Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

26032021_porparol_Hodga_DZS_Simovski_pres-konferencija-3

Базата на државјани е 2.400.000, од таму се влече избирачкиот список, вели Симовски

Директорот на заводот за статистика, Апостол Симовски во вечерашното интервју за „360 степени“ објасни дека бројката на попишани лица и бројката на лица со македонско државјанство се две сосема различни работи. Поради тоа, и бројот на попишани и бројот на лица во избирачкиот список не треба да се поистоветуваат.-Пописот и избирачкиот список се сосема независни работи. Едната е за државјаните и оние кои се полнолетни и имаат право на глас. Лицата за пописот се поинаку дефинирани и овие две работи не треба секогаш да се доведуваат во корелација. Базата на државјани е 2.400.000 државјани и од таму се влече избирачкиот список, објасни Симовски.

Македонија | пред 4 години

mile-milenkoski-2

“Сакам да ми се суди во Македонија” уапсениот дипломат вмешан во ерменската афера прати писмо со барања

Македонскиот дипломат, Миле Миленкоски кој е вмешан во македонско-ерменската афера и кој беше уапсен во Србија кон крајот на август испратил писмо преку своето семејство до редакцијата на „Слободен печат“ во кое бара да биде екстрадиран во Македонија и да му се суди во нашата држава.-Од страна на Судот ми беа доставени доказите од Ерменија. Во нив нема ништо што би укажувало на моја вина, ниту пак може да има. Копија од доказите е доставена до надлежните институции во РСМ. Верувам дека РСМ е правна држава и, оттаму, верувам дека надлежните ќе покренат брза постапка, со оглед на фактот дека во доказите за случајот се опфатени 7 лица, од кои 6 се државјани на РСМ. Притоа, РСМ би побарала од Република Србија да бидам префрлен во РСМ. На овој начин правдата би била задоволена и случајот комплетно разрешен, што е моја најголема желба во моментов, пишува Миленкоски.Според информациите, по барањето за екстрадикција на Миленкоски во Ерменија идната недела треба да одлучува Апелацискиот суд во Ниш, откако овластен адвокат од Врање го обжалил решението на Вишиот суд во Врање од 22 септември, како причина наведувајќи го „погрешното и непотполно утврдување на фактичката состојба“ во пресудата, како и поради битни повреди на кривичната постапка и погрешната примена на материјалното право.Дополнително, во настојување Миленкоски наместо во Ерменија, како македонски државјанин и наш дипломат, да биде испорачан во Македонија, во текот на вчерашниот ден, овластен адвокат од семејството на Миленкоски до Јавниот обвинител на РСМ поднел Предлог за преземање на кривично гонење по службена должност, бидејќи Ерменија го обвинува Миленкоски за „недозволено преминување на државна граница“, што е дело кое е опфатено и со Кривичниот законик на РСМ. Адвокатот бара за Миленкоски, кој е странски државјанин за Ерменија, да се води кривична постапка во РСМ, тој тука да биде испорачан од Србија, па доколку биде осуден, затворската казна да ја издрежува во неговата матична држава.Од семејството информираат дека во изминатите неколку дена тие ги доставиле сите документи што ги поседуваат за случајот до „сите надлежни институции во државава“, бидејќи никој од Македонија официјално не пројавил интерес до судските инстанци во Србија да ја добијат документацијата за случајот со Миленкоски.Тој тврди дека не е виновен и дека тоа ќе го покаже истрагата.-Жалам што поради тоа што покрај мојот углед, со овој настан беше нарушен и угледот на МНР и на Владата на РСМ. За ништо на светот не би наштетил на мојата чест и углед, на семејството, на Министерството кое ми даде се во животот, ниту на Владата на РСМ. Бидете уверени дека ни во овој случај нема никаква вина кај мене, ниту прекршок, ни кривично дело, што е случај во целиот мој живот и кариера. Секако, тоа ќе го покаже и истрагата, се вели во писмото на Миленкоски.Тој беше уапсен во Врање, а македонската јавност тогаш дозна дека тој во 2019 година бил вмешан во извлекување на македонски државјанин од Ерменија кој бил обвинет за кривично дело таму и на кого требало да му се суди. Во меѓувреме тој бил именуван за заменик шеф мисијата на ОБСЕ во Македонија.

Македонија | пред 4 години

avtopat-640x351

Сообраќајот се одвива непречено, по наместа влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, информираат утрово од АМСМ.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Македонија | пред 4 години

w_56736106

Исплатени 25,7 милиони денари кон 17.836 студенти

Владата предводена од СДСМ и Министерството за образование и наука континуирано покажуваат вистинска грижа за унапредување на студентскиот стандард и младинските политики, потврда за тоа се бројните стимулативни мерки и политики кои успешно се реализираат кон студентите, велат од СДСМ.„Во таа насока е и првата исплата на субвенционираниот студентски оброк кон студентите кои аплицираа на првиот рок на повикот за субвенциониран студентски оброк.Вчера на своите трансакциски сметки студентите ги добија првите средства во износ од 1.440 денари. Оваа исплата е за периодот од 15 септември, кога стапи на сила законот со кој е регулирано ова право, до 1 октомври 2021 година.На 17.836 студенти исплатени им се вкупно 25,7 милиони денари.Исплатата ќе продолжи да се реализира согласно одредбите од Законот за субвенциониран студентски оброк, поточно во првата недела од секој тековен месец, а ќе се однесува на изминатиот месец, со цел да се провери статусот на студентот, односно дали тој и понатаму ги исполнува условите за користење на правото на субвенција, препорачана за купување здрави оброци.Паралелно тече и вториот рок од Јавниот повик за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк кој трае до 31 октомври и се однесува на сите новозапишани студенти, но и на оние кои ги исполнуваат условите, но не успеале да се пријават и да го остварат ова право во првиот рок.Субвенционираниот студентски оброк е системско решение на Владата предводена од СДСМ, кое има за цел да им го олесни животот на младите за време на студирањето, односно добиваат 2.400 денари девет месеци во годината.Вложувањето во унапредување на студентскиот стандард на младите го сметаме за капитално вложување во иднината на државата.Како одговорна, социјалдемократска партија продолжуваме да креираме и реализираме квалитетни мерки и политики кои се во интерес на младите луѓе“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 4 години

Dfek9lLaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvTURZN01EQV8vNzRhNTUzODg1ZjZmMzc1MTRhZGMxNTY1MzNkN2VkNDcucG5nkZMCzQLkAIGhMAE-1

Шилегов денес во посета на скопската чаршија

Денес, кандидатот и актуелен градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов, ќе ја посети Старата скопска чаршија, каде ќе одржи неколку средби со занаетчиите кои работат во овој дел на градот.Скопје е создаден и одржуван во живот со векови благодарение на својот еснаф, на луѓето кои отсекогаш твореле и тргувале во старата чаршија – на фурнаџиите, берберите, часовничарите, сервисите, златарите и останатите занаетчии. За сите нив, Град Скопје воведе програми за поддршка со кои на старите занаети им се овозможи одржливо постоење и создавање, заштита на нивните дуќани и работилници и едукација.Се воспостави партнерство со новите занаети, малите бизниси, новите сервиси и продавниците кои секојдневно се отвораат низ нашиот град, а сопствениците добија и награди за нивниот успех и иницијативност. Во изминатите 4 години скопските занаетчии добиваат субвенции од градот за набавка на алати и репроматеријали до 80% од нивната вредност, или до максимум 50.000 денари по занаетчија.Важно е да се знае дека оваа чаршија опстанала со години, шарена и разнолика поради тоа што луѓето си помагале еден на друг кога било најтешко. Така, во време на пандемијата на коронавирусот донесовме неколку превентивни мерки за полесно справување на еснафот со рестрикциите: Град Скопје ги укина трошоците за фирмарина на сите економски субјекти на територијата на Град Скопје, како единствена давачка на бизнисите кон градот; Пренасочени се буџетските средства во градежна офанзива, со која се реконструираа преку 20 улици во една сезона, со цел стимулирање на работните места во градежништвото и придружните индустрии. На угостителите и другите еснафи кои користат јавен простор пред своите дуќани им беа простени комуналните такси, за да им се олесни намалената посетеност и промет во услови на пандемија на коронавирусот.„Овие мерки се покажаа како успешни. Успеавме да ги задржиме работниците на работа, а дуќаните да ги задржиме отворени. Успеавме сите заедно да поминеме низ најтешките периоди, солидарно и братски, онака како што успевала чаршијата и во минатото. Затоа што сме тука да си подаваме рака и да си помагаме“, вели Шилегов.

Скопје | пред 4 години

Нема фотографија

Бесплатен превоз во ЈСП за учесниците на маратонот

Во недела, во период од 7 до 14 часот, дел од автобуските линии ќе сообраќаат по изменет режим од вообичаениот, поради одржување на „Скопски маратон 2021“, информираат од „ЈСП“.„Ги потсетуваме сите учесници на маратонот, дека в недела ќе можат бесплатно да го користат јавниот превоз со приложување на стартниот број (маица)“, додават од таму.Известуваат дека меѓу линиите со непроменета траса ќе бидат градски линии: 2, 2А, 12, 19, 20, 42, 45 и 65В и приградски линии: 11, 11а, 18, 18а, 32, 47, 47а, 52, 53, 55, 56, 56а, 60, 61, 62, 63, 63а, 63б, 65, 66, 66а, 68, 69, 71, 81, 118.

Скопје | пред 4 години

Нема фотографија

Тасевски: Да се најде и казни оној кој ги оштети бистите на Анте Поповски и Славко Јаневски во Струга

Откако во Струга беа оштетени бистите на двајца македонски поети, Анте Поповски и Славко Јаневски, се јави и Тодорче Тасевски, директор на Струшките Вечери на Поезијата (СВП).„Најостро го осудуваме вандалскиот чин на сквернавење на бистата на еден од најистакнатите македонски поети Анте Поповски, којашто беше откорната и фрлена во крајбрежјето. Настанот е пријавен во полиција, извршен е увид и очекуваме сторителот да биде најден и против него да биде поднесена пријава. Апелираме за елементарна почит кон ликот и делата на македонските поети што се вградија во основањето на еден од најпознатите светски поетски фестивали. Не сакаме да претпоставиме дека аналфабетите вандали што го извршија овој чин воопшто имаат претстава дека денес, на 1 октомври се навршуваат 18 години од смртта на Анте Поповски, напиша Тасевски на Фејсбук.

Македонија | пред 4 години

thumbnail_image005

Симон Трпчески ќе ја отвори новата концертна сезона на Филхармонијата

На 7 октомври во 20 часот Филхармонијата ја отвора новата концертна сезона со настап на исклучителниот македонски пијанист Симон Трпчески.На програмата се две ремек-дела на Франц Лист – Концертот бр. 2 и симфонијата „Данте“.Диригент е Габриел Бебешелеа од Романија, а ќе настапи и хорот „Про-арс“.Билетите се веќе достапни и може да се резервираат на тел: 02/3238 182 и да се купат онлајн на веб-страницата www. filharmonija.mk.

Магазин | пред 4 години

120777000_gettyimages-143319950

Др. Дре, Снуп Дог и Еминем на полувремето на „Супербол“

Др. Дре, Снуп Дог и Еминем се меѓу ѕвездите што ќе настапат на посакуваното шоу на полувремето на „Супербол“ в година, потврди американската НФЛ.На нив ќе им се придружат Мери Џеј Блејџ и Кендрик Ламар во спектаклот, кој најверојатно ќе привлече десетици милиони гледачи.Ѕвездите, кои вкупно имаат 43 Греми-награди, ќе настапат заедно првпат во февруари 2022 година.„Ова ќе биде вовед во следната сага во мојата кариера“, напиша Др. Дре на „Инстаграм“.„Можноста да настапам на полувремето на Супербол ќе биде една од најголемите возбудувања во мојата кариера“, вели раперот и продуцент од Лос Анџелес.

Магазин | пред 4 години

Screenshot-2021-10-02-093156

Вергара гола за Светскиот ден на кафето

Актерката Софија Вергара објави фотографија на која е целата гола. Колумбиката покриена делумно во зрна кафе, им го честиташе на сите Националниот ден на кафето.„Целосно Колумбиска“, напиша таа и за кратко време собра повеќе од 100.000 лајкови. Сите и коментираа дека е убава и секси. Колумбиката често во своите интервјуа кажува дека е горда на своето потекло и дека многу сака кафе.Често во забавните емисии се шегува за квалитетот на американското кафе.

Магазин | пред 4 години

Screenshot-2021-10-02-092656

(ВИДЕО) Делфин спаси нуркач од ајкула

Видеото како нуркач е заштитен од делфин од ајкула во океанот, стана вирално. Видеото, кое беше објавено на „Тикток“ од нуркачката Кејли Грант на 6 септември, досега има над 2,2 милиони прегледи.На почетокот, можете да видите делфин што плива покрај двајца нуркачи. И тогаш се појави голема океанска бела ајкула и се упати кон Кејли, објави „Њузвик“.„Пливавме со пријателски делфин кога одеднаш се појави ајкула“, напиша таа во видеото.https://www.tiktok.com/@mermaid.kayleigh/video/7004912748438113541?is_copy_url=0&is_from_webapp=v1&sender_device=pc&sender_web_id=7013429959780812294

Магазин | пред 4 години

policija-policajci-kontrola-vozaci-avtopat

Казнети 185 возачи низ Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (01.10.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.На територијата на град Скопје изречени се вкупно 185 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 39, 11 за возење без возачка дозвола, пет за непрописно престројување.Изречени се седум мерки за користење мобилен телефон, пет прекршоци што ги чинат пешаците, четири за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, 76 за непрописно паркирање.Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Скопје | пред 4 години

1633085801319-milan-popovic-severina-830x0-1

Северина пак доби тужба: „Овој има своја дијагноза“

Хрватската пејачка Северина (49) ја продолжува долгата судска битка со српскиот бизнисмен Милан Поповиќ за синот Александар. Таа на својот инстаграм-профил објави дека Милан повторно ја тужи.„Добро утро, екипо! Како ви почна денот? Моите утра почнуваат со тужби. Добив уште една тужба од човекот што поднесе над 70. Со тек на време ќе ги објавам сите. Бесмислениот спор има своја дијагноза. Најчесто во тужбата го оправдува судијата што ми го одзеде детето. Завчера добив тужба за ‘Инстаграм’. Како почнува вашето утро? “, напиша таа.На 29 август, за време на концертот во Црна Гора, Северина пред присутните рече дека детето ѝ се вратило дома.Подоцна објасни дека добила заедничко старателство над синот Александар, кој претходно живееше со татко му во последните 20 месеци. Веста беше потврдена и од нејзиниот адвокат Мате Матиќ.

Магазин | пред 4 години

20141002-kade-se-troshat-parite-od-studentite-smesteni-vo-studentskiot-dom-goce-delchev-1-1

Објавени листите со примени бруцоши во студентските домови во Скопје

Министерството за образование и наука информира дека резултатите од Конкурсот за прием на студенти запишани на додипломски студии во државните студентски домови и други објекти за сместување за студиската 2021/2022 година, кои се однесуваат на студентите од прва година на студии, а кои аплицираа за сместување во капацитетите во Скопје, се објавени.Студентите кои се наоѓаат на објавените листи можат да се вселат во студентските домови по потпишување на договор со домот во кој се примени. Договорот е потребно да го потпишат најдоцна во рок од 10 дена од објавата на резултатите. Додека, приговори по однос на резултатите се доставуваат до Министерството за образование и наука („ул. Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, Скопје), заклучно со 8 октомври 2021 година.Листите со примени студенти во студентските домови во другите градови ќе бидат објавени во понеделник, 4.10.2021 година.Инаку, аплицирањето за сместување во студентски домови годинава за прв пат се спроведе електронски, со прикачување на соодветната документација на http://e-uslugi.mon.gov.mk, а за оние кои немаа можност електронски да аплицираат, како опција на располагање беше и доставувањето на документацијата директно во студентскиот дом.

Скопје | пред 4 години

IMG_4235

Какво време не очекува викендов?

Времето наутро ќе биде постудено, преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец, информира УХМР.Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 10, а максималната ќе достигне од 18 до 24 степени.Во Скопје, претежно сончево со слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне 22 степени.Во недела и во првите два дена од следната седмица ќе преовладува стабилно и сончево време со појава на мала до умерена облачност. Утринските температури ќе бидат пониски, а дневните во постепен пораст.Нови врнежи се очекуваат во среда кон крајот на денот.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Дел од Гази Баба денес без струја

Од „ЕВН Македонија“ АД известуваат дека денеска, поради веќе закажани технички зафати во мрежата, без напон ќе останат:– од 9.30 до 14.30 часот корисниците од улицата Методи Андонов – Ченто, левата страна од патот на потегот од „Еуро империјал маркет“ до „Грос маркет“ (општина Гази Баба);– од 09.15 до 15.30 часот корисниците од улицата Раштак и улицата 4 во с. Раштак, како и сите објекти во околината на игралиштето и патот кон с. Љуботен (општина Гази Баба).

Скопје | пред 4 години

DSC_0356

Скопскиот маратон ќе ги затвори улиците низ Скопје

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните на Скопје дека утре, на 03.10.2021 година (недела), поради одржување на спортската манифестација – „Скопски маратон 2021“, Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на градот Скопје.Притоа, маратонот ќе започне во 08.00 часот, со следната траса на трчање: старт од платото пред Спортски центар „Борис Трајковски“ по ул.„Бледски договор“, десно по бул.„Илинден“, лево по ул.„Љубљанска“, право по ул.„Московска“, десно по ул.„Војвода Васил Чакаларов“, на крајот на улицата се врти полукружно назад и се продолжува право по ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“, право по ул.„Димитрие Чуповски“, право по ул.„11 Октомври“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по бул.„Трета македонска бригада“, лево по ул.„Фрањо Клуз“, десно по бул.„Јане Сандански“ до крајот пред крстосницата со бул.„Србија“, потоа се врти полукружно назад по истата коловозна лента по бул.„Јане Сандански“, лево по ул.„Фрањо Клуз“, десно по бул.„Трета македонска бригада“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по ул.„11 Октомври“, право по ул.„Димитрие Чуповски“, десно по бул.„Св.Климент Охридски“, лево по бул.„Илинден“ до целта - платото пред Спортски центар „Борис Трајковски“ во Скопје (два круга).Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе презема мерки за посебен режим на сообраќајот по наведените улици, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до сите граѓани да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот со цел безбедност на сите учесници во сообраќајот.

Скопје | пред 4 години

silegov

Шилегов фатен жив како мести тендер од 300.000 евра, ЈО молчи, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

ЈО молчи за Шилегов кој е фатен жив како мести тендер од 300.000 евра, вели ВМРО-ДПМНЕ.„Ги повикуваме ЈО и сите останати институции да отворат истрага за Петре Шилегов и Душко Весковски. Предадовме документи во ЈО од кои јасно се гледа дека ЈП Водовод вовел фирма во работа, која ги завршила градежните зафати, а дури два месеци потоа распишале тендер и потпишале договор за да ја исплатат фирмата.Криминалите на Шилегов не застануваат тука. Профитерот Шилегов нема тендер во последните две години кој не е потпишан на сума скоро иста со сумата која е предвидена за постапката. Скоро и да немало наддавање.Воочлива е играта на Шилегов.Дали некој од СДСМ кажува кои фирми може, а кои не да учествуваат на тендери.ЈО има повеќе од доволно докази за да отвори случај и да подигне обвиненија против Шилегов кој очигледно години наназад ги злоупотребува јавните финансии.Работењето на Шилегов како и на сите други градоначалници кои работеле криминално ќе биде предмет на ревизија, а потоа ќе следуваат и пријави веднаш по промената на власта. Одговорност за злоупотреба на парите на граѓаните ќе има“,стои во соопштението

Скопје | пред 4 години

Нема фотографија

Филипче: Кога ВМРО-ДПМНЕ зборува за визија, гледа во ретровизор

„Работевме транспарентно, отворено, инвестиравме во проекти во интерес на граѓаните, насекаде низ државата, имаме и образ и можност да ја побараме повторно довербата“, порача потпретседателот на СДСМ и министер за здравство д-р Венко Филипче кој вечерва го предводеше караванот „Најдоброто за мојата општина“ во Пробиштип.„Кога се сака се сè може. Значи можеле да се вратат парите кај граѓаните, можело да има повисоки плати и просечна, и минимална, можело да има и повисоки пензии. Можело социјалната помош да се зголеми за 300%. Можело да се инвестира во градинки, училишта во здравствени домови, во реконструкција на болници. Можело да се инвестира во армијата и полицијата. Можело да има оригинални лекови, а не шверцувани од Турција, можело да има оригинални инсулини, можело да има лекови за пациенти со малигни болести и со ретки болести.Можело да се дуплираат платите на лекарите специјалисти и да се даде платен стаж на младите лекари, за да не заминуваат во Германија.Можело! Ама, некој друг не го правел тоа и сега ВМРО-ДПМНЕ зборува за некаква визија за Македонија. Кога ВМРО-ДПМНЕ зборува за визија, тие гледаат во ретровизор, за нив иднината е минатото во кое сакаат да се вратат за да може да функционираат само тие, а граѓаните да патат. Е па, нема да може. Сега граѓаните знаат како се работи одговорно и транспарентно. Убеден сум дека знаете кој број да го заокружите на 17 октомври и дека со заокружувањето на бројот 12 гласате за развиена просперитетна Северна Македонија, гласате за економски напредок, гласате за младите луѓе да останат тука и иднината да ја гледаат тука“, рече Филипче.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Лукаревска: Имаме успешен попис, имаме план за развој, имаме добри проекти, го имаме најдоброто

„Да ја чекавме нивната иднина сеуште ќе немавме попис. Опструираа, собираа потписи, манипулираа, само за да не успее. Граѓаните покажаа одговорност кон иднината на својата државата. Успешно ја спроведовме најголемата, најмасовната статистичка операција, за да можеме како сите други држави да планираме развојни политики, да обезбедуваме квалитетни услуги, да се грижиме за нашата иднина, покажавме дека имаме капацитет и цврста волја оваа наша, единствена Татковина, да оди напред“, рече Лукаревска на трибината во Македонска Каменица.„Изминатите 4 години се работеше вредно и напорно, со силна поддршка од централната власт. Таа силна динамика мора да продолжи. Никој не смее да ги кочи проектите на општините.Во Македонска Каменица, Владата предводена од СДСМ изминатите 4 години инвестираше 4.6 милиони евра во развој на 7 километри патна инфраструктура на Општина Македонска Каменица, со средствата од ТАВ инвестираме во изградба на комунална инфраструктура за индустриската зона во вредност од 5.4 милиони денари, создаваме услови за изградба на нови погони и производствени капацитети, се грижиме за развојот.Заменик-претседателката на Социјалдемократскиот сојуз Сања Лукаревска во Македонска Каменица ги повика граѓаните да гласаат за актуелната и идна градоначалничка, Соња Стаменкова и за советничката листа на СДСМ и коалицијата предводена од д-р. Драги Стојковски.Почитувани мои Каменичани, промените се започнати и нема враќање назад.Немаме време за невреме, немаме време ни за добро, сега е време за „Најдоброто“.Ние сме победници зашто Македонска Каменица знае да победува.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Заев: Имаме успешен попис, членство во НАТО и пријателство со регионот

„Во овие години успеавме да постигнеме успеси кои цели децении беа само недостижна цел, го поставивме правецот и тој е јасен: Со најдоброто одиме напред, на тој правец сме исправени четири години во кои ја имаме обврската да ја трансформираме државата на подобро и тоа, се случува сега и овде, пред нашите очи“, порача вечерва претседателот Зоран Заев во Велес, на промоцијата на кандидатот за градоначалник и советничка листа.„За првпат по 20 години државата спроведе успешен попис. Еден милион 832.696 граѓани се попишаа, односно над 99 проценти од граѓаните. Ова е голем, огромен успех, веќе не сме единствена држава во светот без спроведен попис, веќе не одиме низ магла, туку добиваме јасни и прецизни податоци на кои ќе ги темелиме идните политики. Во едната рака имаме успешен попис – во другата членство во НАТО. Денес сме држава со најголема сигурност и најголем степен на транспарентност од сите земји во регионот, денес сме земја пријател на регионот и Европа“, посочи Заев.Претседателот Заев истакна дека сето тоа е потврда за капацитетот и државноста што ги поседува СДСМ и потврда дека државата е на вистинскиот пат и враќање назад од тој пат нема!„Тој пат носи напредок на државата, но и развој на општините. Овие четири години се развиваше државата, се решаваат клучни прашања, но истовремено се развиваа регионите и општините. И тоа Велес го знае најдобро“, заклучи Заев.

Македонија | пред 4 години

slika-2

Мицкоски: Многумина се разочарани од политиката зошто 30 години државата се врти во круг

„Цели 30 години оваа земја се врти во круг, во еден затворен круг. Генерации поминаа во исчекување за некакви промени, некакво подобро утре. И секоја надеж без исклучок завршуваше со разочарување. Секоја нова искра завршуваше со еден нов ќорсокак. Триесет години видовме ама баш се, ние бевме генерација која сонуваше за отворена Европа, за Рим, за Париз, за Лондон, а добивме нови ѕидови, нови разочарувања“, истакна Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на митингот во Битола.Мицкоски додаде дека младоста на неговата генерација помина во конфликти, превирања, ограбени фирми, луѓе што остануваат без работа. Ги памети тие денови кога во семејствата и двајцата родители остануваа без работа и тоа преку ноќ. Тоа време деновите беа исполнети со несигурност, неизвесност во иднината.„Мојата генерација немаше младост, а тие по нас немаа детство. Време поминато со надеж за иднина, со разочарувања, без иднина. Крпен живот на рати, бонови, живот на несигурност, и за тоа е тој разбирлив отпор кон се што е политика во земјата. За тоа што многумина разочараа. Но, мора јасно да ја гледате сликата и ќе видите дека не се сите исти“, порача Мицкоски.Мицкоски посочи дека дојде времето кога граѓаните треба да создадат нова иднина, и тоа иднина со нови победи кои што мора да се издвојуваат.„А, што е победа ме прашуваат, и ќе се обидам во неколку реченици да кажам што е победа според мене. Победа е заеднички да рушиме ѕидови кои што ги поставуваат пред нас. Победа е и да веруваме во вредностите, и тие што нудат програма за сметка на тие што нудат криминални коалиции. Победа е кога ќе спасиме 14 човечки животи, кога ќе погрешиме и ќе ја корегираме нашата грешка и ќе се извиниме и ќе продолжиме напред“, посочи Мицкоски.Мицкоски рече дека победа е да се почитуваат граѓаните меѓусебно, да се има вредности и принципи, победа е кога се има заедничка цел. Победа кога се обезбедува сигурност и извесност. Победа е заедничкиот патриотизам.

Македонија | пред 4 години

DSC00900_cr-1

Арсовска од Ѓорче Петров: Не можеме да чекаме уште 4 години некој да ја краде иднината на Скопје

На вечерашната средбата со граѓаните на Ѓорче Петров, независната кандидатка за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска им порача дека не можеме да чекаме уште 4 годни некој да му ја краде иднината на Скопје.“Скопје денес е во застој, не се развива и никогаш не било повалкано. Градот живее во стагнација, уназадување и тоа нè разочарува сите. Заборавени цели населби со илјадници жители. Села и приградски населби без вода, без улици и без осветлување. Градот е заробен во урбан хаос, каде секој гради каде сака, истура бетон врз дрва и зеленило. Луѓето без визија ќе ви кажуваат дека проектите кои ги предлагаме не можат да се реализираат. А ние денес ќе им порачаме дека нивното време во Ѓорче Петров и во Скопје е завршено. Имаа шанса, ја прокоцкаа. А ние сме професионалци што нудат решение”, истакна Арсовска пред граѓаните на Ѓорче Петров.Арсовска уште порача дека неработниците заминуваат и доаѓа време на брзи и сигурни решенија, дека сега е време за професионалците, за менаџерите и за чесните луѓе кои работат. “Ние сме професионалци кои нудат решенија”, дополни Арсовска.“Градот Скопје мора да се развива еднакво. И во центарот на градот, но и во овие преубави населби околу него. Тука во Ѓорче Петров, се обврзувам дека за мене нема заборавен населба. Не смее Волково, Кучково, Даме Груев, Ново Село, Орман и Никиштани и Кисела Јабука да немаат чиста вода за пиење или да немаат канализација или асфалт или игралишта за нашите млади генерации. Мораме да работиме на растеретување на сообраќајот и на главната артерија низ Ѓорче Петров, и на влезот на градот Скопје од западен правец, но и на артериите кои го поврзуваат Ѓорче Петров со останатиот дел од градот. За решавање на овие проблеми нема да чекаме 4 години. Почнуваме веднаш”, им порача Арсовска на граѓаните на Ѓорче Петров.Арсовска ги претстави проектите за Ѓорче Петров, проширување на кракот на булевар Теодосиј Гологанов до раскрсница со бул. Ѓорче Петров и изградба на сообраќајница со четири ленти, инфраструктурни проекти значајни за општина Ѓорче Петров, два нови кружни текови, еден на влезот во Ѓорче Петров од Сарај и друг на улица Македонска војска.Во соработка со централната власт ќе се предвидат и нови поврзувања со автопатот и обиколницата на клучните излези од градот Скопје, како и чистење на дивите депонии кај Ново Село и многу други.

Скопје | пред 4 години

mickoski-6

Мицкоски: Секаде каде одев низ Македонија понудата на СДСМ им е мали зоранчиња, само во Битола Вице за градоначалник

„Битола секогаш била авангарда, град полн со еснафи, интелектуалци, вредни луѓе, место со душа, град со карактер, но за жал се повеќе празен град. Секогаш кога доаѓам во Битола, има се помалку луѓе по улиците, се помалку џагор, и се повеќе луѓе ја бараат својата среќа надвор од Македонија. За сето ова се виновни тие кои сега се претставуваат дека се најдобри. Но, има и нешто да бидам искрен што зависи од нас, од нас зависи каква иднина ќе имаме. Секаде каде што отидов досега видов градоначалници кои што се мали зоранчиња. Само тука во Битола велат Вице за градоначалник. Си се имаат поделено, еден град за него, еден за бате. Е, овој Битола му паднал на батето за тоа што РЕК Битола му бил интересот. И решиле од Битола да прават стентон град. Рецептот им е Струмица, таму фамилијата главни, а овде стентоновци сакаат да бидат главни подизведувачи на овие првите од фамилијата Заеви. Е, нема тоа да биде“, нагласи Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на митингот во Битола.Мицкоски додаде дека на 17-ти октомври Битола ќе го добие вистинскиот сјај кој што го заслужува, град на конзулите, бисерот на Македонија. Градоначалник на Битола ќе биде Тони Коњановски.„И кога сме кај овој Зоран Заев, иако е тешко време ќе ми дозволите да кажам една шега која што се раскажува деновиве низ Македонија. Сега пред некој ден кога беше овде во Битола со новото БМВ одлучил Заев да се паркира пред Епинал, но пред него таму на тоа место паркирал некој граѓанин. Доаѓа полицаецот и му вели на граѓанинот веднаш препаркирај го возилото доаѓа Зоран Заев, премиерот. А, вика јас за ваквите како него имам лек, си ставив и аларм, а богами и камера за да не ми го снема возилото“, кажа Мицкоски.Мицкоски посочи дека и малите деца знаат дека волкот влакното го менува, а карактерот не. Дали биле Заевци, дали биле стентоновци, тоа е едно те исто.„И заедно на 17-ти октомври мора ова да биде поразено. А, ќе биде поразено кога ќе им докажете дека вашиот глас вреди, вашиот глас не е коцка. Не е нешто со кое човек вака неодговорно може да се однесува. Вашиот глас не е глас на некој нивен заробеник кој тие мислат дека го командуваат. Вашиот глас е глас на човек, глас на совесна, одговорна личност што си ја сака Македонија“, порача Мицкоски.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-09-12-at-12.59.48

Мицкоски: Не е храброст да потпишеш се што ќе ти стават на маса, па она што Заев го направи со Бугарија ниту Љубчо и Цар Борис заедно не го направија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот предизборен митинг во Битола истакна дека храброст е да поставиш црвени линии и да се бориш за сопствената држава и народ, а не како Заев да потпишеш се што ќе ти стават на маса, затоа што тоа што Заев досега го направи за Бугарија, ниту Љубчо и Цар Борис Заедно го направиле.Мицкоски вели кога Заев се фали дека носи храбри одлуки, цела Македонија го моли да не биде толку храбар затоа што тоа што Заев го нарекува храбра одлука всушност е штета за народот и државата и дека среќата на Заев е несреќа на Македонија.- Кога Заев вели дека носел храбри одлуки, сите ние го молиме да не биде храбар, затоа што на Бугарија има направено толку добро колку што Љубчо и цар Борис немаат направено заедно. Не е храброст да потпишуваш сè што ќе ти стават на маса, туку да ги штитиш интересите на својот народ и земја. Храброст е државата без отстапки да ја внесеш државава во Европската Унија, изјави Мицкоски.Мицкоски потенцираше дека храброст е да се бориш за среќата на својот народ за оваа држава да не се врти во круг 30 години во затворен круг, но и да не се дозволи омаловажувања на народот.- Храброст е да се бориш за стандард, повеќе пари за народот, повеќе услови за здравство, подобро образование. Храброст е да не се вртиме во круг цели 30 години. Храброст е да се бориш против криминалците, без оглед каде се, од каде се и со кого се. Храброст е да поставиш мерка за работите што се важни, јасно да ставиш до знаење до каде можат да одат барањата на тие кои сакаат да нè омаловажат, рече Мицкоски.Тој додаде дека генерации поминаа во исчекување за некакви промени, некакво подобро утре, а секоја надеж завршуваше со разочарување, секоја нова искра завршуваше со нов ќорсокак.- 30 години видовме баш сè. Ние бевме генерација која сонуваше за отворена Европа, за Рим, за Париз, за Лондон на дланка. А добивме нови ѕидови, нови разочарувања. Младоста ни помина во конфликти, превирања, ограбени фирми, луѓе што остануваа без работа, изјави Мицкоски.

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања