Промени тема
Контакт
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош

Василичарски гала оперски концерт вечерва во МОБ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Магазин
image-180875

По синоќешниот, вечер во Македонската опера и балет ќе се одржи уште еден гала оперски концерт по повод празникот Василица.

Како што информираат од МОБ, за да се одбележи традицијата на Василица, кога се крши лепче со паричка, вечер публиката во фоајето ќе има можност да земе лепче со паричка, а среќниот кому ќе му се падне ќе добие гратис-билети за целата сезона на Македонската опера и балет.

— реклама —

– Традицијата востановена пред повеќе од 25 години продолжува. Оваа година нашата верна публика ќе има можност да ужива во изведбите на некои од највпечатливите арии, дуети и хорски делници од светски познатите оперски дела од композиторите: Пучини, Верди, Џордано, де Либ, Штраус – помладиот, стои во соопштението од МОБ.

Диригенти ќе бидат Бисера Чадловска и Иван Еминовиќ, режисер – Дејан Прошев, концерт мајстор – Верица Ламбевска и хор мајстор – Јасмина Ѓорѓеска.

— реклама —

На концертот ќе настапат нашите оперски уметници Славица Петровска – Галиќ (сопран), Весна Ѓиновска – Илкова (сопран), Сандра Митровска (сопран), Дешира Ахмети – Крлиу (сопран), Наде Талевска (сопран), Ирена Кавкалевска (мецосопран), Ѓорѓи Цуцковски (тенор), Зоран Сотиров (тенор), Борис Трајанов (баритон), Марјан Јованоски (баритон), Игор Дурловски (бас) и Александар Стефаноски (бас).

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8lr9pkl5nglg2N9k8ki

Драмата во МОБ продолжува: Синдикатот на културата пробува да допре до Љутков за итно да реагира

Македонија | пред 2 месеци

— реклама —
media-libraryufjk9mcscp5t7p65fx5

Директорот на МОБ одговори за обвинувањата: Нема да дозволам нарушување на дисциплината

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryrtt3n01tp0i97dq9Jay

Првата обоистка од МОБ: 30 години служам на МОБ, а денес сум жртва на тортура и мобинг

Македонија | пред 2 месеци

Ana-Karenina-3

Балетската претстава „Ана Каренина“ вечерва во МОБ

Магазин | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања