Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

danela-arsova-aleksandar-stojkoski-bojan-stojanoski-misjalovski

ВМРО-ДПМНЕ гарантира гасификација, проекти во образованието и инфраструктурата

„ВМРО-ДПМНЕ со обемни програми со вкупно 14.835 проекти, ја бара довербата на граѓаните за заедно да создаде е нова иднина. Проектите на ВМРО-ДПМНЕ се од сите сфери и области и се решенија за реалните проблеми на народот. Планираме гасификација, која ќе биде приоритет. Гарантираме изградба или реконструкција на 2000 улици низ цела Македонија. Градба или реконструкција на 100 градинки, како и на 150 учлилишта“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„За разлика од СДСМ, ние работиме за подобра животна средина, затоа планираме инвестиции во животната средина, но и градба на нови 150 паркови кои ќе влијаат на огромно зголемување на зеленилото во урбаните центри. Идните градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ ќе направат 90 спортски сали, и ќе инвестираат во спортот. Но истовремено ќе се грижиме и за културата. ВМРО-ДПМНЕ докажало дека тоа што ќе го вети и го реализира. Гарантираме многу работа, многу проекти и многу успеси. Да создадеме нова иднина! Промени! Проекти! Победи!“, додаваат оттаму.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-09-28-at-08.23.33

(ВИДЕО) Камиказа ќе оживува Скопје, чистејќи го од градската администрација и отпадот по улиците

Петар Георгиевски Камиказа, кандидат за градоначалник на Град Скопје од Левица ја започна изборната кампања за локалните избори. Преку видео спот се обрати и на сите скопјани, на кои им порача дека градот мора повторно да биде метропола. Смета дека треба да се исчисти ѓубрето од улиците и од градската админситрација. Тој тврди дека има план за развој на градот.„Нашиов град има преживеано се и сешто. Горештини, студови, окупации, огнови и земјотреси. Но денес се соочува со најопасната болест, корупцијата која ги загрозува нашите и животите на идните генерации. Корупцијата на т.н. лидери не има доведено до распаѓање, каде младите се безнадежни и масовно се иселуваат. Се сеќавам на не така одамна кога граѓаните на Скопје ги шетаа улиците на македонската метропола со гордост. Кога Скопје беше идиличен град. Време е да ги потсетиме штетниците чиј е овој дом, чиј е овој град. Време е да го исчистиме ѓубрето од улиците, како и од градската администрација. Време е да ги потсетиме постарите на спомените и да им овозможиме на младите да создаваат нови вредности. Можеме а и мораме да го направиме Скопје метропола. Овојпат уште поубава и посветла. Во раните '90 ја оживеав македонската музичка продукција. Пред некоја година со огромна желба за живот се вратив од т.н. физичка смрт. Со ваша помош повторно ќе го оживеам нашиот роден град“, вели Петар Георгиевски Камиказа, кандидат за градоначалник на Град Скопје.

Скопје | пред 4 години

ursula-varhej-zaev

Урсула фон дер Лајен пристига во Скопје

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска попладне ќе допатува во посета на Скопје, при што меѓудругото со лидерите на земјава ќе разговара и за спорот со Бугарија.Како што јави дописничката на МИА од Брисел, од Европската Комисија не сакаат да откријат во кој правец ќе се движат разговорите во Скопје, ниту дали ќе има пораки до Бугарија во врска со блокираниот ЕУ-процес за Северна Македонија, а повеќе детали за разговорите ќе бидат соопштени по средбата. Засега единствена порака што ја пренесуваат службите на Фон дер Лајен е дека „ЕУ држи до регионот“.– Таа (Фон дер Лајен) ќе се сретне со лидерите и ќе разговара за билатералните односи со ЕУ и регионалните прашања, перспективата за преговори за членство на Северна Македонија е дел од пошироката дискусија. Целта на претседателката е да ја потврди нејзината посветеност кон регионот и перспективата за преговори за членство во ЕУ со овие земји кога времето и условите ќе бидат добри и преговорите ќе бидат завршени, рече Дана Спинант, портпаролката на Европската Комисија.Фон дер Лајен ќе биде пречекана од премиерот Зоран Заев на платото пред Владата, по што ќе одржат средба на која ќе присуствуваат и вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров и министерот за надворешни работи, Бујар Османи. Заев и Фон дер Лајен ќе одржат заедничка прес-конференција во кино Фросина во МКЦ, кој е реновиран со средства од ЕУ.Подоцна, Фон дер Лајен ќе се сретне и со претседателот Стево Пендаровски, а ќе присуствува и на вечерата што ќе ја приреди шефот на државата во присуство на претседателот на Собранието, Талат Џафери и други високи претставници.Скопје е втора станица на Фон дер Лајен на нејзината турнеја низ земјите од Западен Балкан, чија цел е да ја потврди посветеноста на ЕУ кон регионот. Од 28 до 30 септември таа ќе ги посети сите шест земји од Западниот Балкан, почнувајќи од Албанија.Посетата на регионот на шефицата на ЕК се случува една недела пред Самитот ЕУ-Западен Балкан, кој ќе се одржи на 6 октомври во Словенија со лидерите од регионот. Од Европската Унија инсистираат дека овој самит нема да биде „самит за проширувањето“, туку можност да се разговара за односите на ЕУ и регионот.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Земјотрес во близина на Кичево

Земјотрес од 2,7 степени според Рихтер вечерва е регистриран во Македонија.Тој се случи во 21.17 часот и бил со епицентар на 17 километри југоисточно од Кичево, на длабочина од 2 километри.

Македонија | пред 4 години

zaev-mickoski

„Место вози Мишко, кочи Мицко“, и Заев удри на хумор

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев на првиот митинг од изборната кампања го спореди лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски со сцена од филмот „Кој тоа таму пее (Ко то тамо пева)“.-Политичкиот татко од Будимпешта му вели на својот послушен син од овде, кочи Мицко, а овој кочи ли кочи, па поради врзаните очи, не може да види какви штети им нанесува на граѓаните. Поради тоа, кочничарите ќе доживеат пораз на 17-ти октомври. Нема ништо што ќе не сопре. Одиме напред. Кутриот Мицкоски нема став, ниту по едно прашање, рече Заев.

Македонија | пред 4 години

Summerland-1

Шилегов: Скопје ја добива најголемата пешачка зона во центарот на градот

Со имплементација на новиот систем за јавен транспорт (Бас рапид систем) кој ќе стане реалност до 2024 година, Скопје ја добива најголемата пешачка зона во центарот на градот од сите европски градови. На потегот од Собранието до Палома Бјанка, скопјани ќе може да се движат по слободен простор а притоа ќе добијат брз, ефикасен, еколошки и прецизен јавен транспорт. Ова вечерва на првата дебата за локалните избори го истакна градоначалникот Петре Шилегов, потенцирајќи дека за овој проект е веќе направена темелна студија за неговата ефикасност и станува збор за проект поддржан од Европската банка за обнова и развој.„За само четири години влеговме храбро во проекти кои ги решаваат клучните проблеми на скопјани за следните 50 години. До 2024 го решаваме сообраќајот во Скопје кој повеќе од 40 години бил запоставуван. Визијата за брз ефикасен транспорт станува реалност.“ - истакна Шилегов.

Скопје | пред 4 години

20122018_filipce_2

Филипче: Со СДСМ имате можност да го изберете најдоброто за вас и вашата општина

И во четвртата изборна единица, СДСМ и коалицијата се силни, убедливи фаворити. За четвртата изборна единица ја имаме најдобрата кадровска понуда претставена преку следните кандидати:Коста за Струмица, Горан за Прилеп, Никола за Радовиш, Благојчо за Конче, Перо за Валандово, Сашко за Гевгелија, Анго за Дојран, Благојчо за Богданци, Тони за Неготино, Горан за Кавадарци, Лазар за Демир Капија, Јасмина за Могила, Љубе за Новаци, Стојан за Росоман, Зоран за Босилово, Марјан за Василево и Звонко за Ново Село, вели Филипче.„Ова е нашата понуда и тврдам дека е подобра од целата опозиција заедно. Овие луѓе се докажани професионални, секој во својата сфера на функционирање.Добар дел од нашите кандидати се повторни кандидати и тоа е така поради тоа што граѓаните ја одобруваат нивната работа и ќе им дадат повторно поддршка. Го имате најдоброто за вас, вашето семејство, вашето маало, вашата општина. Имате можност да ги изберете најдобрите луѓе.Со гласот може да избереме заедништво, развој, многу работа, просперитет, модерни и европски општини. Тоа ќе ги победи поделбите, лажните вести и антиваксерството. Немам дилема дека на 17 октомври сите ќе го направиме вистинскиот избор. Напред во голема победа“, додаде тој

Македонија | пред 4 години

danela.arsovska-1200x1200

Арсовска: Нема повеќе да се зборува дека делови од градот немаат основна инфраструктура

Независната кандидатка за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива, во дебатата на Телевизија 24 со останатите кандидати за градоначалници, истакна дека граѓаните на Скопје не се задоволни од тоа како во овој момент изгледа градот во кој владее сообраќаен и урбан хаос и е затоа потребно квалитетно менаџирање и изнаоѓање на брзи и ефикасни решенија кои ќе го направат Скопје современа метропола.- Кога се прашуваме што е визијата за градот и што му е потребно, потребно му е квалитетно менаџирање. Да се престане со политиканство, граѓаните не се бројка, за нив потребно е да се работи и да се биде нивен сервис и да се обрне внимание на она кое секојдневно тие го кажуваат. Тоа се брзи и ефикасни решенија, кои ќе направат Скопје да биде вистинска современа метропола со која сите ќе се гордееме, рече Арсовска.Таа потенцираше дека во овој момент наместо да се зборува за култура, уметност и спорт се зборува за нешта поради Скопје изгледа како град од минатиот век, бидејќи делови од градот немаат основна инфраструктура.- Она кое е духот на градот потребно е да се врати. Има делови од градот кои немаат основна инфраструктура, немаат водовод, канализација, а да не зборуваме за подигнување на квалитетот на животот. Во овој момент треба да разговараме за култура, спорт, уметност за се што ќе ги направи скопјани горди дека живеат во главен град и метропола, изјави Арсовска.Таа нагласи дека досега многу решенија се ветувани, но не се реализирани и посочи дека граѓаните не користат доволно јавен превоз, бидејќи истиот не задоволува стандарди зада можат безбедно и навремено да пристигнат од една до друга дестинација.- Не е доволно само да се вети. Завршен проект е оној кој има почеток и крај, а ние гледаме само ветувања. Има дел локации кои се недостапни за јавен превоз, во 21 век граѓани пешачат километри за да стигнат до автобуска станица и тоа е она кое ќе се промени. Цените треба да бидат достапни за граѓаните, за да можат да се откажат од сопствените автомобили да го користат јавниот превоз, истакна Арсовска.

Скопје | пред 4 години

243074988_571729380914210_9129645778269070569_n

Трајковски, Глигоров и Кљусев најпопуларни политичари во изминатите три децении

Борис Трајковски, Киро Глигоров и Никола Кљусев се најпопуларните политичари во изминатите три децении, оцениле испитаниците опфатени со истражувањето на фондацијата „Конрад Аденауер“ и Институтот за општествени истражувања „МК91“, по повод 30 години од независноста на државата.Од вкупниот број испитаници, 42 отсто дале највисока оценка 5 за поранешниот претседател Борис Трајковски, 33 отсто дале оценка 5 за поранешниот претседател Киро Глигоров и 21,1 отсто дале петка за поранешниот премиер Никола Кљусев.Според резултатите од истражувањето, 43,1 отсто сметаат дека државата има успешен развој изминатите три децении, што претставува разлика од 6,9 отсто во однос на оние што имаат спротивен став.Како најпозитивни нешта изминатите три децении испитаниците ги посочуваат стекнувањето на независноста на државата (15 отсто), процесот на интеграција и самата интеграција во ЕУ и во НАТО (6,3 отсто) и напредокот и модернизацијата на земјата (2 отсто).Негативни нешта, според испитаниците, се криминалот и корупцијата (12,7 отсто), економијата и животниот стандард (7,1 отсто) и политичката нестабилност (3,1 отсто).– Во овој дел важно е да се укаже дека високи 70 отсто од испитаниците не можат или не знаат да одберат кој настан е најпозитивен во изминатите 30 години, како и 56,8 отсто од испитаниците кои не можат или не знаат да одберат кој настан е најнегативен изминатите три децении – велат од фондацијата „Конрад Аденауер“.Поддршка за Охридскиот рамковен договор даваат 46,3 отсто од испитаниците, 38,5 отсто го поддржуваат потпишувањето на Договорот за пријателство и соработка со Бугарија, а 41,5 отсто Преспанскиот договор.Членството во НАТО го поддржуваат 59,8 отсто, а 38 отсто позитивно го оценуваат процесот на евроинтеграција.Во однос на западните држави-сојузници, највисоки оценки има за Германија (69,5 отсто имаат добро, многу добро или одлично мислење за неа) и за САД (57,4 отсто имаат добро, многу добро или одлично мислење).Позитивни оценки дибиле и Кина (60,2 отсто имаат добро, многу добро или одлично мислење), Русија (61,6 отсто имаат добро, многу добро или одлично мислење) и Турција (79,5 отсто имаат добро, многу добро или одлично мислење).За 35,6 отсто од испитаниците, во следните три децении државата ќе се развива подобро, за 22,6 отсто ќе се развива полошо, а за 16,6 отсто државата ќе има сличен развој како и досега.– Ова значи дека за 13 отсто е поголем бројот на испитаниците кои позитивно гледаат на развојот на државата во следните 30 години, што упатува на заклучокот дека постои изразено ниво на оптимизам кај испитаниците во однос на иднината на Северна Македонија, а причините за тоа треба да се бараат во посилниот државотворен капацитет на граѓаните, како и во нивната приврзаност кон остварената независност на државата – оценуваат од „Конрад Аденауер“.Истражувањето е спроведено во август и со него се опфатени 1.110 испитаници.

Македонија | пред 4 години

mickoski-5

(ВИДЕО) Мицкоски кажа виц за Заев

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва во Охрид, кажа виц за премиерот Зоран Заев.„Заев во едно населно место и вели кажете ми два проблеми кои сакате да ви ги решам. Тие рекле, овој градоначалников не лажеше дека ќе направи водовод. Заев почнал да врти телефони и така половина час, тие го гледаат замислено, и после спушта слушалка и вели првиот проблем е решен. Кој е вториот проблем? Граѓаните велат вториот проблем е што нашава општина нема мрежа за мобилни телефони, па ако може тоа да го решите. Ете така почитувани мои, ќе изгледаат овие избори. Овој пат, нема да може да излажат зашто сите знаат дека не може да им се верува“, вели тој. 

Македонија | пред 4 години

tuca-na-groblju-2-830x0-1

Тепачка среде погреб, пет лица повредени

За време на погребот на Тереза ​​Вард, во округот Галвеј, Ирска, дојде до тепачка во која две жени и пет мажи се тешко повредени. Ожалостените беа нападнати на гробиштата, а ковчегот на мртвата жена падна на земја бидејќи тие беа принудени да се бранат.Погребот на Тереза ​​првично беше закажан за друг ден, но беше одложен да се одржи на роденденот на нејзината ќерка, која почина од рак пред само девет месеци, пренесува Дејли Стар.Се верува дека инцидентот е предизвикан од одмазда помеѓу две ривалски семејства, која ескалираше во последните месеци и не беше поврзана со семејствата на починатите.Жителите во близина на гробиштата Туам изјавија дека го забележале присуството на полицајци во таа област уште од раните утрински часови.- Нападите се случија од чист мир. Ковчегот не успеа ниту да влезе во гробот и мораа да го фрлат на земја додека не се смири ситуацијата - изјави еден очевидец.

Магазин | пред 4 години

IMG-873f60e2c29c4fb12f0a95e46e8b21b2-V

Казнети 32 возачи во Велес, возеле пребрзо

Денеска (27.09.) полициски службеници од СВР Велес спроведоа засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, на територија на СВР Велес, при што санкционирани се 32 возачи. Од нив 16 на територија на Велес, 10 на територија на Кавадарци, шест на територија на Неготино... Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Македонија | пред 4 години

download-1-2-768x511-1

Даниел Крег се збогува со Џејмс Бонд

Даниел Крег мислеше дека го заврши својот мандат како Џејмс Бонд со Spectre, но актерот вели дека неговата последна петта улога на британски таен агент во No Time To Die му овозможило целосно да го заврши своето 007-патување.Речиси 60 години од прикажувањето на првиот Бонд-филм Dr No, омилениот шпион познат по љубовта кон брзи автомобили и софистицирани уреди следната недела се враќа во многу очекуваниот филм по 18-месечно одложување поради пандемијата.Се проценува дека продукцијата на филмот чини околу 200 милиони долари, а во него Бонд, кој веќе е пензиониран, го напушта идиличниот живот во Јамајка за да помогне во пронаоѓањето нов негативец вооружен со смртоносна технологија.„Не мислев дека ќе снимам друг филм по Spectre. Искрено, мислев дека ќе завршам со Бонд“, рече Крег во интервју за „Ројтерс“.„Но, среќен сум што имав шанса да го одработам и ова. Врзавме многу лабави краеви. Се обидовме да раскажеме една приказна со сите мои филмови за Бонд. Како да се сите поврзани на некој начин и овој некако го затвори кругот“.Филмот кој трае речиси три часа, а го режира Кари Џоџи Фукунага, ветува вообичаена акција, бркање со автомобили и акробации на живописни локации вклучувајќи ги и пештерските живеалишта на јужниот италијански град Матера.Филмот го претставува новиот лик Номи (Лашана Линч) – агентка 00 на британската тајна разузнувачка служба МИ6. Таа изгледа еднакво жестоко и вешто како и самиот Бонд.

Магазин | пред 4 години

243300521_10226226999481350_3714728790093149929_n

Јоци до СДСМ: Во Аеродром не треба избори, предадете ја на вмровци уште утре

Новинарката и критичар на власта, Јорданка Ивановска-Јоци, по дебатата помеѓу кандидатите за градоначалници за Општина Аеродром, смета дека не треба да има избори.„Шо знам...не живеам таму, но од она што го слушам на Телма, во #Аеродром не треба избори. Предадете ја на вмровци уште утре, не губете време на избори.#Тимчо ќе ги прегази СДСМ, скроз е фул пакет - ,,бејби фејс", лепушкаст, професор, јасен, фокусиран, харизма....брише под со Цандево на СДСМ кое се смее ко зелено на тв и повторува - ,,ама јас зеленило ќе садам....роден сум во Аеродром...лаги се дека не живеам во Аеродром".И најсмешниот момент....#Цанде вели ќе ја сузбивал урбаната мафија во Аеродром. Не му кажале дека Златко Марин од неговата партија беше 4 години градоначалник и уште е актуелен“, напиша Јоци.

Коментари | пред 4 години

policija-1

Ексградоначалникот на Петровец си го избодел синот

Педесет и три годишниот З.Ц вчера во нивниот дом со остар предмет му нанел повреди на 22-годишниот син Ј.Ц.Полицијата соопшти дека вчера околу 14.50 часот во СВР Скопје - Полициско одделение Петровец било пријавено дека околу 13.30 часот во селото Ржаничино, скопско, по претходна расправија во домот, З.Ц. со остар предмет му нанел повреди на неговиот син Ј.Ц.Се додава и дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.Неофицијално станува збор за Звонко Цветковски поранешен градоначалник на Петровец, вработен во Бирото за јавна безбедност.

Скопје | пред 4 години

Mucunski

Муцунски: Носечка политика на СДСМ во општина Аеродром беше бетон, бетон и уште повеќе бетон

„Во последните две недели откога почнав во оваа кампања слушнав и видов многу работи, дел од нив навистина ме разочараа. Но јас имам една лична заложба во политиката, во сите политички процеси кои што јас лично сум ги водел велам дека е време да создадеме промени во начинот на кој што се води политичкиот дискурс во Република Македонија. Време е да зборуваме за политики и за решенија наместо за дневна политика“, истакна Тимчо Муцунски, кандидат за градоначалник на општина Аеродром во гостување во емисијата „Топ Тема“ на Телма телевизија.Муцунски додаде дека се води од идејата дека тој не влезе во политиката за да таа го промени него, туку тој сака да ја промени политиката.„И за тоа во оваа кампања влегуваме со многу проекти, многу идеи, се за граѓаните. Но потребно ни е поддршка и мобилизација од нив, од тие што не гледаат вечерва на екраните, да разберат дека по сите разочарувања во последните четири години, по сите неуспеси доаѓаат луѓе кои навистина тоа што ќе го ветат ќе го реализираат“, порача Муцунски.Муцунски посочи дека со проекти за младите, за пензионерите, за семејствата, ВМРО-ДПМНЕ и тој како градоначалник ќе го направи Аеродром пример за Македонија.„Ова се избори на кои што даваме размислувања, граѓаните оценуваат за работењето во општина Аеродром во последните четири години. Во последните четири години ќе се согласам и со констатацијата која што и вие ја произлегувате од вашето прашање имаше една носечка политика во општина Аеродром, а тоа беше бетон, бетон и уште повеќе бетон. Треба хуман начин на градба. Треба да се почитуваат законските норми, мора да има задолжително зеленило при градењето. Кога ќе има нови градби, мора да има и нормален развој за општините. Што мислам за тоа, што мислам во таа смисла? Мора да има градинки за дечињата, за тоа ние во нашата програма предвидовме 4 нови градинки во општина Аеродром“, посочи Муцунски.Муцунски појасни дека сите основни училишта мора да имаат проширен капацитет. Мора да се работи на професионализација на службите внатре во општината. Тие да не работат под политички притисок и диктат. Туку да ги следат сите урбанистички работења во насока на почитување на законите. Ние секојдневно гледаме и при градбите кои што се случуваат дека излегуваат камиони полни со кал, ги загадуваат улиците. Но, службите не функционираат бидејќи се под притисок од општинската власт истовремено бидејќи не им се овозможени нормални услови за работа.„Дали граѓаните знаат дека во моментов инспекциската служба за животна средина во општина Аеродром нема ниту едно возило на располагање. Мора да работиме за создавање на хуман пристап на развој на општината, градба надвор од централните подрачја, градба со почитување на законски норми и пред се развој здрава животна средина преку зеленило“, нагласи Муцунски.

Скопје | пред 4 години

243082541_388837616047161_6282079194679168540_n

Мицкоски: СДСМ најдобри се во корупција и неспособност

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, професор д-р Христијан Мицкоски во своето обраќање од централниот настан за отворање на изборната кампања и претставување на кандидати за градоначалници кој традиционално, партијата го почнува од Охрид им долови на граѓаните дека актуелната владејачка партија и на локално и на централно ниво, односно Социјалдемократскиот сојуз предводен од Зоран Заев најдобри се во едниствено во тоа едно да ветуваат и кажуваат пред граѓаните и сосема спротивно од тоа да прават.Барајќи ја поддршката од граѓаните за кандидатите за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, истакна дека, оваа владејачка гарнитура предводена од СДСМ во изминатите години покажа, исто така, дека најдобри се во корупција и неспособност, и тука апсолутно никој не им е рамен.„Јас мислам дека тие се најдобри во тоа едно да кажуваат друго да прават, најдобри се во корупција, тука им нема рамен, најдобри се во неспособност, нема понеспособни во светот од нив, најдобри се во покажување неодговорност, навистина и за ова најдобри“, рече Мицкоски.Обидувајќи се да им долови на граѓаните со примери, коко претставниците на СДСМ кои се раководители на државни функции, многу ветуваа во претходните изборни кампањи, а со преземањето на одговорноста, од тоа скоро и ништо да не остварија, наброја неколку примери за нивни ветувања.„Тие сакаат да се заборави дека ветуваа многу и излажаа, ништо не направија:1. Ветуваа раст на економијата од 5 до 7 %, а едвај половина процент е просекот изминативе четири години.2. Ветуваа просечни плати не знам до колку евра, странски инвестиции до колку милијарди, а од инвестиции само марихуаната на Заеви ја видовме.3. Ветуваа враќање на средната класа, а направија осиромашување на средната класа.4. Ветуваа 600 км автопатишта низ Македонија, 550 км магистрални патишта, а не може да ги завршат ни тие што последната влада на ВМРО-ДПМНЕ што започна да ги гради“, истакна Мицкоски во својот говор при што додаде дека од нив и во иднина не може да се очекува ништо поразлично, затоа што волкот ја менува кожата, но навиките и карактерот не.Но, додаде Мицкоски, на овие избори, одлуката како понатаму зависи од самите граѓани.

Македонија | пред 4 години

20190715204907

(ВИДЕО) Макрон доби јајце во глава

Францускиот претседател, Емануел Макрон, беше погоден со јајце во глава, за време на неговата посета на францускиот град Лион. За среќа јајцето не се скрши. Макрон беше нападнат за време на посетата на Интернационалниот саем за хотели, угостителство и храна во Лион.Јајцето се одби од главата на францускиот претседател и не се скрши. „Да живее револуцијата“, викна човекот кој го фрли јајцето. Мажот беше облечен во бермуди и брзо беше совладан, уапсен и изнесен од зградата од обезбедувањето на Макрон.Емануел Макрон беше во друштво на тројца членови на владата: Ален Грисет, министер за мали и средни претпријатија, Женан-Батист Лемојн, државен секретар за туризам и Жулијан Денорманди, министер за земјоделство, пишува „РТ Франс“.Ова не е првпат Макрон да биде цел на оние што не го поддржуваат. За време на патувањето во внатрешноста на Франција на 8 јуни, еден човек му удрил шлаканица. Тој беше осуден на 18 месеци затвор, од кои отслужи само четири.

Магазин | пред 4 години

crvenkovski11-696x462

СДСМ се огласи за Црвенковски и Иванов

Не е чесно ниту кон граѓаните ниту кон државата кога поранешни претседатели од времето на транзицијата и режимот зборуваат за криминал и корупција, а не покажале никакви чекори против корупцијата во времето кога требало да му служат на народот.Ваква е реакцијата на СДСМ, откако претходно денеска силни критики за политичката состојба во државата упатија поренашените претседатели Бранко Црвенковски и Ѓорге Иванов.„Денеска јавноста сведочеше едно пропагандно однесување на поранешни претседатели на државата. Договорот од Преспа, Договорот за добрососедство со Бугарија и Рамковниот договор се најважните договори кои ја вратија во живот македонската интеграција, ги потврдија и зацврстија македонскиот идентитет и македонскиот јазик. Македонската држава живее и ќе живее и нема да умира на рати, а ако тоа некој го посакува му порачуваме да мисли пред да дејствува, пред се заради нашот народ и заради иднината на сите наши деца. Граѓаните со својот глас и порано, и денес и во иднина прецизно го покажуваат патот кој се развива Северна Македонија“, се наведува во реакцијата на СДСМ.

Македонија | пред 4 години

243082541_388837616047161_6282079194679168540_n

Mицкоски: Овие избори се ќе биде идентично со претходните

Тука сме традиционално на почетокот на нашата изборната кампања, во македонскиот Ерусалим, во нашиот бисер, град со чија вредност и минато сите се гордееме, и за чија подобра, нова иднина сите заедно ќе се бориме, изјави Христијан Мицкоски на денешниот собир во Охрид“Сакам на самиот почеток на овој преубав собир, на кој се чувствува енергијата за промени и потребата од нова иднина за градот Охрид, но и за цела Македонија, да ви кажам и споделам со вас една сатира која ми ја кажа еден пријател, бидејќи знаете ова се тешки времиња и пред да почнеме со реалноста од која на мнозинството граѓани им е преку глава сакав со вас да ја споделам бидејќи неодминливо многу ме потсеќа на партијата на власт и на премиерот Зоран Заев. Вели вака сатирата, ќе се обидам да импровизирам, но суштината е таа која што ќе ја доловам:Отишол вели Заев во едно населено место, ги собира граѓаните, жителите на тоа населено место и им вели кажете ми два проблеми кои што сакате да ви ги решам. И првиот проблем кои што тие го рекле господине Заев овој градоначалникот овдека изминативе четири години не лажеше дека ќе направи водовод, дека ќе направи канализација, но од ветеното ниту трага, ниту глас. Се завртел Заев го земал мобилниот телефон во рака почнал да врти на директори, министри, соработници, да се расправа со проектанти така половина час, овие го гледаат замислено, го гледаат како се препелка те лево, те десно и после половина час спушта слушалицата и вели готово првиот проблем е решен, кој е сега вториот проблем кој што сакате да го решам. Па вика вториот проблем е бидејќи е 21 век сите веќе имаат мобилна комуникација само нашата општина остана отсечена нема мрежа за мобилни телефони, па ако може да обезбедите да има мобилна мрежа за нашите телефони.Ете така почитувани мои, ќе изгледаат овие избори, и ќе биде сето тоа идентично со претходните, булвално исто идентично, но овој пат нема да може да излажат затоа што сите ги дознаа, сите ги запознаа какви се и знаат дека на ниеден збор кој што ќе го кажат не може да им се верува.Јасно е дека тоа што го кажуваат нема никаква буквална вредност.А тие нека си мислат дека се најдобри и дека тоа што го работат е најдоброто. Некој мора да ги разбуди, а најдобро будење за нив ќе се овие избори, кога народот ќе им каже достоинствено и мудро дека не дозволува да биде излажан и потценет повторно, и дека не само што не е најдобро, туку дека полошо и не може да биде. Ја знаеме сите реалноста колку е тешка, ја живееме секојдневно. Ја гледам секојдневно низ очите на луѓето со кои што разговарам.Почитувани пријатели,Ова се навидум локални избори. Но ако се погледне подлабоко, се нешто повеќе од тоа. Од нив зависат многу работи, сите поврзани со иднината на нашата Македонија. На овие избори или ќе продолжи државата да функционира на ваков начин како изминатите години и ќе бидеме сведоци на уште продлабочена корупција, хаос, не функционирање на системот, отсуство на одговорност, немање правда, социјални и економски проблеми и стагнација на државата, експериментирање во образованието, пропаѓање и нехуман однос кон земјоделците, или ќе создадеме сите заедно една нова поинаква, различна, подобра иднина. Иднината ако продолжи оваа власт јасно е каква ќе биде.Прашањето на кое сите ние треба да си одговориме на овие избори е дали сме подготвени да им подариме уште нови 4 години на истите луѓе кои веќе два пати, брутално два пати ги изневерија очекувањата, не го држеа зборот, даваа лажни ветувања, и потонаа опиени во својата моќ и ароганција, во корупција, играјќи си со вашите животи. Дали во следните години Зоран Заев треба да има повторно апсолутна моќ? Дали сметате дека Заев и неговите луѓе се најдоброто што оваа земја го заслужува, или сите вие сте најдоброто. Сите вие сте најдоброто и вие сте тие кои знаат да оценат што е најдобро, а што не е.Ако до сега работеа на ваков начин со сите проблеми кои ги создадоа, неправди, измами, неспособност и неодговорност која ја демонстрираа, дали ќе може да очекуваме од нив нешто поразлично, подобра иднина?Се е јасно, како што е јасна разликата во понудите помеѓу нас и нив, иако власта очајно сака да верувате во нивната теза што самите ја произведуваат, дека сите се исти, односно теза, за да ја продлабочат апатијата и разочараноста која сметаат дека им одговара и дека народот сепак нема да сака да ги промени.Исто така тие сакаат да ве убедат дека тие се најдоброто нешто што може да ви се случи, и дека реалноста во која живеете е розова и е најдобра. Дали е тоа така, вие најдобро знаете. Дали живеете најдобро како што тие ве убедуваат? Дали сметате дека со нив ви е најдобро или дека заслужувате подобро од ова што се случува?Затоа почитувани браќа и сестри во оваа прилика сакам да се обратам и кон нашите сограѓани Албанци во Македонија.Зоран Заев кон вас се однесува исто како и кон нас Македонците и мисли дека може да ве поседува кога тој заедно со Ахмети ќе одлучат за тоа. И сакам тука да бидам брутално искрен. И не е само Заев виновен, тука во тој однос на политиката кон заедниците се згреши уште од самиот почеток. Сите ние со годините си градиме свој патриотизам, и еве не триесет години стоиме во место. Тапкаме без напредок, иако и Македонците, и Албанците и Турците и останатите си ги пакуваат куферите да заминат. И во исти соништа и веруваме. И не поради тоа што не се разбираме едни со други. Обичниот човек одлично се разбира, туку конфликтите доаѓаат кога политичарите за свои лични интереси го раскаруваат народот и му наметнуваат поделби. Сведено на денешната политика тоа е кога Заев во зборови е одличен разбирач на проблемите на Албанците, а во пракса не прави ништо за рушење на ѕидови. Кога ќе му загинат 14 луѓе во Тетово како мува без глава ќе избега низ ходникот на болницата, партнерски со ДУИ затоа што не можат да го погледаат народот во очи. А, болката е подеднаква за сите.Затоа ова се избори кога граѓаните можат да им кажат на сите од власта што мислат за сите афери, за сите скандали, за сите измами кои власта ги направи до сега, и да им порачаат дека овој пат нема да им помине, дека Зоран Заев не заслужува повторно да има апсолутна власт, туку власт мора да биде таа која што ќе ја води ВМРО-ДПМНЕ односно ќе мора да се опомене оваа ненародна власт и да се создаде баланс, да се направат промени во однесувањето. Мора да се направат промени во однесувањето на сите, буквално на сите во државата и да се создаде една нова поинаква, подобра иднина за сите, иднина на развој, просперитет, ред, напредок, подобар живот, иднина на промени, проекти и победи!Ве повикуваме и замолуваме да се потсетите на работите кои власта очајно сака да ги заборавите, и да донесете вистинска одлука за себе и своето семејство, за иднината која што ја сакате и која што заслужувате. Вие да кажете што е најдоброто за вас затоа што вие го знаете тоа, а не тие да ви кажуваат самите дека биле најдобри, затоа што сите знаеме, буквално секој еден граѓанин во нашата Македонија знае дека тие се всушност најлошото.Замислете до каде им оди ароганцијата што самите за себе викаат дека се најдобри, а се осудуваат да ви кажат дека живеете најдобро???Јас мислам дека тие се најдобри во тоа едно да кажуваат друго да прават, најдобри се во корупција, тука им нема рамен, најдобри се во неспособност, нема понеспособни во светот од нив, најдобри се во покажување неодговорност, навистина и за ова најдобри.Тие сакаат да се заборави дека ветуваа многу и излажаа, ништо не направија:1. Ветуваа раст на економијата од 5 до 7 %, а едвај половина процент е просекот изминативе четири години.2. Ветуваа просечни плати не знам до колку евра, странски инвестиции до колку милијарди, а од инвестиции само марихуаната на Заеви ја видовме.3. Ветуваа враќање на средната класа, а направија осиромашување на средната класа.4. Ветуваа 600 км автопатишта низ Македонија, 550 км магистрални патишта, а не може да ги завршат ни тие што последната влада на ВМРО-ДПМНЕ што започна да ги гради.Од нив не можеш ништо поразлично да очекуваш во иднина, волкот ја менува кожата, но навиките и карактерот не.На овие избори, одлуката како понатаму зависи од самите вас.Дали ќе дозволите да продолжат на ист начин како досега, или ќе им покажете дека мора поинаку и дека не сте задоволни од ова што се случува, и ќе ја почувствувате шансата која е пред сите вас, да покажеме сите заедно дека заслужуваме една нова иднина, во која нашата татковина Македонија ќе биде нормално, убаво место за живеење.Ова не се само локални избори, туку и одговор дали ќе им дозволите да продолжат на ваков начин и понатаму.Драги пријатели, браќа и сестри,Ова не се само локални избори, туку и одговор дали ќе им дозволите да продолжат на ваков начин и понатаму.Уморна е оваа земја од политичари кои зборуваат за се и сешто, а не кажуваат ништо. Уморна е Македонија од криминал, деканденција и корупција. Од судбини на семејства кои пропаѓаат, од тоа брат од брата си да се дели и да заминува во странство. Уморна е нашата Македонија од политичари кои не влечат надоле и се грижат само за своите паричници. Уморни сме од статистики како сме дното, а ги имаме најдобрите умови кои успеваат штом ќе ја помминат границата. Уморен е нашиот народ од читање на вести, пратење на црна хроника, од приказни од кои срцето кине. Уморна е оваа земја од живеење во минатото. Уморна е Македонија од крпен живот, од животот на вересија и рати и затоа велиме доста е. Доста е, и на овие локални избори ќе покажеме дека навистина е доста.Затоа драги пријатели, да зборуваме за иднината. Јас ќе зборувам за иднината. Иднината е нашата верба, иднината сме сите ние. Не е тоа некаков апстрактен поим, туку тоа е нашето ново верују. Јас зборувам за иднината која ќе донесе сигурност, која ќе обезбеди подеднакви можности. Време е за нова страница, за нова борба, за нов патриотизам кој што ќе не обедини. Леви и десни, од сите националнитсти и вери. Ви зборувам за држава која нема да се задоволува со ситни победи, туку со крупни успеси и големи чекори напред. Да ги надраснеме поделбите, да ги срушиме ѕидовите. Една е Македонија, еден е овој живот, кажете им, на овие избори победува надежта. И животот за кој што вреди да се бориме, нашиот македонски живот. Болката и страдањата ни се исти, за тоа и оваа борба е заедничка. За тоа победите ќе ни бидат заеднички. Ви зборувам за новиот патриотизам каде сите од сите краеви, буквално од сите краеви се обединуваме во нова чиста заедничка цел, а тоа е напредокот, тоа е иднината и тоа е успехот. Зборувам за победи кои земјава ќе ја однесат меѓу најдобрите во Европа. Не заборавајте оваа земја е вековна, поминала бури и искушенија, и победувала, и ќе победиме и овој пат. Македонија е Европа и нема алтернатива на тој пат. Македонија е победник, Македонија е успешна приказна затоа што ние друга опција и татковина немаме. Ова е тоа единственото за кое што се бориме и живееме.Почитувани присутни,Државата ќе ни даде нам, кога и ние ќе направиме нешто за нашата Македонија. За ВМРО-ДПМНЕ ова е битка за чест, и достоинство, така било секогаш било во историјата. Најодлучните ги обединувало, најпаметните го сонувале она што денес го имаме, и треба да го развиеме. Овој пат тоа е бајракот на успехот, надежта и иднината. Тоа е твој бајрак. И сите оние кои сега ме слушаат и се двоумат или имаат било каква задршка сакам да ви го порачам следното - знај го носам и твојот бајрак, а под него има место за сите. И за тебе, и за твоите блиски зошто ова е и твојата битка. Зошто Македонија е наша и единствена.Еден пријател ме прашува што за тебе Христијане е победа. За мене победа е кога ќе се избориме за повисоки плати. Кога Македонија ќе ги сруши границите и ќе биде дел од Европа. За мене победа е кога нема да има разлика во Австрија со стандардот. За мене победа е кога ќе се бориме за среќата на нашите деца. За мене победа е кога ќе има одговорност за оние 14 загубени животи во Тетово, и кога заеднички ќе славиме за 14 спасени животи. За мене е победа кога криминалците ќе одговараат, а чесните ќе победуваат. За мене е победа силна и заедничка просперитетна Македонија.Тоа го нудам. Нудам визија, работа и иднина. Македонија само така ќе успее, друга опција немаме. Станете народе, доаѓа времето на сериозни одлуки. Доаѓа времето за, проекти и победи.Велеа дека знаат, видовме дека не знаат.Ве уверуваа дека можат, дознавте дека не можат.Сега велат дека се најдоброто, а знаете дека се најлошото.Затоа да создадеме нова иднина. Нова иднина за секој еден човек во нашата земја.А, тоа е можна само со јасен концепт, а тоа е концептот како што математички го нарековме 3П, промени, што подразбира промена на системот на вредности, кој сега владее, а кој е извор на лошото однесување на политичките елити, промена на свесноста и чувството за одговорност, промена на системот на функционирање на државата и начинот како тој функционира, да прерасне во систем насочен да помага на луѓето, а не да управува со луѓето, да биде сервис на луѓето, а не дувло на корупција и извор на проблеми. Конечно промена на грешките кои политичарите ги правеле до сега, и промовирање на еден поинаков начин на работа, одговорен, принципиелен, чесен. Знам дека е полесно да се каже отколку да се оствари, но мојата желба за ова да се направи е толку силна што ништо, буквално ништо не постои и што може нема да ме поколеба да се тргнам од овој пат.Второто П стои е за Проекти, тоа се проекти на развој, солидарност, проекти за грижа за луѓето и за подобрување на инфраструктурата, проекти за поквалитетна животна средина, проекти кои ќе не доближат брзо до европските градови и држави, за тие проекти ние имаме рокови и во оваа кампања ќе ви презентираме еден поинаков пристап, кој до сега не е презентиран, за тоа ќе имаме посебен настан и ве уверувам само тој пристап ќе донесе резутлати веднаш, и подобра, нова иднина.И конечно третото П стои за Победи. Победа над духот на малодушноста, верба во квалитетот на нашиот народ, на сите етнички заедници, верба дека оваа држава е нивна и дека работи за нив, и дека заедно е возможно со мобилизирање на сите капацитети да се постигнат победи и оваа наша Македонија да е успешна приказна.Победа стои за победи во сите области, со поддршка на најдобрите, со поддршка на најуспешните, победа значи да се гордееме во тоа кои сме и во каква држава живееме.Програмите со кои на овие избори настапуваме се наречени Гарантираме, затоа што го имате нашиот збор во сите општини дека ќе реализираме дела кои ќе создадат нова иднина.Вкупно програмите содржат 14.835 проекти од различни сфери и области и се решенија за реалните проблеми на народот. Поточно гарантираме изградба за реалните буквално потреби на граѓаните. Ветуваме изградба и реконструкција на 2.000 улици низ цела држава. Градба или реконструкција на 100 градинки, 150 училишта. Инвестиции во животната средина и градба на нови 150 паркови. Инвестиции во 60 објекти на културата, 90 спортски сали за младите. Гасификација за понапредни општини и многу, многу други конкретни дела.Драги пријатели,Тука во Охрид, со моето семејство и со моите пријатели, сме поминувале многу денови, дружби, и ме врзуваат доста спомени за овој град.Јас не можам да се пофалам дека мојата прва љубов била овде во Охрид, тоа сигурно мојот политички противник кога ќе дојде овдека ќе го каже.Но, ќе кажам дека Охрид ми е во срцето и знам дека кога ќе се случат промените, Охрид и неговиот развој ќе ни бидат едни од највисоките приоритети. Охрид заслужува подобро од ова. Охрид заслужува промени, проекти и победи, Охрид заслужува една нова, поинаква иднина, полна со позитивна енергија, успеси, резултати, развој, напредок, Охрид и Охриѓани заслужуваат сите ние да засукаме ракави и да докажеме дека знаеме да го цениме тоа што е Охрид за нашата Македонија. Досега мора да признаам, и тоа важи за долги години наназад, јас лично како да не сум убеден дека Охрид е ценет доволно. Имало разни обиди но работата со Охрид мора да се сфати сериозно. Охрид има свои проблеми, не само како одраз на неспособната политика на централната власт туку и заради калкулациите и недоволното работење на градоначалникот и продолжување на една традиција на лошо и корумпирано работење кое носи само осиромашување на народот, нервози, раселување на младите од Охрид, и немање перспектива.Затоа ние на Охрид му нудиме една нова иднина! Иднина базирана на 3-те столбови кои ќе го променат Охрид и тоа ќе значи имплементирање на нашиот план за развој за кој гарантираме дека ќе се реализира и дека ќе донесе сосема нова чиста и честита енергија во Охрид.Идниот градоначалник, мојот близок пријател, другар, сопартиец Кирил Пецаков кажа за кои проекти ќе бидат дел од приоритетите, јас нема да ги повторувам, но затоа за него сакам да кажам дека е навистина одличен и тука најголемиот дел го познавате. Знае понекогаш да е тврд и да се бори за својот град, но знае и да сослуша и да прифати кога некој различно но исправно размислува и затоа Кирил Пецаков ќе биде одличен градоначалник, со јасна визија, за развој на градот, и заедно со вас, ќе биде моторот на развојот на Охрид. Охрид кој ќе биде навистина општина за сите.Драги пријатели,Покажете дека мора поинаку, и дека не сте задоволни од ова што се случува. Почувствувајте ја шансата која е пред сите вас, шанса за промени, проекти и победи. Шанса да покажеме дека ќе успееме, дека знаеме, умееме и сакаме да ја направиме Македонија, нормално, убаво место за живеење.На овие избори треба да и одговорите на власта дали целосно ќе им ја препуштите државата, или ќе преземете контрола над сопствената судбина и држава и ќе создадете нова иднина?Покажете дека во вас постои надеж и пркос, дека сакате да создавате, и дека не се плашите да верувате во себе и во иднината на вашите деца. Таа иднина зависи исклучиво од вас и од промените кои неминовно доаѓаат, а кои ќе ги донесете вие. Промени кои ќе значат нова енергија, кои ќе го поддржуваат позитивното наспроти негативното, креативното и продуктивното наспроти деструктивното, ќе подржуваат квалитет наспроти партизација, работа наспроти неработа, почитување и исполнување на ветеното наспроти измамите и лагите на власта.Поделбите да запрат. Народот да се обедини. Десни, леви, Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми, Власи, Бошњаци, стари и млади, жени и мажи. Дојде време за промени и народот да почне да создава нова иднина. Да излеземе од кругот на апатијата. Затоа што колку повеќе овие се на власт, толку помалку од Македонија останува.Но морам да признаа, и таму меѓу нив има луѓе кои го гледаат тоа, има незадоволство и ние сакаме сите да се обединиме и да порачаме дека нашата генерација ја сфати важноста на овој историски момент, ја гледа шансата за промени, проекти и победи, шансата да создава, шансата за нова иднина. Да покажеме дека Македонија е држава, и дека тука живее и ќе живее среќен народ кој си ја сака сопствената земја, својата татковина Република Македонија.Ние имаме знаење и програма со многу проекти, ние гарантираме дека ќе ја исполниме и вие знаете дека може да верувате на нашиот даден збор. Поучени сме од грешките на минатото и со поправени и искоренети слабости, ние сме луѓе, квалификувани, чесни и свесни за околностите и одговорноста која ја преземаме. Создадовме нова иднина кај нас, сакаме обединети со вас да создадеме нова иднина за сите нас. На овие избори влегуваме со чисто срце и ја бараме вашата доверба, ви ветуваме многу работа и конкретни резултати. Новата иднина започнува со промените, после кои следат проектите, новата иднина ќе донесе победи, и нова влада и парламентарно мнозинство во Македонија.А тие сакаат да мислите дека сите сме исти и тоа е дел на нивната пропаганда, за да останете разочарани и така да го бараат својот спас. Со малата излезеност, со вашето негласање или нивните тројански експерименти, многу сум прецизен тројански експерименти во опозицијата, немојте да верувате на слугите на власта кои се тројански елементи во опозицијата - тие добиваат најмногу.Ако не ги опоменете на овие избори, тие ќе мислат дека ги подржувате. Ако им ја оставите апсолутната власт, нивната аздисаност ќе се зголеми - и ќе биде уште полошо. Иднината со нив не е иднина каква што заслужувате. Иднината со нив е хаотична, несреќна и апатична.Излезете и изборете се! Создадете нова иднина!Тие се плашат од неа. Од нова иднина во која е подобро, посветло и посреќно, во која нивните грешки е можно сложно да ги исправиме, и од идејата дека за таа нова иднина вреди да се бориме. Таа е доброто, таа е се што тие не се. Иднина за тебе, за Македонија, нова иднина во која оптимизмот ја победува малодушноста, иднина на триумф на вашите вредности.Новата иднина е нивниот најголем кошмар. Таа создава! Таа носи промени и проекти! Новата иднина победува“, вели Мицкоски

Македонија | пред 4 години

danela-arsova-2

Данела Арсовска: Ќе воведеме бесплатен јавен превоз за скопјани

Независната кандидатка за граоначалник, Данела Арсовска, на социјалните мрежи објави дека Скопје ќе да биде модерен град достоен за живот.„Јас не се кандидирам за политичар.Јас се кандидирам за менаџер на градот.Денеска го означив почетокот на мојата изборна кампања, на трката да станам првата жена, независен градоначалник на Скопје.Подготвена сум да обезбедам брзи проекти и сигурни решенија за Скопје, знам како да го направам тоа. Мојата програма содржи 15 плус еден главен проект за Скопје да биде модерен град достоен за живот. Од заживување на Скопје како културно жариште до одржливо решение за сообраќај. За да успееме Скопје да биде модерен град мора да го менуваме.Ќе имплементираме реални проекти, ќе воведеме бесплатен јавен превоз за скопјани, Скопје ќе го направиме град на фестивали, ќе го заштитиме нашето зеленило и природа, но ќе креираме и нови паркови, рекреативни области во секоја општина. Ќе го вратиме сјајот на сите заборавени места во нашиот град“, стои во објавата на Фејсбук.

Скопје | пред 4 години

Нема фотографија

Приведена Каролина Ристова-Астеруд на аеродромот во Скопје

Професорката Каролина Ристова-Астеруд вчера била приведена на скопскиот аеродром.„Во 02:30 часот во Меѓународниот Аеродром – Скопје, полициски службеници ја лишиле од слобода К.Р.А.(50) од Скопје, затоа што го нарушила јавниот ред и мир со викање, непристојно и дрско однесување и со навредување на полициски службеници кои извршувале службени дејствија. И бил изготвен записник за констатиран прекршок по член 4 и член 12 став 2 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир“, стои во билтенот од МВР.Таа на Фејсбук потврди дека била приведена, но вели дека инцидентот започнал поради незјин обид да пријави сомнителна торба.„Точно е дека имаше голем и сериозен инцидент, како и дека бев приведена со лисици во полициската станица на аеродромската полиција, и држена таму цела ноќ, докај 7 часот наутро вчера, повеќето време “оставена” на клупа со лисици, како небаре не сум таму, а , од тоа што видов , инволвираните се собраа за да се “искоординираат”, најверојатно за нивната верзија за во записник, како за тоа што најавив правна акција од мене , а и бајаги по телефони, а од тоа што случајно слушнав не беше баш за професионалниот дел ( “ма и на министерот да му се јави, многу ми е гајле, ништо не ми може”). Ударно, сакам да и соопштам на јавноста дека не е точно дека било во врска со мое одбивање да покажам потврда за вакцинација. Целиот инцидент започна по поминување на пасошка контрола, и заради мој обид за пријавување на сомнителна торба ( во аеродромски услови тоа подразбира и торба која е оставена сама) во делот на превземање на багажот од страна на патниците“, објаснува професорката.Таа вели дека обвинувањата што се на нејзина сметка треба да одат на страната на дел од полициските службеници од граничната полиција.Најави дека случајот ќе го пријави во внатрешната контрола на МВР.

Македонија | пред 4 години

policija

Казнети 25 возачи, имале затемнети стакла

Министерството за внатрешни работи минатата недела спровело контрола за санкционирање возила на кои им се вградени неатестирани фолии (затемнети стакла), при што санкционирани биле 25 возачи.Од Министерството порачуваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Македонија | пред 4 години

modularna-bolnica

84-годишник избегал од модуларната во Штип, па пак го вратиле назад

Вчера попладне, 84-годишен пациент избегал од модуларната болница во Штип, но подоцна бил вратен од полициски службеници.„На 26.09.2021 во 15.47 часот во СВР Штип, од модуларната болница при Клиничка болница Штип било пријавено дека 84 годишен пациент ја напуштил болницата. Од страна на полициски службеници од Полициската станица Штип лицето било пронајдено на градскиот плоштад во Штип и со возило на Итната медицинска помош вратено во болницата“, велат од МВР

Македонија | пред 4 години

DSC_0052

Утре и задутре повторно затворени улици низ Скопје

На 28.09.2021 (вторник) и 29.09.2021(среда) во официјална посета на Република Македонија  ќе биде делегација предводена од претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.Од  тие причини Секторот за внатрешни работи Скопје ќе превземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје. Секторот за внатрешни работи Скопје апелира  до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.

Скопје | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања