Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

A.Filipovski-press-29.09.2021-god.

(ВИДЕО) Усјанскиот канал ќе се затвори, ветува Филиповски кандидат на СДСМ за Аеродром

Усјанскиот канал, кој претставува повеќедецениски проблем на граѓаните од Лисиче конечно ќе биде затворен. Овој потег претставува место и за несовесно одложување на отпад, за ширење на непријатни миризби, но оваа слика станува минато. Ова денеска го изјави Александар Филиповски, кандидатот на СДСМ и коалицијата за градоначалник на општина Аеродром.-Во соработка со градот Скопје ветуваме затворање, но и целосно уредување на потегот кај Усјанскиот канал. Овој дел ќе прерасне во зелена, рекреативна зона, која ќе можат да ја користат околните жители, посочи Филиповски.Кандидатот за градоначалник Филиповски и градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов, вечерва од 18:00 часот, ќе одржат и маалска средба со граѓани кои живеат во околината на Усјанскиот канал, со цел да им го презентираат ова решение.При денешната изјава за медиуми, Александар Филиповски посочи дека покрај унапредувањето на животната средина, како градоначалник на Аеродром сериозно ќе се посвети и на двонасочната комуникација со граѓаните.-За таа цел, ќе креираме и мобилна апликација преку која аеродромци по дигитален пат ќе контактираат со секторите при локалната самоуправа. Но, исто така ќе имаат можност да го следат и статусот на предметите, барањата во општината. Ова е начинот за да имаме проактивна комуникација, реализација на проектите и задоволни граѓани. Концептот „Најдоброто за Аеродром“ е концепт за отворена и проактивна општина, заврши кандидатот за градоначалник.Филиповски заедно со советниците попладнево оствари средби и со повеќе граѓани и дуќанџии околу ТЦ „Бисер“, при што им ги презентираше политиките и мерките за овој дел од Аеродром.

Скопје | пред 4 години

0-02-0a-203264eb8548c7deed2306d4cb300bdef1a7e0f525916357cfef647b4977619a_7a99ac84

(Галерија) Странски инфлуенсер се соблече во македонски цркви и се фотографираше со икони

Џошуа Хубард е британски ЛГБТИ активист и инфлунсер на социјалните мрежи, а неодамна ја посети и Македонија. При посетата на Македонија тој направил и неколку фотографии кои јавноста ги цени како скандалнозни, а на кои се гледа како гол по гаќи и високи потпетици се фотографирал во македонска црква.„Интересно е, отидов во посета на пазарот на Старата чаршија во Скопје, дознав дека двајца биле нападнати од омраза таму една недела пред да пристигнам. Тргнав по патеките чувствувајќи се повеќе и повеќе свесно за себе, погледите и погледите што ги добив и можноста што можеше да се преземе против мене, ако пријателот не беше со мене. При втората посета се облеков во црно“, напишал под фотографиите.Експлицитни фотографии тој има направено и на Мермерното езеро во Прилеп.

Македонија | пред 4 години

1-6

Ќе реконструира, гради, поврзува - Шилегов презентираше и други нови проекти

Градоначалникот Шилегов презентираше дел од инфраструктурните проекти за наредните 4 години што ќе бидат од суштинско значење за целосно решавање на проблемот со метежот во градскиот сообраќај.„Во Центарот на градот ја градиме најголемата пешачка зона во Европа која ќе се протега од Собрание до Палома Бјанка и од Стара Железничка до Бит пазар. Го пробиваме булевар Македонија (Јужен Булевар) како ултрамодерна подземна сообраќајница која завршува со модерен кружен тек кај Нова Македонија, а со една двокатна ротонда кај Нова Македонија и две двокатни ротонди од правецот на Бихаќка кон Рампа, го поврзуваме центарот на градот на оската исток запад, со што ќе се намали протокот на возилата на улиците Железничка и Кирил и Методиј“, изјави градоначалникот Шилегов.Според неговите веќе започнати проекти, целосно ќе биде завршен и булеварот Словенија кој ќе води до Волково и Ново Село, а ќе биде поврзан и со мостот на Љубљанска. Ова е важен коридор за комуникација на компаниите од индустриската зона Визбегово во која егзистираат околу 2.500 вработени лица, како и за сите граѓани кои патуваат кон соседно Косово.„Ја градиме улицата Цветан Димов низ Чаир за да ја претвориме во булевар со сите аршини. Профилот на сообраќајницата ќе биде со три сообраќајни ленти во секоја насока, средишно разделно зеленило од 2 метри и велосипедска и пешачка патека во двата правци. Решението ќе вклучува и БРТ станици за оската север-југ која ќе се реализира во втора фаза, а ќе биде пропратено и со соодветна урбана опрема и лед осветлување“, вели Шилегов.Град Скопје има студија за денивелирана крстосница кај судска палата помеѓу булеварите Крсте Петков Мисирков и Гоце Делчев. За да се зголеми протокот на крстосницата, ќе се направи денивелација на сообраќајните ленти кои се вкрстуваат, а пешаците и велосипедистите ќе се одвојат на посебни и безбедни коридори, кои ќе им овозможат побрз премин над раскрсницата.„Одново ќе го изградиме мостот Обединети нации. Со воведувањето на БРТ системот, потребно е негово проширување со функционални 6 ленти, но и пошироки велосипедски и пешачки патеки. Затоа, во изведбата на БРТ во Скопје, предвидена е изградба на ваков нов челичен мост. Мостот на АСНОМ го пуштаме наскоро, а булеварското решение кај Керамидница очекувам да биде готово до крајот на следната година. Овој мост поврзува 3 општини: Аеродром, Центар и Гази Баба“, заклучува Шилегов.Скопје за 4 години ќе биде град со нови, современи и квалитетни инфраструктурни решенија градени по сите најдобри светски стандарди за квалитет. Одржливата урбана мобилност во градот е императив од кој не се отстапува и во следните четири години. Ова се реални, остварливи и добро испланирани сообраќајни решенија кои долгорочно го надминуваат проблемот на сообраќајниот метеж во градот. Со вакви решенија Скопје добива сообраќајна инфрастуктура каква што има секоја модерна европска престолнина. Ова е најдоброто за Скопје, затоа што Скопје само тоа и го заслужува.

Скопје | пред 4 години

C567FA47-65F1-4719-949D-EA30DDB9D0DA

Арсовска и Шилегов цел ден се „препукуваат“, откако реагираше тој, се јави повторно и таа

Кандидатката Данела Арсовска реагираше по реакцијата од кандидатот Петре Шилегов:Проектите кои се дел од мојата програма нудат брзи, сигурни, професионални решенија за проблемите со кое се соочуваат сите мои скопјани. И тоа ни е потребно веднаш, не за 10 или 20 години.Незнаењето, мрзливоста и ароганцијата не му дозволуваат на Петре Шилегов да погледне пошироко од својата политичка матрица и политичка кариера. 4 години имавме градоначалник од кој не видовме ниту еден реализиран проект, освен обиди за нешто во последните неколку месеци. Изгубени во сопствената мрзливост, незнаење и фалбаџиство. Шилегов ветуваше нова гимназија, едно јаболко на секој средношколец, но нема ниту гимназија а уште помалку средношколците добија јаболко. Шилегов вети гасификација, нема реализација. Јавното сообраќајно претпријатие континуирано работи со загуби, и тоа дури 139 милиони. И истиот тој Шилегов ме обвинува мене дека ЈСП ќе биде во загуба. Мојот проект не е утопија, тоа е реалност. Вакви проекти има низ многу градови во Франција, Естонија, Луксембург. Скопјани заслужуваат модерен, брз и сигурен град,Со добро менаџирање на средствата ќе имаме ефикасни решенија.На Скопје му треба менаџер, а не политичар. На Скопје му требаат брзи и сигурни решенија. На Скопје му треба некој кој секојдневно се соочува со пробелмите и кој заедно со скопјани ќе најде решение за истите да ги реши. Доста ни е од лажни ветувања.И јас и скопјани сакаме да ги промениме работите и не смееме да се откажеме. Само со силна борба ќе создадеме надеж дека ќе се придвижиме кон подобро.

Скопје | пред 4 години

krazbi

Скопјанката која крадеше низ градот ќе се соочи со судот и можност за затворска казна

По спроведена претходна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе Обвинителен предлог против 35-годишна скопјанка која се товари за шест кривични дела – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 3 од Кривичниот законик.Обвинетата, на 3 септември, на автобуска станица кај пазарот во населбата Ченто, се качила во автобус заедно со една жена на која и отстапила место да седне. Во разговор со оштетената обвинетата дознала дека се упатила кон билетарница на ЈСП за да ја надополи картичката за превоз и за да ја стекне нејзината доверба се понудила да и помогне. Заедно се симнале од автобус, а обвинетата и кажала на оштетената да седне на клупа и дека таа ќе оди до билетарницата да ја надооплни картичката. Забележала каде оштетената го чува паричникот, па се понудила да и ја земе торбата за да не и пречи и дека за кратко ќе се врати. По тоа, обвинетата ја зела торбата во која имало паричник со картичка и пари, во вкупна вредност од 7.250 денари и заминала во непознат правец.На 8 септември, обвинетата дошла во куќа на улица „Кавадарска“ во Скопје, на сопственикот му се претставила како медицинска сестра која дошла да го прегледа и да му стави облоги на нозете. Додека тој се подготвувал за преглед, таа од домот украла паричник со 15.315 денари. На 9 и 10 септември, пак, влегла во два дома, претставувајќи се како попишувач од пописна комисија. На сопствениците им барала сертификат за вакцинација и лична карта и додека тие ги барале документите, им ги одзела паричниците во кои имало пари и банкарски картички. На тој начин од едниот дом одзела предмети вредни 1.900, а од другиот – 900 денари.Во куќата на друга оштетена, на 14 септември, обвинетата се претставила како внука на сосетката, па искористувајќи момент кога сопственичката на кратко ја напуштила просторијата, одзела паричник со околу 4.300 денари.На 21 септември обвинетата се доближила до една оштетена пред аптека во Сингелиќ, ја фатила под рака наводно за да и помогне. Оштетената одбила, по што обвинетата ја замолила да и ги даде лековите од ќесето затоа што и таа ги пие истите, а немала пари да купи. Штом го отворила ќесето, обвинетата и го грабнала паричникот и се дала во бегство, стекнувајќи се со противправна имотна корист од 3.000 денари.Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продллжување на претходно определената мерка притвор за обвинетата. ​​

Скопје | пред 4 години

BeFunky-collage-10

Шилегов народот ги памети твоите лажни ветувања, ќе видиш после победата на Арсовска што значи работа и дела, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Ако Шилегов не може да поверува во проектите кои ги нуди кандидатот за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска, тогаш тоа е негов личен проблем и тука му нема помош.Граѓаните препознаваат што се проекти од нивен интерес и затоа ќе ја поддржат Данела Арсовска.Очигледно за неработникот и неспособен Шилегов е неверојатно дека некој може да вети и да оствари капитални инвестиции во Скопје, бидејќи тој покажа дека ниту знае ниту има капацитет. Негововите ветувања од минатите избори за тунели под Кале, зип лајн, забавен парк, почист воздух, булевари мостови, останаа големи лаги.Епа Шилегов после победата на Арсовска ќе видиш што е мандат со посветена работа и дела, а не лаги и неспособност каков што беше твојот промашен мандат“.Соопштение до јавноста од ВМРО-ДПМНЕ, реакција на изјавата на Петре Шилегов

Македонија | пред 4 години

29092021_PVRSM_Regionalna-konferencija_1

Заев до младите: Ве охрабрувам да ризикувате за да ги реализирате своите идеи и својот потенцијал во нови бизниси

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија денеска преку интернет конференциска врска учествуваше на Конференцијата „Западен Балкан: Еден регион, еден пазар -Чекор кон заедничкиот пазар на ЕУ“, заедно со повеќе челници и претставници на влади, невладини организации и членови на бизнис заедницата од регионот.Учесниците на дводневната конференција, која се одржува овие два дена (28-29 .9.2021 година) во Нови Сад, Република Србија, во организација на Фондот за европски прашања на Автономната покраина Војводина, Фондацијата „Конрад Аденауер“ и Регионалниот форум за младинско лидерство разговараа за регионалните иницијативи како дел од политиката на проширување на ЕУ кон Западен Балкан, со акцент на придобивките на најновата иницијатива „Отворен Балкан“ и создавање на заеднички пазар за земјите од Западен Балкан.„Ние како влади, работиме и соработуваме, подготвени да ги слушнеме потребите на граѓаните, припадниците на бизнис секторот и коморите и водени од таа цел, заедно со лидерите на Република Србија и Република Албанија преземаме чекори и иницијативи за олеснување на нашата соработка, за надминување на бариерите и проблемите со цел создавање еден заеднички пазар и унапредување на економската соработка“, рече премиерот Заев поздравувајќи ги денешните учесници на лидерскиот панел, каде учествуваше заедно со српската премиерка Ана Брнабиќ, претседателот на Собранието на Автономната покраина Војводина Иштван Пастор, градоначалникот на Нови Сад, Милош Вучевиќ, генералниот секретар на Регионалната канцеларија за младинска соработка (РИКО) Алберт Хани и Норберт Бекман-Диркес, кој ја раководи Фондацијата „Конрад Аденауер“ во Србија и Црна Гора.Посочувајќи дека преку Берлинскиот процес се воспостави рамка и се дефинираа конкретни активности во сите области на таканаречените четири слободи на ЕУ, збогатени со дигитален, инвестициски, иновациски и индустриски столб, премиерот Заев истакна дека регионот на Западниот Балкан има обезбедена солидна основа за натамошен економски развој и соработка во социјалната и културна сфера.„Она што следи во регионот е, прво, унапредување на регионалната трговска размена на стоки и услуги, како и движењето на луѓе, капитал и знаење, што во прв ред претпоставува отстранување на сите постоечки бариери за слободата на движењето. Потоа, неопходно е надградување и на процесот на дигитализација во сите држави, преку обезбедување на дигитални вештини, дигитална инфраструктура и дигитална безбедност. Конечно, ќе следи подобрување и на конкурентната способност на сите економии од регионот, паралелно со промовирањето на „зелен развој“ и транзиција, преку различни видови на активности“, рече премиерот Заев истакнувајќи дека регионот кој има околу 18 милиони жители е добар потенцијал за искористување на сите придобивки кои се многу важни не само за земјите од Источна Европа туку и за земјите членки на Унијата.“, рече претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Заев.Премиерот Заев во своето обраќање се осврна на важноста на младинското претприемаштво, регионалната соработка и економскиот развој, истакнувајќи дека сите напори на владите на трите земји од регионот е насочена кон обезбедување на успешна иднина за младите, со цел економски развој, подобрувањето на условите за живот, како и совладувањето на причините што младите ги мотивираат, па често и принудуваат да се иселуваат во странство.„Почитувани млади пријатели, знаеме дека младите луѓе на Балканот деловното работење го нарекуваат „бизнис“. Во таа смисла, претприемништвото е всушност „бизнис“, облик на деловна активност и деловно работење. Но, претприемништвото е и повеќе од тоа, односно тоа исто така претставува и вид на карактерна особина која ја поседуваат некои луѓе. Затоа, ве охрабрувам, ризикувајте, преземајте активности за да ги реализирате своите идеи, а ние, владите од регионот, ќе ве помагаме и ќе настојуваме да создадеме најповолна бизнис клима, отстранувајќи ги сите бирократски и слични пречки, дизајнирајќи и спроведувајќи разновидни мерки за поддршка на претприемачите – финансиски, инвестициони, локациони, обука на работната сила и слично“, истакна Заев на денешната Конференција.Притоа Заев оцени дека Владата на Република Северна Македонија со којашто тој раководи ги препознава и ги знае овие задачи во однос на претприемништвото и во континуитет презема мерки за отстранување на административните и бирократските бариери што се испречуваат пред претприемачите. За тоа сведочат и повеќе извештаи на меѓународни институции, кои таканаречениот „квалитет на деловното опкружување“ во Северна Македонија го оценуваат со многу високи оценки.Учествувајќи во завршната дискусија на лидерскиот панел на Конференцијата, премиерот Заев заклучи дека за успешна регионална соработка е најважна поддршката од сите граѓани, кои треба да сфатат дека Берлинскиот процес е создаден за земјите од Западниот Балкан, а конкретната соработка меѓу овие земји може само да придонесе за побрзо реализирање на евроинтегративните процеси и унапредувајќи ја соработката со останатите членки на Унијата.

Македонија | пред 4 години

Pres-konferencija-Skopje-Wizz-air-Maraton-2021-1

Во недела ќе се трча маратон, ќе бидат затворени и улиците низ центарот

Градот Скопје и годинава ќе ги отвори вратите за натпреварувачите од целиот свет кои ќе учествуваат во најмасовната спортска манифестација во нашата земја – Виз ер скопскиот маратон 2021. Деталите за одржувањето на 17-от по ред маратон кој ќе се трча во недела, на 3 октомври 2021 година, беа соопштени на денешната прес-конференција на која се обратија градоначалникот Петре Шилегов, спортскиот директор на Виз ер скопскиот маратон, Кире Синадиновски и атлетичарите Адријана Поп Арсова и Дарио Ивановски.- Гордост ми е што годинава, и покрај светската ковид пандемија продолжуваме да го одржуваме Скопскиот маратон, кој стана заштитен знак на нашиот град. Маратонот од година во година расте и стана најголем маратон на Балканот, за што сакам да им честитам на организаторите. Преку оваа традиција стара повеќе од деценија и половина Градот Скопје ги мотивира граѓаните да почнат да се занимаваат со спорт и рекреација. Градот Скопје работи на подобрување токму на таа инфраструктура за да обезбедиме подобри услови за рекреација и за спортување - тартан патеката во Градскиот парк овозможува да се вршат подготовки дури и на професионално ниво. Во организацијата на маратонот годинава се вклучени стотици волонтери и професионалци што е гаранција дека, како и секогаш, маратонот ќе помине во најдобар ред - рече денеска градоначалникот Петре Шилегов.Тој се заблагодари на сите вклучени, како и на организаторите на трката кои напорно работат на популарноста на маратонот.- Градот Скопје обезбеди целосна логистичка и делумна финансиска помош на организаторите на маратонот, а за учесниците во маратонот, некаде над 7.000 луѓе годинава, што е една фантастична бројка, службите и јавните претпријатија на Градот Скопје се ставаат целосно на располагање со цел во недела да имаме чисти, безбедни и добри коридори за трчање. На нашите рекордери им честитам за нивните значајни успеси во оваа најтешка трка, а на сите учесници им пожелувам добра трка и забава – додаде Шилегов.Годинешниот Скопски маратон ќе се одржи со почитување на сите пропишани мерки и протоколи за заштита од Ковид 19. Според организаторите, пријавени се околу 7.000 натпреварувачи од 40 земји од светот, со особен фокус на домашните атлетичари.Стартот на полумаратонот, маратонот и штафетниот маратон ќе биде на 3 октомври (недела) во 8 часот, додека стартот на трката на 5.000 метри е во 8:10 часот од платото пред Спортскиот центар „Борис Трајковски“.Натпреварувачите ќе трчаат од стартот, по улицата Бледски договор до булеварот Илинден, десно по булеварот до крстосницата со улицата Љубљанска и по неа право на Московска, па десно по улицата Војвода Васил Чакаларов, на крајот од улицата се врти полукружно назад, кога ќе се вратат кај Студентскиот дом „Гоце Делчев“ се продолжува право по булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, по улиците Димитрие Чуповски, 11 Октомври, Крушевска република, Трета македонска бригада, Фрањо Клуз, булеварот Јане Сандански до крајот (раскрсница со булевар Србија), пред семафорот со булевар Србија се врти полукружно назад (на истата коловозна лента) по булевар Јане Сандански, Фрањо Клуз, Трета македонска бригада, Крушевска република, 11 Октомври, по Димитрие Чуповски до раскрсницата десно на булевар Свети Климент Охридски до булевар Илинден, лево кај Влада на Република Северна Македонија до целта, платото пред СЦ „Борис Трајковски“.

Скопје | пред 4 години

24364776214919658245218795659019056375563198n

Камиказа се предомисли по еден ден, го промени кандидатот за кого ќе гласа на изборите во Скопје

Кандидатот на Левица за Градоначалник на Скопје Перо Камиказа се предомисли. На социјалните мрежи oобјави дека ќе гласал за кандидатката Данела Арсовска.-Под "притисок" на ДПМНЕ, сепак решив мојот глас да го дадам за Данела. Но, победник на овие изборни има само еден. ЈАС!, напиша тој.Реакцијата на Камиказа следи по изјавата дадена во тв дебата каде на новинарско прашање за кого би гласал на изборите доколку не би можел за себе, рече дека својот глас ќе го даде за Шилегов.

Скопје | пред 4 години

243452364_120337523702303_3484720026974947878_n

ФОТО: Цанде делеше „пакетчиња“ во Аеродром, сосе ветувања за изборите

Александар Филиповски - Цанде, кандидат за градоначалник на Аеродром од СДСМ денеска делеше „пакетчиња“ со програма и промо материјали на жителите. Во меѓувреме, користеше и прилика да каже што планира да прави во општината, ако освои мандат на локалните избори. Еден од проектите е картичка за попуст во Аеродром.„Истата, ќе се користи во локалните продавници, во одредени периоди од неделата или денот. Аеродромци ќе пазаруваат по пониски цени, а придобивка ќе имаат и сопствениците на малите бизниси. Тие ќе имаат зголемен промет.Утринава се среќавав со граѓани од ТЦ „Бисер“ и дуќанџии. Зборувавме за нашите решенија од програмата. Ви благодарам за убавиот прием и поддршка. #НашеМаало #НајдобротоЗаАеродром“, објави кандидатот.Вчера во Аеродром имаше и митинг на СДСМ, каде се обратија челниците на партијата заедно со кандидатот.

Скопје | пред 4 години

29092021_PVRSM_Sredba_Behtel_Enka_1

Четири министри на состанок добиле признание за инфраструктурата

Претседателот на Владата Зоран Заев денеска прими делегација на меѓународниот конзорциум „Бехтел-Енка“, којашто ја предводеше претседателот на единицата за инфраструктура на компанијата „Бехтел“ Шон Кени.На состанокот на кој присуствуваа и првиот заменик-претседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, министерот за финансии Фатмир Бесими, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на ЈП „Државни патишта“ Ејуп Рустеми, се разговараше за актуелната фаза за реализација на Меморандумот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8, за делница Тетово – Гостивар – Букојчани и за проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан, како и за Коридорот 10 Д, односно за делница на автопатот Прилеп – Битола.За реализација на овој Меморандум во Собранието на Република Северна Македонија беше донесен Закон за утврдување на јавен интерес и номинирање стратешки партнер за имплементација на проектот, и додека трае постапката за добивање мислење од Уставниот суд, кое го побара Државната комисија за спречување на корупцијата, во интерес на времето постојат одредби од меморандумот кои овозможуваат работа и прецизирање на нацрт-договорот кој треба да биде одобрен од двете страни за да се затвори правната постапка којашто ќе овозможи реализација на предвидените инфраструктурни проекти, беше речено на оваа средба.На состанокот беше споделено дека во соседна Република Албанија се при крај постапките проектните документи за патните и железничките правци од Коридорот 8 во таа земја, со што овој европски коридор ја добива својата завршна физиономија за поврзување на Црното со Јадранското Море.На средбата со менаџментот на „Бехтел-Енка“ премиерот Заев го поздрави фактот за највисоките признанија за овој конзорциум во остварувањето на инфраструктурните проекти во светот и особено во регионот, како и фактот дека дури 80% од работите компанијата ги изведува со локални компании што е од посебна важност за дополнително раздвижување на домашната економија и градежниот сектор.

Македонија | пред 4 години

IMG_60391

ФОТО: Во сред кампања Висар си пушти во употреба паркинг на Бит пазар со 220 места

Градоначалникот на Чаир и кандидатот на ДУИ за следните 4 години Висар Ганиу, денеска го пушти во употреба мега проектот – Паркинг над Бит пазар со капацитет од 220 паркинг места.Во присуство на трговците и многу граѓани, Ганиу рече дека овој голем проект ги демантира сите оние кои велат дека Чаир не го решил проблемот со паркирањето.„На Бит пазар, по реновирањето и модернизацијата, му се додаваат 220 паркинг места. Во Чаир до денес создадовме вкупно 1.450 паркинг места. Ова е нов момент, добра вест и објавување на нашата желба и амбиција да продолжиме да отвораме многу нови паркинзи кои се дел од нашиот план“, рече Ганиу.Градоначалникот Висар Ганиу додаде дека овој паркинг има посебно значење за Бит пазар и старата чаршија, бидејќи отвора можности за поголема циркулација, ослободување на патишта и тротоари околу Бит пазар и населбата Дуќанџик, како и поголема посетеност на Скопската чаршија, што несомнено ќе донесе материјални и деловни придобивки за чаршијата и за Бит пазар.„Во однос на големината на општината, по глава на жител, ние сме веројатно најнаселената општина во Европа, но тврдиме дека сме првата општина по бројот на паркинг места на стариот континент. Бит Пазар е слика на невозможен опстанок, слика на вековната пот за Албанецот, да преживее и да дојде во овие добри денови. Бит Пазари е нашето постоење“, изјави првиот човек на Чаир, Висар Ганиу.Директорот на ‘Бит Пазар’ Агим Рушити рече дека овој паркинг значително ќе го регулира сообраќајот, ќе спречи блокирање на патиштата од паркираните автомобили на фреквентните улици на Бит пазар и Чаршијата, и на крај ќе го зголеми и бројот на посетители и купувачи.Со овој мега проект, градоначалникот на Чаир го комплетира својот 4-годишен мандат со 1450 нови паркинг места низ општината, додека за следниот мандат ќе изгради плус 3000 нови, врз основа на договорот со светски познатата компанија Мабетекс на Беџет Пацоли, кој ќе инвестира на 12 локации, катни гаражи, со вредност од над 50 милиони евра.

Скопје | пред 4 години

B6FF44BA-C775-40A5-A72C-00F0CA0149FE

„Лажни и паушални“, Шилегов „во војна“ со Данела и со реакција на нејзините ветувања

„Арсовска продолжува исто како вчера, со од ракав истресени проекти на кој никој не верува и служат за потсмев на социјалните мрежи. Ако вчера вети бесплатен превоз на кој цело Скопје се смее, денес ова го надополни со нова уште поголема лага, ветување за 250 нови автобуси. Во отсуство на конкретни решенија што се одлика на лоши и неподготвени кандидати таа мисли дека со мегаломански ветувања ќе го покрие своето незнаење и безидејност. Утопија се овие ветувања на Арсовска, додека готовиот план за Бас рапид системот се реалност која веќе се реализира“, реагира градоначалникот Шилегов.Скопјани може да препознаат што е планиран, добро осмислено решение а што изборен лош политички маркетинг. Навистина очекував за некој кој се претставува како менаџер да има основен план во програмата и барем базично познавање како се управува со проекти, но Арсовска е лош менаџер кој нема ниту план ниту идеја за проекти, а има вреќа полна лажни ветувања“, потенцираше градоначалникот Шилегов.

Скопје | пред 4 години

Aleksandar29092021

(ВИДЕО) Стојкоски: Гарантираме Ѓорче без кал, канализација за Орман и Никиштани

Александар Стојкоски, кандидат за градоначалник на општина Ѓорче Петров од ВМРО-ДПМНЕ, сподели дел од проектите во неговата програма. Тој посочи дека таа е една од најдеталните и најобемните која била понудена досега на жителите. Но, за него најважно е што таа е производ на процес од неколку места каде изминативе месеци тој бил да ги посети.Неговата презентација на дел од проектите во проодлжение:„Оваа програма е производ на директни разговори со граѓаните на Ѓорче, во оваа програма се вклучени врвни професионалци кои се дел од мојот тим. Се што произлезе како понуден проект во оваа програма е реален и остварлив, а целта ми е да го направиме Ѓорче Петров, модерна и урбана општина, онаква каква што ѓорчепетровци ја сакаат и заслужуваат.Во програмата се најдоа над 200 проекти кои се предложени од граѓаните и од врвни експерти во областите. Исто така во програмата се потенцирани 17 носечки проекти кои се обврзувам дека ќе бидат приоритет во мојот четиригодишен мандат.За жал и во 21-от век морам да кажам дека еден од приоритетите ќе биде проектот “Ѓорче без кал” кој опфаќа асфалтирање на сите досега не асфалтирани улици и реконструкција на веќе постоечки улици кои се дотраени во текот на времето. Ова е носечки проект затоа што убедливо најголем број од граѓаните ги потенцираа, особено во руралниот дел на општината, но и во урбаниот дела на Ѓорче Петров, калливите и неасфалтирани улици кои особено во есен и зима не само што им го прават секојдневниот живот на ѓорчепетровци потежок, туку им го прават живеењето недостоинствено. Тоа е нешто што мора да се промени и тоа ќе се случи токму преку овој проект што ќе преставуваа значајна победа за овие луѓе, победа која ќе донесе нов квалитет на нивниот живот.Исто така она што е од големо значење за секојдневниот живот на граѓаните на Волково, Кисела Јабука, Стопански Двор, иако е проблем од 19-ти век, е доизградба на канализациона мрежа, како и изведба на канализациона мрежа во Орман и Никиштани. Граѓаните на овие населени места преку нивната поддршка која ќе ми ја дадат на овие избори, но и преку нивното учество во изработката на програмата ќе бидат дел од промените, проектите и победата за нивните заедници, затоа што мора еднаш за секогаш да се стави крај на ова прашање.Мора да напоменам дека и жителите на Кучково кои се неколку месеци без вода ќе бидат приоритет во мојата програма. Иако постојано се апелираше до локалната власт, особено во летните месеци кога проблемот беше најакутен, истата немаше слух за ова прашање. Затоа јас лично се обврзувам дека ги слушнав моите сограѓани и проблемот со вода во Кучково оди во минатото онаму каде и што припаѓа, затоа што кучковци како и сите ѓорчепетровци заслужуваат промени преку проекти кои ним им се битни за подобар и подостоинствен живот. Победата за кучковци ќе биде во тоа што ќе добијат нормални услови за живот.Исто така заедно со градот Скопје имаме опфатено и поголеми проекти кои предвидуваат изградба на кружен тек на улиците Ѓорче Петров и Македонска војска, а исто така и проширување на ул. Македонска војска од кружниот тек кај цркавата Св. Петар и Павле до надвозникот во населбата Даме Груев. Планираме и реконструкција на улицата Волковска се до последна 22ка, продолжување на улицата Лука Геров се до Стопански Двор. Важен дел од приоритетните проекти се и проектите кои се однесуваат на животната средина. Се обврзуваме на изградба на парк во секое маало, уредување на речното корито на реката Лепенец во соработка со градот Скопје и решавање на горливиот проблем со дивата Депонија во Ново Село. Заедно со Вас ќе подигнеме уште најмалку 20.000 м2 нови паркови површини и ќе го направиме најубавиот парк во Градот Скопје. Во програмата имаме и проект „Ѓорче без отпад“ кој предвидува расчистување на сите депонии и подигнување на нови зелени површини.Со овие проекти, општината ќе добие сосема нов лик и ќе прерасне во модерна и урбана општина во која сите граѓани ќе бидат задоволни. Предвидовме и многу проекти за спорт и млади. Младите се нашето најголемо богатство и мора да се грижиме за нив. Јас лично ви ветувам дека ќе работам многу за младите, да останат во нашата општина. Сакаме да изградиме силни личности, компетентни, професионални, способни самите да се носат со предизвиците во животот. За таа цел се предвидува финансирање на спортски клубови кои се на територија на нашата општина, со ставање на посебен акцент на млади и талентирани спортисти. Гарантирам дека ќе се обноват сите детски игралишта, а воедно можам и да Ви ветам дека ќе се изградат и многу нови. Се обврзуваме и за многу проекти во делот на социјалата политика.За таа цел се предвидува изградба на најмалку две нови градинки од кои едната во урбаната заедница Ѓорче Петров, а другата на потегот Ново Село – Стопански Двор, како и доградба и проширување на сместувачките капацитети на постоечките градинки. Ова е само дел од проектите кои се предвидени во делот на социјалата политика. Она што е важно да се напомене е тоа дека се предвидени и многу преокти во економијата. Се предвидува целосна функционалност на индустриската зона, преку изградба на потребната инфраструктура, се со цел да привлечеме нови и активни инвеститори. За подетално да се запознате со сите проекти, програмата ќе ви биде достапна на секој еден од Вас. Јас лично или некој од мојот тим ќе ја достави во вашиот дом за да може да бидат запознаени сите со моите проекти Исто така Ве повикувам да ме следите секој ден, бидејќи и во наредниот период ќе продолжам континуирано да работам на терен и да ги посетувам граѓаните на Ѓорче Петров и да им презентирам проектите кои се опфатени во мојата програма. Четири години ќе работам за народот. Се обврзувам на реализација на сите проекти ветени во мојата изборна програма. Имам слух и сум отворен за соработка. Во секој момент може да ми предложите преокти кои се од големо значење за животот во општината. Не чека напорна работа исполнета со многу проекти за подобро Ѓорче.

Скопје | пред 4 години

2021_0928_11000800

Герасимовски оди да разговара со граѓани на терен, така ќе ги дознава и решава проблемите

Kонтинуираната комуникација со граѓаните носи конкретни решенија за предизвиците во општина Центар. Горан Герасимовски, кандидатот за градоначалник на Центар од СДСМ и Коалицијата вели дека општината ќе биде отворена за сите предлози, иницијативи и барања од граѓаните затоа што тие се вистинските креатори на развојните политики во општината.„Комуникацијата со граѓаните е исклучително важна за спроведување на вистинските политики на секоја локална самоуправа. Оттука лично се залагам Општина Центар да биде отворена за секоја потреба на граѓаните. Мојот план е воведување на дигитален онлајн систем за директен контакт на градоначалникот и советниците со една цел, брза и ефикасна размена на информации за услуги. Преку тој систем граѓаните би имале увид во процесот на реализација на нивните иницијативи, предлози или предлог решенија за проблемите. Но за да биде тој процес комплетен ќе ја задолжам општината и локалните сектори да им одговорат на граѓаните во рок од 10 дена“, изјави Герасимовски на денешната прес конференција пред општината.Герасимовски исто така потенцираше дека редовната комуникација со граѓаните ќе создаде систем за брза реакција на проблемите во општината за долгорочно планирање и развој. За таа цел ги повика граѓаните на конструктивни критики и пофалби за Центар да стане општина каква што ја посакуваат.

Скопје | пред 4 години

apasiev-danela-arsovska-1

Апасиев смета дека Данела незаконски користи повеќе пари од ДИК за рекламирање, споредено со тоа што и следува

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев смета дека на Данела арсовска која е независен кандидат за градоначалник на Скопје и следуваат 3% од буџетот кој го дава Државната изборна комисија за рекламирање во медиуми и нејзино промовирање. Тој смета дека има кривична одоговрност во овој случај.„Данела Арсовска, официјално, е независен кандидат за градоначалник на Скопје, со различен број на гласачкото ливче од ДПМНЕ. Правно гледано, немаат ни склучено договор за коалиција. Тоа значи дека, по закон, и следува само 3% од буџетот за платено политичко рекламирање (околу 15.000 ЕУР) и само 30 секунди на секој час емитувана програма - како и за сите останати "независни кандидати". Арно ама, она лагано си ги користи 45% од првиот привилегиран пакет на парите кои им следуваат на ДПМНЕ и ААА (цирка, околу милион ЕУР за реклами)!? ДИК, АВМУ и Антикорупциска, ко по обичај, мува не ги лази за овие нерегуларности. Btw, овде има и кривична одговорност за нелегално трошење буџетски пари за друг правен субјект, со друг даночен број - а не за оној кој му следува. Ама, договорот Заев и Мицко не признава закони! #ПрофитериИзмамничк #ШирокаКоалиција“, смета Апасиев.Тој и претходно реагираше. Апасиев смета дека Државната изборна комисија има за цел да ја оштети Левица одземајќи и од средствата за платено политичко рекламирање за изборите. Тој пишува дека претседателот на ДИК, Александар Даштевски наместо само на Левица и ДПА, сака пари за рекламирање да даде и на други шест субјекти. Апасиев тврди дека тие не исполнуваат услови.

Скопје | пред 4 години

1-5

Ана Петровска: Системски да ги решаваме проблемите на граѓаните во Шуто Оризари

Нов асфалт врз стариот, а нема атмосферска канализација, градење и легализација на куќи без Детален урбанистички план, се само дел од проблемите за кои дискутиравме денеска со граѓаните и граѓанските организации во скопската општина Шуто Оризари. До повеќето куќи нема пристап за противпожарно или амбулантно возило.Потребен е системски пристап за решавање на проблемите со кои се соочува ромската заедница, а тоа подразбира паралелно решавање на домувањето, проблемот со личните документи на луѓето т.н. фантоми, но и образование и преквалификација за вработување. Достоинствен живот може да се обезбеди преку соработка на Градот и општините и Центарот за социјални работи.Социјалната правда не смее да му служи на популизмот, туку да обезбеди еднаков старт и резултат за сите, почнувајќи и водејќи сметка за најранливите граѓани. Градот и државата не треба да заборават дека Шуто Оризари е дел од Скопје. Рамномерен развој е дел од агендата на зелените политики за кои се залагаме. Скопје мора да биде хуман град.

Актуелно | пред 4 години

plocaklepacnova-1

Се надевам дека ја сфаќате сериозноста на чинот, Колев од ГДУ бара одговорност за обејежјето поради кое добивме протестна од Бугарија

Петар Колев, претседател на Граѓанско Демократската Унија испрати творено писмо до Зоран Заев, Оливер Спасовски, Љубомир Јовески во врска со променувањето на спомен обејежјето во село Клепач, прилепско.„Верувам дека веќе сте информирани од страна на вашите соработници за грдиот акт на отстранување на спомен обележјето посветено на војводата Велко Скочивирчето (Скочивирски) и комитите од дворот на главната селска црква „Св. Архангел Михаил“ во селото Клепач, прилепско. Искрено се надевам дека ја сфаќате сериозноста и последиците од овој (најнов) чин на варварство, мотивиран од омраза“, стои во отворено писмо.„Верувам дека сте свесни оти времето за вербални заложби за еднаквост, општество за сите и сл. одамна помина и сега се потребни дела а не зборови.Досегашната рамнодушност на институциите и континуираната стигматизација кон одредени граѓани на земјава само ги мотивира насилниците да ја манифестираат својата деструктивност, знаејќи дека таквото поведение нема да биде санкционирано. Моето обраќање до вас е мотивирано од надежта дека конечно институциите на системот ќе проработат и во најскоро време сторителите ќе бидат исправени пред лицето на правдата, а спомен обележјето вратено таму каде што му е местото“, се додава во него.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-09-29-at-12.23.45

(ВИДЕО) „Зелен хуман град“ ја имаат најпозитивната кампања: Горјан јадеше луто зошто се лутеше кога има коли на велосипедска

Активистот и еден од носителите на листата на советници на Зелен Хуман Град, Горјан Јовановски, реши да се лути за проблемите со велосипедските ленти во градот, буквално. Тие и буквално ја имаат најпозитивна кампања за овие локални избори.„Предизвик: Горјан треба да ја извози улица Московска по постоечките велосипедски ленти, но секогаш кога ќе наиде на автомобил што го попречува неговото безбедно движење, треба да земе гриз од луто пиперче! Дали ќе успее да се избори со огнот и да не се предаде на нефункционалните ленти, или ќе подлегне на лутината на ифрит пиперчето? Да видиме! Иако Град Скопје не е надлежен да ги отстранува лошо паркираните автомобили од велолентите (тоа е работа на МВР), сепак велопатеките и лентите што ги изведува градот мора да овозможат максимална безбедност на граѓаните што решиле да користат велосипед Да не се лутиме за проблемите, туку да дозволиме на докажани активисти и волонтери да ги водат позитивните промени - гласај за ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД: 119 - Драгана Велковска, носителка на листата на советници за Град Скопје на Зелен Хуман Град 104 - Ана Петровска, кандидатка за градоначалничка за Град Скопје на Зелен Хуман Град“, велат оттаму.

Скопје | пред 4 години

Samoubistvo-kaj-Momir-02

Подигнати траги и предмети од убиството во Велес, каде жена го уби невенчаниот маж, вели Обвинителство

Основното јавно обвинителство во Велес по добиени информации во текот на ноќта, изврши увид во куќа во Велес каде е извршено кривично дело Убиство. Првичните сознанија на обвинителството упатуваат на констатација дека смртта кај пронајденото починато лице, велешанец на возраст од 40 години, настапила по убод со нож во пределот на срцето.По наредба на јавен обвинител, подигнати се траги и предмети од самото место на настанот кои ќе бидат доставени на вештачење, а телото на починатото лице – вработен во СВР Велес, предадено е на Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија заради вршење на обдукција. Во текот на денот ќе се изврши испитување на лицето за кое постои сомневање дека е сторител на кривичното дело.​

Македонија | пред 4 години

nenad-lazarov4

„Откажете ги завршните митинзи, донирајте ги парите за маски и ќе покажете дека ви е гајле за народот“ апелира Лазаров

Матичниот доктор, Ненад Лазаров, смета дека да се откажат барем завршните митинзи на партиите, кога традиционално пред локалните избори, ги има најголемите гужви. Според Лазаров, тие пари, партиите треба да ги донираат, а тоа би бил најдобар маркетинг за нив.„Откажете ги барем завршните митинзи, има време за тоа, со парите купете и донирајте заштитни маски и опрема за медицинари, хигиенски средства и филтри за воздух за училиштата, хигиена и заштита во јавен превоз, народни кујни и тн... Нема подобар маркетинг од ова а воедно ќе покажете дека ви е стало до народ и дека разбирате дека митинзи не се безбедни. Ова игнорирање на ковид кризата е психопатологија, ќе ни се врати ко бумеранг“, напиша Лазаров.

Коментари | пред 4 години

sdsm

Спасовски и Заев ќе се обраќаат од Струмица, продолжуваат митинзите

Централниот караван „Најдоброто за мојата општина“ денеска е во Струмица.„Претседателот Зоран Заев ќе биде меѓу граѓаните на општините Ново Село, Босилово и Василево, а вечерва ќе учествува на граѓанска трибина и промоција на кандидатот за градоначалник и кандидатите за советници на општина Струмица на градскиот плоштадот во Струмица со почеток во 20.00 часот, каде ќе има и свое обраќање.Вториот караван денеска ќе биде во општина Куманово, каде потпретседателот Оливер Спасовски ќе се обрати на граѓанска трибина на паркингот пред Соколана во Куманово со почеток во 20.00 часот“, велат од СДСМ.

Македонија | пред 4 години

policija-rotaciona-svetla

Таблети, канабис, амфетамин најдени кај битолчанец

На 28.09.2021 во 17.00 часот на ул.„Кланица“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола – Отсек за недозволена трговија со дрога и оружје го лишиле од слобода Д.Ч.(35) од Битола.При претреси во неговиот дом во Битола и во неговата викенд куќата во с.Карамани, битолско, извршени со судска наредба, биле пронајдени и одземени пакувања со амфетамин, повеќе таблети во различни бои, семки од растението канабис и дигитална вага.Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 4 години

IMG_4868

Се лови дрога низ Македонија: Уапсени тетовец и прилепчанец

На 27.09.2021 околу 18.00 часот на ул.„Круме Волнароски“ во Прилеп, полициски службеници од Полициската станица Прилеп ја лишиле од слобода Р.М.(32) од Прилеп. При претрес во нејзиниот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.На 28.09.2021 околу 23.35 часот на ул.„Цветан Димов“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода Д.С.(45) од Тетово, затоа што кај него бил пронајден хероин. Тој бил задржан во Полициската станица Тетово и подокументирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 4 години

policija-2

Во Охрид, Струга и Кичево полицијата им ги испразни џебовите на 48 возачи кои брзо возеле

На  28.09.2021 во периодот од 13 до 19.00 часот на подрачјето на СВР Охрид била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената.Притоа, полициските службеници регистрирале 48 пречекорувања на дозволената брзина на движење во населено место (Охрид-16, Струга-22, Кичево-10) и 51 надминување на дозволената брзина надвор од населено место (Охрид-20, Струга-11, Кичево-02, Дебар-18). На возачите им се поднесени прекршочни платни налози.

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања