имплементиран преку Министерството за транспорт и врски се фокусиравме на подобрување и на општинската инфраструктура.Со средства во вредност од 100 милони евра поддржани се сите општини во државата за изградба на подобра инфраструктура за водоснабдување и пречистителни станици.Овој проект ќе продолжи и во иднина преку Министерството за животна средина, со дополнителен фонд средства за поддршка на унапредување на локалната инфраструктура.Овие и уште многу други капитални проекти на централната власт се силен доказ за нашето посветено работење за секоја општина во нашата земја.Со најдоброто секое населено место со водовод и канализација.Чиста наместо загадена вода, хигиена наместо ѓубре.СДСМ инвестира во сегашноста и така ќе продолжи и во следните четири години“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 4 години

vreme

Облачно со температура до 14 степени

Денеска се очекува претежно облачно време, во текот на денот со повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет и поинтензивни во планинските региони. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени.Во Скопје, времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне 12 степени.Под влијание на поголема влажна воздушна маса, ќе продолжи да биде претежно облачно и студено со повремени врнежи од дожд, најавуваат од УХМР. Врнежите повремено ќе бидат пообилни и понекаде ќе надминат 20 литри на метар квадратен за 24 часа, а на места ќе се со пороен карактер и проследени со засилен ветер. Во понеделник ќе има и услови за појава на краткотрајна нестабилност проследена со засилување на ветерот и ретки грмежи

Македонија | пред 4 години

DA253566-FEF9-4AC9-854C-4E3790397CC9

Цеца со дечкото во вилата на Кипар

Познатата српска пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ и нејзиниот дечко Богдан Срејовиќ се на одмор на Кипар во нејзината вила.Срејовиќ се пофали на социјалните мрежи каде отпатувал и сподели видео од вилата.Познато е дека Цеца секогаш оди на Кипар за да се одмори и собере енергија за новите деловни потфати, а овој пат за првпат со себе го зеде и својот дечко.За потсетување, пред некој ден пред влезот на студото на „Sвездите на Гранд“ беше пречекана од новинарите кои ѝ поставија низа прашања за шоуто и односот на колегите. Еден од новинарите ја праша дали е сѐ во ред во љубовната врска со Богдан, на што таа иронично одговори дека ништо не е во ред и дека сѐ е катастрофа.

Магазин | пред 4 години

dcec5c6c-737c-454c-858a-321bb311b925_834fb5f2-768x510-1

Kако 007 од женкар стана икона на поп културата

Од објавувањето на „Казино Ројал“ во 1952 година, Џејмс Бонд на Јан Флеминг беше најважниот таен агент, допадлив и софистициран владин оперативец, кој патуваше низ светот елиминирајќи супернегативци додека пиеше мартини со вотка и им се додворуваше на егзотични убавици.Шест актери го глумеа 007 на големиот екран во 25-долгометражни филмови и уште од неговото прво појавување во 1962 година, Бонд беше вклучен во битка помеѓу тоа да остане верен на изворната визија на Флеминг за шпион кој многу пие, женкар џентлмен, и да ги земе предвид еволуирачки ставови на побликата во однос на прикажување секс и насилство на екранот.„Не е време за умирање“ (No Time to Die) ја имаше својата светска премиера во лондонскиот Ројал Алберт Хол на 28 септември, а Даниел Крег за последен пат продефилира на црвениот тепих во смокингот на Бонд.Со објавувањето на повеќе пати одложуваниот филм, петто и последно појавување на Крег како 007, некои шоу-биз медиуми гледаат наназад како се смени ликот на Бон од неговото деби на големото платно.Шон Конери (1962-1967, 1971, 1983)Тешко е да се замисли дека кога Шон Конери првпат беше избран да го глуми Бонд, Флеминг не го одобруваше крупниот Шкотланѓанец. Во своите романи авторот го споредуваше Бонд со американскиот текстописец Хорџи Кармајкл , а за улогата го преферираше Дејвид Нивен.Но, од неговата прва сцена во „Dr No” безгрижно палејќи цигара додека ги изговара бесмртните зборови „Бонд, Џејмс Бонд“ среде звуците на иконската тема на Монти Норман, Конери и ликот станаа едно.Конери донесе лаконска духовитост што недостасуваше во романите. Бонд на Флеминг беше тап инструмент, неутрален лик околу кој се случуваа возбудливи работи.Бонд на Конери се ангажираше со светот околу него, користејќи ги тупаниците … или други атрибути за да ужива во својата работа.Денес неговото однесување може да се смета за недолично , но во 1960-тите овој одважен став го направи неодолива ескепистичка фигура.Џорџ Лазенби (1969)Главно непознатиот австралиски актер го глумеше Бонд само еднаш („Во служба на нејзиното височество“), но прикажа импресивна физика во комбинација со убав изглед, во еден од најдобрите филмови во франшизата.Роџер Мур (1973-1985)Мур веќе имаше 46 години кога го презеде смокингот на 007, улога што ќе ја задржи повеќе од една деценија.Етаблираната ТВ-sвезда благодарение на The Saint иThe Persuaders,Мур повторно го измисли Бонд како самоуверен плејбој вооружен со малку повеќе од подигната веѓа и низа насмеани двојни играчи.Тимоти Далтон (1987-1989)По пензионирањето на Мур, „Еон продукција“ го ангажираше театарскиот актер Тимоти Далтон, чиј приземен приказ на строго лице е можеби најблиску до изворниот лик на Флеминг: студен, клинички и главно без насмевка.Пирс Броснан (1995-2002)По најдолгата пауза во историјата на серијалот, Бонд конечно се врати со Пирс Броснан во улогата.Актерот претходно беше избран да го наследи Мур, но не можеше да го раскине договорот за ТВ-серијата „Ремингтон Стил“.Даниел Крег (2006-2021)Даниел Крег во улога на 007 ќе биде запаметен како главно успешен и со најдолг стаж од 15 години (2006-2021), но тоа беше далеку од мирна пловидба.Неговиот избор за нов Бонд предизвика бес проследен со отровна кампања „Бонд не е русокос“, која го мачеше актерот до објавувањето на „Казино Ројал“. Во тој момент, сепак, сите критичари занемеа.Бонд на Крег мораше да се бори облечен во смокинг и видливо да крвави по секоја физичка пресметка со негативците. Неговите духовити страни беа испреплетени со потсмев, со мрморење само за сопствена сардонична забава. На кратко, тој беше совршен.Значи, без оглед на тоа како паѓаат чиповите на крајот на No Time to Die, и кој и да го преземе кодот 007, едно е сигурно: Џејмс Бонд ќе се врати. 

Магазин | пред 4 години

Нема фотографија

Заев од Охрид: Мицкоски е маската на Груевски, додека ВМРО-ДПМНЕ не се реформира нема да ја има довербата од граѓаните

Мислите на Христијан Мицкоски и на раководството на ВМРО-ДПМНЕ, се хаотични – се прашуваат што е нормално, бидејки одамна се одлепени од реалноста, порача вечерва од Охрид претседателот на СДСМ Зоран Заев.Заев посочи дека Мицкоски е маската на Никола Груевски дека тој не може да понуди ништо што е во интерес на граѓаните, на општините, на државата и дека граѓаните тоа многу добро го знаат.Со оглед дека тие имаат намера да ги искомплицираат европските интеграции, односите со соседите, односите меѓу етничките заедници во нашата држава – наводните проекти на ВМРО-ДПМНЕ се неизвесни, бидејки иднината што ја најавуваат како „нова“ е крајно неизвесна и опасна! Видовме - опасна е таквата нивна „иднина“ за држава, опасна е за граѓаните, а видовте и вие охриѓани, колку можат тие да бидат опасни и за Охрид.Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се oпасност за граѓаните и државата и на нив е опасно да им се довери да водат - и општина и држава. И додека таа партија не се реформира - ниту смее да дојде на власт – ниту ние, заедно со вас, ќе го дозволиме тоа, порача Заев од Охрид.

Охрид | пред 4 години

Нема фотографија

Јованоски од Охрид: СДСМ и коалицијата и Константин Георгиески се најдоброто за Охрид,

Носителот на листа за советници во општина Охрид вечерва пред насобраните граѓани на караванот на „Најдоброто за мојата општина“ - Науме Јованоски рече:Огромна е честа, но и одговорноста што стојам овде пред Вас. Вие сте единствениот мотиватор за моето повторно активирање во политиката и прифаќањето на претседателската функција на Општинската организација на СДСМ. Се нафатив затоа што сум сигурен дека ние како партија и нашиот градоначалник Константин Георгиески можеме да го направиме најдоброто за Охрид, најдоброто за Вас.Со мојот личен кредибилитет гарантирам дека ќе го реализираме ветеното. Ние не сме кочничари, туку сме визионери. Многу проекти кои беа со години ветувани се реализираа во изминатите четири години, а уште повеќе се започнати и чекаат на нивна дореализација. Јас, Номче Јованоски Чакар сум човек од збор, човек кој безусловно го сака овој град и кој многу вложил во него. Како носител на советничката листа на СДСМ и коалицијата "Најдоброто за нашата општина" се залагам за мнозинство на Советот.Ајде, заедно со вас да создадеме совет кој ќе може да ги носи најдобрите одлуки за Охрид, совет растеретен од притисоци и пазарења. 12 советници, за победа на 12ти октомври. За нашите деца да останат овде и да ја градат својата иднина, за современа инфраструктура, уредени сообраќајници, чист град, туризам 365 дена, стоп на бесправната урбанизација, Охрид град на УНЕСКО, спортски град, град на светлината. Ние живееме на свето место, овај град не заслужува ништо помалку туку го заслужува најдоброто.А, Вие знаете што е тоа, тоа е СДСМ и коалицијата и Константин Георгиески за градоначалник.

Охрид | пред 4 години

2-2

Мицкоски: Секој од вас нека си го постави прашањето дали живеете најдобро, одговорот кажува каква одлука треба да донесете на 17-ти октомври

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на вечерашниот митинг во општина Чашка на граѓаните им порача да си го постават прашањето дали сега живеат најдобро, додавајќи дека тој одговор кажува каква одлука треба да донесат на 17-ти октомври.Секој еден од вас треба да одговори на прашањето дали живеете најдобро? Тој одговор го слушам дека е не насекаде низ Македонија дека не само што луѓето не живеат најдобро, туку никогаш не било полошо, Овие избори се локални, но со едно суштинско и подлабоко значење, бидејќи од вашиот избор, од вашата одлука зад параванот зависи колку сакате да се променат работите. Изборот се сведува на тоа дали ќе ја дозволите нивната ароганција со која ви велат дека се најдобри, тогаш кога се најлоши, да продолжат разочарувањата, неисполнетите ветувања, убавите лажни зборови кои носат болна иднина, или заедно ќе почнеме процес на промени, вели Мицкоски.Ќе дадете шанса да создаваме заедно новa, поубава иднина заoснована на реални потреби и да покажеме сите заедно дека зборот вреди. Да го менуваме системот, да не се потргнуваме настрана пред оние кои не знаат, не можат и не сакаат да ја видат Македонија успешна, рече Мицкоски.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Заев: Со Константин Георгиевски, европски Охрид, ќе се издигне таму каде што му е местото - во ризниците на УНЕСКО

Комитетот за светско наследство на УНЕСКО ги препозна и уважи напорите на Владата и на локалната сапоуправа во Охрид, предводена сегашниот и иден градоначалник Константин Георгиески и со консензус донесе одлука природното и културното наследство на Охридскиот Регион да не биде впишано на листата на светско наследство Во опасност, истакна претседателот на СДСМ Зоран Заев, вечерва во Охрид, во рамките изборниот караван на СДСМ и Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“.Заев нагласи дека работата не е завршена, мора да продолжат да се спроведуваат препораките на УНЕСКО и одлуките на Комитетот за светско наследство, а тоа ќе се постигне со максимална ангажираност и посветеност и заедно, бидејќи режимските криминалци пак би го урнисале постигнатото.За Охрид, да се издигне каде што му е местото, во ризниците на УНЕСКО – како заштитено природно културно наследство, без закани и опасности, но и за да го издигнеме Охрид каде што му е местото – меѓу врвните европски градови од светски интерес, со унапреден туризам потребно ни е да го задржиме континуитетот на напредокот на Охрид, затоа што Охрид е нашето Најдобро и затоа што Охрид го заслужува Најдоброто, порача Заев.Тому затоа тој од охриѓани побара поддршка за уште еден градоначалнички мандат за успешниот градоначалник Константин Георгиески, кој покажа дека работи одговорно, чесно и домаќински и кога беше најпотребно на дело покажа грижа за природните, културните и духовните вредности на градот.Константин Георгиески, заедно со советниците предводени од носителот на кандидатската листа, Науме Јованоски, имаат желба, имаат знаење, имаат волја, општина Охрид да биде заеднички, убав, среден, топол, сигурен, чист, безгрижен, модерен, европски дом за секој жител и секое семејство, порача Заев.Константин Георгиески ја има поддршката од центалната власт за да го унапреди Охрид од „балкански Ерусалим“ во „европски Охрид“, тоа ќе го постигнеме со Најдоброто, затоа на 17 октомври гласајте за број 12 за Констатнин и советничката листа, за Најдоброто, порача претседателот на СДСМ Зоран Заев на изборниот караван на СДСМ и Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ во Охрид.

Охрид | пред 4 години

Нема фотографија

Заев: Од долг од 1,6 милијарди денари долг, денеска Охрид е пред раздолжување, го преземавме и Колекторскиот систем

Успеавме државата да ја поставиме на патот на напредокот и со тоа создадовме простор силно да се посветиме на општините - за забрзан локален економски развој и напредок на секоја општина. нашата понуда, проектите што ги најавуваме – се сигурни и се реалност, затоа што ние се водиме исклучиво од интересите на државата, на граѓаните и на општините, порача вечерва претседателот Заев вечерва во Охрид.Осврнувајќи се на досега реализирани проекти, Заев посочи дека центраната власт е целосно посветена на Охрид како една од најважните општини во државата.„Овде во Охрид, во овој регион се реконструираа бројни патни правци, се инвестираше во нови водоводи и канализации. Покрај сите овие проекти, 500 милиони денари вложивме во Охрид за да му помогнеме да се раздолжи и од 1.6 милијарди денари долг, денеска Охрид е пред целосно раздолжување. Го презедовме Колекторскиот систем, формиравме национално претпријатие Колекторски систем и инвестиравме над четири милиони евра за 2.5 колометри колекторски систем. Тоа е вистинска грижа за Охрид, тоа е одговорен, домаќински пристап кој гарантира развој и напредок.Претседателот Заев порача дека за Охрид е многу направено, но ќе се направи уште повеќе во следните години.„Следува уредување на плажите по мерка на граѓаните и туризмот, во солгасност со природата, градот ќе добие функционално решение за неговиот централен и најфреквентен дел а Студенчишко Блато да биде парк на природата. За сето ова да се реализира, потребни ни се луѓе со визија, проевропски луѓе кои се подготвени да работат посветено на Охрид и нивните граѓани. А такви луѓе Константин Георгиевски, Науме Јованоски и останаттите 22 кандидати на советничката листа. Затоа ве повикувам, на 17 октомври да гласате за број 12, да гласате за Најдоброто за Охрид“, порача вечерва претседателот Заев.

Македонија | пред 4 години

danela-arsova-aleksandar-stojkoski-bojan-stojanoski-misjalovski

Стојкоски: Ѓорче Петров без кал е приоритетен проект со кој целосно ќе се среди инфраструктурата

Треба да се средат улиците во урбаниот дел на општината, како во надземна, така и подземна инфраструктура. Потребна е и санација на улици, како и на атмосферска канализација. Сега со дождовите приметивме во што се претвори општината. Колку била ефикасна општинската администрација се гледа деновиве, Ѓорче плива во вода, рече Александар Стојкоски, кандидат за градоначалник на Ѓорче Петров од ВМРО-ДПМНЕ на дебатата Македонска телевизија.Стојкоски укажа дека токму поради ситуацијата која е особено видлива деновиве проектот Ѓорче Петров без кал е приоритетен.„Во 21 век зборуваме за работи кои се суштествени за граѓаните и конечно мора да ги средиме“, рече Стојкоски.Според него во периодот кога претходно ВМРО-ДПМНЕ менаџираше со општината истата е поврзана со остантиот дел од градот, бидејќи беше отсечена.„Во тој период меѓудругото беа направени три кружни тека, беа пробиени улици со што Ѓорче се поврза бидејќи претходно беше отсечено“, рече Стојкоски.Стојкоски укажа дека во делот на дигитализација на општината не е направено ништо.„Во Ѓорче ништо не е направено во никоја област. Значи нема ништо ниту реално, ниту дигитално, не видовме ниту еден проект во делот на дигитализација. Нека каже актуелниот градоначалник Наумовски колку проекти завршил, ако е завршен базенот да се бањаме тогаш таму, за клинички да не зборувам е сосема друга тема, една фарса со која се замајуваат граѓаните. За клиники нема никаков проект и сумата од пола милијарда евра не е конечна, тука не се влезени инфраструктурните зафати“, рече Стојкоски.

Скопје | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања