Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

Screenshot-2021-09-29-at-11.09.35

Арсовска најави 250 еколошки автобуси, смета дека автобусите се најголем проблем за скопјани

Данела Арсовска, кандидатка за Град Скопје поддржана од ВМРО-ДПМНЕ тврди дека јавниот превоз е еден од најголемите проблеми на скопјани. Таа има решенија за кои кажа дека се премногу скапи, но ќе го решат големиот проблем. Смета дека нема доволно автобуси, нема доволна фреквенција, градските улици немаат капацитет и има сообраќаен хаос.„Секојдневно слушам од граѓаните за нивните проблеми. Тие се жалат дека овој јавен превоз кој функционира не е доволно функционален. Се жалат на обемот кој го има јавниот превоз. Голем дел од станиците и постојките се недоволни за да се стигне до дестинациите каде што треба, односно периферијата на градот. Граѓаните најмногу се жалат на тоа како изгледаат автобусите. Никој не сака да размислува како треба да изгледа јавниот превоз. Немаме време за чекање на утопистички проекти. Треба брзи и реални решенија кои брзо ќе се имплементираат“, рече Арсовска.Таа најави 250 нови еколошки автобуси, кои би биле поевтини од проектите на Петре Шилегов.„Овој проект ќе значи дека загадувањето ќе е нула, сигурен и побрз транспорт, нема да се губи зеленилото во градот, нема поместување на мостови, туку практично и брзо решение“, рече Арсовска.

Скопје | пред 4 години

DSC_0289

Скопјанец мамел кај стигнел: Се претставивал како геометар, им ги земал парите, без да им даде услуга

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“, казниво по чл. 247 од Кривичниот законик, СВР Скопје – Единица за внатрешни работи Чаир поднесе кривична пријава против Н.М.(50) од Скопје.Тој од почетокот на 2019 до април 2021 година, со намера да се стекне противправна имотна корист, го довел во заблуда М.М., лажно претставувaјќи се дека работи како геометар и лажно ветувајќи му дека за сума од 3.161.100 денари ќе му овозможи по легален пат да добие државно земјиште на користење, со можност потоа истотото да биде откупено.Оштетениот му ги дал парите, но откако разбрал дека Н.М. не е геометар и не може да го реализира ветеното, сфатил дека е измамен и го пријавил случајот.

Македонија | пред 4 години

g0upstggx2l3msqtxqv2

Кардиоваскуларната болест е најголемиот убиец на светот, денес е Светскиот ден на срцето

Денеска, на 29 септември, се одбележува Светскиот ден на срцето. На овој ден, кога светот сè уште се бори со пандемијата предизвикана од Ковид-19, никогаш не сме биле посвесни за важноста на нашето здравје и здравјето на нашите најблиски. Така, оваа година Светскиот ден на срцето е поважен од сите досега. Сега е шансата за сите нас, да се осигураме дека го негуваме и правилно го чуваме срцето.Кардиоваскуларната болест е најголемиот убиец на светот. До неа доведуваат многу причини, почнувајќи од консумирање цигари, дијабетес, висок крвен притисок, до загадување на воздухот и други болести. Во 2019 година се забележани 17,9 милиони смртни случаи во светот како резултат на кардиоваскуларни заболувања, односно 32 отсто од сите смртни случаи глобално. Од нив, 85% како резултат на срцев или мозочен удар. Во Европа, кардиоваскуларната болест е главна причина за смрт и тоа кај 47% од жените и 39% од мажите.530 милиони луѓе во светот живеат со кардиоваскуларна болест и за нив пандемијата Ковид-19 беше уништувачка. Нашите пациенти беа најподложни за развивање тешка форма на болеста предизвикана од вирусната инфекција, поради што многу од пациентите се плашеа да се јават на своите рутински и закажани контроли и се изолираа од своите семејства и блиски. Пациентите кои доживуваа срцев удар го одложуваа нивниот итен есенцијален третман, поради страв од заразување, предизвикувајќи нова јавна здравствена криза.Универзитетската Клиника за Кардиологија е секогаш достапна за своите пациенти, дури и во овие најтешки времиња на Ковид-19 пандемијата. Иако во моментов дел од Клиниката функционира и како Ковид центар, со цел да ги третира пациентите со кардиоваскуларни заболувања заразени со Ковид-19, останатиот дел на Клиниката работи со целосен капацитет, вклучувајќи голем број на коронарни интервенции, како и останати дијагностички процедури.Ги охрабруваме пациентите да продолжат со својата рутинска нега на срцето, со цел да се осигурат дека ќе останат здрави. Колку побрзо се третира болеста на срцето, толку е подобар исходот кај пациентите и се намалени ризиците од компликации.Помогнете ни да го зачуваме Вашето срце.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-09-29-at-10.28.39

ВИДЕО: Сите се смејат на спотот на Рамиз Мерко и пишуваат: Барајте оштета од типот кој ве зае*ал со дебилнава реклама

Изборниот спот на Рамиз Мерко е вистински хит на интернет. Најголем дел од коментарите се шеги, а видеото наиде на голем потсмев. На спотот, Мерко трча маратон со своите поддржувачи, а во позадина, на албански јазик, се коментира „натпреварот“. Во моментот, кога Мерко ќе ја достигне целта, која веројатно значи победа на избори, тој застанува и ги чека другите негови соработници/поддржувачи.„Браво бе Рамиз ги искина на 24метри без пречки“, „Барајте оштета од типот кој ве зае*ал со дебилнава реклама“, се дел од коментарите кај Мерко.Актуелниот градоначалник на Струга, Рамиз Мерко, е кандидат на ДУИ и на претстојните локални избори. Артан Груби очекува ДУИ уште еднаш да победи во Струга, а Мерко да го добие и четвртиот мандат во градот.

Македонија | пред 4 години

SSK_mk1

Продолжување на грејс периодот за „Ковид 3“ за да не пропаѓаат претпријатија, бара Сојузот на стопански комори на Македонија

„Економски состојби во изминатиот период се подобрени, со очекување за постепено и стабилно закрепнување на економија од ефектите на пандемијата во оваа и во наредната година. Но сепак, и покрај поволните движења, неизвесноста во поглед на раст и натаму е висока, ризиците околу проекциите се претежно надолни на краток рок, а најпогодените сектори се уште работат со ограничувања. Во таа насока, а со цел одржување на и така кревката финансиска ликвидност на претпријатијата ја потенцираме неопходноста за носење одлука за продолжување на грејс периодот за враќањето на кредитите од кредитната линија Ковид 3 кои беа дистрибуирани преку Развојна банка, а кои доспеваат на крајот на овој месец.Согласно објавениот јавен повик за поднесување на кредитно барање за директно кредитирање на микро и мали претпријатија погодени од Ковид -19 - Ковид 3 беше предвидена директна финансиска поддршка на микро и мали трговски друштва, трговски поединци и занаетчии со рок на отплата до 3 (три) години со вклучен грејс период до 6 (шест) месеци. Имајќи во предвид дека здравствено-економската кризата е се уште присутна, а деловната активност се извршува со ограничувања, обврската за враќање на кредитите добиени преку кредитната линија Ковид 3 кај претпријатијата може да предизвика дополнително нарушување на финансиска нестабилност.Во таа насока, истакнуваме дека е важно создавање на можност за одложување на рокот на отплата на бескаматниот кредит од кредитната линија Ковид 3 односно продолжување на грејс периодот, по примерот како што беше направено со Ковид 2 кога со одлуки на Владата, Развојна банка објави јавен повик, со кој се понуди можност за кредитокорисниците на кредити од втората бескаматна кредитна линија „Ковид 2“, да поднесат барање за продолжување на грејс-периодот и рокот на отплата на кредитите за 12 (дванаесет) месеци.Барањето за пресликување на истото решение и за кредитната линија Ковид 3 испратено е до Владата на РСМ, до Развојна Банка, како и до Министерството за финансии кое е договорна страна во овој случај, но засега се уште нема одговор.Постапувањето по поднесеното барање ќе придонесе кон одржување на активноста и ликвидноста на деловните субјекти во услови на криза. Истакнуваме и дека за поддршка на реалниот сектор треба да се размислува се додека имаме на сила рестриктивни мерки за извршување на деловната активност, бидејќи кризата трае премногу долго, а микро и малите претпријатија поради ограничени резерви се најчувствителни и најмалку отпорни на кризни состојби .Од друга страна пак тие од вкупниот број на активните деловни субјекти во земјава дури 99,8 % влегуваат во групата на микро, мали и средни претпријатија. Малите и средните претпријатија, вклучувајќи ги тука и микропретпријатијата, во македонската економија учествуваат со 80 % во креирањето на вработеноста во приватниот сектор, што покажува дека тие се всушност столбот на нашата економија“Сојуз на стопански комори на Македонија

Македонија | пред 4 години

Slika-1

Македонија е единствена земја во регионот во која не се нудат он-лајн игри на среќа

Република Северна Македонија е единствената земја во регионот која нема он-лајн игри на среќа. Ова е заклучокот за земјата од регионалниот состанок на здруженијата за игри на среќа одржан во склоп на 13-тиот Саем на игри на среќа „BELGRADE FUTURE GAMING 2021“ кој минатата недела се одржа во Белград. На саемот, помеѓу излагачите на технолошки и софтверски иновации од 10-тина европски земји, земаа учество и здруженија на приредувачите на игри на среќа од земјите од регионот, а учествуваше и Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ), претставена од Претседателот Васко Илијевски.„На средбата со своите колеги, Претседателот на АСОМ, Васко Илијевски информираше дека он-лајн игрите на среќа во РС Македонија беа овозможени минатата година само 6 месеци преку Уредба на Владата, како механизам за премостување и надминување на последиците од пандемијата која сериозно ја погоди индустријата на игрите на среќа, со оглед на привременото затворање на приредувачите и рестриктивните мерки кои во континуитет ги носи Владата за справување со ковид кризата. Илијевски истакна дека и покрај апелите на Асоцијацијата за преточување на Уредбата во трајно законско решение, Владата и институциите немаа слух, а на 22 декември, 2020 година Уредбата прекина, а со тоа прекинаа и он-лајн игрите на среќа во земјата.Во консртуктивна дискусија во која земјите од регионот ги истакнаа економските придобивки за државата од он-лајн игрите на среќа и придобивките за приредувачите во насока на одржливост на индустријата и зачувување на работни места, Илијевски информираше дека во 6-те месеци колку што траеше Уредбата, таа и во нашата земја се покажа како одлично решение и за бизнисот и за државата. Уредбата придонесе спортските обложувалници да ги задржат сите вработени, но и да се овозможи прилив на средства во државниот буџет и кревката економија погодена од ковид кризата. Воедно, Уредбата се покажа и како одличен механизам за одржливост на целата стопанска гранка која вработува повеќе од 10.000 луѓе и придонесува во државниот буџет со над 250 милиони евра на годишно ниво.На средбата, Илијевски прецизираше дека во периодот додека на важност беше Уредбата, според пресметките на АСОМ, од мај до декември 2020 година, од 4-те посто посебна давачка за он-лајн се слеале околу 35 милиони денари, а од 15-те посто данок на личен доход, околу 65 милиони денари, или вкупно 100 милиони денари за пет месеци, само од он-лајн спортско обложување. Перспективно, само од оваа услуга, државата би инкасирала многу поголеми средства во буџетот. Но и по 9 месеци од укинувањето на Уредбата и покрај сите апели, државата не успеа да изнајде соодветно законско решение и да им овозможи на македонските лиценцирани обложувалници да приредуваат он-лајн спортското обложување, констатираше Илијевски и истакна дека и натаму остануваат децидни во барањата кон државата што поскоро и трајно да овозможи он-лајн игри на среќа преку македонските лиценцирани приредувачи.Во сеопфатната анализа на состојбите со игрите на среќа во регионот, Илијевски истакна дека повеќе од 2 години Асоцијацијата се обидува да превенира измена на Законот на игрите на среќа и носење на радикални законски решенија кои водат кон затворање на целата стопанска гранка и оставање без работа неколку илјади вработени, осврнувајќи се поконкретно на 500-те метри дистанца на спортските обложувалници од образовните институции и зголемувањето на давачките за приредувачите по разни основи.Генерален заклучок на сите учесници е дека oбемот на бизнисот е драстично опаднат како последица на пандемијата, но тоа и дека покрај сé организаторите на игрите на среќа се водечки во спроведувањето на донаторски и хуманитарни акции за целото времетраење на пандемијата во сите земји од регионот. Беше истакнато дека е постигната одлична соработка со надлежните државни органи и дека е обезбедена и сеуште се обезбедува помош за најранливите системи, организации и поединци - набавка на медицинска и санитарна опрема, помош во лекови, храна, овошје, вода и други потреби за болници, институции за социјална заштита и заштита на децата, помош на болните деца и оние кои страдаат од ретки болести итн.Инаку, 13 -тиот саем за игри во Белград собра 27 излагачи од десетина европски земји кои ја претставија својата понуда на околу 2.500 квадратни метри во Салата 5 на Белградскиот саем, пред се технолошки и софтверски иновации кога станува збор за опремата за игри на среќа. Без оглед на нешто послабата посета, предизвикана од пандемијата, организаторите на саемот посочуваат дека се задоволни од фактот што успеале да го зачуваат континуитетот и традицијата на Белградскиот саем на игри на среќа“, информираа од Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ)

Македонија | пред 4 години

korona-3

Девет лица починале во Бразил по тестирање на лек за Ковид-19

Ланец на бразилски болници тестираше непроверен лек на постари пациенти со Ковид-19, без нивно знаење, како дел од обидот на претседателот Жаир Болсонаро да претстави „чудотворен лек“, изјавил адвокат на лекарите пред сенаторите, пренесуваат медиумите во светот.„Најмалку девет лица починаа за време на тестирањето во синџирот болници „Превент сениор“ од март до април 2020 година, но извештаите беа сменети за да се прикрие причината за смртта“, рече адвокатката Бруна Морато за време на распитот пред Сенатот, пренесе Ројтерс.Според медиумите, сопственикот и извршен директор на болничкиот ланец, Педро Батиста, минатата недела за време на неговото сведочење пред Сенатот признал дека извештаите на пациентите се сменети со цел да се отстрани секаква врска со Ковид-19.Тој негирал дека имало тестирање со непроверени лекови на пациенти без нивно знаење, велејќи дека самите пациенти побарале да учествуваат во клиничките испитувања, а лекарите им ги препишале лековите за кои сметаат дека се точни.„Лекарот е тој што го препишува лекот и во тоа време сите се сеќаваат на коментарите на претседателот Болсонаро и други влијателни луѓе, така што имаше многу пациенти кои бараа рецепти“, рече Батиста.Морато, која застапува 12 лекари вработени во „Превент сениор“, рече дека компанијата им се заканувала и ги отпуштала лекарите кои не се согласувале со однапред одредената „опрема за ковид“, која содржи хидроксихлорокин, еритромицин и ивермектин.„Нема научни докази дека овие лекови помагаат во лекувањето на Ковид“, изјави таа.Таа рече дека на лекарите им било сугерирано да не им го објаснуваат начинот на лекување на пациентите или нивните роднини.„Целта беше да се покаже дека постои ефикасен третман против Ковид-19“, додаде таа.Министерството за здравство не ги коментирало ваквите информации и нејасно е како што пишуваат медиумите, колку владата знае за наводните тестови.

Актуелно | пред 4 години

mila-maksim

Максим Димитриевски „удри“ по Царовска: Нејзиниот сопруг снима спотови за градинка 8 пати поскапи од тие кои ги плаќаме ние

Актуелниот градоначалник на Куманово Максим Димитриевски во „Клик Плус“ на ТВ21 синоќа во една прилика рече дека сопругот на министерката за образование Мила Царовска преку неговата фирма давал услуги за градинка од градот за неколкупратно поголема цена.Тој не спомена за која кумановска градинка станува збор, но наведе дека е ангажиран за 7-8 пати поскапи цени и дека морало тој да го добие договорот.„Кога ја споменавте Царовска. Не сакав да именувам по петти пат исти директор кој пет пати повеќе троши леб од касарната во Куманово. Сопругот на Царовска снима промотивни спотови во градинка за 7-8 поскапи цени од оние што ние ги плаќаме како општина. И тој мора да биде одбран“, наведе Димитриевски.Кумановскиот градоначалник е исклучен од СДСМ затоа што се кандидраше на новите локални избори со собрани потписи, а СДСМ го предложи Оливер Илиевски, со кого заедно дебатираа синоќа во студиото.

Македонија | пред 4 години

vakcinacija-skopje

Се помалку вакцинирани: 4953 дози вакцини се дадени вчера

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 4953 дози вакцини, од кои 1282 се аплицирани како прва доза, 3064 се ревакцинирани, а 67 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со 28 септември вкупно се вакцинирани 785.693 граѓани, ревакцинирани се 724.835, а трета доза примиле 137 граѓани. 52% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирании, а 32% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација, е 47%, а со две дози опфатени се 43,5% од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 38% од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35% од популацијата во државата примила две дози вакцина.Ако бројката на дневно дадени вакцини се спореди со претходната недела, каде имаше и по 12 илјади дози на дневно ниво, сега таа е преполовена.

пред 4 години

234919664_370538324742995_6225757936327626117_n

Охрид на врвот, градови како Кратово, Дебар, Струмица, Гостивар на дното по бројот на вакцинирани

Охрид и Кавадарци се градовите со најголем опфат на вакцинирани лица против Ковид-19, со првата доза, а најмала заинтересираност, пак, има во Струмица, Гостивар и Радовиш. Досега во државата аплицирани се 1.505.469 вакцини, а надлежните уверуваат дека вакцини има доволно и истите се достапни за сите што сакаат да се вакцинираат.Согласно последните податоци, на вакциналните пунктови во државата и на терен вакцинирани се вкупно 784.244 граѓани, а ревакцинирани 721.156. Трета доза вакцина досега примиле 69 граѓани.Последната статистика укажува дека со една доза се вакцинирале 55 отсто од лицата над 40-годишна возраст.До 26 септември, пак, со една доза вакцинирани се 46,9 отсто од населението над 18-годишна возраст. Во моментов во Охрид и Кавадарци има најмногу вакцинирани.Во Охрид со прва доза се вакцинирале 63,9 отсто од граѓаните, во Кавадарци 64,3 отсто, во Гевгелија 61,4 отсто, а во Неготино 65,1 отсто.Како што информираат од ресорното Министерство, помеѓу 50 до 60 отсто опфат на вакцинирано население со прва доза има во градовите Битола, Демир Хисар, Ресен, Велес, Берово, Пехчево, Прилеп, Крушево, Валандово, Штип и Пробиштип.Во Кичево, Свети Николе, Кочани, Делчево, Крива Паланка, Струга, Македонски Брод, Скопје и Тетово се вакцинирале од 40 до 50 отсто од граѓаните.Најмалку вакцинирани во моментов има во Виница, Куманово, Кратово, Дебар, Струмица, Гостивар и Радовиш, односно помеѓу 30 до 40 отсто.Од Министерството потсетуваат дека граѓаните може да се вакцинираат без да закажат термин.-Со извршена комплетна вакцинација се заштитувате себеси и своите најблиски од компликации на болеста предизвикана од вирусот Ковид-19. Вакцините штитат од смртен исход и спречуваат натамошно ширење на вирусот, информираат од Министерството и апелираат сите кои досега не се вакцинирале, да го направат тоа во најскоро време во еден од најблиските пунктови до местото на живеење.Како што посочуваат, само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста се намалува шансата од заболување како и смртен исход од истата, соопштија од Министерството.Што се однесува до децата од 12 до 18-годишна возраст, тие можат да се вакцинираат со согласност од родител.Според вчерашната ковид статистика, од направени 3.512 тестирања, како позитивни се евидентирани 467 лица.Од новите случаи, најмногу повторно има во главниот град, каде се регистрирани дури 245 новозаболени, потоа во Куманово – 47, и во Прилеп – 27.Досега во земјата се направени вкупно 1.282.666 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 190.463. Оздравени се вкупно 171.871 пациенти, а починале 6.630 лица.

пред 4 години

sdsm

СДСМ: Најдобриот градоначалник му служи на народот и одлучува заедно со него

Комуникацијата со граѓаните и решавањето на проблемите на граѓаните во општините ширум државата остануваат еден од главните приоритети на СДСМ.За таа цел, како одговорна социјалдемократска партија, ќе воведеме дигитален онлајн систем за директен контакт на градоначалникот и советниците со граѓаните, како и постојана, брза, ефикасна размена на информации за услуги од надлежност на локалната самоуправа, соработка со НВО секторот и учество на нивен претставник како соработник на кабинетот на градоначалникот.Помеѓу градоначалникот и граѓаните не треба да постојат посредници ниту бариери. Само директната, редовна и двострана комуникација создава систем за експресно реагирање на проблемите во општината, за правилно долгорочно планирање, но и за развој на општината во правец кој вие го одлучувате на овие избори.Системот ќе ги прифаќа и обработува иницијативите што ќе пристигнуваат од граѓаните, при што општините ќе имаат обврска да одговорат на граѓанските иницијативи во рок од 10 дена.Учеството на граѓаните во управувањето со општината повеќе нема да се сведува на гласање еднаш во четири години, туку преку комуникација со градоначалникот и пријава на иницијативи кои ќе овозможат да се изгради вистински партнерски однос.Сите кандидати за градоначалници на СДСМ се луѓе од доверба, искрени, чесни, домаќини. Блиски до граѓаните, постојано на терен, лесно достапни, имаат слух за потребите и сугестиите на граѓаните.Ги повикуваме граѓаните да направат споредба и разлика. Дали ќе изберат кандидат со конкретен план со решенија или кандидат кој не е запознаен со проблемите, кој не знае да раководи со општината.Граѓаните на овие локални избори имаат можност да ја изберат најдобрата понуда за своето семејство, за својата општина.Соопштение на СДСМ

Македонија | пред 4 години

07102020_Zaev_Varheji_svecena-sednica_2-1

Вархеји денеска во Скопје

Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји денеска ќе престојува во Скопје. Тој, како што е најавено, ќе се сретне со премиерот Зоран Заев. Вархеји минатата недела беше во Бугарија каде што разговараше за надминување на бугарската блокада за почеток на преговорите со Северна Македонија во ЕУ.Вчера во Скопје престојуваше претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лаен.„Иднината на Северна Македонија ќе биде европска. Европската комисија цврсто стои на оваа определба“, нагласи претседателката на Европска комисија на прес-конференцијата со којашто ја заврши нејзината еднодневна работна посета на нашата земја.Фон дер Лаен претходно беше во Тирана, каде што се сретна со тамошните власти.

Македонија | пред 4 години

milososki

Милошоски дециден: Ќе вложам максимални напори Фрчковски да не биде амбасадор

Како претседател на Комисијата за надворешна политика, ќе вложам максимални напори во Њујорк да не дозволиме да нè претставува амбасадор кој бил оценет за непожелен од страна на САД, како земја домаќин на ООН, напиша на Фејсбук пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски.„Колку ни е лошо организирана дипломатијата говори самиот факт што три години Македонија е без амбасадор во Вашингтон. Американската дипломатска кота е празна заради личните пазарења на премиерот со амбасадорските позиции, во случајов компензација од Заев кон Фрчкоски, како оддолжување за неговиот придонес кон „ликот и делото“ на премиерот. Таквото тргување со амбасадорската позиција во САД нè доведе до понижувачка ситуација во март оваа година, кога висок претставник на Стејт Департментот лично му се јавил на Заев со став дека Вашингтон нема да даде согласност за владината одлука за номинација на Фрчкоски за амбасадор во Америка. Во присуство на уште еден државен функционер, Заев, за лошиот амбасадорски избор морал да се правда на уште полош англиски.Но, во дипломатијата, кандидат за амбасадор кој не добил агреман од Вашингтон, по автоматизам се подразбира дека е неупотреблив како дипломат на територијата на САД. Итроштините на Заев малку да го задоволи егото на клиентот, а малку да го ублажи срамот пред Американците, па Фрчкоски да го седне во амбасадорското столче на Ист Ривер се проѕирни бидејќи седиштето на ОН сепак е во Њујорк, на територијата на Америка. Дополнително, САД се една од петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН и амбасадор кој бил непожелен во Вашингтон ќе има и сериозен хендикеп во дипломатската активност во Њујорк. Во ООН постои и дипломатски НАТО-клуб каде амбасадорите на земјите членки имаат редовна координација, а со персона како Фрчкоски и овој битен дипломатски кружок би останал неискористен.Од она што во МНР го има како архивска меморија преку дописите од мисијата на Македонија при ООН, од 1993 година до денес не е забележан случај амбасадор на било која држава, кој бил одбиен за агреман во Вашингтон потоа да биде испратен за амбасадор во Обединетите Нации. Ниту држави како Танзанија која е хибриден режим, не си дозволуваат вакви дипломатски екскурзии во односите со САД.Очигледно, министерот Османи одбрал да не биде коректив на лошата одлука на Заев, после одбивањето од Вашингтон, Фрчкоски да биде номиниран за амбасадор во Обединетите Нации. Но, кога владата и МНР носат лоши решенија за угледот на македонската дипломатија, тогаш должност на Собранието е да биде коректив на извршната власт. Затоа, согласно Деловникот, како претседател на Комисијата за надворешна политика, ќе вложам максимални напори во Њујорк да не дозволиме да нè претставува амбасадор кој бил оценет за непожелен од страна на САД, како земја домаќин на ООН“, напиша Милошоски.

Македонија | пред 4 години

kradec

Скопјанец фатен на дело како со сила краде накит сред град

На 28.09.2021 околу 14.10 часот на ул.„Индира Ганди“ во Скопје, полициски службеник од Полициското одделение Шуто Оризари лишил од слобода малолетен крадец од Скопје, кој бил затекнат при извршување „тешка кражба“ на дрзок начин, односно во моментот кога со употреба на сила од вратот на Н.А.(61) од Скопје одзел златен накит.Тој бил приведен и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 236 став 3 од Кривичниот законик.

Скопје | пред 4 години

3-1

За четири години Скопје ќе нема инфраструктурни проблеми, вети Шилегов

Вчеравечер во паркот Ибни Пајко започна победничкиот карван на СДСМ и официјалното претставување пред граѓаните на кандидатот и актуелен градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов. Пред насобраните граѓани, покрај Шилегов, се претставија кандидатите за советници, а говор одржа и претседателот на Владата, Зоран Заев.„Во Скопје 4 булевари се граделе истовремено само два пати, после земјотресот и денес. АСНОМ, Босна и Херцеговина, Никола Карев и Христијан Тодоровски Карпош денес се реалност која никој не може да ја избрише. Минатата година реконструиравме и градевме вкупно 21 улица. Ја нарековме Градежна офанзива бидејќи на толку сообраќајници во една сезона се работело повторно само 2 пати, по земјотресот и денес. Денес во Скопје за прв пат после повеќе децении се градат два нови мостови истовремено“, појасни Шилегов на настанот.Видливи се заложбите на градската администрација во изминатите 4 години, со бројни активности поврзани со заштитата на животната средина, подобрување на инфраструктурата и создавање на функционален и хуман главен град.Граѓаните паметат и се сеќаваат на едно не толку дамнешно време, пред не повеќе од 5 години, кога главна политика на тогашното градско раководство беа фонтани, споменици, криминал и непродуктивни трошења. Сега, сликата за главниот град е сосема различна.Во обраќање кон кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска, Шилегов порача дека Скопје не смее и нема да биде уште еден експеримент на ВМРО-ДПМНЕ, затоа што Скопје не е сопственост на ниедна партија туку на граѓаните и ги повика сите негови противкандидати да не ги потценуваат граѓаните.Покрај останатите проекти кои градот ги сработи изминатите 4 години, за следниот мандат се издвојува пробивањето на булеварот Македонија (Јужен Булевар), кој како ултрамодерна подземна сообраќајница, завршува со модерен кружен тек кај Нова Македонија. Наскоро ќе биде завршен и булеварот Словенија, кој ќе води до Волково и Ново Село, а ќе биде поврзан и со мостот на Љубљанска. Во центарот на градот се изведува и една од најголемите пешачки зони во Европа, која ќе се протега од Собранието до Т.Ц. Палома Бјанка и од Старата железничка станица до Бит пазар.„Затоа драги мои, во следните 4 години ќе го заокружиме целосно процесот на решавање на сообраќајниот хаос во градот. Во првиот мандат започнавме храбро а во следниот ќе завршиме и ќе го решиме проблемот за следните 50 години!“, заврши Шилегов.

Скопје | пред 4 години

103C3218-2A5E-45F2-99A4-139B5DCA5ECB

Мицкоски очекувал да биде главна тема на локалните избори во говорите на Заев, иако не е кандидат

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, професор д-р Христијан Мицкоски од митингот во Ресен каде што ја бара поддршката од граѓаните за кандидатот Јован Тозиевски, му одговори на претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Зоран Заев кој го прозва во неговиот вчерашен митинг од пелагонискиот крај, одговарајќи му дека никогаш нема да има предавнички и квислиншки став за важните македонски прашања како него.Мицкоски истакна дека во недостиг на понуда до граѓаните, како и претходните избори така и овие очекуваше главна тема на неговите партиски митинзи да биде тој.„Како и сите претходни избори, така и овие очекував јас да бидам главната тема на говорот на Зоран Заев, поминаа неколку минути од вчерашниот митинг и се уште ме немаше споменато, но ете ти после десетина минути го слушам ме споменува. Сум бил ваков, сум бил таков, па вели не сум имал став. Каков став да имам, како неговиот, предавнички, капитулантски, квислиншки? Е таков нема никогаш да имам! Таков став нема никогаш да имам“, порача Мицкоски.Мицкоски истакна дека на лидерска средби во Клубот на пратеници, во присуство и на потпретседателот Александар Николоски, Заев ги убедувал дека треба да се прифатат понижувањата кои им се нудат на македонскиот народ и на македонските граѓани и да прифатат на се направат промени.„А тој имаше таков став кога седевме во Клубот на пратеници. Тука е уште еден присутен од тој состанок, потпретседателот Александар Николоски. Кога беше таа лидерска средба, кога не убедуваше дека треба да се понижиме, дека треба да се погазиме како народ, како граѓани, како луѓе и да го промениме тоа што ни го оставиле нашите предци, кои што тоа пак, со крв го платиле. И тогаш го гледав во очи, како и денеска и тогаш му реков, свесен ли си што правиш? Сега можеби сите они кои што ти доаѓаат, те потапнуваат по рамото и ти изразуваат поддршка, во еден момент ќе ги снема, ама штетат која што ќе ја направиш. Јас сум свесен дека ние сите заедно, против целиот тој свет собран околу тебе не можеме толку силно да се спротивставиме, и ти тоа ќе го направиш? Дали си свесен дека таа грешка ќе не кошта нас многу понатаму, а ништо нема да добиеме за возврат. Погледна во очи, збунет каков што отсекогаш бил и така и денеска, и одговори: Да свесен сум! Е па јас, таков став никогаш нема да поддржам, нема никогаш да поддржам“, дециден беше Мицкоски.Тој додаде дека Заев менувал име, го понижувал народот, го понижувал секој еден граѓанин, го крадел достоинството, за да може потоа да краде, мислејќи дека толку многу ќе украде што ќе дојдат избори па дел од украденото ќе го подели на народот и така ќе си ја купи поддршката и наклонетоста на народот.Но, додаде Мицкоски дека на 17 октомври нема да се случи, затоа што македонските граѓани ќе дадат масовна поддршка за кандидатите за градоначалници и листи на советници на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 4 години

1143A335-F5C1-4F85-8969-FCCABE117B39

За Шилегов нема сообраќаен хаос во Скопје, па повика да се избере најдоброто

Кандидатот за градоначалник на град Скопје на СДСМ и Коалицијата Петре Шилегов на предизборната конвенција најави целосно решавање на сообраќајниот хаос во градот, со подземниот булевар Македонија, кој ќе завршува со модерен кружен тек кај Нова Македонија, како и завршувањето на булеварот Словенија кој ќе води до Волково и Ново Село, а ќе биде поврзан и со мостот на Љубљанска.Во Центарот на градот ја градиме и најголемата пешачка зона во Европа која ќе се протега од Собрание до Палома Бјанка и од Стара Железничка до Бит пазар, најави Шилегов, додавајќи дека во следните 4 години Скопје конечно ќе го добие Нов забавен парк, најдобар во Европа.Тој истакна дека ова се избори на кои се избира помеѓу политика на континуитет што води кон друштвото на развиените градови и земји на Европската унија или враќање кон лажните митови и криминалот кои не враќаат назад.За само четири години успеавме, со нашето знаење, професионален тим и силно лидерство, да ги смениме негативните трендови. Скопје денес е град на 21-иот век, затоа е важно да излеземе на 17 октомври и да избереме континуитет за европско, уредно и зелено Скопје на среќни луѓе. Важно е да се избере најдоброто за Скопје, повика кандидатот на СДСМ и Колаицијата за градоначалник на Скопје Петре Шилегов.

Скопје | пред 4 години

C567FA47-65F1-4719-949D-EA30DDB9D0DA

“Должиш и не си независна”, Шилегов упати обвинувања за Арсовска

Кандидатот за градоначалник на град Скопје на СДСМ и Коалицијата Петре Шилегов на денешната промоција во Скопје и се обрати и на имаме кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Данела Арсовска која ги убедува граѓаните дека била добар менаџер и дека била независна.Драга Данела за жал, не само што не си независна, туку зависиш од оние кои го уништија градот до непрепознавање. Твоите спотови се платени и потпишани од истите луѓе, кои потрошија 680 милиони евра на лажен барок. Ти зависиш од најкорумпираната партија во Европа, рече Шилегов.Тој нагласи дека Арсовска, со неиздржани и паушални ветувања се обидува да им се додвори на скопјани.Добар менаџер нема да ветува проекти кои значат банкрот на Скопје а денеска твоето прво ветување за бесплатен јавен превоз е токму тоа. Добар менаџер нема да гради програма која е целосно неиздражана без познавање на финансиите на градот и како воопшто институцијата функционира. Добар менаџер на крај, не ветува брзи решенија, туку темелно долгорочно планира и реализира.Скопје не смее и нема да биде уште еден експеримент на ВМРО-ДПМНЕ, Скопје не е сопственост на ниедна партија туку на граѓаните и ги повикувам сите моите противкандидати да не ги потценуваат граѓаните, порача Шилегов.Тој нагласи дека за разлика од овие неодговорни ветувања, стои неговиот реален и проверен план како и стручен тим со кој тоа ќе биде реализирано.

Скопје | пред 4 години

B6FF44BA-C775-40A5-A72C-00F0CA0149FE

Шилегов сметаше дека нема време за да наброи што сѐ направил за Скопје

Пред 4 години победивме заедно за да го смениме погрешниот курс во кој се движеше градот предводен од ВМРО-ДПМНЕ. Тогаш успеавме заедно, сплотени позади идејата дека Скопје заслужува и може подобро. Денес сме повторно тука заедно да испратиме силна порака дека Скопје го заслужува НАЈДОБРОТО, истакна кандидатот на СДСМ и Колаицијата за градоначалник на Скопје Петре Шилегов.Актуелниот и идниот градоначалник на Скопје се осврна на бројните проекти реазлизирани во изминатите четири години во главниот град.Во Скопје 4 булевари се граделе истовремено само два пати, после земјотресот и денес. АСНОМ, Босна и Херцеговина, Никола Карев и Христијан Тодоровски Карпош денес се реалност која никој не може да ја избрише, рече Шилегов, додавајќи дека минатата година за само една сезона во рамките на „градежната офанзива“ се реконструирани и и изградени вкупни 21 улица.Тој нагласи дека денес во Скопје за прв пат после повеќе децении се градат два нови мостови истовремено.Трамвај во Скопје ни ветуваа повеќе од 40 години, БРТ системот на брз автобуски превоз на Скопје станува реалност, првиот патник ќе влезе за 3 години истакна Шилегов, додавајќи дека додека некој набавуваше кинески двокатни дизел автобуси со скапи провизии, ние набавивме 33 нови ултра модерни еко автобуси на гас од реномираниот европски производител МАН.Шилегов посебно се осврна на аерозагадувањето наведувајќи дека за справување со него се воведени 40 нови мерки, меѓу кои нов концепт за третман на комуналниот отпад, со субвенциите за инвертер клима денес чадат 5.000 оџаци помалку, а со субвенциите за велосипеди и тротинети Скопје денес е побогато за 15.000 велосипеди и над 600 тротинети.Скопската мрежа на велосипедски патеки го надмина 110-тиот километар, ги поврзавме со конектори главните велосипедски рути, а за љубителите на екстремните спортови на Водно изведовме модерна апхил велосипедска патека, а за 5 дена ја пуштаме и даунхил патеката, најави Шилегов, нагласувајќи дека во изминатиот период се подигнавме над 100.000 м2 зеленило, дивите депонии и дивите паркиралишта се претворени во паркови, решени се топлотни острови.Го ослободивме и Кејот 13 ноември, место кое за неполни 2 месеца стана најомиленото шеталиште на скопјани, чекор по чекор го ослободуваме и коритото на Вардар, го чистиме од коров, но и од Галиите што ни ги оставија во наследство не водејќи сметка за можните поплави, истакна Шилегов.Тој нагласи дека Скопје се разбуди од сивилото и стана град на културата, се гради новата Универзална Сала, се организираат модерни настани, а останува за реализација идеја за изградба на нов мултимедијален конгресен центар на друга, поширока локација.Можам уште многу да набројувам, ама ќе ни треба цела вечер. Ова се реални проекти, реализирани и веќе им служат на граѓаните, ова не е маглата која ја сее опозицијата обидувајќи се очајно да манипулира и да создаде конфузија. Ова не се измислените афери на ВМРО-ДПМНЕ, ова е реалноста ова се проектите кои ги бараат Скопјани. Ова е приказната која мора да продолжи, порача кандидатот за градоначалник на Скопје Петре Шилегов, вечерва во Скопје, на промоцијата на која беа претставни и членовите на советничката листа за Град Скопје од редовите на СДСМ и Коалицијата.

Скопје | пред 4 години

DSC_0292

Скопјани добија ветување и за пловен Вардар од Ѓорче до Лисиче

Кандидатот за градоначлник на Скопје од Комунистичката партија на Македонија – Титови сили, Горан Арсовски во вечерашната дебата на ТВ 24 рече дека доколку тој стане градоначалник на Скопје, ќе го направи Вардар пловен.-Ќе го направиме Вардар пловен од Ѓорче Петров до Лисиче и на граѓаните ќе им понудиме бродски транспорт, рече Арсовски.

Скопје | пред 4 години

Нема фотографија

Пејкова и Трајковска: На местата на депониите се подигнати 22 илјади метри квадратни нови паркови површини

„Во Кисела Вода, на местата на некогашните диви депонии, подигнати се над 22.000 метри квадратни нови паркови површини. Посветено ќе продолжиме да работиме на поголема еколошка, здравствена и социјална заштита, а со тоа и за подобро здравје и поквалитетен живот за сите“, порача вечерва во Кисела Вода, носителката на листата со кандидати за советници во Град Скопје, Софија Пејкова.Како жителка на општината Кисела Вода, Пејкова констатираше дека „во Кисела Вода се инвестира во важни капитални проекти, коишто денес им служат на граѓаните“.„Средните училишта Браќа Миладиновци и Васил Антевски Дрен беа реконструирани, со обезбедени прочистувачи за воздух во секоја училница“, посочи Пејкова, која потсети и на реконструкциите на повеќе улици во општината.„Со мојата работа како лекар и секојдневните контакти со вас, можам да помогнам Скопје да стане уште подобар град. Заедно со Петре Шилегов и моите колеги советници, посветено ќе работиме на поголема еколошка, здравствена и социјална заштита, а со тоа и за подобро здравје и поквалитетен живот за сите“, рече Пејкова.Таа се обрати на трибината што ја има коалицијата „Најдоброто за мојата општина“, вечерва, во скопската општина Кисела Вода, заедно со носителката на листата со кандидати за советници во оваа општина, Емилија Трајковска.„Изминатите 4 години, Советот на општина Кисела Вода функционираше како вистински сервис за граѓаните. Преку програмите коишто ги усвоивме успеавме да одговориме на голем дел од потребите на граѓаните, да реализираме голем број проекти, да решиме голем број проблеми на граѓаните“, рече Трајковвска.Таа, како здравствен работник, констатира дека пандемијата има одраз врз сите сегменти на општественото живеење, но констатираше дека општината Кисела Вода, со заложбите и на Министерството за здравство и на Владата, успеала да излезе во пресрет на потребите на граѓаните.„Општината одвои средства за борба со короната: дезинфекција на училиштата, градинките и јавните површини, но, исто така реализира и финансиска помош на погодени граѓани“, додаде Трајковска, која посочи дека од големо значење е и поддршката на централно ниво за граѓаните, преку економските пакети, со што се обезбедни плати, поддршка за бизнисите, безкаматни кредити.И Трајковска и Пејкова порачаа дека граѓаните на Кисела Вода го заслужуваат Најдоброто и ги повикаа да го заокружат бројот 12 на изборите на 17 октомври, со што ќе дадат шанса тоа и да се реализира.

Скопје | пред 4 години

zaev-gruevski

Заев е Груевски од Али Експрес, вели Мицкоски

Вечерва од митингот во Струга, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски нагласи дека Заев се повеќе наликува на Груевски од Али Експрес, Заев е политичар кој што сето она лошо од политичарите во изминативе 30 години тој го има собрано во него.„И да не биде така се е потонато во лаги, очекував кампањата да ја почнат занимавајќи се со мене и го слушам вчера Зоран Заев во Битола го започнува митингот, поминуваат неколку минути не ме спомнал се уште, јас сум во исчекување, кога ете ти го после 10-тата минута прво ме споменува мене, па потоа го споменува мојот претходник Груевски. И така четири години, четири години една те иста приказна, те Груевски, те Христијан. Четири години лаги, четири години конструкции, измами. Човеков имам впечаток како да е опседнат со Груевски, повеќе наликува на Груевски од Али Експрес, така ми наликува. Триесет години, триесет години, најлошото на политичката сцена е собрано во овој политичар. Триесет години најлошото што се појавило на македонската политичка сцена е собрано кај Зоран Заев. И за тоа бидејќи е комплетно неспособен да го подобри животот на граѓаните во Македонија прави некои глупави споредби, некои глупави вицови, шали на кои што тој самиот си се смее“, нагласи Мицкоски.Мицкоски додаде дека него не го болат навредите од Зоран Заев бидејќи него не може да го навреди ситен мал човек како Зоран Заев.„Но, јас ќе му порачам од овде од Струга, стравот е голем, ти се гледа во очите, исплашен си за тоа што знаеш дека силно ќе бидеш поразен на овие избори. А, потоа јас ти ветувам дека заедно со тие твои пајташи околу тебе од прв до последен ќе одговарате. Од прв до последен ќе одговарате и за националното предавство и ќе одговарате за криминалот, и пљачката што ја направивте овие четири години“, истакна Мицкоски.

Македонија | пред 4 години

slika-5

Мицкоски: Градоначалниците на СДСМ се копија на Заев, го слушаа и го следеа во неспособноста

Јас нема да го почнам мојот говор со тоа дека сум продавал бостан на пазарот овдека во Струга, но ќе ви кажам дека често сум доаѓал на плажите овдека во Струга, нема да ви кажам дека првата моја љубов сум ја стекнал овдека во Струга, тоа ќе дојдам еден друг политичар и ќе ви кажува како се заљубил прв пат во Струга како во Горни Милановац, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.„Јас сакам да зборувам со зборовите на народот и да ја констатираме заедно оваа тешка, мачна реалност која сите ние ја живееме беза разлика дали сме Македонци, дали сме Албанци, Турци, Роми, Власи, Срби, Бошњаци, Египќани, православни христијани, муслимани, католици, евреи...Живееме во едно тешко, мачно, политичко секојдневие, исполнето со хаос, исполнето со апатија, исполнето со луѓе кои се демотивирани, луѓе кои ја напуштаат Македонија, цели смемејства заминуваат се збогуваат со своите најблиски. Иднината ја градат некаде таму далеку, а како велат каменот тежи онаму каде што и припаѓа, а тоа е дома овдека во Струга во Македонија.Тоа е нашата тешка мачна политичка реалност и тоа е нашето секојдневие. Зошто ова го зборувам. Зошто ќе дојдат овде пред вас стружани и ќе ви го преентираат според нив најдоброто, а во суштина станува збор за најлошто.Јас ќе зборувам за она што е што го мачи денешниот граѓани во нашата Македонија. Кои се реалните потреби кои се реалните проблеми, а потоа ќе зборуваме и малку за иднината, ќе зборуваме за тоа што ние подразбираме пред нас самите како патриотизам која е нашата траекторија, која е нашата патека која ние треба да ја изодиме и чекориме сите заедно.Ќе започнам со неработењето и онаа би рекол заразна мрза која што ги зафатила овие владини функционери без разлика дали станува збор за директори или министри, без разлика дали станува збор за градоначалници или локални функционери. Имаме една хронична аптаија и едно хронично неработење кое ја уназадува не само Струга, туку и Македонија од ден на ден. Додека тоа се случува, додека оваа заразна апатија владее низ Македонија гледаме дека секој од нив се повеќе и повеќе се корумпира, а Македонија е во моментот според сите светски ранг листи најкорумпираната држава во Европа. Тоа е нашето секојднебвие, не е нашето секојдневие најдоброто во Македонија, нашето секојдневие е најлошто во Македонија затоа што сме најкорумпираните и како држава и како политичари во Македонија. Тоа е реалноста која ја живееме сите ние во најкорумпираната држава, со најкорумпираните политичари, 111 место во светот, а во Европа сме број 1.Ајде да зборуваме малку за здравството, да зборуваме и за здравјето на граѓаните да зборуваме и за ковид пандемијата. Први сме по бројот на луѓе кои го загубија својот живот поради ковид. Лежеев две недели на Клиниката за инфективни болести во Скопје и двајца до мене до загубија својот живот, едниот буквално до мене, другиот позади мене. И никому не би му го препорачал да го помине истиот паат што го поминавме ние на Инфективната клиника. Затоа сме како држава број 1 по бројот на луѓе кои го загубија својот живот затоа што заболеа од ковид. Но, затоа сме на дното по стапката на имунизација, онаа вакцинација која полна им е устата со тој збор, ама не затоа што се гриѓат за здравјето на граѓаните, туку затоа што трчаат по провизии. И се сеќавате на онаа фирма во Хонг Конг регистрирана за трговија со јужно овошје каде се исплаѓаа милиони народни пари за провизии за вакцини. Но, благодарение на опозицијата, благодарение на ВМРО-ДПМНЕ парите се вратија назад кон граѓаните.Ајде да зборуваме за образованието, нешто што најмногу ме боли затоа што јас сум педагог на високо образовна институција. Осум од 10 мои стууденти по дипломирањето одлучуваат да ја напуштат Македонија, за каква иднина ние зборуваме и за какви генерации зборуваме кои ќе не наследат. Тоа ли е најдоброто што го можеме или е најлошто што некогаш сме го виделе овие 30 години. Таа е реалноста која ние ја живееме. 14 луѓе живи гореа, 14 луѓе викаа во модуларната болница во Тетово, до ден денес нема одговорност, нема еден кој ќе одговара за оваа работа, но јас ви ветувам дека веднаш по големата победа на опозицијата на овие локални избори и новата влада која ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ одговорност ќе има. оДговорност мора да има од првиот до последниот јас ви го ветувам тоа. Стојам овде и ве гледам во очи.Ветуваа инвестиции, ветуваа силно платени работни места, ветуваа од 5 до 7 раст на економијата тоа велеа дека било најдобро, а што добивме. Добивме неколку стотици плантажи за садење на марихуана и најголемиот дел од тие плантажи се сопственост на семејството на власт, семејството Заеви. Тоа се инвестициите во македонија тоа е подобрувањето и тоа е најдоброто кое тие го знаат. Таква реалност ние не сакаме, таква реалност ние одбиваме да живееме. И затоа застанавме се обидинивме и тргнавме во овој победнички марш на овие локални избори кои ќе навестат нова плотичка реаност, нова влада предвидена од ВМРО-ДПМНЕ заедно со сите коалициони партии кои денес се во опозиција.Се сеќававте кога не понижуваа кога го рушеа нашето достоинство нашата чест кога се држеа за срце, се колнеа во жицата па не знам во што ли таму не за да на крај сите не излажат, потпишуваа разни памфлети ветуваа европски иднини а денеска сме најлоши на Балканот.Иднина во која власта се срами од успесите на народот, а народот не препознава успеси на власта. Градоначалниците на СДСМ се претворија во копија на Зоран Заев, на мали зоранчиња, беспоговорно го слушаа и го следеа во сите негови погубни чекори за државата.И овој тука во Струга иако не е од СДСМ, а за него пак самиот Зоран Заев велеше дека е криминалец и дека е корумпиран, не наликува на ништо друго освен на еден мал Зоран. Е за тоа ние ќе го поразиме на 17-ти октомври. Овој човек што е овде пред мене, Идри ќе го порази овој човек овде кој е малиот Зоран во Струга.И да не биде така се е потонато во лаги, очекував кампањата да ја почнат занимавајќи се со мене и го слушам вчера Зоран Заев во Битола го започнува митингот, поминуваат неколку минути не ме спомнал се уште, јас сум во исчекување, кога ете ти го после 10-тата минута прво ме споменува мене, па потоа го споменува мојот претходник Груевски. И така четири години, четири години една те иста приказна, те Груевски, те Христијан. Четири години лаги, четири години конструкции, измами. Човеков имам впечаток како да е опседнат со Груевски, повеќе наликува на Груевски од Али експрес, така ми наликува. Триесет години, триесет години, најлошото на политичката сцена е собрано во овој политичар. Триесет години најлошото што се појавило на македонската политичка сцена е собрано кај Зоран Заев. И за тоа бидејќи е комплетно неспособен да го подобри животот на граѓаните во Македонија прави некои глупави споредби, некои глупави вицови, шали на кои што тој самиот си се смее. Па потоа почнува да ме навредува и да ме нарекува Мицко, Мицко бил ваков, Мицко бил таков. Не знам дали имавте можност да го слушате. Мене не бе боли тоа, мене не може да ме навреди ситен мал човек како Зоран Заев. Впрочем и никој не го сфаќа тоа веќе сериозно, за тоа што неколку години го слушаме истото, навреди, лаги, конструкции, измислици. Четири години буквално го слушаме истиот речник од Зоран Заев, така беше и вчера, па јас сум бил Мицко, па сум бил ваков, па сум бил таков итн.Но, јас ќе му порачам од овде од Струга, стравот е голем, ти се гледа во очите, исплашен си за тоа што знаеш дека силно ќе бидеш поразен на овие избори. А, потоа јас ти ветувам дека заедно со тие твои пајташи околу тебе од прв до последен ќе одговарате. Од прв до последен ќе одговарате и за националното предавство и ќе одговарате за криминалот, и пљачката што ја направивте овие четири години.Затоа драги пријатели, почитувани стружани, ве молам слушнете ме добро, ова го пишував вчера после митингот во Охрид, нам ни треба нова иднина и тука можам да ја повторам онаа позната реплика, јас не знам што ќе донесе таа иднина, навистина не можам да претскажам што ќе донесе таа нова иднина, но знам кој ќе ја донесе таа нова иднина. А, ќе ја донесе новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ во Македонија. И таа иднина ќе биде многу подобра од оваа денешна политичка промашена приказна. За тоа сакам да порачам дека сме тука сите ние заедно обединети еден до друг, и тоа не е апстрактен поим, ниту пак бајка во која што ви велам само да верувате. Ова се избори, ова се избори каде што ја имаме последната шанса за промени, шанса за подобро утре. Често пати кога давам интервјуа, и кога разговарам со луѓе ми го поставуваат прашањето што ќе било за тебе победа, еве ќе ви дадам одговор јавно, гласно од овдека од Струга, победа е да направиме спротивно од овие 30 години. Победа е сето она што не чинело да го корегираме, победа е кога ќе спасиме 14 човечки животи. Победа е кога ќе погрешиме, кога ќе констатираме дека сме погрешиле ќе се извиниме и ќе се корегираме, а грешката ќе ја исправиме. Победа е кога ќе се почитуваме и дури и тогаш кога сме различни, победа е кога создаваме вредности, да создаваме принципи.Победа е да има одговорност кога треба, а кога можеме да кажеме да направивме се што можевме. Победа е да не се откажуваме, победа е да создаваме, победа е да работиме. Победа е да одиме напред, победа е да имаме цели, а целта е да влеземе во ЕУ. Јас сум поминал дел од своето образование во ЕУ, во Италија и во Германија. Сум бил професор во Австрија на Техничкиот универзитет во Виена и знам дека секој еден млад човек кој после дипломирањето ќе ја напушти нашата Македонија, тука е потценет, а таму е еден од тие брилијантни умови кои се водечки во својата професија и на своето работно место. Затоа на нашите деца им е потребно квалитетно образование дома, но и да имаат можност без граници и без било какви пречки да патуваат на универзитетите во Париз, Брисел, Рим, Лондон. Да патуваат и разменуваат знаење со своите колеги и врснициПобеда е Европа да ја ставиме на дланка. Победа е кога нашите спортски репрезентации нижат успеси. Победа е кога овозможуваме сигурност и извесност.30 години живееме низ порази и неуспеси, време е да почнеме победуваме.Мојата генерација немаше младост, а тие по нас немаа детство. Паметам кога главна тема беше повлекувањето на ЈНА и создавањето на државата. Потоа неизвесноста при првите чекори како држава. Потоа дојде кризата со бензините, се чекаше редица за да се купи леб, млеко. Транзицијата која остави траен белег, родителите ми работеа во Металскиот завод Тито, татко ми во еден од погоните, мајка ми во фабричката амбуланта. Илјадници како мене поради таа транзиција, поради таа криминална пљачка која тогаш се случуваше останаа со мислата како да обезбедат егзистенција за своите деца и семејства. Потоа дојде косовската криза, па оној непотребен конфликт во 2001 година, а повторно неизвесност тапкање во место, лажни ветувања за ЕУ што траат денес. Ајде сите заедно да извлечеме поуки, од ова и да не го повториме. Да градиме пактови и сојузи за иднината, да работиме за иднината, а сето ова кое беше погрешно во минатото да извлечеме поука и сите заедно да се коригираме.Треба да градиме заеднички патриотизам, модерен, нов, обединувачки патриотизам.Заедничкиот патриотизам е да ја победиме заедничката мака, да создадеме заедничка иднина. Да се разбираме едни со други.Да покажеме дека политичарите од власта ги немаат гласовите во џеб, и дека за доверба да ја добијат од граѓаните треба работа.Заеднички патриотизам е заеднички да успеваме, заеднички да ги вратиме добрите луѓе кои се иселија од земјaва.Заеднички патриотизам е да бидеме без предрасуди, да ги победиме криминалот, корупцијата и неправдите.Заеднички патриотизам е народот да има повеќе пари во џебот, да има повеќе можности за развој. Да носиме добри вести низ регионот, да се радуваме на нови инвестиции и нови добро платени работни места.Затоа е новата иднина е она што ни е потребно, потребни се промени, проекти и победи.А ова што го зборувам го има и во програмите што ги нудиме. Повеќе од 14 835 проекти од различни области, за различни реални потреби на нашите сограѓани.Повеќе од 2000 ширум Македонија, Повеќе од 100 градинки, 150 училишта. Инвестиции во животната средина и градба на нови 150 паркови, 90 спортски сали за младите. Гасификација за поздрава животна средина и што ли уште не. Ова е тоа кое ние го нудиме.Сакам на крај да се обратам и до нашите соседи Албанци, бидејќи Струга е мултиетничка и мултиконфесионална средина. Сакам да ги потсетам дека денеска имаме пакт од интерес, тендерски пакт помеѓу СДСМ и ДУИ кои што ја заробија државата, ја заробија Струга, ја ограничија да се развива. Ги ограничија можностите. Зоран Заев до вчера велеше дека никако нема да седне на иста маса со криминалецот Ахмети, но затоа пак тендерите и криминалот ги споија, заеднички да седнат на иста маса и да продолжат со пустошењето на граѓаните.Нашата мака е заедничка мака. Подеднакво болат солзите и на мајката Македонка и на Албанка и на Турчинка и на Ромка и на Влаинка и на Србинка кога се разделуваат од своето чедо кое што не добило шанса овдека и кое што одлучило да го спакува куферот и да отиде што подалеку и се мислат се думаат дали некогаш повторно ќе се сретнат. Заедничка е маката кога не крадат, кога не понижуваат, кога не засрамува нивната декаденција и простотилук. Оваа несподобност која што гуши и која што не обзема, таа нема вера, таа нема нација. Затоа, ве повикувам сите заедно да се обединиме и да застанеме сите заедно околу човекот кој ќе обединува овде во Струга, а тоа е идниот градоначалник Идри Истрефи. Да го поздравиме и да му посакаме успешен мандат на Идри. Да им докажеме дека не не поседуваат. Да им докажеме дека кога е најтешко сме се обединил, сме ги поразиле, а потоа да ја градиме нашата Струга и нашата Македонија од почеток. Да сте ми живи и здрави. Да е вечна и вековита Струга. Да е вечна и вековита Македонија. Да создадеме заеднички нова иднина. Иднина со промени проекти и победи“, изјави Мицкоски.

Македонија | пред 4 години

31038605_1244779412319246_5542685794050768896_n

„ЈСП е секогаш во загуба, а Шилегов и Арсовска ветуваат бесплатен јавен превоз“, вели Јоци

Новинарката Јорданка Ивановска-Јоци тврди дека 80 отсто од патниците во ЈСП имаат бесплатен превоз, а претпријатието приходите ги добива од градскиот буџет.„И Шилегов и Арсовска ветуваат бесплатен јавен превоз, со мали исклучоци во ветувањата.Со години, 80 отсто е бесплатен превоз за ученици, пензионери, студенти...За оние кои не знаат, а читам многумина немаат поим, ЈСП, не живее од карти, кои им носат само 800.000 евра приходи.Живее од субвенции од градски буџет.Само лани, добија 9,7 милиони евра субвенции за покривање на бесплатен превоз и трошоци.Јас напамет ги знам бројкиве, пошто читам буџети.Математиката е таа, претпријатието е секогаш во загуба, и тоа во последни 20 години и се одржува благодарение на вбризгување на субвенции.Како и имено во многу метрополи“, стои во објавата на Јоци.

Скопје | пред 4 години

policija-1

105 возачи добија казна, возеле пребрзо

Денеска (28.09.) во периодот од 13 до 19 часот полициски службеници од СВР Штип спроведоа засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, на територија на СВР Штип, при што санкционирани се 105 возачи. Од нив 48 на територија на Штип, 17 на територија на Кочани, 15 на територија на Свети Николе... Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања