Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

vakcinacija-skopje-zima

За два дена дадени 9.307 дози вакцини

Во текот на вчерашниот ден и во вторникот аплицирани се вкупно 9.307 дози вакцини, од кои 1.830 се аплицирани како прва доза, 7.281 се ревакцинирани, а 196 граѓани примиле трета доза вакцина.Заклучно со 13 октомври вкупно се вакцинирани 797.214 граѓани, ревакцинирани се 756.176, а трета доза примиле 982 граѓани. 53% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 47% , а со две дози опфатени се 45% од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 38% од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35% од популацијата во државата примила две дози вакцина.

пред 4 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ очајно бара алиби за претстојниот пораз, поткупот и уцените се нивен препознатлив печат

Пласирањата на конструкции и невистини од белиот дворец стануваат се позасилени како се наближува изборниот ден, во очаен обид да изнајдат алиби за убедливиот пораз кој ги очекува ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски на 17 октомври.Јасно им е дека ќе изгубат бидејќи немаат никаква понуда, проекти, идеи, а за кандидати за градоначалници нудат осудени лица со сомнително минато, лица како Данела Арсовска која со години не плаќала струја.Поткупот, уцените, заканите, гласачи од Пустец, исклучување на лифтови, обид за кражба на доверлив изборен материјал беа препознатлив печат на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.На тој начин оваа деструктивна партија спроведуваше избори за што целата јавност имаше прилика да го слушне преку објавените разговори и тоа граѓаните не им го забораваат.Затоа, на фер и демократски избори, на 17 октомври, по седми пат граѓаните ќе им го испорачаат поразот на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ и ќе им дадат до знаење дека нема да се вратат во мрачното минато, туку продолжуваат напред со СДСМ и „Најдоброто“.

Македонија | пред 4 години

06102021_PVRSM_Zaev_Brdo-Kranj-1

Заев: До крајот на оваа година можно е решение со Бугарија

Решението меѓу Северна Македонија и Бугарија, нагласи премиерот Зоран Заев, ќе биде силна порака за охрабрување за целиот Западен Балкан, бидејќи се што се случува во Црна Гора, Косово или било каде, има влијание врз сите други.– Верувам дека постои решение и имам искуство во изнаоѓање многу решенија во изминатите четири години. Лично верувам дека до крајот на оваа година е можно решение, изјави Заев.Одговарајќи на прашање од регионалниот директор на „Економист“ за Европа Џоан Хоеј, за бугарското вето и дали добиле уверувања од ЕУ дека јазикот и историјата нема да бидат предмет на преговори, Заев рече дека по тоа прашање ЕУ ја потврдила важноста и вредноста дека и отворените прашања се билатерални прашања меѓу нас и Бугарија, и имајќи го на ум нашиот идентитет и јазик и ЕУ е многу јасна и прецизна по тоа прашање.– Секој има право на самоопределување и тоа е многу добро. Се разбира, неодамна видов и многу позитивни сигнали од Бугарија. Тие го разбираат тоа и кога зборуваме едни со други, дури и заедно на прес-конференции тие велат македонски јазик и македонски луѓе, меѓутоа официјално не го признаваат и се надевам дека и тоа ќе го решиме набрзо, изјави Заев.

Македонија | пред 4 години

mickoski-miting-12

Мицкоски: Најголемиот глас е гласот на тивкото мнозинство

Најголемиот глас на овие избори е гласот на тивкото мнозинство. Тоа се луѓето чиј глас не се слуша на телевизија, тоа се луѓето од улиците, од плоштадите, од полињата. Гласот на тивкото мнозинство е гласот на разочараниот работник, на револтираните млади, на тие кои имаат своја компанија и се борат за нејзин опстанок секој ден, напиша на Фејсбук лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.„Гласот на тивкото мнозинство е глас на работниците по скелињата, на образовните и културни работници кои се потиштени, тоа е глас на актерите кои сонуваат за големи улоги. Тивкото мнозинство се и земјоделците кои работат на нивите и ја хранат нацијата. Сите овие луѓе мора да знаат дека нивната, но и иднината на Македонија зависи лично од нивниот глас. Тоа тивко мнозинство може да создаде нова среќа, надеж и нов почеток. Затоа го повикуваме огромното тивко мнозинство да излезе и на 17 октомври да го даде својот глас за промени. Заедно да создадеме иднина, а не друг да ни ја крои судбината“, напиша Мицкоски.

Македонија | пред 4 години

20211013204904

Македонската алпинистичка федерација за трагедијата во Радовиш

Oд Македонската алпинистичка федерација соопштија дека со неверување ја примиле информацијата за несреќата во еден од силосите на рудникот „Бучим“.„Со длабока жал споделуваме дека смртно настрадани во несреќата се алпинистот Зоран Мајсторски и Драган Станишков од Радовиш. Искрено сочувствуваме со фамилиите на двајцата. Зоран Мајсторски беше еден од столбовите на македонскиот алпинизам кој остави значителен алпинистички траг. Алпинистите од МАФ и алпинистичката заедница остануваат без драгоцен другар и непроценлив алпинистички потенцијал. Зоран Мајсторски вечно ќе остане запаметен преку неговите искачувања“, додаваат од МАФ.

Македонија | пред 4 години

10037083826164073176b9c644372708_v4_big

Squid Game на првото место на „Нетфликс“

Сите претпоставуваа, но сега е официјално: Squid Game стана најголемото лансирање серија досега на „Нетфликс“.Јужнокорејската драма ја гледале 111 милиони корисници во првите 28 дена, со што „Бриџерттон“ (82 милиона) падна од првото место.Потпретседателот на „Нетфликс“ за содржини во Кореја, Југоисточна Азија, Австралија и на Нов Зеланд изјави дека успехот на серијата е „над нашите најлуди соништа“.Минјанг Ким за Си-ен-ен рече: „Кога почнавме да инвестираме во корејски серии и филмови во 2015 година, знаевме дека сакаме да создадеме приказни од светска класа за фановите на к-содржина во делови на Азија и во светот.„Денес, Squid Game проби преку нашите најлуди соништа“.Дистописката серија од девет епизоди, која дебитира во септември, ја раскажува приказната за група натпреварувачи што учествуваат во серија детски игри. Има награда од 45,6 милијарди корејски вони (28 милиони фунти), што не звучи многу лошо додека не сфатите дека ако изгубите, ќе бидете убиени.

Магазин | пред 4 години

14102021_PVRSM_Ekonomistsamit-4

Заев на Самитот на „Економист“: Спроведуваме политики кои обезбедија стабилност и раст

Со обраќање на претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев започна Самитот на Западен Балкан во организација на лондонски „Економист“ (The Economist).Тема на Самитот е „Унапредување на европската инклузивност и солидарност“, а на првиот, премиерски панел на тема „Западниот Балкан во пост-ковид светот: Кој е вистинскиот пат до стабилност и просперитет?“, покрај премиерот Заев со свои излагања говорат и премиерот на Република Косово Албин Курти, вицепремиерот на Република Црна Гора Дритан Абазовиќ, и вицепремиерот на Република Албанија Арбен Ахметај.Во продолжение на ова соопштение ви го пренесуваме обраќањето на премиерот Заев на Самитот на Западен Балкан во организација на лондонски „Економист“ во целост:„Ми претставува посебна чест и задоволство, со воведно обраќање, да го отворам овој „Самит за Западен Балкан“, во организација на угледниот „Економист“.Моето задоволство е уште поголемо, бидејќи денес сме сите заедно, драги колеги од регионот, министри, амбасадори, бизнис лидери, градоначалници, како и бројни драги пријатели и гости.На самитот на „Економист“ во Атина, што се одржа во јули оваа година, ја истакнав важноста од економски просперитетен Балкан на 21-от век, интегриран во Европската Унија.Тоа се постигнува исклучиво со заедничка соработка со државите од регионот, Европската Унија, САД и сите пријателски држави, со посветена работа и верба во подобра иднина.Горд сум што Северна Македонија постигна договор со Грција и што денес сме членки на НАТО.Тоа значи сигурност и безбедност, како и можност за економски развој, инвестиции и економски просперитет.Нашата држава ги исполни сите услови за почеток на преговорите за членство во ЕУ, што е безусловно потврдено од страна на Европската Комисија.Се заблагодарувам на сите држави членки на ЕУ кои ни ја даваат безрезервната поддршка во овој процес, а посебна благодарност за премиерот на Грција за поддршката особено во последните неколку месеци, и за континуираната поддршка на Соединетите Американски Држави.Упатувам честитки на организаторите за прецизно избраните теми коишто ја засегаат Северна Македонија, Западен Балкан, како и светот, особено кога станува збор за економски напредок во пост-ковид периодот, стабилност, подобар стандард и економски развој.Во таа смисла, токму темата на годинешниот Самит, „Промовирање на европска инклузивност и солидарност“, е во фокусот на државите од Западниот Балкан на нивниот пат кон Европската Унија.Ми претставува огромно задоволство што денес, на Самитот на „Економист“ ќе ги слушнеме очекувањата за ЕУ и Западен Балкан и што ќе имаме можност да разговараме за предизвиците во пост-ковид економијата со кои сите ние се соочуваме.Ценам дека е од голема важност заедно да ги дискутираме прашањата за идните чекори кои ќе не водат до повисок раст на економиите, за реформите и нивно спроведување, за конкурентноста, социјалната кохезија, финансиските системи, бизнис партнерствата и сето тоа во контекст на нашиот заеднички пат и визија кон ЕУ.Важно е и да слушнеме за безбедносните предизвици и контекстот на безбедносната политика, како и приоритетите на САД за Западен Балкан.Почитувани пријатели,Владата на Северна Македонија посветено работи на економскиот развој на државата, на отворање нови и подобри платени работни места, преку нови вложувања од нов карактер и фер пазарни услови за инвестирање, како за домашните, така и за странските инвеститори.Во таа смисла, нашите заложби за креирање предвидлив деловен амбиент, воспоставување на механизми за владеење на правото, водење на стабилни економски политики и креирање поволни услови за инвестирање, се веќе потврдени.Новите инвестиции ја зголемуваат економската активност во државата. Кризата одминува и економијата постојано заздравува, се стабилизира и ветува пораст во блиска иднина.Имено, благодарејќи на растот од 5,6 проценти во првото полугодие, односно 13,1 проценти само во вториот квартал од оваа година, неодамна и Светската банка ја зголеми прогнозата за растот на БДП на Северна Македонија во 2021 година, од 3,6 на 4,6 проценти.Нашите проекции за оваа година се дека растот може да надмине 4,1 процент, со очекувања дека извозот ќе забележи раст од 10,6 проценти, а бруто-инвестициите раст од 8 проценти.Стапката на вработеност, од крајот на 2020 година до денес, повторно расте, со темпо како и пред пандемијата, со забележен раст од 1,5 проценти во последните три квартали.Невработеноста сега е на ниво од 15,9 проценти, што е најниско ниво во поновата македонска историја. Таа е намалена за 4,8 проценти споредено со истиот период од 2020 година.Дополнително, согласно официјалните статистички податоци, просечната нето-плата во државата континуирано расте. Така, во месец јуни 2021 година, просечната нето-плата по вработен изнесуваше 28 784 денари, или нешто повеќе од 460 евра.Но, и покрај видливите знаци за оптимизам за блиска иднина, во економијата нештата можат да се променат многу брзо. Во последно време Европа, а и целиот свет ги зафаќа страв од инфлација, којашто е резултат на структурни и слични поместувања во пост-ковид периодот, но и високата и нестабилна цена на електричната енергија.Таквите движења може да бидат „увезени“ и во Северна Македонија. Ние сме на отворен пазар. Владата е посветена на водење координирана монетарна и фискална политика и останува да биде присутна за интервенирање во случај на евентуални ценовни шокови.Почитувани,Дозволете ми сега да се осврнам малку повеќе и на основната тема на овој самит.Прво и најважно, упатувам директна порака до сите инвеститори да инвестираат во Северна Македонија.Со неколку зборови ќе ја аргументирам таа моја порака.Масовната имунизација и закрепнувањето на глобалната економија веќе имаат позитивно влијание врз побарувачката за македонскиот извоз.Во таа смисла, согласно анализите на трите квартали од ова година, во Технолошко индустриските развојни зони во Северна Македонија е регистрирано видливо повисоко ниво на економска активност споредено со истиот период во последните четири години.Само во третиот квартал извозот изнесува 696 милиони евра, што е највисоко ниво во истиот период во последните четири години.Дополнително, во периодот од јануари-септември оваа година, извозната активност во индустриските зони достигна 2 милијарди и 234 милиони евра, што е за 39 проценти повеќе од истиот период во 2020 година.Во однос на 2019 година порастот изнесува повеќе од 9 проценти, односно 26,6 проценти споредено со 2018.Нашите очекувања се дека тој тренд ќе продолжи до крајот на годината, со што, според проценките, извозот може да достигне скоро 3 милијарди евра на годишно ниво, што ќе биде рекордно ниво досега.Покрај тоа, согласно статистичките податоци, вредноста на вкупниот извоз (покрај извозот од „зоните“), во периодот јануари – август 2021 година, изнесува 4,6 милијарди евра. Тоа претставува пораст од 31,5 проценти во однос на истиот период минатата година.Ова се аргументи и докази дека излегуваме од кризата.Покрај постепеното закрепнување на глобалната економија, наведените позитивни трендови се резултат и на новиот концепт на Владата за привлекување на инвестиции во ТИРЗ-овите, и воопшто на инвестициите во Северна Македонија.Тој се базира на анализа на 10 годишни инвестициски планови, врз основана на што се проценува капацитетот на компанијата и инвестицијата, па се подготвува индивидуализиран пакет за поддршка од страна на Владата. Ефектите од владините економски политики за поддршка на инвестициите, како и за зголемување на конкурентност на компаниите се евидентни.Во 2017 година, кога го донесовме Законот за финансиска поддршка на инвестициите, имаше 27 договори за поддршка на домашните и странските компании. Сега има 245 договори со компании кои веќе имаат инвестициски циклус од над 150 милиони евра.Само во 2021 година до денес се прегледуваат 150 нови барања за поддршка на инвестициски циклуси, и верувам дека повеќе од 110 од нив ќе бидат потврдени.До средината на октомври, кога треба да заврши процесот за оваа година, ќе имаме 380 активни договори за поддршка на инвестиции од домашни и странски компании надвор од инвестициите во ТИРЗ. Кога ќе ги додадеме и нив, добиваме број од 420 компании кои влегле во инвестициски циклус.Важно е и тоа дека инвестициските циклуси на компаниите не се едногодишни, туку сите се за период од пет до десет години.Исто така, охрабрува и фактот дека бројни компании што инвестираат, го зголемуваат и бројот на вработени и го прошируваат производството.Сето тоа е резултат на предвидливата бизнис клима во државата. Од друга страна, но секако не и помалку важно, е тоа дека владиниот економски тим континуирано и посветено работи на подготовка на планови за идниот среднорочен развој на државата.Во таа смисла, донесениот Интервентен план за инвестиции 2021-2027 година, во вкупен износ од 8,9 милијарди евра, ги опфаќа сите инвестиции што се планираат да отпочнат во државата, вклучувајќи ги и приватните инвестиции на домашните и странски инвеститори.Вложуваме во инфраструктура, патишта, училишта, спортски и здравствени објекти, и сето она што има трајна вредност за граѓаните и влијае на подобрување на економијата.Со тоа сме директна поддршка и на целата економија.Нашиот фокус е насочен кон енергетика, дигитализација и инвестиции во напредни технологии, како и развој на сите сектори и индустриски гранки.Ја имаме и најголемата инвестиција во историјата на македонската економија вредна над 500 милиони евра на германската компанија Ви-Пи-Ди. 69 ветерници ќе бидат поставени на потегот Куманово – Старо Нагоричане – Ранковце – Крива Паланка, кои ќе создадат над 400 мегавати струја од македонскиот ветер. Ветерниот парк ќе биде најголемиот капацитет од обновливи извори на енергија во Северна Македонија и најголем ветерен парк во Западен Балкан.Комплементарен на Интервентниот план за инвестиции 2021-2027, е и подготвениот План за заздравување и финансирање на забрзан раст.Овој план ќе ја потврди констатацијата дека Северна Македонија е земја со предвидливи услови и клима за инвеститорите, бидејќи ги содржи основните аспекти кои се од примарна важност за домашните и странските инвеститори.Планот е приказ на изворите на финансирање, областите и секторите во кои ќе се инвестира, финансиски инструменти атрактивни за инвеститорите, целосна мапа за реализација на истиот, но и мерки за реализација, ублажување и управување со евентуалните ризици при имплементација.Почитувани пријатели,Се надевам дека бев убедлив во тврдењето дека инвестирањето во Северна Македонија е исплатлив деловен потфат.Покрај наведеното, гледајќи кон иднината, во Северна Македонија се планира поддршка и на таканаречените „зелени инвестиции“, на дигитализацијата, а посебно на зајакнувањето на здравствениот и образовниот систем, како основи за развој на човечкиот капитал.Нашата зацртана патека треба да не води кон градење на еднаква, инклузивна и одржлива економија.Овој значаен настан денес го доживувам како уште еден чекор за подобрување и унапредување на политиките базирани на докази и истражување, пријателство и соработка кои се витални за Владата и кои треба да бидат применливи за сите владини политики.Убеден сум дека сме на добар пат да ги оствариме“.На Самитот на засебни панел сесии ќе учествуваат и вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров, министрите за економија Крешник Бектеши, за финансии Фатмир Бесими, за надворешни работи Бујар Османи, како и министерката за одбрана Радмила Шекеринска.На Самитот во организација на лондонски „Економист“ е предвидено да говорат високи претставници од светската, европската и регионалната политика, од меѓународните финансиски институции и компании, владин и невладин сектор и академската сфера, како што се актуелниот заменик-помошник на американскиот државен секретар, Габриел Ескобар, актуелниот претседател на Трансатлантскиот центар при Германскиот Маршалов Фонд на САД, Јан Лесер, шефот на одделот за Адриатик при Европската инвестициска банка, Матео Ривелини, поранешниот заменик-државен секретар на САД, Џон Негропонте, поранешниот германски вицеканцелар и министер за надворешни работи, Јошка Фишер, и други гости.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-10-11-140830

Јованоски повикан во полиција за омаловажување на Заев

МВР излезе со свое објаснување во врска со активистот на Левица од Прилеп, откако претседателот на оваа партија, Димитар Апасиев, објави на Фејсбук дека Иван Јованоски е повикан на разговор во полиција по инцидентот на 11 Октомври на Могилата на непобедените.Според МВР, И.Ј. (32) е повикан на разговор поради омаловажување државен орган.-Во Полициска станица – Прилеп денеска е повикан И.Ј. (32) од Прилеп, врз основа на член 13 од Законот за прекршоци против јавен ред и мир. Тој е повикан поради омаловажување државен орган, односно омаловажување или навредување службено лице на државен орган или друга институција која врши јавни овластувања во вршење на службата“, соопшти МВР.

Македонија | пред 4 години

DSC_0074

163 санкционирани возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (13.10.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.На територијата на град Скопје изречени се вкупно 163 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 24, 15 санкции за возење без возачка дозвола, шест за возење под дејство на алкохол.Изречени се девет санкции за користење мобилен телефон, седум за непрописно престројување, шест за некористење сигурносен појас, седум за минување на затворен сигнал (црвено светло), 60 мерки за непрописно паркирање.МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта.

Скопје | пред 4 години

Нема фотографија

Облачно со врнежи од дожд

Времето во земјата ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни (над 20 л/м2) проследени со засилен северен ветер. На планините на северозапад врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка од 10 до 15 см. Врнежи од снег ќе има и на некои повисоки места.Утринската температура ќе се движи од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 3 до 11 степени.Во Скопје облачно и студено со врнежи од дожд, поинтензивни околу пладне и попладне, проследени со засилен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до 6, а дневната ќе достигне до 7 степени.Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со локална појава на краткотраен дожд, а дневните температури ќе бидат во пораст.

Македонија | пред 4 години

thumbnail_Foto-1-1

Пендаровски ја посети Македонската православна црква во Малме

Претседателот Стево Пендаровски, вчера во Малме, Кралството Шведска, ја посети Македонската православна црква „Свети Наум Охридски“, се сретна со македонскиот православен свештеник Блажо Кожарски и со претставници на македонски друштва од Малме.Во разговор со свештеникот Кожарски, претседателот Пендаровски беше информиран за начинот на организирање и функционирање на црковната општина, којашто е прва во Европа, формирана во 1973 година, како и за тековните активности и соработката со шведските институции во насока на афирмирање на Македонската Православна Црква.Претставниците на македонските друштва од Малме ги споделија со претседателот Пендаровски актуелните иницијативи за унапредување на дејноста на македонската заедница, како и за промовирање на нашата култура и традиција во Шведска. Во тој контекст беше нагласена важноста од континуирано негување на врските со нивната матична држава.Изразувајќи задоволство од долгогодишното успешно дејствување на нашата заедница во Шведска, претседателот Пендаровски истакна дека се повеќе се вреднува нејзината улога како активен чинител во севкупните општествено-политички и економски процеси во нашата држава.

Македонија | пред 4 години

jelena-karleusa-lady-gaga-830x553-1

ФОТО: И Гага почна да ја копира Карлеуша

Пејачката Лејди Гага ја копирала Jелена Карлеуша. Така барем се фали во јавност српската пејачка, откако Лејди Гага облече фустан, кој наводно фолк пејачката го носела пред три години. Станува збор за фустан накитен со лажни пари, со кој Карлеуша се појави во него пред три години во Ѕвездите на Гранд.Карлеуша ја објави фотографијата од Лејди Гага и рече дека пејачката ја копирала. Некои од фановите на Карлеуша и напишаа на Гага дека ако има проблем со стајлингот и со недостиг на идеи, слободно може да ја праша Јелена.

Магазин | пред 4 години

Нема фотографија

Скопјанец криумчарел мигранти

На 13.10.2021 околу 20.00 часот на влезот за с.Богородица, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин „Богородица“ го лишиле од слобода З.Љ.(42) од Скопје. При контрола во возилото „пежо“, со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени три лица мигранти од Куба – Л.М.Л.(39), Р.Р.Д.(31) и еден малолетник.За настанот бил запознаен Јавен обвинител, а мигрантите биле спроведени во Прифатно- транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија. З.Љ. бил приведен и предаден во Полициска станица Гевгелија и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 4 години

49108957-10086795-image-a-8_1634111551211

Крег и Фарел се напија мартини во чест на 007

Откако цели 15 години го глумеше Џејмс Бонд, Даниел Крег, уживаше во последното мартини во чест на агентот 007 во вторникот во текот на „Тунајт шоу“ со Џими Фалон.53-годишниот британски актер дегустира пијалак со потпис на својот лик додека ја завршува промоцијата на филмот „Не е време за умирање“ со гостување во популарното ток-шоу на Ен-би-си.„Ќе ми биде чест да споделам поздрав со мартини со вас господине Бонд. Господине Крег. Ви благодарам за сè“, рече Џими (47) на крајот од нивниот разговор и извади две мартини.Двајцата станаа и ги чукнаа чашите додека публиката во студиото ракоплескаше. „Благодарам“, рече Даниел пред да се напие голтка.

Магазин | пред 4 години

sneg-3

Снегот ги донесе првите забрани, ако патувате кон Маврово има важно предупредување

Поради врнежи од снег на патниот правец крак Маврово – Дебар, од 9:45 часот е воведена забрана за сообраќај за тешки товарни возила.Како што соопшти АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчев.

Македонија | пред 4 години

popova-sapka

ВО ЖИВО: Падна првиот снег, снежна идила во Македонија

Утрово снежна покривка е забележана во Маврово, Попова Шапка и Нижо Поле. Според видео камерите на страницата skimacedonia.mk најдебел слој на снег има на Стрежево и на Попова Шапка.Снежната покривка се очекува да достигне до 15 сантиметри. Според најавите на УХМР денеска и утре не очекува студенот време, со врнежи од дожд, додека за време на викендот се очекува мал пораст на температурите и сончеви периоди.Следете во живо: 

Македонија | пред 4 години

28082019_PVRSM-Zaev_Bucim_3

Обвинител влезе во рудникот Бучим: Загинатите се на возраст меѓу 20 и 45, алпинисти кои чистеле силоси високи 25 метри

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш заедно со увидна екипа, кримтехничар од Министерството за внатрешни работи и инспектори за труд и безбедност при работа извршија увид во рудникот Бучим, работна единица Флотација, каде на 13.10.2021 година околу 11:50 часот две лица го загубија животот, а едно се здобило со телесни повреди.Според првичните сознанија, до несреќата дошло при чистење на два силоси, високи по 25 метри , со дијаметар од 17 метри, во кој се складира руда. Починатите, жители на Радовиш, членови на алпинистичкото друштво „Плоча“, на возраст од 20 и 45 години, биле ангажирани со договор помеѓу две правни лица за специфична услуга за чистење на силосите полни со руда.Во текот на увидот, по дадени насоки и наредби од обвинителството, извршено е фотографирање на самото место на настанот. Обезбедени се затекнатите траги и предмети. Идентификувани се и извршен е разговор со лицата присутни на местото на настанот. Обвинителството издаде наредби за обезбедување на техничката документација за силосите, целокупната документација за ангажманот на алпинистичкиот клуб „Плоча“, правилниците за работа на работната единица Флотација. Издадена е и наредба за вршење на обдукција на телата на починатите.Забрането е работењето на тој дел од рудникот и ќе биде обезбедуван од полициски службеници, за да по дадена наредба од обвинителството на 14.10.2021 година се продолжи со вршење на увид на самото место со присуство на техничка инспекција со рударски инженери.Основното јавно обвинителство Радовиш презема и други дејствија за откривање на причините за несреќата

Македонија | пред 4 години

klinika-brza-pomos

Починаа 20 пациенти, а регистрирани се нови 412 заболени

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:Направени се 3.567 тестирања, а регистрирани се 412 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 207, Куманово – 34, Велес -26, Битола – 18, Кочани – 16, Кичево – 15, Прилеп -14, Тетово, Гостивар и Кавадарци – по 10, Радовиш – 6, Штип и Свети Николе – по 5, Струмица, Крива Паланка, Кратово и Македонска Каменица – по 4, Струга, Гевгелија, Неготино и Виница – по 3, Валандово – 2, Охрид, Ресен, Пробиштип, Богданци, Крушево и Македонски Брод – по 1.Регистрирани сe 459 оздравени пациенти од: Скопје – 266, Куманово – 36, Велес – 25, Прилеп и Охрид – по 18, Битола – 14, Штип – 11, Кавадарци и Радовиш – по 10, Кочани – 9, Крива Паланка – 6, Тетово, Свети Николе и Виница – по 5, Гевгелија – 4, Пробиштип и Кратово - по 3, Гостивар, Кичево и Струга – по 2, Неготино, Ресен, Берово, Богданци и Демир Капија – по 1.Во текот на изминатите 24 часа починале 12 лица: 6 од Скопје (73г, 72г, 67г, 61г, 49, 46г), 2 починати лица од Кочани (66г, 63г), по едно починато лице од Прилеп (80г), Охрид (77г), Куманово (77г) и Велес (48г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 8 починати лица, со датум на смрт од 01.09.2021 до 08.10.2021 година. Регистрирани се 4 починати лица од Скопје и по едно починато лице од Тетово, Прилеп, Куманово и Кочани на возраст од 36 до 93 години. Од пријавените лица 6 се починати во болнички услови, а 2 во домашни услови.Направени се 3.567 тестови преку: ИЈЗ-337, ЦЈЗ Скопје-57, ЦЈЗ Битола-66, ЦЈЗ Прилеп-48, ЦЈЗ Тетово–70, ЦЈЗ Куманово-65, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-3, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–1, Жан Митрев (Филип Втори)-101, Авицена-183, Биотек-181, Систина-90, лабораторија Лаор-201, Синлаб-35, Ремедика-32, Плодност–23, Генеа-5, Никоб лаб-354, ВФВ Медикал-55, Ели Медика-51, Ројал Медика –23, Спектра-ММ-1, Рапид Лаб – 4, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.581.Досега во земјата се направени вкупно 1.330.304 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 195.542 бројката на оздравени пациенти е 182.078, на починати е 6.875, а бројот на активни случаи изнесува 6.589.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 85342, Активни 3323Куманово 11748, Активни 544Тетово 10890, Активни 183Прилеп 9170, Активни 183Гостивар 7981, Активни 65Битола 7210, Активни 197Велес 6441, Активни 290Кавадарци 6043, Активни 153Охрид 6038, Активни 206Штип 5873, Активни 195Струмица 5817, Активни 200Кичево 4023, Активни 131Струга 3812, Активни 63Кочани 3359, Активни 125Гевгелија 2460, Активни 61Неготино 2331, Активни 23Свети Николе 1942, Активни 90Радовиш 1553, Активни 57Ресен 1546, Активни 44Крива Паланка 1508, Активни 120Дебар 1451, Активни 22Берово 1214, Активни 12Делчево 1127, Активни 41Виница 1059, Активни 43Пробиштип 943, Активни 37Валандово 832, Активни 18Кратово 610, Активни 56Богданци 562, Активни 18Крушево 535, Активни 12Македонски Брод 476, Активни 12Демир Хисар 458, Активни 30Демир Капија 410, Активни 1Македонска Каменица 323, Активни 31Пехчево 315, Активни 2Дојран 140, Активни 1

пред 4 години

joci-gr-sk

Јоци не го пушта од раце Шилегов: Овој Петросаурус какви глупости тресе просто Гоце ,,Вегета" за него е Ајфелова кула

Новинарката Јорданка Ивановска-Јоци која важи за жесток критичар ја искоментира дебатата на кандидатите за градоначалници на Град Скопје.„Го прашуваат Бени и Камиказа актуелниов Шилегов зошто нема вециња на Кеј и во Центар, овој им одговара - поради барокот⁉️ Не, бе, овој Петросаурус какви глупости тресе просто Гоце ,,Вегета" за него е Ајфелова кула. Па, откако виде не може да се вади, зема да им дели лекции дека не смеело да има градби на коритото на Кеј, а Бени го потсети дека веќе има едно старо wc кај мостот Гоце Делчев. А, да...во Чаир се фали Шилегов дека го изградил бул.Х.Т.Карпош, а тој 90 отсто го изгради Коце. Срам те било, кажи бре на Коце е тој булевар!“, пишува Јоци.

Коментари | пред 4 години

mucunski-696x465

Кој ќе го врати сјајот на МЗТ и од каде пари

Некој како да бараше решение, ама како да молеше Бог да не ги најде тие решенија. Тоа е фактичката состојба која што ја имаме во општина Аеродром, вели кандидатот за градоначалник на општина Аеродром од ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски во вечерашното соочување на Македонската телевизија.Муцунски вети изградба на нова спортска сала, градинки, како и читална за младите кои што се студенти од Аеродром.Хуманата градба и урбанизацијата не значи само изградба на домови, згради за домување, значи и урбанизација во делот на инфраструктурни проекти, на нови градинки, на нови спортски сали, освен салата Јане Сандански немаме ниту една спортска сала со стандард за реиграње на ракомет, на Аеродром конечно му е потребна некој да дојде и да ја реализира и тоа е урбанзација, замислете зборувам една од најголемите општини во Скопје нема сопствена гимназија. И тука треба да го ставиме фокусот на урбанизацијата, треба да се шири општината, но пред се администрација која што надзор ќе врши дефокусирана од потребата за корупција на поединци, додаде тој.Ќе има театар, простор за изложби, читална за млади луѓе, огромен број на млади луѓе кои што се студенти во Аеродром, вели Муцунски.Во однос на МЗТ Скопје, Муцунски посочи дека е потребна итна ревизија на работењето, како и враќање на неговиот сјај, укажувајќи дека Александар Филиповски против кандидатот за градоначалник од СДСМ како претседател на Управниот одбор на клубот двојно му ја зголемил платата на Извршниот директор за да го поддржува во неговата кампања.Во делот на ревизијата ќе треба да го отвориме и прашањето за МЗТ Скопје, брендот на општината Аеродром кој што заслужува уште поголема поддршка од што има од сега. Но, за жал во моментот од сите информации е заглавен во неколку поединци кои што ги злоупотребуваат тие средства, еден од нашите против кандидати како претседател на Управниот одбор, двојно ја зголемил платата на Извршниот директор на клубот за да тој биде сега и еден од најголемите поддржувачи негови во кампањата. МЗТ Скопје е бренд на Аеродром на кој што треба да се направи ревизија на работењето на поединците, а клубот да го вратиме таму каде што не е во моментот, каде што за жал испадна заради неодговорно работење во АБ1 и во Евро куб, таму исто така ни е потребна итна ревизија и да го вратиме сјајот на МЗТ Скопје, истакна Муцунски.

Скопје | пред 4 години

245649659_3232871150331536_5978016518076445091_n

Млади и ведри ликови: Мајсторски и Станишков се алпинистите кои загинаа кај Бучим

Од Македонската алпинистичка федерација објавија фотографија од загинатиот алпинист Зоран Мајсторски и споделија дека со неверување ја примиле информацијата за несреќата во еден од силосите на рудникот „Бучим“.„Со длабока жал споделуваме дека смртно настрадани во несреќата се алпинистот Зоран Мајсторски и Драган Станишков од Радовиш. Искрено сочувствуваме со фамилиите на двајцата.Зоран Мајсторски беше еден од столбовите на Македонскиот алпинизам кој остави значителен алпинистички траг. Алпинистите од МАФ и алпинистичката заедница остануваат без драгоцен другар и непроценлив алпинистички потенцијал. Зоран Мајсторски вечно ќе остане запаметен преку неговите искачувања“, напишаа на Фејсбук од МАФ.

Македонија | пред 4 години

dete-solzi1231

Најмногу болат детските солзи: „Сакам јадење и децата да не ме исмеваат на училиште дека мама и тато немаат пари“

Стојче Јакимов од село Ерџелија, Свети Николе има 37 години. Имал скромно детство, но бил среќен затоа што имал храна и сигурен дом. Тој се жени со Татјана пред 15 години. Им се раѓаат три прекрасни дечиња Бојана, Давид и Викторија. Стојче, никогаш не верувал дека ќе се најде во многу тешка ситуација. Да нема услови да ги прехранува сопствените деца и да се плаши да не му се урне куќата и да убие некого. Вака, Стојче низ солзи почна да го раскажува својот тежок живот во емисијата „Срце на дланка“.Животот на ова семејство започнува да се лизга надолу, кога еден по друг и Стојче и неговата сопруга остануваат без работа. А, кога во една куќа нема редовен прилив на средства, сите знаеме дека резултатот е пропаѓање на куќата, глад и сиромаштија.Стојче имал многу стресови, кои подоцна ќе се одразат и врз неговото здравје. А, како резултат на нервозите и нездравиот живот, тој денес боледува од сериозни болести, меѓу кои и чести напади на епилепсија. Моментот кога неговата сопруга поради тешкото пораѓање, е настан кој Стојче нема да го заборави.Кога синчето има само еден месец старост, се разболува од срцева болест, па мора да лежи долго време во болница во Скопје. Стојче останува сам со децата, но секој ден ја посетува сопругата во Скопје. Поради тоа што нема ниту денар во џеб, тој мора да запира автомобили, па авто-стоп да стигне кај својата сопруга. Еден ден, докторот да му кажува дека животот на Тања, виси на конец. Силните молитви за здравјето на Тања, веројатно ќе ја вратат во нивниот семеен дом во Ерџелија, но тоа секако ќе се одрази врз нејзиниот живот подоцна. Тања иако има само 35 години, е многу болна, а дури и во таква состојба, мора да чува три мали деца.Во домот на Стојче со месеци се случува да не затропа лажицата. Тие заедно со децата со години јадат само леб и кромид. Помош, ќе кажат и Стојче и Тања добиваат само од нејзините родители, но, бидејќи и тие се сиромашни, понекогаш со нив го делат и последното залче леб.Ова семејство ќе ја цени секоја помош. Затоа, доколку сакате да им помогнете, тоа може да го направите на следната сметка:Татјана Јакимова210501676694325Телефон: 075/650 873Автор: Оливера ПетрушевскаПовеќе на Приказна.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-10-13-214353

„На Маленко само ПИОМ може да му пресмета години во брак, со толку пријави и одјави“, низа шеги за новиот брак

Се ожени Маленко по петти пат, а ова се дел од реакциите на социјалните мрежиhttps://twitter.com/cile_ciki/status/1448027809994231809https://twitter.com/SolarNik/status/1448027029790728198https://twitter.com/tomebato/status/1448025265083408386https://twitter.com/TheFitzzz/status/1448021086109638656https://twitter.com/BabaMiRada/status/1448020452429938700https://twitter.com/gorskivenec/status/1448010028217217025https://twitter.com/TheFitzzz/status/1447988622213500930https://twitter.com/KralicaM/status/1447986675267801090https://twitter.com/Jovanovski_mk/status/1448007814715256833https://twitter.com/TR1k5teR/status/1447978545641402373https://twitter.com/wolf_forest_228/status/1447977784589029381https://twitter.com/mijajsmalava/status/1447969172428926988https://twitter.com/J_i_m_m_yBE/status/1447887468271919107https://twitter.com/AdvokatNikolco/status/1447956840667619329https://twitter.com/Professor_VA/status/1447947796498292736https://twitter.com/BozhoBozhovic/status/1447945271284060166https://twitter.com/LawBoy30/status/1447944452614541317https://twitter.com/Ibe_Palikukja/status/1447941325911957504https://twitter.com/SmoothManMk/status/1447913614682337283https://twitter.com/Aleksandermen/status/1447936581218734080https://twitter.com/IndijaMen1/status/1447926413789650947https://twitter.com/Ivan81592323/status/1447921219383218190https://twitter.com/denko_bt/status/1447913423250104322https://twitter.com/algorit007/status/1447909768350339072https://twitter.com/TheFitzzz/status/1447909728575709186https://twitter.com/NeSumNaKipar/status/1447900954628706310https://twitter.com/ServiceCrew_/status/1447897541450862594

Коментари | пред 4 години

IMG_6936

Тортески го искара Шилегов: Службеници од Градот ги носите со вас како да ви се слуги

Александар Тортески, кандидат за градоначалник од „Твоја партија“ за Град Скопје му реплицираше на Петре Шилегов кандидат од СДСМ, дека користењето на вработени од Град Скопје за приватни потреби е тешка злоупотреба.„Во однос на начинот на трошење на парите на граѓаните го гледам и во овие емисии кои ги правиме сега. Вие надвор имате службеници од градот кои ги носите со вас како да ви се слуги, а ние ги плаќаме. Тие ви се лични секретарки, кои земаат плата од Градот а ви ги носат тефтерите. Тоа можете да го направите ако се вработени во вашата адвокатска канцеларија или приватен секретар. Не може вработена во вашиот кабинет да биде овде надвор и да ви го носи тефтерот. Тоа е тешка злоупотреба на службената положба“, рече Тортески„Во моментов е 2:05 кога ја снимаме емисијава, во моментов сум се уште сегашен и иден градоначалник“, рече Шилегов.„Овде не сте градоначалник, овде се кандидат за градоначалник и не смеете да ги мкнете вработените од Градот а ние да ги плаќаме. Ви ги носат вас тефтерите и вас на пауза ви сугерираат што треба да кажете. Со мои средства од фирмарината добива плата“, му врати Тортески.

Скопје | пред 4 години

Нема фотографија

Македонската економија е стабилна, државата е тука за своите граѓани и општините, инвестираме рамномерно во секој регион

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Зоран Заев, денес се обрати на граѓанската трибина „Најдоброто за мојата општина” од каде порача дека македонската економија е стабилна и дека државата е тука и за општините и за секој човек.„Платите пораснаа за над 6.000 денари, и просечната и минималната, за три пати повеќе отколку во времето на ВМРО-ДПМНЕ. И ќе растат. За три месеци - минималната плата ќе биде 18.000 денари, а просечната над 30.000 денари. Платите, пензиите и поддршката од државата и натаму ќе растат, ќе бидат поголеми од потребните трошоци за живот.Од 2022 година државата ќе ги покрива придонесите за нововработените млади и ќе има и плус стимулации. Уште повеќе ќе ја намалиме младинската невработеност. ВМРО-ДПМНЕ ја остави на 42%, ние ја намаливме на 29%. Со новите мерки ќе ја донесеме под 25%.Носиме рекордно високи нови инвестиции, тоа се нови работни места, но и придобивки за целиот народ. Се реализира најголемата инвестиција во историјата на македонската економија - 69 ветерници од 500 милиони евра на германската „WPD“ на потегот Куманово – Крива Паланка. Струја од ветер, евтина еколошка струја достапна за нашиот народ, струја произведена тука на македонските полиња”, рече Заев.Заев истакна и дека инвестициите од централната власт стратешки ќе се употребат за нови работни места и за повисоки плати за секого.„Обезбедуваме рамномерен развој во сите региони со планска распределба на централните инвестиции. Ќе го поддржиме развојот на малите бизниси, посебно на дефицитарните бизниси во општините, за да се развиваат и да ги има во поголем број - тоа е нашата мисија.Стимулираме развој на претприемништвото на локално нивo, јавното-приватно партнерство овозможува долгорочен економски развој.Сите региони и општини ја имаат оваа централна власт за свој партнер и пријател.Инвестиравме во сите региони, без никаква дискриминација беа помагани сите кои се посветени на конкретни проекти и чекори за подобрување на животот на граѓаните”, додаде претседателот на СДСМ, Заев.За ова да продолжи потребно е на 17 ти октомври да се даде поддршка на овие проекти и да се одбере „Најдоброто“ за Бутел. Најдоброто го носи политичката програма на Велимир Симовски.

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања