Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

tepacka-4

Тепачка пред избирачко место во Тетово

Денеска (17 октомври) во 13.15 часот во СВР Тетово било пријавено дека бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу две лица во дворот на основното училиште „Лирија“ во гостиварското село Рачане, а во кој објект било сместено избирачкото место број 528. Двете лица се идентификувани и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 4 години

Pozdrav-do-Teo-02

На шест места се гласа на стар начин со УВ ламба

Даштевски соопшти дека на шест избирачки места се гласа на стариот начин со УВ ламба и со спреј со решение на ДИК.Едното е во Старо Нагоричане, се работи за планинско место, треба да се стаса со теренско возило, а има само 15 гласачи. Поради тоа, тој како што кажа, потпишал решение да се гласа на стариот начин.Даштевски информираше дека на 11 избирачки места имало прекин повеќе од еден час каде што имало сериозни технички проблеми и гласањето таму ќе продолжи.– Сега за сега нема прекин на гласањето повеќе од три часа – соопшти Даштевски.Пратен е имејл до општински изборни комисии да ја известат ДИК за сите проблеми во најбрз можен рок.Претседателот на ДИК рече дека бил направен увид во неколку избирачки места каде што имало редици за гласање и појасни дека гужви се создавале затоа што во гласачкото место се пуштал по еден гласач. ДИК упатила упатство до ОИК на избирачките места да се пуштаат онолку гласачи, колку што има паравани за гласање. Дистанцата е на два метра. Таму каде што ќе има гласачи кои ќе бидат затечени на избирачкото место, ќе им се овозможи да гласаат.

Македонија | пред 4 години

vakcini-332

САД фрла вакцини, a некои уште чекаат први дози

САД фрлаат милиони дози на вакцина против ковид -19, додека многу делови од светот се соочуваат со недостаток.Најмалку 15 милиони дози се отпишани во САД помеѓу март и септември, според анализата на ЦДЦ. Одделна студија покажа дека еден милион дози биле одбиени во 10 американски држави во декември и јули. Државите продолжуваат да фрлаат неискористени вакцини.Луизијана фрлила 224.000 неискористени дози на вакцини, стапка што скоро тројно се зголемила од крајот на јули, дури и во време кога смртоносниот четврти бран на вирусот ја погоди државата.Некои дози биле изгубени со отворање и не користење на целосната содржина на шишињата, но за повеќе од 20.000 дози, рокот на траење едноставно истекол.Наводно, во Висконсин илјадници дози се фрлаат секој ден. Повеќе од 65.000 дози се фрлени во Алабама, во Тенеси речиси 200.000.Отфрлените дози претставуваат само мал дел од дозите консумирани во тие држави – на пример, во Луизијана, успешно се администрирани 4,4 милиони дози.Но, вестите се уште се тажни бидејќи милиони луѓе низ целиот свет се уште ги чекаат своите први дози.До јули, само еден процент од населението на земјите со ниски примања ја прими првата доза, додека во земјите со високи примања повеќе од половина од населението ја прими првата доза.Многу од отфрлените дози доаѓаат од аптеките.Во мај, само два ланци на аптеки консумираа повеќе дози од сите американски држави, територии и федерални агенции заедно, вкупно три четвртини од одбиените дози. Најмалку 7,6 милиони отфрлени дози доаѓаат од четири големи аптеки.Постојат неколку причини зошто дозите на вакцините не успеаја: понекогаш шишето е испукано или не содржи онолку колку што се наведени, понекогаш иглите се дефектни или замрзнувачите се расипуваат или струјата се исклучува. Честопати луѓето не се појавуваат на договорениот датум на вакцинација, а дозата издвоена за нив не се користи подоцна.Бидејќи вакцинацијата во целата земја се забави по врвот на кампањата за вакцинација во средината на април, растечкиот проблем е што вакцините истекуваат бидејќи премногу луѓе нема да се вакцинираат.

пред 4 години

246268933_550210632940710_1237743521333302287_n

48 приговори стигнати до ДИК

Гласањето тече добро во поголемиот дел од избирачките места, но на одредени места се појавиле проблеми, соопшти претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Даштевски. Тој извести дека до ДИК стигнале вкупно 48 приговори.„ Од она што се појавило како проблем е дека до 12.30 до ДИК се стигнати 48 приговори за заштита на избирачки права. Од нив 26 се прифатени, 4 се одбиени поради неисполнување на условите и 18 се уште во обработка“, рече претседателот Даштевски.Приговорите Даштевски нагласи дека ќе бидат јавно објавени.

Македонија | пред 4 години

policija-3-640x382

Маж бил неовластено сниман пред штаб на политичка партија во Прилеп, а потоа нападнат

Вчера вечер во 21.42 часот во ОВР Прилеп, И.Т. пријавил дека неовластено бил сниман пред штаб на политичка партија и дека бил физички нападнат од две лица, информира Министерството за внатрешни работи.– Во врска со истиот настан, И.Н.(29), од Скопје пријавил дека бил физички нападнат од едно лице и дека му била оштетена камерата пред штабот на политичката партија, велат од МВР.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 4 години

Untitled-.3

Одѕивот до 13 часот е 20,69%

До 13 часот, според пристигнатите податоци во Државната изборна комисија на гласање излегле 294.048 гласачи, односно одѕивот е 20,74%.Највисок одѕив има во Новаци 43,70%, a најнизок одѕив  имало во Липково, каде според податоците кои досега стигнале во ДИК на гласање излегле 11,65% од запишаните гласачи.На изборите учествуваат вкупно 10.831 кандидат од 31 политичка партија и коалиции и 91 група избирачи.

Македонија | пред 4 години

zoki3-poki-1

Од денес „Зоки Поки“ и на РТС

Од денес македонската детска серија „Зоки Поки“ ќе се прикажува во Србија. РТС пушти рекламен спот во кој ги информира своите гледачи дека после Германија, Норвешка, Данска, Шведска и Финска, „Зоки Поки“ доаѓа и во Србија.Секоја сабота од 8:30 часот на РТС 2 со превод на српски јазик.Серијата веќе постигна огромна гледаност и популарност во Македонија. 

Магазин | пред 4 години

246356779_462321855091007_47657066983615552_n

Гласач ги фрлил ливчињата оти не мубила дозволена помош од друго лице

До сега Министерството за внатрешни работи нема регистрирано посериозни нарушувања на јавниот ред и мир во текот на гласањето, кое, генерално, се одвива мирно, без проблеми, соопшти портпаролот на МВР Тони Ангеловски на денешната прес конференција. По отворањето на гласачките места до 11.00 часот регистрираме по два настани на подрачјата на СВР Скопје, и по еден на подрачјето на СВР Штип, СВР Куманово и на СВР Велес.- Во СВР Скопје било пријавено дека на гласачко место 2600 граѓанин ги фрлил гласачките ливчиња затоа што не му била дозволена помош од друго лице при гласањето. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.- Во СВР Скопје било пријавено дека околу 09.35 часот во близина на влезот на гласачко место 2842 и 2842/1 на ул.„Борка Талески“ во Скопје било забележано дека на девет возила од надворешна страна на стаклата била залепена бројка на кандидат за градоначалник за град Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.- Во 07.28 часот во СВР Штип било пријавено дека било прекинато гласањето на гласачко место број 852 во кино Култура во Кочани поради истакнат плакат во близина на гласачкото место. - Во 10.10 часот во Полициската станица Кратово – СВР Куманово, претседателот на Општинска изборна комисија од Кратово пријавил дека од претседател на избирачко место бр.0931 во Кратово бил информиран дека имало агитирање на избирачкото место. Се работи на расчистување на случајот.

Македонија | пред 4 години

245716930_382770840193008_204004805989680856_n

Позитивна на коронавирус отишла да гласа

Во 09.15 часот во Полициската станица Кавадарци - СВР Велес било пријавeно дека на гласачко место бр.0720 во Росоман, А.А.(61) од Росоман го остварила правото на глас, иако знаела дека е позитивна на коронавирусот.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 4 години

Denovi-na-ruskata-nauka-programa

Од 18 до 21 октомври „Денови на руската наука“

Oд 18 до 21 октомври 2021 година, во организација на Македонската академија на науките и уметностите, Амбасадата на Руската Федерација во Република Северна Македонија и Почесниот конзулат на Руската Федерација во Охрид, ќе се одржат „Денови на руската наука“.Науката е важен сектор во сите аспекти на животот. Ценејќи го трудот и достигнувањата на научниците, претседателот на Руската Федерација Владимир Путин ја прогласи 2021 за година на науката. Во склоп на настанот ќе се одржат четири предавања од различни научни области (вештачка интелигенција, биохемија и молекуларна биологија, земјоделски науки и ветеринарни науки), а на темите ќе говорат академик Љупчо Коцарев, проф. д-р Велимир Стојковски, проф. д-р Евгениј Варисович Камалдинов и проф. д-р р Лариса Александровна Гнездилова.На свеченото отворање кое ќе се одржи во Македонската академија на науките и уметностите на 18 октомври 2021 год. во 11.00 ч., придржувајќи се до сите мерки и протоколи за заштита од COVID-19, ќе се обратат: академик Љупчо Коцарев, претседател на Македонската академија на науките и уметностите, Н.Е. Сергеј Александрович Баздникин, амбасадор на Руската Федерација во Република Северна Македонија, академик Виктор Антонович Садовничиј, Претседател на Рускиот Сојуз на ректори и ректор на Московскиот државен универзитет „М.В. Ломоносов“, проф. д-р Сергеј Владимирович Позјабин, ректор на Московската државна академија за ветеринарна медицина и биотехнологија „К.И. Скрјабин“, проф. д-р Евгениј Владимирович Рудој, ректор на Новосибирскиот државен аграрен универзитет и проф. д-р Велимир Стојковски, почесен конзул на Руската Федерација во Охрид.

Магазин | пред 4 години

izbori-glasanje-fingerprint-3

ДИК даде инструкции за системот за биометриска идентификација

Гугучевска рече дека ДИК дала инструкции на Избирачките одбори редовно да го чистат скенерот каде што се остава отпечатокот од прст, а гласачите да притиснат повеќе кога го оставаат отпечатокот на скенерот.За да се забрза процесот, доколку два пати не може да се идентификува гласачот преку системот за биометриска идентификација, процесот продолжува со скенирање на личниот документ или со внес на матичниот број да се пребарува гласачот, велат од ДИК.„Проблемите се надминуваат во тек, со комуникација со техничките лица кои се на терен. Во однос на лошиот квалитет на базата на отпечатоци, како последица, на избирачките места најчест проблем е непрепознавање на отпечатоците на граѓаните. Законски е предвидено дека во таков случај постапката продолжува со скенирање на личните документи во самиот скенер кој е во склоп на уредите за отпечатоци или со внесување на единствениот матичен број на гласачот“, рече портпаролката на ДИК, Љупка Гугучевска.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Амбасада на САД: 83 лица добиле оружје со цел попречување на изборниот процес

Неколку известувања за евентуални изборни нерегуларности сторени на подрачјето на ОЈО Скопје добила Комисијата за следење на кривични дела поврзани со изборите и гласањето.Од амбасадата на САД во земјава доставено било известување дека лице од политичка партија пријавило оти над 80 лица добиле огнено оружје за да го загрозат изборниот процес.-На 17.10.2021 година во 09:04 часот по лотус добиено е известување од страна на Оперативниот штаб, доставено од страна на Амбасада на САД во кое известуваат дека едно лице од политичка партија,  на 16.10.2021 година се обратило до нив и споделило информација дека 83 лица кои биле повеќекратно осудени сторители на кривични дела и се на слобода, добиле огнено оружје со цел попречување на изборниот процес, како и дека друго лице – познат сторител на кривични дела поседува оружје и дека на денот на гласањето ќе изврши кривични дела со кои ќе го загрози животот и телото на лица – членови на политичка партија.  По приемот на известувањето преку МВР СВР Скопје се проверуваат наводите од пријавата и се преземаат оперативни мерки за проверка на лицата и разговор со подносителот на пријавата, а заради утврдување евентуални основи на сомнение за сторено кривично дело, за кое гонењето се презема по службена должност, велат од ОЈО.

Македонија | пред 4 години

244507018_832514724085702_8044022012564587281_n

JO: Непознати лица вршат изборен поткуп во Топаана и Шуто Оризари

Комисијата за следење на евентуални нерегуларности поврзани со извршување на кривични дела од Глава шеснаесет – Кривични дела против изборите и гласањето од Кривичниот законик и други кривични дела кои би биле сторени при организирањето и спроведувањето на локалните избори, ја известува јавноста дека во континуитет ги следи случувањата поврзани со изборниот процес.До овој момент од денешниот изборен ден, пристигнати се неколку известувања за евентуални изборни нерегуларности сторени на подрачјето на Основното јавно обвинителство Скопје.Дежурен јавен обвинител од скопското обвинитeлство е  присутен во седиштето на СВР Скопје каде заедно со  Штабот  во рамките на оперативна акција Избори 2021 година  во рамки на СВР Скопје се следат сите настани поврзани со неправилности  за локалните избори.Добиена е пријава дека засега непознати лица со две патнички моторни возила вршат изборен поткуп во Топаана и Шуто Оризари. Дадени се насоки СВР Скопје да преземе мерки за проверка на наводите од пријавата, проверка на лицата на кои што им бил понуден поткупот и утврдување на можен сторител на кривично дело „поткуп при избори и гласање“ од член 162 од Кривичниот законик.Околу 09:35 часот во близина на влезот на ГМ 2842 и 2842/1 во ЈДГУ „Кочо Рацин“ на ул.„Борка Талески“ на 9 возила од надворешна страна на стаклата е залепена бројка од кандидат за градоначалник. Се преземаат мерки за утврдување на идентитет на евентуален сторител на прекршок од член 190 ст.3 од Изборниот законик.На 17.10.2021 година во 09:04 часот по лотус добиено е известување од страна на Оперативниот штаб, доставено од страна на Амбасада на САД во кое известуваат дека едно лице од политичка партија,  на 16.10.2021 година се обратило до нив и споделило информација дека 83 лица кои биле повеќекратно осудени сторители на кривични дела и се на слобода, добиле огнено оружје со цел попречување на изборниот процес, како и дека друго лице – познат сторител на кривични дела поседува оружје и дека на денот на гласањето ќе изврши кривични дела со кои ќе го загрози животот и телото на лица – членови на политичка партија.  По приемот на известувањето преку МВР СВР Скопје се проверуваат наводите од пријавата и се преземаат оперативни мерки за проверка на лицата и разговор со подносителот на пријавата, а заради утврдување евентуални основи на сомнение за сторено кривично дело, за кое гонењето се презема по службена должност.Во претходните денови, Комисијата постапуваше по сознанија за евентуално сторени кривични дела поврзани со организирањето и спроведување на локалните избори. Дадени се задолженија до основните јавни обвинителства за итно постапување, односно за формирање предмети и преземање на сите  дејствија за утврдување на релевантни факти од кои зависи правилната примена на Кривичниот законик.На подрачјето на Вишото јавно обвинителство Скопје во врска со изборниот процес оформени се предмети во скопското и кумановското обвинителство.Основното јавно обвинителство Скопје оформи предмет во врска со истрели од огнено оружје на митинг на политичка партија. Обвинителството издаде насоки до МВР за идентификација на сторителите.По објави во медиумите за експлодирана бомба во двор од семејна куќа на кандидат за член на Совет на општина, на 3 октомври 2021 година, како и доставено известување од МВР, скопското обвинителство оформи предмет за сторено кривично дело – Изнуда од страна на засега непознати сторители. На кандидатот од листа за советници испраќани му биле пораки , меѓу нив и порака со закана со бомба.До обвинителството е дадена информација дека на 15.10.2021 околу 19 часот на подрачјето на ПС Драчево, на место викано Аџево, биле забележани лица кои давале пари во замена за глас на претстојните локални избори односно вршеле кривично дело „поткуп при избори и гласање“. Од страна на полициски службеници приведени се четири лица. Известен е јавен обвинител и по добиени судски наредби извршени се и претреси во домовите на лицата. Дополнително, обвинителството е известено од СВР Скопје дека по спроведени дејствија е утврдено дека паричните средства пронајдени кај лицата се од Договор за купопродажба на возило.Дежурен  јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје на 16 октомври 2021 година, бил известен од ПС Арачиново дека снемало печат на избирачки одбор кога членовите отишле да спроведат гласање кај лице во неговиот дом. Известена била и Државната изборна комисија, по што обезбеден е нов печат. Настанот е документиран, се преземаат дејствија за негово расчистување.Кумановското обвинителство оформи предмет и постапува за настан случен во селата Војновиќ, Романовце  и Черкезе, кумановско, каде лице се договарало за купување гласови.На подрачјето на Вишото јавно обвинителство Битола се преземаат дејствија за утврдување на факти во неколку прдмети поврзани со процесот на организирање и спроведување на локалните избори.Комисијата ја информираше јавноста за оформениот предмет во врска со упатени закани преку социјалната мрежа Фејсбук кон кандидатот за градоначалник од Прилеп. Обвинителството поведе постапка за сторителот за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ од член 144 став 4 од Кривичниот законик. Во насока на непречено одвивање на кривичната постапка, јавниот обвинител до надлежниот суд достави предлог за определување на мерка притвор против осомничениот. Судијата на претходна постапка при Основниот суд Прилеп го прифати предлогот на обвинителството и на осомничениот му е определен притвор во траење од 8 дена.До Комисијата, преку електронската адреса пристигнаа две пријави за дејствија во општина Струга, во врска со асфалтирање  на улица на денот на изборниот молк.  Струшкото обвинителство презеде дејствија за расчистување на настанот. По насока на јавен обвинител полициски службеници од СВР Струга излегоа на лице место, при што, по извршени проверки е констатирано дека на наведеното место не се преземаат градежни дејствија за асфалтирање на улица и нема присуство на евентуално ангажирани работници.На подрачјето на Вишото јавно обвинителство Гостивар, во тетовското обвинителство се постапува за проверка на наводи во пријава против директор на државен орган кој агитирал кај вработени да гласаат за кандидат за градоначалник. Во ова обвинителство се проверува и сознание во врска со наводен поткуп од кандидат за градоначалник со бекатонски плочки.На подрачјето на Вишото јавно обвинителство Штип , во Основното јавно обвинителство Кочани се преземаат дејствија во предмет оформен по примена кривична пријава на 16.10.2021 година, против  две лица за кривично дело ,,повреда на  слободата на определување на избирачите”.  Според наводите во пријавата, во период од 8 до 15 октомври 2021 година, во повеќе наврати две лица им се заканувале на повеќе граѓани  од Кочани дека ќе бидат избркани од работа и ќе им бидат одземени други права доколку излезат на гласање и гласаат за партијата чии симпатизери се.Основното јавно обвинителство Делчево по телефон било известено дека на 16.10.2021 година,  на градскиот пазар во Делчево, кандидат за градоначалник на едно лице дало 3000 денари и брошура од политичка партија.  Парите од лицето кое ги примило се одземени, додека  брошурата не е пронајдена. Обвинителството издаде насоки за натамошно постапување.Основното јавно обвинителство, по телефонско известување од СВР Струмица, издаде насоки за проверка во врска со настан во село Ново село каде едно лице вршело агитирање и убедувало стари и изнемоштени лица за кого да го дадат својот глас.На електронска адреса на обвинителството примена е пријава и за преземени дејствија од медиум со кои наводно биле сторени нерегуларности во врска со изборниот процес, односно прекршување на изборниот молк. Наводите се проверуваат.Комисијата за следење на евентуални изборни нерегуларности преку воспоставените дежурства на јавни обвинители во основните јавни обвинителства продолжува да го следи спроведувањето на локалните избори.​

Македонија | пред 4 години

kucinja-kuce

Двајца скопјани каснати од кучиња скитници

На 16.10.2021 во 19.20 часот во Полициската станица Кисела Вода, В.К.(27) од Скопје пријавил дека на ул.„Ениџевардарска“ бил каснат од куче скитник.На 16.10.2021 во 09.00 часот во Полициската станица Аеродром, Н.К.(61) од Скопје пријавил дека на бул.„Јане Сандански“ бил каснат од куче скитник.

Скопје | пред 4 години

soobrakajka-696x463-312863

Сообраќајка на патот Тетово-Волковија, едно лице тешко повредено

На 16.10.2021 во 14.05 часот во СВР Тетово било пријавено дека на крстосница од регионалниот пат Тетово-Волковија со локален пат за с.Челопек се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „сеат леон“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Џ.И.(29) од с.Мала Речица и патничко моторно возило „голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.Б.(43) од с.Радиовце.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „голф“ А.Б.(41) од с.Радиовце, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи констатирани во Клиничката болница во Тетово. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Тетово.

Македонија | пред 4 години

image-151396

(ВИДЕО) Од 7 сум дојдена, компјутерот бил расипан, ме нема на список, вели револтирана скопјанка

Револтирана скопјанка пред камерата на Сител рече дека ќе оди во општина да се кара бидејќи не можела да си го оствари гласачкото право.Прва бев на ред. Од 7 сум дојдена. Не е важен редот. Компјутерот бил расипан, таму не знам, не можело. Овде пишува од А до М, таму пишува од М до Ш. Јас сум на Ш, на Ш ме нема. Сега ќе одам во општина да видам што е и ќе се искарам таму. Ќе им кажам колку се неспособни, вели таа.

Скопје | пред 4 години

pukanje-1

Полиција смирувувала тепачка во Гостивар со истрели во воздух

Во Гостивар синоќа се случила тепачка меѓу две групи, а завршила откако полцијаци кои интервенирале на пријава за нарушен јавен ред и мир испукале предупредувачки истрели.Според СВР Тетово утрово два часа по полноќ во СВР Тетово А.Т. (25) од Гостивар пријавил дека околу два часа претходно на улица „Живко Брајкоски“ во близина на угостителски објект по претходна вербална расправија во објектот со А.Н. и И.Н. од Гостивар неколку лица физички го нападнале со тврди предмети.Едниот од напаѓачите извадил и остар предмет со кој му се заканувал. По кратко време дошол и неговиот брат М.Т., но и тој бил физички нападнат.По пријавата на местото пристигнале полициски службеници кои за да смират ситуацијата испукале неколку предупредувачки истрели во воздух. Се работи на целосно расчистување на случајот.Извор: МИА

Македонија | пред 4 години

Untitled-.3

До 11 часот гласале над 10 отсто

До 11 часот гласале 123.321 гласачи, а обработени се над 66,97% отсто од гласовите, покажуваат податоците на сајтот на Државната изборна комисијаДо сега над 10 отсто го искористиле правото на глас.Државната изборна комисија првичните резултати од локалните избори добиени по електронски пат од општинските изборни комисии ги објавува сукцесивно, а резултатите врз основа на податоците од записниците од општинските изборни комисии во рок од 12 часа по завршувањето на изборите.Општинските изборни комисии првичните резултати од изборите треба ги објават во рок од 7 часа по завршувањето на изборите врз основа на податоците од избирачките одбори.

Македонија | пред 4 години

izbori-glasanje-fingerprinti3112

Апаратите за отисок останаа за украс, се гласа со оставање отисок на хартија

Првпат на Локалните избори 2021 во процесот на гласање ќе се применуваат уреди за биометриска идентификација на гласачите. За потребите на 3480 избирачки одбори ДИК  набави 4000 терминали.Но, граѓаните на социјалните мрежи сведочат за негативното искуство со овие уреди.https://twitter.com/Maja00914095/status/1449646090882584578https://twitter.com/Shoeder006/status/1449606014731497472https://twitter.com/Milaceski/status/1449642425081810945https://twitter.com/tea_cup_it/status/1449633234640424960„Гласав, но морам да напишам дека апаратите за идентификација ‘фингерпринт’ се чиста глупост и пари фрлени. Голем дел од гласачите не ги идентификува со отисок, па дури и со користење на лична карта во самиот апарат, како што беше и во мојот случај и, на крај, одобрено ми беше гласање со отисок од прст на самиот список. Така што, пак ќе кажам – огромни пари фрлени“, е еден од коментарите на фејсбук.Даштевски на првата прес-конференција посочи дека во одредени избирачки места кои се во помал број се појавиле одредени потешкотии со уредите.- Дел од нив се веќе надминати, а дел тековно се отстрануваат со помош на техничките лица. Во некои избирачки места поради лоши отпечатоци не можат да се препознаат, но гласањето тече со оставање на отпечаток на хартиениот избирачки список во кој се запишани гласачите и се овозможува да гласаат понатаму, вели Даштевски кој посочи дека вакво известување добиле сите општински изборни комисии.  

Коментари | пред 4 години

Picasso-Plakat-1

Изложба на Пабло Пикасо во Ѓорче Петров

Во колекцијата на ОСТЕН Музејот на цртеж се наоѓаат 83 оригинални дела на Пабло Пикасо од кои 8 цртежи, 26 керамики, а другите рачно потпишани графики. Дел од нив ќе бидат изложени на изложбата во Домот на културата во Ѓорче Петров.Покрај неприкосновената вредност на делата од легендата во уметноста на 20 век – Пабло Пикасо, оваа изложба е од исклучително значење и затоа што се организира по втор пат во Скопје. Единствена изложба на дела од Пикасо од колекцијата на ОСТЕН претходно е организирана во Галерија ОСТЕН во 2011 г.

Магазин | пред 4 години

IMG_2199

Над 1.000 починати од коронавирус во Русија

Русија регистрираше повеќе од 1.000 смртни случаи од коронавирус за 24 часа, првпат од почетокот на пандемијата.Дневниот број на жртви од Ковид-19 се зголемува во последните шест дена и достигна 1.002 лица во последните 24 часа.Бројот на дневни случаи, исто така, постави нов рекорд, со 32.196 заразени.Москва сѐ уште е најтешко погодената област во земјата, со 6.545 нови случаи на коронавирус, а потоа следи Санкт Петербург со 3.088.До петокот, 45,3 милиони луѓе, или 31 проценти од вкупното население во Русија, биле целосно вакцинирани против коронавирусот.

пред 4 години

w_57236895

Се вратија актерката и режисерот кои снимаа филм во вселената

Руските актерка и режисер кои поминаа 12 дена на Меѓународната вселенска станица (ИСС) за да го снимат првиот филм во вселената, утрово се вратија на Земјата.Вселенското летало „Сојуз МС-18“ со Јулија Пересилд, Клим Чипенко и космонаутот Олег Новицки слета во Казакхстан точно во предвиденото време, 4,36 часот наутро.Руската вселенска агенција Роскосмос објави на „Твитер“ дека спуштањето е успешно и дека тимот се чувствува добро.Космонаутот и филмското дуо го снимаа првиот филм во вселената. Филмот е со привремен наслов „Предизвик“ и прикажува хирург (ЈулијаПересилд) кој патува на ИСС за да спаси живот на еден астронаут.

Магазин | пред 4 години

dragan-danilovski-1

Епидемијата ќе заврши најверојатно на пролет, вели Даниловски

Епидемиологот Драган Даниловски во вестите на Канал 5 изјави дека поради студеното време и затворените простории ќе има зголемување на бројот на позитивни од Ковид-19, но не очекува дека тоа ќе создаде нов остар бран, и дека епидемијата најверојатно ќе заврши на пролет.– Ќе се соочиме со едно покачување на бројот на новите случаи, но не мислам дека епидемиската крива ќе биде во облик на шилец, туку тоа ќе биде една крива која што ќе има едно зарамнето плато со не многу висока амплитуда. Ако се биде како што треба и не се појави некоја нова варијанта, целата епидемиска приказна ќе заврши најверојатно со настапување на пролетта, рече Данаиловски.

Коментари | пред 4 години

kina-korona-2

Беќаровски: 100.000 малолетници се тестираа за да патуваат во странство, а за безбедност во училиште не дозволуваат

Доктор Нико Беќаровски од Клиниката за Токсикологија преку Фејсбук статус ги повика родителите да го прифатат најавениот скрининг на Министерството за здравство со брзи антигенски тестови.-Повеќе од 100.000 тестови за Sars-Cov-2 се направени на малолетници во Македонија за да патуваат во странство, а нивните родители за тоа платиле околу 2 милиони евра. Истите тие родители, сега не дозволуваат бесплатно нивни деца да бидат тестирани, за да имаат побезбедни училишни денови, напиша Беќаровски на Фејсбук.

Коментари | пред 4 години

izbori-glasanje-fingerprint912

Ако уредот за биометриска идентификација не го препознава гласачот, може да гласа со отисок од прст

Во некои избирачки места заради лоши отпечатоци не можат да се препознаат гласачите, гласањето тече со оставање на отпечаток во харитениот избирачки список во кој се запишани гласачите и им се овозможува да гласаат понатаму, соопшти претседателот на ДИК, Александар Даштевски на првиот пресек во 9.30 часот.Од ДИК е испратен меил до сите општински изборни комисии кои треба да го проследат до избирачките одбори. Меилот јавно на денешната прва прес конференција го прочита Даштевски:„Почитувани,ДИК ве известува доколку гласачот неспорно е идентификуван во избирачкиот список а уредот за биометриска идентификација не го препознава и по неколку обиди на гласачот му се дозволува да гласа со оставање на отисок од прст во изводот на избирачкиот список во графата за отисок на прст. Напомена: Стариот начин на гласање со употреба на спреј и УВ лампа се применува само во случај кога уредот за биометриска идентификација на гласачот е неупотреблив или нема можност за негова замена.

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања