Промени тема
Контакт

Ковачки: Зошто е толку антимакедонски настроен министерот за надворешни работи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
osmani-4

Македонското министерство за надворешни ќе прати ли нота со осуда за кршењето на клубот или ќе каже 2 реченици за ТВ и толку е доволно, прашува Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.

„Ниту еднаш од позиција на претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи не ги спомена правата на Македонците во Бугарија.

Ниту еднаш!

А сам кажа дека ќе се борел за принципите на ОБСЕ и дека од нив немало да има отстапување. Епа еден од базичните принципи на ОБСЕ е "почитување на правата на малцинствата". Зошто не се обиде да го наметне почитувањето на базичните принципи на ОБСЕ или и од тие принципи ќе си зема тоа што му е потребно за дневна политика?

— реклама —

Ни дадоа да претседаваме со ОБСЕ, а не знаеме да го искористиме моментот.

Али Ахмети на неговите настапи пред сограѓаните често изјавува дека "Бујар претседава со половина планета".

Еве и да се согласиме дека е така, но тогаш што фајде имаме ние од тоа негово претседавање?

— реклама —

Зошто е толку антимакедонски настроен министерот за надворешни работи не ми е јасно.

Дали е уценет со кривичната за "Пациент", дали е нешто друго во прашање не е јасно, но факт е дека не одработува за Македонија и за македонските национални интереси.

— реклама —

* Барем да отидеше да ги собере срчите од демолираниот клуб во Бугарија“, вели Ковачки.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library7c2ld01kaln59hngLQQ

Османи со нова “драма”, сега му пречи натписот пред влез на Скопје

Скопје | пред 2 месеци

— реклама —
osmani

Османи: „ВЛЕН се очајни ако официјалните средби на еден министер за надворешни работи да ги претставуваат како политички определби“

Македонија | пред 2 месеци

Bujar_Osmani_VP

Османи: Европскиот глас на Албанците во Владата е претворен во ништо, а тоа ништо се вика ВЛЕН

Македонија | пред 3 месеци

Screenshot-2024-12-11-at-10.57.34

Османи по враќањето на старите имиња во Тетово: „црн ден за Албанците“

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања