Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

shilegov-7

Големи проекти планира Шилегов: Од бесплатен превоз и медицински транспорт, до оброци за ученици

Со гордост ја започнувам оваа кампања, со пакет на социјални поволности за возрасните и пензионерите, лицата со попреченост, лицата со ретки болести, младите и идните родители. Продолжуваме со остварување на активности за поквалитетен живот во нашето Скопје, за подобро секојдневие на нашите сограѓани, за поудобни и побезгрижни денови во нашиот град, рече градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.✔️ Овозможуваме бесплатен јавен градски превоз за сите пензионери во Скопје секој ден во неделата.✔️ Овозможуваме бесплатен медицински транспорт за лицата во трето доба и лицата со попреченост до здравствените институции во градот.✔️ Лицата со ретки болести кои живеат во Скопје ќе можат исто така бесплатно да го користат јавниот градски превоз. Трошоците за хроничната терапија која ја примаат ги олеснуваме преку финансиско ослободување за јавниот превоз, за нив и нивната придружба при користење на превозот.✔️ На сите постдипломци и докторанди кои студираат во Скопје им овозможуваме бесплатен превоз во градските автобуси.✔️ Учениците од државните основни училишта во градот ќе добиваат до 50% поевтин оброк за време на престојот во училиште.✔️ Ќе доделуваме 100 стипендии во висина од 12.000 денари месечно за најдобрите средношколци од средните училишта на Град Скопје кои ќе се запишат на некој од државните универзитети, а за секој средношколец од државните училишта, обезбедуваме бесплатно овошје за време на училишниот престој.✔️ Го субвенционираме згрижувањето на децата во државните градинки преку покривање на максимум 50% од месечниот трошок.✔️ За остварување на желбата за потомство, го помагаме процесот на Биомедицинско потпомогнато оплодување преку финансиска поддршка на паровите. Го дополнуваме семејниот буџет за дополнителните трошоци што не се признаени со основните поволности на Фондот за здравствено осигурување или во дополнителен обид кој не е покриен од Фондот.Скопје е град на солидарноста и како таков мора да се грижи за сите, а парите на граѓаните да ги враќа онаму каде се најпотребни. Преку овој пакет мерки градот вложува во квалитетот на живот. Градот е еднаков за сите граѓани, транспарентен и солидарен град, град на успешен соживот.

Скопје | пред 4 години

zaev-crvenkovski

Заев го искоментира Цренковски и изјавата дека не чинат договорите со Грција и Бугарија

Премиерот Зоран Заев беше прашан за став што мисли околу тврдењето на експретседателот Бранко Црвенковски дека договорите со Бугарија и Грција носат само лошо за Македонија. Заев на ова не одговори конкретно, но порача, дека според него, договр куќа гради.„Јас не сакам да давам став за него. Јас моите ставови ги пренесувам преку новинарите. Договор куќа гради, секој договор може да донесе добро. Секој договор е нешто што е европско, нешто што Европа не учеше 75 години, како низ дијалог поминува процесот за оздравување на трауми од Втората светска војна, градење на секаков вид на соработка и подобар живот на своите народи. Дијалогот, пријателството, подадената рака, разбирањето се начин на решавање на работите. На овој начин ќе и покажеме на ЕУ дека треба да бидеме членка“, рече Заев прашан за став околу тврдењата на Црвенковски дека договорите со Грција и Бугарија носат само лошо.Вчера, експретседателот Бранко Црвенковски цени дека станавме членка на НАТО, но поради позициите на Бугарија, како што рече, не можеме да ги почнеме преговорите со ЕУ.„Јас не би ставил знак еднаквост помеѓу преспанскиот договор со Грција и договорот за пријателство и соработка со Бугарија од најмалку една причина. Преспанскиот договор со Грција, кој јас не го сметам за добар, уште помалку за идеален, туку за избор на помалото зло, сепак затвори едно тешко отворено прашање. Договорот со Бугарија не само што не затвори ниту едно прашање туку, напротив, ја отвори Пандорината кутија и создаде основа за цела серија барања од страна на Бугарија, кои до таа мера задираат во нашиот национален идентитет и историја, што компромис, едноставно, не е можен. Мантрата што постојано ја слушаме од страна на актуелните политичари во нашата земја е: „Полноправното членство во ЕУ е нашата единствена опција за која не постои алтернатива. Не постои и воопшто не размислуваме за план Б“. Го поставувам прашањето – а што ако не поради нас, не затоа што ние не сакаме или не сме спремни да ги спроведуваме неопходните реформи и да ги исполнуваме неопходните критериуми, туку затоа што самата ЕУ реши да нема понатамошно проширување, на пример, затоа што ваква каква што е со постојните членки е недоволно функционална и ефикасна, дека евентуално нови членки дополнително ќе го усложнат и онака премногу комплицираниот начин на одлучување и креирање заеднички политики? А такви размислувања во рамките на Унијата веќе има. Што во тој случај ќе правиме ние за кои не постои друга алтернатива? Ќе се самоукинеме, ќе се самораспуштиме како држава? Или мора да најдеме алтернатива!“, нагласи Црвенковски.

Македонија | пред 4 години

51526704261_59cab94794_c

Владата донесе десетици одлуки на седница: Ќе има бесплатен државен WiFi на отворени јавни површини

Владата на Република Северна Македонија на денешната 108-ма седница ја разгледа и усвои информацијата за потребата од склучување на нов усогласен текст на Амандманот бр.1 на Договорот за грант за партнерство за развој меѓу Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави, и го овласти министерот на финансии Фатмир Бесими да ги потпише договорот со новиот амандман според кој УСАИД го зголемува вкупниот планиран придонес од 8.258.792 долари на 56.610.000 долари.Овие средства УСАИД ќе ги додели во текот на следните 4-5 години за проекти за зајакнување на економската конкурентност, за зголемување на придонесот на младите во општеството и за проекти и програми за намалување на корупцијата.На оваа своја седница Владата го утврди текстот на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за установите, кој се сообразува со Планот за борба против корупцијата и со кој е предвидено да се воспостави мерит процедура за селекција и назначување на членови на управните и на надзорните одбори во јавните установи, воведување на транспарентност во постапката за пријавување и селекција, како и намалување на бројот на членови на управните и надзорните на јавните установи.На предлог на Министерството за финансии денеска е утврден текстот на Предлог-законот за финансиска стабилност да придонесе кон одржување на стабилноста на финансискиот систем во целина; да го спречи и да го намали кумулирањето на системските ризици; да ја зајакне отпорноста на системот; да обезбеди одржлив придонес на финансискиот систем кон економскиот раст и да постигне усогласување со Регулативата (ЕУ) бр.1092/2010 за макропрудентен надзор на финансискиот систем на Европската Унија и формирање Европски одбор за системски ризик.Законот, чие донесување се предлага треба да ја обезбеди стабилноста на финансискиот систем и поголема сигурност и еднаквост на финансиските субјекти.Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои Информацијата за обезбедување бесплатен државен WiFi на отворени јавни површини, како дел од Програмата за работа на Владата.За реализација на оваа програма Владата утврди препорака за Јавното претпријатие Национална радиодифузија - Скопје како носител на реализацијата на проектот обезбедување на бесплатен државен WiFi на отворени јавни површини на локации од интерес за туристи од страна на телекомуникациски оператори до крајот на 2021 година во соработка со Министерството за информатичко општество и администрација, Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот и локалните самоуправи да подготви и достави предлог Листа на локации за обезбедување бесплатен државен WiFi за цела територија на државата, за добивање согласност од Владата на Република Северна Македонија, согласно Препораките за обезбедување бесплатен државен WiFi на отворени јавни површини.До крајот на април 2022 година, во соработка со Министерство за информатичко општество и администрација, Национална канцеларија за бродбенд компетентност и Агенцијата за електронски комуникации ќе одржат јавни состаноци со заинтересираните оператори и локалните самоуправи за реализацијата на обезбедувањето бесплатен безжичен WiFi на одобрените локации од интерес за туристите.На денешната седница Владата ја донесе Стратегијата за развој на информатичко-технолошките и компјутерски системи на Царинската управа за периодот 2021 – 2025, со цел координиран и навремен развој и имплементација на националните системи во рамки на Царинската управа и за нивно поврзување со системите на ЕУ, а со цел остварување на следниве стратешки цели:• Интерконективност и интероперабилност со ИКТ системите на ЕУ;• Имплементација на стандардите за интеграција со Националната платформа за интероперабилност;• Унапредување на ИКТ опкружувањето;• Примена на современи технологии и практики за имплементација на деловните побарувања;• Унапредување на примената на интернетот, интранетот и социјалните мрежи во царинското работење.Исполнувањето на стратешките цели е во насока на реализација на Повеќегодишниот стратешки план на ЕУ за имплементација на е-Царина (MASP ) и усогласување со новиот Царински закон на ЕУ (Union Customs Code – UCC). Навремената реализација на активностите дефинирани во овој документ се дел од предусловите при исполнување на критериумите на Царинската управа за пристапување на Република Северна Македонија во Европската унија.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-09-28-at-16.34.56

(ВИДЕО) Урсула фон дер Лејен загрижена за тензиите меѓу Србија и Косово, Заев повика лидерите да седнат на маса

Премиерот Зоран Заев смета дека лидерите на Србија и Косово треба да разговараат на преговарачка маса за да се решат недоразбирањата и тензиите во регионот. Овој одговор на Заев го поздрави претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лејен.„Останувам приврзаник на секоја форма каде лидерите седат на маса и разговараат за решение. Можеме само да апелираме дека треба да се одвратат сите страни, на ваков начин да се праќаат пораки од регионот. Во тој дух убеден сум дека треба да ги користиме сите можности на разговори, партнерство, билатерални соработки. Повторувам, Берлинскиот процес е нешто најдобро на Западен Балкан. Мене ми е драго што претседателката на комисијата ќе има фокус на Западен Балкан. Секогаш можеме нешто да направиме дома. Ние сме пријател со сите соседи“, рече Заев.Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лејен е загрижена поради тензиите меѓу двете земји.„Јас сум загрижена поради тековната криза меѓу Србија и Косово. Важно е сега работите да не ескалираат и да седнат на преговарачка маса. ЕУ има долга историја и е изградена врз дијалог и блиска тесна економска соработка. Кога ја започнавме пред 70 години и по еден страшен дел од нашата историја во втората светска војна, беше потребен многу дијалог и соработка, за раните да се залечат, да се изгради пријателство и врз основа на доверба дојде помирувањето. Потребна е преговарачка маса каде треба да се разговара“, рече Урсула фон дер ЛејенСАД, во соработка со ЕУ, НАТО и Белград и Приштина, ќе се обидат да преземат итни чекори за да ја запрат ескалацијата на тензиите на северот од Косово и Метохија, да овозможат понатамошен напредок на дијалогот под покровителство на ЕУ и да спречат негативно влијание врз секојдневниот живот, велат од Стејт департментот, објави „Танјуг“.На прашањето на „Танјуг“ до Габриел Ескобар, заменик-државен секретар на САД за Европа и Евроазија, дали очекува проблемот да биде решен на претстојната средба во Брисел, од Стејт департментот одговориле дека го поздравуваат доаѓањето на претставници на Белград и Приштина во Брисел и изразија надеж дека претставниците ќе отворат сериозен и директен дијалог со потврда дека Габриел Ескобар исто така ќе биде вклучен во бриселските разговори оваа недела.„Неодамнешните настани покажаа дека разликите помеѓу Белград и Приштина, доколку не се надминат, негативно ќе влијаат на странските инвестиции и ќе придонесат за понатамошен одлив на мозоци, што ќе ги спречи економиите на Косово и на Србија да го реализираат својот вистински потенцијал, но исто така ќе ја спречи нивната понатамошна интеграција во европските институции“, се вели во одговорот на Стејт департментот.САД ги повикуваат Белград и Приштина да се вратат на дијалогот со посредство на ЕУ и да ги решат сите спорови без одлагање, вклучително и оние поврзани со енергетиката и другите области, кои влијаат на секојдневниот живот на граѓаните, нагласувајќи дека САД немаат рецепт за решавање на проблемот.

Македонија | пред 4 години

7478438452_99cbe66773_b

Фрчковски треба да ги спакува куферите за во Њујорк, со цел да биде амбасадор

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска во одговор на новинарско прашање соопшти дек во парламентот стигнало известување од Министерството за надворешни работи дека Љубомир Фрчковски ќе биде амбасадор на Северна Македонија во седиштето на ООН во Њујорк.Џафери изјави дека во петокот конечно завршила седницата на Комисијата за надворешни работи, која беше закажана уште во април. На седницата своите палтформи ги презентирале четворицата нови амбасадори во Индија, Русија, Италија и во Австрија.Спикерот истакна дека именувањето амбасадори е исклучиво во надлежност на извршната власт, на Владата и на шефот на државата, така што не гледа логика во тоа што во собраниската комисија се кочи давањето отчетност, затоа што амбасадорите таму само ги презентираат своите тези, а нема гласање.

пред 4 години

srbija-korona

Црн рекорд на починати во Србија, каде на респиратор се 251 пациент

Во последните 24 часа во Србија се потврдени 8.467 нови случаи на Ковид-19, а 45 лица починаа. Според српските медиуми, ова е најголем број на новозаболени за еден ден од почетокот на пандемијата.Во последните 24 часа тестирани се 26.292 лица. На респиратор има 251 пациент.Денеска, премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, го коментира воведувањето на ковид-пасошите поради моментната епидемиолошка состојба.„Подготвивме сѐ за ковид-пасошите. Тие не се сребрен куршум за решавање на ситуацијата, тие се само начин да се мотивираат младите да се вакцинираат и ништо повеќе. Одговорот на сето ова е вакцинација. Ова е поразително бидејќи тоа е дел од граѓанската солидарност. Демократијата е таква, не можеме да воведеме задолжителна вакцинација“, рече таа.

пред 4 години

Screenshot-2021-09-28-at-16.23.49

Урсула фон дер Лејен: Европската Унија треба да испорача, ве сакаме покрај нас

Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лејен смета дека Европската Унија е таа која следно треба да испорача кон Македонија, бидејќи тоа државата го заслужила. На прес-конференцијата со премиерот Зоран Заев се осврна на тоа што досега е вложено од ЕУ во државата, како што се пакетот за закрепнување на еконимијата и поддршката на здравството. Посочи дека ЕК сака трајно закрепнување на економијата во земјава.„Ве сакаме покрај нас. ЕК и самата јас стоиме на тоа, вие постигнавте извонреден напредок и донесовте храбра одлука. Сакам да бидам јасна дека ЕУ сега треба да испорача. ЕУ и С. Македонија веќе ги спојуваат силите. Треба да ја зацврстиме нашата економија која беше погодена. Тим Европа останува покрај вас. Ние дониравме 325 илјади дози вакцини и знам дека на почетокот тоа беше бавен процес, но испорачавме. Ќе дојдат и уште, бидете сигурни. Треба да знаеме дека не се само вакцините важни, туку и вакцинацијата. Сакам да ги повикам сите, преку вакцинацијата се заштитувате самите, но и тие кои ви се драги. Не сакаме пандемија на невакцинираните. Навистина сакам да и честитам на С. Македонија бидејќи беше прва земја која се приклучи на системот за ковид сертификатот на ЕУ“, рече Урсула фон дер Лејен.Според неа, младите заслужуваат позелена и подигитална иднина. Таа ги поздрави черкоите за како што рече, „зелениот договор“.

Македонија | пред 4 години

Pres-1

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека се запрепастени од Шилегов, сметаат дека тој е изненаден од проектите на Данела

„Запрепастени сме од мрзеливоста и неспособноста на Шилегов цели четири години, а затоа сега тој е изненаден од добрите проекти на Данела.Данела Арсовска денес презентираше проект кој е подобар и посеопфатен од сите проекти кои некогаш биле планирани за јавното сообраќајно решение за Скопје.Шилегов е изненаден и затоа што проектот кој што тој го промовираше после презентацијата на Данела, не држи вода. Бидејќи се што планира Шилегов не држи вода ако имаме целосно бесплатен јавен превоз, кој веќе е пракса во голем број на европски метрополи.Шилегов нека се чуди, но и добро да учи што значи добар менаџер од Данела, сепак може нешто ќе научи за понатака во животот, а во наредните 4 години проектите на Данела ќе ги гледа и во пракса.ВМРО-ДПМНЕ и Данела Арсовска ќе создадат нова иднина за Скопје“.Соопштение до јавноста на ВМРО-ДПМНЕ, реакција на изјавата на Петре Шилегов

Скопје | пред 4 години

DSC_0288

Вработен во агенција за недвижност земал капар за станови, но си го задржувал за себе

Единицата за внатрешни работи – Одделение за криминалистички работи Аеродром и Драчево поднесе кривична пријава против О.С.(47) од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „измама“.Во временскиот период јули-септември 2020, со намера да се стекне со противправна имотна корист, О.С. сторил две кривични дела „измама“, при што како вработен агент за недвижности во приватна агенција од Скопје, ги довел во заблуда И.К. и С.А., двете од Скопје, на кои им зел капар за продажба на два стана во изградба, но земениот капар не го уплатил во агенцијата во која е вработен. Извршувајќи ги овие дела О.С. се стекнал со противправна имотна корист од околу 110.000 денари.

Македонија | пред 4 години

DSC_0052

Останал без пари, но и без дрва - полицијата гони скопјанец за тешки измами

Од страна на Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар поднесена е кривична пријава против Н.Д.(45) од Скопје, поради основи на сомнение дека сторил кривично дело „измама“, предвидено и казниво по член 247 од Кривичниот законик.Пријавениот, на 07.03.2021 во с. Долно Лисиче, скопско, со намера да се стекне со противправна имотна корист, на оштетениот В.Ц. од Скопје му се претставил како превозник-трговец со огревни дрва, нудејќи му огревни дрва по поволна цена, ако му позајми 14.500 денари за да ја замени гумата од камионот, на кој му се натоварени дрвата за продажба. Откако ги земал парите, Н.Д. ниту донел дрва, ниту се јавувал. На тој начин го довел во заблуда оштетениот, кој му ги дал парите и еден мобилен телефон на пријавениот, со што Н.Д. се стекнал противправна имотна корист од околу 20.000 денари.

Скопје | пред 4 години

lisici

Фатен дилер кој се барал со потерница

На 27.09.2021 во 17.20 часот во с.Ајватовци, скопско, полициски службеници од Оперативен тим Потраги од ЕВР Кисела Вода го лишиле од слобода З.Ч.(46) од Скопје.За него била распишана потерница, поради сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, по член 215 од Кривичниот законик. Лицето било предадено во Полициската станица Гази Баба за понатамошна постапка.

Скопје | пред 4 години

2

Сестра на затвореник се обидела да внесе марихуана во „Идризово“, доби кривична

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ј.Х.(34) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 27.02.2021, Затворската полиција од Казнено-поправната установа Затвор Идризово извршила преглед на пакет што го донела пријавената за нејзиниот брат – осуденик во затворот, при што биле пронајдени марихуана и таблети МДМА.

Македонија | пред 4 години

puska

Штипската полиција уапси двајца за незаконит лов

Денеска (28.09.2021) полициски службеници од СВР Штип ги лишиле од слобода Г.А.(50) и С.А.(22), двајцата од с.Крупиште, oпштина Карбинци, поради постоење основи на сомнение дека во атарот на с.Крупиште сториле кривично дело „незaконит лов“, казниво по член 228 од Кривичниот законик.Кај Г.А. бил пронајден и одземен еден реденик за куршуми, а кај С.А. била пронајдена и одземена ловечка пушка и куршум. Запознаен е Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Македонија | пред 4 години

28092021_NK_Zabrcanec_regionalna-konferencija_2

Забрчанец: Владата го задржа првото место по транспарентност во регионот

Националниот координатор за стратегиски комуникации во Владата на Северна Македонија Марјан Забрчанец, учествуваше на регионална конференција посветена на отвореноста на извршните институции во регионот, што денеска се одржа во Подгорица и преку видео врска.За негувањето на принципите на транспарентност и отчетност на извршната власт говореа и претставници на владини институции и невладини организации од Црна Гора, Босна и Херцеговина и Србија.Во правец на застапеност на овие принципи во регионот Регионалната мрежа на НВО „Отчетност, технологија и мрежа на институционална отвореност во Југоисточна Европа“ (ACTION SEE) , подготви проценка на состојбата на добро владеење на собранијата и извршните гранки на централните власти на држави од Западен Балкан, според која Северна Македонија е прва, па следат БИХ, Црна Гора и Србија. Според досегашните мерења и критериуми на отвореност, како најотворена според нивото на отвореност и транспарентност во регионот е рангирана Владата на Република Северна Македонија која исполнува дури 83.4% од критериумите.Националниот координатор за стратегиски комуникации во Владата на Република Северна Македонија Марјан Забрчанец говореше во рамки на панелот „Отвореност на извршната власт на Западен Балкан и Црна Гора“.„Горди сме што повторно сме на прво место по отвореност и транспарентност во регионот. Да се биде на последно место во 2016 година, да се стигне до првото место и да се задржи првото место три години по ред, значи волја, одлучност, посветена работа и одговорност.Оваа Влада покажа високо ниво на политичка волја да ги отвори институциите. Воспоставуваме правила и стандарди со цел транспарентноста понатаму да не зависи од политичката волја и од тоа кој е на власт, туку да стане востановена пракса која е задолжителна за секоја институција. Со креирањето и усвојувањето на Стратегијата, Владата покажа сериозна намера отвореноста да ја инсталира како системско решение во сите институции", истакна Забрчанец.Тој укажа и на алатките за обезбедување отвореност и транспарентност на Владата и во време на Ковид кризата кога беа отворени веб страни со едукација за мерките за заштита, дневни статистики, како и за јавните набавки поврзани со пандемијата.„Во Ковид времето ја подобривме дигиталната комуникација, а и по завршувањето на пандемијата ќе продолжиме да ги користиме овие алатки. Ние сме прва Влада во регионот, а можеби и во Европа која воведе прес-конференции преку онлајн видео врски, во која можат да учествуваат сите регистрирани и акредитирани новинари и директно да поставуваат прашања. На овој начин и на новинарите од медиумите од внатрешноста им овозможивме директна комуникација со Владата“, нагласи Забрчанец.Националниот координатор за стратегиски комуникации Забрчанец потенцираше дека одговорно владеење значи постојано унапредување на отвореноста и отчетноста на институциите и со тоа кај демократските власти не смее да има компромис."Негувањето на принципот на транспарентност е прашање на одговорност на Владата. Ако сакате власт по секоја цена – ќе ги криете информациите, но ако сакате да работите во правец на унапредување на својата земја, ќе бидете транспарентни“, рече Забрчанец.

Македонија | пред 4 години

1-3

Шилегов: Запрепастен сум од евтините ветувања и популизмот за целосно бесплатен јавен транспорт

Ако градот земе буџетски да го финансира целокупниот јавен превоз, тогаш со што ќе се финансираат останатите активности на градот?Одговарајќи на новинарско прашање што мисли за изборната понуда за бесплатен јавен превоз, градоначалникот на Скопје Петре Шилегов одговори:„Јас сум изненаден за некој што се себе си се претставува за добар менаџер, како така напамет дава ветувања. Трошоците на јавниот транспорт во градот Скопје изнесуваат околу 30 милиони евра годишно. Основниот буџет на град Скопје е 80 милиони евра годишно. Ако градот го земе буџетски да го финансира целокупниот јавен превоз, тогаш со што ќе се финансираат останатите активности на градот?“Според градоначалникот Шилегов, „некој што себеси се претставува дека е менаџер, барем треба да има основни знаења, и познавања за овие категории, потоа да дава ветувања, коишто се очигледно лажни, и очигледно популистички“.Шилегов укажа дека неговиот пакет е направен врз основа на финансиската моќ на градот Скопје: „За разлика од тоа, ова што го зборувам, е направено по основ на анализи за финансиската моќ на градот, по основ на конкретен број на луѓе коишто се корисници во целиот овој социјален пакет, и целиот овој пакет, целата оваа понуда којашто ја доставуваме до нашите сограѓани, е одржлива, финансиски реална, добро изменаџирана, што се манири на добар менаџер. Најпрво добро планираш, потоа реализираш.“На крај на одговорот, Шилегов укажа дека е запрепастен од евтините ветувања, популизмот, и непознавањето на основните работи за јавниот превоз во Скопје: „Евтините ветувања и популизмот, јас навистина сум запрепастен, како некој се себе претставува за менаџер, без да ги знае основните работи на јавниот превоз во Скопје“, поентираше градоначалникот на Скопје во одговорот на новинарско прашање.

Скопје | пред 4 години

Нема фотографија

Ѓорѓиевски: Нови паркинг-места во Кисела Вода и идејно решение за урбанизација на Расадник

Кандидатот за градоначалник на Општина Кисела Вода на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски денеска на прес-конференција вети дека со неговиот тим ќе реши два крупни проблема на граѓаните на Општината – ќе направи нови 3500 паркинг места и ќе распише меѓународен конкурс за идејно решение за урбанизација на Расадник.Поради прекумерното градење згради, рече Ѓорѓиевски, жителите на Кисела Вода со години имаат сериозен проблем со паркинг места за своите автомобили.– Согласно проценките и потребите на вас граѓаните, ќе направиме нови 3500 паркинг места, кои ќе го решат проблемот со паркирањето на околу 2500 домаќинства низ нашата општина. Според нашиот проект, ќе направиме монтажни паркинзи, кои ќе ги интегрираме на локации каде е најпотребно сразмерно потребите на граѓаните, рече Ѓорѓиевски.За урбанизација на Расадник, Ѓорѓиевски планира меѓународен конкурс за идејно решение.

Скопје | пред 4 години

Popis-2021-14-750x430-1

ЗАБУНА ЗА КРАЈОТ НА ПОПИСОТ Директорот слушнал од новинарите дека попишувањето може да се продолжи

Јас денеска првпат од новинарите слушнав дека собранискиот спикер Талат Џафери изјавил оти постои можност за продолжување на времетраењето на пописот поради хакерските напади што се случија на почетокот на статистичката операција. Засега не сме разговарале и не сме размислувале за продолжување на процесот, бидејќи сметаме дека целата операција ќе заврши на 30 септември, како што беше планирано.Ова за Плусинфо го изјави директорот на Државниот завод за статистика (ДЗС), Апостол Симовски, кој посочи дека денеска или утре ќе биде испратено соопштение до јавноста преку кое ќе им се соопшти на граѓаните дали, сепак, постои потреба да се бара продолжување на пописот, кој според законот што го донесе Собранието, треба да заврши во рок од 25 дена.Целиот текст тукаИзвор: плусинфо

Македонија | пред 4 години

1-2

(Видео) Бесплатен градски превоз за пензионери, пакет за младите и идните родители, најави Шилегов

Бесплатен јавен градски превоз за сите пензионери во Скопје секој ден во неделата, бесплатен медицински транспорт за лицата во трето доба и лицата со попреченост до здравствените институции во градот, вети на денешната прес-конференција актуелниот градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов и кандидат за градоначалник на Град Скопје од СДСМ.– Лицата со ретки болести кои живеат во Скопје ќе можат исто така бесплатно да го користат јавниот градски превоз. Трошоците за хроничната терапија која ја примаат ги олеснуваме преку финансиско ослободување за јавниот превоз, за нив и за нивната придружба при користење на превозот. На сите постдипломци и докторанди кои студираат во Скопје им овозможуваме бесплатен превоз во градските автобуси. Учениците од државните основни училишта во градот ќе добиваат до 50% поевтин оброк за време на престојот во училиште, рече Шилегов денеска претставувајќи дел од својата предизборна програма.Тој ветува 100 стипендии во висина од 12.000 денари месечно за најдобрите средношколци од Скопје кои ќе се запишат на некој од државните универзитети, а за секој средношколец од државните училишта, бесплатно овошје за време на училишниот престој.[embed]

Скопје | пред 4 години

gerasimovski_554334-678x381-1

Герасимовски: Ја решаваме бучавата во Капиштец и градиме монтажен паркинг

– Капиштец добива нови инвестиции, сите креирани според потребите на граѓаните. Кандидатот за градоначалник од СДСМ и Коалицијата, Горан Герасимовски од блиските средби со граѓаните на Капиштец ја креираше програмата според нивните побарувања.Најголемите предизвици во Капиштец се однесуваат на намалување на бучавата за што подготвивме нови правилници како и недостатокот на паркинг места, вели Герасимовски.„Во Капиштец инвестициите ги насочуваме кон зголемување на резидентните паркинг места за што граѓаните имаат огромна потреба, а со продолжување на монтажниот паркинг на улица „Народен фронт“ обезбедуваме повеќе од 200 нови места за паркирање. Ова сериозно ќе го намали сообраќајниот метеж и ќе придонесе кон поорганизиран и безбеден сообраќај во овој дел од општината. Во Капиштец планирано е и лед осветлување и поставување „смарт“ паркинг со показатели на слободни места на паркингот“, изјави Герасимовски.Герасимовски најави и чуварска служба и патроли за заштита на парковите како и реконструкција на детските игралишта во паркот во Капиштец и Зебра. Преку градежната офанзива најави реконструкции на ул. „Елисие Поповски“, „Антон Панов“, „Шарски одреди“, „Киро Гавриловски“, на дел од ул. „Загрепска“ и улица „Козара“ која ќе стане целосно резидентна, а целосно резидентни стануваат и сите сервисни улици во Капиштец. Како човек кој израснал во КапиштецГерасимовски потенцираше дека е целосно запознаен со проблемите во овој дел од општината и ги има вистинските решенија за сите потреби на граѓаните. За крај повика на правилен избор од кој победници ќе бидат граѓаните, а не партиите.

Скопје | пред 4 години

20210928073847

Топ 10 државни тендери! Кој ги доби големите тендери за обезбедување,реконструкции,лекови

Тендерот број еден за овој месец го доби НИКОБ како единствен понудувач на СОЗР за период од 3 години. Државната Пошта за одржување хигиена ќе плаќа две години по 360.000 евра годишно, а Министерството за одбрана во градежна офанзива за реновирање во касарна „Илинден“ ќе плати 1,3 милиони евраНајвредните десет договори за тендери, од крај на август до крја на септември) кои ги склучиле државни институции отворија работа (набавка на стоки и услуги) на фирми во вкупна вредност од 5,9 милиони евра.Највреден во овој период е тендерот за физичко обезбедување на објекти на државната управа. Го доби скопски НИКОБ за вредност од 3,2 милиони евра за период од 3 години. На овој тендер што го распиша Службата за општи и заеднички работи на Владата (СОЗР) имало само една понуда.Втор според вредноста договор, за овој период, склучи Државната видеолотарија фирма која нуди палета услужни дејности со високо ниво на технолошка подготвеност. Станува збор за договор за телекомуникациски услуги за поврзување продажни места вреден 1,15 милиони евра.Државната Пошта за одржување хигиена за две години на Техночист ќе му плати 722.000 евра.Министерството за одбрана е во градежна офанзива! Фирмата МГИ Инвест ЛТД доби два тендери за реновирање објекти во касарната „Илинден“. За оваа услуга ресорот што го води Шеќеринска ќе плати над 1,3 милиони евра.Градоначалникот Шилегов за надзор врз градба на повеќе локации низ Скопје на друштвото ЕОС ЕЕ ќе плати 576.000 евра, а за реконструкции на еден булевар ќе плати уште 522.000 евра. Добитник на овој тендер е ТОП Билд ДООЕЛ од Скопје.И три тендери за лекови се во првите десет според вредноста склучени во овој месец. Станува збор за еден тендер за набавка на лекови за потреби на клиниките за гастроентерохепатологија и два тендери за клиниката за неврологија. Трите се со вредности нешто над половина милион евра, а заедно вредат над 1,5 милиони евра. Добитници се: „Алкалоид Конс“, „Варус“ и „Еуро Фарм“ Битола.

Македонија | пред 4 години

naum28092021

Ако немаше „профитер“ шема, работите на булеварот „пластичарска“ и „Никола Карев“ ќе чинеа дупло поефтино, тврди Стоилковски

„Работите на булевар Никола Карев, тоа е булеварот на таканаречената пластичарска, од касарната Илинден до Момин Поток во Скопје, ќе чинеа дупло поевтино доколку не постоеше шема ПРОФИТЕР и доколку ставките во овој договор потпишан од Петре Шилегов не беа неколку пати повисоки од пазарната цена на истите. Но, договорот би бил можеби и дупло поевтин доколку имало нормално аукциско работење, доколку, можеби Петре Шилегов, како потписник на овој договор, не испратил порака за цената воопшто да не се дискутира на наддавањето?“, кажа Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Тој додаде:„Сите да се комотни, нема трка. Наместо по 10, 11, 13 градежни фирми да се борат за 3 милиони евра тежок договор, колку што е платено за сиот зафат, се појавуваат само три конкуренти на аукција со понудена речиси иста цена, и потоа воопшто да не се натпреваруваат на аукција да се земе работата.Поднесувале тендерска документација за да не се тркаат да ја земат работата. И доаѓаме до договор потпишан од Петре Шилегов, на сума 160 милиони 765 илјади денари. Во договорот, според цените копање чини три пати повеќе, асфалтирање чини два пати повеќе, ивичњаци се речиси три пати поскапи, тампонирање чини цели три пати повеќе од пазарната вредност на терен, плаќана на други тендери.Ама плаќа Петре од градскиот буџет. Шемата е јасна, постои претходен договор за кого е овој тендер наменет, пораката е пратена, тендерот се зема беа реална трка на пазарот, по нереални цени, а разликата се дели.И тоа е ПРОФИТЕР. И така има градоначалници кои со административна плата кои што постигнале во просек по над 100.000 евра луксуз годишно. Од плата!Почитувани,Е малку им било тоа што тендерот е дупло поскап, на овој договор има и АНЕКС договор. За истата работа којашто би можела да биде на пола поевтина. На тоа има Анекс договор потпишан исто од Петре Шилегов, на 300.000 евра. Непредвидени трошоци.Почитувани,Аферата ПРОФИТЕР е огромна. Делени се пари од буџет во услови кога сета економија запре. Кога 60.000 останаа на улица. А градежни компании не се борат за тендери од 3 милиони евра распишани од Град Скопје.Не се борат за работа за плата на вработените, ако вам не ви е чудно, не ми е ни мене.Почитувани,Од разликата дебело се профитира, дури и кога разликата во цена е поделена.Петре Шилегов за четири години го зголемува луксузот за речиси половина милион евра од административна плата.Нема полошо од СДСМ, за Скопје нема полошо од Шилегов“.

Македонија | пред 4 години

446324

Црквата на плоштад ќе ја купи „Ре-медика“

Недовршената црква од проектот „Скопје 2014“, несудената „Св. Констанин и Елена“ која уште стои на улица Македонија ќе добие нов газда, дознава Фактор. Приватната здравствена установа „Ре-Медика“ ќе го откупи објектот од градежната компанија „Бетон“ која почна да го гради објектот во 2012 година, а за таа цел ќе го отплати долгот од 4,4 милиони евра кој кон „Бетон“ го имаат МПЦ-ОА и фондацијата „Св. Цар Константин“.Оваа одлука треба да ја усвојат акционерите на градежната компанија на вонредното акционерско собрание кое е закажано за 18 октомври. Кога ќе се усвои, точно 270 милиони денари (4,4 милиони евра) долг од фондацијата и МПЦ ќе бидат отстапени како побарување кон „Ре-медика“.„Се одобрува склучување на зделка со заинтересирана страна – склучување на Договор за отстапување на побарувањето со Приватна здравствена установа општа болница РЕ – МЕДИКА Скопје, во вкупен износ од 269.918.842 денари. Побарувањето, ДГ БЕТОН го побарува од Фондацијата Св. Цар Константин и Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, согласно Спогодба за регулирање на меѓусебните права и обврски 25.12.2020 година“, стои во предлог одлуката.

Скопје | пред 4 години

vakcini-9

Не е добро да се комбинираат вакцините, доктор Мехмедовиќ објасни зошто

Не е добро да се комбинираат вакцините. Ова е ставот на доктор Злате Мехмедовиќ кој го кажа за Слободен печат.Мехмедовиќ посочува дека ако две дози се примени од ист производител, третата не треба да се менува, туку да биде од истиот бидејќи на пример за Фајзер истражувањата, како што посочува се правени само во Америка а таму не се достапни вакцините на другите производители кои беа достапни и кај нас, па оттука и не е позната реакцијата доколку граѓаните примат таква комбинација на вакцини.Мехмедовиќ вели дека не сака да го коментира ставот на надлежните во однос на тоа да се ревакцинираат граѓани со Фајзер а претходно да им е аплицирана вакцина од друг производител.-Морам да напоменам, за да знаат граѓаните дека компанијата „Фајзер“ има податоци само за пациенти од американско подрачје, каде што ги нема вакцините што ги има кај нас, затоа и сметам дека влегуваме на непознат терен, со комбинација со вакцини од различни производители. На пример, во Америка, вакцинираните со „Модерна“ или „Џонсон и Џонсон“, не ги ревакцинираат со „Фајзер“ – објаснува д-р Мехмедовиќ за Слободен печат.Не е добро да се комбинираат вакцините. Ова е ставот на доктор Злате Мехмедовиќ кој го кажа за Слободен печат.Мехмедовиќ посочува дека ако две дози се примени од ист производител, третата не треба да се менува, туку да биде од истиот бидејќи на пример за Фајзер истражувањата, како што посочува се правени само во Америка а таму не се достапни вакцините на другите производители кои беа достапни и кај нас, па оттука и не е позната реакцијата доколку граѓаните примат таква комбинација на вакцини.Мехмедовиќ вели дека не сака да го коментира ставот на надлежните во однос на тоа да се ревакцинираат граѓани со Фајзер а претходно да им е аплицирана вакцина од друг производител.-Морам да напоменам, за да знаат граѓаните дека компанијата „Фајзер“ има податоци само за пациенти од американско подрачје, каде што ги нема вакцините што ги има кај нас, затоа и сметам дека влегуваме на непознат терен, со комбинација со вакцини од различни производители. На пример, во Америка, вакцинираните со „Модерна“ или „Џонсон и Џонсон“, не ги ревакцинираат со „Фајзер“ – објаснува д-р Мехмедовиќ за Слободен печат.

пред 4 години

Screenshot-2021-09-28-at-10.34.05

(ВИДЕО) Стојкоски: Над 450 деца не можат да одат во градинка, со вложување во нови

Со ветување за нови објекти за градинки и проширување на постоечките капацитети, Александар Стојкоски, кандидат за градоначалник на Ѓорче Петров од ВМРО-ДПМНЕ го започна вториот ден од изборната кампања за локалните избори. Според него, 450 деца се на листа на чекање за прием во градинките во општината. Најавува решвавање на проблемот по изборите.„Над 450 деца не можат да одат во градинка, а родителите на работа. Семејствата бараат алтернативи кој да ги чува секојдневно, бидејќи капацитетите во градинките се преполнети. Ова е сериозен проблем. Бабите и дедовците се првите „спасители“ кои наместо да уживаат во пензионерските денови, тие се вложуваат за своите внуци бидејќи се прва алтернатива за чување. Ова мора да го промениме. Имаме начин како да го направиме тоа. Вие сте причината зошто веднаш ќе започнеме да вложуваме во отворање на нови капацитети на градинки. Но не само капацитети, туку и нови објекти за градинки низ Ѓорче Петров. Ветуваме менаџирање, не политиканство. Тоа и ќе го спроведеме. Вложување во грижата и образованието за младите. За тоа ќе ги вложиме и трошиме вашите пари.Заедно да создадеме подобра иднина!“, напиша Александар Стојкоски, кандидат за градоначалник на Ѓорче Петров од ВМРО-ДПМНЕ.

Скопје | пред 4 години

IMG_4715

Променливо облачно и посвежо, со локален пороен дожд

Денеска ќе преовладува променливо облачно и посвежо време. На места ќе биде нестабилно со пообилен пороен дожд, локално (над 20 л/м2) и појава на ретки грмежи. Максималната температура ќе биде во интервал од 19 до 26 степени.Во Скопје ќе биде претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд и ретки грмежи. Максималната температура ќе достигне до 24 степени.Во наредните денови до четврток ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, а дневните температури значително ќе опаднат. В петок ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд. Во деновите од викендот ќе има стабилизирање на времето, а температурите ќе бидат во благ пораст.

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања