„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Директорот на МОБ одговори за обвинувањата: Нема да дозволам нарушување на дисциплината

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 часа -

Македонија
media-libraryufjk9mcscp5t7p65fx5

Директорот на НУ Национална опера и балет, Оливер Арсовски, со јавно соопштение реагираше на обвинувањата изнесени од вработената Татијана Петрушевска, оценувајќи ги како невистинити, паушални и штетни за угледот на институцијата.

— реклама —

Арсовски посочи дека Националната опера и балет, како најголема културна институција во државата со над 500 вработени, мора да функционира врз основа на јасна хиерархија, прецизна поделба на одговорностите и доследно почитување на работната етика и дисциплина. Според него, во оркестарот постојат јасно утврдени улоги, што е суштински принцип за нормално функционирање на единствената оперска куќа во државата.

Тој нагласи дека секое отстапување од воспоставениот систем директно влијае врз работата на целата институција и дека улогата на управата не е да зазема страни, туку да обезбеди ред, дисциплина и зачувување на уметничките стандарди. Во таа насока, Арсовски истакна дека нема да дозволи нарушување на работните процеси, ниту непочитување на редот, дисциплината и хиерархијата во оркестарот, каде диригентот има улога на водечки авторитет.

— реклама —

„Нема да дозволам лични нетрпеливости на поединци да се манифестираат преку непочитување кон колегите и кон странските соработници, со кои со години заеднички работиме на квалитетни продукции за нашата публика“, наведува Арсовски.

Тој додаде дека институцијата и понатаму ќе постапува согласно своите интерни правилници и во законската рамка, со цел заштита на колективот, публиката и интегритетот на оперската и балетската уметност. Воедно, упати апел до Синдикатот на културата да не подлегнува на влијанија од поединци кои, како што наведува, ја злоупотребуваат неговата улога, туку да продолжи да се залага за правата на колективот и достоинството на институциите.

Во однос на конкретниот случај, Арсовски истакна дека поради тоа што е во тек дисциплинска постапка, нема да изнесува факти во јавноста. Сепак, нагласи дека постојат изјави од вработени, како и изјава од диригентот на претставата, врз основа на кои е донесен предлог за покренување дисциплинска постапка и решение за суспензија, согласно Законот за култура.

Тој ги отфрли тврдењата дека против Петрушевска претходно не биле водени постапки, наведувајќи дека во повеќе наврати вработени од оркестарот побарале заштита од нејзиното однесување.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryrtt3n01tp0i97dq9Jay

Првата обоистка од МОБ: 30 години служам на МОБ, а денес сум жртва на тортура и мобинг

Македонија | пред 11 час

Ana-Karenina-3

Балетската претстава „Ана Каренина“ вечерва во МОБ

Магазин | пред 2 години

mob

„Госпоѓиците од Авињон“ вечерва во МОБ

Магазин | пред 2 години

image-180875

Василичарски гала оперски концерт вечерва во МОБ

Магазин | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања