Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

tucakovic-208149

Синот на Туцаковиќ: Ќе се борам портив заборавот, она што на нашите простори е како казна

По смртта на Марина Туцаковиќ почнаа и приказнит дека на семејството му оставила тетратка со листа на должници од естрадата. На ова се огласи и нејзиниот син Милан Лаќа Радуловиќ.Тој на Твитер сподели низа објави на таа тема, и рече дека во прашање се невистини.„Редно време е да се огласам во ситните часови. Сè што читавте во медиумите овие денови, а е во врска со мојата мајка и со мене, не е вистина. Како што најчесто нè наведува човечкиот нагон, од смртта се браниме со банализација на една тетратка со долгови или пак икебана. Естрадата не ме интересира“ – напиша тој. Понатаму вели : „Јас ќе се борам портив заборавот, она што на нашите простори е како казна“, додаде во наредниот Твит. „Во превод, паметете по нејзините песни“, вели синот на Туцаковиќ.

Магазин | пред 4 години

09092021_VRSM_Vonrednasednica-3

Владата си купи 80 компјутери од фирма основана лани

Пред две недели Владата склучи договор за набавка на 40 лаптопи и 40 компјутери, како и компјутерска опрема и сервери, за кои ќе потроши 116.000 евра, пишува Фокус. Договорот е потпишан од генералниот секретар Мухамед Зеќири, а добитник на тендерот е Друштво за компјутерски софтвер, консалтинг, посредување, производство, трговија и услуги ИТ СОЛУТИОН М од Долна Бањица, Гостивар.Од Владата за „Фокус“ посочуваат дека компјутерите се потребни за вработени во Генералниот секретаријат и во канцеларијата на премиерот.-Согласно Планот за јавни набавки од 2021 година, а врз основа на барање од надлежниот сектор и одлука за набавка, спроведена е постапка за набавка за информатичка опрема. Компјутерите се потребни за вработените во Генералниот секретаријат и Канцеларијата на Претседателот на Влада на Република Северна Македонија, ни одговорија од Владата.Падатоците од Централниот регистар покажуваат дека фирмата која го „лапна“ тендерскиот колач била регистрирана минатата година, поточно во мај 2020 година.Извор: Фокус

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-10-15-at-09.58.04

Се преврте автобус во Битола, има повредени

Утрово, во 6:30 часот, во близина на фабриката „Кромберг и Шуберт“ во Битола, се случи сообраќајна несреќа, каде се преврте автобусот со вработени. Неофицијално, во автобусот биле вработени кои се враќале од трета смена.Во незгодата има и повредени лица, но се надвор од животна опасност.Од полицијата нема детали и се прави увид.

Македонија | пред 4 години

drzavna-izborna-komisija-izbori

Од полноќ до недела вечерта е изборен молк

Денеска е последниот ден од предизборната кампања за локалните избори што ќе се одржат в недела.Агенцијата за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги известувa дека од утре, заклучно со 19 часот на 17 октомври, важат правилата за изборен молк.За време на молкот, медиумите продолжуваат да известуваат за изборниот процес, но престануваат сите облици на изборно медиумско претставување на учесниците во изборната кампања.Според Изборниот законик, за прекршување на изборниот молк се смета емитувањето какви било информации, фотографии, аудио и аудиовизуелни материјали поврзани со или во кои учествуваат учесници во изборите, какви било облици на медиумско известување, кои се отворено или прикриено во функција на нечија кампања и може да влијаат врз одлуката на избирачите, податоци со кои се открива идентитетот на политички субјекти и/или поединци вклучени во инциденти или неправилности на денот на гласањето; како и изјави од кандидати во изборниот процес, од претставници на политички партии и од носители на функции во органите на власта.

Македонија | пред 4 години

DSC_0683

Во Македонија активни 6.602 случаја на коронавирус

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 195.963, бројката на оздравени пациенти е 182.473, на починати е 6.888, а бројот на активни случаи изнесува 6.602.Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 421 нов случај на коронавирус, оздравени се 395 пациенти, а пријавени се осум починати лица, информира Министерството за здравство.Направени се 2.900 тестирања.Во текот на изминатите 24 часа починале осум лица: три од Скопје (86, 74, 69) и по едно од Кратово (88), Велес (75), Виница (66), Куманово (64) и Охрид (61). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.Дополнително, во согласност со регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, пријавени се уште 5 починати лица, со датум на смрт од 6.9.2021 до 28.9.2021 година. Регистрирани се 3 починати лица од Скопје и по едно починато лице од Гевгелија и Битола на возраст од 67 до 94 години. Од пријавените лица, 2 се починати во болнички услови, а 3 во домашни услови.Досега во земјата се направени вкупно 1.333.204 тестирања на Ковид-19.

пред 4 години

15102021_PVRSM_Zaev_poseta_TEC_Oslomej-3

Заев: ТЕЦ „Осломеј“ ќе биде запаметена како прва енергетска транзиција на електрана на јаглен во капацитет за чиста енергија во регионот

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, во придружба на раководството на „Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ), ја посети локацијата на Термоелектраната во Осломеј во Кичево, каде во моментот интензивно се одвиваат градежните активности за изградбата на првата фотоволтаична електрана од 10 мегавати во сопственост на „ЕСМ“.„На местата на некогашните загадувачи, денес градиме капацитети за производство на чиста и зелена енергија. Поранешните наоѓалишта на јаглен во РЕК „Осломеј“ за неколку месеци треба да бидат покриени со 10 мегаватна фотоволтаична електрана. Вкупното годишно производство од оваа нова фотоволтаична електрана ќе изнесува 15-17 гигават-часови, доволни за потребите на околу 2.800 домаќинства“, истакна премиерот Заев во изјавата за оваа посета.Проектот е значен, нагласи премиерот Заев, не само од аспект на енергетските вредности, туку и од социјален и еколошки аспект заради фактот што со поставување на фотоволтаични панели над 15 хектари на постоечкиот рудник во околината на РЕК „Осломеј“ се врши рекултивација на земјиштето кое е од големо значење за околината.Изградбата на Фотонапонската електрана„Осломеј“, е почеток на иницијативата со која значително ќе се зголеми производството на електрична енергија од обновливи извори, особено од сонцето, и првите киловати електрична енергија од фотоволтаичната електрана од 10 мегавати, инсталирана на површина на сегашната Термоелектрана „Осломеј“, се очекуваат да протечат во наредните неколку месеци.„Во оваа прилика би сакал да напоменам дека со изградбата на оваа 10 мегаватна електрана се започнува со процесот на енергетска транзиција на РЕК „Осломеј“ и кичевскиот регион. „ЕСМ“ во моментот работи на нова студија за уште една ваква електрана од 10 мегавати. Неодамна, во јуни се потпишаа и договорите за изградба на две фотонапонски електрани од по 50 мегавати со што комплетно 120 мегавати од Осломеј на јаглен ќе се заменат со 120 мегавати фотонапонски електрани. Ова е првата енергетска транзиција на електрана на јаглен во чиста енергија, во регионот“, потенцираше Заев.Договорите од една страна се потпишани од „ЕСМ“, како јавен партнер, и од друга страна со „Фортис енерџи“ од Турција во едната електрана, а во другата со „Солар про“ од Бугарија. Приватните партнери на „ЕСМ“ ќе му исплаќаат надоместок за јавното приватно партнерство во износ соодветен на 18% и 18,50% од произведената електрична енергија за час.„Пресметките покажуваат дека заработка на државата би се движела околу 1,5 милиони евра годишно. Дополнително инвеститорите имаат обврска да земат по 1 вработен по мегават односно 100 вработени од Осломеј за трајно да ги обезбедиме тие наши сограѓани. Во моментот се прави студија за праведна транзиција, во која треба да бидат направени сите анализи за можностите и иднината на постојните вработено. Ова е показател дека се грижиме за сите и дека се бара решение за сите“, истакна претседателот на Владата Заев.„Нашата цел е да обезбедиме чиста животна средина за нашите деца и за идните поколенија“, посочи премиерот Заев.„Северна Македонија е на врвот, меѓу шампионите во регионот по раст на обновливи извори на енергија. Само за минатата година го зголемивме производството на енергија од обновливи извори на 827 мегавати, што претставува раст од 10,1 проценти и е во рамки на светскиот просек на зголемување од 10,3 отсто, според извештајот на „Балкан грин енерџи њуз“, истакна премиерот Заев за време на посетата на ТЕЦ „Осломеј“ каде што е во тек изградбата на првата фотоволтаична електрана од 10 мегавати во сопственост на „ЕСМ“.Генералниот директор на АД „ЕСМ“ Васко Ковачевски во својата изјава потенцираше дека изградбата на Фотонапонската електрана „Осломеј“ е почеток на иницијативата со која значително ќе се зголеми производството на електрична енергија од обновливи извори, особено од сонцето.„Термоелектраната „Осломеј“ не беше во редовна работа со години и сега во делот каде што е завршена експлоатацијата на јагленот се почна со инвестиции што ќе бидат не само во интерес на енергетскиот сектор на нашата држава, туку и во интерес на сите граѓани што живеат во Кичево и околината“, истакна Ковачевски, и додаде дека веќе се преземени активности за селектирање на потребните кадри од РЕК „Осломеј“ и нивна преквалификација за работа во фотонапонската електрана, како и за потребите на поголемата фотонапонска електрана од 100 MW која ќе се гради како јавно-приватно партнерство, со што освен посветеноста на зголемување на процентот на зелената енергија во нашиот енергетски биланс, АД „ЕСМ“ се грижи и за социјалната компонента при енергетската транзиција.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Филипче од Струга: Да избереме градоначалници и советници кои ќе соработуваат, да избереме реализација наспроти заблуди и лажни ветувања

Поплднево потпретседателот на СДСМ, Венко Филипче ја посети Струга и се сретна со стружнки и стружани.Разликата помеѓу некогаш и денес е видлива и може да ја почувствува секој наш граѓанин. Денес живееме во слобода, демократија и ги живееме прогресот и напредокот за кои се изборивме и вредно работиме, им се обрати на стружани Филипче.- Живееме една поинаква реалност наспроти заблудата и лагите кои ни ги нудеа ДПМНЕ цели 11 години. Живееме едно подобро време, а најдоброто доаѓа на голема врата во секој град и секое село. Најдоброто нуди светла и просперитетна иднина, нуди успеси наместо разочарувања, нуди уште поголеми реализации наместо стари лажни реторики - посочи Филипче.СДСМ продолжува да работи за доброто на државата, за граѓаните и со граѓаните. Го носиме најдоброто во секој дом и ги оставиме режимските сценарија во минатото.Граѓаните знаат што да изберат, граѓаните знаат што им треба, граѓаните ќе ја донесат големата победа низ цела земја и седми пат по ред ќе му пресудат на режимското ДПМНЕ.СДСМ е нашата опција, СДСМ е најдоброто за Северна Македонија.

Македонија | пред 4 години

soobrakajka-centar-skopje155

ФОТО: Тешка сообраќајка среде Скопје, едно возило забиено и во споменик

Неколку видно оштетени возила, уништен дел од споменик и шлеп служби се на терен кај Соборниот храм, по тешката сообраќајка која се случи вечерва.На терен се уште е полицијата која прави увид, а неколку лица се пренесени и во болница на лекување, поради повреди кои ги имале.Неофицијално, станува збор за возачи на автомобилите, од кои едниот има дваесетина години.Несреќата се случи помеѓу булеварот „Партизански одреди“ и булеварот „Климент Охридски“. Оштетен е и споменикот на Климент Охридски кој е поставен на булеварот, бидејќи едно од возилото удрило директно во него. Две од возилата не се во возна состојба.Засега од МВР нема детали за тоа дали има тешко повредени лица.

Скопје | пред 4 години

2-2

Мицкоски: Изградија модуларни болници поради чиј неквалитет животот го загубија 14 луѓе

„Тие од власта гледаат да профитираат и на туѓата несреќа. Додека народот пати, додека народот живее крпен живот, тие пак не престануваат да крадат. Се сеќавате кога беше полниот ек на корона кризата, и кога немаше вакцини, стотици луѓе умреа од власта наместо да обезбедат вакцини, тие токмеа провизии при набавка на кинеските вакцини кои што беа неколку пати поскапи од сите останати“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на митингот во Пехчево.Мицкоски додаде дека од власта се навртеа да градат модуларни болници, кои се како кибрит, а поради чиј неквалитет животот го загубија 14 луѓе во Тетово, живи гореа, и мува не ги лази да понесат одговорност.„Денес на врата ни топа една нова криза, енергетска криза. Тие се навртеа па на тендер од 50 милиони евра за увоз на јаглен од Косово. И тука никој не го поставува прашањето зошто да плаќаме за увоз, кога РЕК има ископ на јаглен. Одговорот е дека на РЕК се потсетуваат тогаш кога ќе треба некоја од струмички компании блиски до Заеви да земат тендер, а не и кога ќе треба да се копа јаглен. Таквата штета од недомаќинското работење на РЕК Битола ќе се плати од вашите пари, џебот на граѓаните, исто како што граѓаните ќе ја платат и штета за патиштата која ќе се случи поради увезениот јаглен. Тие и од ова ќе профитираат и ќе стрпаат уште еден милон плус“, рече Мицкоски.

Македонија | пред 4 години

maksim

Димитриевски бара извинување пратеничка на СДСМ

Земјиштето е приватно, стекнато кога работев во Ирак и кога не се бавев со политика, лагите нема да ви поминат, им порача Максим Димитриевски на кандидатот за градоначалник од редовите на СДСМ Оливер Илиевски и пратеничката на СДСМ Лидија Тасевска.Тој се осврна на прес конференцијата на која денеска СДСМ излезе со обвинување дека Димитриевски додека ја извршувал функцијата градоначалник се стекнал со илјадници квадратни метри државно земјиште.– И двајцата денеска излегоа со информација за моја наводна злоупотреба на службената положба за купување на државно земјиште. Кандидатот за градоначалник Илиевски во дебатна емисија дезинформира дека имотот сум го стекнал кога сум бил претседател на Советот во општината, додека пак пратеничката Тасевска дезинформира дека имотот сум го стекнал додека сумбил градоначалник. Пред да изнесувате вакви информации потребно е претходно да ги знаете фактите! Точно е дека имам земјиште, но за него се водеше постапка 9 години, а тогаш немав ништо со политика. Како и многу други мои сограѓани работев во Ирак, спечалив пари и купив земјиште, кое не е државно како што вие дезинформирате, туку е купено од приватно лице како и многу други купувачи од мојот град во тоа време кои купија имот на таа локација „Црвенки”. Ова земјиште е уредно пријавено, со документи и сите постапки како мој имот и тоа се гледа во мојата пријавена имотна состојба во ДКСК – вели Димитриевски.Тој им порача на Илиевски и Тасевска пред да излезат заеднички во јавност со дезинформации и обвинувања, потребно е подобро да се спремат.

Македонија | пред 4 години

A.Filipovski-press-30.09.2021-god.

Филиповски: Очекував повеќе почит и основно ниво на култура

Во рамки на интервјуто за „Press 24“, Александар Филиповски, кандидат за градоначалник на Општина Аеродром истакна дека е разочаран од ниското ниво на култура и обидите за манипулација со граѓаните на опозицксата ВМРО-ДПМНЕ.- Искрено, очекував повисоко ниво за овој предизборен процес. Морам да кажам дека ми е многу мило што за првпат имаме повеќе кандидати, затоа што ова значи дека граѓаните можат да слушнат повеќе понуди. Секако, квалитетот на понудите е нешто на кое ќе треба дополнително да се работи. Мислам дека она што недостасува на политичката сцена е сериозниот пристап кон изработка на програмите, односно проекти кои се доброосмислени, потребни, реални и изводливи, а не наменети да агитираат во предизборниот процес. На пример, од програмата на ДПМНЕ речиси сите проекти се невозможни или веќе реализирани. Плацевите на кои предвидуваат градинки и зелени површини, промовирани на бројните спотови, се или приватна сопственост или не се воопшто предвидени во деталните урбанистички планови. Да не се разбереме погрешно – јас невелам дека тука не треба да има градинки или зелени површини, само велам дека е невозможно ова да се вети и е срамота да се манипулира со народот на овој начин. Истото се однесува и на паркинг местата – 3000 паркинг места се 12 катни гаражи. Ова е невозможно да се реализира и финансиски и во однос на локации – освен ако не сечемезелени површини.Исто така, тоа што особено ме разочара е негативната кампања, која почна многу рано во кампањата. ВМРО-ДПМНЕ се осмели да го нападне моето семејство и компанијата која сме ја граделе со генерации и успешно се развива повеќе од 45 години. Компанија која ја вовлекоа во предизборна кампања, не размислувајќи ниту на повеќе од 100-те наши вработени и нивните семејства кои секојдневно стрепат следејќи ги дневните случувања. Навистина очекував повеќе почит и основно ниво на култура, вели во интервјуто Филиповски.

Скопје | пред 4 години

mickoski-miting-12

Мицкоски: Какво фајде од фалбите на владата кога фрижидерите се празни на народот

На овие избори не верувајте на тие кои постојано ви ветуваат работи за кои знаете дека неколку пати до сега ве изневериле, најдобро е да си верувате себеси и да донесете одлука која е значи промени, давање на шанса да изградиме една поинаква и нова заедничка иднина, рече Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот митинг во Македонска Каменица.И на почетокот, додаде тој, сакам да ви пренесам една порака која ја видов вчера на социјалните мрежи, а која крие во себе длабока вистина, која најдобро ја отсликува хипокризијата на моменталната пропаганда на власта, за тоа колку отсутно делува нивното фалење по медиумите за работите кои не се решение за проблемите на граѓаните.„Испечатиле СДСМ некаков флаер со пораки: НАТО - Попис - Честитки народе, итн. демек завршена работа. Ама досетливиот народ ја раскажал голата вистина на социјалните мрежи. Па таа порака од власта чија намена е да се пофалат ја гледаме фотографирана во фрижидер, арно ама фрижидерот празен. И морам да кажам убав флаер, ама какво фајде од такви фалби ако фрижидерот е празен. Не го говорам ова за да релативизирам тоа што сме членка на НАТО, но тоа што фрижидерите на народот им се празни е главната болка која сите нас не тишти. Им дадоа скапи реклами, ама фрижидерот кај народот празен. Тоа што инфлацијата го јаде семеејниот буџет, додека џебовите на обичниот народ се празнат, џебовите на власта, на таа тесна клика која се добрала до власт постојано се полнат“, кажа Мицкоски.Според него „тие гледаат да профитираат и на туѓата несреќа“.„Додека народот пати, додека народот живее крпен живот, тие не престануваат да крадат. Се сеќавате кога беше полниот ек на корона кризата, и кога немаше вакцини, стотици луѓе умираа дневно, од власта токмеа провизии при набавка на кинеските вакцини некоку пати поскапи од сите други“, рече Мицкоски.

Македонија | пред 4 години

brza-pomos-soobrakajka

Починаа 13 пациенти, нови 421 заболени од коронавирусот

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:• Направени се 2.900 тестирања, а регистриран е 421 нов случај на КОВИД-19:Скопје – 211, Куманово – 32, Штип - 26, Велес – 25, Кавадарци – 19, Кочани – 15, Прилеп – 13, Охрид – 12, Македонска Каменица – 9, Гевгелија – 7, Струмица, Кичево и Крива Паланка – по 6, Свети Николе – 5, Гостивар – 4, Битола, Радовиш, Берово, Виница и Демир Хисар – по 3, Кратово и Богданци – по 2, Тетово, Неготино, Ресен, Пробиштип, Валандово и Крушево – по 1.• Регистрирани сe 395 оздравени пациенти од: Скопје – 220,Куманово – 31, Струмица – 20, Охрид и Тетово – по 14, Кочани – 12, Битола – 10, Штип, Велес и Кавадарци – по 9, Кратово – 7, Кичево – 6, Гевгелија и Крива Паланка – по 5, Гостивар и Пробиштип – по 4, Прилеп и Богданци – по 3, Неготино и Пехчево – по 2, Берово, Демир Хисар, Ресен, Валандово, Струга и Македонски Брод – по 1.• Во текот на изминатите 24 часа починале 8 лица: 3 од Скопје (86г, 74г, 69г) и по едно починато лице од Кратово (88г), Велес (75г), Виница (66г), Куманово (64г) и Охрид (61г) Сите пријавени лица се починати во болнички услови.Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 5 починати лица, со датум на смрт од 06.09.2021 до 28.09.2021 година. Регистрирани се 3 починати лица од Скопје и по едно починато лице од Гевгелија и Битола, на возраст од 67 до 94 години. Од пријавените лица 2 се починати во болнички услови, а 3 во домашни услови.Направени се 2.900 тестови преку: ИЈЗ-278, ЦЈЗ Скопје-73, ЦЈЗ Битола-70, ЦЈЗ Прилеп-42, ЦЈЗ Тетово–38, ЦЈЗ Куманово-61, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-26, УК Пулмологија со алергологија –0,ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–156,Жан Митрев (Филип Втори)-65, Авицена-135, Биотек-98, Систина-61, лабораторија Лаор-98, Синлаб-13, Ремедика-23, Плодност–16, Генеа-6, Никоб лаб-220, ВФВ Медикал-28, Ели Медика-24, Ројал Медика –4, Спектра-ММ-2, Рапид Лаб – 0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.362.Досега во земјата се направени вкупно 1.333.204 тестирањана Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 195.963бројката на оздравени пациенти е 182.473, на починати е 6.888, а бројот на активни случаи изнесува 6.602.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Kовид состојба 14.10.2021 (податоците се заклучно со 13.10.2021)Новозаразени: 421Тестирани: 2.900Оздравени: 395Починати: 13Вкупно дијагностицирани: 195.963Вкупно оздравени: 182.473Вкупно починати: 6.888Активни случаи: 6.602

пред 4 години

SEP_MEDIA-14102021_4372

Димитров: За да знаеме дека европската иднина е остварлива, освен ветување потребен е и конкретен исчекор

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Никола Димитров, денеска беше говорник на панелот „Визија за Европската Унија и Западниот Балкан – Проширувањето на ЕУ на Западен Балкан: зошто е тоа критично за иднината на Европа?“, а во рамки на вториот по ред Самит на Западен Балкан што се одржува во Скопје во организација на лондонски The Economist.Главниот фокус на дискусијата беше ставен на важноста на зајакнување на односите меѓу Европската Унија и Западниот Балкан преку кредибилна политика за проширување на ЕУ со земјите од регионот, како прашање што е од клучна важност за иднината на Европа.Вицепремиерот Димитров посочи дека за остварување на визијата за заедничка европска иднина потребни се функционален процес на пристапување и силно политичко ветување надополнето со конкретен исчекор.„Доколку проширувањето се изземе од односите меѓу Европската Унија и регионот, тогаш на сцена доаѓаат други алтернативи какви што имавме во 90-тите години, кои не носат мир, просперитет и стабилност. Ангажирањето на ЕУ за овој регион да стане навистина европски, во градењето силни демократии, владеење на правото и справување со корупцијата е многу поисплатлива инвестиција отколку неговото занемарување. За враќање на надежта на граѓаните дека европската иднина е остварлива, покрај политичко ветување потребен е и конкретен исчекор. Комплетирана Европска Унија со земјите од регионот значи подобра и посилна Унија, ние сме дел од европската куќа. Мораме да работиме на надминување на економскиот јаз и да најдеме механизам да го одржуваме процесот на трансформација“, нагласи Димитров.Тој додаде дека за европското досие на Северна Македонија има согласност од сите земји членки на ЕУ, со исклучок на Бугарија поради што повика на одговорност и лидерство.„Европската Унија е сложен ентитет и сите напори и заложби за креирање функционална политика на проширување можат да бидат блокирани со противење од една земја, и тоа од причини кои не се во согласност со европските вредности на кои се заснова процесот. Во однос на Северна Македонија, постои согласност од сите земји членки на ЕУ дека условите за почеток на пристапни преговори се исполнети и немаат никакви дилеми дека е крајно време тоа да се оствари – дури и од оние кои се најстриктни во тој поглед. Затоа е потребно Бугарија да преземе одговорност и да покаже лидерство за градење на заедничката иднина. Треба да постигнеме прифатливо решение во согласност со европските стандарди и вредности, кое ќе го почитува достоинството на македонските граѓани. Да се биде земја членка на ЕУ не подразбира дозвола за поставување секакви услови – тие мора да се согласно европските вредности, ако зборуваме за пристапниот процес“, подвлече вицепремиерот.На панелот учествуваа и поранешниот грчки премиер Јоргос Папандреу – актуелен претседател на Социјалистичката интернационала, поранешниот германски вицеканцелар и МНР Јошка Фишер и ЕУ-амбасадорот Дејвид Гир.

Македонија | пред 4 години

koronavirus-korona-kovid-test

Вкупно во 473 училишта ќе се прави скрининг за Ковид-19

Во рамките на активностите за превентивни тестирања со цел рано детектирање и превенција од Ковид-19 во основните и средните училишта, Министерството за здравство ќе спроведе скрининг со брзи антигенски тестови, во кој ќе бидат опфатени 8.178 ученици во рамките на 80 општини и градот Скопје.Како што информираат од Министерството, по претходно добиена писмена согласност од страна на родителите или старателите на учениците, тестирањата, кои ќе почнат од следната недела, ќе опфатат вкупно 364 основни и 109 средни училишта во државата.Собирањето согласности за тестирање на учениците во училиштата почнува oд денеска и надлежните апелираат родителите да го поддржат процесот.„Министерството за здравство скринингот во училиштата ќе го реализира по извршен случаен избор на ученици, а тестирањето ќе го прават здравствени работници, кои ќе ги тестираат учениците во самите училишта, во просторија одредена од страна на училиштето. Тестирањето трае помалку од една минута, тоа е безболно и безбедно и е како секое земање брис од грло или носна шуплина“, се наведува во соопштението.Од Министерството нагласуваат дека скринингот во училиштата ќе овозможи да се добијат релевантни податоци за можното асимптоматско ширење на Ковид-19, односно дали тој се шири во училиштата и каква е трансмисијата.Најмногу тестирања ќе бидат спроведени во општините Тетово – 546, Куманово – 489, Битола – 378, Прилеп – 309 и Гостивар – 296.А во рамките на училиштата на општините и градот Скопје скринингот ќе опфати 766 ученици.Министерството за здравство апелира до родителите и старателите да дозволат учениците да учествуваат во превентивното тестирање со цел да се добијат релевантни податоци за трансмисијата на Ковид-19 во училиштата.

Македонија | пред 4 години

42528638_2159192220965800_8350112581788106752_n

Повреден работник од Скопје – завршил во болница со тешки повреди

На 13.10.2021 во 15.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека Д.К.(26) од Скопје, при извршување работни задачи во фирма на подрачје на Кисела Вода, паднал и се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“. Се работи на расчистување на случајот.

Скопје | пред 4 години

policija-3-640x382

Ограбена аптека во Аеродром

Разбојник ограбил аптека во скопската населба Аеродром.Според информациите на МВР, вчера во 21:44 часот во СВР Скопје било пријавено дека во аптека на бул. Јане Сандански едно лице ѝ се заканило на вработената и украло пари.Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 4 години

Gradenje

Кривична за дебранец, градел на државно земјиште

ОВР Дебар поднесе кривична пријава против З.К.(61) од дебарското село Отишани, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „узурпација на недвижности“ и „бесправно градење“. Тој, на државно земјиште во селото со површина од 75 метри квадратни, неовластено и спротивно на Законот за градба започнал да гради деловен објект.

Македонија | пред 4 години

traktor-1

Почина земјоделец од с. Караорман, се превртел со тракторот

На 13.10.2021 во 22.06 часот во СВР Штип, било пријавено дека во 21.50 часот во атар на с.Стар Караорман, штипско, бил пронајден починат К.Ц.(43) од с.Стар Караорман. Според пријавеното, околу 16.00 часот тој отишол да врши земјоделски работи со трактор, при што се превртел и починал. Смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош Штип. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Штип, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството.

Македонија | пред 4 години

taksi

Кривична за скопјанец, немал лиценца за такси превоз

Одделението за прекуграничен криминал, миграции, реадмисија и странци Гевгелија поднесе кривична пријава против А.Д.(36) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување лиценца” предвидено и казниво по член 284-а од Кривичниот законик. На 28.09.2021 околу 18.30 часот, на влезот во Гевгелија, полициски службеници од Полициската станица Гевгелија, при контрола на патничко возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, управувано од пријавениот, констатирале дека не поседува лиценца за вршење на авто-такси превоз и сертификат за авто-такси возач, а во возилото биле затекнати две лица државјани на Р.Куба.

Скопје | пред 4 години

soobrakajka-696x463-312863

Украл автомобил и со него направил сообраќајка

Скопјанец украл автомобил, пo што со него направил сообраќајка.На 13 октомври попладне на скопската улица „Пролет“, полицијата го уапсила Б.Д.(46), поради сомнение дека на 11 октомври на булеварот „Борис Трајковски“ одзел автомобил „хјундаи“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Т.Н. од Скопје. Подоцна истиот ден, во скопско Ново Село, разбојникот со одземеното возило удрил во автомобил „цитроен берлинго“, сопственост на К.М. од Скопје и избегал. Тој е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Скопје | пред 4 години

2-3

Ана Петровска на изложба на мурали во напуштена фабрика за бакар

Зелен хуман град, Ана Петровска и Хајди Секвенц, советничката во Виена од Австриските Зелени, на изложба на мурали во Купрум – напуштена фабрика за бакар, кајшто купивме билет за зелена и хумана иднина.Во сегашноста, објектите на историското еколошко жариште – фабриката за производство на бакар Купрум во населбата Хром пропаѓаат, бидејќи не се решени имотно-правните односи. Земјиштето и објектите се делумно во државна, делумно во привата сопственост, а еден дел влегуваат во стечајната маса на поранешната фабрика.Овој простор како да ги повикува младите и уметниците да создаваат зелени иновации и уметност. Шетајќи покрај прекрасните мурали насликани на ѕидовите, Хајди Секвенц одушевено коментираше: „Овој простор има специфичен карактер, објектите не смее да се срушат и на нивно место да се градат станбени згради!“Градот Скопје и општината Ѓорче Петров мора овој простор да го трансформираат во младински центар. Да се формираат зелени стартапи, занаетчиски работилници, помеѓу другото и за поправка на домашни апарати и мебел. На просторот може да се организираат изложби, концерти и други културни настани.Напуштените индустриски објекти, стоваришта, културни домови, училишта, месни заедници, мора да се ревитализираат и пренаменат во јавни простори со многу зеленило и нови паркови. Само така Скопје ќе биде зелен и хуман град.

Скопје | пред 4 години

janevski

Какво Ѓорче ќе создадеме, во такво ќе живееме, вели Јаневски

Кандидатот за градоначалник за општината Ѓорче Петров д-р Љупчо Јаневски во интервјуто за Вечер Пресс ја истакна потребата од вистински личности на чело од општините.Созреано е времето кога треба да отпочнеме со поставување и кандидирање на професионалци кои ги разбираат потребите на жителите во општините и проблемите со кои се соочуваат. Да отпочнат реформи во подигање на капацитетите и професионалноста на човечките ресурси и нивна систематизација со цел подигајки ја ефикасноста и сервисот за кој граѓаните плаќаат преку даноците и другите услуги. Должни сме да создадеме иднина за младите и нивен професионален развој и длабоко сум убеден дека промените одлучно треба да започнат на локално ниво. Затоа сега е вистинското време со создавање на трајни вредности во општините преточени водолгорочни развојни стратегии кои ќе преставуваат патоказ за сите кои ќе застанат на чело на општините и менаџираат . Градоначалниците се во сервис на жителите од општината, а не обратно и таа перцепција мораме да ја измениме.Во нашаат општина имаме повеќе од педесет доктори по науки, повеќе од стотина магистри, истакнати интелектуалци, експерти, спортисти и други кој ги повикувам заедно да изградиме општина со која ќе се гордееме. Ѓорче во кое ќе сакаат да се доселуваат не дека квадратот е ефтин туку затоа што нуди услови како повеќе европски општини со среден лик и се на дофат. Ѓорче во кое скопјани ќе посетат туристички локации, ќеуживаат во зеленилото, пиењето кафе, уметноста и муралите по зградите. Општина која ќе сакате да подзастанете кога ќе влегувате во градот а не како сега да имате чувство дека градот почнува од Порта Влае.Се ова треба да го направиме заедно и секој да се истакне во своето поле а општината да биде отворена за ѓорчевци кои со своите предлози преку стручните совети и советниците ќе креираат политики за развој на Моето,Твоето и Нашето Ѓорче.. Јас верувам во Ѓорчепетровци и духот на победници кој треба да го разбудиме повторно во нас и во недела да излеземе масовно на гласање бидеки „КАКВО ЃОРЧЕ ЌЕ СОЗДАДЕМА ВО ТАКВО ЃОРЧЕ ЌЕ ЖИВЕЕМЕ“!

Скопје | пред 4 години

Screenshot-2021-10-11-112606

Што прво Петровска ќе направи како градоначалник на Град Скопје

Ана Петровска за тоа што прво ќе направи како градоначалничка:„Ќе започнеме со три процеси.Прво, решавање на цврстиот отпадот: за 3 месеци решавање на подигањето на комуналниот отпад; за 6 месеци селектирање и компостирање на отганскиот отпад, за да се намали обемот и испуштањето метан на депониите; за 9 месеци чистење на депониите, обезбедена техничка документација за Вардариште, формализирање на неформалните собирачи и нивно санкционирање за палењето гуми, кабли и мебел.Второ, носење нов ГУП за да се воведе ред во урбанистичкото планирање и да добиеме хумани соседства со многу зеленило и одржлив транспорт.Трето, отворање нови зелени работни места.“

Скопје | пред 4 години

Nikoloski

Николоски: Глас за помалите политички партии или неизлегување на гласање е глас за Заев

„Очигледно моето доцнење покажува со какви инфраструктурни проекти се соочува Битола, но исто така покажува колку власта се сеќава да работи само пред избори. Гледаме дека цела Битола е раскопана сега предизборно дека сега практично не може да се влезе во градот, дека бројни улици се исто така раскопани и се прават инфраструктурни зафати, верувајќи дека на тој начин ќе убедат дел од луѓето да гласаат за нив, но во суштина револтот мислам дека ќе е многу поголем од она што го очекуваат и власта ќе биде казнета на овие избори“, нагласи потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски при средба со граѓани во Битола.Николоски додаде дека граѓаните многу добро се сеќаваат дека едно помошно црево беше единствената инвестиција во Битола, паралелно со една шаховска табла и неколку други на раб на смешни проекти кои што се промовираа изминативе четири години.„И затоа не можат вакви инфраструктурни зафати да убедат никого, можат само да направат да сите ние доцниме на настаните кои што ги имаме“, рече Николоски.Николоски ги повика граѓаните во недела масовно да излезат и да гласаат на избори.„Ќе ми дозволите да ги повикам сите масовно да излезат во недела на избори, затоа што само со гласање се менуваат работите. Позната е онаа изрека дека добрите луѓе кои што остануваат дома ги бираат лошите политичари, и затоа јас ги повикувам добрите луѓе да излезат и да ги изберат добрите политичари“, истакна Николоски.Николоски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ има одличен тим, одличен кандидат за градоначалник на Битола, одлична советничка листа.„Промените може да ги направат само ВМРО-ДПМНЕ. И затоа ги повикувам сите оние кои што се револтирани да излезат и да гласаат за Тони Коњановски. Затоа што глас за помали политички партии или останување дома е практично глас за Зоран Заев“, нагласи Николоски.

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања