Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

tom-cruise

Том Круз претера со ботоксот?

Актерот Том Круз неодамна се појави на бејзбол натпревар во Сан Франциско, а неговото присуство не помина незабележано.Тој беше во друштво на неговиот син Конор, кого го посвои во брак со Никол Кидман. Во видеото од споменатиот настан, Круз е насмеан и видно расположен, а фановите забележаа дека тој изгледа поинаку отколку порано.Имено, корисниците на Твитер се прашуваат што се случи со неговото лице. Не им е јасно дали Том се здебелил или лицето му е отечено поради некоја причина."Том, што направи со твоето прекрасно лице? Бев многу разочаран кога те видов на трибините. Престани да ги ставаш соништата во твоето лице, те молам", "Или направи нешто со лицето или се здебели", се само дел од коментарите.

Магазин | пред 4 години

Danela-Arsovska-Pretsedatel-SSK-960x640

Со подобрување на инфраструктурата ќе ја прошириме индустриската зона Визбегово, вели Арсовска

Кандидатката за градоначалник на град Скопје, Данела Арсовска денеска беше на средба со претставници на Здружението на индустриската зона Визбегово на која стопанствениците од оваа зона ги отворија ситепрашања и проблеми со кои се соочуваат подолго време.   Тие неколку пати до сега барале од надлежните да им се овозможат подобри услови за работење. Стопанствениците посочија дека имаат одлична местоположба, но треба да се подобрат условите во зоната, во однос на инфраструктурата, иако располагаат со многу просторни можности, како и  подобрување на целокупната економија. Немаат поддршка од било кој аспект од институциите и кога се обраќаат за помош, сите креваат раце и велат дека не се надлежни.  Процесот на гасификацијата се уште не е реализиран, струјата им е единствен начин на користење на енергијата.   Индустриската зона Визбегово се наоѓа во три општини (Бутел, Чучер - Сандево и Карпош) и ова дополнително ја отежнува можноста за отворена соработка помеѓу компаниите и локалните самоуправи за што истакнаа дека во моментов имаат потешкотии.   „Како веќе докажан менаџер ги ценам напорите и залагањата на претприемачите од оваа зона кои се од големо значење како од економски, но и од социјален аспект. Со подобрување на инфраструктурата ќе ја прошириме зоната и ќе направиме место за уште повеќе компании да станат дел од неа и да отвориме уште 1000 нови работни места за нашите сограѓани. Оваа индустриска зона ќе има ист третман како и другите индустриски зони. “ – изјави Арсовска на средбата.  Претставниците на компаниите побараа од Арсовска уште во првите 60 дена кога ќе стане градоначалник, заедно да седнат и да направат акциски план за работење на зоната. Повеќе од компаниите во индустриската зона Визбегово се домашни компании и профитот кој го реализираат, повторно го инвестираат во државата.

Скопје | пред 4 години

IMG-20211012-WA0013

Што со индустриската зона во Визбегово? Данела отвори прашања и збореше за проблемите таму

Кандидатката за градоначалник на град Скопје, Данела Арсовска денеска беше на средба со претставници на Здружението на индустриската зона Визбегово на која стопанствениците од оваа зона ги отворија сите прашања и проблеми со кои се соочуваат подолго време.Тие неколку пати до сега барале од надлежните да им се овозможат подобри услови за работење. Стопанствениците посочија дека имаат одлична местоположба, но треба да се подобрат условите во зоната, во однос на инфраструктурата, иако располагаат со многу просторни можности, како и подобрување на целокупната економија. Немаат поддршка од било кој аспект од институциите и кога се обраќаат за помош, сите креваат раце и велат дека не се надлежни. Процесот на гасификацијата се уште не е реализиран, струјата им е единствен начин на користење на енергијата.Индустриската зона Визбегово се наоѓа во три општини (Бутел, Чучер - Сандево и Карпош) и ова дополнително ја отежнува можноста за отворена соработка помеѓу компаниите и локалните самоуправи за што истакнаа дека во моментов имаат потешкотии.„Како веќе докажан менаџер ги ценам напорите и залагањата на претприемачите од оваа зона кои се од големо значење како од економски, но и од социјален аспект. Со подобрување на инфраструктурата ќе ја прошириме зоната и ќе направиме место за уште повеќе компании да станат дел од неа и да отвориме уште 1000 нови работни места за нашите сограѓани. Оваа индустриска зона ќе има ист третман како и другите индустриски зони. “ – изјави Арсовска на средбата.Претставниците на компаниите побараа од Арсовска уште во првите 60 дена кога ќе стане градоначалник, заедно да седнат и да направат акциски план за работење на зоната.Повеќе од компаниите во индустриската зона Визбегово се домашни компании и профитот кој го реализираат, повторно го инвестираат во државата.

Скопје | пред 4 години

shilegov-012

Во Дрисла не се согорува опасен отпад без дозвола

После долго време на некомпетентност и негрижа во работењето, за само една година откако Дрисла се врати во надлежност на Град Скопје, ова јавно претпријатие прерасна во санитарна депонија која применува современи технологии за управување со отпадот, а целокупниот нејзин економски потенцијал е ставен исклучиво во служба на граѓаните.Откако ЈП Дрисла е повторно во надлежност на Градот набави нов стерилизатор за третман на медицински отпад од познатата италијанска марка ЦИСА, што е иновативен систем целосно автоматизиран со висока технологија и квалитет. Со набавката на стерилизаторот се стави крај на неодговорното и несовесно постапување со медицински отпад, односно несоодветната обработка на медицинскиот отпад, којшто потоа завршуваше на Дрисла како обичен отпад, што претставуваше потенцијална опасност за животната средина и за здравјето на луѓето.Во ЈП Дрисла освен медицински отпад кои се третира согласно предвидените процедури, не се согорува друг вид опасен отпад без дозвола.ЈП Дрисла постапува по забелешките на Државниот инспекторат за заштита на животната средина и до надлежното министерство има поднесено барање за скратување на бараните шифри за опасен отпад.

Скопје | пред 4 години

6-1

Развојот на сообраќајната инфраструктура во градот нема и не смее да запре, вели Шилегов

Денес, актуелниот градоначалник на Град Скопје и кандидат од СДСМ, Петре Шилегов, оствари средба со претставници на Сојузот на стопански комори, на која се разговараше за економските предизвици во време на КОВИД 19 пандемија.Светската пандемија не ги запре инфраструктурните и градежни активности на Град Скопје, напротив тие продолжија со засилено темпо. Одличните финансиски резултати на градот пред почетокот на пандемијата овозможија да нема рестрикции во планираната изградба и реконструкција на градската инфраструктура. Град Скопје донесе неколку мерки за олеснување на последиците од пандемијата, со откажувањето од дел од средствата од најголемите свои приходи: комуналиите, комуналните такси, закупот на јавен простор итн.„Овие мерки ги спроведовме со цел да ослободиме повеќе пари во економијата, инвестирајќи најмногу во домашниот градежен сектор кој е одговорен за голем број вработени и учествува со сериозен дел во БДП на Република Северна Македонија. Сакаме да ги сочуваме сите работни места во десетиците стопански гранки кои ги обединува градежништвото“, изјави Шилегов на средбата.Развојот на сообраќајната инфраструктура во градот нема и не смее да запре. Скопје ќе продолжи да ја развива својата улична мрежа истовремено со мрежите на велосипедски и пешачки патеки за да обезбедиме одржлива урбана мобилност која подразбира безбеден и ефикасен сообраќај за нашите граѓани. На тој начин директно се придонесува за намалување на економската криза, не само во Скопје, туку и во целата држава.Ова го правиме за доброто на сите нас, додаде Шилегов. Кризата ќе помине, животот продолжува. Чекор по чекор градот ќе продолжи да се развива.„Стопанските субјекти во Град Скопје секогаш ќе имаат бизнис партнер, подготвен да излезе во пресрет на нивните барања, бидејќи само со заедничка соработка и меѓусебна поддршка можеме полесно да се справиме со претстојните економски предизвици, но и заеднички да работиме на зајакнување на целокупната економија и креирање оптимална бизнис клима во Скопје“, заклучи Шилегов.

Скопје | пред 4 години

Screenshot-2021-10-12-at-12.57.24

Роднини проговореа за смртта на македонската репрезентативка Јулија

Веста за ненадејната смрт на поранешната македонска репрезентативка Јулија Портјанко Николиќ, денес ја потресе јавноста. Младата жена ја изгуби битката на свои 38 години, а нејзини блиски за ,,Фокус” велат дека причината, според првичните информации е срцев удар.-Доцна синоќа се случило, сите сме вознемирени, таа беше прекрасен човек. Нејзиниот борбен дух не го издржа овој животен предизвик. Со години се бореше да стане мајка, не го дочека тоа за жал. Претешки се овие моменти за сите нас, кои ја знаевме нејзе и нејзината големина – ни раскажаа нејзини поранешни соиграчи од Кометал.Повеќе на Фокус

Македонија | пред 4 години

mila-carovska

Царовска не знае кога ќе почне скринингот во училиштата

Министерката за образование и наука Мила Царовска и денеска изјави дека е во постојана координација со Министетството за здравство и дека навреме ќе бидат соопштени детали за скринингот кој треба да се изврши во училиштата.-МОН е во координација со Министетството за здравство кое е надлежно за координација на овој процес. Во моментот кога институциите ќе имаат нови информации, јавноста ќе биде навремено известена, рече Царовска одговарајќи на новинарски прашања

Македонија | пред 4 години

Benzinski-pumpi-9

Во последната година ипол цените на горивата се зголемени за 50%, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Со СДСМ не очекува енергетска криза. Не знаат како да се справат со недостатокот на енергија, а сега посегаат и по покачување на цените на горивата, вели ВМРО-ДПМНЕ.„РКЕ на Бислимовски ги покачува цените на горивата. Од утре ќе плаќаме 2.5 денари повеќе за дизелот, а за бензините 2 денари.Во последната година ипол цената бензинот од 50 денари, колку што бил во април 2020 година е качена на 75.5, а од утре ќе биде 77.5 денари, тоа е зголемување за 27.5 денари за година ипол. Додека цената на дизелот од 46 денари во април 2020 година сега е 65 денари, а од утре ќе се продава по цена од 67.5 денари, тоа е покачување од 21.5 денари.И бензинот и дизелот само во последната година ипол се покачени за 50%.Ова е грабежот кој го спроведува Заев. Народот плаќа 50% поскапи горива.На грабежот мора да му дојде крај. Излези и гласај за промени“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-09-02-at-14.36.15

Камчев пред цела јавност откри што му се случувало во затворот во Шутка

Бизнисменот Орце Камчев, на 5 октомври, на деградирачки и понижувачки начин бил спроведен од истражниот затвор “Скопје” до Обвинителството, поради распит за една истрага, обвини денеска адвокатот Тони Менкиноски.-Во текот на спроводот, на понижувачки и деградирачки начин, Камчев е спроведен од Шутка до Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Барам од вас по службена должност да превземете дествија, да го испитате случајот, истакна адвокатот Менкиноски, на денешното судење за “Плацевите на Водно”, а обраќајки се до судијата.Тој додаде дека Камчев бил легнат на земја и претресуван.На денешното рочиште за случајот ,,Плацевите на Водно’’ одбраната на г-дин Јордан Камчев реагираше и се обрати до Судијата кој е надлежен за случајот, информирајќи го и барајќи од него, како единствен орган кој моментално се грижи за основните слободи и права на г-динот Камчев да преземе дејствие и да се вклучи во постапката за последното нарачано изживување врз г-нот Камчев кое од страна на овластените лица, се случило на 5ти октомври 2021 година, при спровод на г-динот Камчев од затворот Шутка до Јавното Обвинителство за организиран криминал. Согласно наредбата дадена од Судот, г-динот Камчев истиот ден бил спроведен до ЈО за организиран криминал , во врска со предмет кој е во истрага.,,Во текот на спроводот спротивно на начинот и методологијата на спроведувањето на лица лишени од слобода на понижувачки и деградирачки начин г-динот Јордан Камчев е спроведен од затворот Шутка до просториите на Јавното Обвинителство за организиран криминал. Притоа, ваквото однесување на овластените лица кои постапувале по вашата наредба е надвор од Законот за полиција и не е во соодветност со правилникот за постапување на лица лишени од слобода. Должни сте да го испитате случајот, бидејќи Вие сте во моментов единствениот орган кој се грижи за основните слободи и права на г-динот Камчев. Доколку сакате и доколку сметате, околу фактичкиот настан, да ви објаснам, дека г-динот Камчев бил легнат на земја, јавно претресуван. Лисиците - тоа го виде и Обвинителката, лисиците му беа толку многу врзани на задниот дел на телото што немаше крв во рацете, спротивно на Правилникот за постапување на лица лишени од слобода. Барам од вас да преземете дејствие и да се вклучите во постапката. ‘’ – побара во своето обраќање адвокатот Тони Менкиноски кој е дел од одбраната на Камчев.На ова се надоврза и г-динот Камчев кој додаде дека бил претресуван легнат на земја, во надворешниот дел на затворот :,,Бев претресуван надвор од зградата, меѓу двете комбиња и се исмејуваа затвореници надвор, од прозорите, значи не во внатрешен дел, туку на трева. И прв пат ми беа лисиците позади грб врзани и стегнати и не можев да седам во комбето бидејќи клупата беше само 20-30 сантиметри и цело време се седеше на земја. Беше едноставно изживување . Толку сакам да кажам. Тоа се констатираше отпосле и со повредите на рацете и го пријавив настанот во Обвинителството. ‘’Бидејќи изживувањето врз г-динот Јордан Камчев континуирано продолжува, одбраната конкретно за овој случај ќе поднесе кривични пријави за овластените, одговорни лица кои го вршеле спроводот, ќе поднесе жалба до Народниот правобранител на РСМ и ќе ја дополни апликацијата која е веќе испратена до Европскиот суд за човекови права во Стразбур.Тортурата и изживувањето кое се врши врз г-динот Камчев веќе станаа мета и на меѓународната јавност. За неговиот случај и третманот на кој е подложен г-динот Камчев овие седум месеци, декларирајќи го веќе како политички затвореник пишуваа досега три меѓународни, реномирани медиуми ,,EU Reporter’’, ,,The European Post’’ и ,,The Times of Israel’’.Се чини дека се погласните реакции на меѓународната јавност во кои отворено се зборува за случајот на Камчев и истиот се класифицира како изживување, некому не му се доволен сигнал дека на крајот ќе мора некој да одговара и да сноси сериозна одговорност за сиот незаконски третман, изживување и тортура.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

За првпат во поново време во нашата држава на ГАК извршен Екстраперитонеален царски рез

На Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство – Скопје во петокот за првпат беше изведен екстраперитонеален царски рез врз трудница, а министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче денеска на одделот пуерпериум при ГАК-Скопје ја посети родилката и нејзиното новородено.Екстраперитонеалниот царски рез е специфична техника на царски рез која е однапред позната пред 70 години и во поново време првпат е реафирмирана во Франција. Ваков вид на породување со царски рез освен во Франција се изведува во Брисел – Белгија, во Загреб - Хрватска, но и во Тунис во Северна Африка.На ГАК-Скопје на 8 октомври овој вид на царски рез беше изведен врз 23-годишна пациентка, која претходно имала три големи хируршки адоменални операции заради повреди на внатрешни органи. Постоеја индикации нејзиното породување да заврши со царски рез, кој требаше да се направи во интерес на бебето.-Првпат во Македонија во петокот беше извршено породување со екстраперитонеален царски рез, со што ГАК-Скопје стана и прва клиника во регионот каде се примени оваа невообичаена техника. Среќен сум што по 30-годишно работно искуство на нашата клиника се роди бебе со екстраперитонеален царски рез, нешто за што сме слушале од повозрасните колеги. Пациентките со овој тип на царски рез побрзо и полесно се враќаат во нормален живот, нешто слично како после вагиналното породување. Бенефитот од екстраперитонеалниот царски рез е што родилката само неколку часа по операцијата може да се движи, да јаде, да пие и да му се посвети на своето новородено. Со оваа техника, се намалува и ризикот од внесување на интаабдоминални инфекции и намалување на сраслини на внатрешните и на репродуктивните органи, со што се намалува и можноста од постоперативен стерилитет - изјави доц. д-р Игор Самарџиски, кој го изведе оперативниот зафат во петокот.Доц д-р Самарџиски неодамна се врати од едукативен престој – активен курс во болница во Ница, Франција каде учествуваше во изведување на екстраперитонеални царски резови.Инаку, техниката за екстраперитонеалниот царски рез е специфична, започнува во исти стил како и клисичниот царски рез, но кон местото на сечењето на матката и вадењето на плодот се пристапува со посебна техника на странично избуткување на бешиката од местото каде што треба да се направи екстараперитонеалниот царски рез. Потоа следува специфично кружно шиење на отворот на матката, што исто така придонесува за намалување на времетраењето на интервенцијата и за подобро зараснување на местото каде е пресечена матката.

Македонија | пред 4 години

buhova

Болните од Ковид-19 да не прифаќаат домашно лекување ако за тоа немаат потврда од матичен лекар и документ за терапија, вели Бухова

Од Државниот здравствен и санитарен инспекторат (ДСЗИ) апелираат до граѓаните кои се позитивни на Ковид 19, да не прифаќаат лекување во домашни услови, ако за тоа не се изјасни матичниот лекар и задолжително да побараат пишан документ за терапијата и начинот на лекување.Директорката на инспекторатот Ирина Бухова, вели дека апелот го упатуваат со цел да ги заштитат граѓаните и нивното здравје.Од инспекторатот известуваат дека добиле претставка од здравствен работник, за починато лице инфицирано со Ковид 19, кое по утврдената дијагноза од матичен лекар, по 14 дена од инфекцијата, дошло во Ковид центар, во многу лоша здравствена состојба и починало на само неколку часа по приемот.Блиски родини на починатото лице, дале податок дека сега веќе починатото лице било лекувано седум дена во домашни услови со инфузиона терапија и ги навеле точните називи на лековите кои биле давани, а истите ги посочил во писмен допис и здравствениот работник кој извршил прием на пациентката каде починала.Според сите законски прописи, испектори од ДСЗИ, веднаш по преставката на здравствениот работник, излегле на терен и утврдиле дека матичниот лекар на пациентката и препишал само таблетарна антибиотска терапија, пациентката потоа никогаш не побарала преглед или совет од матичниот лекар и дека не е познато кој, на сега веќе починатата и давал терапија и притоа не оставил никаков пишан документ или извештај.Од тие причини, ДСЗИ случајот го пријави во Министерството за внатрешни работи.

Македонија | пред 4 години

Press-A.Filipovski-12.10.2021-god.

Филиповски: Популарната „дупка“ во Ново Лисиче ќе го задржи автентичниот изглед

„Спортско – рекреативниот центар во Ново Лисиче, популарната „Дупка“ ќе го задржи својот автентичен изглед. Внатрешните простории беа обновени пред неколку години и како ново општинско раководство, ќе се грижиме за тековно одржување на овој спортски центар“, изјави Александар Филиповски, кандидат на СДСМ и коалицијата за градоначалник на општина Аеродром.Инаку, ВМРО – ДПМНЕ и нивниот кандидат Тимчо Муцунски предвидуваат менување на изгледот на популарната „Дупка“, со што одат против интересите на локалното население.Овој дел е белег на Ново Лисиче. Симбол на маалскиот живот и јавен простор кој ги поврзува сите генерации. „Дупка“ останува отворен простор. Нема да дозволиме никакво покривање или негово затворање, затоа што граѓаните го паметат и го сакаат овој рекреативен центар токму во ваква состојба, рече Филиповски.На овој простор, во летниот период се организираат и културни настани. Кандидатот за градоначалник на СДСМ посочи дека уште повеќе ќр се користи овој центар, како за спортски турнири, театарски фестивали, така и за концерти, перформанси за млади и сл.Вечерва, од 19:00 часот, СДСМ и коалицијата ќе организираат и граѓанси собир на „Дупка“, каде што граѓаните од Ново Лисиче и овој дел од општината, ќе можат да ги слушнат проектите за развој на населбата.

Скопје | пред 4 години

w_56803986

Внимавајте: Фантом лекар лекувал скопјанка од ковид по дома, по што починала

Скопјанка починала во ковид-центар само неколку часа по приемот откако две недели претходно, дома, непознат лекар и давал терапија за која никаде не постои медицинска историја, ниту белешка, дознава „Слободен печат“ од свои извори во Државниот здравствен и санитарен инспекторат. Случајот го пријавил здравствен работник од ковид-центарот.Блиски родини на починатото лице дале податок дека лицето било лекувано седум дена во домашни услови со инфузиона терапија и ги навеле точните називи на лековите кои биле давани, а истите ги посочил во писмен допис и здравствениот работник кој извршил прием на пациентката во ковид-центарот каде починала.Повеќе на Слободен печат

Скопје | пред 4 години

drisla

Дваесетина видови опасен отпад горен во Дрисла, директорот на инспекторатот покажа со прст кон ексдиректорката

Дури 26 видови на опасен отпад се гореле во ЈП „Дрисла“, меѓу кои и отпад од пестициди, киселини и жива, а претпријатието отпрвин добило дозвола во февруари, а потоа забрана за својата А-интегрирана дозвола од Инспекторатот за животна средина. Сегашниот в.д. директор Сретен Стојковски вели дека е нејасно зошто воопшто била издадена дозволата, а ја обвинува претходната директорка дека пет месеци не реагирала по ова прашање.– Симптоматично е како претходната директорка пет месеци од издавањето на дозволата не реагирала пред да биде разрешена, иако учествувала во инспекцискиот увид и знаела дека „Дрисла“ нема инсталации за третман и преработка на опасен отпад – рече в.д. директорот на ДИЖС.– Ние со решение им забранивме на „Дрисла“ да примаат таков отпади им дадовме рок да си достават барање до МЖСПП. Исто така, и Министерството е известено со информација за нашето решение, така што „Дрисла“ веќе не може да прима таков опасен отпад. Рокот е 90 дена. Во моментов „Дрисла“ има А-интегрирана еколошка дозвола каде во еден од прилозите, прилог 3, има 36 шифри на опасен отпад коишто се наведени во дозволата, а никаде во дозволата нема објаснување за екологијата, инсталации и начин на преработка и складирање на таквиот отпад што е симптоматично и не знам како е издадена таква дозвола за таков вид на отпад – истакна Стојковски.

Скопје | пред 4 години

struja

Што ќе биде со цените на струјата од декември натаму?!

До крајот на годинава нема да се менува цената на електричната енергија, а сега е многу рано да предвидиме што ќе се случува после тоа, порачаа денеска премиерот Зоран Заев и претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), Марко Бислимоски.Премиерот Заев посочи дека стабилноста на цената на електричната енергија за домаќинствата е гарантирана до крајот на годината преку ЕСМ и МЕПСО, а со тоа и преку државата и додаде дека нема никакви причини за стравување.– Верувам дека сите наши искуства и експерти кои ги имаме од МЕПСО и ЕСМ, РКЕ и сите независни експерти ќе ни се најдат за да изградиме мудри политики во интерес на граѓаните. Во периодот што претстои ќе ги искористиме сите потенцијали што ги имаме во РЕК Битола и во РЕК Осломеј. Веќе објавивме постапка за набавка на јаглен од странство за производство на електрична енергија што ќе се произведува по три до четири пати помала цена од берзанската која ја има во моментов. Сето тоа ќе значи стабилност, прво за домаќинствата, а потоа и за јавните институции и за приватниот сектор, рече Заев во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата на која беше најавена големата германска инвестиција – ветерниот парк „Вирови“.Тој нагласи дека на тој начин нашата држава постапува исто како државите во регионот и пошироко и додаде дека сме подготвени правовремено да реагираме тогаш кога ќе треба и таму каде што ќе треба.– Нашите експерти веќе размислуваат што ќе се прави по Нова година и никој не знае што ќе се случува тогаш. Голем дел од работите зависат од цената на природниот гас и овие денови треба да се соопштат деталите од стратегијата на „Газпром“, кој задоволува повеќе од една третина од европските потреби на природен гас. Ние сме дел од глобалниот пазар и ќе ги следиме внимателно и будно сите случувања на меѓународните берзи на енергенси и со сите свои расположиви капацитети ќе гледаме нашите граѓани и нашата економија да ја донесеме во предност пред другите економии. Не би избрзувал да кажам што би направиле, но можам да потврдам дека сме тука за да им се најдеме и на граѓаните и на државата, рече Заев и посочи дека граѓаните нема да бидат оставени да се вклучат на слободниот пазар на електрична енергија.

Македонија | пред 4 години

DSC_0661

Настрадаа фраерите со затемнети стакла од полицијата

Во периодот од 04.10.2021 до 11.11.2021 Министерството за внатрешни работи спроведе контрола за санкционирање на возила на кои се вградени неатестирани фолии (затемнети стакла), при што санкционирани се 25 возачи.Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Македонија | пред 4 години

12102021_PVRSM_Zaev_pres-konferencija_2

Се реализира најголемата инвестиција во историјата на македонската економија, тврди Заев

Германската компанија WPD, ќе гради 415 мегаватна ветерна електрана на потегот Куманово – Старо Нагоричане – Крива Паланка, во вредност од околу 500 милиони евра. Премиерот Зоран Заев, на прес-конференцијата во присуство на амбасадорката на Германија Анке Холштајн, како и претставници на менаџментот на компанијата, истакна дека ова не е само најголемата германска инвестиција во земјава, тука ова е најголемата директна гринфилд инвестиција во македонската економија, воопшто, од независноста до денес.„Ова се придобивките од Законот за стратешки инвестиции. Големите инвеститори ги препознаваат економските можности, безбедноста и стабилноста на земјата и носат храбри одлуки за инвестирање во Северна Македонија. Ќе се гради ветерен парк со име „Вирови” кој ќе биде најголемиот капацитет од обновливи извори на енергија во Северна Македонија. Колку за споредба, станува збор за капацитет кој го имаат двата блока на инсталиран капацитет од РЕК „Битола“ во најдобри години. На полињата на потегот од Куманово кон Крива Паланка ќе бидат поставени 69 нови ветерни турбини, што е за четири пати повеќе од досегашните 16 кои ги гледаме на границата со Грција, и најважно, ветерници кои ќе создадат над 400 мегавати струја од македонскиот ветер. Во зеленото сценарио најбрзо растечки технологии се токму фотонапонските и ветерните електрани, и во нашата стратегија се предвидени околу 1.500 мегавати на фотонапонски електрани и околу 700 мегавати на ветерни електрани. Нема сомнеж, најголемата инвестиција во историјата на македонската инвестиција е доказ дека зеленото сценарио и тоа како е возможно. Овој проект е повеќе од половина од тие 700 мегавати предвидени во нашата стратегија и заедно со веќе изградената кај Богданци и со издадените досегашни овластувања од Владата, бројката поминува над 600 мегавати, што е 85 проценти од предвидените во Стратегијата“, изјави премиерот Заев и додаде дека ветерниот парк „Вирови“ нема да користи никакви повластени тарифи од државата. Ова значи и снабдување на 290.000 домаќинства со електрична енергија, а инвестицијата ќе се одвива во неколку фази.Андреас Бјрон Шолет, овластен претставник на WPD Европа истакна дека потврдувањето на статусот на стратешка инвестиција од страна на Владата на Северна Македонија е важен чекор кон реализација на ветерниот парк „Вирови“ кој ќе има повеќе од 400 мегавати инсталиран капацитет, а инвестицијата се очекува да надмине половина милијарда евра.„Се одлучивме за инвестирање поради поддршката на Владата и заедничката синергија на целите на WPD и Стратегијата на Северна Македонија за енергетска транзиција. Преку успешното деловно работење, Ветерниот парк „Вирови“ ќе придонесе кон националниот и локалните буџети преку издавање на земјиште и даноци, додека системот од 69 ветерни турбини ќе користи вешти локални работници за техничко и оперативно управување и во текот на проектот, постојано ќе се ангажираат надворешни локални добавувачи во различни сектори. Во текот на градежната фаза, ќе инвестираме во подобрување на инфраструктурата, вклучително и капацитети за пренос на енергија и патишта, овозможување пристап до некои од подалечните области и нивното приспособување на земјоделство и земјоделски развој“, рече Шолет.Амбасадорката Холштајн истакна дека соработката меѓу Северна Македонија и Германија се зголемува со овој проект кој ќе ја потпомогне енергетската транзиција на државата и ќе овозможи пристапна, чиста енергија.„Владата оди во добра насока: привлекува странски директни инвестиции кои создаваат производствени капацитети за обновливи енергии и паралелно со давањето поддршка и на државниот производител ЕСМ за позелени инвестиции. Дуалниот пристап дозволува зелена транзиција на енергетскиот сектор со давачки кои се прифатливи за македонските потрошувачи.Инвестициите како оваа на WPD, значително го зголемуваат уделот на обновливите извори во енергетиката, ја подобруваат конкурентноста на јавниот снабдувач ЕСМ во регионот и го намалуваат загадувањето што е од особена корист за граѓаните и сите останати“, рече Холштајн.Kомпанијата WPD, работи во 28 земји во светот со над 5.000 мегавати на инсталиран капацитет во обновливи извори на енергија.

Македонија | пред 4 години

Screenshot_1-3

ВИДЕО: Ѓорчев ги фати СДСМ... како делат црни вреќи

Ве замолувам да го гледате видеото што ќе го пуштиме, а на кое главните активисти на СДСМ, секретар на општинската организација, а и двајцата се кандидати за советници на Битола, синоќа одеа во населбата Баиро и од брендиран со налепници автомобил на кандидатот за градоначалник на СДСМ во Битола, Кондовски, делеа црни вреќи. Сите знаеме што е работата, изјави на денешната прес-конференција Владимир Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.„Луѓето што вадат црни вреќи во населбата Баиро во Битола од возило со налепници од кандидатот за градоначалник на СДСМ во Битола се Борче Корлевски, актуелен советник во Советот на Општина Битола и повторно кандидат за советник во Битола. Второто лице е Жаклина Наумовска, просветен инспектор и секретар на општинската организација на СДСМ во Битола и кандидат за советник. Сите знаеме што прават тие во Баиро во Битола. Сите знаеме зошто делат црни вреќи. Сите знаеме дека тоа го прават и тоа се гледа од снимката, тоа го прават од автомобил кој е излепен, брендиран со името на Христо Кондовски, кандидат на СДСМ во Битола“, посочи Ѓорчев.Истовремено, рече Ѓорчев, фирмата на Христо Кондовски, „Стентон градба“, добива куп милионски тендери од РЕК „Битола“, која сега пропаѓа, а сега гледаме, додаде членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, дека вртат нивни возила по Баирот во Битола, и тоа, едноставно, што може да биде ако не е изборен поткуп.„Имате јасен избор, од една страна, се тајкуните и олигарсите што добиваат милионски државни тендери, а од друга, е нашиот кандидат“, нагласи Ѓорчев.

Македонија | пред 4 години

orce-kamcev-2

Падна одлука: Пред завршување на изборите, Камчев нема да излезе од затвор

Бизнисменот Орце Камчев останува во притвор, откако Апелацискиот суд му ја одби поднесената жалба замена на затворскиот со домашен притвор.Камчев неколку пати бараше да му биде укинат притворот, за што нудеше и милионска гаранција. Но, засега останува во истражниот затвор „Скопје”, во кој влезе пред шест месеци. Ваквата одлука е донесена на 8 октомври, по барање на Обвинителството да се продолжи неговиот притвор за уште 30 дена.Притворот му е одреден за случајот „Плацевите на Водно”.

Македонија | пред 4 години

zaev

Заев: Сакам да дочекам претседател на државата да биде Албанец

Ќе го чекам моментот кога сите граѓани бидат подготвени за претседател Албанец, рече премиерот Зоран Заев на новинарско прашање од ТВ21.„Тој момент ќе сакам да го дочекам , да бидам жив и здрав, јас а и сите ние што ќе значи афирмација на личност, на граѓанин пред се и како граѓанин без разлика на својата етничка определба да помине кај граѓаните кои што најмалку 50% од македонците, 50% од албанците, 50% србите, власите, ромите, бошњаците и сите кои што живеат во нашата земја би го гласале тој претседател“, изјави премиерот Зоран Заев.Вчера ваквата идеја ја соопшти на митинг, лидерот на ДУИ, Али Ахмети.„После министер за одбрана Албанец, после министер за надворешни работи Албанец, после Претседател на Собрание Албанец, на следните парламентарни избори последните 100 дена влегуваме со Премиер Албанец. Наредно е претседател на држава да биде Албанец“, истакна Ахмети.

пред 4 години

02102021_PVRSM_Zaev_poseta-na-manifestacija-vo-Kocani_2

Заев сака да дочека претседател на држава да е Албанец

На новинарско прашање околу најавениот предизвик од страна на лидерот на ДУИ Али Ахмети за нареден претседател на државата Албанец, премиерот Зоран Заев вели дека ќе го чека моментот кога граѓаните ќе бидат подготвени да изберат не Македонец во оваа земја.„Овде сите сме родени, татковци дедовци ни се родени и иднината ќе ни биде заедничка. Да потенцирам дека претседател се бира на непосредни избори каде што гласаат граѓаните. Тоа не се договара политички, партиски. Тоа е невозможно“, истакна Заев.Тој вели дека сака да го дочека тој момент.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Поскапуваат горивата, објавени новите цени

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,41 % во однос на Одлуката од 4.10.2021 година.Во изминатиот седумдневен период сите референтни цени на светските берзи во просек бележат зголемување: кај бензинот за 4,632%, кај дизелот за 5,931%, кај екстра лесното масло за 6,115 % и кај мазутот за 4,333%.Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,650 % .Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 2,00 ден/литар, додека малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 2,50 ден/литар во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 04.10.2021 година.Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,630 денар/килограм и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 42,761 ден/кг.Од 13.10.2021 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 75,50 (денари/литар)Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 77,50 (денари/литар)Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 67,50 (денари/литар)Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 67,00 (денари/литар)Мазут М-1 НС 42,761 (денари/килограм)

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-09-29-at-19.38.33

Арсовска: Не се плашам од предизвици, ќе успеам добро да се справам со функцијата

„Во секој случај она што е важно пред се во овој сегмент, но не само во Сојузот наСтопански комори на Македонија, генерално во Светската федерација на комори кадешто сум еден од луѓето кои што раководат со над 12.700 комори од целиот свет, морапрво да сте човек, да сте професионалец и луѓето го гледаат тоа“ изјави кандидатката заградоначалник за Град Скопје Данела Арсовска во емисијата Добро утро, секое утро наТВ Алфа.„Покажавме и докажавме дека во Македонија има луѓе со кои треба да се гордееме.Треба да се стимулираат, не само до сега, туку и од сега младите генерации кои штогледаме дека имаат голем потенцијал во себе, кои што гледаме дека носат нешто сосебе, истакна таа“ - продолжи Арсовска.На прашањето колку сака предизвици и дали се плаши од предизвици имајќи предвиддека функцијата градоначалник на Град Скопје е голем ризик, Арсовска беше дециднадека не се плаши од предизвиците, додавајќи дека најважно и било да покаже дека инекој кој што не е политичар може да успее во една ваква трка.„Не се плашам од предизвици. Целиот живот на секој од нас е предизвик сам по себе, аова е нешто ново за мене затоа што сметам дека малку понечесна е оваа игра од онаостанатото кое што се случувало до сега низ мојот живот и работата. Меѓутоа верувамдека јас и како човек и како жена ќе успеам добро да се справам со тоа што ме очекува, анајважното од се ми беше да покажам дека и некој кој што не е политичар може да успеево една ваква трка и дека можам како независен кандидат за градоначалник да победам“,истакна Арсовска.

Скопје | пред 4 години

mvr-1

МВР: Лични карти можат да се подигнат и во сабота и недела

Во пресрет на претстојните Локални избори што ќе се одржат во недела на 17 октомври 2021 година, Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР (Куманово, Штип, Велес, Струмица, Битола, Охрид и Тетово) на 16.10.2021 година ќе работат на прием и издавање на лични карти со редовно работно време од 08.00 до 16.00 часот.Истовремено и Одделението за управни работи Скопје во објектот на МРТВ на 16.10.2021година (сабота) ќе работи на прием и издавање на лични карти со редовно работно време од 08.00 до 16.00 часот.Во недела, пак, на 17.10.2021 година сите наведени надлежни организациони единици ќе работат само на издавање на изготвени лични карти за граѓаните со работно време од 07.00 до 19.00 часот, вклучувајќи ги и дисперзираните пунктови во ОУР Скопје (Ѓорче Петров, Беко, Бутел и Драчево).

Македонија | пред 4 години

10037083826164073176b9c644372708_v4_big

„Squid Game“ предизвика загриженост за влијанието врз тинејџерите

Глобалниот феномен „Squid Game“ предизвика загриженост кај некои училишта во Велика Британија поради влијанието што серијата го има врз тинејџерите, а директорите апелираат до родителите да им забранат да го гледаат овој хит на „Нетфликс“.Причината за тоа е што некои ученици почнале да имитираат сцени и ликови од серијата, и да учествуваат во разни предизвици, ризикувајќи сериозни повреди, пишуваат британските медиуми.Во серијата, натпреварувачите се борат за голема парична награда, а за да ја освојат, треба да играат одредени игри. Игрите се навидум обични детски игри, познати во Кореја, но и низ целиот свет. Меѓутоа, оној што губи-умира.Според „Индипендент“, тинејџерите почнале разни предизвици. Победниците, исто како и во серијата, добиваат одредена сума пари, а губитниците се изложени на сериозни физички повреди.Основното училиште „Џон Бремстон“ во Илфорд испрати писмо до родителите во кое изразува загриженост за малите деца кои учествуваат во овие видови предизвици.Истиот проблем се случил во училиште во Кент.Серијата е означена како забранета за деца под 15 години.

Магазин | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања