Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

Screenshot-2021-09-30-183318

СДСМ врши притисок врз вработени во државни институции, обвинува Павловски

Кандидатот за советник од граѓанската иницијатива „За Наше Куманово“ Николај Павловски, на прес-конференција обелодени злоупотреба од страна на централната власт и поединци од раководни позиции во Куманово, вршејќи притисоци врз вработени во Секторот за внатрешни работи при МВР, во здравствените установи, во градинките и на вработени во образовните институции.„Во пораката којашто СДСМ Куманово ја испраќа до вработените во државните институции јасно бара од нив капитените на список да достават 10 до 15 гласачи, а списоците да бидат доставени до четврток 16 септември, до 24 чссот, за потоа да можат да ги комплетираат и донесат во партија“, вели тој.Тој побара од институциите на системот да почнат да работат на спречување на ваквиот тип на притисоци, а ДИК да реагира на таквите нерегуларности.„Да потсетиме дека претседателот на општинската организација на СДСМ во Куманово и пратеник Мартин Костовски, неодамна искажа невистини дека имало недолично однесување и злоупотреба на институциите со притисок и закани во пресрет на локалните избори. Ова е апсолутно неточно и веднаш апелираме да пријават во надлежните институции. Гледаме дека оние што лажно ги претставуваат работите, сега истите тие ги прават“, - вели Павловски.

Македонија | пред 4 години

dik-sednica-1-1

ДИК ги зголеми надоместоците за претставниците на изборните комисии и одбори

Кондарко рече дека ДИК донела одлука да го зголеми надоместокот за целокупниот состав на општинските изборни комисии за 6.000 денари. Со тоа, најмалите општински изборни комисии, кои во својот состав имаат до 20 избирачки одбори, претседателите ќе добиваат вкупно по 26.000 денари за целиот изборен процес. Во општинските изборни комисии кои имаат од 21 до 40 избирачки одбори во својот состав, надоместокот за нивните претседатели ќе изнесува 36.000 денари. За општинските изборни комисии кои имаат од 41 до 70 избирачки одбори, надоместокот на претседателите ќе изнесува 46.000 денари. За општинските изборни комисии со од 71 до 100 избирачки одбори, претседателите ќе добијат 56.000 денари, а општинските изборни комисии од 101 до 130 избирачки одбори ќе имаат надомест од 61.000 денари. Само неколку ОИК, кои имаат над 131 избирачки одбори нивните претседатели ќе добијат надомест од 66.000 денари за целокупниот ангажман во изборниот процес за Локалните избори.Исто така, ќе биде зголемен и надоместокот на сите членови на избирачките одбори, целокупниот состав, претседатели, заменик-претседатели, членови и заменик-членови. Така. за гласачки места каде има запишано до 100 гласачи, претседателите на избирачките одбори досега земаа 3.120 денари за еден изборен круг, а сега ќе земаат 4.000 денари. Претседателите на избирачките одбори каде има запишано од 101 до 300 избирачи на последните предвремени парламентарни избори земаа по 3.240 денари, а сега ќе земаат по 4.500 денари за еден изборен круг. Претседателите на избирачките одбори каде има запишано од 301 до 600 гласачи досега земаа 3.360 денари, а сега ќе земаат по 5.000 денари за еден изборен круг. Претседателите на избирачките одбори со запишани гласачи од 601 до 800 досега земале 3.480 денари, а сега ќе земаат 5.500 денари. И претседателите на избирачките одбори каде има запишано над 801 гласачи досега земале 3.600 денари, а сега ќе земаат по шест илјади денари за еден изборен круг.За избирачките одбори кои се дефинираат како посебни избирачки одбори, составени од тројца членови, кои ќе го спроведат гласањето во домашни услови на лицата кои се позитивни на Ковид-19, односно се во изолација, секој член за еден избирачки круг ќе добие по 6.000 денари.Кондарко соопшти дека во овој Правилник се регулирани и критериумите за надоместоци кои треба да ги добие изборната администрација, односно лицата ангажирани во помошните тела на ДИК. Нивниот надомест ќе биде во висина на една просечна плата во земјава, определена за август кога се распишани локалните избори. Тоа се однесува за секој месец оделно, од распишување на изборите до објавување на конечните резултати. Во деновите кога лицата не извршувале работни обврски во ДИК, нема да се пресметува надомест.Тој потенцира дека членовите на ДИК и на овие избори нема да земат дополнителен надомест, освен нивната плата.Членовите на ДИК на 28-та седница разгледаа два приговори за предвремено почната изборна кампања, поднесени од анонимен подносител и од Алијанса за Албанците и Алтернатива. Кондарко соопшти дека првиот приговор е одбиен поради неуредност, а вториот поради недостиг на докази.Членовите на ДИК го разгледаа и едногласно го усвоија Предлог-упатство за начинот на гласање на избирачки места каде се запишани помалку од 10 гласачи. Тоа е во 96 избирачки места во 29 општински изборни комисии во Велес, Гевгелија, Гостивар, Долнени, Зелениково, Конче, Кичево, Кочани, Кратово, Македонски Брод, Радовиш, Сопиште, Штип... Од ДИК велат дека на граѓаните од овие избирачки места ќе им се овозможи да гласаат на најблиското избирачко место со над десет запишани избирачи, со цел да им се овозможи да го остварат своето право на глас.

Македонија | пред 4 години

karticki

Граѓаните сѐ почесто плаќаат со картичка

Плаќањата со платежни картички во вториот квартал од 2021 година забележаа значителен годишен раст кај вредноста и бројот на остварените трансакции, соопшти Народната банка.Ова во значителен дел се должи на условите наметнати од пандемијата, кои придонесоа за забрзано менување на навиките на граѓаните во однос на плаќањата.„Остварениот годишен раст на бројот на плаќањата со платежни картички на физичките продажни места (44,5 %) во вториот квартал од 2021 година е 9 пати повисок од годишниот раст во истиот квартал од 2020 година (4,7 %). Во однос на користењето на платежните картички на виртуелните (интернет) продажни места, во вториот квартал од 2021 година беше остварен висок годишен раст од 36,3 %, но тој забавува во овој квартал по исклучително високите стапки на раст од почетокот на пандемијата и е 4,7 пати понизок од годишниот раст остварен во истиот квартал од 2020 година“, се наведува во соопштението.Од аспект на плаќањата со кредитен трансфер во вториот квартал од 2021 година забележан е исто така значителен раст кај плаќањата на граѓаните со овој платен инструмент, со годишен раст од 47 % кај вредноста на трансакциите, односно 41 % кај бројот на извршените трансакции.Од Народната банка наведуваат дека од почетокот на корона-кризата па наваму, поради потребата од заштита на јавното здравје, изолација и социјална дистанца, граѓаните сè почесто ги користеле придобивките на електронското банкарство при иницирањето на кредитните трансфери.Така, бројот на електронски иницираните кредитни трансфери во вториот квартал од 2021 година се зголемил 30 % на годишна основа остварувајќи повисоко зголемување во споредба во истиот квартал во 2020 година (27 %). За извршување на плаќањата, граѓаните особено ги користеле мобилните апликации, што укажува на натамошно менување на навиките при извршување на плаќањата во прилог на користењето на дигиталните канали за плаќање.Во вториот квартал од 2021 година бројот на плаќањата извршени со мобилен телефон пораснал 55 % на годишна основа, иако тој е понизок од годишниот раст остварен во истиот период од 2020 година (75 %). Покрај тоа, во вториот квартал од 2021 година, иако помалку во однос на употребата на мобилните апликации, и натаму расте употребата на компјутерите за извршување плаќања. Поконкретно, кај овие плаќања во вториот квартал од 2021 година се забележува годишен раст од 18 %, кој е повисок од годишниот раст во истиот период од 2020 година, кој изнесуваше 13 %.Оттука се забележува континуиран полугодишен раст на вкупниот број на плаќања со кредитни трансфери и платежни картички во првото полугодие на 2021 година. Најголем број од трансакциите се остварени со платежни картички (57,7 % учество во вкупниот број плаќања со платежни картички и кредитни трансфери), при што се забележува значително зголемување при нивна употребата со раст од 34,7 % во однос на првото полугодие од 2020 година, а остатокот е извршен со употреба на кредитни трансфери (учество од 42,3 %), кои бележат раст од 15,1 % во споредба со истиот период од изминатата година.

Македонија | пред 4 години

aleksandar-naumovski

Градиме две нови градинки, во Дексион и Ново Село, вели Наумоски

Изминатите 4 години се работеше вредно и посветено, со силна поддршка од централната власт. Реализиравме три пати повеќе капитатални проекти во Ѓорче Петров одошто беше реализирано за 12 години претходно. Таа динамика мора да продолжи. Никој не смее да ги кочи проектите на општините, вели кандиудатот за градоначалник на Ѓорче, Александар Наумовски.„Нашата општина се посвети на проблеми кои ние не сме ги создале, туку ги наследивме.Не бегаме од суштинските проблеми и токму затоа тргнавме од најтешкото. Изградба на нови градинки.Изградивме копмлетно нов објект во Волково и доградивме еден објект со три занимални, со што ги прошируваме капацитетите за близу 300 дечиња.Но, тука не застануваме. Темелно и посветено, водејќи се од најгорливата тема за обезбедување место во градинката, изработивме проекти за нови градинки.Градиме две нови градинки, во Дексион и Ново Село. Со ова се решава деценискиот проблем на ѓорчепетровци.Обезбедуваме дополнителни 300 места за дечињата а истовремено се отвараат и нови работни места за воспитно образовниот и технички кадар.Нашата програма не е само лист испишана хартија, туку проекти кои се проверени разработени и ја чекаат својата реализација.Во изминатите четири години граѓаните видоа како се работи посветено за наше Ѓорче.Токму затоа на 17 октомври направете ја разликата и заокружете 12.12 за развојно Ѓорче“, вели тој.

Скопје | пред 4 години

policija-3

Казнети 62 возачи поради непрописно престигнување

Денеска (30 септември) од 08 до 14 часот, на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола за престигнување, во рамките на која вкупно биле откриени 62 прекршоци ( 28 на територија на Тетово и 34 на територија на Гостивар). Сите прекршоци се санкционирани со адекватни поднесоци. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Македонија | пред 4 години

Capturefghjklch

Се вклучил во потрага, па сфатил дека се бара сам себе

Пријателите на Бајхан Мутлу (50) го пријавиле за исчезнат, откако се опијаниле во локалната кафеана, а тој не се вратил дома ни по еден ден. Полицијата претпоставила дека Бајхан се загубил или починал во шумата во близина на турскиот град Енегул, па почнале потрага по него.Во потрагата се вклучиле екипи за пребарување и спасување од регионот Бурса, а им се приклучиле и неколку локални жители, откако се раширила веста за исчезнатиот маж. Потрагата, се фокусирала на шумската област каде што Мутлу бил виден последен пат. Во еден момент, кога групите за спасување почнале да го изговараат името на Бајхан, еден од луѓето кој помагал во потрагата прашал: „Кого бараме? Мене? Па јас сум тука“, рекол.Турските медиуми кои ја пренесоа веста велат дека не е јасно како Мутлу се вклучил во потрагата или како тој порано не сфатиле дека се бара себеси. „Ова е најверојатно најчудниот извештај за случај со исчезнати лица што некогаш го поднела полицијата“, пишуваат локалните медиуми.

Магазин | пред 4 години

filharmonija

Белградската филхармонија го откажа гостувањето во Скопје

Гостувањето на Белградската филхармонија во Скопје на 9 октомври е откажано поради ненадејната смрт на директорот Иван Тасовац, кој почина синоќа во својот дом во Белград.На сите што купиле билети за овој настан ќе им бидат рефундирани средствата, информираат од Македонската филхармонија.Од таму додаваат дека гостувањето ќе се реализира во наредниот период, а за конкретниот датум ќе следува дополнителна информација.

Магазин | пред 4 години

ezgif-4-ac1afa712db4

Роналдо не жени, оти мајка му не му дозволува

Долорес Авеиро, мајката на Кристијано Роналдо е главната причина што тој не е во брак со сегашната партнерка Георгина Родригез тврди шпанска „Марка“, бидејќи таа верува дека Шпанката родена во Аргентина има „економски мотиви“.Португалецот одамна живее со Георгина, со која дели семеен живот во Манчестер, каде што живеат со децата на Роналдо, Кристијано Јуниор, Ева и Матео, како и заедничката ќерка Алана. При неодамнешната најава на новиот документарец на „Нетфликс“, „Јас сум Георгина“, неговата партнерка призна дека очекува свадба.Според „Марка“, Авеиро смета дека двајцата не треба да се венчаат бидејќи мотивот на Георгина е да ги искористи парите на Роналдо, а истото мислење го делат и сестрите на португалската мегаѕвезда.

Магазин | пред 4 години

iveqgpr0mxohbhtipzy0

Русија ќе го казни Фејсбук доколку не ги отстрани забранетите содржини

Руските власти денеска го предупредија Фејсбук дека можат да го казнат со до 10 проценти од годишниот промет остварен во таа земја, доколку не ја избрише содржината што Москва ја смета за нелегална.Државниот регулатор за комуникации, Роскомнадзор, за Ројтерс изјави дека планира да испрати официјално известување до претставниците на Фејсбук во Русија, наведувајќи дека неколку пати не успеала да ги отстрани забранетите информации. Според Роскомнадзор, тоа може да резултира со парични казни во висина од пет до 10 проценти од остварениот промет во Русија, објави весникот „Ведомости“.Фејсбук, меѓу другото, може да биде казнет и за тоа што не ги отстранил објавите со детска порнографија, злоупотреба на дрога и екстремистичка содржина.Експертите проценуваат дека Фејсбук има годишен обрт од околу 165 милиони долари во Русија.Оваа година, Роскомнадзор отвори 17 постапки против Фејсбук, бидејќи не ја отстраниле забранетата содржина, според судските документи. Вкупните казни што може да ги добие и кои ги должи изнесуваат 64 милиони рубли.Според Роскомнадзор, менаџментот на Фејсбук не ги платил казните.

Магазин | пред 4 години

Нема фотографија

Предлогот за скратено работно време е предизборно додворување, тврди Давитковски

Нелогичен и смешен е предлогот администрацијата наместо 40 да работи по 36 часа неделно односно осум часа дневно од понеделник до четврток и четири часа дневно во петок, вели професорот Борче Давитковски.– Крајно нерационално е на административните службеници да им се даде скратена работна недела, од она што го предвидува Законот за работни односи според кој работната недела трае 40 работни часови, рамномерно распоредени на пет работни дена. Од друга страна, нелогичното произлегува и од фактот што економскиот сектор од кој практиочно се обезбедува платата на тие службеници, со овие измени ќе работи подолго од администрацијата – вели Давитковски.Тој смета дека  причината е лукративна во пресрет на локалните избори и е своевидно додворување на околу 140.000 административци.– Сите држави во рамки на реформите што ги прават на администрацијата, предидуваат поголема достапноста на институциите за да може секој граѓанин да ги заврши своите обврски, а кај нас се прави спротивното – се предлага, службениците во петок по само четири часа работа да си заминат дома – вели тој за „Локално“.

Македонија | пред 4 години

administracija

Административците ќе работат по 4 часа во петок, ако се измени законот за службеници

Министерството за информатичко општество и администрација изготви Предлог-закон за административни службеници, со кој се предвидува административните службеници да имаат скратено работно време во петок.Според предложеното законско решение, кое од 17 септември е на увид на јавноста на ЕНЕР, државните службеници ќе работат 36 часа неделно, односно осум часа дневно од понеделник до четврток и 4 часа дневно во петок, доколку со закон и/или колективен договор поинаку не е утврдено.Во извештајот за проценка на влијанието на регулативата не е објаснето зошто се носи ваква измена на законот во врска со работното време.Деталите за законот на СДК.

Македонија | пред 4 години

243858201_10226242289983603_3195679995830872755_n-1

Јоци за Шилегов: Кој малер е човеков, ем за градот ем за себе, а е среде скандал

Новинарката Јорданка Ивановска Јоци на социјалните мрежи објави постер од настанот кој беше организиран во близина на Зелениково. На фотографијата може да се забележи дека покрај постерот стои бел лист на кој пишува „поддржно од Град Скопје“.„Не знаел #Шилегов ништо за кампов. Ви викам јас малер е човеков. Ем за градов, ем за себе. На три недели до избори, Шилегов е среде скандал преку проект - во чии рамки малолетници биле сексуално вознемирувани, а за кои допрва ќе се утврдува дали биле евентуално и сексуално злоупотребени.Никој ништо не знае сега, сите бегаат од одговорност, откако испливаа психопати во јавност кои малтретирале деца, секташки сексуални ,,гуруа" од типот на Чарлс Менсон.Но, ете, во канцелариите на извидничкиот одред, јасно е обесен постер, на кој со лого си пишува - ,,поддржано од Град Скопје".Не знаеле ништо ни од Х.Е.Р.А.И тие не биле одавде.Тоа е истата Х.Е.Р.А каде програмски координатор беше Мила Царовска, пред да влезе во влада и во политика“, стои во објавата на Фејсбук.

Скопје | пред 4 години

IMG_4867

Скопјанец се обидел да натепа полицајци во Орман

На 29.09.2021 во 22.15 часот во с.Орман, скопско, М.С.(26) од с.Крушопек, скопско, се однесувал агресивно и се обидел физички да нападне полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Чашка кои вршеле службени дејствија.По целосно документирање на случајот против М.С. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Скопје | пред 4 години

DSC_0289

Најдено мртво тело во напуштена куќа во Скопје

На 29.09.2021 во 10.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во напуштена куќа на ул.„Коле Неделковски“ во Скопје, во сопственост на правно лице, било пронајдено тело на починато машко лице.Увид извршила екипа од Полициската станица Центар, а смрт констатирала екипа од Итна медицинска помош. По наредба на Јавен обвинител телото било подигнато од А.Д. „Бутел“.

Скопје | пред 4 години

Cair

Пукање во Чаир

На 29.09.2021 околу 21.45 часот во СВР Скопје, Џ.Љ.(63) од Скопје пријавил дека на подрачјето  на Чаир неколку лица, кои биле со возило, испукале неколку истрели во воздух од огнено оружје, по што физички го нападнале М.Д.(36).Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 4 години

policija-rotaciona-svetla

Нападнат лепач на плакати

На 30.09.2021 во Полициската канцеларија Градско на службен разговор бил повикан П.А.(33) од Градско, затоа што на 29.09.2021 во 19.00 часот на ул.„Александар Македонски“ физички го нападнал Д.С.(31) од Градско, кој лепел плакати од кандидат за градоначалник.По целосно документирање на случајот против П.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 4 години

242794612_4541708349202353_4922676094193316167_n

Фатени тетовци кои оштетувале изборен материјал на улица

Денеска (30.09.2021) во 01.50 часот во СВР Тетово било пријавено дека од неколку лица, кои се движеле со две патнички моторни возила со тетовски регистарски ознаки, е извршено оштетување на изборен рекламен материјал на политичка партија на неколку различни локации.Возилата биле сопрени од полициски службеници на СВР Тетово и било утврдено дека возилото „ауди“ го управувал М.Т.(63) од Тетово, а возилото „голф “ го управувал Џ.К.(34) од тетовско. Во возилата биле уште две лица. Во координација со Јавен обвинител се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 4 години

gazibaba-2-

Одел на лов со оружје без дозвола, МВР му поднесе кривична на ловџија

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“, ОВР Кичево поднесе кривична пријава против М.Б.(38) од селото Долно Крушје, општина Македонски Брод.Тој, на 01.11.2020 околу 11.15 часот, кај месноста „Челојца“, атар на кичевското Ново село, бил затекнат во лов, при што било констатирано дека нема дозволи ни за поседување на оружје, ни за лов. Притоа, одземен му е ловен карабин марка „Црвена застава“ и 10 куршуми.

Македонија | пред 4 години

g2G0r-screenshot-16

ВМРО-ДПМНЕ: најостро ги осудуваме пукотниците на криминалците од СДСМ и ДУИ

ВМРО-ДПМНЕ најостро ги осудува пукањата на митинзите на ДУИ што е кривично дело кое го штити полицијата на Спасовски.Криминалната коалиција на власт е нервозна затоа што ќе ги загуби изборите. Премиерот Заев не треба да глуми изненаден, доволно е да даде наредба на Спасовски виновниците за пукотниците да се санкционираат. Тоа нема да го направи затоа што СДСМ и ДУИ ги врзува криминалот и тендерите.Наместо програма од ДУИ и СДСМ видовме пиштоли и пукотници.Се пукаше на митинг на ДУИ во Чаир и Желино, а во Општина Сопиште директорот на власта се закануваше со инспекции до градоначалникот.Го прашуваме Заев во која друга европска држава има митинзи со пукотници на оружје?Соопштение до јавноста од ВМРО-ДПМНЕ, реакција на пукотниците на митинг на ДУИ

Скопје | пред 4 години

izvidnici-696x522-1

„Сведочењата за настанот се извадени од контекст“, се огласија организаторите на кампот каде се тврдеше дека се деца покажувале пениси

Прв Скопски Извиднички Одред (ПСИО), преку соопштение вели дека искрено жали поради настанатата ситуација, што следува по сведоштвата споделени во јавноста околу случувањата на настанот Есенски бакнежи, прегратки 2021г.„Последните 2 дена ги посветивме на целосно толкување на реакциите и обвинувањата од страна на загрижен родител, кон активностите и случувањата на нашиот настан организиран 24-26.09.2021г. во околината на с.Градовци.Раководството на ПСИО внимателно ги разгледа коментарите и ставовите околу случајот и смета дека сведочењата за настанот се извадени од контекст.Есенски бакнежи, прегратки е традиционален настан чија цел е да ги спои основите на рок музиката, извидничките вештини и сексуалното образование. Настанот е наменет за категоријата постари извидници (постари малолетници над 16 години). На овој настан учестуваа 32 учесници доборволно пријавени во екипи по 4 лица преку своите матични одреди и 10 волонтери од ПСИО. Акцијата се креира од млади за млади и се одржуваше во безбеден простор, во забавна и младинска атмосфера, и секој учесник имаше можност да пријави доколку се почувствува непријатно.Есенски бакнежи, прегратки се одржува веќе 12 години и до сега сите настани поминале без никакви проблеми, поплаки или повреди, а имаат учествувано повеќе од 500 млади.Извидништвото само по себе меѓу другото подразбира и безбеден простор каде младите може да учат, разговораат и дискутираат за важни теми за нивниот живот како што се основите на секскуалното образование без предрасуди и табуа.Сакаме да напоменеме дека нашиот настан не претставува никаква манифестација на неморал, блуд или сексуално вознемирување. Сметаме дека многу делови од игрите се погрешно протолкувани.ПСИО останува отворен за комуникација кон сите страни засегнати во случајот и ги мотивираме сите учесници кои се почуствувале непријатно на настанот или небезбедно од било каква природа да пристапат кон раководството на одредот.За крај сакаме да упатиме жалење до сите страни кои беа неправедно вклучени, особено наши актуелни и поранешни донатори, а особено до ХЕРА која никогаш немала свој претставник на настаните, ниту пак финансиски го поддржувале овој настан. Информативните брошури се достапни за сите млади во нивните простории.Искрено жалиме, што ваква медиумска покриеност не се случи никогаш кога сме го побарале тоа во изминативе децении кога сме организирале безброј крводарителски, хуманитарни, еколошки акции, кога сме практикувале социјална инклузија и кохезија, кога сме подигнувале свест за заштита на животна средина, кога сме ја пошумувале и чистеле државата од отпад, кога сме помагале во елементарни непогоди и уште многу општествено корисни акции.Сакаме да се заблагодариме на сите кои не контактиравте за да ни ја искажете и пружите Вашата поддршка“, се вели во соопштението. Град Скопје се оградува од активностите на Првиот скопски извиднички одред кои предизвикаа реакции во јавноста.

Скопје | пред 4 години

zeni-sdsm

Антиевропското ВМРО-ДПМНЕ со години ја држеше државата во меѓународна изолација, реагира СДСМ

Антиевропското ВМРО-ДПМНЕ со години ја држеше државата во меѓународна изолација, а како опозиција работи против евро—атлантската иднина11 години ВМРО-ДПМНЕ ја држеше државата меѓународно изолирана, скарана со соседите и поделена внатре.Како опозиција, антиевропското ВМРО-ДПМНЕ предводено од Мицкоски прави се за да ги закочи и опструира реформите важни за европскиот напредок, а оваа партија дури не смогна сили ниту да честита за приемот на Северна Македонија како 30 земја членка на НАТО.ВМРО-ДПМНЕ ниту може ниту сака да понуди европска иднина. Европска иднина не можат да понудат оние кои сакаат да се вратат во режимското минато.Токму поради ваквото незрело, неодговорно, деструктивно однесување Мицкоски во континуитет доживува низа порази од граѓаните.Нивните деструкции одново ќе бидат поразени на локалните избори на 17 октомври.Граѓаните препознаваат дека СДСМ вистински се грижи за националните и државните интереси.Со СДСМ продолжуваат реформите важни за европската перспектива, продолжува грижата за државните и националните интереси.Соопштение за јавност од СДСМ - реакција на изјавата на Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 4 години

koronavirus-kovid-skopje

12 починати и 494 нови од корона, пријавени дополнително уште 10 починати лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:Направени се 3.425 тестирања, а регистрирани се 494 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 231, Куманово – 49, Велес – 31, Штип – 24, Кавадарци – 23, Охрид – 19, Кичево – 17, Прилеп и Кочани – по 16, Струмица – 12, Битола – 8, Струга – 7, Тетово – 6, Гевгелија – 5, Делчево – 4, Неготино, Радовиш и Виница – по 3, Свети Николе, Крива Паланка, Берово, Богданци и Македонски Брод – по 2, Гостивар, Ресен, Валандово, Кратово, Демир Хисар, Демир Капија и Македонска Каменица – по 1.Регистрирани сe 474 оздравени пациенти од: Скопје – 272, Куманово – 30, Битола – 18, Штип – 16, Велес и Тетово – по 14, Кавадарци – 13, Кочани – 12, Кичево и Радовиш – 10, Струмица – 8, Прилеп – 6, Крива Паланка, Ресен и Кратово – по 5, Гевгелија, Свети Николе и Гостивар – по 4, Неготино, Виница, Берово, Македонски Брод, Валандово и Дебар – по 3, Демир Хисар и Пехчево – по 2, Охрид и Пробиштип – по 1.Во текот на изминатите 24 часа починале 12 лица: 6 починати лица од Скопје (94г, 78г, 70г, 68г, 61г и 49г), 2 починати лица од Кавадарци (77г и 63г) и по едно починато лице од Куманово (66г), Охрид (72г), Крива Паланка (59г) и Македонски Брод (74г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 10 починати лица, со датум на смрт од 07.09.2021 до 29.09.2021 година. Починатите лица се по 6 починати лица од Скопје, 2 починати лица од Куманово и по едно починато лице од Валандово и Гостивар, на возраст од 52 до 88 години. Од пријавените лица 1 е починат во домашни услови, а 9 лица се починати во болнички услови.Направени се 3.425 тестови преку: ИЈЗ-493, ЦЈЗ Скопје-66, ЦЈЗ Битола-69, ЦЈЗ Прилеп-35, ЦЈЗ Тетово–56, ЦЈЗ Куманово-53, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-2, лабораторија болница Козле-20, УК Пулмологија со алергологија – 0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–175, Жан Митрев (Филип Втори)-78, Авицена-144, Биотек-190, Систина-98, лабораторија Лаор-116, Синлаб-21, Ремедика-11, Плодност–29, Генеа-2, Никоб лаб-349, ВФВ Медикал-44, Ели Медика-45, Ројал Медика –7, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.322.Досега во земјата се направени вкупно 1.289.516 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 191.408 бројката на оздравени пациенти е 172.653, на починати е 6.668, а бројот на активни случаи изнесува 12.087.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 83285, Активни 5536Куманово 11395, Активни 992Тетово 10814, Активни 905Прилеп 9046, Активни 313Гостивар 7955, Активни 472Битола 7077, Активни 267Велес 6225, Активни 348Охрид 5944, Активни 549Кавадарци 5910, Активни 237Струмица 5723, Активни 280Штип 5712, Активни 242Кичево 3975, Активни 423Струга 3784, Активни 374Кочани 3243, Активни 154Гевгелија 2407, Активни 84Неготино 2315, Активни 39Свети Николе 1886, Активни 112Ресен 1534, Активни 91Радовиш 1512, Активни 86Дебар 1449, Активни 108Крива Паланка 1423, Активни 93Берово 1209, Активни 29Делчево 1122, Активни 70Виница 1029, Активни 50Пробиштип 909, Активни 31Валандово 816, Активни 31Кратово 566, Активни 58Богданци 547, Активни 13Крушево 527, Активни 20Македонски Брод 470, Активни 28Демир Хисар 438, Активни 24Демир Капија 410, Активни 5Пехчево 312, Активни 2Македонска Каменица 300, Активни 21Дојран 139, Активни 0

пред 4 години

metadon

Штипјанец може да заврши зад решетки: нелегално продавал лек за одвикнување од дрога

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 33-годишен жител на Штип за кого постои основано сомнение дека го сторил кривичното дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори согласно член 215 став 1 од Кривичниот законик.Во патничко моторно возило Сеат толедо со штипски регистарски ознаки, кое осомничениот го управувал на улицата „Петар Георгиев“ во Скопје, полициски службеници пронашле 30 оригинални шишенца метадон со вкупен волумен од 300 милилитри. Синтетичкиот опијат кој е контролиран како опојна дрога бил скриен во просторот за резервна гума во багажот на автомобилот.Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за опртеделување мерка притвор за осомниченото лице, бидејќи постојат околности кои укажуваат дека би можел да се даде во бегство или да го повтори делото.​

Македонија | пред 4 години

1-7

ВИДЕО: Што добиваат скопјани од новиот мост на Шилегов

Мостот на бул. АСНОМ по реализацијата на завршните градежни работи за помалку од 30-тина дена ќе биде ставен на располагање на скопјани, а особено жителите на Аеродром, Центар и Гази Баба, најави во денешната прес-конференција градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.- Изградбата на овој булевар во планската документација на Скопје постои уште од1965 година, но за жал заради отсуство на визија за развој на градот и немање чувство за вистинските приоритети неговата изградба секогаш била одложувана за некои подобри времиња, додаде Шилегов.- Скопје по повеќе децении добива нов мост кој овозможува брза врска на најнаселената општина во Скопје, Аеродром, со Гази Баба, преку централното градско подрачје. Со тоа времето на патување од Ново Лисиче до Мавровка го скратуваме за околу 70%. Со новиот мост се зголемува функционалноста и динамиката на движење, се олеснува сообраќајниот метеж, а Скопје и скопјани на располагање добиваат безбедна врска за движење низ трите општини, појасни Шилегов.Образложувајќи ги неговите карактеристики тој додаде дека мостот се изведува во согласност со сите современи стандарди за изградба и е граден со најквалитетни материјали. Има 6 коловозни ленти, со енергетски ефикасно ЛЕД улично осветлување, како и тротоари и нови патеки за велосипедистите и корисниците на алтернативни средства на сообраќање. На новопробиениот булевар АСНОМ и на мостот се воведуваат и нови линии на ЈСП, а дополнително булеварот го краси и дрворед, кој засаден од двете страни.- Во Скопје два мостови истовремено не се граделе со децении. Едниот е овој којшто е во завршна фаза, а другиот во Карпош кој штотуку го започнавме. Продолжуваме да градиме по план нови сообраќајни решенија кои ќе обезбедат одржлива урбана мобилност за граѓаните, потенцираше Шилегов.

Скопје | пред 4 години

IMG-62b2d3570b9637ee9470831ca91e16b9-V

Георгиески планира уредување на плажите во автентичен охридски стил

Кандидатот за градоначалник од коалицијата „Најдоброто за мојата општина“, Константин Георгиески во вчерашното гостување на дебатната емисија „24 Анализа“ на „Телевизија 24“ уште еднаш пред јавноста ја изложи својата визија за развој на охридските плажи, што не е само најава, туку проект, чија реализација е во тек. На прашањето за уредувањето на крајбрежјето на Охридското Езеро, истакна дека Општина Охрид веќе има распишано јавен повик за уредување на плажите согласно Планот за управување со светско природно и културно наследство и дека за сите содржини и времени објекти кои се предвидуваат на плажите ќе бидат користени само природни материјали.,,Предвидено е тие да се од дрвен материјал и друг природен материјал кој ќе се вклопи и нема да го наруши еко системот. Општината има намера сама да ги уреди соодветните локации, а не да го издава земјиштето на јавно наддавање, за да се избегне проблемот кој се јави поради изградба на недозволени објекти" рече ГеоргиескиНа прашањето околу опасноста да се изгуби статусот на Охрид на град заштитен од УНЕСКО, Георгиески поитенцираше дека Локалната самоуправа целосно ги следи и спроведува препораките на УНЕСКО и презема мерки за анулирање на забелешките на Комисијата. За таа цел направен е регистар за бесправни градби, а и веќе се постапува по основ на истите, со посебен акцент на крајбрежјето и на Националниот парк Галичица. Како резултат на тоа на сесијата која се одржа минатото лето, Охрид остана на листата на заштитени од УНЕСКО и доби дополнителен рок за постапување.На прашањето - каков туризам треба да се развива во Охрид и во која насока да се движи, Георгиески рече дека се чека донесувањето на Стратегијата за развој на туризмот која веќе е изготвена од стручен кадар од ФТУ Охрид, а финансирана од општината. Тој истакна дека најдобро би било во Охрид паралелно да се развива елитен и масовен туризам, но на таргетирана група гости кои би доаѓале во одреден период од годината и би уживале во убавините на градот.Георгиески потенцирае дека 2019 година била рекордна по бројот на реализирани ноќевања во Охрид со бројка од 1,5 милиони ноќевања. Тоа било резултат на добро конципиран начин на функционирање на туризмот. Информираше дека биле преземени чекори за проширување на туристичките пазари, конкретно со Северна Италија од каде во 2020 требало да пристигнат голем број гости, но поради пандемијата овој договор стагнира.Георгиески во дебатната емисија го изнесе својот став и во однос на изградбата на марина. Тој рече дека неопходно е донесувањето на план за управување со крајбрежјето на езерото, после што ќе се одреди локацијата каде ќе се наоѓа марината.Во врска со екологијата, загадувањето на езерото и проблемот со депонијата Буково, градоначалникот кажа дека интензивно се работи.„Ако нешто се направи за заштита на Охридското Езеро тоа е во изминатите четири години. Формирано е јавното претпријатие Колекторски систем, се инвестираа првите четири милиони евра, се постави цевка во цевка систем, се реконструираа пумпните станици", истакна градоначалникот. Тој додаде дека интензивно се работи на изградба на четирите прочистителни станици за реките кои се индиректни загадувачи на езерото, додаде тој.Околу прашањето за депонијата Буково, Георгиески рече дека тоа не е проблем само на општина Охрид туку е регионален проблем кој ќе се решава со Националната стратегија за третирање на отпад, а општината ќе направи се што е потребно, Охрид да биде меѓу првите за решавање на овај проблем.

Охрид | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања