Уште една анкета за изборите: Кој каде ќе победи?
Анкетата нарачана од „Макфакс“ во агенцијата Стратум Р&Д, покажа дека 24,9% од граѓаните би гласале за листите на СДСМ на локалните избори, а 22,8% за листите на ВМРО-ДПМНЕ.На прашањето: Да претпоставиме дека утре ќе се одржуваат локални избори за која советничка листа би гласале на изборите, по СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ следи Независна листа со 12,9 %, а нема да излезат на гласање 12% од граѓаните. За ДУИ се определиле 10%, за Алијанса на Албанците 9,3% и други 1,7%.На прашањето: Да претпоставиме дека утре ќе се одржуваат локални избори за која советничка листа би гласале на изборите?Од оние кои изјавиле дека ќе гласаат, за СДСМ се определиле 28,2%, за ВМРО-ДПМНЕ 25,9 %, за Независна листа 14,7%, ДУИ 11,4%, Алијанса за Албанците 10,6 %, Левица 7,3%, Други 1,9%.На прашањето: Според вас која политичка партија на овие избори нуди најдобра понуда?За СДСМ се определиле 27,1%, за ВМРО-ДПМНЕ 24,7%, за Независна листа 13,4%, за ДУИ 11%, за Алијанса на Албанците 10%, за Левица 6,5%, Други 4,7%, за ДОМ 2,6%.Испитаниците се изјаснија дека најголем проблем кој треба да се решава е екологијата и чистиот воздух.На прашањето: Дали може да неведете ургентни проблеми кои треба да се решат во општината за екологија, чистиот воздух и паркови се изјасниле 42,6%.-Отворање нови работни места 40,3%-Отворање градинки и училишта 37%-Средување на паркинзи 35,4%-Патна инфраструктура 33% -решавање на проблем со кучиња скитници 25%-Средување на сообраќаен хаос 20%-Разубавување на фасади 9%-Отворање здравствени центри во рурални средини 8%-Домови за стари лица 6%-Друго 4%Одлучувачки според анкетата за гласање за кандидатите на локалните избори најмногу ќе биде припадноста на политичка партија.На прашањето: Kои се клучни критериуми според кои одлучувате на кому ќе го дадете гласот, 28,2% истакнале дека е припадноста на политичката партија која го кандидира.Како втор критериум се одредиле за професионалните достигнувања, односно 20,7%. Потоа следуваат:-Придонес кон заедницата 11,4%-Повторен мандат (искуство како градоначалник) 10,8%-Успешно спроведени проекти 8,7%-Лични преференци 6,3%-Етничка припадност 5,4%-Без политички багаж, нов во политиката 5,1%-Коалиција на централно ниво (државно ниво) 3,3%-Друго 0,1%Испитаниците во најголем број се одредени да не го дадат својот глас доколку нема ниту еден успешен проект.На прашањето: Кои се клучни критериуми според кои одлучувате на кому нема да му го дадете вашиот глас, тие одговориле:-Нема ниеден успешно спорведен проект 20,5%-Нема значајни професионални достигнувања 20,5%-Повторен мандат (искуство како градоначалник) 13,9%-Припадност на политичка партија 9,9%-Не покажал придонес кон заедницата 9,6%-Лични преференци 8,4%-Нов во политиката (без искуство) 8,4%-Етничка припадност 4,8%-Коалиција на Централно ниво (државно ниво) 3,9%На прашањето како би ја оцениле работата на актуелниот градоначалник во решавање на проблемите, со најниска оценка 2 се оценети активности за заштита на животната средина, социјалната заштита (инклузија на ранливи групи), култура, склучување на приватно јавни партнерства, менаџмент на отпад (ѓубре).Образованието е со оценка 2,40, организација на сообраќајот 2,50 , Организација на паркинзи 2,70, Водовод и Канализација и Организација на јавен превоз со 3,10, изградба на патна мрежа во рурални средини и изградба на патна инфраструктура со оценка 3,40.Во одредување на профилот на испитаниците, на прашањето дали се симпатизери на некоја политичка партија, 26,2 % одговориле дека се симпатизери на СДСМ.Потоа следуваат:Не сум на ниедна партија 24,7%ВМРО-ДПМНЕ 24,1%Независни 12%Левица 11,7%Од испитаниците, најголем број не се членови на политичка партија. На прашањето дали сте член на политичка партија:49,15 % одговориле дека не се членови на ниту една политичка партија19,9 % одговориле дека се членови на СДСМ18,7% дека се членови на ВМРО-ДПМНЕ5,7% друга5,4% дека се членови на Левица0,6% дека се членови на Алијанса на Албанците0,6% дека се членови на ДУИАнкетата е направена телефонски, на примерок од 1000 испитаници во периодот од 25 до 30 септември.
Македонија
|
пред 4 години