Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

glasanje

Отворен меил за пријавување на нерегуларности за изборите

Јавното обвинителство информира дека во континуитет ги следи случувањата поврзани со изборниот процес преку формираната привремена Комисија за следење на евентуални нерегуларности поврзани со извршување на кривични дела од Глава 16 од Кривичниот законик – „кривични дела против изборите и гласањето“, како и други кривични дела кои би биле сторени при организирањето и спроведувањето на локалните избори.– Јавните обвинители посветено постапуваат во борбата против кривичните дела поврзани со изборниот процес и гласањето, давајќи придонес кон нивно сузбивање и превенирање, наведуваат од ЈО.Обвинителството информира и дека во текот на утрешниот изборен ден ќе бидат воспоставени дополнителни дежурства во јавните обвинителства.– Во процес на меѓусебно координирано известување, Комисијата ќе го следи процесот на гласање. Итно и со приоритет обвинителствата ќе продолжат да постапуваат по индиции за извршени кривични дела поврзани со изборите. Добиените известувања веднаш ќе се проследуваат до соодветните основни јавни обвинителства, во насока на проверка на наводите и донесување на одлуки за натамошно постапување, се додава во соопштението.Јавното обвинителство воедно потсетува дека во функција е отворената електронска адреса izbori@jorm.mk, каде секој кој смета дека во некоја постапка има индиции за сторено кривично дело поврзано со изборниот процес може да достави поднесок или пријава до Комисијата за следење на изборни нерегуларности.​

Македонија | пред 4 години

20211016215546

Исечен цел дрворед во близина на Ист Гејт Мол

Исечен цел дрворед во близина на Ист Гејт Мол во Општина Гази Баба.Засега нема објаснување ниту од централните, ниту од локалните власти која е причината за сечата на дрвата кај поранешен „Саем“.Скопјани затекнаа неколку исечени дрвја во непосредна близина на самиот трговски центар, а на местото имаше и механизација.

Скопје | пред 4 години

izbori-glasanje-fingerprint-3

Гласањето не започна во ОУ „Коле Неделковски“ во Центар

Во ОУ „Коле Неделковски“ во Центар во Дебар Маало на избирачкото место 2867 се уште не е почнато гласањето поради проблем со ситемот, пишува Република.Избирачките места денеска се отвораат во 7 часот кога почнува и гласањето.

Скопје | пред 4 години

izbori

Седми локални избори - се гласа од 7 до 19 часот

Гласањето на локалните избори започнува во 7:00 часот и трае непрекинато до 19:00 часот. Ако гласањето биде прекинато подолго од еден час, тоа ќе продолжи за онолку време колку што траел прекинот, но не подолго од три часа.Во 19:00 часот гласачките места се затвораат. На избирачите затекнати во објектот каде што се гласа им се овозможува да гласаат. Гласачкото место на кое гласале сите граѓани запишани во изводот од Избирачкиот список може да се затвори и пред 19:00 часот, по претходна согласност од надлежната ОИК, но не отпочнува со броење на гласовите пред 19:00 часот.

Македонија | пред 4 години

maxresdefault

Елена Ристеска за последниот разговор со Тоше, кобната ноќ: Рече ќе се видиме за неколку дена, ако Бог дозволи

Колегите на Тоше од година во година со емотивини зборови ја одбележуваат неговата смрт и преку социјалните мрежи ја искажуваат нивната тага. Малкумина знаат дека Елена Ристеска била последната личност со која Тоше Проески разговарал по телефон пред да се упати на кобното патување.Како што таа изјави во една прилика за медиумите, била сигурна дека Тоше чуствувал дека нешто лошо ќе се случи, бидејќи во крајот на нивниот разговор тој кажал зборови кои како да знаел дека е крај.– Се сакавме меѓусебно. Секогаш разговаравме за се, дури ми се јавуваше и од Австралија. Исто така разговаравме таа кобна ноќ пред да оди за Хрватска, а јас уште тврдам дека како да чуствуваше дека ќе се случи нешто лошо. На крајот од разговорот ми кажа дека ќе се видиме за неколку дена, но длабко воздивна и кажа: Ако Бог дозволи – раскажала Елена во една прилика и додала:– Во тој момент не ми беше чудно, се до утрото кога се разбудив и дознав дека загинал. Кога мајка ми со неверување ми кажа дека се случила сообраќајната несреќа, знаев дека тоа е вистина – изјавила Елена.

Магазин | пред 4 години

tose

„Ти почина без да умреш, а ние умревме без да починеме“ – Maкедонија се сеќава на Тоше Проески

Македонија се сеќава на музичката ленегда, Тоше Проески кој загина пред 14 години во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, Хрватска.Во неговото родно Крушево и годинава се одржа „маратон на љубовта“ во чест на балканската музичка ѕвезда. Петмина ултрамаратонци пред два дена го започнаа симболичното истрчување на 15 километри од Нова Градицшка, од местото на трагедијата. Покрај нив, уште 10 ултрамаратонци тргнаа кон Крушево и Гумење на 15 октомври, од граничниот премин Табановце, преку Скопје до Крушево.Неговите колеги се сеќаваат низ пораки што ги упатија ја социјалните мрежи.„Ти почина без да умреш, а ние умревме без да починеме...“ пишува Игор Џамбазов.„Песнава му ја засакав уште кога ја слушнав демо снимката пред повеќе од 20 години…. Можеби не е од неговите најголеми хитови, но мене секогаш ме враќа во едно преубаво време и ми буди прекрасни спомени… Напишана од чичко Кире (Костов)… Илузија За Тоше ❤️“, напиша пејачката Каролина Гочева пеејќи дел од песната.„14 години без тебе и пак врне...“, напиша актерката Весна Петрушевска.Емотивна порака напиша и пејачот Тони Цетински.„Дури и денес, четиринаесет години подоцна, ми е тешко да зборувам за Тоше, како и првиот ден кога тоа се случи. Со неговото заминување, ништо повеќе не е исто, и секој ден, месец и година, недостасува уште повеќе...Не само на мене, туку мислам дека на сите нас што имавме привилегија да го знаеме, да се дружиме, да работиме заедно, да се радуваме и да тагуваме! Искрено верувам дека тој замина во подобар свет, но благодарение на неговите дела и пред се човечките доблести и скромност, тој останува засекогаш доказ и еден од оние кои ја враќаат вербата во човештвото и Бог. Сигурен сум дека на некој свој начин гледа и не' штити со сето она што го постигна за време на својот земен живот, бидејќи тој беше и останува ангел на добрината. Го сакаме засекогаш, и се' што планиравме заедно, знам како ќе надоместиме кога ќе се сретнеме во вселената. Засекогаш во срцето", напиша Цетински.Тоше Проески животот го загуби на 26 годишна возраст. Во текот на кариерата остави голем број хитови. 

Магазин | пред 4 години

2146

Кривична за поткупот во Делчево: Парите одземени, обвинител испитува повеќе можни поткупени

На 16.10.2021 во ПС Делчево на информативен разговор е повикан Н.С. (35) од Делчево поради основано сомнение за давање поткуп во врска со локалните избори односно сторено кривично дело по член 162 од КЗ „поткуп при избори и гласање“, како и К.С. (35) кој примил 3000 денари од Н.С. во замена за глас на утрешните избори. Известено е ОЈО Делчево и по насоки од ОЈО извршен е разговор со повеќе лица.Паричните средства во висина од 3000 денари се одземени. По комплетирање на службената документација од страна на ОВР Делчево ќе биде поднесена кривична пријава до ОЈО Делчево по чл.162 ст.1 и 2 вв ст.3 од КЗ.

Македонија | пред 4 години

DSC_0683

22-годишникот од Битола кој почина не бил вакциниран и страдал од обезност, состојбата нагло му се влошила

Младиот пацинет од Битола кој имал 22-години и почина од коронавирус не бил вакциниран и имал коморбидитет, односно страдал од обезност. Тој за првпат бил дијагностициран како позитивен на вирусот минатата сабота,а состојбата нагло му се влошила за три денови.„Пациентот бил лекуван во КБ Битола, позитивен на Ковид 19 од 09.10.2021. Прв пат се јавил на преглед на 10.10.2021 на инфективното одделение во битолската болница, според лекарскиот извештај, пациентот бил без знаци за пневмонија, имал температура и му била препишана терапија за дома. Пациентот бил на лекарски преглед и следниот ден на 11.10. а за 12.10.2021 на пациентот му биле закажани контролни анализи. На 12.10. поради влошување на РТГ наодот и лабораториски анализи, пациентот бил хоспитализиран. Во лекарскиот извештај е наведено дека пациентот бил ставен на кислородна поддршка и дадена му е соодветна терапија. Кај пациентот прогресивно дошло до влошување на состојбата, починал на 15.10.2021. Коморбидитети: обезитас. Не е вакциниран“, велат од Министерството за здравство за „Скопје1.мк“.

Македонија | пред 4 години

danilovski

Доктор Даниловски со свои очекувања кога ќе заврши епидемијата

Епидемиологот д-р Драган Даниловски вели дека поради студеното време и затворените простории ќе има зголемување на бројот на позитивни од Ковид-19, но не очекува дека тоа ќе создаде нов остар бран.– Ќе се соочиме со едно покачување на бројот на новите случаи, но не мислам дека епидемиската крива ќе биде во облик на шилец, туку тоа ќе биде една крива која што ќе има едно зарамнето плато со не многу висока амплитуда. Ако се биде како што треба и не се појави некоја нова варијанта, целата епидемиска приказна ќе заврши најверојатно со настапување на пролетта, рече докторот во вестите на Канал 5.Според поранешниот министер за здравство, со грипот секоја година ќе има и сезона на корона. Даниловски вели дека вирусот ќе ја загуби силата, но секоја година ќе има сезона на корона.Професорот додаде дека наставата со физичко присуство не претставува ризик со висок епидемиски потенцијал.

Актуелно | пред 4 години

Remini20211015143134082

ВИДЕО: Калиопи за Тоше...

Утре, 16 октомври, се навршуваат 14 години од загинувањето на најголемата македонска музичка ѕвезда Тоше Проески. Поп-дивата Калиопи му беше блиска пријателка и веќе се огласи на „Инстаграм“ со емотивна порака. Таа објави видео и му ги посветити стиховите од песната „Барем да си тука“.„Барем да си тука и да те имам крај себе. Барем уште еднаш моите раце сега да те гушнат“, напиша таа под видеото, каде што Калиопи ја пее песната, заедно со пораката:„Наближува 16 октомври и тагата ми го стега грлото сѐ повеќе и повеќе“.

Магазин | пред 4 години

47694709_2149363498709113_5540999920202399493_n-e1601895680729

14 години од најтрагичната вест за смртта на најголемата ѕвезда Тоше Проевски!

Една од најголемите македонски музички ѕвезди на денешен ден во 2007 година трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа на само 26 години. Тоше зад себе остави големо музичко наследство, кое и денес како во Македонија, така и низ целот Балкан редовно се слуша.Животот на Тоше заврши во годината кога одбележуваше десет години успешна кариера и кога таа почна да станува меѓународна. Но, албумот на англиски јазик што го подготовуваше беше постхумно промовиран (The Hardest Thing).Во чест на Тоше, како и во изминатите години, така и оваа ќе трчаат десет маратонци кои денеска напладне треба да стигнат во Крушево на неговото вечно почивалиште на Гумење. Поради пандемијата на коронавирусот годинава маратонот се одржува само на територијата на нашата држава, од преминот Табановце, преку Скопје до Крушево.Во негова чест двајца претставници на маратонците ќе истрчаат 10 километри во Нова Градишка, Хрватска, и таму ќе положат цвеќе во спомен на Тоше.Тоше Проески е роден на 25 јануари 1981 и својот музички талент го покажа уште како петтоодделенец на фестивалот „Златно славејче“ (1992) каде што испеа песна на влашки јазик.Музичката кариера ја почна со победата на „Мелфест“ во Прилеп, во 1997 година, и оттогаш настапуваше на сите значајни фестивали во земјава и регионот, а во 2004 ја претставуваше Република Македонија на Евровизија во Истанбул. Таа година стана и амбасадор на УНИЦЕФ.Објави седум албуми – неколку и во превод на српски и хрватски јазик. Последниот – „Игри без граници“ беше промовиран две недели пред несреќата, а последниот концерт, кој беше хуманитарен и за подобрување на условите во образованието во Македонија, го одржа на Градскиот стадион на 5 октомври 2007 година.

Магазин | пред 4 години

3a19885ea97292fcc26f37c372c9f2ce-e1634374826346

Лила наполни 50-години: Музика, вино, торта

Водителката Лила Филиповска вчера го прослави 50. роденден. Јубилејна бројка заради која и дојдоа пријателите на раденднската журка во ресторанот Дион. Музика, вино, торта…се беше по ќеф на познатата водителка и бој еден инфлуенсерка кај нас.За забвата беше задолжен Џони кој пееше на роденденот, а за микрофон се фати и Лила. Покрај синиот Филип на журката беа и колегите од Сител како и нејзини блиски пријатели.Изненадувањата за Лила почнаа  ден предходно кога доби роденденска торта во форма на бургер со свеќички со бројот 18.Таа објави и видео на кое игра и пее со порака „Пушти музика и нека иде живот. Лани,за разлика од оваа година, роденденот помина скромно, без гужва зарди пандемијата и полициските часови. 

Магазин | пред 4 години

partizanska-brza-pomos-914

Починаа 14 лица, 395 новозаболени од корона

Денес се регистрирани 395 нови лабораториски позитивни случаи на SARS CoV-2, со што вкупната бројка на дијагностицирани лица со КОВИД-19 изнесува 196.762Оздравени се 245 пациенти – во изминативе 24 часа починале 14 лица.Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:• Направени се 3.595 тестирања, а регистрирани се 395 новислучаи на КОВИД-19:Скопје – 177, Куманово – 35, Велес – 31, Штип – 21, Кавадарци – 19, Прилеп – 17, Охрид и Кочани – по 12, Битола – 11, Струмица – 10, Гевгелија – 7, Тетово – 6, Кичево – 5, Кратово – 4, Гостивар, Свети Николе,Радовиш, Ресен, Крива Паланка, Валандово и Богданци – по 3, Пробиштип – 2, Струга, Крушево, Демир Хисар, Македонска Каменица и Дојран – по 1.• Регистрирани сe 245 оздравени пациенти од: Скопје – 121,Велес – 22, Куманово – 21, Штип – 15, Кавадарци – 10, Струмица – 8, Прилеп – 7, Кочани – 5, Битола, Дебар иВиница – по 4, Тетово и Кичево – по 3, Гевгелија, Кратово, Радовиш, Ресен, Богданци и Пробиштип – по 2, Охрид, Гостивар, Крива Паланка, Неготино, Делчево иМакедонски Брод – по 1.• Во текот на изминатите 24 часа починале 14 лица: 6починати лица од Скопје (85г, 85г, 80г, 75г,72г и 68), 2 починати лица од Велес (71г и 66г) и по едно починато лице од Битола (22г), Македонски Брод (75г),Радовиш(67г), Куманово (90г) и Струмица (66г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 7 починати лица, со датум на смрт од 05.09.2021 до 10.10.2021 година. Регистрирани се тројца починати лица од Скопје, два починати лица од Тетово и по едно починато лице од Крива Паланка и Прилеп, на возраст од 58 до 88 години. Од пријавените лица 4 се починати во болнички услови, а 3 во домашни услови.• Направени се 3.595 тестови преку: ИЈЗ-303, ЦЈЗ Скопје-60, ЦЈЗ Битола-68, ЦЈЗ Прилеп-43, ЦЈЗ Тетово–44, ЦЈЗ Куманово-59, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-3, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0,ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–175,Жан Митрев (Филип Втори)-81, Авицена-167, Биотек-190, Систина-60, лабораторија Лаор-241, Синлаб-35, Ремедика-13, Плодност–61, Генеа-11, Никоб лаб-362,ВФВ Медикал-93, Ели Медика-60, Ројал Медика –13,Спектра-ММ-1, Рапид Лаб – 0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) –вкупно 1.452.Досега во земјата се направени вкупно 1.339.824 тестирањана Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 196.762бројката на оздравени пациенти е 183.027, на починати е 6.922, а бројот на активни случаи изнесува 6.813.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-10-16-at-11.01.05

Со лажен профил од сопругата на Пендаровски, се краделе податоци од граѓани!

Лажен профил е отворен со името и фотографии од првата дама Елизабета Ѓоргиевска, преку кој се собирале податоци од граѓани, меѓу кои и кредитни картички, дознава „А1он“. Профилот е на социјалната мрежа „Фејсбук“ и е отворен пред 13 часот. За него е искористено презимето од претседателот Стево Пендаровски, па е именуван како „Елизабета Пендаровска“, а користени се и нивни заеднички фотографии, споделувани се објави од официјалната страница на претседателот. Случајот е пријавен и во Секторот за компјутерски криминал при МВР.Последната во десетиците објави на лажниот профил е насловена како „донации“. Преку неа, се повикуваат сите кои го следат профилот да напишат нивно име и презиме, за потоа 100 лица да добијат по 5.000 евра. Под оваа објава има над 1.500 коментари, како и 672 споделувања. Подолу, корисникот на лажниот профил оставил и линк преку кој дополнително собирал информации, меѓу кои и кредитните картички.Првата дама, Елизабета Ѓоргиевска, кажа дека случајот го пријавила во полиција.

Македонија | пред 4 години

DSC_0288

Поради закани кон кандидат за градоначалник, прилепчанец доби притвор!

Закани упатени кон кандидатот за градоначалник на Прилеп и неговото семејство, испратени преку социјалната мрежа Фејсбук беа предмет на истрага на Основното јавно обвинителство Прилеп и МВР. Заканите ги упатил 27-годишник од Прилеп, преку објави на социјалната мрежа Фејсбук.Основното јавно обвинителство Прилеп поведе постапка за сторено кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 4 од Кривичниот законик.Пријавеното лице во текот на вчерашниот ден е лишено од слобода на граничниот премин Табановце при влез во државава и приведено на испитување во обвинителството.Во насока на нешречено одвивање на кривичната постапка, јавниот обвинител до надлежниот суд достави предлог за определување на мерка притвор против осомнуичениот. Судијата на претходна постапка при Основнито суд Прилеп го прифати предлогот на обвинителството и на осомничениот му е определен притвор во траење од 8 дена.​

Македонија | пред 4 години

glasanje-makedonija

ЦИВИЛ: Недостасуваат околу 40 лица на Избирачкиот список во казнено-поправните установи

Мониторингот на ЦИВИЛ утврди дека денешното гласање на лицата во притвор и на издржување казна затвор започна навремено во сите казнено-поправните установи (КПУ), освен во КПУ Идризово. Гласањето во КПУ Идризово започна во 8:20 часот. Од ЦИВИЛ изразија надеж дека управата и Избирачкиот одбор во КПУ Идризово ќе го почитуваат принципот според кој треба да се продолжи гласањето во избирачките места за толку време колку што траел прекинот, односно доцнењето.Во мониторингот на ЦИВИЛ на гласањето во КПУ низ земјата, се бележат неколку други недостатоци. Во КПУ Куманово, од 56 лица, само 38 се на Избирачкиот список. Во КПУ Битола, 20 лица недостасуваат во Избирачкиот список.На почетокот на гласањето во КПУ Прилеп и Битола, на гласачите не им било дозволено гласањето со т.н. „домска карта“, за разлика од сите други КПУ каде што тоа било дозволено. Некаде околу 9 часот, овој проблем е надминат и сега гласачите во КПУ Прилеп и Битола можат да го остварат своето право на глас со „домска карта“, како и во сите останати КПУ.ЦИВИЛ ќе се појави со најнови информации и во живо, во Изборен рапорт, со почеток во 13 часот на Фејсбук страницата и Јутуб каналот на организацијата.Како и секогаш, ЦИВИЛ го спроведува мониторингот во соработка со граѓанките и граѓаните и ги повикува да пријавуваат кршење на изборниот молк и други нерегуларности во текот на гласањето денеска и утре.

Македонија | пред 4 години

DSC_0052

Акција на полицијата: уапсени четворица за давање поткуп

Полицијата уапси четири лица кои ги гони за давање изборен поткуп. Станува збор за скопјани, кои како што тврди МВР, биле забележани како давале пари во замена за глас за локалните избори. Во нивните домови биле направени и претреси.„На место викано Аџево, биле забележани лица кои давале пари во замена за глас на претстојните локални избори односно вршеле кривично дело по член 162 од КЗ „поткуп при избори и гласање“. Од страна на полициски службеници приведени се четири лица. Е.Б. (26), С.М. (27) Н.Б. (50) и Ј.М. (35), а кај нив пронајдени се 121000 денари и 250 евра. Известен е јавен обвинител и по добиени судски наредби извршени се и претреси во домовите на лицата, а тие се задржани во полициска станица за понатамошна постапка“, велат од МВР.Вчера, имаше апсење и во Лозово, каде се давало од 50 до 100 евра за глас. Уапсен беше 50-годишен жител на Милино кој, според МВР, поткупувал за да се гласа за независен кандидат.

Скопје | пред 4 години

kuce

Скопјанец каснат од куче

На 15.10.2021 во 16.00 часот во Полициската станица Карпош, Л.Ц.П.(51) од Скопје пријавила дека на  ул.„Франце Прешерн“ нејзиниот син бил каснат од куче скитник.

Скопје | пред 4 години

DSC_0735

Поради прашкаста материја, уапсени две лица од Делчево

На 15.10.2021 во 23.00 часот во Делчево, полициски службеници од Полициската станица Делчево  ги лишиле од слобода М.Д.(28) и С.К.(21), двајцата од Делчево, затоа што кај нив била пронајдена прашкаста материја.По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 4 години

taksi

Лажен таксист од Скопје доби пријава, фатен како превезувал лица од Куба без лиценца

Одделението за прекуграничен криминал, миграции, реадмисија и странци Гевгелија поднесе кривична пријава против Д.П.(43) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување лиценца”, предвидено и казниво по член 284-а од Кривичниот законик.На 22.09.2021 околу 21.00 часот, полициски службеници од Полициската станица Гевгелија на влезот во Гевгелија извршиле контрола на патничко  возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, со натпис „такси“, управувано од пријавениот, при што било констатирано дека Д.П. не поседува лиценца за вршење на авто-такси превоз и сертификат за авто-такси возач, а во возилото биле затекнати три лица од Куба.

Македонија | пред 4 години

1634368344-2021-10-16T053918Z_455187989_RC2JAQ9G63O6_RTRMADP_3_INDONESIA-DISASTER-1

11 ученици загинаа во Индонезија за време на излет

Единаесет ученици се удавија во река за време на училишно патување во индонезиската провинција Западна Јава, соопштија локалните власти.Од група од 150 ученици, 21 од нив паднале во реката, а спасувачите успеале да извлечат 10.Средношколците беа на екскурзија на која учествуваа во чистењето на брегот на реката.Според медиумите, учениците не носеле елеци за спасување.

пред 4 години

DSC_0718

Сопругата ја тепал со каиш, кон ќерка си посегнал со нож – семејно насилство во Гостивар

Обвинителството бара притвор за 43-годишен гостиварец поради семејно насилство.Синоќа околу 22:30 часот, во домот во кој живеел со сопругата и ќерката, започнал расправија по што ги нападнал и им нанел телесни повреди. Тој барал пари, но откако сопругата му кажала дека нема, започнал да ја удира со шлаканици. Потоа побарал пари и од ќерката, но откако не му биле дадени, се упатил да го земе нејзиниот мобилен телефон за да го продаде. Кога ќерката се обидела да повика полиција, осомничениот зел нож од кујната и замавнал кон неа, во што бил спречен од сопругата. Тој продолжил со намерата, удирајќи ја сопругата со каиш во пределот на грбот и левата натколеница нанесувајќи и телесни повреди. Нападот го спречил нивен роднина.Осомничениот неколкупати праќал и пораки на мобилниот телефон на ќерка си со закани дека ќе ја обеси и ќе ги заколи неа и нејзината мајка.Бидејќи сторените кривични дела се против јавниот ред или моралот, а особено бидејќи псотојат околности кои го оправдуваат стравот дека осомничениот ќе го повтори делото или дека ќе го изврши кривичното дело со кое се заканува, јавниот обвинител до Основниот суд Гостивар поднесе Предлог за определување мерка притвор за осомничениот.​

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-10-16-at-10.59.41

ВИДЕО: Огромна дупка се отвори на патот Маврово-Дебар

Огромна дупка се отвори на патот Маврово-Дебар. Најверојатно, ова е последица на лизгање на земјиштето, а зафаќа една цела коловозна лента. Дупката е со длабочина од околу 20 метри. Очевидци велат дека поради навременото превенирање од полицијата, избегнат е несреќен случај бидејќи патот е фреквентен.Засега, патот ќе остане целосно затворен за сообраќај, поради опасност дупката да се прошири и на другата сообраќајна лента. Сообраќајот од и кон Дебар се пренасочува преку Струга. Местото го обезбедува полицијата, а на терен се чекаат екипи на ЈП „Македонијапат“.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Фатено лице кое наместо во затвор, било на слобода

На 14.10.2021 во 16.10 часот во с.Долно Соње, општина Сопиште, полициски службеници од Оперативен тим потраги ја лишиле од слобода А.В.М.(46) од Скопје која се барала со потерница за издржување затворска казна.Таа била спроведена во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.

Македонија | пред 4 години

ace-za-gjorce

Стојкоски: Веќе се осеќа радоста во која ја гледаме надежта! Гласаме за 7 за Ѓорче да биде повторно гордост!

Пред изборниот молк, Александар Стојкоски, кандидат за градоначалник за Ѓорче Петров од ВМРО-ДПМНЕ посочи дека во недела жителите на општината имаат шанса да го променат тоа што досега не им ги промени животите на подобро. Со порака да гласаат за бројот 7, Стојкоски е дециден дека Ѓорче ќе биде повторно општина на задоволни граѓани.„Во целата кампања за изборите, мој и ваш заеднички став беше и е: „Ѓорче не го личи вакво, со кал, без вода, канализација, инфраструктура, со лаги, лажни ветувања и куп проблеми“. Затоа и пред изборниот молк Ви се обраќам, за да Ви кажам дека заедно менуваме. Веќе во недела, на изборите. Бидејќи можеме и мораме. Со глас за бројот 7. Сакаме општина со задоволни граѓани. Со тимот на советници од ВМРО-ДПМНЕ, предводени од д-р Ленче Нелоска знаеме што Ви треба на сите вас. Зад нас е тешка кампања, бидејќи нас таа ни траеше четири години, бидејќи ние не сме од оние кои со вашите вистински проблеми се занимаваат само пред избори“, посочи Стојкоски.Тој изрази и голема благодарност на сите кои во изминатиов период му дале поддршка преку пораки, идеи, коментари. Тоа за него, како што посочи е мотивација повеќе за Ѓорче да биде општина со која секој поединец кој живее во неа, ќе се гордее.„Ние своето не го ветувавме, туку докажавме дека ќе го решиме, бидејќи таква ни е програмата, која ќе се реализира во следните четири години. Веќе сега се осеќа радоста! Радоста во која ја гледаме надежта, заедно со поддршката која сега ни ја дадовте од сите страни. Затоа Ве повикувам со целиот тим, во недела, заеднички да ги донесеме промените. Да ја поддржиме политиката поттикната од желбата за подобро утре за сите, ама баш сите наши граѓани. Со пенкало во раце и насмевка на лице, во недела одиме гордо и радосно на избирачките места за да Ѓорче биде модерно, хумано, урбано! Не заборавајте, бројот 7 е тоа што Ѓорче ќе го направи место со кое сите повторно ќе се гордееме!“, додаде Стојкоски.

Скопје | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања