Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

IMG_20211003_192825_353

Данела: Ве повикувам сите сите вас кои сте разочарани од политика да се обединиме и бориме за Скопје

Како независен кандидат, Данела Арсовска е благодарна за поддршката од партиите ВМРО-ДПМНЕ, Алијансата на Албанците, Алтернатива и сите останати партии, движења, невладини организации. Таа ги повика граѓаните во недела да бидат уште пообединети за една цел – современо и модерно Скопје.„Ве повикувам сите сите вас кои сте разочарани од политика, кои никогаш не сте излегле на гласање, вие што сте изгубиле надеж, што сте гласале за власта која ве разочарала, да се обединиме, да се бориме за модерно Скопје и да ме поддржите мене во оваа битка. На чекор сме до успех за Скопје да не е повеќе политика, туку да е град со кој ќе се гордееме. Во недела вие ќе одлучите за иднината на Скопје“ – упати порака Арсовска до сите граѓани на Скопје.

Скопје | пред 4 години

darko15102021

ВИДЕО: Велимир Смилевски си ги пакува своите куфер, му порача противкандидатот за Бутел

Велимир Смилевски си ги пакува своите куфери. Велимир Смилевски е сигурен во пораз и затоа денеска на само еден ден пред изборниот молк, тој носи одлука на Совет за јавно приватно партнерство за уличното осветлување.Внимавајте, 22 милиони денари пари на граѓаните од општина Бутел, тој сака да ги даде на приватна фирма сигурно блиску до него заради тоа што знае дека тој ќе биде градоначалник до 17ти до недела.Ова е голем скандал. Скандал кој што треба да биде казнет масовно од сите граѓани на општина Бутел за криминалците кои што се позади мене да си заминат во темната страна на историјата. И ви велам на сите, дека за ова дело, за ова понижување и крадење на граѓаните на општина Бутел ќе има одговорност за сите, и за тие кои што ја донесоа одлуката во Советот, за Велимир Смилевски кој што само за еден ден ќе стане историја.Со ова тој уште еднаш потврдува дека е сигурен во поразот и затоа на само два дена пред изборите и еден ден пред изборниот молк носи ваква срамна одлука каде што гарантираме дека од блиска приватна фирма дека ќе дава 22 милиони денари годишно пари на граѓаните.Да сте живи и здрави, одиме во голема победа и ќе има одговорност.

Скопје | пред 4 години

IMG_9372

ФОТО: Едни од најубавите графити во Скопје!

Фото-приказна за скопските графити.

Скопје | пред 4 години

partizanska-brza-pomos-914

413 нови случаи на Ковид-19, деветмина починати

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 3.025 тестирања, а регистрирани се 413 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 205, Куманово – 37, Велес – 20, Прилеп – 19, Битола – 15, Штип – 14, Кавадарци – 12, Пробиштип – 9, Тетово, Охрид и Гевгелија – по 8, Кичево и Кочани – по 7, Струмица – 6, Свети Николе, Крива Паланка и Делчево – по 5, Македонска Каменица – 4, Струга, Неготино, Радовиш и Кратово – по 3, Богданци и Демир Хисар – по 2, Гостивар, Берово и Пехчево – по 1.Регистрирани сe 309 оздравени пациенти од: Скопје – 137, Куманово – 27, Штип – 20, Битола – 14, Кавадарци, Кочани и Свети Николе – по 12, Велес – 11, Тетово – 9, Прилеп – 8, Крива Паланка – 7, Охрид – 6, Виница – 5, Гевгелија и Струмица – по 4, Струга , Неготино, Кратово, Ресен и Валандово – по 3, Демир Хисар и Крушево – по 2, Пробиштип и Радовиш – по 1.Во текот на изминатите 24 часа починале 9 лица: 4 починати лица од Скопје (74г, 73г, 72г и 28г), 2 починати лица од Велес (86г и 74г) и по едно починато лице од Кавадарци (65г), Пробиштип (55г) и Штип (71г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, пријавени се уште 4 починати лица, со датум на смрт од 06.10.2021 до 09.10.2021 година. Регистрирани се по едно починато лице од Куманово, Струмица, Кичево и Гостивар, на возраст од 57 до 84 години. Од пријавените лица 2 се починати во болнички услови, а 2 во домашни услови.Направени се 3.025 тестови преку: ИЈЗ-274, ЦЈЗ Скопје-66, ЦЈЗ Битола-59, ЦЈЗ Прилеп-34, ЦЈЗ Тетово–28, ЦЈЗ Куманово-55, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-1, лабораторија болница Козле-18, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–150, Жан Митрев (Филип Втори)-72, Авицена-130, Биотек-264, Систина-62, лабораторија Лаор-107, Синлаб-8, Ремедика-7, Плодност–32, Генеа-8, Никоб лаб-348, ВФВ Медикал-32, Ели Медика-42, Ројал Медика –20, Спектра-ММ-0, Рапид Лаб – 0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.208.Досега во земјата се направени вкупно 1.336.229 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 196.376 бројката на оздравени пациенти е 182.782, на починати е 6.901, а бројот на активни случаи изнесува 6.693.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 85758, Активни 3372Куманово 11816, Активни 552Тетово 10899, Активни 169Прилеп 9202, Активни 204Гостивар 7986, Активни 65Битола 7229, Активни 191Велес 6485, Активни 311Кавадарци 6073, Активни 161Охрид 6061, Активни 208Штип 5913, Активни 205Струмица 5828, Активни 186Кичево 4036, Активни 137Струга 3813, Активни 60Кочани 3382, Активни 124Гевгелија 2476, Активни 67Неготино 2335, Активни 22Свети Николе 1952, Активни 88Радовиш 1559, Активни 62Ресен 1547, Активни 41Крива Паланка 1519, Активни 119Дебар 1451, Активни 22Берово 1218, Активни 15Делчево 1132, Активни 46Виница 1062, Активни 40Пробиштип 953, Активни 41Валандово 833, Активни 15Кратово 615, Активни 50Богданци 566, Активни 19Крушево 536, Активни 11Македонски Брод 476, Активни 11Демир Хисар 463, Активни 32Демир Капија 410, Активни 1Македонска Каменица 336, Активни 44Пехчево 316, Активни 1Дојран 140, Активни 1

пред 4 години

Screenshot-2021-10-15-at-14.40.40

Тоновски: Активирана банкарската гаранција за „Шпански скали“ ‪100.000‬ евра влегоа во буџетот на општина Центар

„Општина Центар ја активираше банкарската гаранција кон фирмата „Амадеус девелопмент“ за изградбата на шпанските скали кои требаше да се градат овде на плоштадот. Активирањето на гаранцијата доаѓа откако фирмата не ги исполнила своите обврски согласно дадените рокови во Договорот односно не почнале изградба на објектот најдоцна до 12 август 2017, ниту го изградиле објектот најдоцна до 12 август 2021 година“, вели Оливер Тоновски, кандидат за член на Советот на Општина Аеродром.„Согласно договорот, ако купувачот не исполни дел од обврските од договорот и не ги испочитува роковите, договорот од страна на продавачот се раскинува и земјиштето се враќа во негова сопственост, односно во сопственост на Општина Центар. На овој начин во Буџетот на општина Центар влегуваат над шест милиони денари или 100.000 евра, пари од банкарската гаранција. Овие 100.000 евра ќе бидат искористени за нови проекти важни за граѓаните на нашата општина. Почитувани, ја заштитивме оваа парцела од налудничавиот проект Скопје 2014 и скалите кои немаа никаква намена освен да го сокријат влезот на Градскиот трговски центар. Продолжуваме да работиме одговорно, домаќински и посветено за Центар“, додава Оливер Тоновски, кандидат за член на Советот на Општина Аеродром.

Скопје | пред 4 години

IMG_3463

20 проценти поскапи угостителски и хотелски услуги!

За околу 20 проценти ќе поскапат цените на хотелските и угостителските услуги следниот период информираат од ХОТАМ. Но не очекуваат дека поради тоа ќе се откажуваат резервации или дека ќе има намалување во бројот на хотелските гости. Сепак велат 2022-ра ќе биде година на преживување.Во време на инфлација кога цените на сите продукти и во сите сфери неконтролирано растат, неизбежно и очекувано е тоа да се случи и во овој сектор, велат од Организација на работодавачи. Но со растот на цените на услугите ќе треба да растат и платите на вработените.Туризмот веќе втора година е во криза поради пандемијата со коронавирусот, а летните сезони во туристичките центри во поголем процент се потпираа на ваучер системот на летување кој според хотелиерите во одредена мера досега се покажал како ефикасен.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-10-15-at-14.23.18

(ВИДЕО) Стевоски: Гласот за мене е глас за промена, бидејќи досега се креваа раце и нозе во Советот за тоа што ќе се договарат партиите

Независниот кандидат за советник во Општина Охрид, Стевче Стевоски кој има и своја листа на советници, повика охриѓани да го гласаат во недела, за да го сметан гласот и сето тоа што се случувало изминативе 30 години. Стевоски посочи дека досега, членовите на Советот на Охрид не воделе грижа за градот. Тој е спремен да биде гласот на граѓаните за да повеќе никој не манипулира со нив, па затоа ги повика сите да гласаат за бројот 38 на овие избори, на листата за советници.„30 години дозволивме од Охрид да се краде за да се богатат поединци, да се ветува и неостварува. 30 години гледаме апатија, стагнирање, проблеми без решенија. 30 години не гледаме одговорност, ниту грижа. Во Советот на Охрид, се креваат раце и нозе за се што партиите ќе се договорат, а не за тоа што на граѓаните им треба. Далеку од нашите очи се гласаше се што им одговара на мала група луѓе, а не се што нас ќе ни донесеше подобро утре. По еден советник од секој состав досега да реагираше барем по еднаш кога имаше непотребни трошоци и распределба на пари за лично богатење, сега немаше општината да ни биде куќа без кров. Немаше да бидеме застанати во времето. Охрид ќе беше град каде секој еден од нас ќе сакаше да живее, а не да гледаме како ни се иселуваа деца и внуци“, рече Стевоски.На овие избори, вие гласате и вие менувате, посочи Стевоски и додаде: „Се кандидирав за да не дозволам никој да не прави будали при мозок, да не лаже и манипулира при свест, да не осакатува при можност тоа да го промениме. Знаете дека како полициски службеник застанав на пат на стотици криминалци и за тоа трпев последици. Ништо не добив, ама го спроведов законот. Истото ќе го направам и сега, ќе се жртвувам себеси за сите ние заедно да имаме подобро утре!“„Верувајте дека дадениот глас за мене, не е загубен глас. Туку глас за промена која заедно ќе ја донесеме. Заокружете број 38 за мене, Стевче Стевоски. Не би дозволил да одам со наведната глава и да ви ги изневерам очекувањата. Ќе се борам за вашите интереси, како ваш претставник!“, кажа Стевоски.

Македонија | пред 4 години

KaevskiDarko

Институциите да проверат како Каевски на 30 години има стан и 4 милиона во банка, бара ВМРО-ДПМНЕ

„Институциите да проверат како Каевски на 30 години има стан и 4 милиона во банка, дали е тоа причината за која им должи на Заеви, па мора да лаже на пресови? Каевски на само 30 години има сопствен стан за кој што како што навел во анкетниот лист го купил во 2020 година од свои лични пари, и 4 милиони денари во банка. Како успеал Каевски на само 30 години да се стекне со имот од над 125 илјади евра?“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Каевски е функционер само 5 години, а платата му е околу 1.000 евра, и целата плата да ја штедел и да не трошел за храна и живеење ќе соберел само 60.000 евра. Од каде му се остатокот од 65.000 евра? Каевски треба сериозно да одговори од каде му се парите. А институциите да не молчат и да постапат веднаш. А, за крадење струја нека си го праша таткото на шефот свој Панче Заев, кој е правосилно осуден за кражба на струја“, додаваат оттаму.

Македонија | пред 4 години

Kradec

Фатени тројца крадци од Скопје, украденото вратено кај газдите

На 13.10.2021, полициски службеници од ЕВР Аеродром и Драчево ги лишиле од слобода А.Ќ.(38) од Скопје и И.С.(40) и Т.С.(42), двајцата од с.Црешево, скопско, поради сомнение дека во повеќе наврати извршиле кражба во објект во изградба на бул.„АСНОМ“ во Скопје.Со нив бил извршен разговор, а дел од украдените предмети биле пронајдени и вратени на сопствениците. По целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Скопје | пред 4 години

B6FF44BA-C775-40A5-A72C-00F0CA0149FE

Скопјани можеби и ќе имаа шанса да видат некој проект од Шилегов, ако не беше преокупиран со криминал и крадење, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Петре Шилегов не направи 4 години ништо за Скопје, затоа што беше зафатен со кревање на два ката дивоградба на зградата во Карпош и правење на хациендата во Маврово. Шилегов можеби и ќе покажеше некаков квалитет, ако не беше зафатен на билдање на своето станбено портфолио“, стои во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на Градската организација на СДСМ.„Можеби и ќе имаше проекти, ако Шилегов не местеше тендер од 300.000 евра за Варшавска. Некој проект можеби и ќе беше реализиран да не требаше да се плаќа 900.000 евра повеќе за противпожарно возило со скала. Скопјани можеби и ќе имаа шанса да видат некој проект од Шилегов, ако не беше преокупиран со криминал и крадење“, додаваат оттаму.

Скопје | пред 4 години

darko-kaevski

Данела не може со една сала да управува, Расадник е срамно оставена руина од семејните фирми, обвинува Каевски

„Освен што не плаќала струја, Данела Арсовска со нејзините и семејните фирми ја оставила салата Расадник како руина, целосно запуштена. Фирмата на Данела Арсовска „Империјал Данела“ ДООЕЛ Скопје, понатаму „Империјал“ ДООЕЛ Скопје во 2002 година потпишала договор за закуп на спортската сала „Расадник“ зад мене“, вели Дарко Каевски, пратеник на СДСМ.„Еве го договорот што Данела Арсовска го потпишала на десетти јануари 2002 година за закуп на салата за месечна закупнина од 1.000 евра месечно плус ДДВ. Со членот 4 од договорот фирмата на Данела се обврзала да ја реновира кровната конструкција, да го смени паркетот на теренот, да ги реновира соблекувалните и да го уреди просторот околу салата.Овој договор почитувани има и Анекс со кој се надополнува членот четири каде се додаваат и хотел со 24 легла, пет терени за сквош, фитнес центар, отворен базен, помошни објекти и петнаесет бунгалови. Ништо од ова како што гледате не е направено. Што правела Данела Арсовска 20 години со оваа спортска сала? Ова е потврда дека Данела не може да управува ниту со една сала. Данела не може да управува ниту со сала а најмалку со град. Со неа на чело на Градот, и Скопје би бил запуштен и запоставен како оваа сала. Граѓаните тоа го знаат и затоа во недела нема да дозволат Арсовска да дојде на позицијата градоначалник. Скопјани не сакаат градот да им стане риуна и затоа Данела ја чека уште еден пораз. На 17 октомври, во недела, граѓаните ќе заокружат 12 за Петре Шилегов и за советничката листа предводена од доктор Софија Пејкова. Во недела граѓаните ќе заокружат број 12 за Скопје да остане во сигурни раце, за да продолжи да се развива и во следните четири години“, вели Дарко Каевски, пратеник на СДСМ

Скопје | пред 4 години

shilegov-11

Град Скопје реагира на Левица: Неосновани и паушални обвинувања за работата на градот

Град Скопје реагира на соопштението на политичката партија Левица со неосновани и паушални обвинувања за работата на градот.„Град Скопје секоја година распишува јавни повици (набавки) за реализација на проекти и кампањи, од аспект на промоција на активности и реализација на кампањи од јавен интерес. Финансиските средства за оваа намена се планираат во годишните буџети, планови за јавни набавки и програми за работа на Град Скопје, а се однесуваат за континуирано инфомирање на јавноста за градските активности и проекти.Во 2021 година Град Скопје распиша јавен повик за Подготовка и имплементација на промоција на кампањи за посебни проекти за активностите на Градот Скопје, каде преку електронска аукција избрана е компанијата Друштво за маркетинг ЊУ МОМЕНТ ЊУ ИДЕАС КОМПАНИ ДОО Скопје. Целосната вредност на договорот изнесува 6.779.552 денари без ДДВ, но бидејќи набавката е рамковна не значи дека ќе бидат потрошени сите финансиски средства предвидени во договорот.Градот Скопје има потреба да комуницира со граѓаните за подигнување на јавната свест за: користење на велосипеди, информации за субвенции, заштита на животна средина, правилно одложување на отпадот, активностите за намалување на аерозагадувањето (кампањи против палење стрништа, спречување на огнови на отворено, чистењето на оџаци), промоција на активности за здрави животни навики (Скопје вежба), промоција на културни манифестации, како и одбележување на значајни датуми од историјата на градот.Овие активности, избраната компанија ги реализира преку закуп на медиумски простор, билборди, огласи, летоци и нивна дистрибуција и сл“, стои во реакцијата на Град Скопје.

Скопје | пред 4 години

w_55971908

Во Македонија за два месеци: 233 вакцинирани пичинале, 10.066 повторно заболеле

Министерството за здравство ја објавува анализата на вакцинирани, од позитивни случаи со Ковид 19, во период од 6 август заклучно со 14 октомври.“За вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина. Во период од 06.08 до 14.10.2021 на територија на државата 40.208 граѓанин, се позитивни од тестирани на Ковид 19, од нив 25% биле целосно вакцинирани, односно 10.066 лица. Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со Ковид 19. Според статистика за изминативе два месеци, 30.142, граѓани, односно 74,9% од позитивните на Ковид 19 не биле вакцинирани. Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 79%, додека само 21% од сите моментално хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани”, велат од МЗ.“Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата. Во период од 6.08 до 14.10.2021 на територија на државата починале 1382 пациенти со Ковид 19, 1149 пациенти од починатите, односно 83% не биле вакцинирани, а само 17%, односно 233 примиле вакцина. Според анализите починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас.Министерството за здравство укажува на важноста на вакцинација, секоја вакцина која ја имаме на располагање е безбедна. Апелираме граѓаните да се вакцинираат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на СарсКов2”, додаваат оттаму.

пред 4 години

50FA5EA3-2B06-40F2-982F-B046F4F963BA

Три милиони евра за семејната фирма на Цанде, обвинува Стоилковски

“Семејната фирма на Александар Филиповски- Цанде, кандидатот на СДСМ за Аеродром, од буџетот зема речиси три милиони евра! Три милиони евра од буџетот за фирма на кандидатот на СДСМ за Аеродром”, вели Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Тој додава:“На два дена пред крајот на кампањата медиумите објавија за набавка вредна 2.9 милиони евра набавка од ЈП „Македонија пат“ на возила за чистење снег од „Технокомерц“, семејна фирма на Александар Филиповски - Цанде .Ова дава точен показател за улогата и идејата што сака СДСМ да продолжи да прави во Аеродром и насекаде низ Македонија, бизниси за семејни фирми со пари од јавниот буџет! Тоа е СДСМ тоа е таа матрица која што не се менува!Со СДСМ нема друго, со Цанде не може поинаку, нема кандидат од СДСМ што не знае подруго од ставање раце во јавниот буџет! Та нели Заев избира луѓе што личат на него!Почитувани,ЈП „Македонија пат“ купува возила за чистење снег од семејната фирма на Филиповски – Цанде, кандидатот на СДСМ за Аеродром,„Технокомерц“.Сумата е 177 милиони денари 2,9 милиони евра! „Македонија пат“ соопштува дека набавката е направена „по подолг период“, а нема одговор зошто сега, кога Филиповски е во кампања.Според информациите, парите на „Македонија пат“ и се пуштени од Владата, од ланскиот буџет, а набавката е направена без електронска аукција. Добиени биле две понуди со иста вредност, ама одбрана е фирмата на Филиповски. Фирма во рацете на лица - политичари од транзицијата, татко и чичко на Цанде, пари од буџетот за семејната фирма каде стои потписот на братучед на Цанде Филиповски.Пари од буџетот, на сметка на Филиповски, а тој тера кампања.СДСМ ви го нуди Цанде, којшто во очи на избори од буџетот на семејна фирма му легнуваат речиси 3 милиони евра! Всушност Цанде Филиповски добил 3 милиони евра за да финансира кампања! Поинава логика нема. Прашањето е, што се Цанде Филиповски треба да направи за да се оддолжи на спонзорите?Почитувани,СДСМ го опустоши Аеродром четири години, скандалозните тендери и набавки ја згрозија јавноста, како онаа набавка од 300 евра за метар даска.Ова не е ништо поразлично од скандалот во Битола, со договорите со РЕК Битола, ова не е ништо поразлично од било каде во Македонија и кандидатите на СДСМ.Нема полошо од СДСМ, ниту за Аеродром, нема полошо од СДСМ за било каде во Македонија”.

пред 4 години

zaev-maksim-dimitrievski

СДСМ го покани Максим на митигнот во Куманово: Повели вечер да видиш што е најдоброто

СДСМ преку објава на нивната страница на „Фејсбук“ го покани независниот кандидат Максим Димитриевски на нивниот денешен митинг во Куманово. Ваква покана добива бидејќи тој сам се кандидираше на изборите, откако СДСМ до последен момент не го објавуваше кандидатот за овој град, по што се скараа меѓусебно.„Повели Максим, вечерва од 20.00 часот на плоштадот во Куманово да видиш што е величествен град, величествен настан, да видиш што е горд кумановски и македонски народ. Повели Максим да чуеш како ечи #НАЈДОБРОТО. Што се однесува до твојата лажна загриженост за привремено остранета канделабра на кумановскиот плоштад, за што пишуваш на фејсбук, НАЈДОБРОТО ти порачува - после величествениот настан истата ќе биде на своето место, а после победата на Оливер Илиевски нашето Куманово ќе добие и многу многу повеќе од тоа: ✅Модерен плоштад и шеталиште. ✅Подземни сообраќајници и паркиралиште. ✅Нов партерно уреден кеј. ✅Две нови градинки. ✅Реконстриуиран градски стадион. ✅Обновена Спортска сала. ✅Комплетно зазеленување на градот. ✅Вело парк. ✅4 затворени спортски игралишта. 👉И тоа не е се! Повели Максим вечер да чуеш што е најдоброто за Куманово!“, напишаа од СДСМ.Засега, нема став од Димитриевски дали ќе отиде на митингот.

Македонија | пред 4 години

presuda

(ВИДЕО) Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за Гази Баба бил осуден на казна затвор за продажба на дрога, обвини СДСМ

„Бобан Стефковски кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Гази Баба е осудено лице и бивш затвореник“, обвини Биљана Муиќ.Во 2002 година Стефковски е осуден на казна затвор од три месеци поради сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанци“, односно продажба на дрога. Еве ја пресудата со која се потврдува кривичното дело на Стефковски“, додаде портпаролка на ОО СДСМ Гази Баба.Во останатиот дел на прес-конференцијата додаде:„Тоа што Стефковски пред десет дена извадило уверение и покрај тоа што ова народски се вика уверение за неосудуваност, всушност е уверение дека во моментот на издавање на уверението против лицето не се води кривична постапка, што не значи дека порано не бил осудуван.Неговата казна според Кривичниот законик, како и за сите осудени лице, по законски определен период се брише, но повторно, ова не значи дека во 2002 година одина не бил правосилно осуден за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанци“Еве ја понудата за градоначалник на Гази баба на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски.Ова е уште еден доказ во ВМРО-ДПМНЕ нема никаква промен, тоа е истата криминално режимска матрица од времето на Никола Груевски.Понудата на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалници е составена од старти ликови, луѓе на Груевски луѓе за кои постојат судски пресуди за сторени кривични дела.Со ваква понуда, ВМРО-ДПМНЕ убедливо губи овде во Гази Баба. Граѓаните на Гази Баба нема да дозволат поранешни затвореници да ја водат општината и да управуваат со народни пари.Со СДСМ и Борис Георгиевски граѓаните се на сигурно, работата дека има континуитет. Знаат дека проблемите продолжуваат да се решаваат. На 17-ти октомври со пенкалото во рака да гласаме за бројот 12 и да го одбереме најдоброто. Да кажеме НЕ на криминалот и криминалците од ВМРО-ДПМНЕ. Во недела граѓаните ќе заокружат 12 за Борис Георгиевски и за советничката листа на СДСМ и Коалицијата, за да продолжи развојот на Гази Баба“.

Скопје | пред 4 години

aleksandar-stojkoski

(ВИДЕО) Стојкоски: Промените ги носиме сите ние, заокружете 7 за модерно, хумано и модерно Ѓорче!

Промените ги носиме сите ние, јас како кандидат, вие како избирачи, порача Александар Стојкоски кандидат за градоначалник на Ѓорче Петров од ВМРО-ДПМНЕ. Тој на жителите од општината им посочи дека тие за него не се само дел од Избирачкиот список, по што потенцираше дека во недела, заедно да ги донесат промените во Ѓорче Петров, со гласање за бројот 7, за него како кандидат за градоначалник и советничката листа предводена од доктор Ленче Нелоска.„Имав можност да ве посетам, да ве видам, слушнам и да ги почувствувам реалните проблеми со кои секојдневно се соочувате во вашите животи. Силно се обврзувам, пред се да бидам Ваш добар пријател а потоа и градоначалник за сите. На овие локални избори, излегов со програма која има над 200 проекти, кои ги засегаат сите елементи од функционирањето на Општина Ѓорче Петров. Од комунални, инфраструктурниот дел, од делот за згрижување на деца, делот за помош на загрозените категории, делот кој го опфаќа функционирањето на пензионерите како наша највозрасна категорија граѓани“, рече Стојкоски.Тој во неговото обраќање посочи дека нема да дозволи да оди со наведната глава поради нереализиран проект, опфатен во тој дел.„Главниот мотив поради кој се кандидирав на овие избори сте токму вие, драги мои ѓорчепетровци. Од првиот ден, ќе работам чесно, одговорно и транспарентно. Дел од мојот тим се и кандидатите за советници од советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ, предводени од д-р Ленче Нелоска. Тоа се наши сограѓани кои доаѓаат од секое маало од Ѓорче Петров, што се реално запознаени со вашите проблеми и кои можат да понудат практични и брзи решенија за истите. Тоа се луѓе со кои вие ќе имате секојдневна комуникација и ќе бидат главниот помеѓу вас, вашите проблеми и решенијата кои ќе доаѓаат од општината Ѓорче Петров. Заокружете го бројот 7, за модерно, убаво и хумано Ѓорче“, додаде Стојкоски.

Скопје | пред 4 години

viber_image_2021-10-15_11-46-36-848

Нема да има градба во Центар која нема да биде усогласена со ГУП-от, 20 % зеленило и паркинг во парцелата, тврди Герасимовски

„Имаме добра победничка програма која е составена од сите предлози, идеи со кои се соочуваат граѓаните во секоја урбана заедница, во секое маало, на секоја улица и нудиме решенија за истите“, изјави Горан Герасимовски кандидатот за градоначалник на општина Центар од СДСМ и Коалицијата во денешното гостување на Утрински брифинг на Слободна ТВ.„На местото спроти Олимписки Базен каде што сега е изграден памтрак таму беше нацртан хотел. Значи наша цел, заложба моја ќе биде ревидирање на останатите ДУП-ови се со цел да го заштитиме Центар од бетонизација. Имало висококатници ќе ја намалиме катноста, имало хотели ќе гледаме да нацртаме нешто за јавно добро дали ќе биде зеленило, училишта, културен центар се во интерес на граѓаните. Наша цел и заложба е да ги ревидираме сите останати ДУП-ови се со цел да ослободиме што повеќе површина за граѓаните “ изјави Герасимовски во Слободна Тв.Тој најави хумана урбанизација во општината преку намалување на градбите и што повеќе зеленило за јавно добро. За комплексната градба кај Холидеј ин Герасимовски рече дека околу 40% од земјиштето е државно и тој нема да дозволи ниту педа од тоа земјиште да се искористи за приватни цели или за бетонизација туку за јавно добро зелена површина, градинки или училишта.Исто така Герасимовски беше дециден и најави дека во општина Центар нема да се дозволи градба која ќе отстапи од законите односно која нема да има предвидено 20% зеленило и паркинг простор во парцелата.

Скопје | пред 4 години

levica-8123

Левица: Шилегов со тендер од 130.000 евра се промовира со пари на граѓаните

Скопски изборен штаб на Левица тврди дека Град Скопје во февруари оваа година склучил договор со маркетинг агенција „Њу момент њу идеас компани“ за подготовка и имплементација на промоција на кампањи за посебни проекти за активностите на град Скопје.„Нејасно за какви посебни проекти се работи, за потребите на оваа набавка се издвоени неверојатни 7.999.871,00 денари државни пари! Шилегов смета дека може да ги лаже граѓаните и подмолно и дрско да нафрла и притоа реализира измислени потреби за фунционирање на општината. Дали тоа значи дека овие средства се потрошени пред почеток и во тек на изборната кампања за сметка на промоција на Шилегов?“, прашуваат од Скопски изборен штаб на Левица.„Имено, Градот Скопје има своја веб страна, каде што постои информативно гласило, во кое гласило се објавуваат информации за програмите, проектите и дејствијата кои општината ги презема во текот на една година, а кое гласило служи за граѓаните да бидат информирани за се она што го презема Градот. Уште повеќе што во Градот Скопје се вработени службеници, како што е Раководителот на Сектор за поддршка на градоначалникот, каде помеѓу другите обврски во описот на неговото работно место стои: „Oрганизацијата и спроведувањето на информирањето на јавноста и медиумите за активностите на органите на Градот Скопје, јавните претпријатија и јавните установи од надлежност на Градот Скопје“.За што се потрошени овие средства во 13 месеци колку што трае овој договор и каде е тука транспарентноста и отчетноста пред граѓаните? И повторно гледаме расфрлање на средства од Градот Скопје во време на пандемија каде секој потрошен денар треба да е луксуз, додека Шилегов своите нереализирани проекти ги правда со кризата од пандемијата.Левица се залага за јавно, редовно и навремено објавување на сите планови и проекти донесени за Градот Скопје, како и креирање на дигитален портал Е-ГРАД каде граѓаните ќе можат континуирано да ги следат и оценуваат ефикасноста и отчетноста на општината“, велат од Скопски изборен штаб на Левица.

Скопје | пред 4 години

C567FA47-65F1-4719-949D-EA30DDB9D0DA

СДСМ за Данела: Модерната кандидатка на барокната партија и натаму ја крие менаџерската биографија

„Данела Арсовска продолжува да ја крие својата „менаџерска“ биографија како змија нозете.Поминаа три дена откако изби скандалот за нејзиното катастрофално менаџирање на салата Расадник, а таа упорно избегнува да одговори на новинарските прашања дали е точно дека менаџирала со спортската сала Расадник и не плаќала струја“, велат од Градска организација на СДСМ.Тие додаваат:@Данела Арсовска продолжува да манипулира дека одговорила на прашања кои не ги одговорила. Арсовска продолжува дрско и безобразно да се однесува кон новинари кои и поставуваат прашања за нејзината биографија како менаџерка, со која секојдневно се фалеше за време на кампањата.Арсовска секојдневно ги манипулира граѓаните ветувајќи брзи и лесни решенија, ветува решавање на децениски проблеми ВЕДНАШ, ветува 250 екоавтобуси и бесплатен превоз кои неколку пати го надминуваат градскиот буџет, без да одговори од каде ќе обезбеди финансии. Арсовска секојдневно неодговорно лаже и презентира веќе започнати и туѓи проекти како свои. Скопје гласаше за промени во 2017 и скопјани со свои очи гледаат дека тие промени се случуваат. Скопјани гледаат дека веќе не се вложуваат стотици милиони евра во барокно Скопје, во стиропорни фасади, лажен барок, во споменици, партиски музеи и палми, шмизли, пиратски галии и градски плажи. Скопјани гледаат дека нивните пари не се трошат за каприците на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, туку се трошат за нивни насушни потреби – за модерно и европско Скопје – за модерни булевари, улици, мостови, клучки, кружни текови, паркови, зелени кровови и урбани скверови. Парите се трошат за еко-автобуси наместо дизел-загадувачи, за брз автобуски превоз, за нови комунални возила за почисто Скопје, за субвенции за инвертери и велосипеди, за нови вело патеки за Скопје Велоград, за други основни потреби на скопјани како нова противпожарна скала и опрема.Скопје веќе не се развива со криминални урбанистички планови кон Водно кое го заштитивме од узурпација, туку рамномерно се развива на двете страни од Вардар. Скопје е веќе обединет, поврзан град, град на сите скопјани. На главниот град не му треба лажна и катастрофална менаџерка, финансирана од партијата која го уништи модерно Скопје, претворајќи го во барокно Скопје и европски главен град на кичот“.

Скопје | пред 4 години

15102021_PVRSM_Zaev_sredba_2

Заев со Грците: Пријателството и стратешкото партнерство меѓу двете земји има силно регионално значење и потенцијал

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев денеска го прими алтернативниот министер за надворешни работи на Грција задолжен за европски прашања, Милтиадис Варвициотис, кој е во работна посета на нашата земја.Премиерот Заев им посака добредојде на алтернативниот министер за надворешни работи на Грција задолжен за европски прашања Варвициотис и на членовите на неговата делегација и истакна дека нивната посета се остварува во период на интензивна билатерална соработка меѓу Северна Македонија и Грција, која од Договорот од Преспа секојдневно се проширува и расте.На средбата како посебно важни беа истакнати проектите во енергетиката како стратешка и приоритетна дејност за двете земји за што сведочат веќе потврдените проекти за соработка и за заеднички инвестиции кои имаат и силно регионално значење и потенцијал.За време на разговорот од двете страни беше потенцирано задоволството што го нагласуваат инвеститорите од Грција за соработката со Владата на Северна Македонија, која, како што беше кажано, е дополнителен мотив и испраќа силна порака дека бизнис заедницата на Хеленската Република има пријателска средина за инвестиции во нашата земја.На средбата беше потврдено дека од исклучителен заеднички интерес и стратешка цел на двете земји е Северна Македонија колку што може поскоро да ги започне пристапните преговори со ЕУ, и дека Грција во таа насока ќе продолжи со силната поддршка.Премиерот Заев истакна дека за Република Северна Македонија напредокот во интеграцијата во ЕУ првенствено треба да зависи од домашните реформи поврзани со постигнувањето на европските стандарди, а не од билатералните прашања, и дека во таа насока земјата има постигнато огромен напредок во усогласувањето на домашната легислатива со онаа на ЕУ, како резултат на интензивниот процес на реформи и за европеизација на сите сегменти на општеството.На средбата претседателот на Владата Заев повтори дека е отворена поканата премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис да ја посети Република Северна Македонија, и дека секоја посета, како оваа на алтернативниот министер за надворешни работи на Грција задолжен за европски прашања, Милтиадис Варвициотис е придонес за унапредување на пријателството меѓу двете земји.

Македонија | пред 4 години

DSC_0699

Возрасен кумановец тешко поврееден, откако бил прегазен од автомобил

На 14.10.2021 во 18.35 часот во СВР Куманово било пријавено дека на ул.„11 Ноември“ во Куманово, патничко возило „форд фокус“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Е.Љ.(32) од Куманово, удрило во пешакот Ф.Љ.(87) од Куманово.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општата болница во Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Македонија | пред 4 години

marihuana2

Двајца млади скопјани и еден охриѓанец апсени поради марихуана

На 14.10.2021 во 20.50 часот во Горно Нерези, скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода М.Ч.(19) и Д.М.(18), двајцата од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена марихуана. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.На 14.10.2021 во охридското село Велгошти, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода К.Ч.(20) од Охрид, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот против него СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.

Македонија | пред 4 години

droga-pistoli-krusumi

Битолчанец фатен со куп оружје и дрога

На 14.10.2021 полициски службеници од полициска станица Битола го лишиле од слобода К.Н.(67) од Битола. При претрес на дом и други простории на ул.„Илинденска“ во Битола, биле пронајдени и одземени марихуана, таблетки, две ловни пушки, пиштол и куршуми.По документирање на случајот, по насока на Јавен обвинител, против него ќе биде поднесен поднесок поради основано сомнение за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ по член 215 и за „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, по член 396 од Кривичниот законик.

Македонија | пред 4 години

DSC_0735

Скопјанец тешко повреден, возило излета на обиколницата кај Смилковци

На 14.10.2021 во 15.00 часот на автопат „Мајка Тереза“ - обиколница на Град Скопје, во близина на клучка Смилковци, З.Д.(38) од с.Мојанци, скопско, управувајќи патничко возило „сеат алтеа“, со скопски регистарски ознаки, излетал од коловозот.Во несреќата, сопатникот Н.А.(46) од с.Арачиново се здобил со тешки телесни повреди, додека возачот З.Д. се здобил со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Скопје.

Скопје | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања