Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

miteva30092021

Митева „ја учи“ власта: Деполитизација на администрацијата се прави со вработување по мерит систем, а не како сега што го прави власта по партиска определба

Согласно информациите со кои што располагаме законот се уште не е стигнат во собраниска процедура и добро е да има јавна дебата за истото и да се слушнат сите засегнати страни. Но, исто така морам да истакнам дека согласно она што го видовме на ЕНЕР образложението е дека со овие реформи власта сака да постигне деполитизација на јавната администрација, но морам да кажам дека мора добро да се погледне законот, станува збор за политизација, а не за деполизитизацијa, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева, одговарајќи на новинарско прашање за тоа кој е коментарот во однос на реформите во законот за административни службеници на денешната прес конференција.Митева додаде дека деполитизација на администрацијата се прави со почитување на мерит системот и вреднување на вработените, а не како до сега по партиска определба што тоа го прави власта.Доколку една ваква реформа за скратено работно време не значи ништо за деполитизација, бидејќи деполитизација се стекнува со вреднување на вработените, и со вработување по мерит систем, а не по партиска определба како тоа што го прави власта. Но уште еднаш ќе истакнам да почекам законот да влезе во собраниска процедура и да ја слушнеме дебата по истиот, вели Митева.

Македонија | пред 4 години

zaev-pukanje-dui

Заев не им простува на ДУИ за пукањето, упати барање до полицијата

Премиерот Заев вели дека е недозволиво да се пука на митинзи, како што на стартот на политичката кампања се случи на митингот на ДУИ во Чаир. Заев вели дека политичарите се лажат доколку мислат дека така се привлекуваат гласови. Според него, така само се губат гласови.Тој денеска одговарајќи на новинарски прашања го повика Министерството за внатрешни работи да постапува по случајот.Инцидентот се случи на стартот на кампањата кога на митингот на ДУИ во Чаир при претставувањето на кандидатите се слушаа истрели од огнено оружје.

Скопје | пред 4 години

Stefkovski30092021

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за Гази Баба сподели проблеми и решенија за образованието

Бобан Стефковски, кандидат за градоначалник на општина Гази Баба од ВМРО-ДПМНЕ ветува дека грижата за децата од предучилишна возраст, за нивно правилно воспитување е еден од проектите за кој, како што вели, како иден градоначалник на општина Гази Баба има детално разработен план за негова реализација.„Изминативе години, родителите од нашата општина се соочуваа со недостаток на слободни места во постоечките детски градинки. Во разговори со нив и на нивно барање, во програмата за локалните избори се обврзувам за изградба на комплетно нови четири детски градинки.И тоа во Керамидница, Сингелиќ, Трубарево и Инџиково.Со тоа значително ќе се зголеми опфатот на деца од предучилишна возраст во системот на згрижување и ќе се реши долгогодишниот проблем на граѓаните од овие населени места но и од цела Гази Баба.Рокот за реализација на овој проект кој си поставивме е четири години, додека трае мандатот на градоначалникот.Со изградбата на новите 4 детски градинки, листите на чекање за упис на децата во градинка во Општина Гази Баба ќе станат минато.Дополнително, постоечките градинки на територија на општина Гази Баба, ќе бидат комплетно реновирани со што ќе се овозможи подобри услови за престој на децата и вработените во детските градинки.Нови современи градинки е еден од приоритетите во мојата понатамошна работа“, посочи тој.

Скопје | пред 4 години

sdsm

Данела Арсовска е кандидат на „Белата Палата“ – споменик на урбаната мафија, реагира СДСМ

„ВМРО-ДПМНЕ е најодговорно за нерамномерниот развој на Скопје, а Данела Арсовска е кандидат на „Белата Палата“ – споменик на урбаната мафија ВМРО-ДПМНЕ е најодговорно што го развиваше само центарот на Скопје со мегаломанскиот проект „Скопје 2014“, каде што на 1 километар квадратен вложи над 700 милиони евра во барок, споменици и градби кои сега се распаѓаат. ВМРО-ДПМНЕ е најодговорно за сечење на зеленилото и бетонизацијата на Скопје и Водно, како и за урбанистички хаос создаден со гласање на урбанистички планови за задоволување на апетитите на урбаната мафија на Груевски“, реагира СДСМ.Тие додаваат:ВМРО-ДПМНЕ е најодговорно за нерамномерниот развој во Скопје, затоа што не инвестираше во периферијата, туку инвестираше стотици милиони евра во партиски музеи, партиски плоштади, партиски цркви и партиска „Бела палата“ – споменик на урбаната мафија во Скопје. ВМРО-ДПМНЕ е најодговорно не само за зголемениот јаз меѓу центарот и периферијата, туку и за создавање поделби и конфликти меѓу скопјани од левата и десната страна на Вардар. Благодарение токму на напорите на градската администрација на градоначалникот Петре Шилегов, развојот на Скопје сега е порамномерен – не само меѓу центарот и периферијата, туку и помеѓу левата и десната страна на Вардар, кои сега се поповрзани и позближени.И Ѓорче Петров – општината на Данела Арсовска - беше комплетно запоставена кога Груевски беше преокупиран со споменици, галии, восочни фигури, барокни фасади, плацови на Водно за „згради-мади“. Најголемите капитални инвестиции беа од урбаниот мафијаш Сеад Кочан – бизнис партнерот на Груевски и заменикот на Данела Арсовска во ССК, кој сега издржува затворска казна. За разлика од тогаш, сега во Ѓорче Петров се градат и реконструираат улици, велосипедски и пешачки патеки, се градат нови зелени површини, се расчистуваат депонии, се подобрува водоводната и канализациона мрежа, се реконстрираат и опремуваат училишта, итн.Реконструиирани се над 4 километри улици (Ул. Ѓорче Петров, Ул. 4 јули, ул. Даутица ул. Стефан Филипович, ул. Пекњане, ул. Панко Брашнаров, ул. Исаја Маџоски, ул. Црногорска, ул 63 и ул. 65 – Волково), има нови и реконструирани велосипедски и пешачки тротоари (Ул. Ѓорче Петров и Ул. 4 јули), 1.800 метри реконструирана патека на Кејот на Вардар (кај очната болница). Има 6.400 m2 нови и реконструирани зелени површини, илјадници нови садници, а расчистени се и депониите во Ново Село и Ѓорче Петров - Клучка Словенија-Волково. Инвестирани се 36 милиони денари изградба на подобрување на водоводната и канализационата мрежа и 5,5 мил денари во училиштето Кочо Рацин (кое сега се реконструира), каде што се обезбедени и прочистувачи на воздух за секоја училница.Скопје веќе не е за едни мајка, а за други маќеа, како што беше кога урбаните мафијаши од ВМРО-ДПМНЕ го бетонираа Скопје со мегаломаскиот проект „Скопје 2014“, кој ги продлабочи поделбите, конфликтите и разликите помеѓу центарот и периферијата на Скопје“.

Скопје | пред 4 години

DSC08646-01

Данела се сретна со Неби и Дриљон, се договорија за редовна комуникација

Како човек што 20 години е дел од бизнис секторот знам точно со што се соочувате и каде е потребно да се влијае за да се овозможи одржливост и раст на локалните бизнис, истакна кандидатката за градоначалник на Град Скопје, Данела Арсовска на денешната средба со Неби Хоџа, претседател и Дриљон Исени извршен директор на Стопанската комора на северо-западна Македонија.Арсовска додаде дека градските служби треба да бидат во функција на бизнисите, исто како што градоначалникот може и треба да се вклучи во поттикнување и обезбедување клима и услови за работа и развој. “Социо-економскиот развој во голем степен зависи од соработката со општинските институции и служби. Работењето заедно и меѓусебната помош, неминовно ќе доведе до севкупен економски развој. Општината е должна како на граѓаните така и на бизнисите да им обезбеди брзи и транспарентни служби, некорумпирана администрација, функционална инфраструктура, нешто што во целиот овој период недостасува и е сериозен проблем и пречка за компаниите, а тоа го знам од секојдневното искуство и од реакциите на многу наши членки. Познавајќи ги сите овие проблеми создадовме решенија со кои ќе се воспостави нормално функционирање на бизнисите, ефикасност на службите, транспарентност и предвидуваме мерки со што дополнително ќе се поттикне развојот на компаниите, а со тоа и локалниот економски развој”, истакна Арсовска на состанокот.Претставниците на Стопанската комора на северо-западна Македонија, истакнаа дека меѓусебното разбирање и поддршката на бизнис заедницата, ќе доведе до континуиран раст на компаниите, што е заедничка цел. Пред кандидатката за градоначалник тие ја претставија платформата за локален економски развој, каде се наведени точки на кои е потребно да се работи, со цел да се создадат услови за непречена работа и развој на бизнис заедницата.„Тоа што го бараме и што ни е неопходно е имплементирање и реализирање на платформата за локален економски развој. Точките врз кои е создадена оваа платформа доаѓаат од секојдневието и од тоа со што се соочуваат компаниите постојано. Потребна е континуирана комуникација и рамнотежа во условите за развој, да се работи по приоритетност и во временски рамки и целата општинска служба да се стави во функција на локалните бизниси, затоа што од економскиот развој зависи и нашиот опстанок”, потенцираше претседателот Неби Хоџа.Средбата заврши со договор за редовна меѓусебна комуникација и поддршка.

пред 4 години

Screenshot-2021-09-30-at-12.44.20

ФОТО: Македонското културно наследство се продавало во Грција, Албајнија, САД, Турција - фатена цела група!

По неколкумесечна предистражна постапка, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против осум лица.Двајцата првообвинети во периодот од мај минатата година до денес, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, создале група на која се придружиле останатите осомничени. Осомничените поединечно и заедно преземале дејствија на присвојување и продажба на добра под привремена заштита, културно наследство и природни реткости. Употребувајќи сонди и метал детектори без дозвола од надлежен орган испитувале локалитети низ целата територија на државата. Како ориентација користеле сателитски снимки, карти и рачно напишани текстови и преданија, а потоа со употреба на хилти, копачи, и други градежни алатки и градежна механизација правеле археолошки ископувања и минеролошко петрографски истражувања.Откриените артефакти – добра под привремена заштита иако знаеле дека потекнуваат од извршено кривично дело, ги присвојувале и ги прикривале на непознати безбедни локации или во своите домови. Потоа, стапувале во контакт со непознати лица припадници на групата кои биле по потекло од Р.Грција, Р,Турција, Р.Албанија, Р. Хрватска, Р.Србија и САД и како на заинтересирани купувачи им ги продавале добрата за договорен износ. Купувачите артефактите ги изнесувале надвор од границите на Р.С. Македонија со што трајно го оштетиле археолошкото, историското, музејското и уметничкото истражување на надлежните државни и научни институции и нанеле непроценлива штета на државата.Осумтемината се осомничени дека со преземените дејствија освен Злосторничко здружување, сториле и кривично дело – Присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости, кривично дело – Изнесување во странство на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости и кривично дело – Прикривање. Карактеристично за овие групи освен што недозволено користат метал детектори, сонди и други погодни алатки за скенирање на длабочина на територијата која е цел на ископ, со себе недозволено држат и оружје, па така, дел од обвинетите сториле и кривично дело „Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи”.Групата оперирала на регистрирани и нерегистрирани археолошки локалитети и тоа: Вртекица, Сливица, Герман, Белица, Горна Јаболчица – кичевско, Долно Јаболчиште – велешко, Мочурлива вода, Чатал камен, Туњ, Чиндиро Кале, Медов Дол, Градиште – Црно Езеро, Ломница, Ченгово Кале, Бајрамова Круша, Ивањевци, Болдовенци, Журче- крушевско, Ловор, Лопатица и на други локации.Во денешната акција спроведена од страна на Министерството за внатрешни работи под раководство на предметниот обвинител при претрес на домовите на осомничените пронајдени се предмети под привремена заштита, односно културно наследство со непроценлива вредност сопственост на РСМакедонија, како и природни реткости и други скапоцени предмети прибавени со кривично дело и истите ќе бидат предадени на идентификација. Воедно, од слобода се лишени сите осомничени и во текот на денешниот ден ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје.Надлежниот обвинител ценејќи дека се исполнети законските услови до судијата на претходна постапка ќе достави предлог за определување на мерка притвор за шестмина осомничени.

Македонија | пред 4 години

gradinka-6

Наумоски сред кампања се сликаше во градинката во Волково за да се пофали, која не е готова

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски и министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска извршија увид во градежните работи во градинката во Волково.Изградбата на овој објект влегува во завршна фаза. Визуелно, градинката е со кружен атриум, енергетски ефикасна со модерен систем за загревање и ладење, хоризонтална и вертикална пристапност со надворешен лифт.-Нашите заложби за проширување на капацитетите на градинките ја доживуваат својата завршница. Пред година и половина од Волково ја стартувавме приказната за изградба на нов објект на градинката „Росица“. Многу посветено и со силна поддршка од централната власт сега може да констатираме дека оваа кружна градинка е во завршна фаза. Овој објект кој очекувам за брзо време да биде пуштен во употреба ќе ги отвори вратите за најмалку 175 деца – рече Наумоски.Со пуштањето во употреба на градинката, додаде, етапно го решаваме еден од најголемите проблеми – недостигот на просторни услови во градинките. Паралелно, истакна, со ресорното Министерство работевме на проширување на објектот „Детелинка“ со 3 нови занимални. Градежните работи во овој објект со капацитет за 90 деца, информираше Наумоски се во завршна фаза.-Заедно со мојот тим посветено ги решаваме работите во делот на социјалната инфраструктура преку изградба на два нови објекти – еден во Ново Село и друга градинка во Дексион. Секое згрижено дете е успех за сите – додаде Наумоски.Градоначалникот ја искористи можноста да упати извинување до родителите кои заради пандемијата, мерките и протоколите кои се на сила не успеаа да ги запишат своите деца во градинка.Сведоци сме, рече Шахпаска на еден импозантен објект и оргинално архитектонско решение.-Проектот чини 87 милиони денари за изградба, а дополнителни 6,3 милиони денари за опрема во внатрешноста – информираше министерката.МТСП во соработка со Светска банка работи на проект за подобрување на социјалните услуги. Дел од овој проект претставува изградбата на 16 градинки.Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски и министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска извршија увид во градежните работи во градинката во Волково.Изградбата на овој објект влегува во завршна фаза. Визуелно, градинката е со кружен атриум, енергетски ефикасна со модерен систем за загревање и ладење, хоризонтална и вертикална пристапност со надворешен лифт.-Нашите заложби за проширување на капацитетите на градинките ја доживуваат својата завршница. Пред година и половина од Волково ја стартувавме приказната за изградба на нов објект на градинката „Росица“. Многу посветено и со силна поддршка од централната власт сега може да констатираме дека оваа кружна градинка е во завршна фаза. Овој објект кој очекувам за брзо време да биде пуштен во употреба ќе ги отвори вратите за најмалку 175 деца – рече Наумоски.Со пуштањето во употреба на градинката, додаде, етапно го решаваме еден од најголемите проблеми – недостигот на просторни услови во градинките. Паралелно, истакна, со ресорното Министерство работевме на проширување на објектот „Детелинка“ со 3 нови занимални. Градежните работи во овој објект со капацитет за 90 деца, информираше Наумоски се во завршна фаза.-Заедно со мојот тим посветено ги решаваме работите во делот на социјалната инфраструктура преку изградба на два нови објекти – еден во Ново Село и друга градинка во Дексион. Секое згрижено дете е успех за сите – додаде Наумоски.Градоначалникот ја искористи можноста да упати извинување до родителите кои заради пандемијата, мерките и протоколите кои се на сила не успеаа да ги запишат своите деца во градинка.Сведоци сме, рече Шахпаска на еден импозантен објект и оргинално архитектонско решение.-Проектот чини 87 милиони денари за изградба, а дополнителни 6,3 милиони денари за опрема во внатрешноста – информираше министерката.МТСП во соработка со Светска банка работи на проект за подобрување на социјалните услуги. Дел од овој проект претставува изградбата на 16 градинки.

Скопје | пред 4 години

Popis-2021-14-750x430-1

Попишувачи не сакале да вратат опрема, откако им кажале дека нема исплата без да пополнат контролен лист со податоците од електронската база

Револт, нервоза и размислување за бојкот кај дел од попишувачите на последниот ден од пописот при предавање на задолжената опрема во Државниот завод за статистика, откако ќе завршат со активностите. Ваква била атмосферата и вчера во повеќе градови во Македонија, кога на попишувачите кои завршиле со операцијата, им побарале да пополнуваат документ наречен „контролна тетратка“. Таму се внесуваат и адреси на граѓани кои не биле дома или не отвориле врата, кога попишувачот дошол на нивната адреса. Доколку не го сторат тоа, им посочиле дека нема да бидат ниту исплатени. Поради ова, дел од попишувачите размислувале и да не ја вратат задолжената опрема.„Ни рекоа сите кои сме ги попишале да ги внесеме во контролните тетратки, сите луѓе, и по редослед од фамилијата според тоа кој е прв, а кој последен попишан. Во спротивно, кажаа дека нема да не исплатат. Ова ни го кажаа кога ги враќавме лаптопите, а не на почетокот кога се даваа насоки. Ова беше причина за голема нервоза, вриеше атмосферата“, вели анонимен попишувач за „Скопје1“ кој бил да се раздолжи со опрема бидејќи ги посетил сите адреси кои ги имал како задача во месноста каде попишвал.Претходно, за овој документ, според нашиот извор, од ДЗС им рекле дека е за нивна евиденција.За ова нема информација од ДЗС, од каде во текот на пописот до сега, не сакаат да зборуваат за проблемите со кои се соочуваат во јавност. Денеска е последниот ден од пописот. Иако многумина од граѓаните се жалеа дека останале непопишани, од ДЗС уверуваат дека денеска ќе го довршат пописот на населението и дека нема потреба од продолжување на истиот. Но, пописот заврши.ФОТО: Илустрација

Македонија | пред 4 години

droga-3

На Бит Пазар, во Чаир и во Тетово се апсеше ноќеска, поради дрога - има и малолетници

На 29.09.2021 во 23.30 часот на подрачјето на Чаир од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје од слобода бил лишен Н.Х.(23) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.На 29.09.2021 во 22.50 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Г.Д.(21), Ј.С.(18), М.П.(20) и 17 - годишник, сите од Скопје, затоа што при извршен претрес кај Г.Д. била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.Денеска (30.09.2021) околу 08.15 часот во тетовско Камењане, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода А.К.(25) и Б.К.(53), затоа што при претрес во нивниот дом во ова село, извршен со судска наредба, била пронајдена марихуана. Двајцата се задржани во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.

Скопје | пред 4 години

bitola

Казнети куп возачи во Битола

На 29.09.2021 на подрачјето на СВР Битола била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната.Притоа, биле преземени 29 мерки против возачи, од кои 19 за пречекорување на максималната дозволена брзина во населено место и 10 за пречекорување на брзината надвор од населено место. Откриени се и 10 други видови прекршоци. За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци.

Македонија | пред 4 години

velosiped

„Ауди“ удри во велоспиедист кој заврши во болница

На 29.09.2021 во 19.56 часот на крстосница од ул.„Крушевска Република“, ул.„Глигор Прличев“ и новопредвидена улица кон место викано „Смолево“ во Битола, патничко возило „ауди“, со битолски регистарски ознаки, управувано од З.Б.(42) од с.Долно Оризари, битолско, удрило во велосипедист В.Н.(20) од Битола.Во несреќата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола. Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Битола.

Македонија | пред 4 години

IMG_20210930_113152_639

Арсовска вети дека ќе развива се во Скопје, а не само центарот

Денеска се одржа редовна прес конференција на кандидатката за градоначалник на град Скопје, Данела Арсовска, на која која таа претстави нов проект од нејзината програма.„Во 21 век не смее да има цели населби и населени места во главниот град без основни потреби и услови за живот. Скопје се соочува со нерамномерен развој. Додека центарот на градот и урбаните населби се пренатрупани со гужва, приградските населби немаат основни услови за живот. На само 7 до 8 километри од центарот на градот има десетина населби во кои, во една нема редовна и чиста вода, во друга нема канализација, во трета нема игралишта за децата, во некоја нема тротоари и асфалтни улици, во друга нема автобуска линија. Затоа, предлагаме и веднаш ќе се зафатиме со реализирање на еден од основните проекти од мојата програма - Скопје без заборавени населби. Градот ќе изгради нова и посебна програма за сите заборавени населби. Волково, Арнакија, Даме Груев, Маџари, Топаана, Припор, Шуто Оризари, Горно Нерези, Долно Лисиче, Глумово, Свиларе, Шишево, Идризово, Љубанци и Љуботен, Синѓелиќ, Кондово, Кучково и многу други наши скопски населби ќе бидат еден од врвните приоритети во мојот мандат. Канализација, вода, асфалт, автобуски превоз и игралишта за најмладите мора да има секое населено место во и околу Скопје “ – изјави АрсовскаТаа истакна и дека нема потреба од политички надмудрувања, нема политика во тоа да се направи водовод, канализација, да се овозможи автобуски превоз или да се изгради тротоар. Треба знаење, работливост, компетенции и сигурност.Како човек, но и како менаџер таа нема да прифаќа објаснувања, ниту сега во кампања, ниту после тоа, како е возможно во 21 век околу 100.000 луѓе во Скопје да не ги добиваат основните услови за живот, а редовно да ги плаќаат своите даноци на државата.

Скопје | пред 4 години

A.Filipovski-press-30.09.2021-god.

Филипче вечерва ќе оди на митинг во Аеродром, кандидатот на СДСМ најави што ќе прави во училиштата

Преку активни центри за стареење, ќе се придонесе за подостоинствени пензионерски денови за највозрасните аеродромци. Целта е да креираме места за нивна социјализација, меѓусебна дружба и комуникација. Аеродром да понуди содржини за највозрасните, ова го истакна Александар Филиповски, кандидат на СДСМ и коалицијата за градоначалник на општина Аеродром во денешната изјава за медиуми.Филиповски рече дека дополнително ќе се унапредуваат социјалните услуги на локално ниво и преку воведување на домашни посети. Обучени тимови ќе вршат достава на продукти на изнемоштените лица и ќе им бидат поддршка во домаќинството.Програмските решенија на СДСМ во Аеродром гарантираат и подобри услови за раст и развој на учениците со попреченост.-Сите основни училишта ќе добијат сензорни соби, кои ќе бидат опремени со наменски реквизити и материјали, за полесно вклучување на децата со попреченост во образовниот процес, рече Филиповски.Социјалните политики на локално ниво ќе се креираат и спроведуваат во соработка со граѓанските организации кои делуваат во конкретната област. Па, така уште на самиот почеток на мандатот предвидено е социјално мапирање. Преку истото ќе може да се утврдат вистинските потреби на граѓаните од различни населби.Александар Филиповски заедно со кандидатите за советници продолжи на маалски средби околу поликлиниката „Јане Сандански“, а вечерва, од 18:30 часот, пред Т.Ц. „Бисер“ ќе се одржи и маалска средба со потпретседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Скопје | пред 4 години

zaev-micotakis-1

Грција не ја поддржува Бугарија и навива за Македонија

Јасна порака дека Грција не ја поддржува Бугарија во блокадата на европската перспектива на Македонија, испрати грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на неговото учество на „Атинскиот демократски форум“, истакнувајќи дека тоа е „непотребна компликација“, јави дописничката на МИА од Атина.За време на дискусијата со Стивен Ерлангер, уредникот на дописништвото од Европа на „Њујорк Тајмс“, грчкиот премиер говореше за низа актуелни теми во Грција, меѓу кои и за интеграцијата на Македонија во Унијата.Не. Не ја поддржуваме Бугарија. Сметаме дека е непотребна компликација, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на прашањето дали Грција е на страната на Бугарија во блокирањето на ЕУ-перспективата на Македонија.

Македонија | пред 4 години

Naum-Stoilkovski30092021

(ВИДЕО) Стоилковски го проширува „Профитер“ за Шилегов, тврди дека потпишал договор по нереална цена

„Додека Петре Шилегов молчи за тендерот за булевар „Никола Карев“, тендер од 3 милиони евра, тоа е оној тендер за Пластичарска, ПРОФИТЕР, продолжува со тендерот од август 2020 година за улицата „Есенинова“ во Кисела Вода, потписник Петре Шилегов. Предвидена сума 72.165.354. Склучен договор 72.085.805 денари. Повторно иста шема, речиси иста сума како и предвидената“, тврди Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.„Уште посимптоматично, извештајот од електронската аукција, документот кадешто стои натпреварот поеѓу фирмите со цени, го нема закачено на системот за јавни набавки, а тоа е задолжително. Но, самите суми покажуваат дека се работи за ден во којшто воопшто како да немало натпревар по цени, односно е добиен само со клик. Наместена утакмица, милион и 200.000 евра, Петре Шилегов е најбогат градоначалник во регионот, за 4 години речиси пола милион евра повеќе. Шилегов потпишал договор за „Есенонова“ по нереална цена без намалување. Еве зошто е овој тендер дел од аферата ПРОФИТЕР. Истата фирма којашто го добива овој тендер една година претходно, во март 2019 година добива тендер за булевар „АСНОМ“. При нормална аукција, со 4 фирми, дури 44 пати е спуштана цената, 44 пати имало понуда за поевтин договор. Истата фирма којашто го добива овој тендер за „Есенинова“ првичната понуда за булеварот „АСНОМ“ ја намалува за речиси 45% речиси половина и тендерот не бил залак за ПРОФИТЕРОТ“, додава Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.„Притисокот на аукцијата, борбата за земање на работа го прави тоа, ја намалува цената до некоја нормална економска исплатливост и заработка, но за градежната фирма не и за профитерот. Но кога ПРОФИТЕР се вклучува, нема натпревар, однапред се знае за кого е тендерот и се плаќа минимална разлика помеѓу она кое е предвидена сума во тендерот за Град Скопје и она кое е склучен договор со градежната компанија. Еве ги разликите помеѓу двата договори за една година разлика за тендерот за Есенинова од Профитер и тендерот за булевар АСНОМ кој не е дел од Профитер. Тампонирање од 700 на 1400 денари метар, асфалтирање од 66 на 90 денари метар, машинско копање од 100 денари станува 285 денари по кубик. Дури и ивичњаците за тротоари од 434 денари стануваат 817 денари. Некаде дупло некаде тродупло, цените на договорена аукција не паѓаат. А цените не паѓаат на наместени тендери и тоа е ПРОФИТЕР“, смета Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.„Почитувани, Петре Шилегов бега од одговори за аферата ПРОФИТЕР, местени тендери за градежните фирми од град Скопје.Петре Шилегов бега од одговор која фирма му ја гради дивоградбата, семејната зграда? Петре Шилегов бега од одговор зошто нема интерес кај градежните фирми за милионски тендери во услови на рецесија? Петре Шилегов бега од одговор како стана побогат за пола милион евра во четири години градоначалнички мандат? Одговорите за ПРОФИТЕР ќе ги добие Јавното Обвинителство кадешто ќе бидат поднесени соодветни пријави. Нема полошо од СДСМ, за Скопје нема полошо од Шилегов!“, посочи Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Скопје | пред 4 години

30092021_PVRSM_ForumWB-2

Заев не губи надеж дека Бугарија ќе ја тргне блокадата - зошто?

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев денеска се обрати на Форумот на граѓанското општество на Западен Балкан кој се организира во нашата земја во пресрет на Самитот на ЕУ за Западен Балкан кој ќе се одржи на 6 октомври во Словенија.Во прилог на ова соопштение ви го пренесуваме обраќањето на премиерот Заев во целост:„Ви посакувам срдечно добредојде во Република Северна Македонија.Се надевам дека ќе имате успешна работа и заклучоци од овој осми Форум на граѓанското општество на Западен Балкан.Организиран на секои две години од 2006 година, Форумот за граѓанско општество дава можност за размена на гледишта за моменталната состојба на граѓанското општество во регионот, за неговите потреби и за неговиот иден развој. За нас, политичарите, ова е одлична платформа, расадник на идеи за подобрување на политиките кои ги кроиме.Првата тема во концепт документот за овој Форум на граѓанското општество - Зајакнување на пристапниот процес - Кредибилна перспектива на ЕУ за Западен Балкан – е вистинска тема во вистинско време.Темата е вистинска, и од исклучителна важност за Западен Балкан и за Европската Унија заради наметнатата блокада за проширување која го доведува во прашање стратешкиот интерес на Брисел за проширување на унијата со земји од регион со круцијална стратегиска важност за Европа.Темата доаѓа во вистинско време затоа што сум уверен дека пораките од овој Форум, исто како и пораките од посетите на претседателката фон дер Лајен и еврокомесарот Вархеји, ќе стигнат до Брдо кај Крањ во Словенија кога на 6 октомври ќе се одржи Самитот на ЕУ за Западен Балкан.Очекуваме дека тие ваши пораки ќе ги реафирмираат одлуките на Европската Комисија од март во 2020 година во врска со проширувањето на ЕУ на Западен Балкан.Тогаш Европската Комисија му препорачаа на Европскиот Совет Северна Македонија и Албанија да ги започнат преговорите за членство.Сите земји членки на ЕУ ја прифатија оваа одлука и се согласија дека интегрирањето на партнерите од Западен Балкан во ЕУ претставува геостратешка инвестиција во мирот, стабилноста, безбедноста и економскиот раст на целиот континент и дека Западен Балкан е составен дел на Европа и геостратешки приоритет за ЕУ.За жал, Бугарија ја блокираше оваа одлука и таа блокада е сѐ уште активна.Искрено се надевам дека вашите пораки од овој форум ќе бидат дел од новиот импетус кој е толку неопходен во овој момент и дека на 6 октомври во Словенија ќе бидат направени потребните чекори за деблокирање на проширувањето на ЕУ.Нашиот напредок во ЕУ интеграциите првенствено треба да зависи од домашните реформи врзани со поглавјата, законодавството на ЕУ и постигнување на европските стандарди, а ние, во духот на европските добрососедски односи, ќе ги интензивираме разговорите со Бугарија со искрена волја да правиме чекори поблиску до решение за нашите билатерални прашања.За да се обнови довербата во проширувањето и за да се зајакнат механизмите на ЕУ за ефикасно спроведување на процесот за интеграција и за членство на своите природни сојузници од Западен Балкан, Брисел треба без резерви да го обезбеди пристапот на политичките лидери и на претставниците на граѓанските организации од овој регион да учествуваат во активностите во рамките на Конференцијата за иднината на Европа, бидејќи Западен Балкан е нераскинлив дел од Европската Унија.Ова е особено и суштински важно бидејќи ако остане овој статус кво, без изгледни шанси за напредок, разочарувањето од блокадата на проширувањето ќе се прошири како канцер и врз другите процеси за европеизација на земјите од Западен Балкан.Во таа насока, многу е важно да продолжат сите предвидени национални политики за Зелената агенда за Западен Балкан, како дел од Европскиот зелен договор, со поддршката од Економскиот и инвестициониот план за Западен Балкан на Европската Унија.Нема никакво сомневање, и во нашите политики е апсолутно прифатено дека во справувањето со заедничките предизвици и проблеми кои не се само политички, туку и економски и социјални, социјалните партнери и граѓанските организации имаат клучна и суштинска улога со нивното активно вклучување во Зелената агенда за Западен Балкан.Овој форум и натамошното вмрежување на граѓанските организации може да го даде дополнителниот придонес во градењето на капацитетите на граѓанските организации, а регионалната соработка, како и размената на експертиза, се во врвот на нашите владини политики за поддршка.Владата успеа преку концептот на транспарентност, отвореност и отчетност да ги доближи институциите до граѓаните. Преку граѓанските организации, преку синдикатите и другите граѓански здруженија, тие се вклучени во процесите за креирање на сите владини политики.Тоа е нашиот начин на креирање политики, закони, стратегии кои одговараат на интересите и потребите на сите граѓани и да бидат соодветен одговор на предизвиците кои доаѓаат пред сѐ од последиците од климатските промени.Со граѓанското општество и бизнис секторот сме рамноправни партнери во овој процес.Покажавме посветеност за унапредување на сите столбови и процеси кои се дел од овие наши заложби.Ќе издвојам само неколку примери кои се во линија со другите теми на овој Форум.Кога започна КОВИД-19 пандемијата, веднаш го активиравме социјалниот дијалог уште во раните фази и заедно со социјалните партнери креиравме мерки за ублажување на последиците по здравјето на граѓаните и за зачувување на работните места.Во делот на праведната транзиција од фосилни кон обновливи извори на енергија земјата е лидер во регионот и на местата на постоечките електрани на јаглен никнуваат новите соларни фотонапонски електрани, а низ земјата сѐ повеќе се градат и ветерни електрани.Дополнителната вредност на оваа праведна транзиција е и грижата за работниците во енергетските капацитети на фосилни горива. Никој нема да биде запоставен или да остане без работно место. Нашата политика во финансиската поддршката на инвестициите во електрани со обновливи извори е - За секој мегават, едно работно место.За нас социјалната правда не е еден чин, туку постојана борба за унапредувањето на нашето еднакво општество за сите. Таа борба не мотивира да сме истрајни и да се вложуваме уште повеќе. Уште повеќе родова еднаквост. Уште повеќе за економска еднаквост. Уште повеќе за социјална еднаквост.Дел од нашата зелена агенда е грижата за природните богатства. Ја прогласивме за Национален парк нашата убавина на природата Шар Планина, планина со најголем број врвови повисоки од 2000 метри.Со прогласувањето на дел од Шар Планина за заштитено подрачје, односно за национален парк, нашата држава го добива четвртиот национален парк и прв од прогласувањето на независноста, и прв нов национален парк после 60 години.Со Националниот парк Шар Планина, и со Осоговските планини и планината Водно како заштитени подрачја, вкупната површина на заштитени планини на национално ниво сега изнесува 13,2% од севкупната територија на Северна Македонија.Набројав неколку, од многуте проекти, програми и политики кои кај нас ги вградивме во агендите наречени Акција 21 и Европа дома, кои се практично нашето европеизирање на нашата земја.Со ова го завршувам моето обраќање на отворањето на Форумот на граѓанските организации за Западен Балкан и однапред се радувам на пораките кои за нас се насоки за унапредување на нашите политики за европеизација на нашето општество.“

Македонија | пред 4 години

samoubistvo-skopje

Приведен Србин за извршено свирепо убиство

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за општ и насилен криминал при МВР по добиено барање од Интерпол Белград, а во координација со Секторот за меѓународна полициска соработка, СВР Куманово, ОВР Кавадарци и РЦ за ГР Север, на 29.09.2021 на територија на општина Кавадарци, во место викано Шамаци, го пронајдоа и лишија од слобода српскиот државјанин А.Ф. (43) од Пожаревац, кој во Република Србија е осомничен за сторено кривично дело “свирепо убиство“ на неговиот брат. Приведениот е предаден на полициските служби на Република Србија за понатамошна постапка.

Македонија | пред 4 години

240143350_551677006054435_6591692462113688778_n

Ревакцинирани 43.6% од полнолетните граѓани во државата

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 3.014 дози вакцини, од кои 1.240 се аплицирани како прва доза, 1.730 се ревакцинирани, а 44 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со 29 септември вкупно се вакцинирани 786.979 граѓани, ревакцинирани се 726.625, а трета доза примиле 181 граѓани. 52% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирании, а 32% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација, е 47,2% , а со две дози опфатени се 43,6% од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 38% од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35% од популацијата во државата примила две дози вакцина.

пред 4 години

Mickoski-01.06

Преку глава е, смета Мицкоски за проблемот со Бугарија

Преку глава е, на граѓаните и мене од водење политики кога нѐ ставаат пред свршен чин, а таков е и случајот со нашиот источен сосед Бугарија. Ако вие ги слушавте изјавите на овие политички измамници во владата, ние уште пред 3 години ги почнавме преговорите. Вистинското прашање е зошто до ден денес никој не собра храброст да понесе одговорност што изгубија уште 3 години на овие граѓани во нашата Македонија и уште стотици илјади млади – 8 од 10 мои студенти после дипломирањето одлучуваат да ја напуштат државата бидејќи тука не ја гледаат својата иднина – рече претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервјуто за регионалната телевизија Ал Џезеира.Тој посочи дека ќе даде сѐ од себе да ги исправи неправдите кои што се нанесени на македонскиот народ, вклучително и оваа неправда која што сега се нанесува а главен мотиватор и причинител за тоа е нашиот источен сосед. Понатаму, тој ја објасни и суштината на проблемот:- Тоа што во моментот од нас се бара е да кажеме дека ние не го говориме македонскиот јазик, туку дека го говориме македонскиот јазик кој што е дел од бугарскот јазик и кој што е еден вид негов сленг, да бидам побрутален. Понатаму, треба да се откажеме од историско и културно минато, да кажеме дека Никола Карев, Питу Гули, Гоце Делчев, Дамјан Груев не биле Македонци и не се бореле за македонска држава во срцето на Балканот и дека тоа се во суштина Бугари, дека ние како Македонци практично сме резултат на Коминтерната и Тито кои што постојат од 1945-та па наваму. Па дури одат и чекор понатаму и во нивниот последен предлог велат, да бидеме Македонци и да говориме македонски јазик согласно Уставот, што значи од 1991-ва година па наваму. Да се откажеме од нашето македонско малцинство кое што живее во Бугарија и кое што доби пред Европскиот суд за човекови права во Стразбург веќе неколку пресуди. Имаме неколку декларации од Европскиот парламент во насока на македонското малцинство во Бугарија.Претседателот рече дека ова што моментално се случува во дваесет и првиот век во Европа, во лулката на цивилизацијата е геноцид на еден народ и ако политичките бирократи во Брисел гледаат низ ова прашање како: ,,Извинете, ние во Европската комисија во ЕУ одлучуваме по пат на консензус” тогаш, тие луѓе не заслужуваат тоа место каде што сега се наоѓаат и дека ќе биде првиот кој ќе се бори од внатре да го европеизира општеството, да ги споделиме нашите европски вредности, да не даваме повеќе на ниту еден сосед да си поигрува со нашето достоинство и најверојатно тогаш, ќе бидеме посакуваниот партнер кои што тие ќе го бараат да седне со нив на масата.На крајот, претседателот како директно одговорни за сето ова што ни се случува ја посочи власта и рече дека сѐ додека ни се случува да имаме 14 мртви кои што живи гореа, сѐ додека ни се случуваат криминални афери, провизии за вакцини, катастрофи во образованието, сѐ додека сме на 111 место на листата и најкорумпираната земја во Европа, со најнизок стандард, со најниско ниво на инвестиции и уште многу порази, ние за жал секогаш ќе бидеме жртва на вакви хегемониски барања и жртва на геноцид.

Македонија | пред 4 години

krazba

Фатен скопјанец кој крадел во кафеана

На 30.09.2021 околу 01..30 часот на бул.„Крсте Петков Мисирков“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар го лишиле од слобода Џ.И.(40) од с.Страхојадица, општина Зелениково, поради сомнение дека непосредно пред тоа, со употреба на сила влегол во угостителски објект на ул.„Битпазарска“, сопственост на Б.Б.(34) од Република Турција, а со живеалиште во Велес, и одзел техничка стока и пари.Во близина на местото на настанот биле пронајдени дел од предметите, а Џ.И. бил приведен во полициска станица. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 236 од Кривичниот законик.

Скопје | пред 4 години

Screenshot-2021-09-30-at-10.01.38

(ВИДЕО) Драма од филм, критичарите го испофалија: Џејмс Бонд „Не е време за умирање“ воодушевува

Филмот за Џејмс Бонд „Не е време за умирање “ дебитираше 18 месеци подоцна поради пандемијата на Ковид-19, но повеќето критичари го делат мислењето дека вредеше да се чека.Рецензиите по лондонската премиера се пофалби за петтото и последно појавување на Даниел Крег во неговиот 15-годишниот мандат на британски таен агент, што започна со „Казино Ројал“ во 2006 година.Првично требаше да излезе во април 2020 година и одложен трипати оттогаш, No Time To Die ја имаше својата светска премиера во вторникот во Лондон, со присуство на неговите sвезди и членови на британското кралско семејство.“Ова беше најпризмениот Даниел Крег и, се осмелувам да кажам, најинтимен приказ на Џејмс Бонд со моќна, неочекувана и многу емотивна исплата – дефинитивно вредна за чекање!”, напиша филмскиот критичар Скот Менц на Твитер.Во средата, ден по лондонската премиера, филмот доби рецензии со пет ѕвезди од бројни критичари.

Магазин | пред 4 години

pari-za-izjava

Се менуваат навиките за плаќање во Македонија, се помалку се плаќа во ќеш

Плаќањата со платежни картички во вториот квартал од 2021 година забележаа значителен годишен раст кај вредноста и бројот на остварените трансакции, соопшти Народната банка.Ова во значителен дел се должи на условите наметнати од пандемијата кои придонесоа за забрзано менување на навиките на граѓаните во однос на плаќањата.„Остварениот годишен раст на бројот на плаќањата со платежни картички на физичките продажни места (44,5%) во вториот квартал од 2021 година е 9 пати повисок од годишниот раст во истиот квартал од 2020 година (4,7%). Во однос на користењето на платежните картички на виртуелните (интернет) продажни места, во вториот квартал од 2021 година беше остварен висок годишен раст од 36,3%, но истиот забавува во овој квартал после исклучително високите стапки на раст од почетокот на пандемијата и е за 4,7 пати понизок од годишниот раст остварен во истиот квартал од 2020 година“, се наведува во соопштението.Од аспект на плаќањата со кредитен трансфер во вториот квартал од 2021 година, е забележан исто така значителен раст кај плаќањата на граѓаните со овој платен инструмент, со годишен раст од 47% кај вредноста на трансакциите, односно 41% кај бројот на извршените трансакции.Од Народната банка наведуваат дека од почетокот на корона-кризата па наваму, заради потребата од заштита на јавното здравје, изолација и социјална дистанца, граѓаните сè почесто ги користеле придобивките на електронското банкарство при иницирањето на кредитните трансфери.Така, бројот на електронски иницираните кредитни трансфери во вториот квартал од 2021 година се зголемил за 30% на годишна основа, остварувајќи повисоко зголемување во споредба во истиот квартал во 2020 година (27%). За извршување на плаќањата, граѓаните особено ги користеле мобилните апликации, што укажува на натамошно менување на навиките при извршување на плаќањата во прилог на користењето на дигиталните канали за плаќање.Во вториот квартал од 2021 година, бројот на плаќањата извршени со мобилен телефон пораснал со 55% на годишна основа, иако истиот е понизок од годишниот раст остварен во истиот период од 2020 година (75%). Покрај тоа, во вториот квартал од 2021 година, иако помалку во однос на употребата на мобилните апликации, и натаму расте употребата на компјутерите за извршување плаќања. Поконкретно, кај овие плаќања, во вториот квартал од 2021 година се забележува годишен раст од 18%, којшто е повисок од годишниот раст во истиот период од 2020 година, којшто изнесуваше 13%.Оттука, се забележува континуиран полугодишен раст на вкупниот број на плаќања со кредитни трансфери и платежни картички во првото полугодие на 2021 година. Најголем број од трансакциите се остварени со платежни картички (57,7% учество во вкупниот број на плаќања со платежни картички и кредитни трансфери), при што се забележува значително зголемување при употребата на истите со раст од 34,7% во однос на првото полугодие од 2020 година, додека остатокот се извршени со употреба на кредитни трансфери (учество од 42,3%) коишто бележат раст од 15,1%, споредено со истиот период од изминатата година.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Аплицирајте за студентски стипендии, повикот е отворен од утре

Министерството за образование и наука информира дека од утре започнува пријавувањето за остварување на правото на студентска стипендија, а согласно условите и критериумите наведени во конкурсот за академската 2021-2022 година кој е објавен на следниот линк. Крајниот рок за аплицирање е 15 октомври 2021 година.Од оваа година, постапката за аплицирање за стипендија е дигитализирана преку порталот http://e-uslugi.mon.gov.mk, со што значително се поедноставува начинот на остварување на правото.  Студентите кои немаат можност да аплицираат електронски, пополнуваат хартиена пријава (евидентен лист) и ја доставуваат потребната документација во Министерството за образование и наука.За најголем дел од категориите на студентски стипендии, месечните износи се зголемени, некаде и за над 80%.Дополнително, утре започнува и поднесувањето на документи за продолжување на правото на стипендија стекнато во некоја од изминатите академски години, за што секој корисник кој ги исполнува условите од договорот потпишан со МОН, доставува  потврда за запишан нареден семестар, односно година на студирање и уверение/потврда за предвидени и положени испити со успех од претходните години и индекс на увид, како докази дека има положено 80% односно 90% (зависно од типот на стипендија кој го користи) од предвидените испити. Доставата на документите се врши електронски преку http://e-uslugi.mon.gov.mk, а доколку студентот нема можност, истите ги доставува хартиено до МОН. Краен рок е 30 октомври 2021 година.МОН обезбедува поддршка при аплицирањето за секој заинтересиран кандидат за студентските стипендии преку Секторот за ученички и студентски стандард. Личните контакти на вработените во овој сектор, се наведени на следниот линк.

Македонија | пред 4 години

243000835_896480771281538_6654340809609205377_n

Герасимовски ќе решавал горлив проблем за Центар, ветува 1000 паркинг места

Ние не предвидуваме туку знаеме и имаме конкретно решение за проблемот со паркирањето, рече Горан Герасимовски кандидатот за градоначалник на СДСМ и Коалицијата во вчерашното гостување во „Само Вистина“ на Канал 5.Герасимовски зборуваше за недостатокот од паркинг местата во најгустите населби во Општина Центар. Тој рече дека има направено детална анализа во секоја урбана заедница, секое маало со кои предизвици се соочува и дали е тоа во делот на урбанизмот, хигиената или можеби зеленило.„Во делот на паркирањето најгусто е во Буњаковец, Дебар Маало и Капиштец , за истите три нудиме соодветни решенија. Нови паркинг места, продолжување на „Народен фронт“, паркирањето на монтажната гаража на цела на „Народен фронт“ понудуваме односно имаме готово решение со 200 нови паркинг места. Во Дебар Маало нудиме нови паркинг места односно ново зеленило на општинската зграда, нова општинска зграда којашто ќе биде помала во делот на бараките и предвидуваме односно дефинираме 300 нови паркинг места по цела парцела на општинската зграда. Дополнително резидентни паркинг места во цела Дебар Маало и во сите овие три населби коишто се проблематични во делот на паркирањето. Нова катна гаража во Буњаковец 220 паркинг места и уште една нова катна гаража збогатена од страна со поголем дека неколку илјади метри квадратни зеленило и нова зграда на ПУИК каде што и таму предвидуваме 210 паркинг места“, рече Герасимовски.Новите паркинг места за кои зборуваше Герасимовски се прецизирани со рокови. Тој напомена дека не станува збор за проекти за кои вика „треба да се направат“ туку решенија кои со сигурност ќе се реализираат во 2022, 2023 и 2024 година.

Скопје | пред 4 години

mickoski-intervju30092021

Мицкоски откри зошто се реши за коалиција со Села и Гаши

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за Ал Џезира вели дека обединувањето со коалицијата Алијанса на Албанците и Алтернатива со ВМРО-ДПМНЕ е се со цел да се изгради заедничка држава во која сите граѓани ќе бидат задоволни, бидејќи како што рече тој доста им е на луѓето од создавање на поделби и вештачки конфликти.Овие предизвици кои се случија со Ковид пандемијата сите не натераа да размислуваме малку од тоа што било во минатото за разлика од партиската и политичката елита која во овој момент ја води Македонија која се уште е заглавена во криминалот и никако да излезе од тој криминал. Но, генерално човештвото па и тука во Македонија работите се менуваат и начинот на живот и начинот на размислување и ценам дека на луѓето им е преку глава од создавање на артифицијални вештачки конфликт, едноставно сакаат да видат иднина и да видат надеж, потенцираше Мицкоски.Токму тоа беше мотивот и причината да ние како најголема политичка сила во Македонија, ВМРО-ДПМНЕ седнеме заедно со Коалицијата Алијанса на Албанците предводена од Зијадин Села и Алтернатива предводена од Африм Гаши да разговараме за иднината, да разговараме за тоа како да изградиме заеднички држава која што сите ние ќе ја сакаме и почитуваме без разлика на нашиот етникум или нашата конфесија, бидејќи на крајот од денот ние сите сме се родиле во нашата Македонија, тука сме тагувале, тука сме се радувале. Така што тоа беше единствениот мотив и цел да се обединиме во една ваква коалиција за иднината, коалиција против корупција, рече претседателот Мицкоски.

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања