Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

51584929144_5dfd3d58c9_k

Владата донесе куп одлуки: Променети и протоколите за заштита од коронавирус!

Соопштение до медиумиОд 112-та седница на Владата: На културно-уметничките настани во затворено се дозволува до 50% публика со две дози вакцина; Децата со пречки во развојот или со посебни потреби можат да бидат ослободени од носење маски во училиште; Спортистите пионери, младинци и кадети можат да ги организираат натпреварите без задолжителен сертификат за вакцинацијаВладата на Република Северна Македонија, на денешната 112-та седница, врз основа на препораки на Комисијата за заразни болести донесе повеќе заклучоци и одлуки за измени и дополнувања на дел од КОВИД-19 протоколите.На предлог на Комисијата за заразни болести Владата донесе заклучок за измена на Протоколот за организирање настани во затворен простор (театри, кина, филхармонија и други) со кои наместо досегашниот дозволен процент на исполнетост на салите за организирање настан во овие простори до 30%, се зголемува со присуство на публика до 50% од капацитетот на салата.Во врска со овој протокол, се воведува и условот посетителите да бидат вакцинирани со две дози со вакцина против КОВИД-19, a останува обврската на организаторот да ги спроведува и контролира сите останати препорачани превентивни мерки за спречување на ширење на вирусот и да организира редарска служба за контрола на мерките.На оваа седница е прифатена препораката на Комисијата за заразни болести да се прифати барањето на Агенцијата за млади и спорт да се дозволи организирање и учество на натпревари во сите спортски во категориите пионери, младинци и кадети без приложен сертификат за вакцинација, со заклучок дека останува препораката да се вакцинираат сите за кои е одобрена вакцинацијата, вклучувајќи ги и децата и младинците од 12 годишна возраст натаму.Владата денеска донесе измени и дополнувања на Протоколот за реализација на воспитно образовниот процес и донесе заклучок дека децата со посебни потреби или со пречки во развојот, можат да бидат ослободени од обврската за задолжително носење маска во училиштата доколку приложат лекарска потврда за нивната состојба.Владата на Северна Македонија денеска ја прифати информацијата на Министерството за здравство дека ќе бидат обезбедени потребните количини дезинфекциони средства во изборните единици за претстојните локални избори како одговор на барањето на Државната изборна комисија.На оваа седница Владата ја разгледа информацијата на Агенцијата за млади и спорт за потребата од основање самостојна независна Агенција за анти-допинг на Република Северна Македонија.За оваа цел Владата ја задолжи Агенцијата за млади и спорт во рок од 6 (шест) месеци да иницира и оствари координативни средби со претставници на националните анти-допинг организации на земјите од непосредното соседство и Светската анти-допинг агенција (WADA) со цел размена на искуства од кои ќе произлезат препораки за најдобра пракса согласно релевантни индикатори по што ќе изготви компаративна анализа со можни решенија и препораки за организациската поставеност и фискалните импликации заради основање на Агенција за анти-допинг на Република Северна Македонија.Основање на Агенција за анти-допинг произлегува и од обврските од Меѓународната конвенција за борба против допингот во спортот на УНЕСКО што нашата земја ја потпиша во 2008 година и која, меѓу другото, има за цел да ја намали фреквенцијата на допинг супстанци и останати забранети допинг средства и методи, да ја засили допинг контролата со примена на најнови технологии за неговото откривање, да ја гарантираат ефикасноста на санкциите кои се преземаат против оние кои применувале допинг, како и да соработува со спортските организации на меѓународен план во борбата против допингот.

Македонија | пред 4 години

DSC_0737

Тетовчанец наместо во изолација, се шетал

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Р.Л.(53) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „пренесување заразна болест“. На 03.09.2021, полициски службеници извршиле контрола и не ја затекнале пријавената во својот дом и покрај тоа што имала решение за изолација и лекување во домашни услови.

Македонија | пред 4 години

DSC_0735

Наместо во изолација се шетале, полицијата поднесе кривична

ВР Куманово и СВР Штип поднесоа кривични пријави против А.Р. (36) и Ф.А. (33), двајцата од Куманово и Ч.Д.(27) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.А.Р. и Ф.А. биле затекнати без дозвола за движење за време на забрана за движење, додека Ч.Д. не бил затекнат во домот иако бил должен да ја извршува мерката изолација и лекување во домашни услови.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Кичевчани уапсени поради марихуана на патот Кичево-Охрид

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Е.В.(21) и А.С.(34), двајцата од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.При преглед врз Е.В., извршен на 17.02.2021 пред угостителски објект на магистралниот пат Кичево-Охрид, полициски службеници пронашле и одзеле марихуана. При контрола, извршена на 22.06.2021 на бул.„Ослободување“ во Кичево, кај А.С. била пронајдена и одземена марихуана.

Македонија | пред 4 години

IMG_4868

Скопјанка пријавила дека маж испраќал порнографски снимки на кај нејзината малолетна ќерка

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ж.Т.(19) од с.Туденце, општина Јегуновце, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „прикажување на порнографски материјал на дете“.На 25.06.2021, мајка на малолетно девојче од Скопје пријавила дека на мобилниот телефон на нејзината ќерка на апликацијата Вибер од машко лице ѝ биле покажувани делови од машко тело. По преземени мерки било откриено дека пријавениот ги испраќал пораките од телефонот на неговиот татко. Пријавениот го признал делото.

Македонија | пред 4 години

Transplantacija

Направени 35 трансплатации, денес е Европскиот ден на органодонорството

Денеска по повод Европскиот ден на органодонорството се одржа настан за подигнување на свесноста за значењето на донирањето на органи и ткива, како и донирањето на коскена срцевина како начин на лекување и спасување човечки животи. Настанот е посветен на сите семејства кои донираа органи од своите блиски, како и на донаторите на коскена срцевина. По повод Европскиот ден на органодонорство, министерот за здравство др Венко Филипче, Националниот координатор за трансплантација на органи и ткива др Маја Мојсова Мијовска и директорката на Клиниката за хематологија др Ирина Пановска Ставридис направија ретроспектива на спроведените активности на полето на трансплантацијата во изминатите две години и се освраа на значењето на трансплантација во земјава.Министерот за здравство др Венко Филипче се заблагодари на семејствата на донорите и го истакна значењето на трансплантацијата во земјава.- Во 2019 година направивме измени ви Програмата за трансплантација. Се ажурираа листите на пациенти на коишто им беа потребни органи, срце бубрези и црн дроб како и коскени ткива. Паралелно на сето тоа направивме зајакнување на електорнскиот систем, ажурирање на електронските листи и за првпат воведовме електронски регистар кој што по систем на приоритизација врз основа на соодветни критериуми дава приоритет на пациентите кои што треба да ги добијат органите. Сето тоа не доведе до ситуација да во екот на кризата со ковид во мај минатата година видиме една шанса, едно семејство кое што се согласи да дарува срце и други органи за трансплантација. Благодарение на нив, првпат беше изведена мултиорганска кадаверична трансплантација во нашата земја. Колегите лекари најдоа дополнителен ентузијазам и желба да направат нешто што и инаку и без ковид криза е комплексно и тешко да се направи.Системот профункционира после првата трансплантација на срце, и се направија уште други 8 дијагностицирања на мозочна смрт од коишто дополнителни 5 срца се трансплантираа и 17 бубрези на пациенти на коишто им беше неопходно.Паралелно на целокупниот овој процес се направи сериозен чекор напред во делот на трансплантацијата на коскена срцевина, што значи трансплантација на коскена срцевина од несроден дарител. До денес се направени 35 такви трансплантации и ние сме дел од светскиот регистар на коскена срцевина, што значи дека нашите доброволни дарители може да даруваат крв и било кој пациент во светот согласно ХЛА типизацијата биде соодветен примател доколку треба, но и обратно на нашите пациенти да им е на располагање таа крв и тие дарители на коскена срцевина од целиот свет кога ХЛА ќе се докаже дека е компатибилна.Националниот координатор на трансплантација др Мојсова Мијовска освен осврт на сработеното ја потенцираше човечката димензија на органодонорството, како најголема и најсилна кмапања.-Ова немаше да биде можно доколку не постоеја семејства кои имаа благородна душа и безгранична човечката љубов и во најтешките моменти се одлучија и подарија живот.Ние сметаме дека тие се нашата најголема кампања и дека во суштина нивниот глас е тој кој ќе се слушне силно и ќе дипре до сите вас, а најмногу до медиумите. Тие се наши партнери во ова, нашиот глас во тоа што сакавме и тоа што го направиме- кажа доц д-р.Маја Мојсова Мијовска.Паралелно со трансплантацијата на солидните органи, сериозен чекор напред се направи во делот на трансплантацијата на коскена срцевина.-Досега на нашата клиника се спроведени повеќе од 600 интервенции, а 35 пациенти се лекувани со новите процедури. Нашите резултати се движат кон рамките на достигнувањата на реномираните центри во Европа и САД. Истовремено, за пациентите од непроценливо значење е што во текот на лекувањето се блиску до своето семејство и ја имаат нивната помош и поддршка - изјави директорката на Клиниката за хематологија, д-р Ирина Пановска СтавридисМинистерот Филипче изрази благодарност до амбасадите во нашата држава кои помогнаа во процесот на унапредување на органодарителството, до амбасадата на Германија за донациите во делот на зајакнувањето на дарувањето на коскено ткиво, за сега за првпат да имаме банка за коскено ткиво, направени се 4 трансплантации на клиниката за ортопедија. Министерот упати благодарност до амбасадата на Холандија за помошта при подобрувањето на дијагностиката и до амбасадата на Соединетите Американски Држави коишто направија значајна инвестиција и треба да започне проектот за надградба на Клиниката за хематологија со што клиниката ќе добие уште еден спрат, целосно современ по стандардите за сместување на трансплантирани хематолошки пациенти.

Македонија | пред 4 години

shilegov

Шилегов иако уште непобедил знае кој ќе му е заменик во Скопје

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, на новинарско прашање за неговиот став во однос на темата отворена од лидерот на ДУИ Али Ахмети за претседател Албанец избран на избори, одговори дека е растоварен од национални предрасуди: „Сметам дека секој граѓанин во нашата држава има право да бира и да биде биран.“Шилегов укажа дека со именувањето на покојниот Енвер Малиќи за заменик градоначалник, покажал дека е растоварен од предрасуди, и дека планира да го повтори тоа, бидејќи верува во заедништвото на скопјани:„Скопје е град за сите, тоа го покажавме, тоа го докажавме. Јас сум градоначалник што обединува, којшто гради мостови. Не сум градоначалник којшто ги дели луѓето на вакви и онакви, ниту пак нашиот град го делам на лева и на десна страна. Скопје е град кој рамномерно се развива во изминативе четири години. Јас знам дека скопјани тоа го препознаваат и дека на тоа ќе одговорат силно на овие претстојни избори“, одговори Шилегов на заедничката прес-конференција со Висар Ганиу за инфраструктурата во Чаир.

Скопје | пред 4 години

Foto-2

Средба на претседателот Пендаровски со претседателот на Светскиот Еврејски Конгрес

Претседателот Стево Пендаровски кој е во работна посета на Кралството Шведска и учествува на Меѓународниот форум за сеќавање на Холокаустот и борба против анти-семитизмот „Remember – React” (Запомни – Реагирај), денеска во Малме се сретна со Роналд Лаудер, претседател на Светскиот Еврејски Конгрес.Претседателот Пендаровски истакна дека Република Северна Македонија е посветена на зачувување на споменот на Холокаустот и обезбедување историска одговорност за што презеде конкретни мерки и активности кои беа широко признаени и ценети. Во таа насока, претседателот Пендаровски го издвои отворањето на Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија во Скопје, усвоените работни дефиниции на Меѓународната алијанса за сеќавање на Холокаустот - за антисемитизмот и за негирање на Холокаустот, усвоената Декларација по повод 75 - годишнината од депортацијата на македонските Евреи, како и реализираните значителен број домашни и меѓународни семинари за едукација и обука и комеморативни настани во знак на сеќавање на жртвите од Холокаустот.Претседателот Пендаровски на средбата истакна дека Холокаустот не смее да заборави, како и дека е потребно да се едуцираат младите генерации за Холокаустот и неговото негирање. Во оваа насока, како што потенцираше претседателот Пендаровски, Република Северна Македонија поднесе апликација за полноправно членство во Меѓународната алијанса за сеќавање на Холокаустот, ИХРА.

Македонија | пред 4 години

1-20

Мајката на Пино по новата казна за Ангела најави дека не застанува и бара доживотен затвор

Доживотен затвор бара Маја Трпковска за неправосилно осудената Ангела Ѓорѓиевска, која доби 19 години затвор како соизвршител на убиството на Пино Секондо.„Се надевам дека до крај на судењето ќе и дадат доживотен затвор. Јас не застанувам тука“, напиша Маја Трпковска.Ѓорѓиевска која одново е осудена како соизвршител на убиството останува во притвор до правосилност на пресудата или евентуална нова одлука. Нејзиниот адвокат посочи и дека ќе поднесат одново жалба до Апелација со која ќе бараат укинување на пресудата.Во бегство и натаму е Фуркан Али, обвинет дека го извршил убиството, користејќи пушка која ја носел со себе во автомобилот. Тој се гони за кривично дело убиство, но е недостапен за органите на правдата.Според обвинението, осудената Ѓорѓиевска го повикала Пинета Секондо – Пино и договорила да се сретнат на насипот во населбата Ѓорче Петров. Таму веќе бил пристигнат и Фуркан Али со возило „опел аскона“ носејќи со себе пушка. Тој го оставил возилото на насипот и седнал да управува со автомобилот „шкода“ со кое до насипот дошол Пино. На совозачкото место седнала Ѓорѓиевска, а Пино седнал на задното седиште.Обвинителството тврди дека тројцата се упатиле по обиколницата кон атарот на селото Арачиново и во една нива почнале најпрвин вербална расправија, а потоа и тепачка. Во еден момент Фуркан Али со пушката го застрелал во главата убиениот Пино Секондо. Осудената Ангела Ѓорѓиевска придонела да се изврши убиството, така што овозможила Пино да се сретне со убиецот, иако знаела за нивната меѓусебна нетрпеливост.

Македонија | пред 4 години

pino

Падна нова пресуда за Пино Секондо

Кривичниот суд одново и досуди 19 години затвор на Ангела Ѓорѓиевска, обвинета за помагање во убиството на Пино Секондо. Ова доаѓа откако претходно Апелација и ја укина прсудата и случајот се судеше одново со напатствија да се проложат нови докази. Ѓорѓиевска останува во притвор, а адвокатите ќе поднесат нова жалба.=Ѓорѓиевска која одново е осудена како соизвршител на убиството останува во притвор до правосилност на пресудата или евентуална нова одлука. Нејзиниот адвокат посочи и дека ќе поднесат одново жалба до Апелација со која ќе бараат укинување на пресудата.Во бегство и натаму е Фуркан Али, обвинет дека го извршил убиството, користејќи пушка која ја носел со себе во автомобилот. Тој се гони за кривично дело убиство, но е недостапен за органите на правдата.Според обвинението, осудената Ѓорѓиевска го повикала Пинета Секондо – Пино и договорила да се сретнат на насипот во населбата Ѓорче Петров. Таму веќе бил пристигнат и Фуркан Али со возило „опел аскона“ носејќи со себе пушка. Тој го оставил возилото на насипот и седнал да управува со автомобилот „шкода“ со кое до насипот дошол Пино. На совозачкото место седнала Ѓорѓиевска, а Пино седнал на задното седиште.Обвинителството тврди дека тројцата се упатиле по обиколницата кон атарот на селото Арачиново и во една нива почнале најпрвин вербална расправија, а потоа и тепачка. Во еден момент Фуркан Али со пушката го застрелал во главата убиениот Пино Секондо. Осудената Ангела Ѓорѓиевска придонела да се изврши убиството, така што овозможила Пино да се сретне со убиецот, иако знаела за нивната меѓусебна нетрпеливост.

Македонија | пред 4 години

Screenshot_6-7

Германците ја оставија соблекувалната како свињарник по дуелот со Македонија

Германија, по победата над Македонија во квалификациите за Светското првенство, обезбеди пласман во Катар. Избраниците на Ханси Флик победата бурно ја прославија во соблекувалната и зад себе оставија неред и хаос. Германскиот новинар Стефан Краус имаше можност да влезе и да објави фотографии во каква состојба беше оставена.https://twitter.com/BILD_Sport/status/1447849202172710912?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1447849202172710912%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Freporter.mk%2Fgjuture%2Fgermantsite-ja-ostavija-kako-kochina-soblekuvalnata-po-pobedata-nad-makedonija%2F

Македонија | пред 4 години

2Misajlovski

(ВИДЕО) Мисајловски: Заев врши поткуп и кривично дело, на четири дена пред избори гласа финансиска помош за 159 фирми

„Во моментот Зоран Заев одржува седница на влада, за одобрување средства за поткуп на фирми. Заев спротивно на Изборниот законик денес на дневен ред на владата ставил точка за гласање без расправа – Доделување на финансиска поддршка на 159 компании, на само 4 дена пред одржување на локалните избори. Ова е Предлог дневен ред за одржување на денешната владина седница, од истиот се гледа дека се прави флагрантно кршење на Изборниот законик и институционален поткуп за што следи одговорност“, кажа Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.„Зоран Заев и сите членови на владата денес треба да знаат дека со гласањето на оваа точка на владата прават кривично дело за кое што ќе одговараат. Со ова се крши член 8а од Изборниот законик, чиј што ст. 1 и 2 најстрого забрануваат исплаќање на буџетски средства во тек на кампања. Чл. 8-а ст.1 т.3 вели: „Не може да се вршат исплаќања на плати, пензии, социјална помош или други исплати и материјални надоместоци од буџетски средства или од средства на јавните фондови кои не се редовни месечни исплати односно сите едногодишни трансфери и исплати или еднократни трансфери од буџетски средства или од средства на јавни фондови ниту да се отуѓува државен капитал ниту да се потпишуваат колективни договори.“ Истиот член ст.2 т.1 забранува да се исплаќаат субвенции кои не се редовни месечни исплати во периодот од 20 дена пред отпочнување на изборна кампања па до завршување на изборот“, додава Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.„Ја повикуваме ДКСК да реагира и да отвори постапка. Ги повикуваме институциите да реагираат. Ова е очајнички обид на Заев и СДСМ преку поткуп да извршат влијание на волјата на избирачите. Ако СДСМ е сигурен во победата исплатата може да ја направи една недела по изборите. Доколку пак им мислеа добро на фирмите тоа ќе го направеа многу порано пред изборите. Многу е важно да знаат и граѓани и фирмите дека финансиска помош на компаниите и поединците ќе продолжи со ВМРО-ДПМНЕ, но тоа нема да се прави на 4 дена пред гласање туку континуирано. Владата е слуга на народот, и не смее државните средства да се злоупотребуваат за изборни цели. За ова грубо кршење на законите и поткуп од невидени размери ќе бидат известени сите меѓународни организации кои го следат изборниот процес и странски претставници во земјава, а истовремено и ќе поднесеме соодветни пријави до институциите. Ништо не го спасува Заев од пораз“, додава Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 4 години

koronavirus-kovid-skopje

27-годишната девојка која почина од коронавирус имала повеќе коморбидитети

Девојка на возраст од 27 години од Крива Паланка ја загуби битката со коронавирусот. Освен дека имала и други заболувања, од Министерство за здравство не откриваат каде и колку време се лекувала, но и дали била вакцинирана или не. Таа починала во болнички услови.„Станува збор за пациентка со тешка клиничка слика и со два коморбидитети“, велат од МЗ за „Скопје1“.Девојката е само една од шесте лица кои вчера го загубија животот.„2 починати лица од Куманово (63г и 68г) и по едно починато лице од Скопје (77г), Тетово (85г), Крива Паланка (27г) и Струмица (80г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови“, стоеше во вчерашната статистика.Инаку, вчера беа регистрирани и нови 130 новозаболени пациенти.

Македонија | пред 4 години

244678234_294246435871005_6073475485637453502_n

Зимски бран на корона во Македонија не би требало да има, но Филипче не е сигурен во тоа

Министерот Венко Филипче смета дека бранот спласнува, односно дека се намалува бројот на заболени. Тој негира дека нема доволно термини за тестирање во државните здравствени институции, иако докторите постојано реагираат на тоа.„Бројот на новодијагностицирани случаи се намалува. Нема никаква гужва во ЦЈЗ ниту во Институтот. Претходно имаше редици. Лабораторијата е до Министерството за здравство. Не доаѓаат луѓе, значи термини има. Нема информации дека нема термини. Кога имаше потреба, алармираа Центрите и Институтот да се пуштат повеќе термини, рече Филипче.Според него, ако се заразат вакцинирани лица тоа е со полесно форма на болеста, па поради тоа системот не очекува силен бран односно притисок во болниците. Смета дека болниците се спремни и на тоа.„Во однос на очекувањата, навистина е тешко да се каже. Но сметам дека со оглед на тоа што овој бран беше силен и имаше голем број на новодијагностицирани пациенти и пациенти на кои им беше потребно болничко лекување само во градовите каде имаше низок опфат со вакцинација, а во градовите каде беше повисок немаше гужва во болниците, сега на територија на цела држава е пораснат опфатот со вакцинацијата, сметам дека силен бран не би требало да има. Но, тоа не значи дека не треба да сме внимателни и да ја пратиме состојбата. Очигледно е дека вакцинацијата го прави своето. Очигледно е дека има ефект од процесот на вакцинацијата, тоа е докажано“, додаде Филипче.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-10-13-at-11.41.58

Ла Дама и Борка: За спомопрегледување на рак на дојката ви е потребно исто толку време колку и за облекување на хулахопки

Самопрегледот за рак на дојката трае исто колку и облекувањето на хулахопките кај жените!, токму со ова пораката македонскиот бренд за хулахопки Ла Дама, а во соработка со здружението Борка, ја започнува општествено одговорната кампања за борба против ракот на дојката.Од денес на Светскиот ден без градник, па се до 13-ти ноември, за секој купен пар Ла Дама хулахопки, ќе бидат донирани по 1 денар на Здружението за борба против рак Борка - за секој нов ден. Хулахопките Ла Дама можат да се најдат во националните ланци на супермаркети (Тинекс, Веро, Рамстор, Кит-Го и Вива Фреш).- Ние, како женски бренд, сакаме да дадеме наш придонес во борбата со ракот на дојката. Сакаме да апелираме дека самопрегледот е круцијален дел од превенцијата на ракот на дојка и доколку почувствуваме промена треба навремено да направиме преглед. Денеска ја започнуваме кампањата бидејќи е Светскиот ден без градник така што ги покануваме сите Ла Дами да ни се приклучат, тоа може да го сторат со купување на пар хулахопки, во националните ланци на маркети каде што е застапена Ла Дама, а набрзо и во онлајн продавницата ladama.mk, велат од македонскиот бренд Ла Дама.Кампањата е од едукативен карактер и содржи информации за сите жени за да може правилно да се информираат за превенција и борбата против ракот на дојка- И благодариме на Ла Дама која се приклучува и дава свој придонес во подигнувањето на јавната свест за ракот на дојка како потенцијално излечива болест. Сметаме дека ваквите општествено одговорни акции се многу значајни, не само од финансиски аспект, туку многу повеќе заради тоа што гледаме дека се повеќе компании се охрабруваат гласно да зборуваат и да помогнат во менувањето на здравствените навики кај луѓето. Ние во Борка, постојано апелираме дека самопрегледот, навремените контролни прегледи и навремената дијагностика се клучни во намалувањето на смртноста од ракот на дојка, изјави Биба Додева, претседателка на Здружението Борка.

Македонија | пред 4 години

marihuana2

Поради марихуана, уапсени две лица во Скопје и Кичево

На 12.10.2021 во 17.20 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје на подрачјето на Центар го лишиле од слобода Б.П.(25) од Скопје затоа што кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.На 12.10.2021 во 18.30 часот на улица „Скопска“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода И.М.(50) од Кичево затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 4 години

granica-so-srbija

Уапсен Србин, фатен со мигранти во кола

На 12.10.2021 околу 11.00 часот на влез во Гевгелија, полициски службеници од Полициска станица за граничен премин „Богородица“ го лишиле од слобода М.А.(47) од Република Србија.Во патничкото моторно возило „шкода суперб“ со српски национални ознаки, кое го управувал, превезувал две лица мигранти - A.J.(30) од Индија и М.M.(29) од Пакистан.За настанот е известен јавен обвинител, а М.А. бил предаден на полициски службеници од Регионален центар за гранични работи Југ. Лицата мигранти се сместени во Транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија за понатамошна постапка.

Македонија | пред 4 години

zaev-filipce

За две недели дополнителни рестрикции во Македонија, Филипче предложи мерка до Владата

За две недели, ќе се воведе и нова мерка против коронавирусот. Министерот за здравство, Венко Филипче, посочи дека таа ќе биде наменета за влез во затворени простории како што се угостителските објекти. Во однос на скринингот на училиштата, смета дека ќе започне од идната недела.„Моделот за скринингот е готов. Закаснивме една недела. Требаше да започне оваа недела, но подолго траеше анализата во училиштата. Со оглед дека сега е спремна методологијата, од утре ќе бараме согласност од родителите. Верувам дека до почетокот на следнеата недела тоа ќе се обезбеди и ќе се спроведе скринингот. Во однос на дополнителната мерка, ќе дискутираме во штабот во Владата, следната недела. Согласно препораките на Комисијата за заразни болести, ќе оставиме една-две недели дополнителни, со оглед на тоа што е најавено за да почне да важи препораката за во сите затворени места, наместо со една, да биде потребен сертификат со две дози на примени вакцини“, рече Филипче.

Македонија | пред 4 години

sertifikati-za-vakcina

Може да се патува во Велика Британија со сертификат за вакцинација од Македонија

Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска со нови протоколи за Ковид-19 со кои Македонија преминува во зелената листа на држави и територии на кои им се признаваат сертификатите за вакцинација.-Граѓаните на Република Северна Македонија кои патуваат во Велика Британија, и кои примиле вакцина во земјава, ќе се сметаат за целосно вакцинирани лица под следните услови: да поседуваат со себе сертификат за вакцина за да го докажат статусот на вакцинација; да имаат примено комплетна вакцина (две дози) најмалку 14 дена пред да пристигнат во Велика Британија; да бидат вакцинирани со некоја од следниве вакцини: Оксфорд/АстраЗенека, Pfizer BioNTech, Модерна, Јансен; сертификатот за вакцинација како доказ да биде издаден од национален или државен орган за јавно здравје и да е на англиски, француски или шпански јазик, соопшти МНР.МНР потсетува дека на веб страницата на Министерството можат да се следат најдетално и најновите информации за Ковид протоколи: https://www.mfa.gov.mk/mk/page/1706/informacii-za-covid19

пред 4 години

IMG_6647

Денеска дожд, утре снег

Времето денеска ќе биде променливо облачно, попладне во западните делови со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Кон крајот на денот од запад ќе се прошири нова облачност од која преку ноќта ќе започнат поинтензивни врнежи од дожд, информира УХМР.Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.Во Скопје, променливо облачно, студено и ветровито. Од вечерните часови ќе биде облачно и преку ноќта со појава на повремен дожд. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне 13 степени.Попладне во западните делови ќе има појава на локален дожд. Во текот на ноќта од запад со зголемената облачност ќе се прошират врнежи кои до изутрина ќе се прошират во поголемиот дел од земјата, а на југот ќе бидат пообилни.Пообилни врнежи ќе има и утре, кога поради спуштање на студена воздушна маса, на планините особено во западните делови ќе врне снег, а понекаде и на повисоките места дождот ќе преминува во снег.

Македонија | пред 4 години

shutka-2

Приведен скопјанец баран за издржување затвор поради дрога

На 12.10.2021 во 17.30 часот на ул.„Битпазарска“, поточно на влезот од Стара скопска чаршија, врз основа на распишана потерница од Основен кривичен Суд Скопје, полициски службеници од ЕВР Карпош го привеле А.Г.(32) од Скопје за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ по член 215 од Кривичниот законик.Тој бил спроведен до Казнено-поправната установа Затвор-Скопје за издржување на казната.

Скопје | пред 4 години

MickoskiGaziBaba

Мицкоски упати порака каков градоначалник заслужуваат скопјани

Мицкоски: Скопје заслужува градоначалник кој ќе гледа на градот како на свој дом, а не човек преполн со неоправдана ароганција, самобендисаност чија неработа само ги продлабочува проблемите„Скопје заслужува градоначалник кој ќе гледа на градот како на свој дом, а не човек преполн со неоправдана ароганција, самобендисаност чија неработа само ги продлабочува проблемите. Денес Скопје е замрено, со Скопје се експериментира. Шилегов на градот гледа како на банка од која се печали за уште некоја куќа, некој стан или зграда повеќе на личното конто. На овој град не му треба Шилегов, а гледаме дека на Шилегов и те како му треба Скопје, и само затоа што без него нема да има повеќе лукративни бизниси и имот кој се дуплира секоја година повеќе. На Скопје му треба работник, човек кој е спротивност на тоа што е Шилегов“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р. Христијан Мицкоски вечерва на митингот во Скопје.Мицкоски истакна дека од власта ветуваа многу и излажаа. Ќаруваат и од асфалтот со кој ги крпат дупките, затоа што цените им се двојно поголеми. А, најгласни беа кога велеа дека нема да се гради повеќе неплански и дека ќе имало мораториум. Не е невозможно да се сопре пренагласената урбанизација и зградите кои никнуваат сè повеќе, потребно е само да се разбие пактот меѓу криминалните структури и политичарите, кога криминалците веќе нема да бидат едно исто со политичарите кои за пари им овозможуваат привилегии на првите, таа комбинација е погубна за народот чиј епилог го гледаме секој ден во бетонот кој се издига.„Данела Арсовска не е политичар, и никому не должи, и нема потреба да станува успешна преку функцијата на која претендира. На градот му е неопходен менаџер кој ќе решава проблеми, а не градски татко кој ќе ги става под тепих. Данела е гласот на независните луѓе, но и човек кој знае да обединува од сите партии, од сите групации, но и да предводи. Заокружувањето на бројот 82 на гласачкото ливче за градоначалник на Скопје ќе значи поддршка на Данела за Скопје, за градоначалник кој ќе создава модерен град, град кој ќе биде поврзан, кој ќе комуницира, и кој ќе биде средиште на настани и случувања“, нагласи Мицкоски.Мицкоски додаде дека советничката листа во Скопје ја предводи професор доктор Трајко Славески под бројот 7, искусен човек, докажан професионалец, кој со Данела ќе бидат одличен тим и добитна комбинација за развој на градот. За Скопје кое е поврзано, за Скопје кое е зелено, кое има модерни сообраќајни решенија, почист воздух и запрена бетонизација. Се бориме за модерно Скопје и резултати кои ќе дојдат брзо и сигурно.

Македонија | пред 4 години

IMG_20211003_210526_063

Арсовска со порака до Шилегов, јавна и пред публика

Независната кандидатка за градоначалничка на Скопје, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска вечерва на централниот митинг му порача на својот противник, Петре Шилегов дека нема му помине ниедна црна кампања и дека ќе замине во историјата.-Кога знаете дека живеете во загаден град и состојбата не се менува, тогаш знаете дека е време за промени. Време е да го одбраниме нашето Скопје. Не смее нашето Скопје да остане во рацете на човек кој не покажува грижа за овој град, нема реализирано голем број од проектите кои ги ветил. Ние граѓаните заслужуваме метропола која ќе пулсира со живот како во развиените европски метрополи. Овие избори се за решавање на проблемите на нашето секојдневние, порача Арсовска.

Скопје | пред 4 години

radev-pendarovski-640x409

Радев: За нас е важно меѓу младите од Македонија да не се влева омраза кон Бугарите

Почитувањето на човековите права и недискриминацијата се фундаментални принципи во основата на Европската унија, и затоа тие мора да бидат водечки критериум во политиката на проширување на ЕУ, рече претседателот на Република Бугарија Румен Радев за време на состанокот со министерот за надворешни работи и европски прашања на Република Хрватска Гордан Грлиќ-Радман, соопшти прес-службата на претседателот.Како што јави дописникот на МИА од Софија, Радев и Грлиќ-Радман, беа едногласни дека во интерес на стабилноста на Балканот, европската перспектива на земјите од регионот е од клучно значење, но со исполнувањето на сите критериуми за проширување.Претседателот Радев ги оцени како алармантни случаите на дискриминација и систематско кршење на човековите права на граѓаните на Република Северна Македонија со бугарска самосвест. Тој изрази поддршка за нивната желба да бидат вклучени меѓу деловите на нациите наведени во преамбулата на Уставот на Република Северна Македонија, како и на нивните очекувања за објективно одразување на резултатите од пописот.-За нас е важно меѓу младите од Република Северна Македонија да не се влева омраза кон Бугарите, рече претседателот на Бугарија и даде пример со учебниците во земјата, каде што се уште има искривени толкувања на Бугарија и Бугарите.Румен Радев и Гордан Грлиќ -Радман констатираа дека билатералните односи меѓу Бугарија и Хрватска се одлични и постојат можности за проширување на соработката во областите од заеднички интерес, како и во блиското културно-историско наследство.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

ВИДЕО: Брнз правеше ајвар

Во македонските домови веќе почна сезоната на подготвување ајвар, еден од највкусните специјалитети на балканската кујна кој води потекло од Македонија. Американската амбасадорка во нашата држава, Кејт Мери Брнз одлучи да ја испочитува оваа македонска традиција и заедно со нејзиниот сопруг подготви „Ред дог“ ајвар.– Сезона на ајвар во резиденцијата на нашата амбасадорка со специјалниот „Ред дог“ ајвар. Кои се вашите омилени традиции за храна?, стои во објавата на американската амбасада.

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања