Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

policija-1

Скопјанец сред центар погоден со дијабола од воздушна пушка

Скопјанец бил погоден со дијабола од водушна пушка додека се движел пред Олимписки базен во Центар.Според информациите на МВР, Б.М.(41) од Скопје вчера пријавил дека на 27.09. околу 23.45 часот, додека се движел со велосипед пред Олимписки базен во Центар, почувствувал болка во рамото.Тој се упатил во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ каде од рамото му извадиле дијабола од воздушна пушка.Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 4 години

Нема фотографија

18-годишник истепан во автобус на ЈСП

МВР информираше дека вчера во 21:00 часот во СВР Скопје, 18-годишниот А.С. од село Ласкарци, скопско, пријавил дека околу 20:40 часот во автобус бр.56, во близина на автобуска постојка во село Буковиќ, скопско, бил физички нападнат од А.Б. и уште две лица, сите од село Копаница, скопско.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 4 години

popis-696x522

Во Северна Кореја има Македонци

Електронскиот попис покажа каде се има македонски граѓани во светот.Македонци има и во Северна Кореја и тоа 14. Kaко што покажува табелата, Македонци живеат на Малдивите, во Доминиканската Република, па дури и на Антарктикот. Во секоја земја во Африка живее барем по еден Македонец, а тоа значи дека повеќе од 200 нашинци живеат на овој континент. Најмногу Македонци има во Мали – 43, во Египет – 23, во Гана – 16, во Судан – 15, во Танзанија – 6, во Нигер – 2. Двајца Македонци живеат во Либиска Арапска Џамахирија, тројца во Јужен Судан, шестмина во Танзанија, двајца во Нигер, 16 во Палестина.Пописот заврши вчера во 20 часот. Од ДЗС кажаа дека тој е успешно реализиран и најдоцна за 6 месеци ќе има податоци. Попишани се над 1.8 милиони луѓе во земјава.

Македонија | пред 4 години

bardovci-protest-protiv-begalci-3-stop-696x401-1

Бардовчани револтирани од изградбата на прифатен центар за странци, на средба кај Пендаровски

Делегација што ги претставува жителите на населбата Бардовци денеска оствари средба со претседателот на државата, Стево Пендаровски.„Ние бардовчани сме револтирани од изградбата на прифатен центар за странци веднаш до нашите домови. Веќе втор месец протестираме пред институциите, пред Владата, или блокираме крстосници за да го кренеме својот глас и да порачаме дека мора да се сопре со изградбата и да се дислоцира Прифатниот центар за странци од Бардовци“, посочила тричлената делегација на средбата.Претставниците исто така истакнале дека ова е прва официјална средба на висок македонски политичар со нив во однос на спорното прашање.„До сега од локалната и извршната власт не беа подготвени да слушнат за нашиот проблем. Ставени сме пред ѕид на молк и на неисполнување на барањата на цела една населба, во која живеат и многу амбасадори. Иако до сега се испратени официјални писма, барања за средба до премиерот, министерот за внатрешни работи, како директен корисник на објектот, до сите пратеници во Собранието, како и до сè уште актуелниот градоначалник на општина Карпош и до сите советници во Општината“, се пожалиле тие.На средбата со Пендаровски била презентирана актуелната состојба во однос на проблемот, односно дека се собрани повеќе од 1.700 потписи на граѓаните што се против изградбата на овој центар.„Европската Унија финансиски ја поддржува изградбата на објектот со 1,5 милион евра. Договорен орган е Делегацијата на Европската Унија, a корисник е македонското Министерството за внатрешни работи. Господинот Пендаровски внимателно нè сослуша и ги разгледа аргументите што ги поседуваме. Беше договорено дека дополнително ќе го разгледа случајот и дека ќе реагира во рамките на можностите“, велат од делегацијата по одржаниот состанок.

Скопје | пред 4 години

Нема фотографија

Бистата од Анте Поповски фрлена во Охридско езеро

На 18-годишнината од смртта на познатиот македонски поет Анте Поповски, непознати сторители во Струга ја вандализирале неговата и бистата на поетот Славко Јаневски, а неговата глава ја откорнале од постаментот и ја фрлиле во Охридското езеро, дознава СДК.Како тоа да не било доволно, главата на еднакво важниот македонски поетски бард Славко Јаневски била свртена наопаку на бетонскиот постамент.– Настанот е пријавен, полициски екипи веднаш излегоа на терен да извршат увид на местото каде е извршено оштетувањето – вели портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.Директорот на поетската манифестација Струшки вечери на поезијата (СВП), Тодорче Тасевски, го осуди вандализирањето на бистите на македонските поети. Тој кажа дека излегле веднаш на терен за да ги извадат бистите од Охридското езеро и да ги вратат на нивните постаменти.– Жалиме што ова не е единствен инцидент, се случувало и претходно и уште еднаш апелираме да престанат ваквите вандалски чинови – вели Тасевски, кој ја повикува целата македонска јавност да се почитуваат придобивките на нашата поетска традиција.фото: Фејсбук/СДК.мк

Медиасет | пред 4 години

DSC_0356

Затворени улици во недела во Скопје

Градот Скопје известува дека во недела, 3 октомври, во периодот од 07 до 14 часот на неколку градски улици и булевари ќе се воведе привремен сообраќаен режим, поради одржувањето на најмасовната спортска манифестација во нашата земја „Виз ер скопскиот маратон 2021“.Во овој временски период целосно затворени за сообраќај ќе бидат: булевар Илинден, од крстосница со булевар Свети Климент Охридски до улица Љубљанска; затворена ќе биде улица Љубљанска; улица Московска; потоа булевар Митрополит Теодосиј Гологанов, од крстосница со улица Московска; во продолжение улица Димитрие Чуповски; улица 11 Октомври до крстосница со булевар Крушевска република; булевар Крушевска република до крстосница со булевар Трета македонска бригада, булевар Трета македонска бригада ќе биде затворена од крстосница со булевар Крушевска република до улица Фрањо Клуз; потоа затворена ќе биде улица Фрањо Клуз и во продолжение булевар Јане Сандански во делницата од крстосница со улица Фрањо Клуз до булевар Србија.Во истиот период ќе биде затворен и булевар Свети Климент Охридски и тоа од крстосница со улица Димитрие Чуповски до крстосница со булевар Илинден.Во согласност со променетиот режим на сообраќај, ќе биде променет режимот на линиите на јавниот градски превоз.I. Линии со изменета траса:– Линија бр. 3: Од Спортска сала „Јане Сандански“ до „Југодрво“ по своја траса, продолжува по улица Свети Кирил и Методиј (Рамстор), Kлинички центар, Комплекс Панорама. Вo oбратна насока: Комплекс Панорама, улица Јордан Мијалков, подвозник, булевар Кочо Рацин („Jугодрво“), Tранспортен центар, улица Владимир Комаров (23 Октомври), улица Васко Карангелевски, булевар АСНОМ до Спортска сала „Јане Сандански“.– Линија бр. 3Б: Од Кванташки пазар до „Jугодрво“ по своја траса, продолжува по улица Свети Кирил и Методиј (Рамстор), Kлинички центар и Комплекс Панорама. Вo oбратна насока: Комплекс Панорама, улица Јордан Мијалков, подвозник,булевар Кочо Рацин („Jугодрво“), Tранспортен центар, улица Владимир Комаров (23 Октомври), улица Васко Карангелевски, булевар АСНОМ, Кванташки пазар.– Линија бр. 4: oд Хрoм дo Соборен храм по редовна траса, булевар Гоце Делчев, булевар Крсте Мисирков (МАНУ), булевар Кочо Рацин, подвозник, улица Aнтон Попов, улица Димо Хаџи Димов, улица Народни херои, булевар Борис Трајковски до населба „11 Октомври“ и во обратна насока од „11 Октомври“ до населба Хром по изменета траса.– Линија бр. 4А: oд Карпош 3 (7 и 59) по улица Карпошово востание, улица Бледски договор, булевар Партизански одреди, потоа продолжува по булевар Гоце Делчев, булевар Крсте Мисирков (МАНУ), булевар Кочо Рацин, подвозник, улица Aнтон Попов, улица Димо Хаџи Димов, улица Народни херои, булевар Борис Трајковски, продолжува по својата траса до с. Усје. Во обратна насока од с.Усје до Карпош 3 (7 и 59) по изменета траса.– Линија бр. 5: Од Дексион, улица Ѓорче Петров, булевари Партизански одреди и Гоце Делчев, булевари Крсте Мисирков (МАНУ) и Кузман Јосифовски Питу, улица Владимир Комаров, улица Васко Карангелевски, булевар АСНОМ до терминал Ново Лисиче, a oбратно од Ново Лисиче до Комплекс банки по својата траса, булевари Крсте Мисирков, Гоце Делчев и Партизански одреди, улица Ѓорче Петров и Дексион.– Линија бр. 7: oд Карпош 3 по улици Карпошово востание и Бледски договор, булевари Партизански одреди, Крсте Мисирков (МАНУ) и Кузман Јосифовски Питу, улици Владимир Комаров (23 Октомври) и Коста Новаковиќ, булевар Трета македонска бригада и продолжува по својата траса, a вo oбратна нaсока по булевар Трета македонска бригада, улици Коста Новаковиќ и Владимир Комаров (23 Октомври), булевари Jaнe Сандански, Кузман Јосифовски Питу, Крсте Мисирков, Гоце Делчев, Партизански одреди до Карпош 3.– Линија бр. 8: Влае, булевар Партизански одреди, мост „Гоце Делчев“, булевар Гоце Делчев, Бит-пазар и продолжува по својата траса, а во обратната насока по изменета траса.– Линија бр. 9: Клинички центар, улица Јордан Мијалков, подвозник, булевар Кочо Рацин („Jугодрво“) и продолжува по својата траса, а во обратната насока по редовната траса.– Линија бр. 15 и 15А: од Карпош 3 (7 и 59), улици Карпошово востание и Бледски договор, булевари Партизански одреди, Гоце Делчев, Крсте Мисирков (МАНУ), Кузман Јосифовски Питу, улици Владимир Комаров (23 Октомври) и Васко Карангелевски, булевар АСНОМ, Ново Лисиче (терминал), a oбратно од Ново Лисиче до Комплекс банки по својата траса, булевари Крсте Мисирков, Гоце Делчев и Партизански одреди до Карпош 3.– Линија бр. 16: Железара, Бит-пазар, „Југодрво“ и продолжува по своја траса, а во обратната насока по иста изменета траса.– Линија бр. 19: од Карпош 3 (7 и 59), улици Карпошово востание и Бледски договор, булевари Партизански одреди и Гоце Делчев, Бит-пазар и продолжува по траса до Шуто Оризари, а во обратна насока по редовна траса до Карпош 3 (7 и 59).– Линија бр. 21 и 21А: Транспортен центар, булевари Кузман Јосифовски Питу, Крсте Мисирков (МАНУ), Гоце Делчев и Партизански одреди и продолжува по своја траса, а во обратната насока по иста изменета траса.– Линија бр. 22: Транспортен центар, булевари Кузман Јосифовски Питу, Крсте Мисирков (МАНУ), Гоце Делчев и Партизански одреди и продолжува по своја траса, а во обратната насока по иста изменета траса.– Линија бр. 22А: ќе сообраќа како линија бр. 22.– Линија бр. 23: oд Дoм нa пeчaт, улица Јордан Мијалков, подвозник, булевар Кочо Рацин („Jугодрво“), улици Владимир Комаров (23 Октомври) и Васко Карангелевски, булевар АСНОМ и продолжува по својата траса, a вo oбратна нaсока оди по својата траса до „Југодрво“, а потоа по улицата Свети Кирил и Методиј (Рамстор) до Дoм нa печат.– Линија бр. 24: Почетна станица Карпош 3 (почетна 7 и 59), улици Карпошово востание и Бледски договор, булевари Партизански одреди, Гоце Делчев, Крсте Мисирков (МАНУ) и Кочо Рацин и продолжува по своја траса. Во обратна насока по истата траса до Карпош 3 (почетна 7 и 59).– Линија бр. 27: oд Дoм нa пeчaт, улица Јордан Мијалков, подвозник, булевари Кочо Рацин („Jугодрво“) и Кузман Јосифовски Питу, улица Владимир Комаров (23 Октомври), булевари АСНОМ и Србија и продолжува по својата траса до нас. Вардарска, a вo oбратна нaсока по редовната траса до „Југодрво“, потоа по улица Свети Кирил и Методиј (Рамстор) до Дoм нa печат.– Линија бр. 28: од Македонско село, с. Горно Нерези до Козле – терминал 57, а во обратна насока по истата траса.– Линија бр. 50: Клинички центар, улица Јордан Мијалков, подвозник, булевар Кочо Рацин („Jугодрво“), Бит-пазар и продолжува по својата траса, а во обратната насока, од Бит-пазар продолжува по булевар Кочо Рацин, улица Свети Кирил и Методиј (Рамстор) и Клинички центар.– Линија бр. 57: Од Козле, улици Васил Ѓоргов и Јордан Мијалков, подвозник, булевар Кочо Рацин („Jугодрво“), Бит-пазар и продолжува по својата траса, а во обратната насока од Бит-пазар продолжува по булевар Кочо Рацин, улица Свети Кирил и Методиј (Рамстор), улица Васил Ѓоргов и кон Козле.– Линија бр. 59: Од Карпош 3, улици Карпошово востание и Бледски договор, булевари Партизански одреди и Гоце Делчев, Бит-пазар, Бутел, до Кучевишка бара. Во обратната насока по истата изменета траса.– Линија бр. 59А: Кисела Вода, по своја траса до Олимписки базен (булевар Кочо Рацин), булевар Крсте Мисирков, Бит-пазар и продолжува по својата траса. Во обратната насока по истата изменета траса.– Линија бр. 59Б: – Од Ново Лисиче, булевари Јане Сандански, Кузман Јосифовски Питу и Крсте Мисирков (МАНУ) и продолжува по својата траса, а во обратната насока од Бит-пазар, Судска палата, Комплекс банки, Транспортен центар, улици Владимир Комаров (23 Октомври) и Васко Карангелевски, булевар АСНОМ и Ново Лисиче (Терминал)– Линии 31, 41, 51, 67, 70 и 74: Транспортен центар, булевар Кочо Рацин („Југодрво“), продолжуваат по своја траса, потоа подвозник, улици Антон Попов, Димо Хаџи Димов и Народни херои, булевар Борис Трајковски и продолжуваат по својата траса. Во обратната насока по истата изменета траса.– Линија 58: Транспортен центар, булевар Кочо Рацин („Југодрво“), продолжува по своја траса, потоа подвозник, улица Антон Попов, улица Димо Хаџи Димов и продолжува по својата траса. Во обратната насока по истата изменета траса.– Линија 73: Од Саем, булевар Кочо Рацин („Југодрво“), продолжува по своја траса, потоа подвозник, улици Антон Попов, Димо Хаџи Димов и Народни херои, булевар Борис Трајковски и продолжува по својата траса. Во обратната насока по истата изменета траса.II. Линии со непроменета траса:а) Градски линии: 2, 2А, 12, 20, 42, 45 и 65Вб) Приградски линии: 11, 11а, 18, 18а, 32, 47, 47а, 52, 53, 55, 56, 56а, 60, 61, 62, 63, 63а, 63б, 65, 66, 66а, 68, 69, 71, 81, 118Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да се придржуваат на привремено воведениот сообраќаен режим, да ја почитуваат поставената патна сигнализација и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот.

Скопје | пред 4 години

viber_image_2021-09-30_20-40-33-170

Жителите на Бутел ќе добијат културен дом, вели Смилевски

“Ги отворивме сообраќајните артерии на Општина Бутел. Ги решаваме клучните инфраструктурни проблеми на бутелчани, градиме нови булевари, реконструираме, санираме, поврзуваме, сè со една цел – Бутел дапродолжи да расте урбано и економски како и во изминатиот четиригодишен период.”, рече актуелниот градоначалник на Бутел и кандидат за оваа функција од редовите на СДСМ, Велимир Смилевски, на средба со жителите од неколку населби во Бутел, на коишто беше присутен и кандидатот на СДСМ за градоначалник на Скопје, Петре Шилегов.Како пример на одлична и функционална соработка на централната, на градската и на локалната власт, тој го истакна пуштањето во употреба на булеварот Христијан Тодоровски Карпош, еден од најзначајнитеинфраструктурни зафати во оваа скопска општина во последните 30 години.“Од крстосницата со булеварот Босна и Херцеговина до Обиколницата, по булеварот се патува брзо, сигурно, безбедно, по сите светски стандарди. Бутелчани и сите останати граѓани добија алтернативна сообраќајница, бидејќи досега единствената патна опција за поврзување со централниот дел од Скопје на неколку десетици илјади жители од Бутел, Радишани, Љубанци, Љуботен и други населени места, беше улицата Бутелска, со што понуди решение за големиот сообраќаен метеж низ Бутел.”, рече Смилевски.На средбите со граѓаните, како еден од клучните проекти за следниот мандат, Смилевски потенцираше дека Општина Бутел, по 15 години, ќе го добие својот прв Културен центар, кој ќе биде лоцирани во населбатаРадишани, во старото училиште.“Со отворање на Културниот дом, бутелчани ќе добијат реална општествена и културна инклузија, а на граѓаните ќе им се овозможи да имаат пристап до културни содржини и манифестации.”, рече кандидатот на СДСМ за градоначалник на Бутел.Предвидено е сите досегашни манифестации кои ги прави Општината, како што се изложби, фолклор, базари, колонии и други да бидат пренасочени во просториите на новито Културен дом.“Бутел се сака со дела, а не со лаги! Граѓаните знаат да распознаат работници од неработници, искреност од манипулација, дела од лаги!”, потенцираше Смилевски.

Скопје | пред 4 години

Megjunaroden-den-na-stari-lica-2021-2

Шилегов на средба со пензионерите

Градоначалникот Петре Шилегов денеска присуствуваше на одбележувањето на Меѓународниот ден на старите лица – 1 Октомври, што се одржа на просторот кај летниковците во вториот дел од Градскиот парк. На настанот присуствуваа претставници од здруженијата на пензионери кои финансиски ги поддржува Градот Скопје.„Денеска е денот кога оддаваме признание на вас повозрасните за се што правите за нас и нашето општество. За вашиот удел во развојот на заедницата, за вашиот влог во перспективна иднина и вашиот труд за квалитетен живот. Со задоволство сакам да ви го честитам 1 Октомври, Меѓународниот ден на старите лица и да ви посакам долг и среќен живот. Голема е честа да стојам пред вас овде и да ви кажам дека знаењето, мудроста и искуството кое вие го имате за сите нас е вредност која не поттикнува. Затоа сум благодарен за несебичната поддршка која ја давате во локалната заедница и ве повикувам да продолжиме заедно да го градиме Скопје во уште поубаво место за живеење – рече градоначалникот Шилегов“, на средбата.Тој истакна дека негова заложба како градоначалник е континуирана поддршка на потребите кои ги имаат повозрасните граѓани, преку финансиска поддршка на Градскиот одбор на Сојузот на борците и Сојузот на пензионери на Град Скопје, бесплатниот јавен градски превоз за инвалидски пензионери, поддршката за активно стареење преку развој на дигитални вештини, креативни работилници и учење на занаети.„Негата во домашни услови е исто така од особена важност за следење на здравјето како превенција, но и помош кога е потребно. Преку помагателите на Црвениот крст на Град Скопје им помагаме на сите лица со попреченост кои имаат потреба од поддршка во секојдневните активности меѓу кои се и повозрасните. За поголема независност и поефикасно функционирање, се обврзуваме услугата да ја продолжиме и развиваме. Бидејќи вашето здравје и среќата се наш приоритет. И тука со задоволство сакам да ви соопштам дека нашата грижа за вас повозрасните ќе продолжи и преку овозможување на бесплатен медицински транспорт до здравствените институции низ градот. За поефикасен, побезбеден и побрз транспорт до саканата цел, ќе овозможиме навремено пристигнување и одговарање на потребите на лицата од трето доба. Исто така, со задоволство сакам да ви претставам дека ќе овозможиме целосно бесплатен јавен градски превоз за сите пензионери, секој ден и во секое време. Нашата поддршка кон вас е се посилна. Нашиот град е еднаков за сите и така продолжуваме да инвестираме. За секоја категорија на граѓани, креираме мерки според нивните потреби и одговараме на нив без исклучок“, нагласи Шилегов.

Скопје | пред 4 години

aleksandar-naumovski

Наумоски: Во Ѓорче за прв пат од формирањето на општината градиме ново основно училиште

Четири години посветено работиме и на подобрување на образовната инфраструктура. Заедно со централната власт континуирано вложуваме во подобри услови за настава на учениците. Во Ѓорче Петров во моментов се доградуваат две основни училишта, подрачното Димитар Поп Геогриев Беровски во Хром и Тихомир Милошевски во Ново Село. А градежни зафати се изведени на сите објекти на училиштата, вели Александар Наумоски„Таа силна динамика мора да продолжи. Никој не смее да ги кочи проектите на општините.Најдобрите проекти носат развој, а развојот носи подобар живот.Во Ѓорче Петров за прв пат од формирањето на општина градиме ново основно училиште со современа спорстка сала, лоцирано во населбата Александрија.Неговата градба се очекува да зпочне во 2023 а да финишира за две години. Капацитетот на училиштето е за 500 ученици, а со него се обезбедува основната инфраструктура децата од оваа брзорастечка населба.Почитувани,Нашата програма е реална и остварлива, темелена на факти и на реализирани проекти .Го имаме Најдоброто за Ѓорче Петров, а тоа е бројот 12“, вели тој.

Скопје | пред 4 години

shilegov

Град Скопје до ВМРО-ДПМНЕ: Поигрувањето со чувствата на родителите и учениците е само отсуство на почит!

„Град Скопје обезбедува финансиска поддршка на многу манифестации и проекти од областа на образованието, социјалата, културата, спортот, но на никој начин не е вклучен во организацијата на тие проекти. По вчерашната објава и информации итно го прекинавме финансирањето на споменатиот извиднички одред.Бараме од институциите на правдата да направат истрага бидејќи тоа е во нивна надлежност. Ваквите прес конференции на ВМРО-ДПМНЕ и поигрувањето со чувствата на загрозените ученици и родители, покажува само отсуство на почит и разбирање кон жртвите и во тешките моменти во коишто се наоѓаат, па уште и дополнително ги злоупотребуваат за дневен политички профит“, стои во реакцијата на Град Скопје на прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Скопје | пред 4 години

sante-plus-1-777x421-1

Кривична пријава доби приватната болница Санте Плус, исплатени над 500.000 евра во кеш

Управата за финансиска полиција (УФП) до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против едно физичко лице во својство на одговорно лице во правниот субјект „Приватна здравствена установа – Специјална болница по гинекологија, акушерство и ортопедија САНТЕ ПЛУС ГРУП Скопје“, како и против правниот субјект, соопштија од УФП.-Прво пријавеното лице во периодот од 2016 година до 2018 година, со намера да се стекне со противправна имотна корист за себе и за пријавената здравствена установа, во повеќе наврати извршила исплата на парични средства „во готово” во вкупен износ од 35.097.304 денари по основ на плата и додатоци/бонуси на плата на поголем број физички лица кои биле работно ангажирани за потребите на пријавената здравствена установа, без при тоа таквите исплати да ги евидентира во сметководствената евиденција на приватната здравствена установа САНТЕ ПЛУС ГРУП Скопје и без при тоа да пресмета, пријави и плати придонеси за задолжително пензиско и инвалидско осигурување, придонеси за задолжително здравствено осигурување, придонеси за вработување и дополнителни придонеси за задолжително осигурување во случај на повреда или професионално заболување, како и персонален данок од доход, со што е причинета штета на Буџетот на Република Македонија во вкупен износ од 11.609.349 денари, велат од УФП.

Скопје | пред 4 години

Screenshot-2021-09-20-at-08.55.18

Има одговори за тоа како се запали тетовската болница и чија е вината: Готови се извештаите

Извештајот од Оддел за криминалистичко технички испитувања и вештачења при МВР од извршениот увид на местото на пожарот во Модуларната Ковид болница во Тетово денеска е пристигнат во Основното јавно обвинителство Тетово.Како што информираат од ОЈО, извештајот ќе биде разгледан и анализиран од страна на обвинителите, а се очекува да пристигнат и извештаите и податоците за кои обвинителството има издадено наредби и насоки.Дејствијата за утврдување на причините за настанатиот пожар кои ги преземаат петмината обвинители континуирано се одвиваат. Во момeнтов се врши сослушување на членови на Комисии за импелементација, следење и технички прием на модуларните монтажни контејнери, кои биле со решение формирани од Министерството за труд и социјална политика, информираат од ОЈО.Од извештајот за причините за избувнувањето на пожарот на 8 септември во модуларната КОВИД болница во Тетово во кој животот го загубија 14 лица, ќе зависи и одлуката на премиерот Зоран Заев, за понудените оставки од министерот за здравство Венко Филипче, заменик министерот Илир Хасани и двајцата директори на Тетовската болница.Премиерот Заев, денеска изрази очекување дека форензичките извештаи и анализите на вештачењето за пожарот во модуларната болница во Тетово се при крај и ќе бидат објавени час поскоро.Колку е поскоро, толку подобро, за да ги решиме сите дилеми. Животот продолжува, политичарите се во кампања, се случуваат секојдневни активности. Ред е да се објави тој извештај за да можам и јас да го кажам својот став по повод понудените оставки од министерот, заменик-министерот…., рече Заев, одговарајќи на новинарско прашање по промоцијата на новите деловни простории на „Пивара“ Скопје.

Македонија | пред 4 години

w_56089446

КАТАСТРОФА: Статистиката на заразени и починати во Македонија споредено со минатиот септември е хорор

Во септември минатата година во Македонија имало 3663 новозаразени лица, додека пак, починале 136 лица. Ситуацијата за една година драстично променета. Овој септември, 14.943 лица се заразени, а 699 се починати. Состојбата со коронавирусот, според овие податоци чиј извор е Министерството за здравство.„Пандемијава да не се менаџираше воопшто од стручњациве, боље ќе поминевме. За каков успех во справување говорите, дали сте пролупале комплетно? Тешки месеци се пред нас...“, прашува доктор Ненад Лазаров.

пред 4 години

KUCINJA-3

Висар ги собира кучињата низ Чаир и ги носи во шелтер центар при ЈП Лајка

Висар Ганиу, градоначалник на Општина Чаир дава вистински пример за тоа како проблемот со кучињата бездомници може ефикасно да се реши во Северна Македонија. Во Чаир веќе започна акцијата за собирање кучиња бездомници, активност што беше најавена од градоначалникот на Чаир и кандидат на ДУИ за следните 4 години, Висар Ганиу, пред два дена со потпишување на Меморандум за соработка со Здружението " Happy Shelter ". Акцијата за собирање кучиња бездомници се одвива на целата територија на Чаир од каде пристигнуваат пријави за нивно присуство.Пример е со граѓаните на Топанско Поле, кои пријавија присуство на кучиња бездомници и мобилната екипа на „ Happy Shelter“ веднаш реагираше со собирање на кучињата од улица и нивно засолнување со соодветен третман.Во центарот „ Happy Shelter “, кучињата ќе бидат третирани според законот до посвојувањето.„Им благодарам на граѓаните и Центарот Happy Shelter што ни помага да го решиме ова прашање на достоинствен начин“, изјави во оваа прилика првиот човек на Општина Чаир, Висар Ганиу.

Скопје | пред 4 години

1-1

(ВИДЕО) Шилегов со работниците на булеварот „Борис Трајковски“: Сите населби се важни

- Вршиме увид во интензивните градежни активности за проширување на бул. Борис Трајковски на потегот од Пинтија до мостот на Маркова река пред Драчево. Со тоа Драчево конечно добива брза врска со остатокот од градот, изјави градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов на денешната прес-конференција во Драчево.- Во должина од 2.325 метри се врши проширување од 2 на 4 коловозни ленти, изградба на пешачки патеки од двете страни на булеварот и велосипедска патека од едната страна со ширина од 2,75 метри, додава ШилеговВо продолжение тој потенцираше дека овој булевар е од исклучителна важност скопјани, а особено за жителите на населбите Драчево и Пинтија, но и за населбите од соседните општини Студеничани, Сопиште и Зелениково, како и за локалните бизниси сместени по должината на овој булевар.- Се работи за исклучително фреквентна сообраќајница, заради што крстосницата пред мостот кај Драчево предвидено е да биде заменета со модерен кружен тек, додаде Шилегов.- Ова е само уште еден од многуте докази дека Скопје е град за сите и секоја населба е подеднакво важна, без разлика на нејзината оддалеченост од центарот на градот. Работиме на развој на инфраструктурата и подобрување на квалитетот на живот во сите скопски општини и заради тоа е потребно да се одржи континуитет и грижа за секој човек, за секое семејство, за секоја населба и по изборите, нагласи Шилегов.- Развојот на Скопје нема да запре, нема да назадува, затоа е важно да излеземе на изборите и да избереме континуитет за европско, уредно и зелено Скопје, заклучи Шилегов на крајот од денешната прес-конференција.

Скопје | пред 4 години

01102021_PVRSM_Zaev_sredba-so-pretsedatelkata-na-Evropskiot-ekonomski-i-socijalen-komitet_4

Заев: Дијалогот на Владата со социјалните партнери и граѓанските организации е клучен во креирањето на политиките за примена на европските стандарди дома

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев ја прими претседателката на Европскиот економски и социјален комитет Криста Швенг, која вчера и денеска е во нашата земја по повод Форумот на граѓанското општество на Западен Балкан.Премиерот Заев уште еднаш ја поздрави организацијата на форумот кој се одржува како подготвителен настан за Самитот на ЕУ за Западен Балкан кој на 6 октомври во Словенија, ќе ги собере шефовите на држави и влади на земјите членки и на земјите од регионот, и ја нагласи важноста на централната тема на форумот „Зајакнување на пристапниот процес - Кредибилна перспектива на ЕУ за Западен Балкан“.Претседателот на Владата Заев на средбата, на којашто присуствуваше и шефот на Делегацијата на ЕУ во нашата земја, амбасадорот Дејвид Гир, нагласи дека очекува дека препораките од Форумот на граѓанските организации од Западен Балкан ќе бидат дел од новиот импетус за поддршка на проширувањето на кој е толку неопходен за да се направат потребните чекори за деблокирање на проширувањето на ЕУ.Заев потенцираше дека за Владата на Северна Македонија е апсолутно редовна практика дека во справувањето со заедничките предизвици и проблеми кои не се само политички, туку и економски и социјални, социјалните партнери и граѓанските организации имаат клучна и суштинска улога со нивното активно вклучување во креирањето на политиките, особено во делот на имплементацијата на „зелената агенда“ во согласност со директивите на ЕУ.Претседателката на Европскиот економски и социјален комитет Криста Швенг на средбата ја потврди определбата за забрзување на процесот за проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан што од форумот во Скопје ќе биде вклучена во декларацијата на граѓанското општество од регионот и нагласи дека примерот на Република Северна Македонија е инспиративен заради големата посветеност што земјата ја манифестира за европеизација на своето општество и особено во делот на дијалогот со социјалните партнери и граѓанското општество.

Македонија | пред 4 години

01102021_PVRSM_Zaev_MON_Carovska_obrakanje-za-novata-akademska-godina_7

Заев и Царовска сметаат дека имаат план за образованието, им се обратија и на студентите што ќе прават

Премиерот Зоран Заев и министерката за образование и наука Мила Царовска денеска се обратија пред студентите и професорите на Природно-математичкиот факултет во Скопје по повод новата академска година и првиот академски час и им посакаа успешна академска година и висока мотивираност во остварувањето академски успеси.На настанот присуствуваа министерката за образование и наука Мила Царовска, ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј", проф. др. Никола Јанкуловски и деканот на Природно-математичкиот факултет, проф. др. Александар Скепаровски.Во оваа прилика премиерот Зоран Заев истакна дека Владата и Министерството за образование и наука остануваат посветени на градењето квалитетно високо образование и продолжуваат со креирањето програми и политики за поддршка на студентскиот стандард и за современи услови за настава, како и за спроведување на научно-истражувачките проекти на факултетските институти.„Значително ја променивме политиката за стипендирање студенти, со цел да се излезе во пресрет на што повеќе млади, со повисоки месечни износи со кои студентите навистина ќе ја почувствуваат поддршката која државата им ја обезбедува во текот на образовниот процес. Па така, за најголем дел од категориите на студентски стипендии, месечните износи се зголемени, некаде и за над 80%. Ве поттикнувам да ги прифатите овие можности кои во голема мерка ќе ви го олеснат студирањето“, порача Премиерот Заев.Тој истакна дека од оваа година започна и поддршката на студентите со субвенционираниот студентски оброк.На студентите на Природно-математичкиот факултет во Скопје премиерот Зоран Заев им порача дека со својот академски избор направиле чекор кон квалитетно и меѓународно валоризирано образование, на високообразовна институција којашто е дел од европската академска мрежа „Еразмус“.Премиерот им посака успешна академска година на студентите и професорите на сите факултети во земјава и истакна дека е особено важно што со почетокот на оваа академска година наставата и другите активности се враќаат во амфитеатрите, кабинетите и лабораториите на студентските кампуси со задолжителното почитување на протоколите за организирање и спроведување на наставата и другите академски активности во услови на пандемија.Министерката за образование и наука Мила Царовска на студентите им посака успешна академска година и посветено студирање кое ќе ги подготви за предизвиците што ги очекуваат понатаму во животот.„Ве повикувам да бидете внимателни на предавањата, да ги почитувате професорите и да се трудите да ги надминете своите лични, но и нивните очекувања. Само така ќе станете генерација која успешно ќе ја добие својата битка и генерација која ќе биде носител на промени за подобро општество. Успешна работа им посакувам и на професорите кои верувам дека ќе го дадат својот максимум за да ве водат низ студирањето. Како одговорна Влада која води грижа за младите, оваа академска година ја започнуваме со зголемени стипендии, како и со воведување на субвенциониран студентски оброк“, порача министерката Мила Царовска.

Македонија | пред 4 години

marija01102021

Шилегов и во 2019 година бил донатор на скандалозниот проект на скопскиот извиднички одред, вели Митева

Шилегов со прекинувањето на договорот со првиот скопски извиднички одред и со оградувањето од активностите кои предизвикаа жестоки реакции во јавноста дава директно признание и докажа дека стравува од одговорност за тоа што Град Скопје е донатор на вакви проекти, обвини денеска портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.„Поради скандалот кој се случил во извидничкиот камп во моментот малолетно девојче посетува психолог поради трауми, организаторите на настанот се повикани на распит, а Шилегов само тивко се обидува да ја одбегне одговорноста која ја има како донатор на проектот“, посочи Митева.Според неа, актуелниот градоначалник се обидува да ја манипулира јавноста со тврдења дека во проектната документација доставена до Град Скопје ја нема наведено спорната активност.„Согласно извештајот на веб-страната на првиот скопски извиднички одред може јасно да се види дека во 2019 година, градот Скопје бил донатор на истиот овој проект. Ова е Годишниот извештај од првиот скопски извиднички одред и јасно се гледа дека донатор е Град Скопје“, истакна партиката портпаролка.Како што кажа таа, Шилегов како градоначалник е должен да биде отчетен пред скопјани за тоа каде и како се трошат средства од градската каса.„Шилегов има обврска да даде одговор дали се информирал за тоа кој е обучувач за сексуалното образование кое го нуделе на младите, од каде добиле дозвола за негово спроведување, колку време се спроведува оваа обука, како во детали изгледале активностите, дали се изведувани повеќе години наназад и која е целта на кампот“, посочи Митева.

Скопје | пред 4 години

Screenshot-2021-09-20-at-08.55.14

Заев за пожарот во тетовската болница: Животот продолжува, политичарите се во кампања, се случуваат секојдневни активности, ред е да се објави извештајот

Изминуваат три недели од пожарот во тетовската болница, каде изгореа 14 пациенти. Обвинителството тврди дека се работи на случајот и се собрани сите докази, кои се предмет на анализа. Премиерот Зоран Заев, прашан кога ќе донесе одлука за понудените оставки од министерот за здравство Венко Филипче и заменик-министерот Илир Хасани, го повтори веќе познатиот став, откако ќе се објават извештаите.„Јас знам дека форензички извештаите и анализите се при крај. Очекувам да се објават. Ден поскоро е подобро за да ги решиме сите овие дилеми. Животот продолжува, политичарите се во кампања, се случуваат секојдневни активности, ред е да се објави извештајот за да можам и јас да го кажам својот став за оставките од министерот и заменик-министерот“, рече Заев.Последните информации од Обвинителството се дека тимот на истражители добива засилување од нови четворица обвинители, за да се утврди кој е виновен и што е причината за катастрофалниот пожар.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-09-23-at-13.40.18

Заев не дава поддршка за администрацијата да работи четири часа во петок, јавно искритикува

„Како народ треба да работиме повеќе, а не помалку“, ваков беше коментарот на премиерот Зоран Заев кој одговараше што мисли за Предлог-закон за административни службеници со кој административците во петок треба да работат по скратено време од четири, наместо осум часа. Тој смета дека важно е да се подигне ефикасноста на јавната администрација, особено откако за време на пандемијата се утврдило дека дури и кога работи само 38 проценти од неа, системот функционира. Заев смета дека ваквото решение за скратено работно време на администрацијата лошо ќе се одрази на приватниот сектор, но сепак, треба граѓаните да кажат што мислат.„Како народ треба повеќе да работиме, не помалку. Но како предизборно ветување на политичките партиципиенти во власта, допрва се отвора дискусија за ова прашање. Верувам дека граѓаните ќе кажат тоа што е реалноста во државата, а тоа е дека ако сакаме швајцарски плати треба да работиме повеќе од продуктивноста која сега ја имаме, сите, почнувајќи од себе па секако до сите работници, вработени во приватниот и јавниот сектор. Вториот дел е ефикасноста на јавната администрација е нешто што е сериозен фокус. Видовме дека функционира системот и со 38% од лицата на работа, за време на брановите на пандемијата. Функционираше системот. Тоа кажува дека веќе постојните капацитети на администрацијата мора да бидат максимално искористени во таа полза и тоа треба да се слуша, тоа е очекувањето на граѓаните. Кога нешто е отворено на ЕНЕР систем, несоодветно е премиерот да каже кои се очекувањата на граѓаните, туку тие да кажат кои се нивните очекувања. Ние како Влада ќе слушаме. Мојот впечаток е дека граѓаните очекуваат администрацијата која ја плаќаат да работи поефикасно“, рече Заев.Тој објасни и дека во изминативе пет години се намалил бројот на административни работници.„165 илјади беше администрацијата во 2016 година, сега е 132 илјади. Ги собравме податоците. Сакам да знаете сите дека најголем дел од администрацијата се во јавните државни или комунални општински претпријатија, без полицијата во униформа, здравствениот систем од доктори, медицински сестри, болничари и без армијата. Околу 15 илјади луѓе работат во министерствата како јавна администрација. Но, работат многу и во енергетските и железничките компании, во патишта, водовод, комуналните претпријатија“, додаде Заев.

Македонија | пред 4 години

vakcinacija-skopje4

Интересот за вакцина присутен, објавен бројот на дадени дози од вчера

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 4.162 дози вакцини, од кои 994 се аплицирани како прва доза, 3.114 се ревакцинирани, а 54 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со 30 септември вкупно се вакцинирани 788.058 граѓани, ревакцинирани се 729.794, а трета доза примиле 235 граѓани. 53% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирании, а 32% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација, е 47,2% , а со две дози опфатени се 43,6% од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 38% од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35% од популацијата во државата примила две дози вакцина.

пред 4 години

inspektor-tome

Актерот Горсн Стојановски со поддршка за Пецаков

Актерот Горан Стојановски, ја даде својата поддршка за Кирил Пецаков.Пред нас е вистински избор во вистинско време. Кандидат за народот од народот. Проекти, промени и победи. Да застанеме на вистинската страна, да успееме сите заедно. Ние знаеме како, гласај за Кирил Пецаков, вели СтојановскиПецаков нагласи дека гарантираат проекти за промени и победи.„Да се здружиме и да се обединиме за да имаме промени и напредок, им порача на граѓаните“, рече тој.

Македонија | пред 4 години

bojan01102021

Стојаноски: Глас за Александар Наумоски е глас за Зоран Заев, Катица Јанева и цела криминална клика на власт

„Се наоѓаме во кампањата за локалните избори кои што треба да се случат на 17 октомври. Овие локални избори за разлика од претходните ќе имаат малку поширок контекст и малку посериозна тежина. На овие локални избори ние треба да го дадеме одговорот, дали сакаме СДСМ и Зоран Заев уште четири години да бидат власт во Република Македонија. Треба да знаете дека глас за Александар Наумоски и глас за СДСМ е глас за оние кои го променија името на Република Македонија, глас за оние кои склучуваат договори против идентитетот на Република Македонија. Глас за Александар Наумоски е глас за Зоран Заев, Катица Јанева, Ден Дончев, Драги Рашковски и за целата онаа криминална клика која што е моментално на власт“, рече Бојан Стојаноски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорче Петров.„Ние треба да излеземе и да се изјасниме дали сакаме овие луѓе да бидат уште четири години власт во Република Македонија. Затоа треба да бидеме мудри и на 17-ти октомври, референдумски да излеземе и да ја дадеме поддршката за луѓе кои што проверено знаат да работат и да создаваат повеќе за нашата општина и за нашата средина. Да излеземе да создадеме нова иднина и да покажеме дека сите заедно заслужуваме повеќе од ова што го имаме сега. Иднината е тука, ние можеме да ја создадеме, да гласаме за луѓето кои што знаеме дека ќе го променат ова секојдневие во кое што сме присутни“, додаде тој.

Скопје | пред 4 години

Orce-Nikolov-04

ВИДЕО: Што е „Smart city“, што Герсимовски ќе го воведува во Центар ако победи

Горан Герасимовски, кандидатот за градоначалник на Центар од СДСМ и коалицијата го најави проектот „Smart city“. Општина Центар е прва општина која го воведува проектот „ кој предвидува паметно паркирање, паметно осветлување и административна дигитализација во Општината.“Преку „Smart City“ и мобилните уреди граѓаните ќе добиваат информација за слободните паркинг-места на локацијата каде што се наоѓаат. Имплементацијата на проектот ќе започне од ул „Орце Николов“ која во моментов е во фаза на реконструкција и ќе се реализира во неколку етапи. Станува збор за модернизирање на системот за јавно осветлување со воведување на ЛЕД-технологија и примена на современи техники за управување и надзор. За реализација на проектот ќе се заменат постојните 7000 светилки и ќе се постават нови ЛЕД- светилки. Така ќе се намали и годишната потрошена електрична енергија за најмалку 60%“, изјави Герасимовски.Проектот треба да го подобри квалитетот на живее на граѓаните, да донесе значителна заштеда на финансиски средства, поголема енергетска ефикасност, зголемена безбедност на јавните површини, естетски изглед на општината, намалено светлосно загадување и придонес во заштитата на животната средина.Овој проект е особено важен за постојните станари во Центар, потенцираше Герасимовски затоа што вклучува проектот нуди апликација за смарт паркирање која известува за слободно паркинг место во различните реони на општината.Вредноста на проектот „Smart City“ чини околу 230.000.000 денари, а неговата финална реализација треба да заврши до крајот на 2026 година.

Скопје | пред 4 години

Screenshot-2021-10-01-at-12.33.54

ДУИ му се правдале на Заев дека не знаеле кој пукал во Чаир за време на нивниот собир

Челниците на ДУИ кои работат во Владата се оградиле од пукањето во Тетово и Желино, но и Чаир, за време на нивните партиски собирања. Премиерот Зоран Заев повика МВР да постапува и да открие кој „славеше“ со пукање во воздух сред маса од луѓе, партиски поддржувачи. „А1он“ испрати и прашања од кои бара одговор дали истрагата утврдила кој пукаше рафали во воздух, како и за кое кривично дело треба да се гони – но не добивме одговор. Оттука, не се знае ниту дали ДУИ како организатор на партискиот собир, има одговорност за случувањето. Заев повика полицијата да постапи во секој ваков случај и да ги открие сторителите, посочувајќи, дека веќе се работи на тоа.„На состаноците со нив, бидејќи секојдневно работиме заедно, тие се оградуваат. Тие повикуваат МВР да си постапи по сите вакви случаи, бидејќи треба да ги одвратиме. Прво не мислам дека тоа носи добро на некој. Тоа одвраќа гласачи, поддршки, позитивен амбиент. Второ тоа е кривично дело. Тоа е нарушување на јавен ред и мир. Веројатно и злоупотреба на законот за оружје. МВР ги има веќе снимките, објавени се и истражува за точно да ги најдат сторителите. Јас апелирам до граѓани, имаат снимка од тоа, да помогнат во истрагата. Буквално анонимно, не мора да се знаат. Дел од истрагата се води не само со анализа на самата снимка и кој тоа го направил, туку треба и дополнително да се помогне за да се утврди идентитетот на група, лице и слично“, рече Заев.Првата снимка од пукање за време на изборен собир на ДУИ се појави пред два дена. На неа се гледа како додека актуелниот пратеник Изет Меџити зборува на митингот, од страна лице крева пиштол во воздух и пука. Ова не е првпат ДУИ да слави со пукање. „А1он“ и досега има објавувано снимки каде се гледа како ДУИ прославува со пукотници од огнено оржује.

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања