Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Скопје1.мк

kamikaza-apasiev-redzep

Левица е за парламентарни избори, Апасиев не исклучува преговори со ВМРО-ДПМНЕ

Левица ги оствари проектираните цели на локалните избори освојувајќи советнички места во триесетина општини, рече на завршната прес-конференција претседателот на партијата, Димитар Апасиев. Споредувајќи ги резултите од локалните избори пред четири години, кога Левица освои тројца советница, Апасиев посочи дека партијата може да слави затоа што има 15 пати подобар скор од тие избори и четирикратен раст во однос на ланските парламентарни избори.„Влегуваме со повеќе советници во Скопје и во сите скопски општини. Ќе имаме свои советници во Битола, Велес, Богданци, Гевгелија, Делчево, Кавадарци, Куманово, Неготино а наши претставници ќе бидат членови и на Советите на Охрид, Прилеп, Свети Николе, Тетово, Штип, Кочани, Македонски Брод, Струга, Илинден и во Росоман. Што се однесува до нашите кандидати за градоначалници, тие секаде се трети и не влегуваат во вториот круг. Ние како партија и раководство ќе правиме анализи каде потфрливме, но општ е впечатокот дека левичарското движење има нагорна тенденција“, рече Апасиев.„Хибридниот режим на Заев е на завршеток и тоа е добро како политика на ниво на држава. Останува вториот круг и ќе видиме какви ќе бидат тенденциите, меѓутоа мислам дека опозициските тенденции се евидентни и дека е можно одржување на предвремени парламентарни избори после овие избори затоа што Заев е веќе дел од буништето од историјата“, рече Апасиев.„Тоа значи дека ќе почекаме да не викнат на преговори. Не исклучуваме преговори, но формални коалиции не верувам дека ќе има. Сепак, партиското раководство, Президиумот е тој што ќе ја донесе одлуката. Во меѓувреме ќе свикаме седница на Централниот комитет на која ќе треба да ги испегламе сите овие прашања и ќе го определиме курсот на нашето натамошно делување. Но, евидентно е опозициското настроение на народот и мислам дека тој курс ќе го држиме“, подвлече Апасиев.

Македонија | пред 4 години

IMG_2199

Руската амбасада за смртта на четворица руски државјани во албански хотел

Руската амбасада во Тирана ја потврди смртта на четворица руски државјани во албански хотел.Тие изразија надеж дека ќе се спроведе детална истрага за тој инцидент, објави денеска руското Министерство за надворешни работи на својот ТВ-канал „Телеграма“.„ Амбасадата на Русија во Албанија ја потврди смртта на четворица Руси во хотел во Каваи, Албанија. Конзуларниот оддел на руската дипломатска мисија во Албанија е во редовен контакт со албанската полиција која ги истражува околностите на инцидентот“, се наведува во соопштението на руската дипломатска мисија во Тирана, пренесува ТАСС.Според албанските медиуми, телата на четворица Руси биле пронајдени во хотелска сауна во Керет во петокот вечерта, а како што се наведува, руските туристи се задушиле.Руската амбасада во Албанија потврди дека ги истражува деталите за овој смртоносен инцидент.Според претходните полициски информации обезбедени од албанските медиуми, жртвите се двајца мажи и две жени на возраст од 31 до 58 години.

Актуелно | пред 4 години

DSC07343

Данела Арсовска во водство, со над 70 отсто обработени гласови во Град Скопје

Според 73,14 отсто обработени избирачки места во Град Скопје, кандидатката поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска, е во водство пред актуелниот градоначалник, Петре Шилегов од СДСМ.Првичните неофицијални резултати објавени на веб-страницата на Државната изборна комисија покажуваат дека Арсовска има освоено 59.198 гласови, Шилегов 55.739 гласови.Трет е Перо Георгиевски од Левица со 13.439 гласови, а четврт Арбен Шаќири од ЛДП/ДОМ со 6.379 гласови.

Скопје | пред 4 години

Screenshot-2021-10-18-at-01.05.10

Заев е дециден дека СДСМ ќе има повеќе градоначалници, сега се одземени гласови поради коалиционите партнери

СДСМ влегува во втор круг за градоначалници во втор круг. Претседателот на партијата, Зоран Заев, најави дека СДСМ ќе има гласови во повеќе општини од ВМРО-ДПМНЕ бидејќи сега се одземени гласовите од коалиционите партнери кои настапија сами на изборите. Народот сака резултати, посочи Заев, кој додаде дека тие се можни само со коалиции кои водат напред.„Во повеќе од 30 општини победуваме во прв круг или влегуваме во водство во втор круг и секако Градот Скопје. СДСМ победува во Центар, Карпош, Крушево, Делчево, Ресен, Валандово, Македонска Каменица, Кривогаштани, Пробиштип, Пехчево, Демир Хисар, Демир Капија, Чашка, Маврово, Конче, Арачиново, Дебрца, Куманово“, рече Заев.Според него, коалицијата ќе се обедини за да има мнозинства во советите низ државата.„Влегуваме во втор круг како фаворити. Јас сум убеден дека ги понудивме најдобрите кандидати. Влегуваме во 36 општини во втор круг, плус Градот Скопје каде засега водиме 15 илјади гласови“, рече Заев.

Македонија | пред 4 години

246623573_125862089810553_6434248026505774113_n-1

„Со еден советник бевме гласни, а сега со тројца ќе грмиме“, порачаа „Шанса за Центар“

Независната листа за советници во општината Центар, Шанса за Центар, предмалку објави дека освоиле три советнички места во најбогатата локална самоуправа во земјата. На Фејсбук тие објавија:„Другари и сограѓани, денеска создадовме шанса за Центар! Со еден советник бевме гласни, а сега со тројца ќе грмиме! Во советот е моќта и ние ќе бидеме вашиот глас и вашата сила таму. Шанса за Центар прерасна во платформа која ќе се развива и станува посилна бидејќи ние сме обединети околу вредности, а не околу интереси. Сакаме да дадеме, а не да земеме! Продолжуваме заедно за промени во нашето општество. Искрено ваши 🥰💪💪“, напишаа тие.Независната листа ја предводи досегашната советничка во о.Центар, Јана Белчева.

Скопје | пред 4 години

beni

Шаќири со изјава по изборите, каде не влезе во втор круг

Задоволен сум, изјави кандидатот за градоначалник на Скопје на коалицијата ДОМ и ЛДП Арбен Шаќири.-Конечно, граѓаните меѓу црно-белиот свет сфатија дека имаат избор и знаат да го препознаат шареното. Светот не е црно-бел, веројатно избирачите го препознаа тоа – рече Шаќири на Сител.Во однос на вториот изборен круг, Шаќири рече дека тие што гласаа за него сами треба да одлучат за кого да го дадат гласот.

Скопје | пред 4 години

17-03-2021-Kostadinov1

Костадинов прогласи победа во прв круг во Струмица

Кандидатот на СДСМ, Костадин Костадинов, прогласи победа во првиот изборен круг на локалните избори во Струмица. Како што рече, разликата е во 4.000 гласа, а воедно коалицијата има и мнозинство во Советот.„Испративме порака до сите како да се може да се води кампања и да се победат избори со повеќе од 4.000 гласови разлика, без притоа да се спомнат опозицијата и противкандидатот. Ова е огромна поддршка која што значи и огромна одговорност. Ме обврзува да бидеме отворени за сите“, рече Костадинов.

Македонија | пред 4 години

1-5

Мицкоски најавува парламентарно мнозинство по локалните избори или нови парламентарни избори

Раководството на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја разгледува опцијата за барање на нови парламентарни избори, соопшти Христијан Мицкоски, лидер на партијата. Втора опција за него е формирање на ново парламентарно мнозинство, на што доби аплауз од партиските симпатизери, членови и кандидати за градоначалници.Прашан со кого би го формирал мнозинството тој посочи: „120 пратеника има македонскиот парламент. За мнозинство се потребни 61. Тоа значи дека 61 од 120 е многу брзо за да се формира“.Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ кажа дека очекува мнозинство во советите во повеќе од 50 општини, вклучително и Градот Скопје. За него, сигурно е дека 20 градоначалници имаат предност, без Аеродром и Кисела Вода, а во други 20 се првопласирани.Прашан дали во втор круг би го поддржале Максим Димитриевски за градоначалник на Куманово, кој е независен кандидат, Мицкоски рече: „Јас сум оптимиста дека Тони Михајловски ќе влезе во вториот круг“.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-10-17-at-23.26.10

Ечи „Цело Скопје вмровски град“ додека Мицкоски кажа каде победила ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски презентираше резултати од изборите кои според аналитичкиот центар на партијата донеле победа во првиот круг. Тој посочи и каде партијата има предност и ќе оди во втор круг да се бори за градоначалничките места. Мицкоски кажа дека во некои од општините ВМРО-ДПМНЕ била блиску до победа во прв круг, но не го остварила поради недостаток од десетици гласови, а таков пример е Охрид. Тој посочи дека нема славење, туку работа од утре.„Македонски брод имаме водство во првиот круг и тука СДСМ нема да биде ниту во вториот круг, во Аеродром очекуваме да се заврши во првиот круг зошто имаме огромна разлика. Кисела Вода имаме убедливо водство очекуваме да завршиме во првиот круг. Сопиште завршена е работата во првиот круг, Стевче е новиот градоначалник. Центар и Карпош ќе има втор круг. Дарко ја заврши работата во првиот круг, Бутел го има новиот градоначалник. Чучер Сандево поддржувавме кандидат кој води и оди во втор круг. Боби во Гази Баба ја заврши работата во прв круг. Ѓорче Петров можеме да победиме во прв круг, нијанси одлучуваат. Пехчево одиме во вториот круг како прво пласирани, Виница е завршено во првиот круг, Македонска каменица одиме во втор круг, Кочани одиме во втор круг бидејќи има нерамноправна борба. Зрновце завршивме во првиот круг, Борче е таму новиот градоначалник. Зелинково одиме во втор круг како прво пласирани. Петровец, Борче останува градоначалник. Во Илинден, Александар ги победи двајцата кандидати на СДСМ, завршена работа. Чешиново Облешево одиме во втор круг како прво пласирани. Иван од Штип ја заврши работата во првиот круг. Карбинци го има новиот градоначалник во првиот круг. Свети Николе го има новиот градоначалник во првиот круг. Лозово и Пробиштип ќе има втор круг. Во Кратово за 13 гласа не успеавме, но ќе успееме во втор круг. Ранковце влегуваме во втор круг. Марко од Велес испрати поздрав, Велес е вмровски град. Во Градско, Кире е новиот градоначалник. Во Радовиш одиме со предност во вториот круг. Во Конче имаме втор круг. Босилово има нов градоначалник. Босилово одиме во втор круг, Андон во Гевгелија е многу блиску до победа во прв круг. Неготино го има новиот градоначалник во првиот круг, Горан. Кавадарци е со старо-новиот градоначалник Митко Јанчев. Прилеп победува во прв круг. Во Могила и Новаци завршена работата во прв круг. Ресен имаме втор круг. Пецак поздрави и рече му фалеле гласови ама победува во втор круг. ВМРО-ДПМНЕ води во Кичево. Втор круг имаме во Маврово и Ростуше каде влегуваме како прво пласирани. Втор круг имаме во Демир Хисар. Диме од Јануговце победи во прв круг. Брвеница влегуваме како првопласирани во прв круг“, рече Мицкоски.Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ побара граѓаните кои не гласале да се обединат во намерите да биде подобро и да гласаат во вториот круг.„Победи народот и покрај сите нерегуларности, поткупи и притисоци кои ги правеа, полицијата на Спасовски, обвинителството на Русковска, примитивизмот на Заев кои беа против нас, но со нас е народот. Шансата за нова иднина ја зема народот во раце. Ова е триумф на оние кои гласаа и оние кои не гласаа. Ова е триумф на луѓето кои заслужуваат надеж и ја добиваат. Трешти гласот на промените. Ова е чекор до финалната победа. Доста е делби, конфликти, криминал и корупција. Ова е победа на народот на Македонија. Ова е победа но ова е и одговорност. Нема да ве изневериме, нема да ве разочараме. Гарантирам за тоа што го зборам. За мене, за нас ова е обврска и одговорност. Се што зборував во кампањава паметам добро и тоа ќе направиме заеднички“, рече Мицкоски.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-10-17-at-23.05.42

(ВИДЕО) Николовски: Кочи Мицко! Шилегов победува во Скопје!

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски посочи дека СДСМ победува на изборите во најголем број од општините.„Ова не е арена за навивање, ова е натпревар за подобар живот на граѓаните. Кочи Мицко! Најдоброто за мојата општина ќе ги добијат овие избори. Северна Македонија не може никој да ја кочи и одиме напред. СДСМ ќе добие најголем број на градоначалници. СДСМ ќе победи во Град Скопје, ВМРО-ДПМНЕ е поразено во Град Скопје“, рече Николовски.Останатиот дел од пресот:

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-10-17-at-22.54.13

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ слави на охридскиот плоштад, Пецакоски и Донев се обратија!

Победа во Охрид слави ВМРО-ДПМНЕ, откако Кирил Пецакоски доби повеќе гласови пред СДСМ. Сепак, околу 100 гласови го делат од победа во прв круг.„Со среќа да ни е победата на ВМРО-ДПМНЕ. Ви кажав дека св. Климент ќе стави рака на градов и победивме со над 2000 разлика. Победивме за градоначалник, победивме на советничка листа од ВМРО-ДПМНЕ. Ви кажав дека 4 години се боревме заедно и дека сите ние овие четири години издржавме многу работи. Бидете горди и со кренати глави“, рече Донев.Пецакоски ги поздрави симпатизерите и рече: „Поминаа четири години и овие избори покажаа следно, дека цел живот е кампања, дека цел живот создаваш за да добиеш поддршка. И покрај се, покрај многуте предизвици и работи кои сакавме да ги направиме а не можевме, изминаа 4 години, чесно и со крената глава ја побаравме поддршката на охриѓани и вечерва ја добивме. При крај беа пребројувањето на гласовите во сите избирачки места. Времето ќе покаже дали ќе завршиме уште вечерва или можеби за две недели, меѓутоа сакам едно да знаете, народот во Охрид, секој еден граѓанини, Македонци, Албанци, Власи, Срби и сите други, сите ја дадоа поддршката за нас“, рече Пецакоски.

Македонија | пред 4 години

ahmeti-4

И Ахмети си кажа каде според него победила ДУИ

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, прогласи победа во Сарај, Липково и Пласница.Ахмети рече дека партијата е во водство во Тетово, Струга, Чаир, Кичево, Арачиново, Боговиње, Теарце и Долнени.За Гостивар, каде актуелниот градоначалник, Арбен Таравари од Алијанса и Алтернатива прогласи победа, Ахмети рече дека ДУИ сѐ уште ги нема конечните резултати.

Македонија | пред 4 години

kamikaza-apasiev-redzep1

СДС пропаѓа, тоа ми се допаѓа, напиша Апасиев

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев очигледно е задоволен од резултатите од денешните локални избори во Македонија.Од неговата партија на вечерашната прес-конференција информираа за низа изборни нерегуларности, а првиот човек на оваа партија своите импресии ги сподели на социјалните мрежи.„СДС пропаѓа, тоа ми се допаѓа“, кратко напиша Апасиев на својот фејсбук-профил.

Коментари | пред 4 години

Sequence-05.00_09_33_18.Still003

Стојкоски од Ѓорче Петров на чекор до победа во прв круг

Се поголема е веројатноста, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Стојкоски да победи во првиот круг во трката за градоначалник на Ѓорче Петров, брифираат извори од партијата за „Скопје1“. Според неофицијални информации, од 79 отсто од обработениот избирачки материјал, со 2659 гласови води Стојкоски пред кандидатот Александар Наумоски од СДСМ.Засега, според неофицијалните информации, 7621 глас има Стојкоски, а 4962 има Наумоски. Уште мал број на гласови се потребни за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ да издвои победа во првиот круг.Од Државната изборна комисија нема никакви информации за освоените гласови за оваа општина ниту на нивната веб страница.

Скопје | пред 4 години

kandidati-skopje

ВО ЖИВО: Следете ги резултатите за Град Скопје!

Скопје | пред 4 години

mitko-janev

Митко Јанчев прогласи победа

Изборниот штаб на Митко Јанчев прогласи победа во Кавадарци со резултат три наспроти еден. Вечерва победата ќе ја прослават на градскиот плоштад.-Митко Јанчев е повторно градоначалник на Кавадарци. Резулатите се 15.000 спрема 5.000. Или 3 спрема 1. На советничката листа ВМРО-ДПМНЕ води со 2 према еден.

Македонија | пред 4 години

5

ВМРО-ДПМНЕ води во Ѓорче, Аеродром, Кисела Вода, но и во Битола и Охрид

Во Велес, Штип и Свети Николе води ВМРО-ДПМНЕ, брифираат од партијата. Оттаму според нивните неофицијални информации посочуваат и дека имаат водство во Битола и Охрид, каде кандидатите биле на граница да освојат мандат во прв круг од локалните избори.Меѓу скопските општини, ВМРО-ДПМНЕ брифираат дека водат во Ѓорче Петров, Кисела Вода, Аеродром и Гази баба. Ова се информации од аналитичкиот штаб на партијата.Државната изборна комисија и натаму ги собира информациите за гласањето.

Македонија | пред 4 години

maksim-dimitrievski-43

И Максим прогласи победа

Независниот кандидат и актуелен градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски за во 22 часот закажа прослава на плоштадот во Куманово.Димитриевски за „Фокус“ рече дека според информациите на нивниот штаб, водат убедливо, ќе има втор круг, но вели дека се уште е неизвесно со кого, дали со кандидатот на СДСМ, Оливер Илиевски или со кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Михајловски.

Македонија | пред 4 години

toni-konanovski1

д-р Тони Коњановски е победник во Битола, објавија од ВМРО-ДПМНЕ. Носителот на листата на ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека Битола се спротиставила на сите притисоци и изгласала промени.„Битолчани кажаа да за промени, да за победа, победа на ВМРО-ДПМНЕ и кандидатот за градоначалник. Битола знае да препознае програма наспроти безидејност“, рече носителот на листа од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 4 години

ana-petrovska-4

Петровска најави многу советници во Скопје, а се жали на нерегуларности кои ќе го сменат резултатот

Независната кандидатка за градоначалничка, Ана Петровска изрази незадоволство од спроведувањето на локалните избори. Таа потенцираше дека тоа го констатирале набљудувачите. Детали сподели Драгана Велковска, носителка на советничката листа од „Зелен хуман град“. Петровска, пак, смета дека процесот за трансформација на Скопје во зелен хуман град е започнат. Таа вели дека премногу е рано за да се зборува за резултати: „Она што пристигнува до нас, од нашите набљудувачи имаме убава застапеност во смисла на процент на освоени гласови, што ќе значи голем број советници во Град Скопје. Но да почекаме до официјалните резултати“.„Сакам да го изразам своето незадоволство од начинот како се организирани и спроведени локалните избори. Од наши набљудувачи од терен добиваме информации за бројни нерегуларности, импровизации и несоодветно толкување на Изборниот законик“, рече Петровска.Драгана Велковска, носителка на советничката листа од „Зелен хуман град“ за Град Скопје вели дека тие се револтирани од како што рече, непрофесионалноста во спроведувањето на изборите. Таа смета дека нерегуларностите кои ги посочи можат да влијаат врз легитимноста на конечните резултати, па најавија и приговори, но и кривични пријави.„Зелен хуман град имаше свои овластени претставници во три скопски општини. Аеродром, Центар и Карпош. Во соработка со другите независни листи имавме информации од други општини од терен. Најпрвин на избирачкото место 2600 во Карпош на наш претставник му беше забрането да присуствува во избирачкото место иако имаше официјално извстување од нас, па бевме принудени да носиме нов документ со печат и потпис за да биде присутен барем при броење на гласовите. Тој претставник има пријавено дека при броење на гласовите имало и оптор кај избирачкиот одбор и на овластените претставници не им беше овозможено веднаш да ги гледаат избирачките ливчиња како што е уредено со Изборниот законик. Забележавме пропусти на местото 2727, каде имаше неколкукратно прекинување на изборниот процес поради проблеми со апаратите за отпечаток. Тоа значеше дека граѓани беа враќани односно си заминуваа поради тоа што чекаа. Најупорните се враќаа по трипати, но ова беше класична опструкција и оневозможување на правото на гласачите. Околу 50 отсто од уредите за отпечаток не работеа, па се користеа останатите опции. Тие опции одземаа повеќе од 10 минути по гласач и тоа значи дека луѓето беа принудени да си заминат бидејќи многу чекаа или имаше непријатни ситуации. Забележавме и семејни гласања, гласања со придружба, помош при гласање од член на избирачки одбор што е спротивно на законикот. На избирачкото место 2722 се случило и од член на избирачкиот одбор да даде по грешка две исти ливчиња за градоначалник на Град Скопје, при што гласач гласал и двете ги ставил во кутија“, рече Драгана Велковска, носителка на листата од „Зелен хуман град“

Скопје | пред 4 години

osmani

ДУИ најави дека победила во три општини

Бујар Османи, соопшти дека неговата партија и натаму ќе биде владејачка во општините Сарај, Липково и Пласница.„ДУИ е во предност во речиси сите општини каде што има свои кандидати. Некаде, еве првични информации што ги добивам од Чаир, но сѐ уште не ми се потврдени, се дека односот е 2:1 во корист на ДУИ, со можност таму победата да се прослави уште во првиот круг. Според тоа, можам да кажам дека целиот овој дел од Република Северна Македонија вечерва е веќе обоен во ‘зелено”. Тоа што нема да можеме да го завршиме во првиот круг, ќе гледаме да го потврдиме во вториот круг, а тоа е една сериозна и најголема победа на ДУИ во својата политичка историја“, изјави Османи на првата прес-конференција на ДУИ по одржувањето на локалните избори.

Македонија | пред 4 години

zaev-micko

Бриф: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ кажаа каде водат на овие избори

Од СДСМ брифираат дека водат во Владандово, Дојран, Крива Паланка и Лозово. Оттаму се брифира дека во прв круг очекуваат победа во Струмица, Ресен, Крушево, Бутел.Од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков кажа каде резултатите засега покажуваат дека водат во прв круг и каде имаат резултати.„Потврдивме дека имаме градоначалници во Јагуновце, Могила, Градско, Сопиште, Петровец. Последните информации дека и во Виница е потврдена победата. Водиме во скоро сите скопски општини, Аеродром, Кисела Вода, Ѓорче Петров, Гази Баба, има водство и во Бутел. Се зборува за големо водство во Прилеп“, рече Лефков.Ова се неофицијални првични информации.

Македонија | пред 4 години

dashtevski123

ЗНМ: Осуда за односот на Даштевски кон новинарите, а МВР да постапи по поплаките од страна на онлајн медиумите

Од Здружението на новинари на Македонија преку соопштение праќаат осуда до претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски.„На денешната попладневна конференција за медиумите организирана од Државната изборна комисија, Претседателот на ДИК Александар Даштевски имаше непрофесионален и омаловажувачки однос кон дел од новинарите во делот кога се обидуваше да одговара на новинарските прашања.На новинарско прашање од страна на новинарка во врска со најавата за продолжување на рокот за гласање после 19 часот како и за најавата за продолжување на медиумскиот молк тој наместо да одговори конкретно имаше вербална расправа со колешката. Имено Даштевски пропушти да даде конкретен одговор и истовремено се интересираше колешката од која телевизија е по што и се обрати со зборовите: „треба да се информирате добро пред да поставите некое прашање“ како и тоа дека новинарката треба да го чита законот пред да прашува.Го потсетуваме Претседателот Даштевски дека според Изборниот законик, член 31, ДИК има обврска да ја информира и едуцира јавноста за начинот на гласање и за остварување на избирачкото право; Од друга страна, новинарот има право да изрази мислење и да постави прашање без разлика од кој медиум доаѓа и дали истото прашање му се допаѓа на Претседателот на ДИК или не.Оттука, потсетуваме дека новинарите и медиумите играат клучна улога во процесот на изборите, не само да направат увид на работата на надлежните институции, туку и да им овозможат на граѓаните да ги имаат сите потребни информации. За да биде задоволено правото за информирање, посебно на денот на изборите, нужно е Државната изборна комисија и сите останати институции да се отворени кон новинарите преку навремено и целосно давање на информации на неселективен начин.Освен ова, во текот на денот до ЗНМ пристигнаа неколку поплаки од страна на онлајн медиуми и тоа за попречување на нивната работа од страна на симпатизери на политички партии како и за несоодветен однос на припадници на МВР во Скопје но и во неколку други градови. Со цел да не се остави впечаток во јавноста дека органите за прогон ги игнорираат овие случки бараме нивно итно расчистување од страна на полицијата и брзо информирање на јавноста“, се наведува во соопштението на ЗНМ.

Македонија | пред 4 години

2-2

Мицкоски: Победа и голема одговорност

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи честиташе победа на неговите кандидати и граѓаните. Ова е прва негова објава откако заврши изборниот ден. Информациите се од аналитичките податоци на штабот, со оглед дека ДИК се уште нема излезено со став.„Народот е определен. Надежта e родена. За секој човек во Македонија. Заеднички за новата иднина. Победа и голема одговорност! Ви благодарам народе на Македонија!“, напиша Мицкоски.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-10-17-at-20.07.38

Најмногу пријави има за агитирање на гласачи, а пријавени биле и полицајци: Фатено и корона позитивно лице кое гласало

Вкупно 42 пријави за агитирање добила полицијата, од кои 7 неосновани, а другите се испитуваат. Ова е и најчестата појава на овие избори, соопшти министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Тој соопшти и дека најмногу пријави за нерегуларности има во Скопје и тоа 22, па потоа е Штип.„Од досега пријавените случаи, МВР нема регистрирано посериозни нарушувања на изборниот процес и на јавниот ред и мир во текот на гласањето. До 19.00 часот се бележи вкупно намалување на бројот на пријавени настани и тоа за 40%, во споредба со изборите во јули 2020 година. Така, годинава се пријавени 91 настан, за разлика од претходните избори кога беа пријавени 151 настани. Во текот на денешниот ден досега беа пријавени 42 случаи на агитирање, како најчеста појава овој изборен ден, од кои седум се отфрлени како неосновани, а по останатите се постапува, но и во овој сегмент повторно бележиме намалување од околу 40% за разлика од 75-те пријавени случаи на агитирање на минатогодишните избори. Потоа, евидентирани се 13 пријави за изборен поткуп, од кои пет отфрлени како неосновани, 7 за упатување закани или вознемирување гласачи, 6 случаи за фотографирано гласачко ливче, 3 за излепен пропаганден материјал, по два настана за нарушување на јавен ред и мир, за снимање на просторија на гласачки места, за фотографирање гласачи, два за уништување гласачки материјал, по еден за фрлени гласачки ливчиња, гласање од страна на Ковид позитивно лице, попречување гласање, како и една кривична пријава за настан случен за време на молкот. Ова се покарактеристичните настани во текот на овој изборен ден, пријавени досега“, рече Спасовски.„Најголемиот број пријавени настани се на подрачјето на СВР Скопје-22, СВР Штип-19, СВР Куманово -16, СВР Битола -14, СВР Тетово - осум, СВР Велес-пет, СВР Охрид-три, СВР Струмица-три и едно известување од Секторот за компјутерски криминал, а се однесува за подрачје на СВР Скопје. Пријавени се 7 случаи во кои се инволвирани полициски службеници, од кои 6 се проверени и од нив само две се основани (а се во врска со агитирање при вршење службени дејства), а еден е во фаза на расчистување. Во оваа прилика би сакал да се заблагодарам на сите припадници на Министерството за внатрешни работи, кои што во текот на целиот изборен процес, но и денеска, на самиот ден на изборите, одговорно ги извршија своите работни задачи и овозможија целиот процес да се спроведе мирно и безбедно, согласно сите законски прописи. Би сакал да упатам посебна благодарност до граѓаните, кои беа партнери на македонската полиција и сериозно ја сфатија нашата заедничка цел – законитоста, редот и безбедноста, затоа што заеднички придонесовме за фер и демократски изборен процес. Благодарение на нивното навремено пријавување во МВР, полицијата можеше веднаш и соодветно да одговори на пријавените незаконски активности во врска со изборниот процес, евентуални нарушувања на избирачкото право или нарушувања на јавниот ред и мир, со цел да се спречат сите злоупотреби на ова уставно загарантирано право“, додаде тој.

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања