Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

Gjorge-Ivanov1

Ѓорге Иванов: Процесот на обезличување на Македонија започна со Охридскиот договор

Поранешниот претседател Ѓорге Иванов, денеска се обрати на свечениот собир во МАНУ на тема: „Современата македонска држава – две етапи во процесот на нејзиното формирање и развој 1941 – 1991 / 1991 – 2021 година“.Иванов во својот говор ја искритикува актуелната власт, велејќи дека постојано се повторува една мантра: дека друга алтернатива освен членство во Европската Унија немаме.„Денес многу ретко, или воопшто не се чита Мисирков и неговата книга ‘За македонцките работи’, особено не од страна на актуелната власт и нејзините советници. Стравот да се отвори и прочита оваа книга е од сопствената грижа на совеста затоа што е напакостено и испогането сè што било и ќе биде свето за Македонците и за Македонија“, нагласи тој.Поранешниот претседател смета дека обезличувањето на Македонија, не е дело само на, како што кажа, грчкиот договор од Преспа и договорот со Бугарија, туку тој процес смислено почнал со Охридскиот договор.„Со Охридскиот договор, покрај сите предупредувања, македонскиот народ од националитет се сведе на етницитет – етничка група. Од тогаш сè веќе беше подготвено за она што денес ни се случува… Со тоа, Република Македонија и македонскиот народ се втурнати во правна, политичка, историска бездна. Пандорината кутија е отворена и сега речиси секој си зема за право да го негира она што е наше стекнато право. И тоа на повеќе нивоа и во повеќе наврати“, посочи Иванов, кој порача дека денеска на Република Македонија повеќе од кога и да е ѝ се потребни луѓе кои, како што кажа, со гордост ќе се изјаснуваат дека се Македонци и дека се припадници на македонскиот народ.Тоа, како што објасни, се луѓе кои нема да се авто-цензурираат и кои со храброст ќе говорат што е Македонија.„Македонија има потреба од луѓе кои нема да се плашат да ги посочат виновниците. Виновниците кои посегнаа да ги цензурират и нашите колективни сеќавања. Да ја цензурираат македонската историја, македонската култура, да ги менуваат фактите онака како што им треба на другите. Виновниците кои дури посегнаа да ја цензурирааат и конторолираат македонската свест“, истакна Иванов во своето обраќање.

Македонија | пред 4 години

vakcini-2-1

Откриена ефикасносноста на комбинацијата на вакцините „Астра зенека“ и „спутник лајт“

Мала клиничка студија за комбинирана употреба на вакцината на „Астра зенека“ и засилувачка доза на „Спутник лајт“ против Ковид-19 покажа силен раст на антитела кај повеќето од тестираните, објави денеска Рускиот фонд за директни инвестиции (РДИФ).Податоците се собрани од 20 луѓе кои учествувале во истражувањето на 100 луѓе во Азербејџан, кое започна во февруари, пишува „Ројтерс“.Учесниците во студијата прво ја примиле вакцината на „Астра зенека“, а 29 дена подоцна трета, засилувачка доза на „Спутник лајт“, соопшти РДИФ.„Според резултатите од привремената анализа, четирикратно зголемување на неутрализирачките антитела кон протеинот САРС-КоВ е откриено кај 85 проценти од волонтерите на 57-от ден од студијата“, се вели во соопштението.

пред 4 години

Foto-3-1

(ВИДЕО) Надворешната интегрираност е клучен предуслов за опстанокот на малите држави во глобалниот свет, смета Пендаровски

Обраќање на претседателот Пендаровски на научен собир во МАНУ:На почетокот, дозволете ми да ги поздравам организаторите, кои и во услови на пандемија обезбедија импозантна бројка на учесници на научниот собир, учесници кои ќе говорат на темата која според својата комплексност, временскиот опфат и историското значење за нас, далеку ги надминува тековните, годишни конференции кои ги организираме по разни поводи. Оттука, да се зборува или пишува релевантно на темата - современа македонска држава е исклучителен научен и интелектуален предизвик и провокација, но, и највисок степен на политичка одговорност и пред сегашните, не помалку, и пред идните генерации.Сосема очекувано, јас ќе се задржам на втората етапа, од 1991 до денес, период во кој бев современик на историските процеси, близок соработник на двајца претседатели, а во последниве десетина години и директен учесник во политичките процеси кои ја обликуваа нашата сегашност, бездруго и нашата иднина. Меѓутоа, ќе ми дозволите да се обидам, накусо да прокоментирам еден аспект кој е поврзан со првата етапа, за којшто постојат контрадикторни стојалишта.Имено, тој аспект се однесува на историскиот контекст, поточно, на можните одговори на прашањето: колку меѓународната констелација погодуваше за формирање на македонска држава на крајот на Втората светска војна, споредена со онаа која постоеше по распадот на Југославија во 1991-та. Или со други зборови, дали главната работа беше веќе завршена во Прохор Пчински, а, 1991-а не претставуваше ништо повеќе, освен, природна екстензија или, само, таканаречена техничка егзекуција на идејата за своја држава.Според мое мислење, во 1991-та, воопшто не беше сигурно дека ќе биде формирана независна македонска држава. Ова се дел од фактите: во 1991-та, за политичката рамка на меѓуетничките односи како клучна оска на стабилноста, не постоеше согласност меѓу Македонците и Албанците, нашите соседи воопшто не беа воодушевени од осамостојувањето на Република Македонија, Соединетите Американски Држави во таа година сеуште беа за зачувување на Југославија во истиот формат, а клучните европски држави не ја признаа нашата независност, наспроти позитивното мислење на тн. комисија на Бадинтер која самите ја формираа.Да не заборавиме дека тогашна ЈНА имаше илјадници војници на наша територија, дека само во 1992-та кога ние сме сеуште меѓународно непризнаени, само од војната во БиХ имавме 86.000 регистрирани бегалци на наша територија, дека првата странска мисија во Скопје беше мисијата на ОБСЕ, а нејзиното официјално име беше: Мисија за мониторирање на прелевање на криза итн. итн...Затоа беше потребна голема смиреност, тактичност и балансирање помеѓу сите внатрешни, регионални и глобални фактори. Оттаму потекнува и специфичната содржина на референдумското прашање.Но, почитувани, големите прашања и дилеми од раните 1990-ти кога ја стекнувавме независноста, денес, не се повеќе на дневниот ред. Најголемиот наш национален проект, создавањето на сопствена, независна држава е завршен. Членството во речиси сите за нас битни меѓународни организации, исто така, со влезот во Северно атлантската алијанса како круна на децениските напори да обезбедиме гаранција за територијалниот интегритет.Се разбира, ако сакаме (зборувам за државните политики), можеме да ја продолжиме нарацијата за историски губитници, поделено национално ткиво, народ историски онеправдан, ембарга и санкции, за Лисабонската декларација, за условите да станеме членки на Обединетите нации со услов каков што реално не бил поставен пред никого претходно, но, сето тоа припаѓа на архивите на историјата.Држава направивме и неа нема да ја изгубиме, но, воопшто не е неважно во каква држава живееме, односно, дали во таква држава ќе сакаат да живеат нашите деца и внуци. Да илустрирам – во светот постојат територии кои ги нарекуваат држави каде што власта само со употреба на сила го држи населението да не ја напушти сопствената татковина и десетици други каде што владее таква бесперспективност што ги тера младите генерации да ја планираат својата иднина било каде во светот, само не дома. Значи, ако сакаме и по 30 или 50 години да кажеме дека имаме држава со сите нишани, треба да најдеме решение за актуелните проблеми, а не за 1903, 1941 или 1991-та. Само на таков начин ќе опстанеме во новиот свет кој се раѓа пред нашите очи.Според моето длабоко уверување, нашите денешни главни предизвици се во најголем дел, структурно поинакви, меѓутоа, не се помали по тежина и по значење од оние во 1990-тите. Многу начелно, ги класификував во три групи, иако, се разбира, во стварниот живот, тие воопшто не се прецизно поделени. Во првата се старите предизвици кои за нас ќе бидат актуелни и по 50 години, имајќи ја во предвид внатрешната структура на нашето општество. Во втората се за нас сеуште нови, а за светот стари проблеми кои со нив се бави со децении, и во последната ги поставив новите појави и закани и за нас и за светот, иако и тука, за жал, светот оди понапред многу побрзо од нас.Во овие триесет години сите имавме прилика да сведочиме дека опстојот и просперитетот на независната македонска држава, во голема мерка, зависат од внатрешната инклузивност на сите етнички заедници. Во тој дел, реално е направен огромен исчекор со Рамковниот договор кој наспроти предвидувањата не ја растури државата, напротив, драстично го намали потенцијалот на екстремните структури кои сакаат нови граници на Балканот. 20 години подоцна, според мене, дојдено е времето за промена на парадигмите во однос на принципот на инклузивност и тоа по две линии кои не се запишани во договорот од Охрид – првата, етничката припадност да не биде единствениот услов за вработување, втората, помалите, немнозински заедници да добијат далеку подобар третман од досегашниот, под услов да сакаме да градиме мултинационална, а не бинационална демократија.Надворешната интегрираност е клучен предуслов за опстанокот на малите држави во глобалниот свет. Во тој дел забележавме видлив напредок со Договорот од Преспа без да ги загрозиме виталните идентитетски маркери на македонската нација кои се експлицитно наведени во текстот на документот. Инаку, еден од солидните темели на Преспанскиот договор е, всушност, единствениот елемент кој беше прифатлив за двете страни, во континуитет, од 1993-та до денес, независно кој беше на власт во Скопје и Атина, а тој е дека терминот Македонија ќе се употребува на неексклузивна основа.Договорот со Бугарија од 2017-та е пример за приближување постигнат без странска асистенција, акт кој не дискриминира ниту една од страните кои и во пост-комунизмот, за жал, не ги надминаа взаемните стереотипи една за друга. Не очекувам негативни ефекти ниту во фазата на негова целосна имплементација, затоа што е познато дека во таа смисла за нас воопшто не постои маневарски простор: имено, ако ја изгубиме нацијата, не ни треба европската интеграција.Неодамна усвоената собраниска декларација го потврдува широкиот политички консензус по тоа прашање.Во втората група се економскиот развој и правната држава, според мене, главните причини за брановите на иселување кои не стивнуваат 30 години. Во овој контекст е многу битно да се намали нивото на корупција, особено, високата корупција, затоа што ги става во подредена ситуација граѓаните кои плаќаат даноци и воопшто, ги демотивира да ги почитуваат законите, го оштетува буџетот и економската основа на земјата, и не помалку важно, ја руши довербата на луѓето во институциите на сопствената држава. Според мене, клучниот параметар, според кој ќе ја оценуваме државата по 10 години е дали ќе го достигнеме и престигнеме нивото на економски развој од 1989 година.Предизвиците во третата група се релативно нови и за светот и затоа тука имаме шанса со паметни политики да фатиме чекор побрзо отколку кај традиционалните предизвици во развојот на демократска политичка култура и систем, каде што назадување бележат дури и некои стари демократии.Тука сакам да ги издвојам, инклузијата на жените во општеството, заштитата на животната средина и дигитализацијата. Во овој контекст постои очигледна закономерност, имено, државите со повисока вклученост на жените во политичките процеси на одлучување и во високите менаџерски ешалони на приватниот бизнис се неспоредливо поуспешни од оние кои ја преферираат или толерираат, машката доминација во сите сфери.Заштитата на животната средина веќе стана најважното политичко и изборно прашање во најмалку половина од земјите-членки на Европската Унија, но, политики и ресурси за имплементација на зелените политики кај нас се нужни час поскоро, не затоа што се тие популарни кај богатите, туку затоа што според некои проценки ни умираат по 3.000 луѓе годишно само од аерозагаденост, колку што отприлика изнесува едногодишниот данок во смрт од Ковид-19.Во експертската заедница е веќе апсолвирано дека дигитализацијата ќе биде клучна за идниот развој на светот, а државите кои ќе заостанат, ќе бидат на нивото на некои африкански региони денес. Низ образованието треба да ги подготвуваме младите генерации за битката на сите битки на 21-от век: дигитализација во сите области во општеството - од економијата до образованието и културата, од воениот до еколошкиот дел. Ние немаме други значајни компаративни предности, а во овој процес, ако се исклучат десетина држави, објективно, сите други почнуваат од слична стартна основа.Реално, ништо од ова нема да биде можно ако не го намалиме нивото на политичка поларизација каде што изборниот победник ги алиментира своите членови, а свесно се лишува од придонесот на оние кои не гласале за него. Јасно е дека во оваа фаза од нашиот политички развој, граѓанското помирување е невозможно, но, сите ние, актуелните политички актери сме должни со скромен личен пример да придонесеме за деескалација на тензиите кои на моменти ја парализираат целата држава. Потребен ни е нов, широк национален и државен консензус за развој кој ќе биде поддржуван од релевантните политички субјекти во континуитет, независно дали се на власт или во опозиција. Без тоа, секоја следна годишнина од независноста само ќе ја одбележуваме, без да имаме што да прославуваме.

Македонија | пред 4 години

zena-apsenje-lisici-700x465

Фатени двајца скоспки бегалци кои се барани за измама!

Денеска (27.09.2021) од 09.15 до 10.20 часот на ул.„Виктор Иго" во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим Потраги, по распишана потерница од Основен суд Скопје 1, ги лишиле од слобода Л.М.(69) и С.М.(70), двајцата од Скопје, за издржување казна затвор од две и една година за сторено кривично дело „измама“ по член 247 од Кривичниот законик.Тие ќе бидат предадени на казнено – поправна установа за издржување на казните.

Скопје | пред 4 години

benzinska-benzin-nafta-12

Поскап дизел, поевтин бензин од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,40% во однос на Одлуката од 20.9.2021 година.Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,00 ден/литар, додека малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 ден/литар.Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,599 денар/килограм и сега ќе изнесува 39,780 ден/кг.Од 28.9.2021 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 72,00 (денари/литар)Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 74,00 (денари/литар)Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 63,00 (денари/литар)Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 65,00 (денари/литар)Мазут М-1 НС 39,780 (денари/килограм)

Македонија | пред 4 години

WhatsApp-Image-2021-09-27-at-12.18.36

Герасимовски вели дека Центар има проблеми како што е хигиената, а вети зеленило, капитални проекти, урбанизација

Општина Центар ќе добие ново и поголемо зеленило, чист јавен простор, капитални проекти, организирана урбанизација и повеќе резидентни паркинг места. Кандидатот за градоначалник од редовите на СДСМ и Коалицијата, Горан Герасимовски на својата прва прес конференција со која ја почна изборната кампања за локалните избори 2021 ја претстави програмата која брои пет клучни столба и решенија за најголемите проблеми на граѓаните во Општина Центар.„Прво, решавање на проблемот со уличната хигиена. Со проширување на дејноста на ПОЦ во комунално претпријатие, општината ќе обезбеди чисти улици и паркови секаде и во секое време. Ќе обезбедиме „маалски патроли“ кои ќе бидат задолжени за грижа и заштита од уништување на јавното добро. Второ, Центарци заслужуваат повеќе, но пред се загарантирани резидентни паркинг места. Затоа, се обврзувам да обезбедиме целосно нови паркинзи на најпроблематичните места и тоа, во Дебар маало, Буњаковец и Капиштец. Трето, ќе се залагам за хумана урбанизација со заштита на јавните простори и земјиштето во сопственост на општината. Четврто, силно вложување во капитални инвестиции меѓу кои обнова на најмалку десет енергетско ефикасни фасади уште во првата година, а вкупно 30 до крајот на мандатот. И петто директна комуникација со граѓаните која ќе помогне во решавање и задоволување на сите потреби“, изјави Герасимовски.Петте столба во програмата за кои зборува Герасимовски се резултат на разговорите, средбите и конструктивниот дијалог кој самиот ги оствари во изминатиот период. Тој потенцира дека внимателно, со добро осмислени проекти, без лажни и помпезни ветувања, следи забрзан развој и подобар квалитет на живот во општината.На прес конференцијата Герасимовски ги претстави и кандидатите за советници чиј носител е Андријана Будимир Филиповски, професионален ракометен тренер, и за сите останати рече дека со своето искуство и знаење во различни области, се обврзуваат да работат чесно и одговорно, во интерес на граѓаните.За крај, Герасимовски заврши дека следат многу значајни избори но верува дека СДСМ ја има најдобрата понуда, а граѓаните ќе бидат водени по принципите на отвореност, отчетност и чесност и заедно ќе продолжат по патот на развојот на Општина Центар.

Скопје | пред 4 години

restoran_mokum

Најавено олабавување на мерките за угостителите, но Бектеши посочи кој е условот

Министерот за економија Крешник Бектеши најави можно олабавување на мерките, кога станува збор за угостителите. Дел од кафеаните, кафитериите, рестораните се скоро празни откако Владата донесе одлука да се влегува само со примени две вакцини против корона.„Ако сите ги почитуваме мерките, бројките ќе паднат и ќе има можност за олабавување. Убеден сум дека ќе има олеснувања во зимскиот период ако вака се почитуваат мрките како сега, и од страна на угостителските објекти и од страна на граѓаните, но не можам да кажам дали ќе се укинат. Ние секогаш ќе ги почитуваме препораките на Комиисјата за заразни болести“, рече Бектеши

Македонија | пред 4 години

lisici

Рекордни 15 кривични за двајца штипјани, за осум тешки кражби!

ОВР Берово ќе поднесе 15 кривични пријави против Т.М.(42) од Кочани и К.М.(38) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторени 15 кривични дела.Тие се сомничат дека во периодот од 08.03.2020 до 24.02.2021 извршиле осум „тешки кражби“ во цркви по член 236 од Кривичниот законик, пет „одземање на моторно возило“ по член 242 од Кривичниот законик и две „тешки кражби“ во викенд куќи по член 236 од Кривичниот законик.

Македонија | пред 4 години

crvenkovski-pendarovski-manu

Црвенковски збори за корумпирана држава: во корумпирана држава нема фер пазарна економија каде ќе одлучува квалитетот

Експретседателот Бранко Црвенковски го повика актуелниот шеф на државата Пендаровски, со кој на иста маса на денешната дебата, да покрене иницијатива за постигнување национална платформа, која би ги дефинирала клучните проблеми и цели на земјата, со прецизни рокови за нивно надминување и исполнување.„Во земјава нема еднаквост пред законот, нема правда, нема доверба во судството, во корумпирана држава нема фер пазарна економија каде ќе одлучува квалитетот, а не со подмачкување. Вака понатаму не може овој балон порано или подоцна ќе пукне со сите катастрофални последици кои ќе произлезат од него. На Македонија итно и е потребан националан платформа која ќе биде задолжителна за сите“, вели Црвенковски обраќајки се на свечениот собир на МАНУ за јубилејот од формирањето на современата македонска држава.„Македонија е внатрешно длабоко конфронтирана и поделена држава, во која партиите не се гледаат како конкуренти, туку како неприатели што треба да се уништат меѓу себе и во која не може да се постигне консензус за ниту едно битно прашање. И трето, Македонија е држава која живее на кредити, а кој живее на кредит, умира на рати. А, каде завршија парите од тие кредити – дали во инфраструктура, во подигање на квалитетот на јавното здравство“, додаде Црвенковски.„Македонија е држава која живее на кредити, а постои една изрека ‘кој живее на кредит, умира на рати‘. Во 2001 година бруто надворешниот долг изнесувал 1 милијарда и 494 милиони долари. Во 2011 година бруто надворешниот долг пораснал на 6 милијарди и 271 милион долари, а денес, во 2021 година тој изнесува фантастични 11 милијарди и 545 милиони долари. За 20 години, бруто надворешниот долг пораснал за повеќе од 10 милијарди долари. Па каде завршија тие пари и што е уште поважно, како ќе се враќаат тие пари. Вака понатаму не може. Овој балон еден ден, порано или подоцна, ќе пукне, со сите катастрофални последици што од тоа ќе произлезат“, кажа тој.

Македонија | пред 4 години

ursula-varhej-zaev

Утре доаѓа Урсула фон дер Лајен, а во среда Оливер Вархеји

Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, во среда ќе отпатува за Скопје, јави дописничката на МИА од Брисел. Информацијата ја потврдија службите на Европската Комисија. Програмата на посетата сѐ уште се финализира но извесно е дека тој ќе се сретне со премиерот Зоран Заев. Вархеји минатата недела беше во Бугарија каде разговараше за надминување на бугарската блокада за почеток на преговорите со Северна Македонија во ЕУ.Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен утре е во посета на Македонија, а ќе биде пречекана од премиерот Зоран Заев на платото пред Владата. Двете делегации, според агендата, е превидено да го посетат МКЦ, а во кино Фросина ќе се одржи заедничка прес-конференција на премиерот Заев и претседателката на ЕК фон дер Лајен.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-09-27-at-12.13.20

Георгиески повторно ја бара довербата на охриѓани: Резултатите од нашата работа се видливи

„Треба да избереме локална власт. Тоа е право на секој од нас. И јас имам право на избор,а тоа е Охрид. Охрид е светско наследство и национална гордост. Водени од вас, цврсто чекориме кон патот на промените. Горди сме што успеавме да започнеме една нова ера на поголема свесност и тоа што како генерација покажавме дека умееме да ја искористиме историската шанса. Да го зачуваме богатството што ми е оставено во аманет“, истакна на денешната прес конференција кандидатот за градоначалник на СДСМ, Константин Георгиески.„Резултатите од нашата работа се видливи. Постигнавме многу но убеден сум дека можеме да постигнеме уште повеќе. Сега е време да продолжиме со остварување на нашите цели. Сега е време уште еднаш да се обврземе пред вас и пред себе си дека ќе работиме уште повеќе за интересите на градот. Охрид заслужува да биде град со најдобар квалитет на живот. Град од кој луѓето нема да сакаат да си заминат, туку град во кој луѓето секогаш ќе се враќаат и ќе ги градат своите семејства“, додаде тој.„Успеавме да ја оствариме нашата најважна мисија, а тоа е раслизција на процесот на раздолжување на општината со што исполнавме едно големо ветување со кое бевме обврзани пред вас. Со плански менаџмент направивме сериозни капитални инвестиции и за реконструкција на важни градски сообраќајници, реализиравме и низа големи проекти во сите основни и средни училишта, со што го подигнавме воспитно образовниот процес на едно повисоко ниво. Бевме и сотанавме исклучително посветени на исполнување на препораките на УНЕСКО. Продолжуваме со уште посилно темпо во насока на зачувување на статусот на заштитен регион. Врз основа на приоритетните потреби на заедницата во текот на престојниот мандат носиме нови и квалитетни решенија за секој граѓанин да добие подобри услови во својата средина. Креираме проекти за подобра инфраструктура, обезбедуваме подобро урбано планирање, заштита на животната средина, современ туризам, побрз локален економски развој и социјална сигурност за младите. Нашата предизборна програма е втемелена на вашите потреби и реални визии. На 17 ти октомври да останеме посветени на вистинскиот пат. Ајде да продолжиме заедно да го развиваме Охрид. На 17 ти октомври да го заојружиме бројот 12 и да го избереме најдоброто за Охрид“, истакна Георгиески.

Охрид | пред 4 години

242868870_2920957678172687_7998358709203888416_n

Стојкоски ја почна кампањата во Ѓорче: Започнувам од таму каде што започнав и со моето образование

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Ѓорче Петров ја започна својата кампања за претстојните локални избори. Тој им се обрати на граѓаните од населбата Даме Груев, пред училиштето каде го започнал образованието, ветувајќи им дека ќе инвестира во него.„Најголемата инвестиција која човек може да ја направи е да инвестира во своето и образованието на своите деца. Како Ваш иден Градоначалник сметам дека во процесот на едукација треба да вложиме многу за да создадеме личности кои што ќе бидат независни, компетентни, способни сами да се носат со сите предизвици на животот. Изборната кампања ја започнувам токму од местото каде што започнав со моето образование, ООУ Страшо Пинџур во населбата Даме Груев, место за кое ме врзуваат најубавите спомени и најискрените пријателства. Образованието е главен столб на едно општество и е силен стожер во изборната програма, која што јас лично или некој од мојот тим ќе ја достави до Вас во наредниот период. Да создадеме нова иднина! Јас лично верувам во тоа и Ве повикувам сите да ни се приклучите!“, кажа тој.„Традиционално, изборната кампања ја започнуваме од црквата Св. Петар и Павле во Ѓорче Петров. Денешниот почеток на кампањата се поклопува со големиот христијански празник Крстовден. Нека е честит празникот на сите што го слават“, напиша Александар Стојкоски, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Ѓорче Петров.

Скопје | пред 4 години

Нема фотографија

Одлучно за промени својот изборен караван го стартуваат вечерва од 19 часот во Скопје

Движењето „Одлучно за промени“ на политичките партии ЛДП и ДОМ започнува со официјална промоција денеска во 19 часот пред МОБ. На настанот на кој движењето ќе го означи стартот на изборниот караван 2021.На официјалната промоција вечерва ќе говорат кандидатите за градоначалници на Битола, Горан Милевски, претеседател на ЛДП, Бени Шаќири за Скопје со д-р Никола Пановски, носител на листа на Град Скопје, Ѓулистана Марковска за Кисела Вода, Теодора Димитриовска на Куманово. Одлучни за промени се предлог 17 кандидати за градоначалници ширум земјава. Завршните говори ќе одржат претседателите на двете партии.„Одлучно за промени“ почнуваат во Скопје, потоа останатите денови до крајот на неделата ќе посетат повеќе општини низ земјава, Виница, Берово, Кисела Вода, Зелениково, Крива Паланка, Ранковце, Радовиш, Струмица, Крушево, Прилеп, Кичево, Демир Хисар.

Скопје | пред 4 години

granica-grcija

На границата со Грција фатени 15 мигранти од Куба, дел се обидувале да влезат, а дел да ја преминат

На 26.09.2021 во 20.40 часот во Гевгелија и во близина на граничната линија со Република Грција, од полициски службеници од Полициската станица за граничен премин „Богородица“ од слобода се лишени 15 лица мигранти, од кои три малолетници, сите од Куба, затоа што осум од нив илегално влегле од државата, а седум се обиделе нелегално да ја преминат државната граница.Сите биле приведени и по целосно документирање на случајот ќе им биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 4 години

UaYct-

Четворица Тетовци уапсени, бидејќи биле фатени со марихуана

На 26.09.2021 околу 16.00 часот на крстосницата на улиците „Благоја Тоска“ и „Борис Кидрич“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода М.М.(21), С.К.(24), И.С.(27), сите од Тетово и А.С.(24) од тетовска Брвеница.При нивен и преглед на нивното патничко возило „пежо“, со тетовски регистарски ознаки, што го управувал А.С., била пронајдена марихуана. Четворицата се задржани во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.

Македонија | пред 4 години

IMG_4867

Полицијата фати 17 пијани возачи во Тетово

Вчеравечер (26/27.09.2021), од 22.00 до 04.00 часот, на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол. При контролата откриени и законски санкционирани биле 17 возачи (ТЕ-13 и ГВ-4) кои управувале возила под дејство на алкохол.Сите прекршители веднаш се исклучени од сообраќај и изготвени им се соодветни поднесоци. На почетокот на изминатиот викенд на ова подрачје спороведена е и акциска контрола за прекршоците што ги прават мотоциклисти, при што биле констатирани вкупно 37 прекршоци (ТЕ-17 и ГВ-20). Од нив 30 (ТЕ-10 и ГВ-20) се однесувале на некористење на заштитна кацига, односно шлем, 6 мотоциклисти управувале без возачки дозволи (ТЕ), а 1 (ТЕ) мотоцикл бил нерегистриран.

Македонија | пред 4 години

POLICIJA-SOOBRAKAJKA-SKOPJE

Со „голф“ удрил во две паркирани возила, едно лице е со тешки повреди

На 26.09.2021 во 23.20 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека на ул.„Бањешница“ во Гостивар, патничко возило „фолксваген голф“, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Ш.А.(20) од Гостивар, удрило во две паркирани моторни возила, и тоа „форд“, со гостиварски регистарски ознаки и „шкода“, со скопски регистарски ознаки.Во несреќата, сопатникот во возилото „голф“, С.М. се здобил со тешки телесни повреди, а возачот се здобил со телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар Гостивар. Извршен бил увид на местото од увидна екипа од Полициската станица Гостивар.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Моторциклист тешко повреден во сообраќајка на патот Куманово-Крива Паланка

На 26.09.2021 во 21.30 часот во Полициската станица Крива Паланка било пријавено дека на магистралниот пат Куманово–Крива Паланка, во атар на с.Ветуница, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „харли дејвидсон“, со бугарски национални ознаки, управуван од В.А.А.(34) од Република Бугарија и патничко возило „сеат ибица“, со кратовски регистарски ознаки, управувано од Н.Ц.(42) од Кратово.Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото од увидна екипа од Полициската станица Крива Паланка.

Македонија | пред 4 години

vakcinacija-skopje

Инструкции за примање трета доза од вакцината против коронавирус

Министерството за здравство информира дека почнувајќи од денеска, со трета доза вакцина може да се вакцинираат, здравствените работници, граѓаните над 60 години, и лицата кои имаат имунокомпромитирана здравствена сстојба, а кај кои има поминато 6 месеци од примената ревакцина.Во текот на минатата седмица, јавните здравствени организации беа информирани дека здравствените работници независно од возраста, може да примаат трета доза вакцина, во кој било од вакциналните пунктови во земјава. Трета доза вакцина може да примат и граѓаните кои се вакцинирале во странство.Тие, задолжително на вакциналните пунктови, претходно ќе мора да приложат валиден документ од примените две дози вакцина, како би биле евидентирани во националниот систем Мој Термин. Трета доза вакцина може да се прими без да се закажува термин, како што е и за првите две дози. Вакцинацијата со трета доза се спроведува на сите вакцинални пунктови во државата, каде во тек е вакцинација и ревакцинација.

Актуелно | пред 4 години

Screenshot-2021-09-27-at-11.30.40

(ВИДЕО) „Си играме болници, тоа е проблемот“, потресна приказна за смртта на Симона за која раскажа татко ѝ

Си играме болници, си играме доктори, тука е проблемот. Не сакам, ви реков, политика не ме интересира, меѓутоа сакам ова да го надополнам со следново. Ако бевме ние ниекоја држава, нема да не пишуваат први на светот по број на починати… и ние уште ќе бидеме министри, уште ќе бидеме премиери и уште ќе глумиме нешто, вели таткото на младата Симона Ангелеска во изјава за телевизија Телма. Смртта на Симона Ангелеска за родителите е системски пропуст, за докторите корона последица.– Претходниот ден Симона ми рече „Тато донеси ми пижами, да ги сменам“. И не знам зошто стално одев со автомобил, тој ден одлучив да одам со автобус. На клиника горе е хаос, нема кај да се паркираш. Ајде, викам, ќе одам со автобус, и така не се брзам, ќе го видам девојчево. Ми ѕвони бројот да ми каже дека починала Симона. Замислете како го соопштуваат тоа. Значи, какви родители се тие, размислуваат ли дека мене ми се јавуваат и викаат ти почина Симона. Има ли тој човек мене што ми се јави дете. И родител ли е, има ли нешто човечко во него да размисли како мене ми ја соопштува таа вест, вели таткото.Шокот бил огромен за целото семејство. Мајката и сестрата на Симона лошата вест ја слушнале од Сашо. На документите кои ги добиле по смртта пишува дека на 23 март во утринските часови нагло се случиле неролошка симптоматологија, со болки во десна рака и нога и пад на сатурацијата поради што е ставена на неинванзивна вентилација. И покрај терапијата во 9 и 40 се влошува состојбата и има обиди за реанимација, но нема реакција и одговор, и во 10 и 15 е настапена смрт.– Лекувана е по сите оние препораки за лекување на еден вака тежок пациент. Влошувањето се случува наутро со симптоматологија која никогаш претходно ја нема пројавено. Кога е интензивно реанимирана она на жалост без да ја прифати реанимацијата, вели докторката за Телма.Таткото Сашо вели дека „проблемот е што си играме болници, си играме доктори.– Не сакам ви реков, политика не ме интересира, меѓутоа сакам ова да го надополнам со следново. Ако бевме ние ниекоја држава, нема да не пишуваат први на светот по број на починати… и ние уште ќе бидеме министри, уште ќе бидеме премиери и уште ќе глумиме нешто, вели тој.Од Министерството за здравство велат дека вонредниот инспекциски надзор не утврдил ништо по увидот во евиденциите и белешките за третманот на Симона.– Жалосно е што ние не можеме да ги предвидиме… И покрај нејзините лоши парамери она е покриена со терапија. Ние не можеме да предвидиме, ни ние ни било каде во светот време кога би можел да се создаде еден таков тромб или еден веќе создаден тромб да „одлепи“ и да заврши некаде во циркулацијата, а најопасни се оние места во мозокот каде што се центрите за живот, вели докторката за Телма.Родителите на Симона пак веќе покренале сопствена истрага. Гневни се на матичната, на докторката од 8-ми Септември што ја испратила на Клиника. Трагаат и по докторката од Кожна клиника која инсиситирала за трансфер на Симона, но сакаат да дознаат и кој бил дежурен вечерта на Инфективната пред таа да почине.

пред 4 години

toni27092021

Тони Михајловски ќе допира до секој човек: Ќе понудиме решенија

„Денеска започнува кампањата за локални избори 2021, во оваа кампања им посакуваме среќа на сите учесници и им порачуваме дека треба да ги задржиме и угледот и честа и на себеси и на нашите противници, без навреди, без омаловажувања, туку со конкретни решенија да им понудиме подобра иднина на граѓаните“, вели Тони Михајловски, кандидат за градоначалник на општина Куманово.„Ние во Куманово, ќе влеземе со добра програма, ќе дојдеме во секое населено место и ќе допреме до секој човек, ќе понудиме решенија за подобро, поубаво, зелено, модерно и европско Куманово.Се надевам дека во оваа кампања ќе го изберете она што е подобро за нас, подобро за вас, подобро за вашите деца.Слушајте ги сите гласови овие денови, но најмногу слушајте го вашиот глас и знајте дека народот е среќен тогаш кога многу му се нуди, а малку му се бара.Ние сме бројот 7 и тој број се надевам дека ќе донесе среќа за Куманово и за граѓаните на Куманово.На 17-ти, драги мои заокружете го бројот 7 и верувајте оваа урнатина за нас ќе стане минато и првиот проект кој што ќе го направиме во Куманово ќе биде реновирање на Пионерскиот дом во Куманово и ставање на едно големо име како негов наслов, а тоа е Дом за креативни деца и младинци „Живко Пешевски“ во Куманово. Со среќа на сите“, додава тој.

Македонија | пред 4 години

1632731976176

Филиповски од СДСМ ветува зеленило во Аеродром

Изградба на две нови градинки, во Мичурин и Ново Лисиче, реконструкција на градинката „Пчелка“, како и два затворени базени се меѓу капиталните проекти кои се дел од изборната програма на кандидатот за градоначалник на СДСМ и коалицијата во општина Аеродром, Александар Филиповски.Филиповски, во изјавата за медиуми посочи дека предвидува изградба и на младински центар, со цел да се овозможи простор за младите, за реализација на обуки, работилници, но и организирање на настани.Во делот на основното образование, програмата предвидува и доградба на основното училиште „Блаже Конески“, нови сензорни соби за учениците со попреченост и еко – училници за секое училиште.-Започнуваме и со целосна реорганизација на комуналните служби и поинтензивно одржување на зелените површини. Ќе направиме нови маалски паркови и игралишта во сите населби. Исто така, со изградба на три подземни, односно монтажни катни гаражи ќе обезбедиме повеќе загарантирани паркинг места за нашите жители, изјави кандидатот за градоначалник.Во текот на кампањата, Александар Филиповски ќе оствари средби со граѓаните од сите населби, со претставници на граѓански организации, бизнис заедницата и други целни групи.Основната цел е да се презентира изборната програма, но и дополнително да се мапираат теренските потреби и проблеми на граѓаните кои ќе се решаваат во претстојниот мандат.

Скопје | пред 4 години

krazba

Фатен млад скопјанец кој вршел разбојништва, има 21 година а поседувал и оружје

На 26.09.2021 во 21.10 часот на ул.„Методија Андонов Ченто“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Гази Баба го лишиле од слобода Н.Ј.(21) од Скопје, поради сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“ на 17.09.2021 во спортска обложувалница на ул.„Финска“ во Скопје.Подоцна, врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје, бил извршен претрес во неговиот дом, при што биле пронајден пиштол „Екол &Волтран Туна“ со два куршуми во рамка и уште пет куршуми непознат калибар и марка, за кои постоои сомнение дека ги употребил при извршување на делото.Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање и на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Скопје | пред 4 години

policija-5

95 казни за возење под дејство на алкохол

Во текот на вчерашната вечер (26/27.09.2021) во периодот од 22.00 до 04.00 часот спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 95 возачи. Од нив, 18 на територијата на СВР Битола, 17 на територијата на СВР Тетово...Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Македонија | пред 4 години

DSC_0052

181 санкционирани возачи во Скопје, 61 за брзо возење, 30 под дејство на алкохол

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (26.09.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.На територијата на град Скопје изречени се вкупно 181 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 61 санкција, 30 за возење под дејство на алкохол, 20 за возење без возачка дозвола.Изречени се 11 мерки за користење мобилен телефон, седум прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, шест за нерегистрирани возила.Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања