Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Османи во посета на Молдавија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
osmani-4

Од денес Претседавачот на ОБСЕ министерот Бујар Османи ќе биде во посета на Мисијата на ОБСЕ во Република Молдавија, со што практично продоложува реализацијата на приоритетните обврски од Прoграмата за претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ во 2023.

За време на посетата Преседавачот Османи ќе биде примен од Претседателот на Република Молдавија – Маја Санду, а ќе има состанок и со неговиот домаќин Заменик премиерот и министер за надворешни работи и европска интеграција на оваа земја – Нику Попеску, како и со заменик претседателот на владата и министер за реинтеграција Олег Серебриан. Османи ќе има средби и со авторитетите на Транснистрија – Владимир Красноселски и нивниот главен преговарач Виталиј Игнатиев.

— реклама —
— реклама —

Посетата ќе се одвива во време на сложени внатрешно-политички состојби во земјата и после ненадејната оставка поднесена од премиерот на Молдавија – Наталија Гаврилита, но и заради надворешното влијание предизвикано од последиците воената агресија на Руската Федерација врз Украина. Главна цел е да се поттикне процесот на посуштински преговори помеѓу Владата на Молдавија и авторитетите на Транснистрија за реализирање на договорената рамка од 8 области, но и да се даде целосна поддршка на работата на Мисијата на ОБСЕ во Молдавија која има клучна улога во одржувањето на политичкиот дијалог воден од страна на ОБСЕ во формат 5+2, како и за проектите кои се доменот на интеграцијата на државата и социо- економското заздравување на Молдавија.

— реклама —

Во текот на дводневната посета Претседавачот на ОБСЕ ќе реалзира и средби на терен, при што ќе се сретне и со младински активисти во Молдавија кои го помагаат прифатот на бегалци од Украина.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library7c2ld01kaln59hngLQQ

Османи со нова “драма”, сега му пречи натписот пред влез на Скопје

Скопје | пред 2 седмици

osmani

Османи: „ВЛЕН се очајни ако официјалните средби на еден министер за надворешни работи да ги претставуваат како политички определби“

Македонија | пред 2 седмици

Bujar_Osmani_VP

Османи: Европскиот глас на Албанците во Владата е претворен во ништо, а тоа ништо се вика ВЛЕН

Македонија | пред 1 месец

Screenshot-2024-12-11-at-10.57.34

Османи по враќањето на старите имиња во Тетово: „црн ден за Албанците“

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања