Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

grubi-4

Ќе стане ли Груби од политичар познат инфлуенсер?

Првиот вицепремиер Артан Груби на фејсбук ги повика граѓаните да му се приклучат на социјалната мрежа ТикТок.Груби веќе има 1.300 следбеници, а на истиот објавува видеа од кампањата на политичката партија ДУИИсто така во неговите објави се белите патики кои ги носи секој ден и на нив е испишан бројот 3, број за Демократската унија за интергација.

Македонија | пред 4 години

korona1

15 починати и 111 нови случаи на корона

Денес се регистрирани 111 нови лабораториски позитивни случаи на SARS CoV-2, со што вкупната бројка на дијагностицирани лица со КОВИД-19 изнесува 195.002Оздравени се 165 пациенти, во изминативе 24 часа – пријавени се 15 починати лица.Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:• Направени се 1.529 тестирања, а регистрирани се 111 нов случај на КОВИД-19:Скопје – 83, Прилеп – 6, Велес – 5, Кавдарци – 4, Куманово, Тетово, Битола и Крива Паланка – по 2, Гостивар, Штип, Струмица, Кочани и Гевгелија – по 1.• Регистрирани сe 165 оздравени пациенти од: Скопје и Куманово – по 25, Штип – 21, Кавадарци – 18, Кочани – 13, Велес – 11, Битола и Свети Николе – по 10, Прилеп – 6, Охрид и Кратово – 5, Радовиш – 4, Пробиштип – 3, Гевгелија – 2, Кичево, Струга, Неготино, Ресен, Виница, Демир Хисар и Пехчево – по 1.• Во текот на изминатите 24 часа починале 15 лица: 5 починати лица од Скопје (56г, 69г, 72г, 75г и 91г), по 2 починати лица од Кавадарци (64г и 84г) и Кичево (54г и 87г) и по едно починато лице од Велес (72г), Берово (56г), Гевгелија (64г), Кочани (76г), Крива Паланка (61г) и Струмица (81г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица содијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 3 починати лица, со датум на смрт од 09.09.2021 до 11.09.2021 година. Регистрирани се 2 лица од Дебари едно лице од Гостивар на возраст од 56 до 82 години. Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.• Направени се 1.529 тестови преку: ИЈЗ-30, ЦЈЗ Скопје-22, ЦЈЗ Битола-0, ЦЈЗ Прилеп-0, ЦЈЗ Тетово–0, ЦЈЗ Куманово-3, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–1, Жан Митрев (Филип Втори)-57, Авицена-59, Биотек-124, Систина-43, лабораторија Лаор-0, Синлаб-0, Ремедика-0,Плодност–0, Генеа-0, Никоб лаб-256, ВФВ Медикал-17,Ели Медика-38, Ројал Медика –0, Спектра-ММ-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 878.Досега во земјата се направени вкупно 1.324.894 тестирањана Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 195.002бројката на оздравени пациенти е 181.196, на починати е 6.849, а бројот на активни случаи изнесува 6.957.

Македонија | пред 4 години

245313071_159407426398445_5342789601683878008_n

(ВИДЕО) Кандидатот кој молзеше крава споменикот на Ѓорче Петров го нарече „коњ“

Кандидатот за градоначалник од СДСМ за Ѓорче Петров, Александар Наумоски, гостувајќи на дебата во МТВ споменикот со Ѓорче Петров поставен во општината го нарече „коњ“. Токму ова беше причината за реакција на неговиот противкандидат од ВМРО-ДПМНЕ Александар Стојкоски.„Еве, сега дознавме и дека патронот на општината, Ѓорче Петров, за некого е 'коњ'“, напиша Стојкоски.Наумоски, вчера се фотографираше и како молзе крава, на која отпосле и го испи и млекото. 

Скопје | пред 4 години

Web-capture_9-10-2021_153922_24sedam.rs_

Шерифовиќ ми рече дека ќе ме исфрли од шоуто ако не ослабам, откри една од учесничките во „Гранд“

Пејачката Крстиња Тодоровиќ, која се прослави во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“, за првпат отворено зборуваше за тоа како добивала закани од жирито дека треба да ослаби, или во спротивно ќе ја исфрлат од натпреварувањето.Таа рече дека кога се пријавила имала 160 киломграми и дека не била свесна за својот изглед, додека не добила грозни коментари од жирито.„Марија ми рече дека доколку не ослабам лесно ќе ме исфрли. Таа ми рече дека пејачките кои и за 70% полошо пејат, но, пристојно изгледаат, можат да поминат. И од тогаш работите почнаа да се одвиваат лошо за мене“, рече Крстиња.„Само мислев како ќе се вратам во Црна Гора, затоа што јас и претходно слушав коментари и како ме оговараат за мојот изглед и дека никогаш нема да ослабам. Некое време одлучив и да не излегувам од дома“, рече пејачката.Таа вели дека нејзината дебелина се должела заради тоа што постојано била под стрес.„Бев многу врзана за мајка ми. Сите ми зборуваа дека тоа нема да излезе на добро. Кога беше болна, јас не излегував за да си играм со другите, туку седев покрај неа и ја држев за рака. Кога почина, спас и утеха побарав во храната и така до недоглед“, раскажа пејачката за „Гранд Онлајн“.Таа вели дека многумина и делеле совети и ѝ кажувале како да ослабе.„Пробав сè. Разни диети, режими на исхрана, за на крајот еден човек ми рече да се спасам и да одам на операција. Тогаш го намалив желудникот и сега имам помалку од 60 килграми“, рече Крстиња.

Магазин | пред 4 години

Foto-5

Пендаровски: Ако не бевме дел од антифашистичката коалиција, немаше да имаме своја држава

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на свеченоста што по повод 80-годишнината од Денот на народното востание, 11 Октомври се одржа во меморијалниот комплекс „Могилата на непобедените“ во Прилеп. Претходно, во рамки на чествувањето, претседателот Пендаровски положи цвеќе на Могилата на непобедените.Во продолжение е интегралниот текст од обраќањето на претседателот Пендаровски.Почитувани граѓани,Денес, кога низ целата земја го празнуваме Денот на народното востание, им оддаваме почит на храбрите мажи и жени кои се жртвуваа за нашата слобода и државност. Пред малку и тука, во Прилеп се поклонивме пред 462 имиња на паднати борци. Овде стоиме меѓу осумтте урни на Могилата на непобедените, од кои највисоката и најубавата го симболизира вечниот пламен на слободата.Не случајно луѓето секогаш ја поистоветувале слободата со светлината. Низ вековите, идејата за слобода го насочувала патот на праведниците кои сакале самите да ја мислат својата сегашност и иднина. Востанието започна во најмрачниот час од нашата историја. Децениите на национална обесправеност, насилна асимилација и пропаганди, кулминираа со фашистичката окупација во април 1941 година. Како идеологија на злото што ги дели народите на супериорни и недостојни, фашизмот му даде за право на посилниот брутално да владее со послабите.Не можејќи повеќе да го гледаат теророт врз народот, на 11 октомври 1941 година, борците на Прилепскиот партизански одред „Гоце Делчев“, го означија почетокот на народното востание, како тогаш последна етапа на историскиот континуитет на борбата за слободна македонска држава. Континуитет, затоа што тие продолжија да чекорат по патеката на Илинденците. Меѓу партизанските одреди ниту еден не беше именуван според Маркс, Енгелс или Сталин. Наместо тоа, тие ги носеа имињата на македонските револуционери Даме Груев и Пере Тошев, Сандански и Влахов, Питу Гули и Добри Даскалов.За поврзаноста со илинденското наследство, сведочи и следниот факт: кога ние денес зборуваме за првоборци, мислиме на партизаните кои први се вклучиле во борбата. Но, кога партизаните зборуваат за првоборците, тие, пред се, мислат на Илинденците. Тоа недвосмислено произлегува од зборовите на клучната фигура на народноослободителната борба, Кузман Јосифовски – Питу.Кузман Јосифовски постојано инсистирал на две работи. Прво, да се надминат поделбите предизвикани од туѓите пропаганди кои го разјадуваат националното ткиво. И второ, да се создаде единствен народно-ослободителен фронт во кој ќе влезе секој чесен и слободољубив човек, независно од етничката, верската, социјалната и политичката припадност.Неспорен историски факт е дека востанието во своите редови ги имаше речиси сите идеолошки струи на македонското ослободително движење. Во тој единствен фронт влегоа и антифашистите и демократите и комунистите. Во партизанските одреди пристапија и старите Илинденци, и Шпанските борци и напредните студенти. Меѓу нив имаше Македонци, Албанци, Турци, Власи, Роми, Срби, Бошњаци, Евреи, Христијани, Муслимани и атеисти. За надидеолошкиот карактер на борбата зборува и фактот дека партизаните на слободните територии не инсталираа комунистички режим, туку создаваа нови органи на народната власт како никулци на идната слободна македонска држава. Тие органи ги избраа и делегатите за АВНОЈ и АСНОМ. Тие органи го избраа и Методија Андонов Ченто, кој иако не беше член на Комунистичката партија, стана прв претседател на президиумот на АСНОМ.При тоа, подеднакво важно е што народноослободителната борба беше и антифашистичка. Со Атлантската повелба од 14 август 1941-та Соединетите Американски Држави и Велика Британија се обврзаа дека народите кои ќе се вклучат во антифашистичката борба, по војната ќе можат да го искористат своето право на самоопределување. Македонскиот народ не го чекаше исходот од војната за да се определи и ниту за момент не калкулираше помеѓу двете страни на светскиот конфликт, туку од самиот почеток се приклучи кон антихитлеровската коалиција. И тоа го направи во најтешкиот период на војната, кога безмалку цела Европа беше покорена од фашизмот и нацизмот кои тогаш изгледаа непобедливи.Со почетокот на востанието само се засили теророт врз населението. Зачестија масовните апсења, депортации и ликвидации. Но, наместо да го обесхрабрат, репресиите ја удвоија волјата на народот уште поупорно да ја следи светлината на слободата.На крајот на таа епопеја, нашиот придонес во победата на глобалната антифашистичка коалиција не беше занемарлив. Имавме едно од највиталните партизански движења во Европа кое за четири години даде околу 25.000 жртви и успеа да мобилизира близу стоилјадна војска. Во еден период од војната, само на територијата на денешна Република Северна Македонија, над 60.000 окупаторски војници и полицајци биле ангажирани наспроти народното востание со што им го олеснија товарот на сојузниците на останатите фронтови во Европа.Иако денес е тешко да се даде одговор на големите историски дилеми кои биле актуелни пред многу години, можеме да бидеме сигурни дека ако не бевме дел од антифашистичката коалиција, денес немаше да имаме своја држава. Сите документи и манифести од НОБ, широката меѓународна поддршка и признание за нашата борба, недвосмислено потврдуваат дека само како дел од антифашистичката коалиција можевме да дојдеме до своја и слободна држава. Токму тоа го постигнавме на 2 август 1944-та на првото заседание на АСНОМ каде беше удрен темелот на слободната и суверена република која по своја волја се вклучи во новата југословенска федерација.Почитувани граѓани,Годинава, кога одбележуваме 80 години од почетокот на народното востание, прославуваме и 30 години од независноста. Како и партизаните пред осум децении, така и граѓаните, во 1991-та, ја препознаа уникатната историска прилика и ја презедоа одговорноста за својата иднина. Наспроти сите етнички, верски, политички и идеолошки разлики се обединивме околу идејата за независна и самостојна држава.Веднаш по референдумот се соочивме со големи предизвици од политички, економски и меѓуетнички карактер. Поради надворешните притисоци и блокади на интегративните процеси изгубивме скапоцено време. Но, исто така, во одредени периоди самите форсиравме поинакви приоритети кои многу не оддалечија од стратешките определби: интеграција во евроатлантските структури.Имаше обиди да се релативизира и маргинализира значењето на НОБ и да се бараат некакви древни корења на државата. А за сето тоа време, темелите на слободната македонска држава ни беа буквално пред очи. Распослани низ целата земја, над 1100 споменични обележја во чест на народноослободителната борба, во речиси секое наше населено место. Овие монументални паметници, костурници, бисти и плочи се подигнати од современиците и соборците на паднатите херои. Како автентични сведоштва на таа славна антифашистичка генерација, овие паметници се најсилниот доказ против секој вид и обид за историски ревизионизам.Сите тие објекти, до еден, ја праќаат истата порака: „Запомнете и не заборавајте за што се боревме, бидејќи вашата слобода ја плативме со нашите животи.“ Темелите на оваа држава се илинденски и антифашистички и оној момент кога тоа би го заборавиле, тогаш самите би работеле на уривање на единственото место на светот кое можеме да го наречеме свој дом.Иако победен, фашизмот, за жал, и до ден денешен, не е целосно искоренет. Оваа ужасна идеологија што ги мрази различните, ги презира ранливите, и е индиферентна кон оние кои страдаат, секогаш одново се јавува во периоди на длабоки кризи. Ксенофобијата, расизмот и другите типови на неофашизам се вечниот непријател на вроденото достоинство на човекот и слободата на народите. Истовремено, многу од старите пропаганди се присутни и денес и во нов формат продираат во македонскиот традиционален и дигитален простор. Иако ни доаѓаат по нови патишта и во нови форми, фашизмот и пропагандите имаат иста цел - да сеат раздор и омраза меѓу луѓето. За да бидеме отпорни кон нив, мора да научиме да ги препознаваме и да ги отфрламе.Драги сограѓани,Во 1945-та, од печат излезе една од првите книги во слободна Македонија. Тоа беше „Зборникот на македонски народни песни“, собрани и уредени од Блаже Конески. Во оваа прва збирка Конески вклучил и неколку народно-ослободителни песни. Првата меѓу нив е неофицијалната партизанска химна – „А бре Македонче, каде се спремаш? Борба те чека, борба за слобода.“Оваа песна, со која се храбреа, се бореа, и со која умираа нашите херои, треба да не потсети дека секоја генерација, вклучително и сегашнава, мора да биде подготвена да се соочи и да победи во битките на својата генерација.Пред нас е задачата да ги чуваме слободата и демократските вредности, и посветено и одговорно да придонесуваме за соживотот. Република Северна Македонија мора да продолжи да вложува напори да биде дел од прогресивниот свет, притоа, водејќи сметка за достоинството и на граѓаните и на државата. Преку граѓанско и национално помирување, преку владеење на правото и подигнување на квалитетот на животот, да ја вратиме надежта кај младите дека можат да се остварат тука, во својата татковина. И со тоа да целиме кон праведно и слободно општество на еднакви, за какво што сонуваа нашите славни херои во чија чест сме денес сите ние овде собрани.

Македонија | пред 4 години

image-150999

(ФОТО) Паднати дрвја и неколку оштетени автомобили по невремето во Скопје

Два автомобили се оштетени откако рано изутрина голем багрем паднал врз нив. Како што пренесува Прес24, двата автомобили имаат поголеми штети, а искршени се ветробранските стакла.Ова не е првпат да се случи дрвја да паднат при невреме и да оштетат автомобили, нанесувајќи голема материјална штета.

Скопје | пред 4 години

IMG_1568

Аеродром заслужува и менаџирање на зеленилото и чист воздух, вели Аврамоска-Ѓореска

Време е ние, граѓаните на општина Аеродром да се свртиме како свои кон своето. Изминатите 17 години го потврдија сивилото во управувањето на општината, а сега е потребно излегување од сивилото, одлучно и заедно. Вклучување на граѓаните во донесувањето на одлуките. Kако кандидатка за градоначалничка, целиот свој капацитет и своето срце ќе го дадам за Аеродром на кој ќе се гордееме, со овие зборови се обрати вчеравечер Билјана Аврамоска-Ѓореска, кандидатката за градоначалник на Општина Аеродром предложена од движењето „Одлучно за промени" на ЛДП и ДОМ.- Да се оттргнеме од празните ветувања и неостварливите проекти од изборната кампања на другите кандидати. Градежниот грев во стариот Аеродром кое е новото Дебар Маало е нешто на кое сведочиме. Сега е моментот за промени, да ставиме крај на сето тоа и да свртиме нова страница. Аеродром заслужува алтернативи за економски развој, енергетска ефикасност и рамномерен развој во урбаниот и руралниот дел, истакна Аврамоска-Ѓореска.Таа на граѓаните им порача дека ќе има подобрување на услугите за самохраните мајки, лицата со попреченост,  а Аеродром заслужува и менаџирање на зеленилото и чист воздух.Андреј Крстевски, носителот на советничката листа на Општина Аеродром рече дека посветеноста што ја има кон приватниот бизнис со сигурност ќе ја преточи и во борбата за поубава и просперитетна општина преку конкретни предлози во Советот.- Со сите сили ќе се борам нашата предизборна програма, која е решение на секојдневните проблеми со кои се соочуваме, целосно да ја исполниме и одлучно да го промениме животот на подобро во нашата Општина Аеродром, беше дециден во своето обраќање Крстевски.Д-р Никола Пановски, носителот на советничката листа за Град Скопје рече дека му е драго што покрај него се личности со интегритет, не се кукли на навивање.- Се сеќавате на оваа зграда во Аеродром кога ја градеа? СДСМ рече дека нема да дозволи да се гради па се изгради. Дојдоа советниците од ВМРО кои гласале за градењето да протестираат, некој ги навивал дома и ги пуштил да протестираат, а тие беа потпишани на решението да се гради ова зграда. Нам не ни се потребни такви кукли на навивање, туку ни се потребни луѓе со достоинство и интегритет кои нема да дозволат да се гради наоколу без план, истакна д-р Пановски.На настанот говореа лидерите на ЛДП и ДОМ, Горан Милевски и Маја Морачанин, кои упатија порака дека во урбаните и руралните средини имаат чувари на општините.- Аеродром ни е многу важна, урбана општина. Центарот да добие своја опција во оваа општина. Добро е што кампањата за пет дена завршува. Двете големи партии, полни со мегаломански и лажни ветувања се изнакажаа се и сешто во оваа кампања. Затоа, ние секојдневно со граѓаните дискутираме за локални проблеми, не за висока политика, туку за реални и остварливи проекти, потенцираше Милевски.- Ние од ЛДП и ДОМ со многу други луѓе надвор од партиите, бираме да живееме нормално во нашиот град и нашите општини. Затоа, нашите кандидати за советници ги нарековме чувари на општините кои ќе не чуваат од неконтролирано градење, нечист воздух и уништено зеленило, додаде Морачанин.

Скопје | пред 4 години

Нема фотографија

ВИДЕО: Левица застана пред Заев, Пендаровски и министрите во Прилеп каде се чествува 11 Октомври

Претпладнево во Прилеп се одбележа 11 Октомври – Денот на народното востание.Активисти на политичката партија Левица застанаа пред меморијалниот комплекс Могила на непобедените и го попречи патот на државните делегации кои требаше да положат цвеќиња.Делегациите од кабинетот на претседателот Стево Пендаровски, од Владата, од Собранието, од Армијата, од Сојузот на борци, дипломатски делегации и други, мораа да ги заобиколуваат за да стигнат до местото каде требаше да положат цвеќе и да оддадат почит. 

Македонија | пред 4 години

opstinska-zgrada-03

Аеродром добива нова општинска зграда, вели Филиповски

„Како ново општинско раководство, ќе продолжиме со изградбата на новата општинска зграда, за која веќе има подготвено проект. На овој начин, после 16 години, Аеродром за прв пат ќе добие своја зграда за општинската администрација. Високиот месечен наем што се плаќа ќе биде пренасочен кон развој, кон нови проекти за граѓаните и креирање на услуги“, изјави Александар Филиповски, кандидат за градоначалник на општина Аеродром на СДСМ и коалицијата.Вредноста на овој значаен проект е 165 милиони денари, а рокот за реализација е три години. Филиповски исткна дека овој административен објект, покрај тоа што ќе ги задоволи потребите за администрацијата, ќе располага и со мултифункционален центар. Просторот ќе биде достапен и за сите заинтересирани граѓани и граѓански организации. Исто така, ќе можат да се организираат и културни настани, едукативни работилници и др. Кандидатот на СДСМ и коалицијата посочи дека локалната самоуправа ќе направи напор, во административната зграда свој простор да имаат и подрачните единици на другите институции, со кои граѓаните имаат секојдневна комуникација.- Основната цел е сите важни институции за аеродромци да бидат на едно место. Така граѓаните полесно ќе ги остваруваат своите права, ќе заштедат на време и трошоци. Ја барам поддршката за општина која навистина ќе биде сервис на сите граѓани. Како што истакнав и вчера, целосно ќе ги реорганизираме и урбаните заедници по населбите. А, жителите ќе можат да комуницираат со општината и преку мобилна апликација, завршиФилиповски.Тој денешната изјава за медиуми ја започна и со честитка до сите граѓани, по повод 11 Октомври – Ден на народното востание на македонскиот народ. Филиповски истакна дека борбата ни минатите генерации придонела денеска да имаме слободна и независна држава која опстојува на европските вредности за подобро образование, поквалитетен здравствен систем, стабилна и развојна економија.

Скопје | пред 4 години

Screenshot-2021-10-11-112606

Ана Петровска се обврзува да го реши Вардариште, децениски проблем на Скопје

Граѓаните на Гази Баба, Аеродром и Кисела Вода, заедно со Ана Петровска се борат за санација на поранешната депонија на Скопје Вардариште. Веќе 25 години сите градоначалници на Скопје си ја предаваат како жежок костен, без да се зафатат со нејзино решавање, вели Ана Петровска кандидат за градоначалник на Скопје.„Вардариште е небранета територија од 20 хектари на левиот брег на Вардар, на која се уште незаконски се депонира градежен шут, на повеќе локации неформални собирачи селектираат отпад и палат кабли, мебел и отпадни гуми, за да дојдат до метал, кој потоа преку посредници се продава во отпади што имаат дозвола. Од горењето се ослободуваат канцерогени емисии што ги загрозуваат жителите на Гази Баба и Аеродром, но и самите собирачи. Неформалните собирачи се воглавно социјално ранливи лица без лични карти, кои живеат од отпадот што го наоѓаат, или што вработените во Комунална хигиена им го оставаат пред претоварната станица на Вардариште.Решението е најпрво да се оградат и да се постават рампи на пристапите кон ѓубриштето, а во меѓувреме да се изработи техничка документација и да се обезбедат пари за санација и рекултивација и да се отпочнат градежните работи. Луѓето кои живеат од собирање и горење на отпадот, треба да добијат привремени лични карти и живеалиште и да се вклучат фомално во селекција и компостирање на отпадот на претоварната станица. Казни треба да има за оние што незаконски постапуваат со отпаден метал!Скопје мора да биде зелен и хуман град“, додава таа.

Скопје | пред 4 години

LEVICA-spomenik-Shtip-750x430-1

Левица во Штип чистеше споменици од НОБ

Додека премиерот, кој е најодговорен за продадените идеали и бришењето на АСНОМ од Уставот, држи говор во Прилеп, во кој без срам и перде ја замајува јавноста дека борците од НОБ се заслужни за „Северна“, неговите локални шерифи, наместо да обратат внимание на овој значаен комплекс, тие шетаат по штипските населби сечејќи млади дрвја, за да предвидат паркови кои веќе постојат во Штип и водат прљава предизборна кампања, реагира Левица.„Овие квислинзи на власт, кои без грам срам повторно ја бараат народната поддршка, 30 години го уништуваат споменот на нашите загинати дедовци и баби. Тие не само што 30 години не се грижат за зачувување на спомениците на партизаните ширум Македонија, кои секојдневно се сквернавени и рушени – тие ги продадоа и нивните идеали и идеалите на АСНОМСКА МАКЕДОНИЈА – кога за првпат биле создадени темелите на македонската државност и за прв пат биле втемелени еднаквоста пред законот на сите граѓани без разлика на пол, припадност и религија. А после 45 години се осамостоивме и во Република Македонија, за после неполни 30 години, предавниците на својот народ, слугите на империјализмот – да ја фрлат во вода сета пролеана крв и целата борба која со векови ја воделе нашите предци! Сега овие истите се китат со името и споменот на овие борци – осмелувајќи се да кажат дека се бореле за сето тоа што го НЕМАМЕ денес“, се вели во реакцијата на Левица.Не Господа, се додава понатаму во реакцијата,  борците од НОБ не се бореа за Северна Македонија! И вие немате право ниту да ги спомнете, камоли да држете говори за нивниот спомен!Членовите на Левица, заедно со дел од раководството на Партијата, презедоа иницијатива за чистење на Меморијалниот комплекс на паднатите борци во НОБ, на Исарот во Штип.

Македонија | пред 4 години

mobilen-telefon

Повторно се споделуваат експлицитни фотографии од Македонки на интернет, МВР работи на случајот

Експлицитни приватни фотографии и видеа на жени и девојки се објавуваат на неколку социјални мрежи. Фотографиите се преземени од јавните профили, но и од приватни разговори на засегнатите. Лицата ги уценуваат и им се закануваат на жртвите, а упатуваат и повици за да ги обелоденат, како што велат тие, „нечесните жени“, пишува ТВ 21. Целта на тоа, според активистката за правата на жени, Салија Бекир Халим, е валкање на честа и репутацијата на жените. Откако таа го крена гласот, беше објавена и нејзина слика.Од МВР се известени за случајот и моментално работат на приведувања. Велат дека во текот на пандемијата ова појава видно се зголемила и додаваат дека најчести жртви се жените, а најмногу младите девојки. За ова, полицијата на Северна Македонија  во соработка со полиција на Хрватска, Словенија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, ја започна кампањата „Кажи не“, која има за цел борба против сексуалната злоупотреба на интернет.

Македонија | пред 4 години

soobrakajka

Сообраќајка во Скопје, едно лице тешко повредено

На 10.10.2021 во 17.10 часот било пријавено дека во Скопје на бул.„Никола Карев“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел вектра“, управувано од О.Б.(33) од Скопје и патничко возило „форд фокус“, управувано од  Ј.Г.(41) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од возилото „форд фокус“, С.А.(71) од Скопје, а со телесни повреди се здобил возачот Ј.Г., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.Извршен бил увид на местото на несреќата од увидна екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 4 години

soobrakajka-696x463-312863

Сообраќајка во Арачиново, повредена малолетничка

На 10.10.2021 во 23.45 часот било пријавено дека во с.Арачиново, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф караван“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Ф.(28) од с.Арачиново, скопско и „фолксваген голф 3“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ј.М.(23) од Скопје.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од возилото „голф 3“, А.М.(54) од Скопје, додека со телесни повреди се здобиле малолетна сопатничка и сопатник И.Ш.(20) од истото возило, како и двајцата возачи, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ и Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 4 години

policija-3-640x382

Со автомобил удрил во пешак и избегал

На 10.10.2021 во 19.10 часот било пријавено во Тетово на бул.„Илинденска“ патничко  возило „пежо“ удрило во пешакот С.И.(73) од Тетово по што го напуштило местото на несреќата.Пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница во Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово и се работи на расчистување на случајот.

Македонија | пред 4 години

policija-3-640x382

Албанка осомничена за убиство во обид од 2016 година

На 11.10.2021 во 02.15 часот од полициски службеници од Полициската станица Делчево, поради основано сомнение за сторено кривично дело по чл.123, а во врска со чл.19 од Кривичниот законик „убиство во обид“, лишена од слобода била А.О.(30) од Р.Албанија, а со место на живеење во с.Тработивиште, делчевско. А.О. кривичното дело го сторила во 2016 година.Таа била задржана во полициска станица за понатамошна постапка.

Македонија | пред 4 години

levica-8123

Левица: 11 Октомври денес не е само празник, туку и предупредување до македонскиот народ за неговото сопствено усмерување на својата иднина

„11-ти Октомври не е само ден-симбол на Борбата која македонскиот народ ја отпочнал за добивање на својата слобода. Тоа е и ден кога се поставени народните идеали, како темел на неговата државност, која е издвоена токму како резултат на победата во борбата против фашистичкиот окупатор Бугарија, отпочната на овој датум“, велат од Левица.Тие додаваат:„Со Востанието од 1941 година, на 11-ти Октомври, отпочнува борбата на македонскиот народ за својата самобитност и самостојност. Пожртвуваноста во оваа вооружена борба на нашиот народ, не само што спречила неговата територија да биде под контрола на квислиншката власт, која била лојална на фашистичките сили и апсолутен послушник во задоволувањето на нивните империјалистички интереси - туку, напротив, нашите првоборци и партизани, Македонија ја прават упориште на Отпорот против окупаторите и нивните колаборационисти, и со тоа даваат свој придонес и печат во целокупната победата над фашизмот во Втората светска војна!После извојуваната Слобода, националната самоопределба, постигнатата социјална сигурност и просперитет во периодот на социјализмот, како и устоличувањето на државната традиција во негување и унапредување на националната култура, заедно со кодифицираниот македонски јазик, денеска, Македонија и нејзиниот народ ги имаат изгубено сите придобивки од борбата на своите блиски предци - народните херои на НОБ. Темелите на македонската држава се разнишани, а со тоа е загрозена иднината на Републиката, како и опстанокот на македонскиот народ. Покрај ова, денеска во Македонија, намерно вандалски се уништуваат сите остатоци и симболи од македонската борба и победата против фашистичките окупатори на неговата земја. Преку подла и насилно спроведена ревизија на историјата од страна на актуелната власт, со потиснување во заборав на државотворната АСНОМ-ска традиција и неговите вредности, повторно се прави обид за историски ревизионизам и рехабилитирање на фашизмот на овие простори.Но, нашата генерација нема да дозволи да исчезнат стремежите на македонскиот народ за слободна, унитарна и самостојна држава - со брусање на симболите и сквернавење на спомениците од НОБ, со преиначување на историјата во учебниците или со потпишување на срамни и капитулантски меѓународни договори, кои никогаш нема да бидат прифатени од народот. Преку ваквите постапки на сегашната квислиншката власт и на домашните предавници во Македонија, само се надградуваат токму онакви услови какви што во 1941 година, на 11 октомври, македонскиот народ го принудиле да се дигне против окупаторите на неговата земја. Токму затоа, Левица одбива да учествува во сувопарните и крајно лицемерни прослави организирани од страна на Владата на Заев, која систематски ги негира и уништува идеалите и стремежите на македонската државност, поставени токму во народно-ослободителната борба против фашизмот.Наша задача ќе биде повторно, следејќи ги искуствата на хероите од Народно-ослободителната борба (НОБ), да го трасираме патот до враќање на државата на АСНОМ-ските темели, при што македонскиот народ повторно ќе се најде на вистинската и праведна страна на Историјата - да се спротивстави на империјалистичките интереси и, во сојуз со сите од него угнетени народи низ светот, повторно да издвојува победа над окупаторите!СМРТ НА ФАШИЗМОТ - СЛОБОДА НА НАРОДОТ“, стои во нивното обраќање.

Македонија | пред 4 години

dimitrov-1

Димитров за Бугарија: Не можат да ни бидат пријатели ако не блокираат и го доведуваат во прашање јазикот

Во интервју за BBC вицепремиерот Никола Димитров за тврдењето на Бугарија дека постои јазичен проблем со Македонија, велид дека македонскиот јазик е мајчин јазик на Македонците.„Во Европа на 21 век, на кој јазик зборуваме, кој ни е мајчин јазик - за етничките Македонци во Северна Македонија тоа е македонскиот јазик; ова е прашање за луѓето во земјата. Ова не е прашање за друга земја, не е прашање за меѓународна организација. Инвестиравме многу во нашите односи со Бугарија, го потпишавме Договорот за пријателство во суштина велејќи - ние Владите ќе работиме гледајќи кон иднината, за да ја зголемиме нашата соработка, Бугарија ќе ни помогне на нашиот евроинтегративен пат, а за прашањата на историјата, формиравме Комисија на историчари за  да разговара за оние делови од нашата историја кои што се заеднички и кои ги поврзуваат двата народи, двете земји.На прашањето дали се уште ја чувствуваме Бугарија како пријателска земја тој вели дека тие тоа многу го отежнуваат, бидејќи не е пријателски да се доведува јазикот во прашање.„Искрено, тие тоа го прават многу тешко. Не е пријателски да го доведувате во прашање јазикот на вашиот сосед. Не е многу пријателски да се блокира нешто што е толку важно за луѓето во Северна Македонија - нашата европска иднина. Навистина е тешко на некој начин да продолжите да ги нарекувате пријатели. Најприродната состојба би била нашите соседи да бидат нашите најголеми поддржувачи. Ние се обидуваме да ги убедиме нашите бугарски соседи во тоа, зашто решението на ова прашање мора да биде европско“, вели Димитров

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Какво време не очекува во наредните денови?

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои околу пладне поинтензивни ќе бидат на запад, а во вечерните часови ќе се интензивираат на исток (каде локално ќе наврнат дополнителни 20 л/м2 за 24 часа), информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.Во јужните делови, каде се очекуваат сончеви периоди, ќе има услови за нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 11 до 17 Целзиусови степени.Во Скопје претежно облачно со повремени врнежи од дожд, поинтензивни попладне. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне 15 степени.Во вторник попладне и среда претпладне ќе има престанок на врнежите и повеќе сончеви периоди. Пообилни врнежи од дожд повторно ќе има во четврток, кога поради заладување, на планините на северозапад ќе врне снег. Од вторник повремено ќе дува засилен северен ветер.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Казнети 70 пијани возачи

Во текот на вчерашната вечер (10/11.10.2021) во периодот од 23.00 до 04.00 часот спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Република Македонија, при што санкционирани се 70 возачи. Од нив, 12 на територијата на СВР Скопје, по 11 на територијата на СВР Тетово, СВР Охрид и СВР Штип, девет на територија на СВР Велес...Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Македонија | пред 4 години

11102019_PVRSM_11-Oktomvri_Kumanovo_4

Македонија го чествува 11 Октомври и 80-годишнината од Денот на востанието, владина делегација се поклони пред спомениците на хероите

Делегација на Владата на Република Северна Македонија предводена од заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи, заедно со министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, положи венци свежо цвеќе на спомениците и спомен обележјата во градот херој Прилеп, каде што од вчера и во текот на денешниот ден се реализира свечената државна програма со која се чествува државниот празник 11 Октомври – Ден на народното востание и одбележува 80 години од овој настан со кој во 1941 година беше означен почетокот на народно-ослободителната војна и заокружувањето на раѓањето на македонската држава.Владината делегација се поклони и положи венци свежо цвеќе на спомениците на народните херои Методија Андонов-Ченто, Кузман Јосифовски-Питу, и на споменикот „Жена борец“, по што ја посети Алејата на народните херои за да им оддаде почит на жртвите во народно-ослободителната војна од Прилеп, град кој даде 650 жртви, и се гордее со 15-те народни херои и 154 носители на признанието „Партизанска споменица 1941“.Венци свежо цвеќе на споменичните места од народно-ослободителната војна денеска положија и други делегации на државниот врв, на општествено-политичките организации, на Армијата, на борците, на дипломатскиот кор и на гостите од странство.Државната програма за одбележување на 11 Октомври – Ден на народното востание и одбележува 80 години од овој настан продолжува на „Могилата на непобедените“ во Прилеп со програма која предвидува полагање венци свежо цвеќе и соодветни содржини за чествување на празникот.На „Могилата на непобедените“ делегацијата на Владата на Република Северна Македонија ќе ја предводи премиерот Зоран Заев, кој заедно со другите делегации, гости и граѓаните од Прилеп и од државата, ќе ја проследат празничната програма и обраќањата на претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, на градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски и на претседателот на Општинскиот одбор на борците од Прилеп, Круме Соколоски.

Македонија | пред 4 години

2-2

Мицкоски 11-ти Октомври: Наша задача денес е да извојуваме победа на разумот, на нашето право да создаваме нова иднина за нашите луѓе

„11-ти Октомври е врежан во колективната меморија на Македонија, ден кога слободољубивоста поведе и потоа победи. Ако некои народи велеа дека е подобро да се живее на колена, отколку да се загине на нозе, нашиот народ реши да се исправи на нозе и да крене глава за слобода, и се запиша помеѓу народите предводници на антифашистичката борба“, стои во честитката на Мицкоски.Во неа се додава и:„Ние им ја должиме слободата на тие што се избориле за неа, но им должиме и на идните генерации, нашите синови и ќерки, нашите внуци да им ја оставиме слободата каква што сме ја добиле. И да се бориме за напредок, за добар живот и за стабилност и сигурност за секој човек.Во време кога повторно слободата ни се ограничува, кога се прават поделби, кога нема одговорност за никого и ништо, кога книгите завршуваат во депонија, кога луѓето не чуствуваат сигурност, кога со нашето наследство власта прави трговија, повеќе од сигурно е дека потребни се промени.Партизаните, нашите втори илинденци залудно не газеа по снеговите, не се бореа и гинеа за слободата за да денес прелесно допуштаме поигрување со таквото наследство, врежано во колективната меморија на слободарските антифашистички народи во Светот, на чие наследство како Македонија имаме попно право да се повикуваме.Никој нема право, а најмалку тие кои ја водат државата, да внесуваат сомнежи, ниту поделби или да прават трговија со нашата колективна заслуга во борбата против фашизмот.Наша задача денес е да издвојуваме победа на разумот, на нашето право да создаваме нова иднина за нашите луѓе. Тоа е иднина темелена на морал и принципи.Нашите луѓе се пркосни, храбари, работливи и знаат што сакаат. Овој народ си ја сака среќата и местото под ова парче небо. И овој народ ќе се избори.За многу години 11-ти Октомври. Вечно да се паметат хероите од Антифашистичката борба“.

Македонија | пред 4 години

Dimitrov

Со оспорувањето на јазикот и европската иднина, Бугарија прави тешко да ја гледаме како пријател, порача Димитров

BBC: Со години државите од Западен Балкан напорно се обидуваат да добијат влез во ЕУ, но тоа не е едноставен процес. Земјите се ставени на тест за нивната способност да се усогласат со голем број правила и стандарди. Албанија, Северна Македонија, Црна Гора и Србија, сите имаат таканаречен кандидатски статус. Но, процесот за овие четири земји е во застој во последните години и на Самитот во Словенија со лидерите од Западен Балкан минатата недела, лидерите на ЕУ уште еднаш не можеа да се согласат за да ги придвижат работите напред. Еден од најновите камења на сопнување беше спорот за јазикот меѓу земјата членка на ЕУ Бугарија и Северна Македонија. Разговарам со вицепремиерот на Северна Македонија, Никола Димитров. Прво, тој ми ги кажа своите размислувања за Самитот во Словенија.​Димитров: За прв пат по неколку години, ЕУ успеа да постигне консензус за да ја потврди својата посветеност кон проширувањето. На претходните Самити - оној во Загреб и тој во Софија – се зборуваше само за европската перспектива. Во таа смисла, сега барем имаме политички сигнал, но тоа што ќе биде потребно за да се врати довербата кај луѓето дека тоа е всушност возможно, дека навистина постои европска иднина за нашиот регион, покрај добрите зборови, е акција. Веројатно, најголемиот пресврт за враќање на патот, ќе биде почеток на пристапните преговори со мојата земја, Северна Македонија и со Албанија.BBC: Кои се вашите обиди по тоа прашање? Бугарија тврди дека постои јазичен проблем меѓу таа земја и Северна Македонија. Бугарија го блокира зачленувањето во ЕУ и на Албанија и на Северна Македонија, инсистирајќи дека Скопје, вашиот главен град, треба да ја признае заедничката историја и јазик. Што велите вие на тоа?Димитров: Во Европа на 21 век, на кој јазик зборуваме, кој ни е мајчин јазик - за етничките Македонци во Северна Македонија тоа е македонскиот јазик; ова е прашање за луѓето во земјата. Ова не е прашање за друга земја, не е прашање за меѓународна организација. Инвестиравме многу во нашите односи со Бугарија, го потпишавме Договорот за пријателство во суштина велејќи - ние Владите ќе работиме гледајќи кон иднината, за да ја зголемиме нашата соработка, Бугарија ќе ни помогне на нашиот евроинтегративен пат, а за прашањата на историјата, формиравме Комисија на историчари за  да разговара за оние делови од нашата историја кои што се заеднички и кои ги поврзуваат двата народи, двете земји.BBC: Зборувавте за Договорот за пријателство, сè уште ли чувствувате дека сте пријатели со Бугарија?Димитров: Искрено, тие тоа го прават многу тешко. Не е пријателски да го доведувате во прашање јазикот на вашиот сосед. Не е многу пријателски да се блокира нешто што е толку важно за луѓето во Северна Македонија - нашата европска иднина. Навистина е тешко на некој начин да продолжите да ги нарекувате пријатели.BBC: Го покренав ова прашање, зашто вие самиот го посочивте. Системот во рамките на ЕУ е таков што една земја членка може да го блокира проширувањето на Унијата, или приклучувањето на одредена земја. Значи, треба да ја убедите Бугарија за ова, a во моментов се чини дека сме некаде далеку од тоа.Димитров: Најприродната состојба би била нашите соседи да бидат нашите најголеми поддржувачи. Ние се обидуваме да ги убедиме нашите бугарски соседи во тоа, зашто решението на ова прашање мора да биде европско.BBC: А што станува со поопштите загрижености? Можеби не толку гласни како Бугарија, но земји членки како Франција или Холандија стравуваат дека земјите како вашата не се подготвени да се приклучи, дека има уште  многу работи за да се исполнат европските критериуми во области како правото, на пример. Што велите за тие грижи?Димитров: Не му приоѓаме на ова со леснотија, разбираме дека не сме центарот на универзумот, разбираме дека ЕУ е погодена од голем број последователни кризи. Прашањето на тие лидери е легитимно. Нивното прашање е: овие нови шест земји, дали ќе донесат повеќе проблеми или ќе донесат повеќе решенија? Другата перспектива е, ова е регион опкружен со земји членки. Ние сме во ист брод во економска смисла. ¾ од трговијата на регионот е со Европа, ¾ од странските директни инвестиции што доаѓаат во регионот се од земјите членки на ЕУ. Мигрантската криза преку балканската рута покажа колку нашиот регион е од клучно значење за безбедноста на самата Европа. Значи, ако Европа е куќа, а Западен Балкан е просторија која не е дел од куќниот ред, која не е вклучена во системот на електрична енергија, снабдување со вода, клима уред итн. Тоа не е добро за самата просторија, но исто така не е добро и за целата куќа.”Линк до интервјуто (од 32 минута): https://www.bbc.co.uk/sounds/play/w172xytdqyjnjnr

Македонија | пред 4 години

Molz

„И јас би влегол во штала да молзам, ама потоа 4 години да крадам милиони“, лавина реакции за молзењето крава на Наумоски

 Градоначалникит на Ѓорче Петров, при предизборната посетата во Ново Село, молзеше крава.-Природно млеко……само во Ѓорче. Во Ново Село, напиша Наумоски.По ова, лавина коментари:https://twitter.com/CheGuev21277156/status/1447288542242160646https://twitter.com/Rebrendiran/status/1447286395731681284https://twitter.com/S7black7GMC/status/1447284326777884674https://twitter.com/goranman2/status/1447280312845750272https://twitter.com/ednokollace/status/1447279666453225478https://twitter.com/cheshma7/status/1447259615704588291https://twitter.com/dulestefanoski/status/1447263947783090183  

Коментари | пред 4 години

244804423_10227485871956455_1201901303549522420_n

Почна да се лизга земјиштето на Водно за кое соседите стравуваат дека ќе проголта три куќи

Почна лизгањето на земјиштето на Водно околу новото градилиште за четирикатница на улицата Партениј Зографски за кое соседите пред дваесетина дена, преку протест, предупредија дека може да ги проголта трите околни куќи. Длабоката градежна јама, попуштила на спротивната страна од куќите и се заканува да ја поткопа улицата, која пак им е единствен пристап до дома на десетина куќи. Земјата се изронила вчера со силен тресокПред дваесетина дена за можноста да се лизне земјиштето, на протестот организиран од соседите, предупреди архитектот Атанас Бошков. Тој алармираше дека градежната јама е небезбедна и јавно побара веднаш да се преземат мерки за околните куќи да не завршат во дупката за новиот објект.Градежната инспекција на Општина Центар не се огласи по барањата на жителите, копањето продолжи, а сега веќе дел од градежната јама е бетониран, а земјата е урната врз бетонот.Жителите од соседните куќи против оваа градба реагираат уште од мај, кога почна сечата на дрвјата кои беа на парцелата за која Маја Сотировска и Жарко Будимовски тврдат дека им била доделена на користење на нивните родители, но соседите, кои сега се инвеститори, успеале да ја приватизираат со лажна изјава дека биле нејзини корисници. Инвеститори, според истакнатите податоци на градилиштето, се сопствениците на земјиштето Гоце Лазаревски, Кети Јаневска, Јулија Тодоровска – Ајковска и Јаница Петровска. Нивен претставник во мај за „А1он“ изјави дека ги имаат сите потребни документи кои се лесно проверливи во институциите, а обвинувањата од соседите ги нарече неосновани и неточни.

Скопје | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања