Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

245716930_382770840193008_204004805989680856_n

Обвинителството со полни раце работа, утврдени нерегуларностите низ цела држава

До 19:00 часот денеска пристигнаа уште неколку пријави за евентуално сторени кривични дела во врска со изборите и гласањето, по кои постапуваше Комисијата за следење на евентуални изборни нерегуларности.Основното јавно обвинителство Струга е известено дека на избирачко место едно лице го искинало гласачкото ливче и го напуштило гласачкото место. По дадени насоки од јавен обвинител, полицијата постапува за негово пронаоѓање и приведување.Во гостиварското обвинителство пристигната е информација за лице кое го сликало гласачкото ливче. Полицијата постапува во насока на расчистување на настанот.Во Основното јавно обвинитeлство Кочани примено е едно известување и две кривични пријави. Поднесено е известување од политичка партија, во врска со лице кое вршело организиран превоз на гласачи на избирачко место.По поднесена пријава за лице кое вршело агитирање на избирачко место во с.Теранци, оформен е предмет и дадени се насоки за натамошно постапување.Пријавено е и лице кое со возило вршело организиран превоз на гласачи на избирачко место и вршело влијание врз гласачи за тоа како да го вршат нивното гласачко право. По пристигнување на кривичната пријава, во Основното јавно обвинителство Кочани оформен е предмет за сторено кривично дело „Повреда на слободата на определување на избирачите“.Основното јавно обвинителство Кавадарци постапува за настан од избирачко место во Демир Капија. Пријавено е дека лице искинало гласачко ливче, поради што оформен е предмет за сторено кривично дело „Уништување на изборен материјал“ . Обвинителството издаде насоки за прибирање докази и комплетирање на документацијата.Комисијата за следење на евентуални нерегуларности поврзани со извршување на кривични дела од Глава шеснаесет – Кривични дела против изборите и гласањето од Кривичниот законик и други кривични дела кои би биле сторени при организирањето и спроведувањето на локалните избори, формирана во Јавното обвинителство со цел превенирање и спречување на евентуални изборни нерегуларности, денеска ги координираше постапувањата на основните јавни обвинителства по пријави за настани поврзани со изборниот процес. По дадена насока, покрај редовните дежурства, во основните јавни обвинителства беа организирани и дополнителни дежурства на јавни обвинители, кои во текот на денот остваруваа интензивна соработка со службените лица од МВР со цел проверка на наводите од доставените пријави и информации.Вкупно во текот на организирањето и спроведувањето на локалните избори, во Комисијата, во основните јавни обвинителства и на објавената електронска адреса за пријавување сомненија за изборни нерегуларности, пристигнаа поголем број поднесоци и пријави. По извршените проверки, засега, само во мал дел од пријавените настани се пронајдени елементи на сторени кривични дела поврзани со изборите и гласањето. Постапувањето на обвинителствата ќе продолжи до целосно расчистување на настаните и донесување на соодветни јавно обвинителски одлуки.​

Македонија | пред 4 години

dastevski-780x470-1

Даштевски мисли дека постапува законски, со продолжувањето на гласањето до 19:30

Медиумите не смеат да објавуваат ништо за резултатите и учесниците во изборите до 19:30 часот, кажа претседателот на ДИК, Александар Даштевски. Ова доаѓа откако претходно дека неодредено е до кога ќе трае гласањето, а поради тоа изборниот молк.„Сега ви реков дека сметаме по консултациите, тие кои ќе гласаат ќе влезат внатре и ќе го остварат правото. Јас мислам постапувам законски. Гласањето според Изборниот законик трае до 19 часот“, рече Даштевски, прашан кој му го дал правото да одредува сам до кога ќе трае гласањето.Според него, јасни се одговорите, иако не кажа врз основа на која одредба си донел заклучок да се гласа до 19:30, без да каже дали се повикува на уредба и каде е објавена.„До 19-30 да се воздржат од активностите. Проценуваме дека гласачите ќе влезат да гласаат до 19-30 часот. До 19-30 да се воздржат медиумите, па после тоа ќе објавуваат“, рече Даштевски.

Македонија | пред 4 години

Untitled-.3

Излезноста е 49,29 проценти

До сега излегле 49,29 проценти од избирачите заклучно со 18-30 минути. Во Аеродром е 49,23 отсто, кажа Даштевски претседател на ДИК, како општина која има поголема излезност во Скопје. Слично е и во другите скопски општини како Ѓорче Петров и Бутел. Карпош излезноста е 49,51, Кисела Вода е 49,44 отсто.На изборите учествуваат вкупно 10.831 кандидат од 31 политичка партија и коалиции и 91 група избирачи.„До крајот на гласањето очекуваме да се зголеми бројот на гласачи за неколку отсто“, рече Даштевски.

Македонија | пред 4 години

DSC_0735

Се кинат гласачки листови, се сликаат ливчиња, а има и тепачки во Тетово

Во 12.45 во СВР Скопје било пријавено дека дошло до прекин на гласањето на гласачкото место 2732 - градинка Лавче - Горно Лисиче, бидејки Р.И.(80) од Скопје поради недоразбирање го скинала ливчето за гласање. Од страна на избирачкиот одбор изготвен е записник и по документирање на настанот гласањето во 13.18 часот продолжило.Во 13.00 часот во СВР Скопје, М.П. - претседател на гласачко место 2662 на ул.„Антон Попов“ пријавила дека околу 12.45 часот М.П.(36) при остварување на право на глас од четири ливчиња, само едно ставил во гласачка кутија, додека другите ги скинал и ги оставил на пулт за гласање. Известен е полицискиот службеник, по што лицето е лишено од слобода и приведено во Полициска станица. По извршени консултации со Јавен обвинител, утврдено е дека постојат основи на сомнение за извршено кривично дело по чл.164 став 1 од Кривичниот законик - „уништување на изборен материјал“.Во 12.50 часот во СВР Куманово, Б.Д. - претседателка на ОИК Куманово пријавила дека кандидат за градоначалник на Куманово кај нив пријавил дека во основно училиште „Кочо Рацин“ едно лице фотографирало гласачи кои го остварувале своето право на глас. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.Во 13.10 часот во СВР Куманово, А.Д. - претседател на избирачки одбор на избирачко место 1149 во с.Клечовце, општина Старо Нагоричане, пријавил дека во близина на гласачкото место имало штаб на политичка партија на кој имало излепено рекламен материјал од политичката партија и дека пред штабот имало поголема група на граѓани кои агитираат. Се преземаат мерки за расчистување на случајотНа 17.10.2021 околу 11.30 часот во СВР Тетово било пријавено дека 49-годишниот И.К. од гостиварска Лакавица во угостителски објект во близина на селскиот мост физички бил нападнат од две лица. Според пријавеното, едниот напаѓач извадил остар предмет но не го употребил. Двајцата напаѓачи се идентификувани и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 4 години

dastevski-9182

Незаконски, без отпечатоци се гласа во Скопје и Кичево - гласањето можеби ќе биде поништено

Државната изборна комисија добила информации дека на повеќе избирачки места членовите на избирачките одбори на своја рака престанале да ги користат уредите за биометриска идентификација и гласањето го продолжиле со УВ ламба и спреј. Александар Даштевски, претседател на Државната изборна комисија (ДИК) вели дека иако засега информациите им се неофицијални, апелира да се продолжи со користење на уредите оти во спротивно гласањето може да биде поништено, а членовите на избирачките одбори кои го дозволуваат тоа казнети.„Тоа се незаконски одлуки на тие лица, треба да продолжат да гласаат со апаратите. Во спротивно, поради измените, гласањето ќе биде поништено, а лицата санкционирани оти е без одлука на ДИК. За да не дојде до ова апелирам да се гласа со користење на уредите. ДИК има донесено решенија да се гласа со УВ ламба и спреј само на шест избирачки места, кои се главно планински со исклучок на Чаир и Ново Село, кои се пристапни. Не знаеме точно кои се местата на кои е дозволено вакво гласање, имама неколку во Скопје, во Кичево и други не знам. Затоа ги предупредувам сите на законската можност за поништување на гласањето“, рече претседателот Даштевски.Според податоците на ДИК во 98,97 отсто од избирачките места уредите работеле исправно и нема причина да се прекине употребата на биометриските уреди.„Апелирам до крајот на гласањето да се употребуваат уредите посебно поради тоа што знаеме дека вообичаено пред крај на гласањето има тенденција за обиди за неправилности“, предупреди претседателот Даштевски.Има посебна процедура за пријава на неисправен уред на гласачките места која предвидува ИТ лицето да ја извести општинската изборна комисија, а таа да ја извести ДИК за да се донесе решение за гласање со УВ ламба и спреј.ДИК очекува за незаконското гласање да добие и писмено известување, оти засега информациите им биле само усно пријавени.

Македонија | пред 4 години

DSC_0718

Во струшко, тетовско и гостиварско се сликале ливчиња, имало тепачка и уништување изборен материјал

Во СВР Охрид околу 14,10 часот од претседател на избирачкиот одбор било пријавено дека на избирачко место бр.1884 во с.Октиси, струшко К.С.(67) од с.Октиси го искинал и го фрлил гласачкото ливче. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.На 17.10.2021 во 14,40 часот во СВР Битола К.Н. член на избирачки одбор 1446 во с.Мажучиште пријавил дека А.С. го сликал гласачкото ливче. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.На 17.10.2021 во 14,50 часот полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Тетово го привеле Н.С.( 62) од гостиварско Речане, поради сомнение за учество во меѓусебна тепачка со друго лице во гостиварско Речане, која се случила во дворот пред Основното училиште „Лирија“, каде било сместено избирачкото место 528.Се расчистува случајот.Полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар денеска (17 октомври) околу 14 часот и 30 минути го лишиле од слобода 36-годишниот З.А. од Гостивар, кој се сомничи дека на избирачкото место број 423, лоцирано во гостиварско СТОУ, со мобилен телефон го фотографирал гласачкото ливче.Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, по што ќе му биде изготвен соодветен поднесок.

Македонија | пред 4 години

245677117_1020789588490803_5721673182435269036_n

Ниту ДИК не знае до кога ќе трае гласањето, а со тоа и избирониот молк

Ниту Државната изборна комисија не знае кога ќе се затворат изборните места. Ова доаѓа откако во текот на целиот ден имаше гужва на некои од гласачките места. Претседателот Александар Даштевски не знае ниту до кога ќе трае изборниот молк, туку нахнадно откако ќе се затворат сите избирачки места, ќе извести на прес-конференција.„Ако треба два саати, ќе биде два саати, ако треба три ќе биде три саати. Колку саати им требаат, да им дозволиме на луѓето да гласаат“, рече Даштевски.Според него, целта е што повеќе граѓани да го остварат правото на глас. Низ цела Македонија има гужви поради реализација на ковид мерките и новиот начин за идентификација на гласачите преку апарати за отпечатоци од прсти. Ставот за продолжување на работењето на избирачките места, е став на сите членови на ДИК.

Македонија | пред 4 години

2146

Полицијата доби пет пријави: дупли ливчиња, дерење, сликање ливчиња, насочување за кого да се гласа

Во СВР Скопје било пријавено дека на гласачко место бр.2683/1 – основно училиште „Блаже Коневски“ е прекинато гласањето во 13,56 часот се до 14,13 часот, поради тоа што Г.Ш. заменик член од партија дал дупли ливчиња на Н.П. од советничка листа на град Скопје и за градоначалник на град Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.Околу 14,04 часот во Полициско одделение Шуто Оризари Ф.О. пријавила дека во близина на основно училиште „26 Јули“ до обложувалница имало патничко возило „комбе“ со залепени плакати од кандидатот на политичка партија. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.Околу 12,45 часот во СВР Скопје Т.К. заменик претседател на гласачко место 2781 во основно училиште „Рајко Жинзифов“ пријавил дека Љ.К. влегол во просторијата со цел да гласа, но откако не го пронашле во изборниот список истот им се обратил на висок тон на членовите на комисијата по што со мобилен телефон го сликал избирачкото место. Против пријавениот ќе биде поднесен соодветен поднесокВо 14,12 часот во СВР Охрид од претставник од избирачки одбор на избирачко место 1283/1 лоцирано на ул. М.Јорданоски во близина на спортска обложувалница е пријавено дека К.С.(35) од Охрид, при гласање го сликал избирачкото ливче. Гласањето е прекинато од 14,12 до 14,25 часот. Лицето е приведено во СВР Охрид и ќе му биде поднесен соодветен поднесок.На 17.10.2021 во 13,55 часот во СВР Битола Џ.М. пријавил дека пред основно училиште „Добре Јовановски“ во Прилеп П.A и Д.А. го насочувале за кој кандидат да гласа. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 4 години

Untitled-.3

До 17 часот гласале 41,3%

До 17 часот, според пристигнатите податоци во Државната изборна комисија на гласање излегле 547248 гласачи, односно одѕивот е 41,3%.На изборите учествуваат вкупно 10.831 кандидат од 31 политичка партија и коалиции и 91 група избирачи.

Македонија | пред 4 години

izbori-02

134 приговори до ДИК

До сега до ДИК се пристигнати 134 приговори, од кои 63 се прифатени а 10 се одбиени.Гласањето се одвива нормално, oсвен на повеќе од 10 гласачки места имаше прекин поради проблеми со фингерпринт-апаратите.Меѓу нив се избирачки места во Дебарца, Демир Хисар, Старо Нагоричане, Липково, Македонски Брод, Пехчево, Радовиш, Росоман, Сопиште…Некаде прекините траеле неколку минути, а некаде и над 2 часа.На повеќе претежно тешко пристапни места се гласа на стариот начин со УВ ламба и со спреј. 

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Пријавени повеќе случаи на поткуп на избирачи во Кочани

Основното јавно обвинителство Кочани известено е од ОВР Кочани за повеќе настани кои се однесуваат на вршење агитација пред избирачки места, превоз на гласачи,  како и сомнение за вршење поткуп и повреда на слободата на определувањето на избирачите.„По дадените известувања во обвинителството се оформени предмети и дадени се насоки да се утврди идентитетот на лицата, да се достават податоци за возилата и да се извршат оперативни проверки.Јавното обвинителство продолжува со следење на процесот на гласање и постапува по сите сомненија за евентуално сторени кривични дела поврзани со локалните избори“, велат од Јавното Обвинителство.

Македонија | пред 4 години

glasanje

Ги искинал гласачките ливчиња и ги ставил во гласачка кутија

Основното јавно обвинителство Скопје е известено за настан пријавен од претседател на Избирачки одбор, во врска со  извршено  уништување на гласачки материјал односно  искинати гласачки ливчиња.„Имено, околу 12:45 часот лице при остварување на право на глас, од четири ливчиња само едно ставил во гласачка кутија, додека другите ги скинал и ги оставил на пултот за гласање. Лицето било лишено од слобода и приведено во полициска станица.  По извршени консултации со јавен обвинител и постоење на основи на сомнение за извршено кривично дело  „Уништување на изборен материјал“ од член 164 став 1 од Кривичниот законик, дадени се насоки за натамошно постапување.“, велат од Јавното Обвинителство 

Македонија | пред 4 години

izbori-glasanje-11-92584

Политичка партија пријави притисок во избирачки места во Гостивар

До 15:00 часот во Комисијата за следење на евентуални нерегуларности поврзани со извршување на кривични дела од Глава шеснаесет – Кривични дела против изборите и гласањето од Кривичниот законик и други кривични дела кои би биле сторени при организирањето и спроведувањето на локалните избори пристигнаа информации за постапувањата по предметите во основните јавни обвинителства, како и известувања за случени евентуални изборни нерегуларности. Дежурните јавни обвинители од основните јавни обвинителства будно го следат изборниот процес и со приоритет постапуваат во насока на утврдување на фактите во предметите.„На електронската адреса izbori@jorm.mk  пристигна поднесок испратен од политичка партија, во врска со сомнение за вршење на притисок и агитација од страна на лице во избирачки места во Гостивар. Основното јавно обвинителство Гостивар оформи предмет по допрен глас и веднаш издаде насоки за проверка на наводите од пријавата“, велат од Јавното Обвинителство

Македонија | пред 4 години

Aleksandar-Dastevski1

Отпечатоците на прсти од МВР се со лош квалитет затоа утврдувањето иде поспоро, вели Даштевски

Проблемот со гужвите пред избирачките места, со собирање на повеќе луѓе тешко се надминува иако неколку пати рековме дека ќе ги известиме оптинските изборни единици да ги известат избирачките одбори, вели Даштевски.„Причините за овие гужви се повеќе, бидејки избирачкиот список има повеќе страни затоа што има рекорден број на листи, па поради тоа проверката трае подолго време. Друга причина е тоа што повеќе од една четвртина од отпечатоците на прсти кои ги добивме од МВР се со лош квалитет и утврдувањето иде поспоро или не може да се уртврди па се оставаат на страна. Исто така имаме ковид мерки и затоа не се пуштаат многу луѓе во просториите бидејќи имаат насока да пуштаат толку луѓе колку што има паравани“, изјави Даштевски на последната прес-конференција.Затоа тој објави дека можно е да има продолжување на времето за гласање.

Македонија | пред 4 години

dik-1

Можно е продолжување на времето за гласање, вели Даштевски

На многу избирачки места има гужва, но секој ќе може да го искористи гласачкото право, дури и ако треба гласањето да трае подолго, истакна предмалку на прес-конференција претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски.-Прво, избирачкиот список има двојно повеќе страни поради многу кандидати. Потоа, една четвртина од списокот на МВР за отпечатоци е лош. И трета причина се ковид мерките, поради што споро се одвива гласањето – рече Даштевски.

Македонија | пред 4 години

koronavirus

329 нови случаи на коронавирус, починаа 13 лица

Денеска се регистрирани 329 нови лабораториски позитивни случаи на SARS CoV-2, со што вкупната бројка на дијагностицирани лица со КОВИД-19 изнесува 197.091Оздравени се 200 пациенти – во изминативе 24 часа пријавени се 13 починати лица.Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:• Направени се 3.045 тестирања, а регистрирани се 329 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 178, Велес – 27, Куманово – 20, Прилеп – 16, Штип – 13, Струмица – 10, Охрид – 9, Tетово, Пробиштип и Кочани – по 8, Битола – 7, Кочани и Гевгелија – по 5, Свети Николе - 3, Струга, Ресен, Крива Паланка и Демир Хисар – по 2, Кавадарци, Виница, Македонска Каменица и Дојран – по 1.• Регистрирани сe 200 оздравени пациенти од: Скопје – 103,Куманово – 15, Битола – 12, Штип – 11, Велес и Прилеп – по 9, Крива Паланка – 7, Кичево – 6, Кочани и Свети Николе – по 5, Кавадарци – 4, Берово – 3, Радовиш, Кратово и Богданци – по 2, Пробиштип, Гевгелија, Ресен, Гостивар и Крушево – по 1.• Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 13починати лица: 6 починати лица од Скопје (91г, 88г, 79г, 78г,69г и 68г), 3 починати лица од Велес (86г, 72г и 57г) ипо едно починато лице од Прилеп (57г), Тетово (64г),Крива Паланка (78г) и Куманово (74г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 5 починати лица, со датум на смрт од 20.09.2021 до 02.10.2021 година. Регистрирани се двајца починати лица од Скопје, и по едно починато лице од Тетово,Гостивар и Демир Хисар, на возраст од 49 до 86години. Од пријавените лица 2 се починати во болнички услови, а 3 во домашни услови.• Направени се 3.045 тестови преку: ИЈЗ-203, ЦЈЗ Скопје-38, ЦЈЗ Битола-72, ЦЈЗ Прилеп-58,• ЦЈЗ Тетово–25, ЦЈЗ Куманово-38, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Судска медицина-1,лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–303, Жан Митрев (Филип Втори)-47,Авицена-110, Биотек-134, Систина-45, лабораторија Лаор-258, Синлаб-7, Ремедика-0, Плодност–43, Генеа-3,Никоб лаб-238, ВФВ Медикал-27, Ели Медика-35, Ројал Медика –22, Спектра-ММ-2, Рапид Лаб – 0, ЈЗУ и ПЗУ(рапид тест) – вкупно 1.335.Досега во земјата се направени вкупно 1.342.870 тестирањана Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 197.091бројката на оздравени пациенти е 183.227, на починати е 6.940, а бројот на активни случаи изнесува 6.924.

Македонија | пред 4 години

mkd-329127

Ограбена аптека во Центар

На 16.10.2021 околу 20.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во аптека на подрачјето на Центар, едно лице со закана од вработената С.Е.(34) од Скопје одземал пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 4 години

napadnata

Скопјанец нападнат од четири лица со тврд предмет

На 17.10.2021 во 00.35 часот Ф.А.(34) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Автокоманда бил физички нападнат од четири лица кои при нападот користеле тврд предмет. Се работи на расчистување на случајот.

Скопје | пред 4 години

tepacka-4

Тепачка пред аптека во Шуто Оризари

На 16.10.2021 околу 16.30 часот во СВР Скопје Р.С.(21) од Скопје пријавил дека во близина на аптека на подрачјето на Шуто Оризари, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу него и Д.З.(50) од Скопје. Сочинети се записници за констатиран прекршок од ЗППЈРМ.

Скопје | пред 4 години

brza-pomos-54

Тешко повреден градежник во Скопје

На 16.10.2021 во 11.33 часот во СВР Скопје од Итна медицинска помош било пријавено дека на објект во градба во близина на трговски центар на подрачје на Центар со тешки телесни повреди се здобил А.Ш.(32) од с.Студеничани, скопско, додека извршувал работни задачи за фирма.Тој бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Скопје, а известени се Јавен обвинител и Трудов инспектор.

Скопје | пред 4 години

Нема фотографија

Жена физички нападната сред Скопје

На 17.10.2021 во 03.30 часот И.Б.Л.(45) од Скопје пријавила дека околу 01.30 часот на подрачјето на Центар, по претходна расправија, била физички нападната од С.Л.(41) од Скопје. Се работи на расчистување на случајот.

Скопје | пред 4 години

Untitled-.3

До 15 часот гласале 31,79%

До 15 часот, според пристигнатите податоци во Државната изборна комисија на гласање излегле 423.420 гласачи, односно одѕивот е 31,79%.Најголем одѕив има во Новаци 59,1, а најмал во Центар Жупа 19%На изборите учествуваат вкупно 10.831 кандидат од 31 политичка партија и коалиции и 91 група избирачи.

Македонија | пред 4 години

246356779_462321855091007_47657066983615552_n

Најголема излезност во Ѓорче Петров

Според податоците на ДИК во скопските општини пак излезноста е речиси насекаде иста со исклучок на Шуто Оризари.Во Скопје, најголема излезност има во Ѓорче Петров или 32 проценти, односно 5.204 граѓани. Во Аеродром излезноста е 30,71%, во Гази Баба 29,58%, Карпош 31,16, Кисела Вода 31,77%, а Центар 30,91%Најмала излезност има во Шуто Оризари, каде 19,15% од граѓаните излегле да гласаат до 15 часот.

Скопје | пред 4 години

Izbori

39% помалку настани за нарушување на изборниот процес споредено со лани

До сега Министерството за внатрешни работи нема регистрирано посериозни нарушувања на јавниот ред и мир во текот на гласањето, кое, генерално, се одвива мирно, без проблеми. До 12.00 часот, денес, има за 39% вкупно намалување на бројот на настани во споредба со изборите во јули 2020 година. Покрај настаните за кои претходно информиравме, регистрирани се и следниве настани:-Денеска (17 октомври) во 13.15 часот во СВР Тетово било пријавено дека бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу две лица во дворот на основното училиште „Лирија“ во гостиварското село Рачане, а во кој објект било сместено избирачкото место број 528. Двете лица се идентификувани и се преземаат мерки за расчистување на случајот.- По добиена пријава дека непознати лица со две патнички возила вршат изборен поткуп во Топанско Поле и Шуто Оризари, полициски службеници од Полициското одделение Шуто Оризари на ул.„Х.Ј.Шишков“ извршиле преглед на патничко возило „форд“, управувано од И.Х.(45). Се преземаат мерки за расчистување на случајот.- Во 11.55 часот во СВР Скопје, Д.З. пријавил дека во основно училиште во Добри Дол, општина Сопиште, О.Ц. и С.Н. позади училиштето агитирале и вршеле притисок врз гласачите. Според пријавеното, претходно О.Ц. била отстранета од местото од полицискиот службеник кој го обезбедува гласачкото место. Се работи на расчистување на случајот.- Во СВР Скопје, Љ.Ј. пријавила дека на избирачко место основното училиште „Гоце Делчев“, Љ.А. стои на гласачкото место и врши притисок врз гласачите. Полициски службеници излегле на местото и Љ.А. е повикан во полициска станица за расчистување на случајот.-Во ОВР Кочани, член на избирачкиот одбор од гласачко место бр.0883 во с.Теранци, општина Чешиново-Облешево, пријавил дека на гласачко место дошол Г.К. и со лажни документи се претставувал дека е претставник од Државната изборна комисија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.-Во 12.05 часот во ОВР Кавадарци, претседател на избирачки одбор на избирачко место 0661 во основното училиште „Киро Спанџов“ во Кавадарци пријавил дека едно лице со телефон ја снимало просторијата каде се врши гласање. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.-Околу 11 часот во СВР Куманово, М.П. пријавил дека во близина на избирачки места на ул.„Панче Пешев“, на градскиот плоштад во Куманово и на ул.„Тоде Мендол“ имало отворен штаб на политичка партија со залепени плакати на кандидат за градоначалник, поставен билборд и залепени плакати од политички партии. Се работи на расчистување на случајот.- Во СВР Скопје, претседател на избирачкиот одбор на гласачкото место 2801 пријавил дека на гласачкото место Д.С. кај себе имал повеќе летоци од различни политички партии. Д.С. е приведен и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.- Во 10.50 час во Полициското одделение Зајас – СВР Охрид, претседател на избирачки одбор на избирачко место бр.0823 во с.Букојчани пријавил дека лице што гласало го фотографирало гласачкото ливче. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 4 години

245677117_1020789588490803_5721673182435269036_n

Гласал и го сликал гласачкото ливче

Во 10.50 час во Полициското одделение Зајас – СВР Охрид, претседател на избирачки одбор на избирачко место бр.0823 во с.Букојчани пријавил дека лице што гласало го фотографирало гласачкото ливче. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања