Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

MickoskiGaziBaba

Мицкоски со повик за гласање : Излезете и вие разочараните, и вие што до сега сте бојкотирале, на овие избори сите ние имаме заеднички противник, тоа е Заев

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на вечерашниот предизборен митинг во Свети Николе упати повик до разочараните гласачи и тие кои досега ги бојкотирале изборите процеси да излезат и да го дадат својот глас затоа што сите граѓани во Македонија имаат заеднички противник, а тоа е Зоран Заев.Мицкоски до оние кои досега бојкотирале и не го давале гласот за ниедна партија им порачува да не дозволуваат да пропадне нивниот глас.- Некогаш неодговорната власт не е само последица на лошите особини на челните луѓе и првенците на власта, туку и поради игнорирањето и незаинтересираноста на добрите луѓе да учествуваат во политиката, тоа се луѓето кои одбрале да молчат кога требало да бидат гласни, да викаат, изјави Мицкоски.Мицкоски ги повика да излезат за да се уверат дека не се сите исти, дека ВМРО-ДПМНЕ се бори за подобра иднина и против криминалот на Зоран Заев, затоа што останувањето дома не вродува со плод.- Излезете на овие избори, излезете во недела на 17 октомври и поддржете не, поддржете го бројот 7, гласајте се ВМРО-ДПМНЕ и најголемата коалиција, коалицијата со народот, нагласи Мицкоски.

Македонија | пред 4 години

DSC_0735

Фатен поткуп, апсење во Лозово

На 15.10.2021 во 17.30 часот во с. Милино, општина Лозово полициски службеници од ОВР Свети Николе го приведоа Б.А.(50) од с. Милино, по претходно добиени оперативни сознанија дека врши поткуп во врска со претстојните локални избори, при што давал и нудел пари, а лицата кои добивале пари се потпишувале на документ дека примиле пари.Лицето е лишено од слобода по член 162 ст.1 и 2 вв ст 3 „поткуп при избори и гласање“ и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Граѓаните знаат кој работи во нивен интерес, порача Царовска која смета дека СДСМ е најдобар избор за избориве

Потпретседателката на СДСМ Мила Царовска и актуелниот, но и кандидат за градоначалник Живко Гошаревски, попладенто се сретнаа со жителите на Општина Ресен и ги повикаа во недела да излезат и да гласаат за најдоброто за нивната општин, заокружувајќи го бројот 12.„Граѓаните знаат кој работи во нивен интерес. Кој се грижи за подобри услови во образованието, детската, социјалната заштита и воопшто за напредок во сите сегменти во општеството, а кој дури и од позиција на опозиција ги кочи законските измени и прави само штета. За да ги продолжиме позитивните промени ве повикувам на 17 октомври да излезете на избори и да гласате за најдобриот градоначалник и советничка листа на СДСМ и коалицијата. Со тоа ќе изберете подобра сегашност и иднина за сите граѓани“, рече Царовска.Потпретседателката на СДСМ потсети дека изминатиот период како никогаш до сега беше инвестирано во изградба на нови градинки и реконструкција на училишта и спорсти објекти во Општина Ресен.Изградбата на спортска сала во ОУ „ГоцеДелчев“, во вредност од 23.650.000,00 денари треба да заврши до ноември 2021година. Во тек е и реконструкцијата на ОУ„ Мите Богоевски“ во населено место Болно и адаптацијата на ОУ „Мите Богоевски“ во населено место Јанковец, зашто издвоивме 6,343,123.00 денари преку Проектот МСИП 2. За опрема за детска градинка во Ресен, со капацитет за 25 деца, вложивме 450.360,00 денариво 2019 година. Во завршна фаза, во тек е монтажата на опрема во детската градинказа 105 деца, во што инвесираме 20.800.000,00денари.Продолжуваме и во наредниот период да градиме по план и да инвестираме исклучиво во проекти од интерес на децата, но за тоа ни е потребна довребата од граѓаните“, рече Царовска.

Македонија | пред 4 години

06102021_PVRSM_Zaev_Brdo-Kranj-1

До крајот на годината ќе има над 800 милиони евра нови инвестиции во здрава животна средина, тврди Заев

Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска за Канал 5 истакна дека германската инвестиција во ветерниот парк и проекти слични на неа се потврда дека сме на вистинскиот пат.„Порано не можеше да се случат инвестиции од пола милијарда евра, затоа што немаше НАТО, немаше безбедност, сигурност, немаше реформи, го немаше видливиот прав пат по кој чекориме напред, а тоа е интегративниот пат со унапредување на економскиот стандард на граѓаните“, нагласи Заев.Тој додаде дека инвестиција од пола милијарда евра, во 69 ветерници, од по 6 мегавати, 415 мегавати на потегот Куманово-Крива Паланка е навистина џиновски проект.„Придобивките се прво живот и здравје, создавање нов капацитет со кој се супституира јагленот, дали е во Битола или Осломеј, тоа значи здравје за граѓаните, за децата, за младите, тоа не обврска по ЕУ или некој друг, тоа е наша обврска на сегашните генерации спрема иднините генерации.Втора важна работа е што со ова расте БДП, бидејќи 415 мегаватна ветерница носи големо производство на електрична енергија, која ќе ја супституира потребата од увозот на струја, бидејќи државата сега увезува 30-32%.И носат одлични комуналии во општините, тоа се огромни пари, чисти пари на општините за да решаваат водоводи, канализации, улици, патишта и слично и на крајот се зелените работни места, тие не се трудоинтензивни, но тие луѓе што работат таму земаат плати над 800, над 1.200 евра и тоа се насекаде во светот квалитетни, зелени, еколошки работни места, добро платени работни места. Верувам дека многу наши млади ќе ја најдат својата иднина токму тука“, истакна Заев.Тој нагласи дека ова е само почеток.„Ние очекуваме до 1.600 мегавати фотонапонски централи и преку 700-800 мегавати ветерници во државата да се реализираат во целиот овој период, тие што се договорени веќе ги објавуваме, до крајот на годината следуваат, верувам, некаде повеќе од 800 милиони евра нови инвестиции во здрава животна средина“, најави претседателот на СДСМ Зоран Заев за Канал 5.

Македонија | пред 4 години

aerodrom

САД ги отвора границите за вакцинираните граѓани

СAД денеска објавија дека ќе ги отворат своите граници за целосно вакцинираните патници од 8 ноември.Одлуката означува крај на строгите рестриктивни мерки поради пандемијата на коронавирус, кои беа воведени за сите патници во март 2020 година, пренесува Би-Би-Си.Сегашното правило забранува влез на неамерикански државјани од Обединетото Кралство, неколку европски земји, Кина, Индија, Јужна Африка и Бразил.

пред 4 години

koronavirus-korona-kovid-test

Невакцинираните во Франција од денеска ќе плаќаат за тест за Ковид-19

Невакцинираните возрасни луѓе во Франција веќе нема да можат бесплатно да се тестираат за Ковид-19, освен ако тоа не го препорача нивниот лекар.Тестовите остануваат бесплатни за вакцинирани возрасни и сите деца под 18-годишна возраст.Невакцинираните ќе треба да ги платат тестовите по цена од 22 до 45 евра.Француската влада ја направи оваа промена како додаток на одлуката за потврдите за ковид, кои се задолжителни во Франција од летоска, пренесува АП.Со цел да добијат дозвола за ковид, граѓаните мора да покажат сертификат за вакцинација, негативен тест или доказ за неодамнешна инфекција.Потребни се сертификати за Ковид за посета на туристички атракции, болници и домашен железнички и воздушен сообраќај.

пред 4 години

2-2

Мицкоски до земјоделците: Во ВМРО-ДПМНЕ имате пријател, партнер за решавање на вашите проблеми и маки

Сакам да се обратам до земјоделците, до работниот народ на Македонија, луѓето кои заслужуваат многу повеќе почит и повеќе поддршка од Македонија. Не и верувајте на власта и на нивните убави зборови, тие сакаат и овој пат да ве излажат. Нема ништо и да се промени со нив, работите ќе тргнат на подобро кога ќе се смени оваа власт. Во ВМРО-ДПМНЕ имате пријател и соговорник, партнер за решавање на вашите проблеми и вашите маки, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот митинг во Карбинци.Точно знам, рече Мицкоски, со што се соочувате, излезете на овие избори и гласајте за промени, промени од кои ќе тргне создавањето на новата иднина, и на новото време кое треба да донесе за вас сигурност и повеќе грижа.Мицкоски од Карбинци се обрати и до пензионерите.„Барам и замолувам поддршка од пензионерите, од тие кои својот живот го дадоа за подобра иднина, а сега оваа власт ги разочарува. 52 месеци не им ги покачија пензиите, туку им ги скратија за да имаат повеќе за крадење. Заслужувате достоинствена старост, почит од државата и она што ви следува, повисоки пензии, поголема грижа. И таа ќе ја имате, и затоа се потребни промени“, рече Мицкоски.

Македонија | пред 4 години

0-02-0a-e81012c694885d6f368ed5c464334be23f11c876bc130c9ac82761fc2c32720a_2644f332bc0

Чунгурски од „За чисто и хумано Куманово“: Сведоци сме на сиромаштија и тоа е грдата слика, очекуваме притисоци и имаме механизми

Драган Чунгурски, дел листата за советници во Куманово по предлог од граѓанската независна листа „За чисто и хумано Куманово“ во интервју за „Скопје1“ смета дека Куманово пред 30 години бил индустриски град, а сега, место каде сите жители се сведоци на сиромаштијата која ја гледаат околу нив. За него е недозволиво општината да е слепа и рамнодушна на комуналните проблеми во Куманово, како што се отпадот кој е расфрлан насекаде и загадениот воздух.„Според мене „хумано“ значи пред се да биде „човек“. Секојдевно сме сведоци на сиромаштијата околу нас - гледаме сиромашни луѓе на улиците, питачат за корка леб, семејства што едвај крај со крај врзуваат само тие знаат како го преживуваат месецот. Сето тоа прави една грда слика на нашиот град, град за кој се слушаше и надвор од нашите граници. Пред триесетина години Куманово беше индустриски град, ретко кој беше невработен, се сеќаваме на реки од луѓе по две три илјади (работници) кои се слеваа од фабриките што беа бренд во тоа време како што беше еден ЧИК, Киро Фетак, Искра, Полет, Амбалажа 30 Ноември, ФЗЦ 11 Ноември, Биброк, КПК Куманово, ШИК Димче Еребица, Печатница, Житомел, Тутунски Комбинат и многу други. Овие семејства останаа на работ на егзистенцијата и сите овие години живеат во нехумани услови, далеку од основното уставно загарантирано право на достоен живот. Хуманоста за мене е да си помагаме и да се грижиме еден за друг. Хуманоста се огледа и во однесувањето кон околината во која живееме. Недозволиво е да бидеме слепи и рамнодушни кон расфрланите отпадоци насекаде околу нас, да чекаме некој друг да се заземе и да ни ги исчисти реките или да бидеме меѓу првите градови во светот по загаденоста на воздухот. Сето тоа е резултат на лошото менаџирање на Локалната самоуправа и Советот на Општина Куманово. Ова се и причините поради што одлучивме нашата Листа за советници да се вика ЗА Чисто и Хумано Куманово..Бидејќи ова што во моментот ни се случува неможе да се каже дека е Хумано, а уште помалку чисто во секој аспект на зборот. Ние се залагаме за основни и елементарни услови за живот, а тоа се чист воздух, безбедна храна за нашите деца и чиста околина без расфрлан отпад и сето тоа зачинето со многу работа, чесност и отчетност кон граѓаните“, вели Чунгурски.Како независна листа, „За чисто и хумано Куманово“ е една од привите кои успеаа да соберат кандидати од различни националности, религии, определби. За Чунгурски токму тоа е предност на градот, а не средство за манипулација и тоа треба јасно и гласно да се каже пред јавноста.„Куманово е мултиетничко општество во кое сите националности живеат во една хармонија..Но, за жал нашите политичари, се уште мултиетничноста ја користат за креирање на раздор, нетрпеливост и страв помеѓу етничките заедници и ова го искористиле милион пати за свои лични интереси, без разлика дали се работи за некој тендер, собирање на гласови за избори каде што ветува се и сешто, а на крај ништо не се исполнува или се прават опасни и ужасни сценарија за некаква граѓанска војна. Во центарот на Куманово има населба која се вика „Средорек“ во која живее Ромската популација и повеќето од нив се социјални случаи. Повеќето од овие семејства се ослободени од комунални давачки и Советот на општина Куманово одвојува огромни милионски суми по однос на ова прашање, но од друга страна истите овие луѓе се обвинети за загадување на реката Кумановка која наликува на течна депонија. Ние како тим направивме едно истражување и установивме дека во таа населба воопшто и нема соодветна опрема или контејнери за одлагање на отпад, па затоа и го имаме овој проблем, а од друга страна на депото на ЈП Паркинг имаме 1300 контејнери - донација од ЕУ каде што лично учествував во овој проект за да се реши проблемот со комуналниот смет отпад во општината, но овие контејнери за жал со месеци не се поставуваат низ Куманово.Ова е само еден доказ дека Советот на Општина Куманово заедно со градоначалникот манипулираат со одредени етнички заедници, за да се распишуваат разно разни сомнителни тендери со астрономски суми за расчистување на дивите депонии и чистење на речното корито. Примери има многу и не би сакал да ги редам граѓаните ги знаат и се свесни, но сакам да кажам дека токму ваквите примери што не доведоа до оваа состојба не сплотија од различни сектори и претставници од граѓански здруженија за да им докажеме дека сепак овде мора да постои соживот и да понудиме решенија за решавање на овие горчливи проблеми што ги имаме. Мултиеничноста во нашиот град е предност, а не средство за манипулација и тоа треба јасно и гласно да се каже пред јавноста и пред меѓународниот фактор“, рече тој во интервјуто.За него, Куманово е град со огромен потенцијал за преубави проекти, но неговото менаџирање не е ниту било на завидно ниво.„Куманово моментално се наоѓа во ситуација како градот Скопје после земјотресот во 1963 година, насекаде ќе забележите разрушени објекти кои се опасни по животот на граѓаните, дури еднаш се случи еден од таквите објекти да падне врз автобус на градскиот превоз, но за среќа немаше жртви. Кога паѓа дожд, како деновиве, Куманово го зема приматот на „Белград на вода“ и една Венеција може да ни позавиди. Инфраструктурата е очајна, а атмосферската и фекалната канализација се испреплетени и се случува тотален хаос пропратен со лоша ареа. Тоа е реалната слика за Куманово и последица на лошото урбанистичко планирање“, додаде Драган Чунгурски, дел листата за советници во Куманово по предлог од граѓанската независна листа „За чисто и хумано Куманово“.Тој вели дека очекуваат „сопки“ ако влезат во Советот на Куманово.„Да. Очекуваме „сопки“ од поедини олигарси кои го имаат доведено градот до ова дереџе, свесни сме дека ќе имаме проблеми и притисоци од урбаната мафија, но ние за секој проблем имаме соодветни механизми за да се справиме со предизвиците. Се е менливо, така да немојте да се зачудите ако во наредните десетина години Куманово биде лидер, град по сите стандарди и пример како може за релативно краток период да биде пример во развој од многу други градови“, потенцираше тој.Прашан колку ќе влијае промената на името на листата од страна на ДИК и дали истото го сметаат за опструкција, Чунгурски вели дека бројот 41 е поважен од името.„Граѓаните се заситени од досегашните советници што со години останаа глуви на секој глас на граѓанинот, ако нив исто како нас ги гуши смрдеата и сакаат чист град, ако сакаат опстанок на вредностите и соживот, тогаш нека ни дадат шанса на нас кандидатите од независната листа под број 41. Ние сме мали, но силни и истрајни, ние сме различни, но единствени, ние знаеме како да го вратиме сјајот на нашиот град, ние се бориме да направиме нешто убаво за градот во кој живееме и да ги сочуваме децата на овие простори. Ние сме тие кои немаат багаж и немаме партија зад себе за која треба да работиме и да полагаме сметки пред одредени поединци. Тие сметки ќе ги полагаат граѓаните, ние сме нивниот интерес. Затоа и очекуваме дека ќе гласаат за бројот 41 Група избирачи Сузана Ѓорѓевиќ“, кажа тој.На крајот ги презентираше и петте приоритети односно столбови, кои според нив, ќе донесат промена и ќе го подобрат животот во Куманово. Преку истите, бараат гласови од жителите на локалните избори кои ќе се одржат во недела.„На граѓаните на Општина Куманово им е преку глава од „бирократија“, ова значи дека зајакнувањето на капацитетите на Општинската администрација се неопходни. Недозволиво е да се поставуваат луѓе кои нивното завршено образование не соодвејствува на описот на нивното работно место. Ние ќе понудиме решение како да се направи професионална реорганизација на Јавните претпријатија и квалитетна систематизација на Локалната самоуправа. Едношалтерскиот систем мора конечно да се спроведе во Општина Куманово. Една од понудите за добро решение е да ја сместиме Локалната администрација во една зграда, а тоа е поранешната зграда на „Комитет“ која е сопственост на Општина Куманово, а не како до сега да имаме пет дисперзирани општини за потребите на различни сектори и каде што се плаќаат големи кирии на приватни компании или други државни органи. Мора домаќински да се работи. Време е на таа зграда на поранешен Комитет да и се врати функцијата за што е изградена (за потребите на граѓаните), а не како што е сега да биде узурпирана од неколку политички партии или некои други фирми, кои прашање е дали воопшто плаќаат некој надомест за користење на овие простории“, рече Драган Чунгурски.„Економскиот раст и развој на Општината, граѓаните ќе имаат поголема независност и сигурност. Во Куманово има неколку илјади семејства кои работат на проекти на Блискиот Исток (Ирак, Авганистан или Африка), од каде што носат огромни финансиски средства, но за жал сите овие години никој не се осмели да им помогне во креирање или отварање на нови бизниси во нашиот град. Истите овие средства се одлеваат во соседните држави, наместо овој капитал да се задржи локално. Според нас инвестициите од домашниот капитал се многу поважни и позначајни отколку странските. Ние како независна советничка листа нудиме решенија како Куманово да заличи на вистински „SMART City“ но за ова треба суштински да се пристапи кон решенијата со конкретни проекти и склучување на нови Јавни Приватни партнерства. Инвестиции од страна на Општина Куманово во зелениот урбанизам значи дека сите ние сакаме подобро здравје за нас и нашите деца, а не смртоносни коморбитети. Сите ние дишиме ист загаден воздух, ако се продолжи со ова темпо статистичките резултати што секојдневно ги гледаме од респираторните заболувања ќе бидат поразителни. Одржливиот транспорт во Куманово и сообраќајниот хаос што го гледаме на улиците се провлекува низ сите овие години, додека локалните власти немаат слух за решавање на овој проблем. Во Куманово нема велосипедски патеки, нема шеталишта, нема нов парк, а и оние паркови што ги имаме воопшто не се прошируваат или уредуваат соодветно. Зелените јавни површини се уште една лоша приказна во нашиот град, досега воопшто и нема конкретен проект со решение како да ги оплемениме и да бидат вистински зелени површини. Нашата Стратегија е да понуди зелен катастар и воедно да се мапираат сите дрвја во градот за да може од оваа статистичка операција да се извлечат сите потребни проекти и акции за оддржување и пошумување. Без квалитетно образование, здраво население и почитување на културното и историско наследство нема напредок и во останатите столбови од нашата Стратегија, токму поради ова нашиот петти столб се вика Одржлив развој на образованието, спортот и културата во Куманово“, заклучи тој.

Македонија | пред 4 години

filipce-tribina-sdsm-miting

Филипче: Со Шилегов Скопје целосно се промени и тргна во правилна насока

Во пресрет на локалните избори во недела, поддршката за кандидатот за градоначалник на Град Скопје од СДСМ и актуелен градоначалник, Петре Шилегов, пристигнува од сите страни. Министерот за здравство и неврохирург, Венко Филипче, преку видеопорака ги повика граѓаните на Скопје да гласаат за Шилегов.„Пред да започне изборниот молк сакам да Ви кажам зошто верувам дека Петре Шилегов мора да продолжи да го води Скопје. Резултатите за работењето на Петре се неспорни. Тие се видливи при секое движење низ градот. Нови булевари, многу велосипедски патеки и конечно, слободни тротоари“, изјавува министерот Филипче.Петре е човек кој вистински се грижи за граѓаните, вели Филипче, додавајќи дека Шилегов е човек којзнае да препознае каде и кога треба да помогне.„Во екот на пандемијата минатата година, Петре беше меѓу првите кој ни даде силна поддршка на нас, здравствените работници. Тој препозна колку е важно да ги насочи ресурсите на градот за да помогне во битката со пандемијата. Благодарение на Град Скопје и нашата заедничка работа, успеавме за експресно време да го средиме паркирањето во Клинички центар и да го олесниме целото движење на возила во комплексот“, вели во видеопораката министерот Филипче.Тој додава дека со ова се обезбедила побрза здравствена услуга на граѓаните, но и поефикасна работа на службите за итна медицинска помош и додава дека Шилегов знае кои се приоритетите на граѓаните и не отстапува од нив.„Градот целосно се промени за 4 години и тргна во правилна насока. Така мора и да продолжи. Јас во недела ќе гласам за Петре Шилегов, гласајте и Вие“, заклучува министерот за здравство, Венко Филипче.

Скопје | пред 4 години

kurto-dudush

Дудуш: Урбанизацијата на Шуто Оризари и трговско-економска зона се главни приоритети

Многу предизвици нè очекуваат во остварување на визијата за Шуто Оризари за следните 4 години, но лично сум подготвен бидејќи заедно со мојот тим ги поставивме темелите за развој на нашата општина, порача Курто Дудуш, предлог кандидат за градоначалник на движењето „Одлучно за промени“ на политичките партии ЛДП и ДОМ.- Знаеме како почнавме, каде сме сега и како треба да продолжиме. И понатаму главни приоритети ќе ни бидат урбанизацијата на општината како предуслов за реализација на инфраструктурни проекти, капитални проекти, зелени проекти. Нудење на услови за развој на социјалното домување, нужно неопходно за решавање на статусот со домување на голем дел од граѓаните е веќе почнат проект кој ќе се реализира како прв проект, заедно со развојот на трговско-економската зона и привлекувањето на инвеститори со што ќе се намали стапката на невработени граѓани од општината, додаде кандидатот за градоначалник Дудуш.Тој рече дека паралелно, ќе продолжат како и до сега со унапредувањето на условите во образовните институции, како клучен сегмент во развојот на следните генерации. Континуитетот на нивната работа значи загарантиран успех, бидејќи тие се во партнерство со граѓаните.Завршната промоција на граѓанското движење на центарот на ЛДП и ДОМ e вечерва од 19:00 часот на плоштадот во Капиштец.На настанот ќе говорат двајцата лидери на партиите, Горан Милевски и Маја Морачанин, како и кандидатот за градоначалник на Град Скопје Арбен Шаќири, кандидатот за градоначалник на Општина Центар Антони Новотни и носителите на советничките листи.

Скопје | пред 4 години

bugarski-novinar-bnt-kavadarci-750x411-1

Спомениците на кај Кавадарци не се допрени, Бугарската национална телевизија го демантираше Радев

Двата споменика во близина на Кавадарци на бугарските војници убиени во Првата светска војна, кои се оддалечени еден и пол километар еден од друг, се целосно недопрени, објави репортерскиот тим на Бугарската национална телевизија, кој го посети местото.Во репортажата од терен во околината на Кавадарци, новинарот на БНТ вели дека на ова подрачје не сретнале никаде гробишта на кои биле погребани бугарски партизани од Првата светска војна, а уште помалку пак тие да биле уништени, како што рече Радев.Како што јави дописникот на МИА од Софија, екипата на БНТ излезе на самото место за да ја провери состојбата, откако ВМРО и Виктор Стојанов од Фондацијата Македонија објавија дека при изградбата на автопатот од Скопје до Штип, кој поминува покрај Кавадарци, биле уништени две воени гробишта. Досега, бугарските власти не беа во можност да утврдат што точно се случило.БНТ емитуваше разговор со Ацо Темков, жител на Кавадарци, кој учествувал во реновирањето на еден од спомениците. Тој за БНТ изјави дека таму никогаш не видел воени гробишта.Поранешниот директор на локалниот историски музеј, Петар Камчев, кој раководел со културната институција 37 години, исто така вели дека на местото имало само два споменика. И тој потврди за Бугарската национална телевизија дека немало гробишта. Камчев, исто така, рече дека во 2017 година, кога започна изградбата на автопатот, побарале дозвола да се помести споменикот на Пере Тошев. Се консултирале со тогашната организација на Бугарите и со нивна согласност споменикот бил поместен.

Македонија | пред 4 години

208629925_2853807214947928_6912460377458792794_n

Ганиу: Мојата програма се базира на пет принципи

Остануваат само уште неколку часа до крајот на кампањата за Локалните избори 2021 година и срдечно им се заблагодаруваме на сите жители на Чаир, а особено на сите медиуми кои најдоа време и простор да ги пренесат информациите и настаните што ги имавме овие денови, изјави Висар Ганиу, кандидат за градоначалник на општина Чаир.„Нашата кампања беше крајно фер и демократска, кампања од народот и за народот.Од почетокот на изборната кампања, јас како Висар Ганиу кандидат на Демократската унија за интеграција уште еден мандат да ја водам Општина Чаир и мојот тим креиравме програма со многу реална визија и која има само една цел - благосостојба на граѓаните на Чаир.Нашата програма се базира на пет принципи:Решавање на прашањето за паркирање;Решавање на прашањето на сообраќајот;Уште по зелена општина;Унапредување на образованието;Зајакнување на локалната економија и социјалната заштитаВи благодариме уште еднаш искрено и да не заборавиме дека Чаир е нашиот дом и семејство што најмногу ги сакаме“,вели Ганиу.

Скопје | пред 4 години

1-9

(ВИДЕО) Шилегов со обраќање за гласови, ветува европска метропола

Актуелниот и иден градоначалникот Шилегов со видеопорака се обрати на граѓаните на Скопје, масовно да излезат на гласање во недела, на 17 октомври. Тој во своето обраќање потенцираше дел од своите завршени и идни проекти, со верба дека Скопје, чекор по чекор, ќе продолжи да ја развива својата поинаква приказна што започна пред четири години.„Почитувани скопјанки и скопјани, зад нас се четири успешни години во кои ги поставивме темелите на ново, модерно Скопје. Јас и мојот тим храбро започнавме проекти кои ги решаваат клучните проблеми во нашиот град за следните 50 години. Сообраќајните решенија кои ги реализираме ќе значат град без метеж, а Скопје ќе ја добие најголемата пешачка зона од сите европски градови. Со ова, Скопје целосно се менува и станува европска метропола со многу јавен простор, зеленило и врвна инфраструктура. За само четири години го намаливме загадувањето двојно, ги исчистивме сите депонии во градот и ги претворивме во паркови. Изградивме 4 нови булевари, реконструиравме 40 улици и градиме два нови мостови. Но, работа има уште многу и сега не смееме запреме“, вели градоначалникот Шилегов во своето обраќање.„Драги мои сограѓани, Скопје стана град кој се грижи за сите граѓани подеднакво. Град кој вложува подеднакво од двете страни на Вардар. Во недела не избираме само градоначалник, во недела избираме заедничко и солидарно Скопје или враќање кон поделбите и нееднаквоста на ВМРО-ДПМНЕ. Во недела бираме дали Скопје останува да се движи во правилна насока или ќе се враќа кон лажниот барок, нови грабежи и потрошени 680 милиони евра за некое ново Скопје 2014“, потенцира градоначалникот Шилегов.„За мене политиката е само средство за создавање услови за достоинствен живот за секој човек. Тоа е политика која гради мостови и обединува, политика која го води Скопје кон заедницата на најразвиените градови во Европа. Мојата политика има јасна цел – модерна инфраструктура, врвен јавен транспорт и чиста и здрава животна. Јас го сакам Скопје каде младите со задоволство ги создаваат своите семејства, Скопје во кое сите се добредојдени, зелено Скопје со насмеани, задоволни и среќни луѓе. Скопје, силен град каде што луѓето се важни“, продолжува Шилегов.„Мостовите, булеварите и тунелите кои ги градиме не се само комплексни и важни градежни зафати. Тие се реализација на мојата визија за поврзан град. Тие ги поврзуваат луѓето и го прават Скопје единствено и силно. Ова е Скопје што сакам да продолжам да го градам со сите вас. Ја барам вашата поддршка за заедно никогаш да не застанеме. А јас ќе продолжам да бидам градоначалник на кој луѓето и Скопје секогаш му се на прво место“, заврши градоначалникот Шилегов.

Македонија | пред 4 години

tabanovce

Скопјанец фатен со лажен ПЦР тест на „Табановце“

Регионалниот центар за гранични работи Север поднесе кривична пријава против М.А.(20) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на исправа“.На 15.09.2021 на Граничен премин „Табановце“, пријавениот употребил фалсификуван ПЦР тест за Ковид - 19.

Македонија | пред 4 години

sertifikati-za-vakcina

Прилепчанец сакал да патува со фалсификуван ПЦР тест, полицијата го откри и казни

На 13.10.2021 на Граничен премин „Ќафасан“, А.А.(25) од Прилеп приложил фалсификуван ПЦР тест за Ковид-19. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 4 години

heroin-111

Откако му нашле хероин, тетовец се гони за производство и продажба на дрога

СВР Тетово поднесе кривична пријава против О.Д.(49) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.На 25.03.2021 полициски службеници кај пријавениот пронашле и одзеле хероин.

Македонија | пред 4 години

krazba-kradenje

Фатени разбојници во Куманово кои извршиле тешка кражба

СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.И.(29) и В.И.(20) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојничка кражба“.На 30.08.2021 на ул.„Доне Божинов“ во Куманово, пријавените влегле во куќа сопственост на М.З. и У.З., одзеле предмети и физички ги нападнале сопствениците, кои ги затекнале на местото.

Македонија | пред 4 години

isceznato

Малолетничка од Скопје пријавена за исчезната

На 14.10.2021 околу 11.00 часот во СВР Скопје, С.А.(40) од Скопје пријавила дека била пронајдена нејзината ќерка Љ.А.(16), за која на 13.04.2021 било пријавено дека се оддалечила од дома.

Скопје | пред 4 години

policija-policaec-3

Полицијата постапува и по пријави кога ќе им ги тргнат банерите на политичките партии

На 14.10.2021 во 09.30 часот во Полициското одделение Петровец, Р.К.(50), шеф на изборен штаб на политичка партија за општина Петровец пријавил дека на 14.10.2021, во периодот од 02.00 до 09.30 часот, на три локации во с.Петровец биле симнати три банери од неговата политичка партија.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 4 години

ujp

19-годишна скопјанка доби кривична за даночно затајување, не пријавила приходи во УЈП

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ј.Б.(19) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“.Пријавената, не пријавила реализирани приливи и не поднела до УЈП задолжителна Годишна даночна пријава за 2020 година за наплата на данок за личен доход, со што го оштетила Буџетот на Република Северна Македонија.

Скопје | пред 4 години

posta.jpg

Ограбена пошта во Скопје

На 14.10.2021 во 08.40 часот во Полициското одделение Петровец било пријавено дека во текот на ноќта со употреба на сила и погоден алат било влезено во објект на АД „Пошта на Северна Македонија“ во с.Миладиновци и бил одземен сеф во кој имало 84.000 денари и писма.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 4 години

tepacka

Се скарале и истепале, скопјани добија прекршочни од полицијата

На 14.10.2021 во 15.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека во средно училиште на подрачјето на Центар, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.С.(61) и Д.Р.(36), двајцата од Скопје.Сочинети се записници за константиран прекршок од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

Скопје | пред 4 години

struja

Се претставил како вработен во ЕВН и поставил броило кое не е од ЕВН, полицијата го фати и гони за измама

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Е.А.(45) од с.Опае, општина Липково, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“ и „фалсификување исправа“.Пријавениот, од октомври 2020 до 26.02.2021 во куќа сопственост на А.Д.(57) од с.Јажинце, со лажна исправа и со намера противправно да се стекне со имотна корист, го довел во заблуда А.Д. дека е вработен во ЕВН Скопје и во неговата куќа поставил електрично броило кое не било одобрено од Операторот на дистрибутивниот систем.

Македонија | пред 4 години

policija-i-inspekcija-4

Скопјанец натепан во маркет

На 14.10.2021 во 14.50 часот во СВР Скопје, Д.Н.(54) од Скопје пријавил дека околу 13.30 часот во маркет на подрачјето на Центар бил физички нападнат од Н.З.(41) од Скопје.Сочинет е записник за констатиран прекршок од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

Скопје | пред 4 години

policija-1

Пензионер натепан во Центар на полноќ, маж и жена му одзеле пари

На 14.10.2021 во 16.45 часот во СВР Скопје, В.П.(66) од Скопје пријавил дека околу 00.30 часот на подрачје на Центар бил физички нападнат од едно лице, кое заедно со уште едно женско лице му одзеле пари и предмети.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања