Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

Нема фотографија

Георгиевски: Ќе изградиме противпоќарна станица во Илинден

Безбедноста на живеењето на жителите на Општина Илинден, како за нивната безбедност, така и за безбедноста на нивните добра и имоти е еден од врвните приоритети во програмата на кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“ за Општина Илинден, Александар Георгиевски.Во изборната програма опфатени се поголем број на проекти од повеќе области на безбедноста на граѓаните, како што се:- Зголемување на безбедноста во сообраќајот, преку изградба на нови безбедни сообраќајни решенија, како и поставување на посовремена сообраќајна сигнализација за поголема безбедност на учесниците восообраќајот- Зголемување на безбедноста за велосипедистите и пешаците преку изградба на нови, безбедни пешачки и велосипедски патеки, како и пешачки надвозници на повеќе локации- Реализација на проектот „Илинден - Светла општина“ со кои ќе се прошири и модернизира уличното осветлување, со поставување на нови линии на улиците во сите населени места, поставување на електрични столбови, зголемување на бројот на електрични светилки и тековно одржување на јавното осветлување.Сепак, најважен проект од областа на безбедноста во изборната програма е тој за отворање на Противпожарна станица во Илинден. Досега, за сите пожари на територијата на општината интервенираат возила од Противпожарната станица во Автокоманда. Со цел подобрување на ефикасноста на Противпожарната бригада, пред се во насока на побрза можност за интервенирање при пожари, предвидено е отворање на нова станица воцентралното подрачје на општината.Противпожарната станица ќе содржи целосна опрема за заштита и гаснење на подрачјето на општината и пошироко. Истата ќе има едно комплетно одделение, со целосна опрема за гаснење на пожар.

Скопје | пред 4 години

Нема фотографија

Седмо издание на фестивалот на Европска литература БУКСТАР

Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје со огромно задоволство го најавува седмото издание на Фестивалот на европската литература „BookStar“ / „Книжевни ѕвезди“, кој ќе се одржи од 12 до 15 октомври 2021 година во МКЦ.Под слоганот „GENRESIS“, Фестивалот оваа година ги поставува прашањата:Дали COVID-19 е најопипливата апокалиптична форма на цивилизацијата досега?Вител во кој ќе исчезнуваме, дел по дел? Или сме исправени пред поглавје на повторно раѓање на човештвото? Втор GENESIS? И како литературата ќе си го најде своето место во овие застрашувачки моменти? Ќе треба да најде автохтон дискурс, или судбината ѝ е веќе испишана? Нови GENRES?Европската литература како никогаш досега посегнува по своите деконструирани и раскршени крилја. Затоа, ќе мора да креира, реплицира, колекционира, конгруира. Тука, меѓу дискрепанцата на спротивставените жанрови во настанување или не-станување, се подига нов збор – GENRESIS. Зборот беше почеток, може ли сега да биде – крај?Различностите надвладуваат, па оваа година пред македонската публика со лично присуство во Скопје ќе бидат претставени дури девет автори:Катарина Винклер (Австрија)Со романот „Модар накит“ го сврте вниманието на книжевната јавност, а учествувала и во театарски и филмски продукции.Влада Урошевиќ (Македонија)Еден е од најпродуктивните и најквалитетни македонски писатели.Огнен Спахиќ (Црна Гора)Наградуван автор, чии книги се преведени на десетина јазици.Сјон (Исланд)Исландски романсиер и поет, кој е вистинска книжевна ѕвезда во европската литература.Миодраг Мајиќ (Србија)Познатиот двигател на промените во српското правосудство доаѓа во Скопје како автор на два врвни и омилени романи.Балсор Хоџа (Косово)Автор на неколку книги и познат и влијателен публицист.Марина Вујчиќ (Хрватска)Подеднакво активна и во театарот и во книжевноста, моментално ја извршува функцијата директорка на драмата во Хрватскиот народен театар во Сплит.Софија Лундберј (Шведска)Име што уште со романот „Црвениот адресар“ стана меѓународна сензација.Михаела Гашпар (Хрватска)Нејзино примарно занимање била скулптурата, но подоцна се предава успешно само на литературата.Во фокусот на фестивалот, како и секоја година, ќе бидат промоциите на нивните дела. Покрај овие настани од главната програма, организаторите најавуваат и тркалезна маса на тема „Превод/комуникација,/разбирање“, настан во чест на 100- годишнината од раѓањето на Станислав Лем, книжевна дискусија на тема „Книжевни жанрови: систем или креативен хаос“, работилница за креативно пишување од страна на Сјон, книжевно читање „Ти реков, ми рече“, познатиот книжевен поткаст „Гол ручек“ во живо, Саем на европската литература и многу други содржини.

Магазин | пред 4 години

Нема фотографија

Приведен криминалец баран со потерница

На 11.10.2021 во 21.50 часот, полициски службеници од Полициската станица Гази Баба, врз основа на судска наредба, го лишиле од слобода О.А.(27) од с.Грчец, општина Сарај, кој бил баран со потерница за издржување казна затвор од три ипол години за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“ по член 131 став 3 од Кривичниот законик. Тој бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвро Идризово за издржување на казната.

Скопје | пред 4 години

Screenshot-2021-08-30-at-11.20.24

4 милиони евра за инвертери за домаќинствата, ветува Шилегов

На вчерашните митинзи во Карпош и во Центар, актуелниот градоначалник на Град Скопје и кандидат, Петре Шилегов, го најави продолжувањето на успешните проекти во борбата против загадувањето.„Животната средина и чистиот воздух се придобивки за сите нас. Затоа, покрај останатите мерки за намалување на загадувањето на воздухот кои ги воведовме, во наредните 4 години ќе продолжиме и со субвенциите за инвертер клима уреди. Тоа ќе значи помалку чад од оџаците, еколошко затоплување на домовите и преземање конкретни чекори за заштита на животната средина“, изјави Шилегов.Тој додаде дека замената на печките за греење со инвертери се смета за еден од најуспешните методи во борбата против аерозагадувањето, бидејќи долгорочно, градот изгаси 8.000 оџаци во Скопје, префрлувајќи исто толку домаќинства да се греат од дрва,јаглен или нафта на чиста електрична енергија.Оваа мерка за намалување на загадувањето на воздухот, според Шилегов, ќе продолжи секоја година. Според него, со еден милион евра на годишно ниво може да се заменат од 1.000 до 2.000 печки со инвертер клима уреди.

Скопје | пред 4 години

bugarski-pasos

Европска Комисија става “затка” на Бугарија за пасошите дадени на Македонци

За Европската Комисија издавањето бугарски пасоши за Македонци е внатрешна работа во која таа не се меша. МИА побара одговор од Европската Комисија откако бугарскиот претседател Румен Радев се повика на македонските граѓани со бугарски пасош и се произнесе за неговите очекувања за исходот од пописот во Северна Македонија.Додека Европската Комисија стои на ставот дека ниедна земја членка не смее да се меша во внатрешната политика на други земји, членки на ЕУ или не, таа нема став за механизмот на издавање бугарски пасоши за Македонци.-Натурализациите за кои прашување не се поврзани за доделување државјанство преку инвеститорски шеми, така што како што рековме и претходно ова е билатерално прашање, изјавија од портпаролската служба на Европската Комисија на прашањето на МИА.Европската Комисија има регулации единствено поврзани за издавање државјанство на инвеститори кои немаат вистинска поврзаност со државата од која добиваат пасош. Ова се однесува на случаи како Кипар каде бројни руски бизнисмени добиваат кипарско државјанство, а со тоа стануваат и државјани на ЕУ со право на слободно движење, единствено врз основа на скапи инвестиции во земјата.-Согласно ЕУ законите се бара, на пример, државјанството да не биде „продадено“, што значи да не се доделува преку етаблирање и управување со инвеститорски шеми за државјанство кои систематски водат до натурализација во замена со предодредени исплаќања и инвестиции – без вистинска поврзаност со земјата, велат од портпаролската служба на Европската Комисија која се занимава со правда.Земјите членки на ЕУ, велат од Европската Комисија, имаат свои внатрешни правила за доделување државјанство на граѓани од трети земји доколку тие исполнуваат одредени услови на интеграција и можат да докажат автентична врска со земјата во која добиле државјанство.

Македонија | пред 4 години

ahmeti-4

Наредно е претседател на држава да биде Албанец, најави Ахмети од Чаир

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети во Чаир на партиски митинг, најави рушење на нова барикада.„После министер за одбрана Албанец, после министер за надворешни работи Албанец, по претседател на Собрание Албанец, на следните парламентарни избори последните 100 дена влегуваме со премиер Албанец. Наредно е претседател на држава да биде Албанец“, истакна Ахмети.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-10-11-170706

ВИДЕО: Тик токерка направи тавче гравче

Познатата Тик Токерка потпишана како @abir.esag објави видео на кое подготвува македонско тавче гравче.Видеото го направи откако доби коментар од следбеник да го направи баш ова јадење.На видеото таа стави македонска песна, „Ледена“ од Тоше Проески.https://www.tiktok.com/@abir.sag/video/7017073492998769921?is_from_webapp=v1&q=abir.sag&t=1633964720221 

Магазин | пред 4 години

policija-3-640x382

Оштетена икона во црквата „Свети Никола“

Денеска (11.10.2021) околу 12.30 часот, Б.С.(57) од тетовско Доброште во Полициското одделение Теарце пријавил дека со боја била оштетена надворешно поставената икона на црквата „Свети Никола“ во ова село.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 4 години

bebe

Почина едномесечно бебе во Скопје

На 10.10.2021 во 10.00 часот било пријавено дека во дом на подрачјето на Шуто Оризари има починато бебе на возраст од околу еден месец.Од страна на лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт, а по наредба на Јавен обвинител телото било предадено за обдукција.

Скопје | пред 4 години

partizanska-brza-pomos-912

Се повредил додека работел во викендицата

На 10.10.2021 во 13.30 часот во СВР Скопје од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив бил донесен З.Ѓ.(54) од Скопје, кој се здобил со тешки телесни повреди при изведување на градежни работи во викенд куќа во с.Алдинци.Од полициски службеници било излезено на местото на настанот.

Скопје | пред 4 години

policija-3-640x382

Скопјанец нападнал полицаец

На 11.10.2021 во 00.20 часот од полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Драчево бил лишен од слобода А.Д.(30) од с.Студеничани, скопско, поради тоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија.По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Скопје | пред 4 години

pretepan

Тепачка во Шуто Оризари, син нападнал татко

На 10.10.2021 во 19.00 часот 60-годишен жител на Скопје пријавил дека во 18.00 часот во семејниот дом на подрачјето на Шуто Оризари бил физички нападнат од неговиот син К.У.(19).По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Скопје | пред 4 години

ulica-volkovo1111-1

ФОТО: Кандидатот од Ѓорче кој молзеше крави пишал дека асфалтирал улица која на терен стои со дупки и кал

Кандидатот за градоначалник на Ѓорче Петров од СДСМ, Александар Наумоски, кој бара втор мандат од граѓаните и во јавноста се прослави со молзење на крави, мета на критики од жителите на општината. Ова е вторпат како во неговата програма/отчет, како реконструирани и асфалтирани се пишани улици кои на терен се со кал и вирови. Овојпат, станува збор улица 7 во општината, која се наоѓа во Волково. Ако се види во програмата на Наумоски, таа помеѓу улиците кои добиле асфалт.„Асфалтирани се следниве улици.... и ул. 7 во должина од 85 метри“, стои во програмата/отчетот со кој бара гласови за нов мандат.На ова реагираше жител на општината кој живее на улицата која е асфалтирана само на хартија.„Градоначалникот бара трпение ,а ја пишал во својата програма дека веќе е асфалтирана, 4 години со трпение бевме сега една седмица пред избори срам ми е со кал на чевлите да гласам. Ул.7 Волково ,под пругата кај старото игралиште“, пишува тој.Ова не е единствена улица која Наумоски пишал дека ја направил, а на терен има кал, дупки и големи вирови по секој дожд.

Скопје | пред 4 години

3

Пуштен пешачкиот мост на Вардар

Од денес е прооден и спремен за користење пешачкиот мост на реката Вардар кој се изгради наместо Панорамското тркало, проект кој беше дел од Скопје 2014. Со пренамената на тркалото иизградба на модерен пешачки мост граѓаните заштедија 10 милиони евра.„Овој мост е симбол на битката со проектот Скопје 2014 и драго ми е што конечно граѓаните може да го користат како јавен простор. Направивме модерен мост наместо најрасипничкиот проект наВМРО-ДПМНЕ, Панорамското тркало. Со стопирање на овој проект заштедивме 10 милиони евра пари на граѓаните и ги пренаменивме за други корисни проекти. Овој мост е победа на одговорното управување со вашите пари наспроти злоупотребите на ВМРО-ДПМНЕ“ – порача градоначалникот Шилегов.Тој вели дека овој мост е победа на модерно Скопје наспроти лажното барокно минато и проектот Скопје 2014. Мостот ќе биде дел големата пешачка зона во центарот на градот која ќе биде готовадо 2024 година. „И кога некој ќе каже дека сите се исти, јас со гордост и сигурност можам да кажам дека не сме. За мене вие граѓаните сте важни и вашите приоритети, затоа ќе продолжиме заедно да градиме модерно Скопје. Она што особено ме радува, е дека овој мост ќе биде дел големата пешачка зона во центарот на градот која ќе биде готова до 2024 година. Со тоа, тој ќе стане прекрасно шеталиште кое ги спојува двете страни на градот“ – вели градоначалникот Шилегов.Тој ја побара поддршката од граѓаните на Скопје за да се заврши се она што е храбро е започнато.

Скопје | пред 4 години

drzavna-izborna-komisija-izbori

Скандал: ДИК обвинет за бришење на имиња од листи

Државната изборна комисија на гласачкото ливче место „Група избирачи ‘Шанса за Центар’ Јана Белчева – Андреевска, ставила „Група избирачи Јана Белчева-Андреевска“, пишува СДК.На денешната прес – конференција претставниците на Независните граѓански листи од Шанса за Центар, Зелените од Гази Баба, Подобро за Тетово, Независни за Карпош – за заштита на Карпош, Стига е – фронт против рудникот и загадувачите на животната средина за Општина Струмица, Босилово и Ново Село, обвинија дека ДИК придонесува кон нерамноправната изборна трка на штета на независните граѓански листи.Тие поднеле и претставка до Народниот правобранител, обвинувајќи дека ДИК отворено застанала на страната на најсилните, а не на најдобрите, за намерно да создаде забуна кај гласачите.„Ние, претставници на независните граѓански листи кои учествуваат на овие избори сакаме да и укажеме на јавноста дека Државната изборна комисија (ДИК) е далеку од нивото на задачата да организира фер и демократски избори. Со своето досегашно постапување ДИК придонесува кон нерамноправната изборна трка на штета на независните граѓански листи и голем број граѓани кои се препознаваат во нас. И покрај нашите укажувања, за разлика од политичките партии, називите на нашите листи тенденциозно се тргнати од гласачките ливчиња, што е намерно создавање забуна кај гласачите. Исто така, на независните листи им е скратено правото за увид во избирачкиот список, што е многу важно за планирање на кампањата“, тврдат независните граѓански листи, обвинувајќи ја ДИК за пристрасност.Целиот текст на СДК.мк

Македонија | пред 4 години

panovski

Пановски: Несаканите ефекти од вакцините во однос на постковид последиците, се минимални

Несаканите ефекти од вакцините во однос на постковид последиците, се минимални и неспоредливи, вели доктор Никола Пановски на Фејсбук.„Точно е дека голем број што не се заразиле пред да се вакцинираат се заразија по вакцинација, односно вакцината барем кај нас не штити од заразување, затоа сертификатите како мерка против ширење на вирусот се нелогични и јас сум јавно против нив. Сепак не значи дека вакцинираните почесто заболуваат од невакцинираните, напротив. Мене лично ми починаа тројца пријатели од ковид, десетина пријатели вакцинирани заболеа, но оздравеа. Несаканите ефекти од вакцините во однос на постковид последиците, се минимални и неспоредливи“, вели Пановски.

Коментари | пред 4 години

D-Butel2

Арсовска: Шилегов го направи ЈСП Скопје загубар

На денешната прес конференција на независната кандидатка за градоначалник на Град Скопје, Данела Арсовска, во врска со финансирањето на јавниот превоз, посочи дека ако се погледне финансиската состојба на јавното претпријатие тоа е во загуба последните шест месеци за 139 милиони денари, значи таму како што вели гледаме бројни непродуктивни трошења, а од друга страна и јавното претпријатие и градот Скопје се задолжени, имаме задолжување зголемено за две години од половина милијарда, што е скок за цела милијарда од претходното задолжување, па треба да се внимава како се трошат парите на граѓаните, за да бидат вратени кај нив како добробит.Арсовска за јавниот бесплатен превоз рече дека таа зелена трансформација за која се достапни многу фондови, а постојат многу концепти како истото функционира во европските градови, а може да се направи и во Скопје да функционира, брзо и сигурно, без грешки и чекање.-Овој проект којшто го видовме сега со којшто некој сака да раскажува дека е нешто кое ќе го реализира, очигледно дека се потсмева со интелигенцијата на скопјани затоа што не го објаснува добро и не ги кажува импликациите кои може да настанат, со реализација на овој проект ќе изгубат директно во прва фаза 70 милиони од своите средства, рече Арсовска.Таа исто така посочи дека градот има лошо менаџирање во врска со јавното претпријатие за превоз на скопјани и колку и да му се даде средства на лошиот менаџер тој пак ќе биде загубар, и да знаел некој како да менаџира во оваа ситуација немало да биде вака, но во овој момент нема ни бесплатен јавен превоз, а јавното претпријатие е загубар.Арсовска исто така им посочи на новинарите на прес конференцијата дека треба да отидат и да го прашаат Петре Шилегов каде е тунелот под Калето, зошто Треска не е вратена на граѓаните и да се осмелат да ги постават прашањата на некој имал шанса да покаже на скопјани дека може да биде подобро, а не го направил тоа.-Зборуваме за некој кој го имал буџетот на Скопје во свои раце за да направи нешто, а не направил ништо, прашајте каде се трошат парите на граѓаните, помогнете им на скопјани да ја видат реалната слика, одговори Арсовска.

Скопје | пред 4 години

silegov-petre-1-696x365

Шилегов: Семејствата со деца ќе заштедат до 400 евра годишно

Согласно новите најавени мерки од страна на градоначалникот Петре Шилегов, просечно скопско семејство со две деца или повеќе деца во градинка и основно училиште, на годишна основа ќе може да заштеди меѓу 350 и 400 евра на храна.„Објавените мерки за субвенционирање на оброците за храна во скопските градинки и основни училишта на едно просечно скопско семејство со две деца, на годишна основна може да му овозможат заштита помеѓу 350 и 400 евра, покажуваат деталните пресметки. Така, семејствата кои имаат само едно дете во градинка ќе можат да заштедат до 150 евра годишно, благодарение на помошта и субвенционирањето од страна на градот, а двојно или тројно повеќе ќе заштедат оние семејства кои имаат две или три деца во градинка, основно училиште“, вели Шилегов.Со ваквите мерки, просечното плаќање од 1450 денари за градинка во Скопје, се намалуваат до 700 денари месечно. Кога на ваквата мерка ќе се додаде и таа за субвенционирање на храната за учениците во основните училишта, со 50% од сумата на чинење, која сега изнесува околу 2000 денари месечно, тогаш пресметките покажуваат дека родителите на годишна основа ќе може да заштедат и до 200 евра.На овој начин, значајно се олеснува семејниот буџет, а родителите ќе плаќаат поевтини оброци за сопствените деца, кои градот и општините ќе ги субвенционираат со 50% од вредноста. Како додадена вредност кон ваквите мерки е и онаа за добивање на бесплатно овошје за сите средношколци, со што директно се промовираат здравите навики кај младите поколенија. Со сите овие предлог мерки, градоначалникот Шилегов во следните четири години ќе овозможи поинаква социјална слика на градот, а Скопје ќе стане социјално свесен град, каде граѓаните ќе имаат посреќни мигови и поквалитетен начин на живот.

Скопје | пред 4 години

Screenshot-2021-10-11-150204

Незири: Еден месец од трагедијата во Тетово, наводните оставки беа една голема измама

Помина еден месец од трагедијата во модуларната болница во Тетово, каде што 14 тетовци беа изгорени живи и до ден денес се уште нема ниту морална, ниту правна одговорност. Многу се зборуваше за истраги, меѓународни експерти, но се уште немаме епилог од овие истраги, вели Аднан Незири, пратеник на Алијанса за Албанците„Денес слободно можеме да констатираме дека политизираното судство и хибридниот режим на СДСМ и ДУИ, ги потврдија сите наши предупредувања. Оваа влада, покрај тоа што запали 14 животи и срцата на сите нас, ја исмеваше и болката на семејствата на жртвите. Наводните оставки, за кои исто така предупредивме, резултираа со, како што најавивме, голема измама и исмејување на членовите на семејството.Денес, ние не бараме правда и одговорност од вас што докажавте дека сте неодговорни. Денес, ве предупредуваме дека правдата ќе дојде, ќе ве удри сите што со криминал и корупција крадевте од здравјето на граѓаните, од безбедноста на основните институции и од се друго поврзано со безбедноста на граѓаните. Докажавте дека сте опасни за животот на сите во оваа земја, затоа ги повикуваме граѓаните заеднички да ја отстраниме оваа опасност по животот на сите нас и потоа да ги изведеме пред лицето на правдата сите оние што ни го затемнуваат животот овие две децении“, додава Незири.

Македонија | пред 4 години

20160610145505-1024x502

Ако повеќе работеа, автопатот Кичево-Охрид ќе беше изграден, вели Мицкоски

Што може да се очекува од човек кој што главна водилка во неговата политичка кариера се тендерите, провизиите и куферчињата, вели Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ одговарајќи на новинарско прашање за обвинувањата на Заев дека ВМРО-ДПМНЕ ја блокира изградбата на автопатот Кичево – Охрид.Претседателот Мицкоски истакна дека доколку Зоран Заев и СДСМ малку повеќе работеа на проекти, а помалку на провизии и криминал, тогаш до сега автопатот Кичево – Охрид ќе беше изграден.„Нормално е дека ќе бара одговорност, иако веќе 5 година е власт во државата. Јас не очекувам нешто различно тој да каже отколку да ја префрли топката пред 5, 6, 7, 8, 10 години што се случувало. Во суштина 5 години гледаме многу криминал, многу пљачка, многу наместени тендери и многу куферчиња што се разнесуваат низ Македонија. Доколку повеќе мислеше на работи и проекти, а помалку на куферчиња, криминал и провизии, тогаш автопатот ќе беше веќе готов и немаше да имаме толку луѓе, кои што за жал трагично го загубија својот живот, а охриѓани ќе можеа побрзо да патуваат и всушност сите оние туристи кои што сакаат да дојдат во Охрид ќе можеа побрзо да стигнат. Но, за жал уште малку ќе треба да ја истрпиме оваа власт на СДСМ и Зоран Заев и после 17ти октомври следуваат промени во Македонија на подобро, изјави претседателот Мицкоски.

Македонија | пред 4 години

alijansa-za-albancite

Директорите од ДУИ се закануваат на наставниците кои ја поддржуваат албанската опозиција, вели Ќоку

Во последниве денови, многу наставници од основните и средните училишта пријавиле еден феномен колку вознемирувачки, толку и понижувачки за нашето општество. Некои директори, по наредба на владејачката партија, ДУИ, извршија притисок, закани и условување, од различен вид, злоупотребувајќи ја моќта што ја имаат во своите раце само уште неколку дена, вели Лулзиме Ќоку, Претседателка на Собранието на Жените на Алијанса за Албанците.„Директорите се закануваат на секој наставник кој е поддржувач на албанската опозиција, а потоа ги условуваат другите да учествуваат во нивните собири на сила, принудно и против нивната волја. И на крајот заканите одат дотаму што бараат да гласат за ДУИ предупредувајќи ги дека вашата работа е загрозена доколку не го направат тоа. Најизложени на овие притисоци и уцени се привремените вработени, наставници без решение.Ние како коалиција Алијанса за Албанците и Алтернативите ги повикуваме споменатите директори итно да го прекинат притисокот, бидејќи се е документирано и наскоро ќе одговараат. Во меѓувреме, наставниците, оние кои се надеж на општеството, највредните луѓе, да се спротистават, да ја одржат благородната улога што ја имаат и да бидат убедени дека ова се последните денови во кои се соочуваат со овој притисок. Вие драги наставници, ќе бидете симбол на овој отпор и голема победа против диктатурата и неписменоста на оваа бласт. Ние ве уверуваме дека по 17 октомври, никој нема да ве допре, а вие што сте во моментов со договор на дело, ќе го добиете заслужениот статус и идните директори на училиштата ќе бидат избрани од вас заедно со советот на родители“, додава таа.

Македонија | пред 4 години

petrovska-zivotna-sredina

Петровска контра Макрадули: Студијата за гасоводот на Водно ја немам одобрено

Не сум учествувала во издавање на ниту едно решение, ниту една дозвола кои што се предуслов за отпочнување на изградба на малите хидроелектрани. Токм спротивното, државниот секретар нема никаква надлежност врз сите постпаки кои што се однесуваат на издавање на дозволи или решенија. Ако бев вклучена во некакви валкани бизниси зад мене немаше да застанат толкав голем број на граѓански организации против моето неправедно разрешување како директор на инспекторато за животна средина, вели Ана Петровска, кандидат за градоначалник на Скопје.Во врска со објавата на Јани Макрадули за Студијата за оцена на влијанието врз животната средина на проектот Гасоводот на Водно од 2011 година, таа вели дека таа истата ја нема одобрено.„Оваа Студија е работена пред една деценија, не сум потпишала ништо ниту сум била консултирана за заклучоците, ниту знам кога е одобрена од Министерството за животна средина. Сум дала одредени елементи и поглавја, меѓутоа не можам да застанам да кажам дека целосно ја поддржувам. Јас не сум ја одобрила и не сум застанала зад нејзе, рече Петровска за Студијата за гасоводот.„Гасоводот не требаше да помине, но јас како архитект тоа не можам да го кажам. Тоа требало да го кажат членовите од тимот кои што биле одговорни за влијанијата врз билошката разновидност“

Скопје | пред 4 години

apasiev

Не може оние кои ги бришат бугарските фашисти, да полагаат цвеќиња на гробовите на македонските антифашисти, реагира Апасиев

Не може веќе оние кои ги бришат бугарските фашисти од историските читанки, да полагаат цвеќиња на гробовите на македонските антифашисти, вели Димитар Апасиев, лидер на Левица неколку часа откако активисти на партијата застанаа во меморијалниот комплекс во Прилеп каде се одржуваше свеченоста по повод 11 Октомври.Владината, делегацијата на претседателот Стево Пендаровски и другите државни и воени делегации мораа буквално да ги заобиколуваат овие единаесетмина луѓе за да ги положат венците. Во јавноста овој обид се толкува како неуспешна акција да се уништи чествувањето и непотребно правење можни инциденти.Претходно Левица честитајќи го празникот меѓудругото соопшти:„Но, нашата генерација нема да дозволи да исчезнат стремежите на македонскиот народ за слободна, унитарна и самостојна држава - со брусање на симболите и сквернавење на спомениците од НОБ, со преиначување на историјата во учебниците или со потпишување на срамни и капитулантски меѓународни договори, кои никогаш нема да бидат прифатени од народот. Преку ваквите постапки на сегашната квислиншката власт и на домашните предавници во Македонија, само се надградуваат токму онакви услови какви што во 1941 година, на 11 октомври, македонскиот народ го принудиле да се дигне против окупаторите на неговата земја. Токму затоа, Левица одбива да учествува во сувопарните и крајно лицемерни прослави организирани од страна на Владата на Заев, која систематски ги негира и уништува идеалите и стремежите на македонската државност, поставени токму во народно-ослободителната борба против фашизмот.Наша задача ќе биде повторно, следејќи ги искуствата на хероите од Народно-ослободителната борба (НОБ), да го трасираме патот до враќање на државата на АСНОМ-ските темели, при што македонскиот народ повторно ќе се најде на вистинската и праведна страна на Историјата - да се спротивстави на империјалистичките интереси и, во сојуз со сите од него угнетени народи низ светот, повторно да извојува победа над окупаторите!СМРТ НА ФАШИЗМОТ - СЛОБОДА НА НАРОДО, пренесе Апасиев.

Македонија | пред 4 години

thumbnail_pres1

Катна гаража со зелен парк на покривот во ТЦ Лептокарија, ветува Весковски

Катната гаража околу комплексот ТЦ „Лептокарија“ со зелен парк над гаражата е еден од капиталните проекти во нашата програма за најдоброто за Карпош, рече кандидатот за градоначалник на Карпош од СДСМ Душко Весковски.– Со ова ќе се надмине предизвикот од недостиг на паркинг-простор во овој централен и најфреквентен дел од општината, односно ќе се реши долгогодишниот проблем со паркирањето на жителите, но и на посетителите на објектите во комплексот на ТЦ „Лептокарија“, а воедно и ќе се збогати и хуманизира просторот околу објектот. Овој проект ќе се реализира до крајот на 2024 со меѓуопштинска соработка со Град Скопје. Катната гаража ќе биде на едно ниво, 90×50 метри, со 130 паркинг места и зелен парк на покривот каде ќе бидат конструирани 4 спортски игралишта. Предвидено е влезот да биде од страната на ул. Никола Русински, а излезот од страната на ул. Карпошово востание. При изведување на овој проект нема да се наруши подземната инфраструктура – рече Весковски.Според него, карпошани заслужуваат скапоценото време да го поминуваат со своите семејства во своите домови, а не да го трошат во потрага по место за паркирање.

Скопје | пред 4 години

Screenshot-2021-10-11-130429

ХИТ ВИДЕО: Автомобили со раце се преместуваат во Скопје, за глас повеќе на изборите

Активистите од Зелен Хуман Град, на социјалните мрежи објавија видео во кое поместија автомобил. Автомобилот беше паркиран на велосипедска патека, а активистите се погрижија истата да ја ослободат.„ Не ни е прв пат да налетаме на автомобил паркиран врз вело-лента, кој ја загрозува безбедноста и го попречува патот на велосипедистите. Од ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД, решивме да покажеме на надлежните инстуции како треба да се раководи со овој проблем во една хипотетичка ситуација.Се надеваме дека место ние да ги земаме овие работи во наши раце (буквално), тие ќе бидат одговорни во вршење на нивната должност. Башка, и пајак имаат, не мора вака рачно автомобили да преместуваат 😉ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД сака вистинска безбедност за велосипедистите во Скопје“, стои во описот на видеото.

Скопје | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања