Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

Драмата во МОБ продолжува: Синдикатот на културата пробува да допре до Љутков за итно да реагира

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-library8lr9pkl5nglg2N9k8ki

Синдикатот на културата на Република Македонија (СКРМ) излезе со официјален став по вчерашните јавни изјави и случувања во Националната опера и балет, поврзани со дисциплинската постапка против обоистката Татијана Петрушевска и реакциите на директорот на институцијата, Оливер Арсовски.

Од СКРМ информираат дека внимателно ги следеле сите настани, вклучително и прес-конференциите на двете страни и јавните реакции на уметниците од оркестарот, при што нагласуваат дека биле директно споменати во јавноста и поради тоа чувствуваат институционална и морална обврска да ја појаснат својата улога и постапување.

— реклама —

Синдикатот појаснува дека правната помош не била понудена самостојно или без повод, туку била побарана директно од Петрушевска, по што правниот тим на СКРМ утврдил сериозни и груби прекршувања на постапката, со елементи на непочитување на Законот за работни односи, Законот за култура и релевантните колективни договори. Документите што СКРМ ги објави, како што се наведува, се дел од активна постапка започната со моментот на суспензијата и забраната за пристап до институцијата.

Во соопштението се укажува и на постапувањето на синдикалната организација при Оркестарот на МОБ, која, според СКРМ, требало најпрво да се обрати до централниот синдикат, а потоа јавно да реагира. Наместо тоа, реакцијата била објавена преку официјалната страница на институцијата, со содржина која, според СКРМ, создава впечаток дека ставот на синдикатот бил избрзан и донесен без консултација.

— реклама —

СКРМ потенцира дека ниту една нивна јавна позиција не е индивидуален став, туку се носи со согласност на Советот на СКРМ, во кој членуваат претседателите на сите синдикални организации, вклучително и претставници на Оркестарот при МОБ. Очекувањата дека синдикатот треба да врши поединечни консултации со секој член пред јавна објава ги оценуваат како неосновани.

— реклама —

Синдикатот нагласува дека не навлегува во причините за покренување на дисциплинската постапка, туку инсистира дека секоја постапка мора да се води строго согласно законите и колективните договори. Според СКРМ, јавните изјави на директорот се контрадикторни, бидејќи не е јасно како едно лице може да биде суспендирано, со забрана за влез и со намалување на платата за 50 проценти, а истовремено да се тврди дека не станува збор за казна.

Во соопштението се потенцира дека суспензијата е исклучителна и привремена мерка која мора да биде правно и фактички оправдана и пропорционална, а секое отстапување од овие принципи го доведува во прашање легитимитетот на мерката. Дополнително загрижува, како што се наведува, јавното коментирање и навестување оставка на синдикален претседател од страна на директор на јавна установа, што според СКРМ претставува директно мешање во синдикалната автономија и кршење на синдикалните права.

— реклама —

СКРМ очекува Министерството за култура, како надлежен орган, активно да се вклучи и да обезбеди почитување на законите, колективните договори и уставно загарантираните синдикални права, предупредувајќи дека рамнодушноста во вакви случаи значи фактичко заземање страна.

Синдикатот порачува дека нема да молчи пред самоволие, институционална незаинтересираност и кршење на законите, нагласувајќи дека законот мора да важи еднакво за сите, или престанува да биде закон. СКРМ најавува дека ќе продолжи решително да ги брани работничките и синдикалните права, со цел да се обезбеди законски и правичен исход во интерес на уметниците, институцијата и јавноста.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryufp8qi6v4r680238RLF

(Видео) Љутков, колегите ќе те паметат дека ја уби културата, а аплаузот не плаќа сметки, порачаа културните работници од протест пред МОБ

Настани | пред 1 месец

— реклама —
media-librarymq0llkanfvsk9oDax6f

Културните работници за Уставен: „Што се смени – составот или нарачката?“

Македонија | пред 2 месеци

media-librarytvdr36d5lmak03OhcLy

Софија Куновска со жестоки обвинувања за Љутков: „Најсрамен министер за култура“

Коментари | пред 2 месеци

media-librarymq0llkanfvsk9oDax6f

Клучен ден за културата: По 30 години чекање, договорот за култура повторно под знак прашалник и на маса во Уставен суд

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања