Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

Screenshot-2021-09-29-220146

(ВИДЕО) Драма сред изборна дебата: Охриѓанец фрлаше со вегета

Кндидатот за градоначалник на Општина Охрид од ТМРО, Гоце Цветкоски направи драма за веме на телевизиското гостување во ТВ24 каде што имаше свое изборно претставување.За време на целото гостување не одговори на ниту едно прашање туку се обидуваше да ги дискредитира останатите противкандидати.Во еден момент покрај знамето од Вергина извади и зачин вегета. Со итата започна да ги нуди сите во студиото за да „замезат“, но никој не беше заинтересиран па тој почна да фрла со неа.„Оваа вегета ми ја дадоа во Охрид, да им дадам малку на колегиве да замезат. Да замезите со парите што ги лапате од населба Црногорци, Охрид, вегета“, изјави тој.Моментот можете да го погледнете на 18:10

Македонија | пред 4 години

pretepan

Татко си ја истепал ќерката, мајка и пријавила во полиција

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека човек ја истепал својата малолетна ќерка во семејниот дом во Карпош.„На 29.09.2021 во 00.00 часот во СВР Скопје, С.Ј.(39) од Скопје пријавила дека на 28.09.2021 околу 15.30 часот во семејниот дом на подрачјето на Карпош нејзината малолетна ќерка, по претходно недоразбирање, била физички нападната од нејзиниот татко И.Ј. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информираат од МВР.

Скопје | пред 4 години

b289bbc8a564f0147cfc-768x576-1

(ВИДЕО) Вистинска дама: По бањарка и чаша вино тргна по „пајакот“ кој и го зеде автомобилот

Ако некогаш „пајак“ ви го зел автомобилот, тогаш веројатно многу добро знаете колку стрес и нервоза тоа може да предизвика.Ретко кој возач мирно ја прифаќа веста дека „пајакот“ му го зел автомобилот и згора на тоа се соочува со висока казна, но оваа жена од српскиот град Шабац направи нешто што ги воодушеви корисниците на социјалните мрежи. Таа дојде по својот автомобил во сосема неочекувано издание.Видеото од моментот кога опуштено доаѓа по својот автомобил во бањарка и со чаша вино во раката стана вирален хит.Видеото беше проследено со позитивни коментари од корисниците. Таа доби многу комплименти за неверојатно симпатичната реакција: „Права госпоѓа“, „Ова се вика дама“, „Ова значи да се има стил“, „Вистинска дама“.

Магазин | пред 4 години

PBL_2010

Претставата „Поделби“ на сцената во МНТ

На големата сцена во Македонскиот народен театар, на 14 октомври, со почеток во 20 часот, ќе се одигра претставата „Поделби“ од авторот Добрица Ќосиќ, по драматизација на Спасоје Ж. Миловановиќ, а во режија на Југ Радивојевиќ.Гостувањето е копродукциски проект меѓу Српското народно позориште – Нови Сад, Народното позориште – Ниш и Народното позориште – Приштина, со седиште во Грачаница.Станува збор за едно од најзначајните дела на српската литература по Втората светска војна, „Поделби“, која премиерно беше одиграна на 11 март 2021 година во Народното позориште – Ниш.Според драматургот Кнежевиќ, за да се постави текстот „Поделби“, било неопходно да се направи драстична селекција на многубројните поединечни поделби со кои романот изобилува. Од кога основната линија е извлечена и кога личната и семејната трагедија на Урош Бабовиќ е ставена во прв план, поделбите станаа театарски поделби.Кога по претставата ќе слегнат впечатоците за естетиката (и пораката) од она што сме го виделе на сцената, дури и кога мислењата би ни се разликувале, верува дека сите (или речиси сите) ќе се сложат во едно: без оглед на театарската форма, овие и ваквите поделби, со својата суштина, најмногу личат на античка драма.Во претставата играат: Небојша Савиќ (Урош Бабовиќ, селски газда), Соња Дамјановиќ (Вида, негова жена), Mилош Цветковиќ (Милош, нивниот син), Вуашин Ранѓеловиќ (Вита, нивниот слуга), Милан Ковачевиќ (Адам Катиќ, селскиот газда), Григорије Јакишиќ (Душан Катиќ, студент, неговиот син), Игор Дамњановиќ (Љубиша Дачиќ, нивниот слуга), Страхиња Бојовиќ (доктор, граѓански политичар), Дејан Цицмиловиќ (Коста Цветиќ, мајор), Валентин Венцел (германски офицер) и Бојана Милановиќ (невестата).Билетите се пуштени во продажба преку веб-страницата www.mnt.mk и на билетарницата во МНТ.

Магазин | пред 4 години

Popis-2021-14-750x430-1

Нема да се пролонгира на рокот за спроведување на пописот

Нема потреба од пролонгирање на рокот за спроведување на пописот, бидејќи целиот процес ќе биде комплетиран навреме, изјави директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски за ТВ21 .Дел од граѓаните се жалат дека попишувачите воопшто не дошле во нивните домовиСимовски вели дека е разбирливо некој да остане последен попишан и додава дека е среќен што граѓаните реагирале што попишувачите сѐ уште не ги посетиле.Oд Владата соопштија дека не е разговарано за пролонгирање на пописот, и дека ДЗС ќе го има последниот збор.

Македонија | пред 4 години

A.Filipovski-press-29.09.2021-god.

Филиповски: Ќе го затвориме Усјанскиот канал, а просторот ќе прерасне во нова рекреативна зона

„Заедно со градот Скопје предвидуваме конечно затворање на Усјанскиот канал. Сите знаеме дека тука со години несовесно се одложува отпад, а акциите за чистење реално не претставуваат трајно решение. Покрај затворањето, просторот целосно ќе се преуреди и ќе прерасне во нова рекреативна зона“, изјави Александар Филиповски, кандидат за градоначалник на СДСМ и коалицијата во општина Аеродром, на вечерашната маалска средба со граѓаните на Лисиче, во близина на Усјанскиот канал, заедно со градоначалникот на градот Скопје, Петре Шилегов.Граѓаните изразија поддршка за овој проект, затоа што конечно ќе се стави крај на непријатната миризба во овој дел од општината. Јавниот простор ќе добие нов лик и ќе се стави во функција на сите граѓани.На маалската средба Филиповски ги истакна и другите проекти кои се предвидени во програмата на СДСМ за Лисиче.Еден од главните проекти е реконструкцијата на градинката „Пчелка“, со што конечно ќе се подобрат условите за згрижување на најмладите.- Предвидуваме обнова и на партерниот дел околу трговскиот центар. Таму ќе има и нови жардиниери, со околно зеленило. И овој јавен простор ќе биде побезбеден за движење на сите граѓани, но и ќе се подобрат условите за работа на малите локални бизниси. Исто така, ќе го уредиме и просторот зад паркот „Бановина“, кој сега претставува дива депонија, истакна Александар Филиповски.Градоначалникот Петре Шилегов се осврна на клучните проекти кои се реализирани во Аеродром во изминатите четири години. Целосно е реконструиран булеварот „АСНОМ“, а направени се и неколку маалски паркови, нови дрвореди и нови вело – патеки. Исто така, во моментов завршува и изведбата на мостот од Аеродром до Саем, кој претставува сериозно инфраструктурно решение за овој дел од градот.

Скопје | пред 4 години

kombi1-872x610-1

На Балканов не може ништо да ве зачуди: Автомобил напикан во комбе можеше да направи трагедија

Неверојатна снимка кружи на TikTok, и покажува дека на Балканот се е можно. На него се гледа автомобил во комбе.Комбето има регистарски таблички од Јагодина, додека регистарските таблички од автомобилот се отстранети.https://www.tiktok.com/@kladzo/video/7006322226274340101?referer_url=https%3A%2F%2Fwww.atvbl.com%2F&referer_video_id=7006322226274340101&refer=embed&is_copy_url=0&is_from_webapp=v1&sender_device=pc&sender_web_id=7013429959780812294Друг детал кој привлекува внимание е што автомобилот не е ни врзан. Се чини дека тој е само внесен во комбето, и дека може да се лизне во секој момент.Со придружната музика и коментарот дека ова постои само на Балканот, снимката е објавена на Тикток и веќе има огромен број прегледи.

Магазин | пред 4 години

finansiska-policija

Директорот на финансиска полиција се заканува дека ќе прати инспекција во Општина Сопиште, вели ВМРО-ДПМНЕ

Заев во паника од пораз ги злоупотребува државните институции за политички притисоци. Арафат со нова задача, ќе пуштал инспекции во Сопиште зошто не е негов градоначалникот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Знаат дека ќе изгубат и затоа Зоран Заев го вклучува неговиот механизам за притисоци.Директорот на Финансиската полиција се заканува дека ќе прател инспекција на градоначалникот на Сопиште, Стефче Трпковски и така на сила ќе го сменеле. Истиот тој Арафат пред неколку дена испорача и кривична пријава, што беше брутална нарачка од власта на градоначалникот на Петровец, Борче Митевски.Наместо програма - закани, наместо работа - злоупотреби. Затоа, жестоко ќе изгуби криминалната коалиција СДСМ-ДУИ“, се вели во соопштението.

Скопје | пред 4 години

Нема фотографија

Заев: Зимбаков покажа како се работи чесно, одговорно и посветено за своите сограѓани

Почитувани граѓани, жителки и жители на Босилово, До мене е Зоран Зимбаков нашиот кандидат за градоначалник и актуелен градоначалник на Босилово. Зимбаков е најдобрата понуда за вашата општина, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев.„Зимбаков во овие четири години покажа како се работи чесно, одговорно и посветено за своите сограѓани за својата општина, се докажа како успешен менаџер во водењето на општината и тоа ќе продолжи да го прави и во следните четири години.Зимбаков е чесен, угледен, одговорен човек кој не бега од предизвици, кој го слуша вашиот глас и заедно со вас ги решава проблемите.Помеѓу градоначалникот и граѓаните не смее да има никакви пречки, туку редовна директна и двострана комуникација за брзо решавање на предизвиците. Тоа Зоран го покажа во овие четири години, а ќе го покаже и во следниот.Заедно со него се обврзуваме, овде во Босилово да воведеме дигитален онлајн систем за директен контакт на градоначалникот и советниците со граѓаните, а на иницијативите кои ќе дојдат од граѓаните да бидат одговорени во рок од 10 дена.Така работат одговорни посветени градоначалници, така работи СДСМ, секогаш со и за народот.Затоа Најдоброто е препознаено од граѓаните, затоа победуваме овде во Босилово, затоа победуваме во општините низ целата држава“, вели Заев.

Македонија | пред 4 години

5A1423C7-8F79-47A1-AF89-C8C4AC267E4C

Изгоре куќа во село Волково

Целосно изгоре куќа во село Волково, во сопственост на Б.Ц. (57), соопшти МВР.Пожарот бил пријавен вчера во 13:40 часот во Полициската станица Ѓорче Петров.Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, пожарот е изгаснат, а повредени нема. Увид извршила екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 4 години

032d67e65e76d0cfe2b1a6e705a5912d

Даниел Крег воодушевен од изгледот на Кејт Мидлтон

Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, со својот изглед ги засени актерите на премиерата на најновиот филм за Џејмс Бонд во Лондон. Таа носеше златен фустан украсен со илјадници кристали и монисти, креација на Џени Пакхем. Фустанот чини 3.000 евра. Својот изглед Кејт го дополни со големи златни обетки и златни сандали.Премиерата на филмот „Не е време за умирање“ се одржа во Ројал Алберт Хол, а со Кејт и Вилијам, беа и принцот Чарлс и Камила. Членовите на кралското семејство пред премиерата се сретнаа со ѕвездите на филмот, Даниел Крег кој го игра Бонд, но и Рами Малек, Лео Сејду и Лашан Линч.„Изгледате многу убаво“, ѝ рекол Даниел Крег на војвотката, пренесува „Дејли меил“.Принцот Чарлс е покровител на Британскиот филмски институт, а неговиот син Вилијам е претседател на Британската академија за филмска и телевизиска уметност (Бафта).Премиерата на новиот Бонд е од хуманитарен карактер бидејќи целиот приход оди за организации кои ги поддржуваат сегашните и поранешните разузнавачки агенции; Тајната разузнавачка служба (МИ6), Службата за безбедност и Центарот за комуникации на Обединетото кралство (ГХХК) и поранешни и сегашни припадници на специјалните сили на Обединетото Кралство.Новиот филм за најпознатиот агент е одложен повеќе од една година, а во кината ќе почне да се прикажува во четврток.

Магазин | пред 4 години

20797-edna-godina-od-svieropoto-ubistvo-na-mladiot-fudbaler-janushev-ubiecot-e-se-ushte-na-sloboda

Ѓорѓиевски: Не дозволувам 100 згради во Расадник

На овие избори со мојот тим настапуваме со сериозна програма со околу 70 проекти, кои се добиени во соработка со граѓаните, знаеме што му недостасува на нашиот народ и ние се обврзуваме да ги реализираме. Граѓаните ќе бидат на прво место и фокусот ќе биде насочен кон нив. Не влегуваме во оваа битка за провизии, туку да ги промениме состојбите во Кисела вода, изјави Орце Ѓорѓиевски, кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Општина Кисела Вода во дебата на Телма телевизија со останатите кандидати.Ѓорѓиевски истакна дека еден од фокусот во мандатот ќе му биде зеленилото, но и заштита на Расадник каде вели дека за неговата иднина ќе одлучат граѓаните.- Потпишав меморандум со здружението од Расадник, иницијативен одбор кој ги обедини сите граѓани и ветувам дека за Расадник ќе одиме со меѓународен конкурс за идејно решение, ќе составиме и тело каде ќе учествуваат и граѓаните и околните населби кои се засегнати и сите општествени чинители и сопствениците на плацевите. Граѓаните ќе одлучат како Расадник ќе изгледа, и тоа е последното парче слободен простор во Кисела Вода, тоа треба да се урбанизира, но не смее да се дозволи да се изградат 100 згради како што предвидуваше Темелковски, потенцираше Ѓорѓиевски.Тој посочи дека покрај тоа ќе има и до 70 хектари зелени површини, бидејќи СДСМ целосно ја запостави Кисела Вода во однос на зеленилото.- Сето она што го ветувам се обврзува да го реализирам, направена е анализа со домашни и меѓународни експерти, затоа ветуваме до 70 хектари зелени површини на територија на општина Кисела Вода преку изградба на нови современи паркови и нови рекреативни центри. Предвидуваме 2 рекреативни центри, едниот Света Петка и другиот во Драчево, рече Ѓорѓиевски.Тој нагласи дека ќе се стави крај на нерамномерниот развој на општината бидејќи во овој момент некои делови изгледаат како да се во 19 век.

Скопје | пред 4 години

43aa-Copy-19

(ФОТО) Цеца во проѕирен фустан на снимањето на „Гранд“

Фолк-ѕвездата Цеца Ражнатовиќ на снимањето на новата емисија од „Ѕвездите на Гранд“ дојде облечена во проѕирен фустан со длабоко деколте и црна долна облека. Таа и овој пат го привлече вниманието со стилот. Фановите на Цеца велат дека таа изгледа совршено секси.Но, имаше и такви што велат дека Цеца само се обидува да ја имитира Карлеуша, ама нема храброст да се соблече како Јелена. „Па и не е нешто посебно, покажала само гаќички“, коментираат.Цеца дојде во „Гранд“ пред почетокот на новата сезона на местото на Јелена Карлеуша. Таа уште во првите емисии се скара со некои од членовите на жирито. Цеца на Мили му рече дека уште ѝ должи пари, па затоа се на суд. Таа се скара и со Босанац, кој ја нарече популарна пејачка чија слава е дискутабилна. На ова Цеца му одговори дека ако тој е толку добар продуцент колку што се прави, тогаш ќе направел ѕвезда од својата ќерка, која е пејачка.

Магазин | пред 4 години

slika-5

Мицкоски: Заев вози БМВ од 100.000 евра, а народот го пикаат во болници кои горат за две минути

„Зошто велам дека Заев и власта се најлошото? За тоа што тоа што се случува изминативе четири години навистина направија да сите ние се чувствуваме буквално најлошо. Не само овде во Неготино, туку низ цела Македонија и тоа можете да го слушнете буквално од секој еден граѓанин. Ја започнаа оваа кампања за локалните избори со можеби најголемата лага досега што ја смислиле, а тоа е дека биле најдоброто во Македонија и најдоброто во секоја општина во Македонија. Како што впрочем прават сите овие четири години откако се Влада во Македонија“, истакна Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ од митингот во Неготино.Мицкоски додаде дека СДСМ и Заев единствено се најдобри по лажење и по крадење. Тука на СДСМ им нема рамен.„За тоа што се најдобри во лажење и во крадење денеска Македонија е најкорумпираната држава во Европа, со најкорумпираните политичари во Европа, и тоа не го велам јас за тоа што сакам на тој начин да им мислам лошо туку тоа го велат реномирани и кредибилни европски институции. Никогаш во овие триесет години не сме имале покорумпирана и покриминална Влада од оваа која што денеска ја има“, рече Мицкоски.Мицкоски посочи дека власта на СДСМ се најдобрите предавници кои што некогаш се родиле овдека во Македонија.„Се сеќавате на оние ветувања кога велеа дека ќе донеселе живот, ќе обезбедиле најдобри услови за работа на земјоделците, а вчера доаѓам од Ресен и таму некој ден пред, односно во понеделникот Зоран Заев се паркираше со најновото патничко возило од марката БМВ кое што верувале или не чини ни повеќе ни помалку точно 3 милиони килограми квалитетно ресенско јаболко. Точно три милиони килограми. Денеска еден килограм во Ресен се купува по два денари. Не е ни подобра ситуацијата во Тиквешијата, кај лозарите, го видовме нивниот револт, не е ни подобра ситуацијата во Кочани и кочанско кај оризопроизводителите. Буквално насекаде гледаме порази, насекаде гледаме понижувања. Далеку од тоа дека е најдобро, напротив најлошо“, нагласи Мицкоски.Мицкоски рече дека нема нарко бос на Балканот кој што нема македонски пасош, и тоа издаден од МВР предводено од Оливер Спасовски, најверниот слуга на Зоран Заев.„Власта најлошо убедливо се справија со КОВИД во Европа. 14 луѓе живи гореа, 14 луѓе во тешка мака го загубија својот живот во Тетово, а нив мува не ги лази. Еве неколку недели поминаа, а нема ниту еден од нив не успеа достоинствено да се одважи и да понесе одговорност. Да речат да виновни сме, а виновни се. Зошто се виновни? За тоа што пуштија во употреба објект, пуштија во употреба болница која што наместо да лечи, стана пекол за пациентите во нејзе. Виновни се од првиот до последниот. Но, затоа пак за Зоран Заев нема вина таму, вели дека тој што треба прв да одговара денеска Венко Филипче бил најспособниот министер за здравство кој што некогаш го имала Македонија“, истакна Мицкоски.,Мицкоски додаде дека Заев се вози во БМВ од 100.000 евра, додека народот го пикаат во болници кои горат за две минути.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

„Јутјуб“ ги забрани содржините против вакцини

Компанијата „Јутјуб“ ќе ги блокира сите содржини против вакцини на својата веб-страница, објави „Вашингтон пост“.Во извештајот се наведува дека „Јутјуб“ ќе забрани содржина против вакцини што не се однесува само на вакцини против ковид-19, туку и на други вакцини, како што се оние против мали и големи сипаници.Повикувајќи се на зборовите на потпретседателот на „Јутјуб“ за прашања од глобална доверба и безбедност, Мет Халприн, „Вашингтон пост“ посочува дека компанијата ќе забрани и познати активисти кои се борат против вакцините и дека ќе го стори тоа со откажување на неколку профили.Ова вклучува содржини што лажно тврдат дека одобрените вакцини предизвикуваат аутизам, рак или неплодност, или дека супстанциите во вакцините можат да ги следат оние што ги примиле“, се вели во соопштението на компанијата.Платформата претходно воведе правило за забрана на дезинформации во врска со коронавирусот за време на пандемија, вклучително и оние за лекување и превенција.Меѓутоа, во средата, таа инаведе дека лажните тврдења се прелеале и во други области на медицината.

Магазин | пред 4 години

g2G0r-screenshot-16

ВИДЕО: ДУИ со пиштоли и пукање пред седиштето тера избори во Чаир

На отворањето на седиштето на ДУИ во Чаир, при застанувањето на Изет Меџити на говорницата, може да се види како учесник на митингот неколку пати пука од огнено оружје, на тој начин загрозувајќи го животот на присутните.Според видеото кое го објави "Плусинфо", може да се заклучи дека истрелите се во знак на поддршка на Меџити кој во тој момент држи говор.Засега нема официјална реакција од Министерството за Внатрешни работи во врска со овој случај. 

Скопје | пред 4 години

WhatsApp-Image-2021-09-27-at-12.18.36

Герасимовски најави ревидирање на сите преостанати ДУП-ови

Задржување на зеленилото наместо бетонизација, Горан Герасимовски, кандидатот за градоначалник на СДСМ и Коалицијата најави ревидирање на сите преостанати ДУП-ови кои останаа недонесени или неусогласени со Градскиот урбанистички план. Герасимовски во вечерашното гостување на „Само Вистина“ на Канал 5 потенцираше дека од 33 ДУП-ови 9 се ревидирани.„Од тие девет ревидирани ДУО-ви може да се пофалиме дека 14 000 м2 се задржани во зеленило наместо во бетонизација како во го имаа нацртано претходно ВМРО-ДПМНЕ. Имаме нов памп-трак кај Олимписки базен наместо хотел. Приоритет ни се ДУО-овите за да го задржиме јавното добро да ги намалиме катностите каде не се потребни“, рече Герасимовски.Тој пред граѓаните се обврза дека по 17 октомври во делот на урбанизацијата нема да отстапи ниту педа од државното земјите и секое државно земјиште ќе биде или градинка, училиште или културен центар, рече Герасимовски. Приоритет за ревидирање на ДУО-овите според Герасимовски се оној во Буњаковец и Дебар Маало.“Ова не е време на ВМРО-ДПМНЕ кога во три часот наутро се менуваат ДУП-ови и се цртаат згради туку има јавни анкети каде што граѓаните имаат целосен увид во сите ДУП-ови пред тие да се донесат. ВМРО-ДПМНЕ измени 10 ДУП-ови за да цртаат згради на одредени локации со Скопје 2014. Таков начин е недопустлив за еден град и ние ветуваме дека за секој поголем проблем ќе има одредена комисија составена од стручни лица од урбанизмот, архитекти кои ќе дадат предлози дали тие треба да се градат и на кој начин се архитектонски издржани“ потенцираше Герасимовски.

Скопје | пред 4 години

WhatsApp-Image-2021-09-27-at-12.18.36

Герасимовски: Ова не е време на ВМРО-ДПМНЕ кога во три часот наутро се менуваат ДУП-ови

Задржување на зеленилото наместо бетонизација, Горан Герасимовски, кандидатот за градоначалник на СДСМ и Коалицијата најави ревидирање на сите преостанати ДУП-ови кои останаа недонесени или неусогласени со Градскиот урбанистички план. Герасимовски во вечерашното гостување на „Само Вистина“ на Канал 5 потенцираше дека од 33 ДУП-ови 9 се ревидирани.„Од тие девет ревидирани ДУО-ви може да се пофалиме дека 14 000 м2 се задржани во зеленило наместо во бетонизација како во го имаа нацртано претходно ВМРО-ДПМНЕ. Имаме нов памп-трак кај Олимписки базен наместо хотел. Приоритет ни се ДУО-овите за да го задржиме јавното добро да ги намалиме катностите каде не се потребни“, рече Герасимовски.Тој пред граѓаните се обврза дека по 17 октомври во делот на урбанизацијата нема да отстапи ниту педа од државното земјите и секое државно земјиште ќе биде или градинка, училиште или културен центар, рече Герасимовски. Приоритет за ревидирање на ДУО-овите според Герасимовски се оној во Буњаковец и Дебар Маало.“Ова не е време на ВМРО-ДПМНЕ кога во три часот наутро се менуваат ДУП-ови и се цртаат згради туку има јавни анкети каде што граѓаните имаат целосен увид во сите ДУП-ови пред тие да се донесат. ВМРО-ДПМНЕ измени 10 ДУП-ови за да цртаат згради на одредени локации со Скопје 2014. Таков начин е недопустлив за еден град и ние ветуваме дека за секој поголем проблем ќе има одредена комисија составена од стручни лица од урбанизмот, архитекти кои ќе дадат предлози дали тие треба да се градат и на кој начин се архитектонски издржани“ потенцираше Герасимовски.

Скопје | пред 4 години

FAdgtr2XEAQSs32

Без камери дојде, а така и си отиде, преку „Твитер“ Вархеј и Заев кажаа што имаа

Посетата на еврокомесарот за проширување и добрососедство Оливер Вархеји на Скопје мина во молк, далеку од очите на јавноста и медиумите и без официјални најави за активностите.„Западен Балкан е главен приоритет за Европската Комисија. Иднината на регионот е во Европската унија. Разговаравме како да го унапредиме проширувањето со отварање пристапни преговори за Македонија и Албанија, напиша на Твитер еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји по средбата со премиерот Зоран Заев во Скопје.Освен ова, нема никакво соопштение по разговорите.Со твит по средбата се огласи и премиерот Зоран Заев, кој напиша дека една од темите на разговор со Вархеји, беа и подготовките за претстојниот самит за Западен Балкан во Словенија, следната недела.„Европскиот пат е важен за двете страни. За Македонија и за Европската унија. Посветени сме на тој процес“, напиша Заев на Твитер.Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, вчера престојуваше во Скопје и рече дека целта е С. Македонија и Албанија да започнат преговори за членство пред крајот на годинава.

Македонија | пред 4 години

1011389_2733975-whatsappimage20210929at11.21.33am-ff_ff

(ФОТО) Цела српска естрада на погребот на Марина Туцаковиќ

Денеска, во Белград е погребана Марина Туцаковиќ, најпознатиот текстописец во поранешна Југославија. Таа почина пред десет дена по долга борба со ракот на дојката. Марина е погребана покрај синот Милош, кој почина во 2008 година.На гробиштата во Нов Белград прв пристигна сопругот Александар Радуловиќ – Фута. Композиторот беше болен од корона и не дозволи да ја погребаат додека тој не оздрави, пренесоа српските медиуми.На последното испраќање на Марина дојдоа голем број нејзини соработници и пријатели. Цеца, Јелена Карлеуша, Жељко Јоксимовиќ, Саша Матиќ, Оливер Мандиќ, низ солзи се простија од славниот текстописец.Синот на Марина, Лака, претходно побара од фановите да не доаѓаат на погребот, туку да ги слушаат песните на мајка му во нејзино сеќавање. Тој рече и дека на погребот ќе може да дојдат само оние што ќе покажат сертификат дека се вакцинирани против коронавирусот.

Магазин | пред 4 години

Screenshot-2021-09-29-at-19.38.33

Данела ги праша скопјани: Како Шилегов ќе ви помогне, ако тој не се сврте кога негов соработник падна до него?

Данела Арсовска го искоментира потегот на Петре Шиелгов, кој кога девојка падна зад него, тој продолжи со неговиот говор. Таа вели дека тој е агресивен, а ако не помага на неговите соработници, прашува како би помагал на скопјани?„Јас сум жена и мајка. Ме фрапира агресивноста од спротивната страна, која не препознава кога на некој што стои покрај него, кој е дел од неговиот тим, кога ќе падне и кога ќе му се слоши треба да се завртите и да му помогнете, да го дигнете и да видите дали е во ред. А не да продолжите да зборуваме и да не се свртите што се случува. Треба да се грижите за луѓето околу вас. Ако не се грижите за своите соработници, како ќе се грижите за луѓето околу вас? На Скопје не му треба алчни и арогантни луѓе“, рече Арсовска.Девојка се струполи од бината на вчерашниот предизборен митинг на актуелниот скопски градоначалник Петре Шилегов во паркот „Ибни Пајко“ во Кисела Вода.Како што може да се забележи од видеото, додека Шилегов говори пред граѓаните за идните проекти, една од девојките кои стоеја зад неговиот грб одеднаш падна од бината. Актуелниот скопски градоначалник на кратко се сврте, но веднаш продолжи да зборува пред граѓаните.Засега не е позната здравствената состојба на девојката, а некои медиуми објавија дека таа е кандидатка за советник во Град Скопје од редовите на СДСМ.Во продолжение, погледнете го видеото:

Скопје | пред 4 години

kotlar

Котлар Трајкова: Во мојот мандат ќе се ревидираат сите ДУП-ови

„Колку што ми е познато мене од 31 ДУП, само четири се ревидирани. Постоеше една амбициозна да речам програма која што требаше да биде во насока на оној термин – мораториум меѓутоа бидејќи тоа не е уставно одеа како што одеа работите. Мислам дека треба да се ревидираат сите ДУП-ови , мислам дека последниот што го прочитав податок беа 22 ДУП-а и 11 елаборати во однос на ситуацијата со Холидеј Ин. Мислам дека овдека треба да се интервенира, за тоа што проблемите кај нас се и во Законот за градежништво и Законот за урбанистичко планирање, значи сите аномалии ни се во тоа“, истакна Наташа Котлар Трајкова, кандидат за градоначалник на општина Центар во гостувањето во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 телевизија.Котлар Трајкова додаде дека сериозно во тоа треба да се интервенира, барем како локална самоуправа што преставува како јавен интерес и до каде можат да се однесуваат некои нешта.„Наводно Општината изготви 11 елаборати, меѓутоа добија одговор од страна на министерството дека тоа не се прифаќа и се даде пас да се градат тие две станбени згради од 20 ката и една деловна од 16 ката. Меѓутоа тоа е една играрија, бидејќи знаеме дека можеби е намерна грешка, наместо да се повикаат на определен член во одбраната на тие ДУП-ови одеа по погрешен член 35. Колку што знам и ДКСК во врска со овој проблем веќе поднесе иницијатива до ЈО. Ќе ве молам јавен интерес мора да биде и фактот дека некој девет пати ви го зголемува бројот на населението на определен простор и тоа создава проблеми во инфраструктурата, образовна, социјална“, рече Котлар Трајкова додека Горан Герасимовски од СДСМ бранеше натамошна бетонизација на Центар.Котлар Трајкова посочи дека таа разликува јавен интерес од личен интерес на поединци.„Се додека не се постави неопходниот баланс во однос и на територија и на населеноста, и на градбата ќе имаме многу ригорозен однос кон понатамошно градење. Може да се гради само во Маџир маало и во Крњево“, појасни Котлар Трајкова.

Скопје | пред 4 години

7A7AE7BD-15EF-4CC7-AF1F-2780C8F479F2

Арсовска влегува по домови, објави што ѝ велат кога ќе ја примат

Независната кандидатка за градоначалник на град Скопје, Данела Арсовска денеска на теренската активност од врата на врата посети повеќе домови од скопската населбата во општина Центар - Водно, каде што со граѓаните разговараше за приоритетните проекти и понуди брзи решенија за нивните проблеми, со цел подобрување на квалитетот на животот во ова населено место.Целосно завршување на изградбата на втора фаза од жичарата на Водно со цел овозможување на полесен и брз пристап за сите граѓани, но и за туристите кои сакаат да го посетат Водно, заштита на зеленилото и подобрување на инфраструктурата во овој дел од градот се дел од клучните проблеми и потреби кои граѓаните ги истакнаа во разговор со кандидатката Арсовска.„Ме радува што граѓаните ја препознаваат мојата визија и идеи за подобро Скопје и верувам дека заедно преку соработка и во интерес на сите скопјани ќе реализираме квалитетни и издржливи решенија за Скопје како модерна метропола. Тоа го заслужуваат моите сограѓани. Јас не сум политичар и нема да бидам. Ќе работам исклучиво во служба на граѓаните, а тие ќе бидат мојот коректор со цел успешно реализирање на програмата за модерно Скопје“, изјави Арсовска по средбата со жителите од Водно.

Скопје | пред 4 години

Нема фотографија

Антикорупциска ќе гони двајца од ДУИ? Со државни возила се возат за да промовираат партиска агенда

Антикорупциска најави дека ќе побара одговорност за двајцата министри кои во работно време и со службено возило отидоа до партиското седиште да одржат прес конференција. Министерот за животна средина Насер Нуредини а претходно и министерот за надворешни работи Бујар Османи наместо да ја вршат својата работа како министри тие ја промовираа изборната агенда на ДУИ. ТВ 21 го праша министерот Нуредини дали злоупотребува државни ресурси за партиски цели.„Најнапред ќе се обидеме да ги добиеме нивните изјави дека да, навистина возилото е користено за партиски активности во време на изборниот процес и доколку е така како што имавме и во претходните изборни циклуси примери ќе испратиме до Владата иницијатива за поведување одговорност на функционери кои што го злоупотребиле односно го користеле службеното возило за партиски цели“, истакна Билјана Ивановска.До Антикорупциска има стигнато и пријава на злоупотреба на службена положба односно користење на службено гориво во приватни автомобили, а членовите на комисијата упатуваат и на тоа што постојано има скриен начин на водење предизборна кампања. Сепак се жалат дека за тоа нема санкции.

Македонија | пред 4 години

aleksandar-nikolovski-nikoloski

иколоски: Набавката на индиски ореви и виски од директорот на ЈП Македонски железници го покажува дното

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање како ја коментира набавката на индиски ореви и виски од страна на ЈП Македонски железници, рече дека ова само го покажува дното што го имаат допрено, како и дека во услови кога железничката инфраструктура е катастрофална покажува само колку забегале.Видов во текот на вчерашниот ден објава на Бирото за јавни набавки, каде што директорот на Македонски железници на фирма која што, да знае јавноста, 6 месеци касни со платите на вработените, објави тендер за набавка на обично виски, на виски старо 12 години, не знам ни како ги знаат вака, како ги разликуваат, очигледно има добар вкус, па на индиски ореви, лешници, па на бадеми, па на ф’стаци, па на чисто чоколадо, па на чоколадо мешано со ф’стаци, па на чоколадо мешано со ореви - исто така очигледен добар вкус што само го покажува дното што го имаат допрено, а тоа е дека немаат никакво чувство за реалноста, ниту имаат чувство на кој народ се власт во овој момент и кого претставуваат во услови кога возови во Македонија не возат, кога железничката инфраструктура е катастрофална да одат со тендер за лешници, бадеми, ф’стаци, индиски ореви и 12 годишно виски покажува колку забегале, вели Николоски.

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања