Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

Нема фотографија

Пукање сред Битола, фатени битолчани со метална шипка и нож

На 09.10.2021 во 18.50 часот од полициски службеници од СВР Битола биле лишени од слобода С.Ј.(45) и С.П.(45), двајцата од Битола, постапувајќи по пријава дека околу 18.30 часот на ул.„Охридска“ во Битола испукале проектил во воздух.Од С.П. биле одземени метална шипка и нож, а од С.Ј. бил одземен пиштол „магнум 44“. По целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Македонија | пред 4 години

240547104_261806532249446_2275604058005749015_n

Драма на автопатот кон Гевгелија, МВР со детали

На 09.10.2021 околу 23.20 часот кај Градско во правец кон Гевгелија полициски службеници се обиделе да запрат патничко возило „ауди“, со скопски регистарски ознаки, кое не застанало, туку ја зголемило брзината.Кај „Прждевски надвозник“ удрило во службеното возило на МВР и запрело, а возачот избегал. Во возилото биле пронајдени 10 лица мигранти од Индија, кои се префрлени во Прифатно-транзитниот центар Гевгелија. Извршен е увид од увидна екипа од Полициска станица Неготино и Јавен обвинител, по чии насоки возилото е обезбедено, а по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 4 години

DSC_0052

Почнаа партиските пресметки: Обиен штаб во Скопје

На 09.10.2021 во 17.33 часот било пријавено дека на ул.„Првомајска“ бил насилно отворен прозорец од објект во кој бил сместен штаб на политичка партија, но не било влезено внатре, а од надворешната страна на објектот биле искинати плакати од кандидат за градоначалник и со спреј биле испишани графити. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Скопје | пред 4 години

policija-5

Шест мигранти од Авганистан завршија во полициска станица

На 09.10.2021 во Полициското одделение Жеровјане биле приведени шест лица мигранти од Авганистан, од кои две биле малолетни, кои во 13.55 часот од страна на полициски службеници од СВР Тетово биле затекнати на регионалниот пат Радиовце-Брвеница.Со нив бил извршен службен разговор, по што биле пренесени во Транзитниот центар Табановце.

Македонија | пред 4 години

DSC_0718

Млад скопјанец преживеал хорор: Прво го удриле со автомобил, па го натепале

На 09.10.2021 во 16.00 часот Т.Г.(19) од нас.„Илинден“ пријавил дека околу 01.00 часот во населбата, по претходна вербална расправија, бил удрен од патничко возило, управувано од едно лице, а потоа и физички нападнат од К.К. и Д.М.. Се работи на расчистување на случајот.

Скопје | пред 4 години

bolnica-tetovo

Млади тетовчани натепани среде центарот на градот

На 09.10.2021 во 23.40 часот А.М.(26) од Тетово пријавил дека во Тетово, по претходна расправија, бил физички нападнат од Ф.Љ. и уште едно лице. Се работи на расчистување на случајот.На 09.10.2021 во 22.40 часот Ш.Б.(31) од Тетово пријавил дека пред угостителски објект во Тетово, по претходна расправија, бил физички нападнат со тврд предмет од Н.М. и неговиот син Н.М. Се работи на расчистување на случајот.

Македонија | пред 4 години

DSC_0735

Љубовна драма во Тетово, уапсен Србин

На  09.10.2021 во 16.00 часот полициски службеници ги привеле Е.М.(42) од Тетово и  М.Н.(26) од Р.Србија, со престој во тетовско. Имено, околу 15.30 на магистралниот пат А2-Прогрес 98, во близина на угостителски објект, полициски службеници сопреле патничко возило „пасат“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од Е.М., а во кое како совозач била М.Н., која барала помош.По извршен разговор М.Н., која била во видно алкохолизирана состојба, кажала дека била во љубовна врска со Е.М. и сама влегла во возилото. Се работи на расчистување на случајот.

Македонија | пред 4 години

darko-kaevski

ВМРО-ДПМНЕ: Од каде му се 4 милиони денари на Каевски?

Дарко Каевски е единствениот триесетгодишник во Македонија, кој не е иноватор или ИТ инжинер, а што има 4.070.000 денари депозит во банка, обвинува ВМРО-ДПМНЕ.„Како Дарко Каевски со само триесетина години се стекнал со чисти 65 илјади евра? Ако се земе предвид дека Каевски зема плата од околу 1.000 евра, ќе дојдеме до заклучок дека му биле потребни 5 ипол години без да троши ниту еден денар за да ги заштеди тие пари.Ова можеби некако ќе го поверувавме, да не беше уште еден податок од имотниот лист на Каевски, а тоа е стан во Скопје, купен во 2020 година, од 62м2, за кој не навел колку пари чини. Ако се земе предвид дека квадрат станбен простор е над 1000 евра, се доаѓа до бројка од над 60 тина илјади евра, пари за кои нема логичен одговор како ги стекнал младиот Каевски.Ова води до објаснувањето дека Каевски требало да работи 10 години за плата од 1.000 евра, без да троши денар од неа на јадење, домување или друг вид на трошок. Каевски има само 30 тина години, а друг вид на примање од кое би го стекнал овој голем имот не пријавил во својот анкетен лист.Покрај огромниот имот на Каевски, огромен имот е пријавен и на име на неговите родители, а тоа се деловен простор во Скопје, два стана, градежно земјиште во Волково, нива во Петровец, над 25.000 евра депозити во банки, и друг броен имот.Фирмата на таткото на Дарко Каевски, Гео Каевски, од државни институции наплатила 19.394.084 денари од тендери, кои ги земала од 2018 година до денес, тоа се над 315.000 евра. И сето ова се случува додека Каевски е директор во централната власт и пратеник во Собранието.Каевски, но и институциите треба да одговорат како Каевски стекнал имот за кој нема покритие во примања, но и како фирмата на неговиот татко од државата додека тој е функционер наплатила 315.000 евра?Случајот Каевски мора детално да се испита.Токму овој Каевски шири лаги и невистини за кандидатот за градоначалник на Сопиште од ВМРО-ДПМНЕ Стефче Трпковски.СДСМ знае дека губи во Сопиште како и на секаде во Македонија и затоа со компромитирани кадри тешки милиони шири лаги за кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ.Во Сопиште по наредба на Сања Лукаревска беше испратен и Арафат Муареми, а се врши притисок со лаги и манипулации во медиумите.СДСМ во Сопиште ќе изгуби, а од пораз не ги спасува ниту младиот милионер Каевски“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 4 години

maksim-dimitrievski-43

Што направил Максим со рекламирањето за изборите?

Претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата, Билјана Ивановска рече дека според распоредот од ДИК, независниот кандидат Максим Димитриевски кој е кандидат за градоначалник на Куманово има добиено три локации, додека во приговорот стои дека има девет локации дополнително обезбедени преку системот „прв дојде и прв услужен“.Во приговорот се наведува дека со низа дејствија на независниот кандидат за градоначалник на општина Куманово предложен од група избирачи „За наше Куманово“, Максим Димитриевски му е овозможено да користи поголем број рекламни паноа и билборди од предвидените 10 проценти согласно ченот 78 став 4 алинеја 4, а во врска со ставот 2 на истиот член од Изборниот законик како вкупен процент на дозволени рекламни паноа и билборди кои може да се користат за политичко рекламирање на територијата на определена општина, а во случајот општината Куманово.– Тој своите три билборди си ги користи и плус останатите ги користи заради тоа што законот му дава право, меѓутоа моментот како да се користат неискористените, не е регулиран, и ние од тука немаме основ како било да изреагираме односно да изречеме мерка во однос на независниот кандидат, додаде Ивановска.

Македонија | пред 4 години

amig-show-14-830x0-1

Три децении од убиството на таткото на Огнен Амиџиќ: Имав 16 години и морав да и кажам на мајка ми дека тој е мртов

Таткото на водителот Огнен Амиџиќ, Зоран, беше убиен во 1991 година во Хрватска, додека вршеше новинарска задача со колегите.Известувањето од бојното поле беше нивна професионална задача, а вестите што пристигнаа од Банија на 9 октомври 1991 година, го потресоа целиот Шабац и јавноста.Во заседа беа убиени Зоран Амиџиќ, уредник на дописништвото на РТС во Шабац, камерманот Бора Петровиќ, Дејан Миличевиќ помошник снимател и Сретан Илиќ, уредник на Радио Шабац, при што 200 куршуми беа испукани во автомобилот во кој се наоѓале.Водителот Огњен Амиџиќ еднаш се сети на ноќта кога дозна за смртта на неговиот татко."Во еден часот по полноќ, полицијата ни тропна на врата. Нивните претпоставени добија задача да ни кажат лоши вести. Ми рекоа. Имав само 16 години и морав да им го кажам тоа на мајка ми и сестра ми, дека татко ми беше убиен ", рече тој."Ми недостига татко ми и знам дека мојот живот ќе беше сосема поинаков ако тоа не се случеше. Бев тинејџер кога тоа се случи. Многу ми беше тешко, се обидов да и помогнам на мајка ми колку што можам. Таа се жртвуваше максимално за мене и сестра ми затоа ќе бидам вечно благодарен“.Поминаа триесет години од тој ден, а убиството никогаш не беше разоткриено. Единствениот доказ до кој дошла полицијата во истрагата е дека неколку дена по убиството, во хрватски весник била објавена приказна врз основа на белешките што Амиџиќ ги носел во чантата."Се уште сонувам за татко ми, иако поминаа 29 години. Ова злосторство не е решено и се уште лебди во воздухот. Во истрагата имаше некои траги и докази, како што се белешките на татко ми, кои ги имаше во моментот на смртта. Тоа беше најопипливата трага што можеше да се пронајде тогаш, но тоа не беше ништо. Мислам дека е невозможно да се открие по толку години кој е сторителот, но јасно е како ден направено од хрватската војска, тука нема филозофија “.

Магазин | пред 4 години

Jelena-KArleusa-foto-RAjko-Ristic-019

Карлеуша се враќа во Гранд!?

Новата сезона на музичкиот натпревар „Ѕвездите на Гранд“ почна добро. Се полемизираше дали Цеца Ражнатовиќ, која седна на столчето на Јелена Карлеуша, ќе привлече исто внимание како нејзината претходничка, се’ излезе одлично.Меѓутоа, како што неофицијално дознава магазинот „Свет“, контроверзната дива би можела наскоро да се врати, што би ја дигнало гледаноста до небото, земајќи предвид дека таа и Цеца не се поднесуваат.„На почетокот на сезоната, многумина се сомневаа дека натпреваротќе биде интересен без Карлеуша. Цеца е голема ѕвезда, тоа никој не може да го оспори, но најголемо внимание привлекуваа токму коментарите на Јелена, нејзините караници со кандидатите и со членовите на жирито. Пристапот на Цеца е поинаков, таа не е конфликтна, но се воспостави дека многу добро умее да врати. Нејзините препирки со Босанац и со Мили се вистински хит, а ако се оствари она што се шушка, гледаноста на ‘Ѕвездите на Гранд’ ќе се вивне до небото! Имено, од вториот или третиот круг, во натпреварот се враќаати кандидатите од претходните сезони, а абидејќи на некои од нив ментор им беше Јелена, се зборува дека Цеца и јеца заедно ќе седат во студиото и ќе оценуваат, но постои можност Карлеуша активно да учествува со своите каднидати. Јелена секако нема време да му се посвети на ‘Гранд’ како претходно, бидејќи на големо работи на новиот албум, но има свој проверен тим на кој може секогаш да се потпре“, открива доброинформиран извор, кој додава дека овој план воопшто нема да ѝ се допадне на Цеца, која веќе има конфликти со Мили и со Босана.

Магазин | пред 4 години

Screenshot-2021-09-20-at-08.55.14

Нови ужасни детали за несреќата во Тетово

Со ќебе и вода медицинскиот персонал се обидел да го изгасне пожарот кој избувна во тетовската модуларна болница, што ги потврдува и првичните неофицијални информации дека во објектот немало противпожарен апарат. Начинот на кој се обиделе да се справат со огнената стихија со она што прво им дошло до раце, за “Фокус”, го откриваат од Обвинителството.Поточно, неодамна од Обвинителството информираа дека медицинскиот персонал “презел обид за гаснење”. Затоа прашавме со што точно се обиделе да го изгаснат огнот, односно дали со противпожарен апарат, ќебе .-Во врска со пожарот во Модуларната ковид болница во Тетово, ве известуваме дека обидот за гаснење на оганот преземен од страна на медицинскиот персонал бил со средства кои им биле во непосредна близина – ќебе и вода. Поради брзото ширење на пожарот не успеале во обидот и брзо го напуштиле објектот. Обвинителите ги утврдуваат сите детали околу настанатиот пожар во тетовската болница, ни одговорија од Обвинителството.Целиот текст можете да го прочитате на Фокус

Македонија | пред 4 години

MickoskiGaziBaba

Заев увезува јаглен само за да вртат нечии камиони, тврси Мицкоски

На денешната средба со граѓани во Битола претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ја коментираше состојбата со енергетиката и планот на Владата за носење на јаглен од Косово за кој рече дека е план од кој ќе се проба да се заработи и дека се знае чии камиони ќе го вршат транспортот.„Истото како проблем е и во рамките на Европската Унија, но таму некако имаат стратегија, а кај нас стратегијата е граѓаните да дадат 20 милиони евра и на тој начин да се донесе јагленот од Косово и тој јаглен да се гори тука во Битола, ако добро ги разбрав, има тука луѓе од РЕК Битола кој ќе ме корегираат, тоа што мислам дека од прилика е така. Претпоставувам чии камиони ќе го транспортираат тој јаглен, а тоа се од прилика 400 до 500 на ден кои што треба да проаѓаат низ овој пат по кој што дојдовме овдека којшто е ветуван дека ќе се направи на секои избори, така беше на изборите 2016, 2017 година, но за жал не се направи. Значи 400 до 500 камиони треба да врват секој ден бидејќи нема како поинаку да се опслужи едноставно. Така што мислам дека тоа е план на којшто повторно ќе се заработи. План без план. План денес за денес, а утре ќе му ја мислиме што ќе правиме. Не се подготвени да направат ремонти на блоковите според информациите со кои располагам. Не се подготвени да направат откривка и да ископаат доволни количини на јаглен. Хармоникаши поставуваат таму за директори и ова е ситуацијата со којашто ние денеска се соочуваме овдека во Битола“, рече Мицкоски.Тој додаде дека битолчани и вработените во РЕК Битола не треба да се обесхрабруваат од овие постапки на Владата, бидејќи новата влада која ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ има конкретни планови за вложување во еколошките стандарди и продолжување на животниот век на РЕК Битола.„Не треба да се обесхрабруваат ниту работниците во РЕК Битола, ниту пак битолчани. Новата влада има јасен план за тоа како да се справи со ова и оние планови кои што ги имаше Заев за затворање на РЕК Битола ќе бидат не само искинати, туку и нема да бидат со новата влада на ВМРО-ДПМНЕ имплементирани. Имаме план за вложување и во еколошките стандарди и имаме план во вложување за продолжување на работниот век на РЕК Битола, така што луѓето тука треба да бидат спокојни. Ако власта го гледа РЕК Битола како алатка за богатење и крадење, ние го гледаме РЕК Битола како едно од основните алатки за функционирање и постоење не само на Битола, туку и на Македонија“, потенцираше Мицкоски.

Македонија | пред 4 години

bregalnica-reka

Врнежите го зголемија водостојот на реките

Водостојот на поголем дел од реките во државата е зголемен во однос на вчера, покажуваат денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи.За 18 сантиметри е зголемено нивото на реката Вардар кај Демир Капија, а за 10 сантиметри кај Велес. Исклучок за Вардар е мерното место кај Јегуновце каде за шест сантиметри е намалено нивото во однос на вчера.За 10 сантиметри е повисок водостојот и на реката Струмица кај Ново Село, за шест сантиметри на Брегалница кај Берово и за пет сантиметри на Пчиња кај Катлановска Бања.

Македонија | пред 4 години

DSC_86191

Предизборно во Карпош се носи нов ДУП: Што му е целта на Богоев?

Градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев и претседателката на Советот Наташа Пеливанова, за вторник, 12 октомври, закажаа нова седница за да донесат нов ДУП, предупредуваат кандидатите од советничката листа Независни за Карпош.Се работи за Деталниот урбанистички план ССИ 03 блок 7, дел од Карпош, кај Аквадуктот.„Не се ферма ништо. Седницата ќе биде онлајн, сите ќе бидат дома или во канцеларија или во кафиќ на ЗУМ, ама ние нема да можеме.Ќе бидеме таму, во 9:45 во вторник пред просториите на општината за да ја следиме онлајн седницата физички во нивни простории. Седницата е закажана за во 10 часот. Дојдете и видете во живо на што личи седница на Совет на „најтранспарентната“ општина и како изгледа почитување на начелото на јавност и граѓански права за учество на седници. Ова е демократија и јавност поставени наопаку. Доста е“, се вели во повикот на Независни за Карпош.

Скопје | пред 4 години

1qendra6

Ганиу ги предаде клучевите од Центарот за пензионери во Чаир

Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, се сретна со пензионерите, на кои им ги предаде клучевите од Центарот за пензионери, наменет како место за средба на жителите на општината во напредна возраст.Ганиу за време на состанокот рече дека оваа категорија граѓани е многу важна, и на истите посветуваме посебно внимание.„Тие го дадоа својот придонес и посветеност, и ние денес ги уживаме придобивките, така што нивниот придонес е незаборавен и ќе се цени засекогаш. Денес, заедно со претседателот на Здружението на пензионери на Чаир, г. Ќоку и претставници на пензионери го посетивме првиот Пензионерски центар во нашата земја“, изјави кандидатот на ДУИ за втор мандат на чело на  Општина Чаир, Висар Ганиу за време на посетата на овој центар за кој ќе се грижи Општина Чаир.“Општината обезбеди посебен простор каде пензионерите ќе го организираат времето преку социјални активности“, објасни Ганиу.Центарот за пензионери е исто така, исполнето ветување на Ганиу и е инвестицијата од 3.600.000 денари.Дополнително, Општина Чаир обезбедила и лиценциран персонал за медицински и социјални услуги за оваа категорија граѓани.

Скопје | пред 4 години

Screenshot-2021-10-10-at-15.00.06

ВИДЕО: Патеката во Карпош 4 со вирови, кал, дупки при најмал дожд

Пропаднати бекатон плочки, големи вирови, купишта кал. Вака изгледа патеката во Карпош 4 на булеварот Партизанска и при најмал дожд. Жителите се револтирани бидејќи овој проблем не се решава, а е во надлежност на Град Скопје. Според нив, ова се случува откако пред една година, Градот Скопје ги вадел бекатонките, а потоа, истите биле вратени по неколку месеци, но не соодветно наместени. До сега, Град Скопје неколку пати има интервенирано за поправка на бекатон плочките, бидејќи претходно се отвораа и големи дупки кои стоеа и по неколку недели.Зелените садници на булеварот Партизански одреди во Карпош 4, делот кој се протега од „Сити мол“ до ТЦ „Антико“ се отстранети. Ова доаѓа откако претходно, дел од тревата беше целосно исушена. Жителите на овој дел од Скопје постојано реагираа поради тоа што садниците се уништуваа, а освен кратење на тревата, не се преземаше ништо за тоа да се спречи. Во овој дел на Карпош, во садниците, има и систем за наводнување кој е целосно уништен. По отстранувњето на тревата, се гледа како дел од цевките се искинати и не функционираат. Жителите велат дека работниците веќе им најавиле дека веројатно овде повторно ќе има садници со трева, иако, засега на терен не се работи.

Скопје | пред 4 години

DSC_0683

316 новозаразени и 10 пациенти починати од Ковид 19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:• Направени се 3.486 тестирања, а регистрирани се 316 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 140, Куманово – 38, Велес и Штип – по 19, Кавадарци – 16, Прилеп и Охрид – по 12, Струмица – 11, Битола – 8, Пробиштип – 6, Тетово и Свети Николе – по 5, Неготино и Крива Паланка – по 4, Струга и Кратово – по 3, Кичево, Кочани и Гевгелија – по 2, Радовиш, Виница, Крушево, Демир Хисар и Македонска Каменица – по 1.• Регистрирани сe 240 оздравени пациенти од: Скопје – 107, Куманово – 27, Штип и Кочани – по 14, Велес – 12, Кавадарци – 11, Прилеп – 10, Битола – 9, Гевгелија – 8, Тетово – 7, Кичево – 6, Кратово и Демир Хисар – по 3, Охрид – 2, Свети Николе, Неготино, Радовиш, Ресен, Делчево, Богданци и Македонски Брод – по 1.• Во текот на изминатите 24 часа починале 10 лица: 3 починати лица од Куманово (32г, 72г и 77г), по 2 починати лица од Охрид (59г и 64г) и Свети Николе (66г и 68г) и по едно починато лице од Крива Паланка (88г), Берово (74г) и Скопје (69г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 4 починати лица, со датум на смрт од 13.09.2021 до 17.09.2021 година. Регистрирани се 2 лица од Гостивар и по едно лице од Куманово, и Ресен на возраст од 46 до 68 години. Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.• Направени се 3.486 тестови преку: ИЈЗ-357, ЦЈЗ Скопје-29, ЦЈЗ Битола-52, ЦЈЗ Прилеп-53, ЦЈЗ Тетово–39, ЦЈЗ Куманово-51, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–291, Жан Митрев (Филип Втори)-64, Авицена-117, Биотек-134, Систина-41, лабораторија Лаор-185, Синлаб-14, Ремедика-3, Плодност–59, Генеа-16, Никоб лаб-400, ВФВ Медикал-35, Ели Медика-47, Ројал Медика –25, Спектра-ММ-1, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.473.Досега во земјата се направени вкупно 1.323.365 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 194.891 бројката на оздравени пациенти е 181.031, на починати е 6.831, а бројот на активни случаи изнесува 7.029.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

пред 4 години

1-5

Мицкоски: Власта нема да свика собраниска седница за несреќата во Тетово, затоа што така ќе биде лоцирана вина

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при денешната своја посета на Битола одговарајќи на новинарско прашања во однос на тоа дали очекува Собранието да се свика по барањето за расправа за несреќата во Тетово истакна дека од политички измамници и криминалци не очекува ништо а власта нема да свика собраниска седница за несреќата во Тетово, затоа што така ќе биде лоцирана вина, и кабелот нема да биде виновен како до сега.„Владата го лоцираше, и Зоран Заев, виновникот за 14 луѓе што живи гореа, за нив виновникот е продолжениот кабел, не е виновникот ниту Венко Филипче, ниту Зоран Заев, ниту заменикот Хасани, ниту Бесими директорот на болницата, ниту тие што пуштиле објект во употреба, што не требало да го пуштат, виновник бил кабелот. Така што не очекувам да свикаат таква, иако ние поднесовме, еве пречката беше формална, велеа дека требало да се користи новата придавка во името еве јас реков, еве јас ќе трпам политичка штета, ќе ја користиме и ќе поднесеме ако е тоа проблемот, еве поднесовме не очекувам да свикаат затоа што знаат дека на тој начин ќе треба да ја признаат вината и дека нема тогаш да биде виновен кабелот туку точно по вертикала ќе биде лоцирана вината. Така што од овие политички измамници и криминалци не очекувам ништо“, истакна Мицкоски.

Македонија | пред 4 години

vakcinacija-skopje

Како тече вакцинацијата: Се аплицираат во просек по 2200 дози на ден

Вчера и во петокот аплицирани се вкупно 4.418 дози вакцини, од кои 1.132 се аплицирани како прва доза, 3.129 се ревакцинирани, а 157 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со 9 октомври вкупно се вакцинирани 795.186 граѓани, ревакцинирани се 748.563, а трета доза примиле 782 граѓани.53% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 47% , а со две дози опфатени се 45% од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 38% од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35% од популацијата во државата примила две дози вакцина.

пред 4 години

244776813_295180552441488_7767680030679761197_n

Скопјани го бранат својот град, посочи Петровска од скоспка депонија

Граѓаните на Гази Баба заедно со Ана Петровска се борат против дивата депонија Јурумлери, која е една од многуте покрај Вардар.„Таа се прави со знаење на општината Гази Баба, која наместо да ја исчисти, самата фрла отпад, за да не плати прописно депонирање во Дрисла. На оваа локацаија се истура и талог од септички јами на приватни куќи од оваа општина, што депонијава ја прави уште поголемо жариште на зарази, во време на пандемија.Има решение и тоа е заедничка работа на Градот Скопје, општина Гази Баба и ЈП Водовод и канализација “, децидна е Ана Петровска. „Депонијата мора да се исчисти, стави под видео-надзор и трајно да се зазелени. Куќите да се приклучат кон канализациската мрежа, а потегот покрај Вардар да се претвори во континуиран линиски парк со велосипедска улица.Скопје мора да биде зелен хуман град!“, посочи таа.

Скопје | пред 4 години

1-8

Петре пак се фати за барокот

Скопје веќе не е главен град на кичот, како во време на ВМРО-ДПМНЕ, туку се препознава како модерна културна престолнина. Скопје е веќе град на културни случувања и фестивали, со реконструирани и нови културни сцени. Во сите 12 месеци од годината се организираат културни случувања, културни настани и фестивали, дури и во време на пандемија. Бевме единствен град во Европа што организираше „Култура во време на корона“ како поддршка на уметниците. Скопјани секоја година уживаат и во фестивалот „Скопје лајт дистрикт“ и во концертите на „Филхармонија на отворено“.Младинскиот културен центар стана полноправна членка на најреномираната мрежа на концертни сали во Европа. Град Скопје ја зголеми поддршката за МОТ, фестивал кој за време на пандемија се случуваше онлајн, а скопски уметнички проект доби главната награда „Златна Трига“ Прашко квадриенале. Фестивалот „Здраво Млади“ се одржуваше и за време на пандемија и влезе во најдобрите 20 фестивали. ДКЦ „Карпош“ прерасна во значаен културен центар каде што се собираат најмладите, а фестивалите како Тремоло и Саксклар на скопските сцени ги донесоа врвните светски имиња. Со фестивалот „Звуците на чаршијата“ ги промовираме различностите во старата скопска чаршија.Град Скопје постојано го охрабрува културното и уметничкото изразување на младите, креира простори за алтернативна култура и можност за реализација на нивните идеи. Градот спроведе конкурс и распиша тендер за две летни сцени. Нема веќе наместени и тајни јавни повици за финансирање на проекти од областа на културата. Сите повици се објавуваат најтранспарентно и траат доволно време. Ја воведовме и новината за онлајн аплицирање, со што дополнително е олеснета процедурата. Го воведивме јавнот повик „Од центар кон периферија“ за поддршка на проекти кое се одвиваат во периферните делови на Скопје.Ја отворивме првата галерија на отворено со графити и урбана уметност во сутеренот на ГТЦ со дела на 22 уметници. Покрај галеријата на графити во катната гаража „26 Јули“, Скопје е збогатено со муралите насликани од светски и локални уметници на повеќе локации. Назначивме и две локации за легални ѕидови за слободно користење од уличните уметници за пишување и цртање графити.За разлика од ВМРО-ДПМНЕ, кое го претвори Скопје во главен град на кичот, и кич фестивали на Субрата Рој, ние водиме грижа за традициите, историското и културно наследство на градот. Некогаш дивиот паркинг кај „Ибн Пајко“ го претворивме во зелена оаза, омилено место за одмор и релаксација на граѓаните, но и место каде што се одржуваат културни и забавни настани. И новите зелени кровови во Скопје се омилени културни сврталишта на Скопјани.ЗОО прерасна во една од најопремените, најбогатите со животни и најпосетените зоолошки градини на Балканот. Впрочем, на тоа укажува и фактот на илјадници посети секој ден во зоолошката градина и Дино паркот.Скопјани не забораваат дека ВМРО-ДПМНЕ ја избриша Универзална сала од урбанистичките планови и на нејзино место нацрта огромна бетонска грдосија. Со Петре Шилегов Универзална сала почна да го добива своето ново лице, се реконструира во постојниот облик и габарит, и го задржува нејзиниот автентичен изглед како симбол на обновата на постземјотресно Скопје.Ќе го реконструираме и Мултимедијален центар „Другарче“ во нов општински мултимедијален центар на културата, во Кисела Вода ќе креираме Младински културен центар и културен центар во Шуто Оризари.Го ставаме Скопје на мапата на европски престолнини на културата, како кандидат за титулата во 2028 година. Ги преосмислување културните политики во Скопје, преку нивното содејство со локалната економија, образованието, урбанизмот, животната средина. Скопје покажува сериозен исчекор во културата во градот преку откривање нови простори, грижа за културните работници, поддршка за креативните индустрии, новите медиуми…Скопје станува модерна културна престолнина, наместо главен град на лажниот барок и кичот.

Скопје | пред 4 години

IMG_20211010_115805_016

Средба Арсовска и Таравари: Брзи, ефикасни и квалитетни решенија за модерни градови

Независната кандидатка за градоначалник на град Скопје, Данела Арсосвка и генералниот секретар на Алијанса за Албанците и актуелниот градоначалник на Гостивар, д-р Арбен Таравари имаа кафе средба на која што заклучија дека за модерни градови потребни се квалитетни, ефикасни и брзи решенија.На средбата разговараа за предизвиците со кои се соочува секојдневно градското раководство, како и за тоа како брзо и ефикасно да се постигнат успеси преку имплементација на еден нов пристап на менаџирање.Благодарение на програмата и понудените проекти Арсовска ја доби поддршката од Алијанса на Албанците на претстојните локални избори.

Скопје | пред 4 години

w_56437755

Лажната наука создаде „лек“ против коронавирус кој се дава и во Македонија

Ивермектин се нарекува чудотворен лек против Ковид-19, за него се залагаат противниците на вакцинација и го препорачуваат здравствените власти во некои земји.Би-Би-Си пишува дека има сериозни грешки во голем број клучни студии на кои се потпираат поборниците на овој лек. Веќе неколку години, ивермектин е важен лек против паразити кај луѓето и животните. Но, за време на пандемијата, некои заговорници почнаа да го користат за нешто друго – за борба против ковид и спречување смртни случаи.Здравствените власти во САД, Велика Британија и ЕУ открија дека нема доволно докази за употреба на лекот против ковид, но илјадници поддржувачи на лекот, од кои многумина се противници на вакцината, продолжија силно да промовираат кампањи за неговата употреба. Советите за тоа како да се добие ивермектин се разменуваат на социјалните медиуми, па се препорачуваат дури и верзии што се користат за животни.Независната анализа фрла сериозен сомнеж врз истражувањето за ивермектинБучавата околу ивермектин, базирана на верување во истражување, натера голем број луѓе ширум светот да го користат. Заговорниците на ивермектин укажуваат на бројни научни студии и честопати тврдат дека овие докази се игнорираат или прикриваат. Но, анализата на независни научници предизвика сериозно сомневање во ова истражување.Би-Би-Си наведува дека повеќе од една третина од 26-те големи испитувања за употреба на овој лек за ковид има сериозни грешки или индикации за потенцијална измама. Во други студии, нема убедливи докази за ефикасноста на ивермектин. Д -р Кајл Шелдрик, еден од експертите кои ги анализирале студиите, вели дека нема клиничко испитување кое тврди дека ивермектин спречил смрт кај ковид, што не содржи очигледни измислици или грешки толку критични што студијата треба да се отфрли.Кои се главните проблеми на студијата?Меѓу главните проблеми се: податоците за еден пациент се користат повеќе пати за наводно различни луѓе, доказите дека изборот на пациентите за студијата не бил случаен, бројките не се совпаѓаат со природно очекуваната, погрешна пресметка на проценти, локалните здравствени власти не знаат ништо за студиите.Научниците од групата на Би-Би-Си, д-р Гидеон Мејеровиц-Кац, д-р Џeјмс Хитерс, д-р Ник Браун и д-р Шелдрик, имаат искуство во откривање сомнителни научни студии. Тие соработуваа од далечина на неформална и доброволна основа за време на пандемијата. Тие формираа група која истражува подлабоко во студиите за ивермектин, откако студентот по биомедицина Џек Лоренс забележа проблеми со влијателна студија од Египет. Меѓу другото, студијата вклучуваше пациенти за кои се покажа дека починале пред да започне студијата. Списанието што ја објави студијата, во меѓувреме, ја повлече.Тим независни научници го испитуваа скоро секое рандомизирано контролирано испитување (РЦТ) на ивермектин и ковид, вклучувајќи ги и сите клучни студии што редовно ги цитираа поборниците на лекот. РЦТ вклучува луѓе кои се случајно избрани да добијат или лек што се тестира или плацебо – лажен лек без активни својства.Анализирани 26 студииИсто така, научниците анализираа шест особено влијателни опсвервациски студии. Овој тип на испитувања разгледува што се случува со луѓето што секако го земаат лекот, за да може да биде пристрасно кон типот на луѓе кои се одлучуваат за третман.Од вкупно 26 анализирани студии, во пет имало докази дека податоците може да бидат лажни, на пример, содржат речиси невозможни броеви или секвенци на идентични пациенти. Проблематични индикации се појавија во уште пет студии. На пример, бројките не се совпаѓаат, процентите се погрешно пресметани или локалните здравствени власти не знаеле дека се спроведени студии. Покрај овие погрешни испитувања, дури 14 автори на студијата не ги доставиле податоците. Независни научници ова го означија како можен показател за измама.Примерок од истражувачки трудови анализирани од независна група, исто така, содржат некои висококвалитетни студии од целиот свет. Но, најголемиот проблем со овие студии, кои дадоа силни тврдења за ивермектин, е тоа што постои голема загриженост дека тие се лажни или погрешни, бидејќи тврди дека ивермектин спасува многу животи и спречува уште повеќе инфекции.„Најверојатно некои студии се намерно манипулирани“Иако е исклучително тешко да се исклучи човечка грешка во овие испитувања, д -р Шелдрик, лекар и истражувач на Универзитетот во Нов Јужен Велс во Сиднеј, верува дека е многу веројатно дека барем некои студии биле намерно манипулирани. Една неодамнешна студија во Либан содржи серија детали за 11 пациенти кои биле копирани неколку пати, што покажува дека многу од пациентите во студијата всушност не постоеле. Авторите на студијата за Би-Би-Си велат дека оригиналната база на податоци била наместена, саботирана или погрешно внесена во конечната датотека и дека тие поднеле барање за повлекување од научното списание што го објавила.Се чини дека друга студија од Иран покажала дека ивермектин ги спасува луѓето од умирање од ковид. Но, научниците открија проблеми и во тоа истражување. Записите за тоа колку железо има во крвта на пациентите содржеле броеви во низа што веројатно нема да се случи по природен пат. Се покажало дека пациентите кои примале плацебо имале многу пониски нивоа на кислород во крвта пред почетокот на студијата отколку оние на кои им бил даден ивермектин. Значи, тие веќе беа болни и статистички поверојатно дека ќе умрат.Овој модел беше повторен во широк спектар на различни мерења. Луѓето со „лоши“ мерења завршија во групата плацебо, оние со „добри“ мерења во групата ивермектин. Веројатноста ова да се случи случајно за време на сите овие различни мерења е занемарлива, верува д -р Шелдрик. Д-р Мортеза Ниаи, кој ја предводеше оваа иранска студија, ги брани резултатите и методологијата и не се согласува со утврдените проблеми, додавајќи дека е многу нормално да се види таква рандомизација кога се земаат предвид многу различни фактори, и не сите имале некакво влијание врз учесниците од ковид ризик.Прегледот заклучи дека нема докази за корисноста на ивермектинНо, студиите од Либан и Иран се исклучени од Кокрејн, меѓународни експерти кои анализираат научни докази, бидејќи беа многу лошо образложени и неосновани. Прегледот заклучи дека нема докази за корист од ивермектин кога станува збор за ковид. Најголемото и најквалитетното истражување за ивермектин досега е објавено во студијата Заедно на Универзитетот Мекмастер во Канада. Не најде корист кога станува збор за ковид, посочува Би-Би-Си.Ивермектин генерално се смета за безбеден лек, иако има извештаи за несакани ефекти. Повиците за сомневање за труење со ивермектин во САД се зголемија значително, но од многу мала база (од 435 на 1.143 случаи оваа година), и повеќето од тие случаи не беа сериозни. Пациентите страдаа од повраќање, дијареа, халуцинации, конфузија, поспаност и треперење. Но, индиректната штета може да дојде од давање лажно чувство на сигурност на луѓето, особено ако изберат ивермектин наместо да бараат болничко лекување за ковид или да се вакцинираат.Д-р Патриша Гарсија, експерт за јавно здравје во Перу, вели дека во една фаза проценила дека 14 од секои 15 пациенти што ги видела во болница земаат ивермектин и дека тие навистина биле сериозно болни кога пристигнале.На луѓето им се советува да купуваат дури и препарати наменети за животниГолемите групи на Фејсбук за промовирање ивермектин се претворија во форуми каде што луѓето можат да најдат совети каде да го купат, вклучително и препарати наменети за животни. Некои групи редовно содржат објави за теории на заговор за прикривање на ивермектин, како и обесхрабрување од вакцинација или охрабрување на пациентите да ја напуштат болницата ако не го добијат лекот. Групите честопати овозможуваат пристап до уште поекстремни заедници на шифрираната апликација Телеграма.Овие канали се координираат да ги вознемируваат лекарите кои не препишуваат ивермектин и ги малтретираат научниците. Професорот Ендрју Хил од Универзитетот во Ливерпул напиша влијателна позитивна рецензија за ивермектин, велејќи дека светот треба да го подготви, складира и одобри лекот. Тој сега вели дека студиите не можат да поминат независна контрола, и откако го сменил својот став врз основа на новите докази, бил изложен на малтретирање.Мал број квалификувани лекари имаа прекумерно влијание врз дискусијата за ивермектин. Ставовите на еминентниот заговорник д -р Пјер Кори не се сменија и покрај прашањата што се појавија за време на ревизијата. Тој ги критикуваше наводните површни толкувања на податоците за новите студии.Д -р Тес Лори, докторка специјализирана за бременост и породување, ја основаше Британската група за развој на препораки за Ивермектин (БИРД). Таа повика на прекин во програмата за вакцинација против Ковид-19 и даде неосновани тврдења дека вакцината предизвикала голем број смртни случаи, а сето тоа се базира на вообичаено погрешно читање на податоците.„Нема нешто што ќе ме разубеди“Запрашана за време на панел преку Интернет, кои докази можат да ја убедат дека ивермектинот не функционира, таа одговори: Ивермектин функционира. Нема нешто што ќе ме разубеди … Единствениот проблем со базата на докази се немилосрдните напори тоа да се поткопа..Во целиот свет, луѓето не биле користеле ивермектин затоа што се противеле на вакцини, туку затоа што ги немало. Лекот е одобрен, препорачан или пропишан за ковид во различни периоди во Индија, Јужна Африка, Перу и поголемиот дел од Латинска Америка, како и во Словачка. Здравствените власти во Перу и Индија престанаа да препорачуваат ивермектин во насоките за лекување.Компанија што го произведе лекот: Нема докази дека функционира против ковидВо февруари, Мерк, една од компаниите што го произведуваат лекот, рече дека нема научна основа за потенцијален терапевтски ефект против Ковид-19. Во Јужна Африка се водат големи битки за ивермектин, лекарите укажуваат на недостиг на докази, но многу пациенти очајно го бараат, бидејќи воведувањето на вакцината беше несигурно и проблематично.Еден локален лекар опиша медицинска сестра, негова роднина, која не се регистрирала претходно за вакцината против коронавирус на која имала право, а потоа се заразила: „Кога и се влоши состојбата, наместо соодветна проценка и третман, таа сама почна да зема ивермектин. Наместо да се консултира со лекар, таа продолжи со ивермектин и почна да прима кислород. Кога слушнав колку и е ниско нивото на заситеност со кислород (66%), ја молев нејзината ќерка да ја однесе во болница. Отпрвин тие се двоумеа, но ги убедив да појдат. Таа почина само неколку часа подоцна.

пред 4 години

arsovska-dksk

Данела се фаворизира со рекалмите нарачни од ВМРО-ДПМНЕ, но не е ништо незаконски смета Антикорупциска по пријавата од Левица

Нури Бајрами од ДКСК нема ништо незаконско во рекламирањето на независниот кандидат за Град Скопје, Данела Арсовска иако ги користи средствата од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Тој посочи само дека е фаворизирачки пристапот, но не е незаконски согласно правилниците и законите. Левица бараше одговорност од Арсовска бидејќи се сомневаат дека незаконски се финансира нејзината кампања со средства доделени од ДИК на ВМРО-ДПМНЕ, наместо да ги користи само своите средства кои и се доделени од ДИК, како независен кандидат.„Не се потврдени и правно се неиздржани наводите. Поради тоа ДКСК не е во можност да предлага мерка согласно своите надлежности, предлагам приговорот да се одбие. Постапката да се запре“, кажа Бајрами.Пет членови на ДКСК го излгасаа предлогот. Бајрами претходно го образложи приговорот.„Доставен е приговор од Левица. Приговорот е за постапка за утврдување на законитост за финансирање на изборната кампања против Данела Арсовска, независен кандидат за Град Скопје. Во приговорот се содржани следниве констатации: пријавената е учесник како независен кандидат за градоначалник тоа значи над нејзината кандидатура стојат илјада избирачи, таа има свој даночен број како самостоен независен субјект. Пријавената настапува по број 82, кој е различен од подносителот Обнова за Македонија. Тоа согласно Изборниот законик се два различни субјекти. Не може да ги користи средствата за платено рекламирање од ВМРО-ДПМНЕ. На пријавената и се овозможува фаворизирачки пред останатите кандидати, неовластено да ги користи средствата од РСМ“, рече Нури Бајрами.Според ДКСК, Данела Арсовска користела средства од ВМРО-ДПМНЕ без договор за платено политичко рекламирање со партијата констатираше ДКСК.„Ги користи правата и средствата кои следуваат на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Во платено политичко рекламирање од ВМРО-ДПМНЕ има спотови и за кандидатката Данела Арсовска. Таа не користела средства за платено политичко рекламирање. АВМУ кажа дека не е спротивно емитувањето на платеното политичко рекламирање на Арсовска според правилникот“, додаде Бајрами.Арсовска смета дека нема ограничување за користење на средства од други партии за платено политичко рекламирање. Таа посочува и дека нарачките за платено политичко рекламирање од ВМРО-ДПМНЕ не е спротивно на правилниците. Според неа, со приговорот се тера негативна кампања против неа и прашува дали Левица поднела приговор и за СДСМ.„Наводите во приговорите се неосовани и немаат за цел утврдување на законитост туку се обид за неоснован напад на независниот кандидат за Град Скопје. Нема незаконско финансирање на кампања или корупција, но и било каква активност за која има надлежност ДКСК“, одговорила Арсовска на обвинувањата.Нури Бајрами од ДКСК нема ништо незаконско, иако е фаворизирачко тоа што Данела користи средства од ВМРО-ДПМНЕ за рекламирање на изборите.„Мора да истакнувам и да кажам дека во случајов точно е дека на пријавената, односно Данела Арсовска и овозможува фаворизирачки пристап со користење на средства од РСМ. Но, не и неовластено. Бидејќи тоа е предвидено во едно упатство. Тоа значи дека отстапувањето од поносител на листа на дел од времето за платено политичко рекламирање, на кандидат кој го поддржуваат, не е забрането ниту поддржано“, рече Бајрами.

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања