Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

koronavirus-korona-kovid-test

Ковид бројките во сенка на изборите

Бројот на активни случаи во државава изнесува 12.087 од кои најголем број – 5536 се во Скопје. Во Куманово има 992 активни случаи, во Тетово 905, во Охрид 549, во Гостивар 472, во Кичево 423, во Струга 374…Според вчера објавените податоци од Институтот за јавно здравје за изминати 24 часа, при направени 3.425 тестирања регистрирани се 494 нови случаи на Ковид-19, 12 починати и 474 оздравени пациенти.Надлежните и натаму апелираат невакцинираните граѓани да се вакцинираат.Во текот на завчерашниот ден аплицирани се вкупно 3.014 дози вакцини, од кои 1.240 се аплицирани како прва доза, 1.730 се ревакцинирани, а 44 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со 29 септември вкупно се вакцинирани 786.979 граѓани, ревакцинирани се 726.625, а трета доза примиле 181 граѓани. Од граѓаните над 40 годишна возраст 52 отсто се ревакцинирании, а 32 отсто од популацијата од 18 до 39 години примиле една доза вакцина, соопшти Министерството за здравство.Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација, е 47,2 отсто, а со две дози опфатени се 43,6 отсто од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 38 отсто од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35 отсто од популацијата во државата примила две дози вакцина.

Македонија | пред 4 години

zlate-mehmedovikj

Тешка есен и зима нѐ очекува поради коронавирусот, доктор Мехмедовиќ смета дека нема спас од новите соеви без колективен имунитет

Намалувањето на дневните температурите и собирите на затвoрено ќе влијаат негативно врз епидемиолошката состојба, вели лекарот Злате Мехмедовиќ во изјава на ТВ21. Како што вели, нѐ очекува тешка есен и зима кога станува збор за коронавирус, бидејќи, како што објаснува, делта сојот е попренослив и повирулентен.Со песимизам, Мехмедовиќ констатира дека без да се постигне колективен имунитет, нема да има спас од новите соеви на вирусот кои би можеле да пристигнат во нашата земја. Тој нема големи надежи дека наскоро би можеле да означиме крај на пандемијата.За влошување на состојбата ќе влијаат и митинзите кои се одржуваат поради предизборната кампања, смета Мехмедовиќ.

пред 4 години

Нема фотографија

ЛДП и ДОМ продолжува со активности за изборниот караван 2021

Движењето „Одлучно за промени“ на политичките партии ЛДП и ДОМ продолжува со активности за изборниот караван 2021. Вечерва од 19 часот е предвиден да се одржи во центарот на Радовиш кај Рибичката.На промоцијата вечерва ќе говорат, кандидатот за градоначалник на Општина Радовиш, Герасим Гавритов и кандидатот за носител на листа Страхил Гавритов, свои онраќања ќе имаат и претседателите на двете партии Горан Милевски и Маја Морачанин.„Одлучно за промени“ својот караван го започнаа во Скопје, потоа одржаа средби и промоции во останатите општини Виница, Берово, Кисела Вода, Зелениково, Ранковце, Струмица, Крушево, Прилеп, Кичево, Демир Хисар како.

Македонија | пред 4 години

lisici

Уапсен штипјанец, наместо во затвор се шетал на слобода

На 30.09.2021 во 16.00 часот во близина на скопскиот Градски стадион на подрачјето на Центар од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје е лишен од слобода Р.Д.(41) од Штип.Тој се барал врз основа на судска наредба од Основен суд Штип за издржување казна затвор од две години.Лицето е предадено на полициски службеници за понатамошна постапка по што ќе биде спроведено во казнено-поправна установа за издржување на казната.

Македонија | пред 4 години

karantin-korona-3

Короната ќе остане со нас уште неколку години, тврди коосновачка на компанијата која ја произведуцва „Фајзер“

Коосновачката на фармацевтската компанија „Бионтек“, Озлем Туречи, рече дека коронавирусот сигурно ќе остане меѓу населението уште неколку години.Во изјава за американските медиуми Туречи нагласи дека светот се уште се бори против коронавирусот и дека компанијата, која заедно со „Фајзер“ ја развива вакцината против коронавирусот, внимателно ја следи ситуацијата кога станува збор за можни нови видови.„Во овој момент, третата доза, која предизвикува дополнителен имунолошки одговор, само по себе дејствува заштитно за секоја постојна варијанта на вирусот“, рече Туречи.Таа, исто така, изјави дека вакцините на „Фајзер“ можеби нема да го заштитат населението од нови соеви на коронавирусот во иднина, и дека сите во компанијата мора да бидат подготвени за таква иднина со цел да преземат брзи и ефективни мерки за заштита.„Коронавирусот започна да се контролира, но вирусот сигурно ќе остане тука меѓу нас уште неколку години“, рече таа.Основачите на компанијата „Бионтек“, Угур Шахин и Озлем Туречи се вклучени во развојот на вакцината против коронавирус од самиот почеток, а нивните напори беа препознаени на крајот на март оваа година кога го добија највисокото германско признание за развојот на вакцина против коронавирус.

пред 4 години

244008664_4350484378321396_586385827109234694_n

„Мојата нација беше малтретирана“, рече Ахмети кој преку националистичка линија „купува“ гласови

Тука сме да ја демонстрираме поддршката што ја даваме на листата на советници, даваме силна поддршка за сите проекти што и се потребни на вашата општина, каде што вие живеете, порача лидерот на ДУИ Али Ахмети на митингот на ДУИ во Шутооризари.-На овој праведен пат вие сте уставна категорија и третирани како и сите други, зошто побарав да бидете третирани исто затоа што нацијата беше окупирана. Мојата нација беше малтретирана, на мојата нација и недостасуваше слобода, и јас му припаѓам на овој народ за заслуженото да им го дадам на сите оние што живеат заедно на ова небо. Посакувам да се почитува постигнатиот (Охридски) договор бидејќи е од корист за сите – рече Ахмети.

Македонија | пред 4 години

1

Со изградбата на булеварот „Борис Трајковски“, Драчево ќе биде поврзано со остатокот од Скопје, смета Шилегов

Град Скопје продолжува да ја развива градската улична мрежа во исто време со мрежите на велосипедски и пешачки патеки, на начин што ќе обезбеди одржлива урбана мобилност која подразбира безбеден и ефикасен сообраќај.Градежните активности се во тек за проширувањето на булеварот „Борис Трајковски“, на потегот од крстосницата во Пинтија до мостот на Маркова река пред Драчево.На овој потег во вкупна должина од 2.325 метри се врши целосна замена на стариот асфалт со нов, се прошируваат коловозните ленти и наместо 2, отсега ќе има 4 коловозни ленти. Се градат пешачки патеки од двете страни на булеварот и велосипедска патека од едната страна, со ширина од 2,75 метри, со што вкупната ширина на коловозот со пешачките и велосипедската патека на крај, ќе изнесува 20 метри.Овој булевар е од исклучителна важност за жителите на населбите Драчево и Пинтија од Општина Кисела Вода, за населбите од соседните општини Студеничани, Сопиште и Зелениково, како и за локалните бизниси сместени по неговата должина. Со овој зафат, значително ќе се намали сообраќајниот метеж кој се создава во овој дел од градот.Поради исклучително фреквентниот сообраќај, предвидена е и изградба на кружен тек пред мостот во Драчево, а ќе се изведе нова атмосферска канализација и енергетски ефикасно ЛЕД улично осветлување. Со изградбата на булеварот „Борис Трајковски“, Драчево конечно добива брза врска со остатокот од градот.За оваа фаза од булеварот се предвидени околу 212 милиони денари (без ДДВ) од Буџетот на Град Скопје, а рокот за реализација е 24 месеци.

Скопје | пред 4 години

mickoski-123r75

Мицкоски: Македонија прва во Европа по починати од Ковид-19 по глава на жител

Македонија е првата држава во Европа која што има најголем број на луѓе починати за жал од ковид пандемијата по глава на жител. И тоа најголем број. Околу 6.000 фамилии денеска се завиени во црно поради нивната неспособност, поради тоа што не беа кадарни наместо да бараат протоколи, наместо да организираат болници за прифат на пациентите тие трчаа по светот за провизии и да крадат од овој народ“, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во Кочани.Мицкоски потсети на трагедијата во Тетово каде што 14 луѓе го загубија својот живот, а за истата како што рече се уште нема одговорност.„14 луѓе живи им гореа, 14 луѓе живи им гореа и до ден денеска не се најде јунак околу Зоран Заев да му каже доста е, време е да си заминеме. Но, јас сум убеден дека на 17-ти октомври народот ќе им каже доста е и дека на 17-ти октомври ќе се случи тоа што сите ние го очекуваме“, рече Мицкоски.Додаде дека нема криминалец на Балканот што нема македонски пасош, а тој пасош е издаден од министерството на Оливер Спасовски.„Минатата година зејтинот чинеше литар околу 67 денари, а денеска е 97 денари. Минатата година чинеше 45 денари, а денеска е 55 денари. Минатата година брашното чинеше 34 денари, а денеска чини околу 40-тина денари. Но, затоа тоа не му пречеше на Зоран Заев во новото БМВ да дојде на митинг во Ресен. БМВ ново гланц, за жал го нема мерцедесот, сега е нова марка БМВ вредно точно 100.000 евра“, рече Мицкоски.Посочи дека автомобилот на Заев чини колку 3 милиони килограми ресенско јаболко или пак 400.000 килограми оризова арпа.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Стартува академската година со обраќање на ректорот Јанкуловски на „Св. Кирил и Методиј“

Прв академски час ќе се одржи денеска на факултетите во државава, со што ќе се означи почетокот на новата академска 2021/22 година.Ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, проф. д-р Никола Јанкуловски, како што е најавено, ќе има видео обраќање на првиот академски час.Тој симболично со порака ќе им се обрати на сите новозапишани студенти на факултетите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.По повод почетокот на новата академска 2021/2022 година, прв академски час и свеченост ќе се одржи на платото на Правниот факултет во Битола при Универзитетот „Св.Климент Охридски„-Битола. На свеченоста свое обраќање ќе има проректорот на УКЛО, проф. д-р Марјан Ѓуровски и деканот на Правниот факултет проф. д-р Горан Илиќ. На прво рангираните ново примени студенти ќе им бидат доделени индексите.Проректорот Ѓуровски на брушоците на УКЛО ќе им посака успешна академска година, потсетувајќи ги дека започнуваат еден нов степен на едукација низ кои што ќе ги градат специфичните знаења, ќе се изградуваат како личности и ќе стекнуваат нови, интересни искуства, пријателства и контакти што многу ќе им значат во животот.Ректоратот на Универзитетот ќе биде постојат партнер и сојузник на студентите во натамошниот нивен предизвик и студирање, ќе нагласи проректорот Ѓуровски пред новите студенти најавувајќи повеќе проекти кои се реализираат во функција на студентите – како борба против корупцијата и судир на интереси, студентскиот правобранител и др.

Македонија | пред 4 години

DSC_0052

Пијани возачи, без возачка, кои не почитуваат правила - што затекна полицијата која казни 135 возачи

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (30.09.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.„На територијата на град Скопје изречени се вкупно 135 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 11, осум за непрописно престројување, шест за возење под дејство на алкохол Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон, 10 прекршоци што ги чинат пешаците, седум за минување на затворен сигнал (црвено светло), 59 за непрописно паркирање.Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, велат од МВР.

Македонија | пред 4 години

guzva-vakciniranje

Може да се примат вакцини против корона и грип во истовреме, тврдат експертите

Безбедно е да се примаат вакцината против „Ковид-19“ и вакцината против грип во исто време, и тоа не влијае негативно на имунолошкиот одговор што го предизвикуваат, покажа британска студија објавена денеска.Студијата, предводена од Универзитетот во Бристол, покажа дека пријавените несакани ефекти обично биле благи до умерени. Ова испитување било спроведено со три вакцини против грип и вакцините против „Ковид-19“, произведени од „Фајзер/Бионтек“ или од „Астра зенека“, пренесуваат светските агенции.Студијата опфати 679 доброволци на 12 локации низ Англија и Велс, и беше објавена како работна верзија на трудот, која ќе биде објавена во списанието „Лансет“.Велика Британија и другите земји на северната хемисфера се подготвуваат за тешка зима и можност за зголемување на бројот на заболени од грип, имајќи предвид дека се олеснети ограничувањата за „Ковид-19“ поврзани со социјалната дистанца.Третата доза на вакцината против „Ковид-19“ во Велика Британија во моментов се дава на стари и чувствителни луѓе, како и здравствени работници, додека владата на премиерот Борис Џонсон, исто така, ја објави најголемата програма за вакцинација против грип во историјата оваа година

пред 4 години

26032021_porparol_Hodga_DZS_Simovski_pres-konferencija-3

Пописот се бојкотирал, Симовски не знае бројки но најави постапки против бојкотирачите

Пописот сепак бил бојкотиран, призна директорот на ДЗИ, Апостол Симовски. Тој ниту самиот немаше точни бројки колкумина јасно одбиле да се попишат, но тврди дека имаат евиденција. Најави постапки, за кои ни самиот не знае дали би завршиле како казни. Смета дека бројот на лица кои одбиле да учствуваат во операцијата се бројат, во како што рече, промили.„Нашата цел во старт беше да не казнуваме. Оние кои што јасно одбија да бидат дел од пописот, за нив има изјави од попишувачите и ќе бидат покренати постапки. Како ќе завршат, не зависи од нас, не сме ние таа институција“, рече Симовски.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-08-19-at-11.04.38

99 отсто од пописот е успешен, вели Заев

Од независноста до денес, не постои политичка понуда, опција, партија или идеја, којашто добила повеќе гласови на кој било изборен циклус отколку на референдумот пред 3 години, рече лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев на митингот во Гевгелија.-На 30-ти септември – пред три години, на Денот на референдумот, на патот кон добрата иднина, 610.000 граѓани, незапаметена бројност на излезени граѓани, на некое изборно изјаснување досега, достоинствено излегоа на гласање и заокружија ЗА – за Договорот од Преспа, ЗА – за НАТО, ЗА – за ЕУ. На 30-ти септември, денес, по три години, Република Северна Македонија, целиот наш народ, сите граѓани, секој од нас, секој вас, сите – имаме голем заеднички успех! После 20 години, имаме успешен попис – рече Заев.Тој посочи дека на тукушто завршениот попис попишани се преку 99 отсто од граѓаните, односно, како што истакна, еден милион 860 илјади граѓани, околу 570.000 домаќинства и околу 840.000 станбени единици.

Македонија | пред 4 години

hrvatska-ukida-popis-stanovnistva-uvodi-registar-stanovnistva-popis_5d6e176779a8d

Прогласен успешен попис

Директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски изјави дека пописот е успешно спроведен.Тој кажа дека се попишани над 1.800.000 граѓани.Апликациите за попишување во земјата и за самопопишување на дијаспората се затворени вечерва во 20 часот, со што завршија пописните активности во рамки на Пописот на населението, домаќинствата и становите 2021.Најголемата статистичка операција по 20 години во земјава траеше 26 дена, од 5 септември до денеска.Државниот завод за статистика во следните неколку дена треба да ги направи последните проверки и сумирање на податоците, како и технички активности на раздолжување на попишувачите.Официјалните резултати од пописот ДЗС треба да ги објави најдоцна за шест месеци, односно до крајот на март 2022 година.

Македонија | пред 4 години

243442716_4640025432720325_7237747179476673560_n

И ова го има: Диви лавови се чуваат по дома во Македонија, полицијата треба да ги најде

Македонски граѓани на фејсбук постираат слики од себеси со младенчиња од лав. Според здружението „Анима Мунди“ вакви слики имало неколку во последните денови.„ИТНО бараме надлежните институции да спроведат истрага и да ги најдат и најстрого казнат сите оние кои во последните неколку дена се сликаат со младенчиња од лав како да се експонати, титули наместо диви животни заштитени со закон!Кој дозволил влез во државата на младеничиња од лав?Кои институции се вмешани во ова бесрамно кршење на закон?“, стои во објавата на Фејсбук.

Македонија | пред 4 години

rrrr

Многу мед и прополис од Атиџе, Ребека за борбата со коронавирусот

Пејачката Ребека Јанковска Ристовски преку статус на Фејсбук соопшти дека прележала коронавирус. Таа вели дека е вакцинирана со две дози „Синофарм“, но и објаснува што сè ѝ помогнало да се избори со опасниот вирус.„Другари и тоа бидна. Прележав Ковид. По петнаесет дена чувствувам само замор. По направени анализи, се е како што треба. Малите го донесоа. Претпоставуваме од училиште. А, можеби не!? Никој не може точно да знае. Иако никаде не бевме претходните денови. Тие така речи без симптоми. Еден ден со температура и толку. Го мислев големиот батко. Тој немаше симптоми. Невозможно беше да го тестираме. Да пикнеш стапче во нос на дете со аутистичен спектар е невозможна мисија.Вакцинирана со две дози Синофарм, но од втората поминаа 13 дена и јас се заразив. Си одлежав 7 дена, а 5 беа тешки. Антибиотик не земав иако спомнаа двајца доктори. Мојов не. Ми даде Фавира од првиот ден, а јас скришно си земав и Ивермектин. Од кашлање не можев да спијам, а со две мали деца дома и не мирував многу како што ми препорачаа. Маркијан со тато беа во гарсоњерата на баба. Тато со Спутник без симптоми, негативен. Спутник испадна одлична вакцина. Една баба болна со две вакцини фајзер од мај. На три антибиотика и една тетка од 87 години без вакцина со мали симптоми ден до два. Збунувачки,нели?!Пиев по 3 до 4 литри течности: вода (со лимон,џумбир и мед), сок од бозел (домашен), чај (кантарион, мајчина душичка, маточина и ловоров лист), супи од кокошка од мојата мамичка и манџички, кисело млеко, каши т.н. смутија со шумска боровница, капини, јагоди замрзнати, јаболки, банани, хлорела, мед, мејпл сируп и овесни снегулки. МНОГУ МЕД И ПРОПОЛИС ОД АТИЏЕ И БОРОВ СИРУП ОД БЕРОВО, витамини и аспирини. Не јадев месо и леб. Правев вежби со дишење, палев темјан и се смирував со молитви.Не бев во состојба да готвам и неузмерно и благодарам на мајка ми за сите пити, колачи, уштипци, манџи и др. изненадувања за моите мускетари.Му благодарам на Господ Исус Христос, му благодарам на мојот Мики за целото трпение да одговори на сите мои прашања и и благодарам на баба Вера која првите 4 дена го чуваше Маркијан“, стои во објавата на Фејсбук.

Магазин | пред 4 години

shakira-78-1280x853-1

Шакира нападната од диви свињи

Пејачката Шакира тврди дека била жртва на напад на диви свињи додека шетала во парк во Барселона со својот осумгодишен син Милан, пишува Би-би-си.Животните ја нападнале, ѝ ја украле чантата и отишле во шумата. Шакира, сепак, успеала да си ја земе торбата назад, но чантата била целосно искината.Таа го споделила овој неверојатен настан на инстаграм-стори, која повеќе не е видлив. Би-би-си пишува дека таа ја покажала искината торба пред камерата.– Погледнете што направија од мојата торба дивите свињи, кои ме нападнаа во паркот. Ми ја однесоа торбата во шумата со мобилниот телефон во неа. Сѐ уништија – рекла пејачката.„Милан, кажи ја вистината. Кажи како твојата мајка се спротивстави на дивите свињи“, додала таа.

Магазин | пред 4 години

WhatsApp-Image-2021-09-27-at-12.18.36

Герасимовски урбанизацијата ќе ја води заедно со граѓаните

Вечерва на плоштадот „Јадран Сквер“ се одржа промотивната конвенција на Горан Герасимовски, кандидатот за градоначалник на Општина Центар предложен од СДСМ и Коалицијата.„Многу сум среќен што сум меѓу пријатели и прекрасни луѓе. Центарци секогаш биле гласни и цврсти во своите ставови. Со центарци нема шега, тоа ВМРО-ДПМНЕ најдобро го знае„ вака Горан Герасимовски го започна своето обраќање пред присутните. Герасимовски истакна дека е спремен да ја прифати градоначалничката позиција и дека центарци секогаш бирале луѓе кои се блиску до граѓаните, одговорни и кои знаат да слушаат и учат но и вистински да служат.За проектите Герасимовски рече дека ќе работи според приоритетите кои веќе му се лоцирани, а фокусот ќе биде ставен во чистата животна средина и подобрување на хигиената во општината.„Со проширување на дејноста на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ во комунално претпријатие, општината ќе обезбеди чисти улици и паркови секаде и секогаш. Во инфраструктурните инвестиции предвидени се нови градинки во населбите Пролет и Маџир Маало, како и доградба на училници во ООУ „Коле Неделковски“. Посебен фокус ќе бидат младите, поддршката за нив и стимулацијата да напредуваат во секој аспект. Токму затоа максимум ќе вложуваме во нивниот развој, обезбедувајќи финансиска поддршка, но и подобри услуги на локално ниво“ рече Герасимовски.Во инфраструктурата тој рече дека фокусот ќе го стави во нови вело-патеки, додека важен приоритет ќе посвети на обезбедување доволно и гарантирани паркинг- места за центарци.„Истовремено, наша голема заложба е ослободување и обновување на зелените површини во центарот на градот. Во таа насока, на местото на ПУИК ќе се постави нов парк и монтажен паркинг со 296 паркинг-места. Планирана е изградба на мала општинска административна зграда, со што ќе го ослободиме просторот каде што во моментов се наоѓаат општинските бараки. Овој дел ќе биде хортикултурно уреден и ќе биде поставена модерна урбана опрема. Ќе се обезбеди пристап до портата на старата Учителска школа, а се планира да се реставрира за да се истакне нејзината културно-историска вредност. Во новите простории ќе се обезбеди простор и за Младинскиот Центар, како и за непречена работа на други здруженија на граѓани што работат во интерес на жителите на Општина Центар“, изјави Герасимовски на конвенцијата.Ревидирањето на преостанатите ДУП-ови Герасимовски ја потенцираше како особено важна. Тој рече дека урбанизацијата ќе ја води заедно со граѓаните, а негова крајна цел ќе биде хуманизација на јавниот простор, повеќе градинки, паркови и игралишта, а помалку згради и бетон.„Тука сум за да помогнам, неуморно да работам на клучните проблеми и да останам отворен и достапен за сите, токму онака како што ме знаете. Продолжуваме заедно да чекориме напред кон голема и сигурна победа“, порача Герасимовски.На крај повика на масовна излезност на претстојните избори ги повика граѓаните да дадат поддршка и гласаат за бројот 12, да гласаат за подобар Центар.

Скопје | пред 4 години

hitportal-andrijana-budimir-1

Андријана Будимир вети нова спортска сала за „Работнички“

Будимир – Филиповски: Ќе изградиме нова спортска сала за „Работнички“ и силно ќе вложиме во спортотНосителката на листа на СДСМ и коалицијата за Советот на Општина Центар, Андријана Будимир - Филиповски на трибината на „Сквер Јадран“ ги повика граѓаните на 17 октомври да гласаат за број 12, за Горан Герасимовски за градоначалник и за најдобрата советничка листа.„Она што е наш приоритет е чиста животна средина, почист Центар, продолжуваме со енергетски ефикасни фасади. Ветуваме квалитетна инфраструктура, безбеден сообраќај и нови паркинг-места. Ќе ги ослободиме тротоарите за пешаците и ќе создадеме услови за нови велосипедски патеки. Ќе работиме нашите најмили и најмали да добијат најквалитетни услови за образование и престој“, рече Будимир - Филиповски.Носителката на листа нагласи дека во наредниот четиригодишен мандат, како мнозинство во советот, ветуваат изградба на нова спортска сала на местото на стариот и запуштен објект „Работнички“. Оваа сала ќе биде општински спортски центар, отворен за сите граѓани и спортски клубови, дом на спортот во Центар.СДСМ и коалицијата ветуваат опремување на училишните спортски сали со соодветни реквизити и изградба на нови сали, опремување и одржување на отворените спортски игралишта и промоција на „уличен спорт“ како модел на рекреација на децата и на младите, финансиска поддршка на спортските клубови, стипендии за ученици спортисти.Андријана Будимир - Филиповски нагласи дека гласот за листата број 12 и за Горан Герасимовски значи глас за иднина и подобра општина.

Скопје | пред 4 години

zlate-mehmedovikj

Митинзите ќе влијаат за влошување на состојбата со Ковид-19, смета Мехмедовиќ

Бројот на позитивни случаи на Ковид-19 периодов е намален, но не и смртните случаи. Намалувањето на дневните температурите и собирите на отворено ќе влијаат негативно врз епидемиолошката состојба, вели лекарот Злате Мехмедовиќ за тв21.Како што вели, нѐ очекува тешка есен и зима кога станува збор за коронавирус, бидејќи, како што објаснува, делта сојот е попренослив и повирулентен.Со песимизам, Мехмедовиќ констатира дека без да се постигне колективен имунитет, нема да има спас од новите соеви на вирусот кои би можеле да пристигнат во нашата земја. Тој нема големи надежи дека наскоро би можеле да означиме крај на пандемијата.За влошување на состојбата ќе влијаат и митинзите кои се одржуваат поради предизборната кампања, смета Мехмедовиќ.

Коментари | пред 4 години

slika-01-1

Филиповски со рози и едукативни пораки за жените во Аеродром

Пред платото во Т.Ц. „Бисер“ вечерва се одржа акција за подигнување на јавната свест кај жените за борба против ракот на дојка. Кандидатот за градоначалник на СДСМ и коалицијата за општина Аеродром, Александар Филиповски, носителот на советничката листа на СДСМ и коалицијата, д – р Александар Трајановски и потпретседателот на СДСМ, Венко Филипче доделија рози и едукативни пораки на жените кои се движеа во овој делод општината.Активноста е во рамки на Race for the cure, најголемиот настан во Европа посветен на здравјето на жените и подигнување на свеста за ракот на дојката. Присутните разменија и мислења за важноста од редовни прегледи, затоа што превенцијата е половина здравје. Александар Филиповски истакна дека сите треба да дадеме поддршка за поголема здравствена заштита на жените.- Навиките се стекнуваат од рани години. Затоа во нашата програма имаме мерки и за поголема соработка на основните училишта со граѓанските организации и институциите. Преку прилагодени игри и активности може да придонесеме за подобро ментално здравје кај новите генерации, но и да бидат посвесни за потребата од водење на здрав и балансиран живот. Само со здрави навики и информираност може да ги спречиме болестите, истакна Филиповски.Филипче ги истакна мерките кој ресорното министерство ги презема за заштита на жените од ракот на дојка.- Во нашата земја, повеќе нема пациент со малигна болест за којшто не е обезбедена најквалитетна биолошка терапија и можност за скрининг во повеќе центри низ земјата. Покрај лекувањето, пациентите имаат и психолошка поддршка која е една од најважните сегменти за успешно лекување на болестите, рече Филипче.

Скопје | пред 4 години

Нема фотографија

Попов до Центарци: Му одржавте лекција на Груевски кога беше најсилен

Организацискиот секретар на СДСМ Мартин Попов, на денешната промоција на кандидатот за градоначалник и на советничката листа за Општина Центар на СДСМ и Коалицијата истакна дека СДСМ на овие локални избори, излегува со најдобрата кадровска понуда, со најдобрата програма.Во овие четири години покажавме што значи вистинска грижа за секој еден граѓанин, без разлика на која категорија припаѓа, инвестиравме подеднакво насекаде, помогнавме на секого, истакна Попов, додавајќи дека СДСМ работи посветено, одговорно и отчетно, за интересите на граѓаните и на државата.Тој истакна дека општините пред 4 години беа затекнати во долгови, опустошени, со помош на централната власт беа раздолжени.„Обезбедивме и дополнителни 500 милиони евра за нови проекти на локално ниво, и во изминатите 4 години се реализирани 7.000 проекти во сите општини“, нагласи Попов, наведувајќи дел од проектите реализирани во Центар, како реконструкцијата на булеварите „Димитрија Чуповски“, „11 октомври“, „Кочо Рацин“, улиците „Лазар Личеновски“, „Бихаќка“, „Црниче“, „Никола Карев“, „Васил Ѓоргов“.„Тротоарите сега се за пешаците, пробивме нови велосипедски патеки и подигнавме нови зелени површини, тука е Новиот парк „Ибни Пајко“, двата нови зелени покриви, на ГТЦ и на Домот на градежници, како и новиот памптрак полигон кај Олимписки, Кејот „13 Ноември“ доби нов лик, стана најубаво шеталиште, се реконструира Универзална сала“, наведе Попов.Тој нагласи дека на една страна е „Најдоброто за мојата општина“, а на другата демне огромна неизвесност, ризик, опасност и закана.„Вие Центарци сте најпрогресивните, вие му одржавте лекција на Груевски, кога беше најсилен, вие знаете да направите разлика и да го поддржите концептот на СДСМ и седми пат по ред да го казните ВМРО-ДПМНЕ“, нагласи Попов.Тој истакна дека ВМРО-ДПМНЕ е со истите луѓе како во режимот, 2/3 од нив се обвинети за криминал и корупција, а се обидуваат да ги претстават како нови луѓе.„Немаат тие кандидат ни за Град Скопје, ни за Центар, поддржуваат наводно независни кандидати. Затоа што знаат дека ќе изгубат, па уште од сега си бараат алиби за поразот“, нагласи Попов.Тој ги повика граѓаните на 17 октомври масовно да ја дадат својата поддршка за кандидатот за градоначалник на Центар Горан Герасимовски, и за советничката листа предводена од Андријана Будимир Филиповски, како и на старо новиот градоначалник на градот Скопје Петре Шилегов и листата за градот Скопје на СДСМ и Коалицијата.„На 17 октомври ќе победиме, за модерен Центар како што го личи, за новите проекти во Градот Скопје“, повика организацискиот секретар на СДСМ Мартин Попов.

Скопје | пред 4 години

14_03_2020_Lukarevska

Лукареска: Овие избори не се исторски, но изборот може да има историски последици!

ВМРО-ДПМНЕ е пуштено на нај јако со пропагандата на лажни вести. Со самото тоа и тие самите се лажни. Но ние во Центар ги издржавме шамарите, ќе ги идржиме и лажните вести“, порача Заменик претседатеката на СДСМ Сања Лукареска, од митингот на СДСМ во општина Центар на промоцијата на кандидатот за градоначалник, Горан Герасимовски.Осврнувајќи се на програмата на политичкиот опонент ВМРО-ДПМНЕ, Лукареска потсети дека тиа зборуваат за промени, но рече дека промените се одамна почнати и дека од нив нема враќање.„Зборуваат за иднина, но за нив иднина е само ако тие се во неа. Ако се вратиме во нивната иднина, оваа земја тешко ќе преживее, зборуваат дека ова се навидум локалнни избори, не ова се стврани како и нивната политичка пропаст.“ рече Лукареска..Заменик претседателката на СДСМ потсети на одговоноста како одлика на партијата, но дека сега сите заедно имаме одговорност да не дозволиме да ни се врати режимот од белата палата.Овие избори не се исторски, но изборот може да има историски полследици зашто ние во Центар тоа го чуствуваме многу добро, со години наназад, а доказ за тоа е скапиот кафез како го нарече проектот Скопје 2014.„Затоа без двоумење треба да гласаме за бројот 12, сега е време за најдоброто, а тое овој скоромен и чесен човек Горан Герасимовски како и советничката листа на СДСМ.

Скопје | пред 4 години

tucakovic-208149

Во тестаментот на Туцаковиќ запишани имињата на сите што ѝ должат пари и барале кариери

Марина Туцаковиќ која ја загуби битката на 67 -годишна возраст по долга борба со тешка болест, и вчера беше погребана на гроништата во Белград, зад себе остави тестамент во кој наведе многу имиња од сцената кои и должеа многу пари, а потоа ja заборавиле.„ Марина долго време беше болна, а во текот на тоа лекување имаше време да размислува за сѐ и да работи на бројни текстови за многу пејачи, со помош на нејзиниот син Лаќа. Таа напиша и тестамент, бидејќи нејзината здравствена состојба нагло осцилираше од ден на ден. Марина во тестаментот, покрај пријателите и семејството, спомена и бројни пејачи со кои работеше на текстови во последните години, каде што истакна дека во некои и се разочарала и дека бројни текстови останале недовршени, бидејќи на некои соработници им е налутена. Како што и самата непосредно пред смртта јавно истакнуваше, додека беше во полна сила многумина ѝ се јавувале и барале кариери, а во последните месеци јавувањата станувале сѐ послаби, што предизвикало револт кај легендарната Марина – вели извор близок до Марина Туцаковиќ, па додава:“Многу пејачи ѝ должеа големи суми за текстови и ја завлекуваа, а од друга страна, јавно истакнуваа дека се добри и дека ѝ давале поддршка, како ништо да не се случува. Марина никогаш не сакаше тоа јавно да го каже тоа“, рекол изворот.Инаку, Марина Туцаковиќ беше погребана вчера во семејната гробница покрај нејзиниот син Милош, и тоа била нејзината последна желба.

Магазин | пред 4 години

danela-arsova-2

Во 21 век имаме општини во Скопје со услови за живот како да сме еден век наназад, вели Арсовска

Независната кандидатка за градоначалник на град Скопје, Данела Арсовска денеска продолжи со теренските активности од врата на врата како дел од нејзината изборна кампања за градоначалник на градот и посети голем број на домови во општина Ѓорче Петров. На овие неформални средби со граѓаните, Арсовска покрај тоа што ги презентира нејзините брзи и ефикасни решенија за модерно Скопје, ги слуша и потребите и проблемите на граѓаните од оваа општина кои не бараат многу, туку услови за пристоен живот за сите, онака како што заслужува секој еден граѓанин. Општина Ѓорче Петров како и многу други општини во главниот град се соочува со истите проблеми, немање квалитетна инфраструктура, сообраќаен хаос, бараат нов кружен тек и се жалат на немање доволно зелени површини. Арсовска вели дека е потребно да се вложува во сите делови од градот подеднакво, со цел рамномерно унапредување на квалитетот на животот на скопјани. „Недозволиво е во 21 век да имаме општини во Скопје со услови за живот како да сме еден век наназад. Недозволиво е граѓани да газат по кал, да има неасфалтирани улици, да немаат вода за пиење, а да велиме дека Скопје е нашата метропола. Граѓаните со кои се среќавам секојдневно не бараат многу. Тие бараат човек, менаџер на градот кој ќе работи исклучиво на унапредување на квалитетот на живот за сите нив, кој ќе придонесува кон секојдневен раст и развој на градот, а со тоа и граѓаните ќе бидат горди дека живеат токму во Скопје. Доаѓа време на брзи и ефикасни решенија. И заедно со скопјани, знам дека ќе направиме многу затоа што е време за вистински промени“, вели Арсовска по средбата со граѓани во Ѓорче Петров.

Скопје | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања