Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

240878112_889192342007275_8597385642353726706_n

Кои се кандидатите на Левица кои ќе „трчаат“ во Скопје, што пишува во нивните биографии и за што ќе се борат

Левица секојдневно објавува детали за нивните кандидати за градоначалници, носители на советничките листи и советници. Партијата ги посочува деталите за кандидатите, како што се: кои се тие, нивното образование, за што се борат, зошто треба да се гласа за нив. Ви ги пренсуваме дел од нив, кои се кандидати во Град Скопје и скопските општини:Кој е ТЕФИК МАХМУТ, кандидат на Левица за градоначалник на Oпштина Шуто Оризари и за што се бори?Дипломиран правник, магистер во областа на миграции од Универзитетот на Оксфорд. Тефик Махмут поседува национално и меѓународно работно искуство од организации за човекови права како што се ОБСЕ, ОДИХР, УНИЦЕФ, ЕРРЦ.Тефик Махмут е долгогодишен активист кој организирал масовни протести против полициската бруталност на Алфите во Шуто Оризари, етничката профилираност на Ромите при граничните премини во Македонија, несоодветните услови за живеење и нееднаквиот третман при вработување и образование во Македонија.Се бори за унапредување, модернизирање и подобрување на условите за домување, вработување и образование на луѓето во единствената ромска општина во Македонија, Шуто Оризари.За повеќе одговори може да го посетите неговиот профил на Левица (линк во коментар)#ЛевицаЗаШутоОризариКој е КИРИЛ СЛЕЗЕНКОВСКИ, носител на советничката листа на Левица во Илинден и за што се бори?Кирил Слезенковски е дипломиран машински инженер кој смета дека е дојдено времето кога секоја индивидуа треба да се вклучи во борбата за подобар живот. Сака да остане да живее овде, дома, покрај неговото семејство, пријатели и другари и сите заедно да создадат достоинствен дом за живеење. Струката го исполнува како личност и смета дека во нашето општество се потребни повеќе инженери кои ќе почнат да создаваат вредност која ќе можеме да ја извезуваме надвор од државата. Како млад човек, покрај кариера во машинството, смета дека е важно и да биде политички активен, со цел да придонесе кон градење на општеството по мерка на обичните луѓе и младите.Неговата борба е насочена кон креирање политки за младите луѓе, кои ќе овозможат искористување на нивниот потенцијал, општински клубови кои ќе нудат развој на вештините на младите луѓе, изучување на странски јазици, компјутерски вештини, спортски активности, негување на културата преку музика, филм, книжевност, можности за изучување на курсеви за унапредување на конкурентноста на пазарот на трудот, како и чиста животна средина и услови за рекреација.За повеќе одговори може да го посетите неговиот профил на Левица (линк во коментар)#ЛевицаЗаИлинденКој е ДАРКО ДИМОВСКИ, носител на советничката листа на Левица во Бутел и за што се бори?Дарко Димовски е роден 1984 година во Скопје, а денес живее во населбата Радишани. Тој е дипломиран физиотерапевт со работно искуство во ЈЗУ Универзитетската Клиника за физикална медицина и рехабилитација од 19 години. Магистер е по национална безбедност. Се опишува како вреден работник, добар другар и човек со спортски дух. Доколку биде избран за советник на општина Бутел, ќе биде максимално ангажиран да ја направи општината подобро и почисто место за живеење.Неговата борба е насочена кон запирање на недомаќинското работење во општината, инвестирање на народните пари во насока на квалитетни услуги, да се отвори советот и општината за идеите на граѓаните, да се уреди општината според потребите на граѓаните – децата, младите, семејствата и повозрасните. Од областа на својата професија, ќе се бори за создавање на подобри услови во здравствените објекти за граѓаните на Бутел.За повеќе одговори може да го посетите неговиот профил на Левица (линк во коментар).#ЛевицаЗаБутелКој е ДАРКО СТОЈАНОВСКИ, носител на советничката листа на Левица во Гази Баба и за што се бори?Дарко Стојановски, 34 години, е роден во Скопје, Гази Баба, Хиподром. Дипломиран Политиколог на правниот факултет Јустинијан Први во Скопје. Сопруг и родител. Чесен и искрен граѓанин на Гази Баба веќе втора генерација, одлучен да ги подобри условите за живот на своите сограѓани.Неговата цел е да го подобри и олесни животот на сограѓаните, да покаже дека институциите не функционираат само на Запад, да покаже дека политиката не е само лоша и себична туку и коректор на власта. Смета дека е нужно подобрување на условите за живот на граѓаните на општината, обнова и изградба на капитални објекти, забрана за продажба на државно земјиште, обнова на запуштеното и создавање на ново зеленило и здрава животна средина за нашите граѓани.Правилно функционирање на институциите во општината, за да можат граѓаните локално да ги задоволат потребите без да мораат да се обратат во централното министерство.За повеќе одговори може да го посетите неговиот профил на Левица (линк во коментар)#ЛевицаЗаГазиБабаКој е ТЕОДОР ТРПЕВСКИ - носител на советничката листа на Левица во Кисела Вода и за што се бори?Теодор Трпевски е роден 1988 година во Скопје. Неговото образование започнува во ОУ „Климент Охридски” во Драчево, населбата во која живее. Понатамошното образование го продолжува во средното училиште во Карпош „Георги Димитров”, а на студии се стекнува со диплома за јавен администратор. По завршувањето на студиите се вработува во приватен сектор, каде акумилира богато работно искуство како менаџер за продажба. Тој е посветен сопруг и родител, вреден и чесен работник, спортист, кој тежнее да придонесе за подобар живот во општеството.Неговата борба е насочена кон водење домаќинска политика во општината, ревизија на претходни политики, запирање на шетни одлуки и корупцијата во советите, информирање на граѓаните за работата на советот, алармирање за потенцијални штетни одлуки, барање за вклучување на експертите и граѓаните во одлучувањето, отварање на советот за народот.За повеќе одговори може да го посетите неговиот профил на Левица (линк во коментар).#ЛевицаЗаКиселаВодаКој е ДАРКО МАСЛАРКОВСКИ, носител на советничката листа на Левица во Аеродром и за што се бори?Дарко Масларковски, 38 години, е роден во Скопје и израснат во Ново Лисиче, Аеродром. Тој е дипломиран режисер, музичар и организатор на многу културни и музички настани. Низ своето творештво во музиката остава траен белег на независната андерграунд сцена со повеќе од 200 песни, 7 албуми и многу концерти. Активист и поборник за правда и правдина, патриот и вљубеник во Македонија и Аеродром. Татко на две деца, сопруг на жена која му е поддршка за сѐ во животот.Неговата борба е насочена кон запирање на коруптивните зделки и клиентелизмот, урбаната мафија која го узурпира просторот на граѓаните, воведување на меродавен вредносен систем каде ќе се почитува секоја единка според својот придонес и квалитет, за создавање на простор и услови за правилен развој на младината и убаво место за живеење за децата и за пензионерите.За повеќе одговори може да го посетите неговиот профил на Левица (линк во коментар)#ЛевицаЗаАеродромКој е РОБЕРТ НАУМОСКИ, носител на советничката листа на Левица во Ѓорче Петров и за што се бори?Роберт Наумоски e роден 1968 година во Виена, а денес живее во општина Ѓорче Петров. По професија е забен техничар со 25 годишно работно искуство. Тој е посветен сопруг, грижлив родител на две деца, чесен и одговорен граѓанин и жител на Општина Ѓорче Петров. Долгогодишен спортист, член на К.К.К. и поранешен претседател на К.К.К Ластовица. Сопственик на К.К. ТНТ Ѓорче Петров. Благајник и член на менаџерскиот тим - Здружение на Забни Техничари, а воедно и организатор на многубројни семинари, како во земјата, така и во странство.Неговата борба е насочена кон модерна, зелена, чиста, спортска општина Ѓорче Петров, ослободена од корупција, градежна мафија и со решени децениски проблеми на жителите. Исто така ќе инсистира на обновување и одржување на спортските објекти во општината и достапност на истите за сите млади.За повеќе одговори може да го посетите неговиот профил на Левица (линк во коментар)#ЛевицаЗаЃорчеПетровКоја е МАРИЈА СРЕБРОВА - носител на советничката листа на Левица во Центар и за што се бори?Марија Среброва е дипломиран преведувач (професор по француски и англиски јазик), при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и постдипломец на Факултетот за туризам и менаџмент. Говори пет странски јазици, од кои францускиот, англискиот и италијанскиот професионално, додека грчки и португалски основно ниво. Позади себе има остварено бројни стручни и литературни преводи и 15 години работно искуство во приватниот сектор. Вечен протестирач на барикадите против неправдите и вљубеник во нејзината општина Центар.Нејзината борба е насочена кон: враќање на Центар во рацете на центарци; демократизација на локалната самоуправа преку референдуми, народни иницијативи, собири на граѓани и зголемена партиципација на самите граѓани во носење на одлуки на општинско ниво; стопирање на штетните политики на властите и корумпираните политичари и негативните ефекти од истите врз општината и жителите. Се залага за борба против аерозагадувањето и придонес за едно похумано живеење.За повеќе одговори може да го посетите нејзиниот профил на Левица (линк во коментар).#ЛевицаЗаЦентарКој е РЕЏЕП ИСМАИЛ - носител на советничката листа на Левица во Град Скопје и за што се бори?Реџеп Исмаил - Хактан (33 години) е роден, живее и работи во Скопје. Долгогодишен активист за економска и социјална правда. Член на ДСП „Ленка“, основач и член на Президиумот на Левица, дел од уредничкиот тим на порталот Антропол. Дипломиран и магистриран политиколог по применета политика на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, со фокус на трудова политика. Долгогодишен работник во приватен сектор на различни работни позиции, во земјата и во странство. Тековно е вработен во ИТ секторот. Едновремено е преведувач и толкувач од турски на македонски јазик и обратно. Страствен љубител на фудбал, планински врвови и екстремни височини: „Скопјанец со сите мани, од на Градот сите четири страни, по различните негови ќошиња собрани“ 🙂Неговата борба е насочена кон поставување на јавниот интерес како главен организациски принцип во носењето и спроведувањето на локалната политика. Се залага за град кој нема да биде поделен, туку ќе биде сигурен дом за секој негов жител. Конкретно, во градскиот совет, ќе се бори за еко-политиката да биде врвен приоритет на градските власти.За повеќе одговори може да го посетите неговиот профил на Левица (линк во коментар)#ЛевицаЗаСкопјеКоја е ЈУЛИЈАНА ШТРКОВСКА - КОЛАРИЌ, кандидат за градоначалник на Општина Кисела Вода и за што се бори?Јулијана е магистер по економски науки и долгогодишен овластен внатрешен ревизор во ЈП „Национална радиодифузија“, со работно искуство и во Македонската радиотелевизија, како и во Центарот за управување со кризи. Во својата професионална кариера има работено и како сметководител и проектант.Нејзината борба е насочена кон: спречување на штетни политики, транспарентно и отчетно работење на локалната самоуправа, увид во трошењето на народните пари, лесен пристап до информациите од јавен карактер. Фокусот на работењето ќе и биде на политики за заштита на животната средина и одржлив локален раст и развој.За повеќе одговори може да го посетите нејзиниот профил на Левица (линк во коментар)#ЛевицаЗаКиселаВодаКој е АЛЕКСАНДАР ДИМИТРИЈЕВИЌ - кандидат за градоначалник на Општина Ѓорче Петров и за што се бори?Александар Димитријевиќ (35 години) е роден и живее во Ѓорче Петров. Тој е дипломиран правник на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при УКИМ, а тековно поседува своја адвокатска канцеларија која брои шест членови. Посебен интерес му е трудовото право, односно областа развивање и унапредување на работничките права.Неговата борба е насочена кон: развој на општината во законски контролирана средина за градење и справување со инфраструктурните проблеми со кои се соочува во моментот; нови еколошки решенија за подобар квалитет на почвата, воздухот и животната средина; поголем економски развој и вработување на жителите на Ѓорче.За повеќе одговори може да го посетите неговиот профил на Левица (линк во коментар).#ЛевицаЗаЃорчеКој е АНДРЕА ЈАНКОВ - кандидат за градоначалник на Општина Центар и за што се бори?Магистер инженер-архитект, со магистерска теза од областа на самоодржливоста и неинвазивната архитектура. Посветен работник со 14 години искуство во приватниот сектор, овластен проектант и инженер за изведба со Овластување Б (од 2012 година), тековно вработен во „Елена Лука Инженеринг“. Љубител на природата и основач и претседател на здружението на граѓани „Го Сакам Водно“. Оженет и татко на две деца.Неговата борба е насочена кон: хумано и самоодржливо урбано живеење; заштита и грижа за животната средина; борба со аерозагадувањето; зголемување на стандардот за зеленило по глава на жител; градење на мерит систем и демократизација на локалната самоуправа преку референдуми, народни иницијативи, собири на граѓани и зголемена граѓанска партиципација во носењето одлуки на општинско ниво.За повеќе одговори може да го посетите неговиот профил на Левица (линк во коментар).#ЛевицаЗаЦентарКоја е ВЕСНА КИРАЏИЕВА - кандидат за градоначалник на Општина Аеродром и за што се бори?Весна Кираџиева е атлетска репрезентативка на Македонија повеќе од 20 години, поранешна рекордерка и шесткратна шампионка на Македонија во маратон. Дипломиран криминалист на Факултетот за безбедност. Претседателка и тренерка на АК „Индјуренс“. Менаџер на социјални мрежи (Social media manager), дел од организациониот тим на „Виз Ер Скопски Маратон“, „Авицена Женска трка“, „Халк Еко Скопје Трча“. Поранешен волонтер во Центар за оспособување на деца со посебни потреби „Јанез Левец“ во Љубљана (Словенија).Нејзината борба е насочена кон: чесна и некорумпирана работа; градење на мерит систем на база на квалитет и стручност, а против окупирање на институциите по основ на партиска, политичка, расна, национална или било каква друга определба; разумен урбанизам и стопирање на узурпирањето на просторот од урбаната мафија; афирмација на руралниот дел/населби во општината; еднакви можности за жените како дел од популацијата и унапредување на условите за живот на лицата (и децата) со посебни потреби.За повеќе одговори може да го посетите нејзиниот профил на Левица (линк во коментар).#ЛевицаЗаАеродромКој е ДАРКО РИСТОВСКИ - кандидат за градоначалник на Општина Карпош и за што се бори?Дарко Ристовски (42 години), роден во Скопје, Карпош, м.з. Тафталиџе 2, е дипломиран информатичар на ПМФ Информатика, со над 19 години работно искуство во полето на ИТ индустријата како инструктор за напредни мрежни технологии и оперативни системи, проектен лидер на голем број проекти во Македонија и во странство. Коосновач е и на граѓанската иницијатива ГО САКАМ ВОДНО. Женет и вљубен во прекрасна личност и горд татко на три деца.Неговата борба е насочена кон ослободување и демократизација на локалната самоуправа, вклучување на граѓаните и локалните активисти во процесот на креирање политики и проекти на општината, системска борба против урбаната мафија преку ревизија на сите спорни ДУП-ови, како и забрана за продажба на државно/општинско земјиште, зазеленување на општината и враќање на сјајот на Карпош кој сите ние го носиме во срце.За повеќе одговори може да го посетите неговиот профил на Левица (линк во коментар)#ЛевицаЗаКарпош

Скопје | пред 4 години

242941363_402329461518991_1497327069978023153_n

Арсовска воочи проблеми во Аеродром: Аеродромци бараат итно решение

Независната кандидатка за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска, смета дека во Аеродром треба да се подобри инфраструктурата. Таа низ општината прошета со тамошниот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски.„Аеродром е една од најубавите општини во наше Скопје. Мора да го вратиме духот на оваа општина. Подобрување на инфраструктурата е сегмент што премногу ги засега сите жители. Недостатокот на паркинг места е реален проблем за кој што аеродромци бараат итно решение, а изградбата на сервисни улици е проект што никако да започне. Ова се дел од проблемите на кои тие денеска ми укажаа, а ги има многу. Ќе работиме чесно и одговорно и во интерес на граѓаните. За Скопје, град на сите скопјани“, напиша Арсовска.

Скопје | пред 4 години

61504612-3d0c-46aa-a50f-2a9b0a0a0a64-screenshot-19-previewOrg

(ВИДЕО) Градоначалникот на Бања Лука ја учи асистентката да јава среде канцеларија: Е баш си коњ

Градоначалникот на Бања Лука, Драшко Станивуковиќ, среде канцеларија учи девојка како да јава на коњ. Видеото стана хит на интернет, а босанските медиуми пишуваат дека девојката од снимката е неговата асистентка Олга Бабиќ. Па додека тој ја учи да јава, во канцеларијата има уште неколку вработени во Градската управа.„Го исправаш грбот и ги земаш јаките од блузата, како да се узди од коњ“, вели градоначалникот додека таа му седи на грбот. Тој потоа почнува да симулира јавање. „Е баш си коњ“, вели девојката откако падна од неговиот грб.Инаку, градоначалникот на Бања Лука е познат во јавноста како голем љубител на коњите.

Магазин | пред 4 години

micko-mitingg-696x492

Агенда на ВМРО-ДПМНЕ за митинзи: Почнуваат утре од Охрид

Од утре почнува изборната кампања, преку која кандидатите за локалните избори ќе бараат поддршка од граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ кои настапуваат со слоганот „Создади нова иднина“, почнуваат со митинг во Охрид, односно од Античкиот театар. Митингот ќе започне во 18 часот. Веќе во вторник ќе продолжат во Вевчани, Дебрца, Струга, Ресен.Во среда ќе продолжат во Демир Капија, Неготино, Кавардци. Веќе во четврток ќе се во Чешиново-Облешево, Виница, Зрновци, Кочани. Во петок караванот ќе е во Демир Хисар, Новаци, Могила, Битола.Остатокот од агендата во продолжение:

Македонија | пред 4 години

tepacka

Ресенчанец пријавил дека жена му ги истепала мајка му и девојка му, а потоа и него

На 25.09.2021 во 14.11 часот во Полициската станица Ресен, 35-годишен жител на ресенско село пријавил дека околу 14.00 часот дошла неговата сопруга Д.Н.(31), со која се во бракоразводна постапка, заедно со нејзината мајка и физички ги нападнале баба му и неговата девојка, по што Д.Н. се обидела со нож да го повреди него.Полициски службеници излегле на местото и од Д.Н. бил одземен ножот. По целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 4 години

partizanska-brza-pomos-914

Доктор почина на дежурство, трагедија во психијатриската болница во Бардовци

На 25.09.2021 во 00.30 часот во Полициската станица Карпош, од Итна медицинска помош било пријавено дека во собата за дежурни лекари во Психијатриска болница Скопје бил пронајден починат дежурниот лекар Љ.Н.(61) од Скопје.Смрт без траги на насилство констатирала екипа од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Скопје | пред 4 години

tepacka-222

Кумановец си го пријавил брат му бидејќи го тепал

На 26.09.2021 во 03.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го привеле С.С.(23) од Куманово, затоа што во семејниот двор физички го нападнал неговиот брат Б.С..На него му бил изготвен записник за констатиран прекршок по член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

Македонија | пред 4 години

IMG_4868

Шесторица скопјани се тепале со четворица кавадарчани - сите завршиле во станица

На 26.09.2021 во Полициската станица Кавадарци биле приведени десет лица, поради тоа што во 01.30 часот на ул.„Илинденска“ во Кавадарци учествувале во физичка пресметка, која настанала помеѓу А.Ц.(25), Д.В.(20), М.В.(21), М.М.(21), М.М.(21) и Г.Ј.(21), сите од Скопје, од една страна и И.Т.(20), Ф.А.(24), Ј.Н.(27) и Д.А.(26), сите од Кавадарци, од друга страна.По целосно документирање на случајот ќе им бидат поднесени соодветни поднесоци.

Македонија | пред 4 години

DSC_0288

Четворица охриѓани се испотепале близу центарот

На 25.09.2021 во 17.40 часот во СВР Охрид било пријавено дека на ул.„Марко Цепенков“ во Охрид бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Л.Ѓ.(61) и К.Ѓ.(66), од една страна и С.Ѓ.(54) и Н.Ѓ.(37), од друга страна, сите од Охрид.Ним им биле изготвени записници за констатиран прекршок по член 11 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

Македонија | пред 4 години

DSC_0661

Скопјанка нападната од сосед во зграда

На 25.09.2021 во 15.22 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 14.20 часот на бул.„Кочо Рацин“, пред станот во зградата во која живее, М.И.(65) од Скопје била физички нападната од соседот Л.У.(44).На Л.У. му бил сочинет записник за констатиран прекршок по член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

Скопје | пред 4 години

IMG_4260

Во Градски парк натепан скопјанец од четири лица

На 26.09.2021 во 01.30 часот во СВР Скопје, Д.Џ.(33) од н.Илинден во Скопје пријавил дека околу 00.30 часот во Градски парк, по претходна расправија, бил физички нападнат од четири лица.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 4 години

krazbi

Ограбени две фирми во Визбегово

На 25.09.2021 во СВР Скопје било пријавено дека во периодот од 16.00 часот на 24.09. до 03.50 часот на 25.09.2021 била извршена тешка кражба во две приватни фирми во с.Визбегово, скопско, сопственост на И.Д.(44) од Скопје.Според пријавеното, сторителот со употреба на сила и подесен алат влегол во две канцеларии и одзел пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 4 години

Aerodrom-tabla-01

Скопјанка уапсена на скопскиот аеродром: Се дерела на полицајци, а тие се навредиле

На 26.09.2021 во 02.30 часот во Меѓународниот Аеродром – Скопје, полициски службеници ја лишиле од слобода К.Р.А.(50) од Скопје, затоа што го нарушила јавниот ред и мир со викање, непристојно и дрско однесување и со навредување на полициски службеници кои извршувале службени дејствија. Нејзе ѝ бил изготвен записник за констатиран прекршок по член 4 и член 12 став 2 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

Скопје | пред 4 години

243190639_4304374113009722_7003111965537811463_n

И Јакимовски утре ќе држи митинг

Од утре почнува изборната кампања во Македонија за локалните избори. Кандидатот за градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски, најави дека ќе биде во Влае.„На 27.09.2021г. (понеделник) со почеток од 19.30ч на плоштадот Делфина(Влае),со голем митинг започнува изборната кампања на нашата партија ГРОМ. Ќе се претстави нашиот кандидат за градоначалник г-дин Стевчо Јакимовски и носителот на листата на советници предводена од Зоран Краљевски“, вели Јакимовски.Од утре стартува изборната кампања за Локалните избори што се закажани на 17 октомври.Кампањата ќе заврши на 15 октомври на полноќ. Вториот круг избори ќе се одржат на 31 октомври, а кампањата за втор круг ќе трае до 24 часот на 29 октомври.Вкупно 1.824.864 граѓани ќе можат да гласаат.Државната изборна комисија (ДИК), потврди 303 листи за градоначалници и 567 за советници. За првпат ќе бидат применети терминали за читање отпечатоци од прсти на гласачите за да се утврди нивниот идентитет и за да се избегнат евентуални неправилности при гласањето.

Скопје | пред 4 години

Нема фотографија

Прв голем минитнг на СДСМ утре во Битола, почнува кампањата

Караванот „Најдоброто за мојата општина“ утре ги започнува своите активности во рамки на кампањата за претстојните локални избори.„Утрешниот централен настан е закажан во Битола во 20.00 часот, а претходно караванот ќе биде со граѓаните на Демир Хисар. Во вторник караванот е во скопските општини Чаир и Кисела Вода по што ќе следува предизборна конвенција на кандидатот за градоначалник и листата за советници за Град Скопје.Караванот своите активности завршува на 15 октомври со голем граѓански настан во Куманово.СДСМ со својата кадровска и програмска понуда, во овие денови ќе ја посети секоја општина, секое населено место.Со реализираните проекти зад себе, со најдобрата понуда, со најголемиот коалициски капацитет, „Најдоброто за мојата општина е изразит фаворит, победник на овие локални избори, затоа што граѓаните ќе дадат поддршка за концептот што води напред и е гарант за да продолжи развојот на општините“, информираат од СДСМ.

Македонија | пред 4 години

shilegov-93

Профитерот Шилегов е завршена лоша приказна за Скопје, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Профитерот Петре Шилегов од СДСМ без покритие го зголеми својот имот за половина милион евра за 4 години. Профитерот Шилегов од СДСМ гради дивоградба среде Скопје во градоначалнички мандат. Профитерот Шилегов од СДСМ преку неговите пајташи во јавните градски претпријатија работи без дозвола и потоа штелува цени. Профитерот Шилегов од СДСМ мести милионски тендери на градежни претпријатија“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.„Профитерот Шилегов е завршена лоша приказна за Скопје. Нема скопска општина која што со СДСМ не е заглавена во криминал. Доаѓа времето за плаќање на цехот. Доаѓаат промени, ревизии и судски разрешници. Нема полошо од СДСМ, за Скопје нема полошо од Шилегов“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Скопје | пред 4 години

DSC_0683

336 нови случаи и 17 починати од коронавирус

Направени се 3.425 тестирања, а регистрирани се 336 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 169, Велес и Струмица – по 21, Куманово – 17, Охрид и Кавадарци – по 15, Битола – 14, Штип – 13, Кочани – 11, Свети Николе – 10, Прилеп – 6, Тетово – 4, Кичево, Гевгелија и Крива Паланка – по 3, Виница, Кратово и Македонски Брод – по 2, Струга, Радовиш, Дебар, Берово и Демир Хисар – по 1.Регистрирани сe 222 оздравени пациенти од: Скопје – 118, Штип – 14, Кавадарци – 12, Битола – 11, Прилеп – 10, Кичево – 9, Велес – 8, Кочани – 6, Гевгелија и Ресен – по 5, Кратово и Радовиш – по 4, Неготино и Пробиштип – по 3, Свети Николе, Крива Паланка, Виница и Гостивар – по 2, Тетово и Делчево – по 1.Во текот на изминатите 24 часа починале 17 лица: по 5 починати лица од Скопје (85г, 81г, 67г, 59г и 56г) и Куманово (82г, 72г, 70г, 67г и 57г), 2 починати лица од Охрид (89г и 38г) и по едно починато лице од Штип (68г), Велес (88г), Ресен (74г), Радовиш (79г) и Валандово (81г).Сите пријавени лица се починати во болнички услови.Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, не се пријавени починати лица.Направени се 3.425 тестови преку: ИЈЗ-191, ЦЈЗ Скопје-29, ЦЈЗ Битола-91, ЦЈЗ Прилеп-51, ЦЈЗ Тетово–51, ЦЈЗ Куманово-33, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија – 0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–311, Жан Митрев (Филип Втори)-87, Авицена-176, Биотек-175, Систина-63, лабораторија Лаор-199, Синлаб-12, Ремедика-0, Плодност–46, Генеа-5, Никоб лаб-384, ВФВ Медикал-34, Ели Медика-49, Ројал Медика –25, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.413.Досега во земјата се направени вкупно 1.277.428 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 189.887 бројката на оздравени пациенти е 170.956, на починати е 6.594, а бројот на активни случаи изнесува 12.337Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 82529, Активни 5735Куманово 11247, Активни 979Тетово 10796, Активни 948Прилеп 8995, Активни 300Гостивар 7947, Активни 488Битола 7044, Активни 287Велес 6151, Активни 324Охрид 5906, Активни 515Кавадарци 5844, Активни 225Струмица 5693, Активни 331Штип 5660, Активни 248Кичево 3934, Активни 411Струга 3774, Активни 365Кочани 3206, Активни 144Гевгелија 2392, Активни 83Неготино 2305, Активни 38Свети Николе 1872, Активни 119Ресен 1527, Активни 96Радовиш 1501, Активни 97Дебар 1447, Активни 124Крива Паланка 1398, Активни 86Берово 1207, Активни 34Делчево 1115, Активни 67Виница 1022, Активни 52Пробиштип 907, Активни 43Валандово 806, Активни 36Богданци 544, Активни 11Кратово 551, Активни 55Крушево 518, Активни 14Македонски Брод 465, Активни 30Демир Хисар 432, Активни 20Демир Капија 409, Активни 7Пехчево 310, Активни 5Македонска Каменица 294, Активни 19Дојран 139, Активни 1

пред 4 години

BeFunky-collage-10

СДСМ за „Профитер“: ВМРО-ДПМНЕ измислува непостоечки скандали за да го ублажи поразот на изборите во Скопје

„Во ВМРО-ДПМНЕ исплашени од извесниот пораз на претстојните локални избори во градот Скопје не престануваат да измислуваат и да конструираат непостоечки скандали за градоначалникот Петре Шилегов. Од Белата палата, можат да објавуваат нецелосни документи, неосновано да обвинуваат за наводна корупција и злоупотреби, но ништо нема да ги спаси од пораз на изборите, седми по ред“, стои во реакцијата на СДСМ за прес-конференцијата на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ„Со ваквите настапи ВМРО-ДПМНЕ само потврдува дека нема никаква идеја, никаков предлог за подобрување на животот на скопјани, за модернизација на главниот град. Од друга страна граѓаните гледаат дека понудата на ВМРО-ДПМНЕ за овие избори е понуда на кадри на Груевски и лица осомничени и осудени за сторени кривични дела. Затоа на ВМРО-ДПМНЕ не им останува ништо друго, освен со лаги, шпекулации и конструкции да се обидат да си го ублажат новиот убедлив пораз на изборите“, се додава во реакцијата на СДСМ за прес-конференцијата на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 4 години

treska-pozar-zelen-human-grad

Подметнат ли е пожарот во Треска за да се отвори пат за нова бетонизација, прашува „Зелен хуман град“

Ана Петровска, кандидат за градоначалник на Град Скопје на „Зелен хуман град“ прашува дали пожарот во Треска е подметнат, за да може одново да се гради на тој простор, како што и веќе постои план.„Заедно со ЗХГ се прашуваме дали пожарот во Треска е подметнат, со цел да изгорат дрвјата и да се отвори пат за нова бетонизација. Треска е еден од ретките простори во општина Центар што дава можност тука да никне нов парк, а објектите да се пренаменат за културен центар и младински зелени стартапи. Новиот ГУП мора да го зачува овој простор од изградба на нови згради. За борба против загадувањето во градот мора да остане “светото тројство” што го формираат Градскиот парк, парк-шумата Гази Баба и Расадник, но не смее да се бетонизираат ниту Треска, ниту просторот пред Холидеј Ин. За изработка на новиот ГУП, мора да се донесе Катастар и Стратегија за урбано зеленило со кои зеленилото ќе се попише, постојните паркови ќе се заштитат и ќе се предвидат нови, согласно Законот за урбано зеленило“, стои во реакцијата.

Скопје | пред 4 години

zaev-petrovska-

Петровска го демантира Заев: Најостро реагираме дека сме дел од пазарењето за локалните!

Ана Петровска, кандидат за градоначалник на Град Скопје на „Зелен хуман град“, ја демантираше изјавата на премиерот Зоран Заев во која, според нејзиното тврдење, кажал дека има договор меѓу неа и него за поддршка на неговата партија во вториот круг на изборите во Скопје.„Јас сум независен кандидат предложен од иницијативата ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД и се изборив за правото да се кандидирам за градоначалник со собрани 1000 потписи. Јас и ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД не сме поддржани, ниту поддржуваме било која политичка партија! Затоа, најостро реагираме на обидите за доведување на гласачите во заблуда дека сме дел од пазарењето што го прават повеќето политички партии за овие локални избори! ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД ужива огромна поддршка и симпатии за своето активистичко делување и критиките на штетните политики на Градот Скопје. Граѓаните ги отфрлаат партиските манипулации и не дозволуваат да продолжи бетонизацијата на градот, сечењето дрвја и расфрланиот отпад“, пишува Петровска.„Затоа партиски гласноговорници се насочени кон дефокусирање на гласачите - делегитимирање на нашата независност и наше поврзување со политички партии од власта и опозицијата. Партиите постојано се договараат на штета на граѓаните: неодамна парламентарните партии, се обидоа противуставно да го изменат Изборниот законик и да наметнат да се собираат 10 пати повеќе потписи за независните листи да добијат право да учествуваат на избори. Опозициска партија се договори со големите партии 7% медиумски простор да добијат опозициските парламентарни партии без пратеничка група, а само 3% да делат партиите вон парламентот и независните кандидати. Ние не се пазариме со гласовите на скопјани, бидејќи сите ние сакаме Скопје да стане ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД. Имаме визија, знаење и искуство и нашата понуда е препознена од скопјани. Тоа ќе се покаже и во првиот и во вториот круг од гласањето“, додава Петровска.

Скопје | пред 4 години

235247538_2055028664645908_1609657782484412613_n

Од утре може да се прима трета вакцина против ковид, отворени ќе се сите пункотви за тие кои исполнуваат услови

Граѓаните над 60 години, здравствените работници и лица со имунолошки болести со потврда од утре ќе можат да примат трета доза вакцина против ковид -19, потврди денеска министерот за здравство Венко Филипче. Тој посочи дека процесот на скрининг во училиштата ќе почне најверојатно за две недели.– Граѓаните над 60 години согласно временскиот период после примената втора доза на вакцина ќе добијат порака да се вакцинираат, притоа таа порака ќе биде потсетување во смисла дека нема посебен термин или пункт, може да одат каде било најблиску до местото на живеење. И понатаму ќе функционира пунктот во салата „Борис Трајковски”,во сите други поликлиники тука во Скопје и ширум државата, рече Филипче.

пред 4 години

sela-jankulovska-1

Партијата на Села: Асистентот на Јанкуловска не може да биде тој што ќе ги истражува изборните нерегуларности

„Режимот на СДСМ-ДУИ уште еднаш докажува дека ќе стори сè што е возможно за да спречи изборите да се одвиваат мирно, фер и на демократски начин. Обвинителството има воспоставено привремена комисија за следење на изборните нерегуларности, предводени од поранешниот Заменик-министер за внатрешни работи, Џелал Бајрами, кој стана познат како асистент на Јанколовска во политичкиот монтиран случај Монструм. Сите бевме сведоци за тоа како беа избрани. судиите и обвинителите за време на “тефтерите“ на Јанкуловска“, пишува во реакцијата на Алијанса за Албанците„Назначувањето на врвот на комисијата кадар што е целосно партиска личност, а којшто би требало да биде независен кандидат, многу јасно укажува за намерата на хибридниот режим да манипулира со изборите. Ги информираме дека ние ќе ги следиме во секој чекор, секоја манипулација и секоја намера за крадење на гласовите од нивна страна, додека главниот збор ќе го имаат граѓаните кои што со масивна излезност и со користење на правото на глас ќе оневозможат секоја манипулација од страна на режимот“, додаваат во реакцијата.

Македонија | пред 4 години

ohridsko-ezero-ohrid-dron

ВИДЕО: Охрид ги живее последните денови од сезоната, мир и тишина во градот

Охрид ги живее последните туристички денови за оваа сезона. Полека но сигурно, градот се празни од туристи, иако, викендов посетители имаше. Голем дел од нив, домашни туристи кои имаат свои станови и престојувалишта во градот. Но, кејот, речиси и целосно е празен. Угостителските објекти работат со намалено темпо, а плажите се користат само за мали пладневни прошетки. Сепак, Охрид се полни и за време на есенските и зимски месеци. Тогаш, најчести посетители се домашните туристи кои одат за време на продолжените викенди.Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во јули 2021 година изнесува 136 291, од кои 66.4 % се домашни туристи, а 33.6 % се странски туристи.Бројот на ноќевањата во јули 2021 година изнесува 618 314, од кои 83.0 % се од домашните туристи, а 17.0 % од странските туристи.Во периодот јануари – јули 2021 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 56.6 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 56.6 %, а кај странските зголемувањето е за 56.6 %.Во периодот јануари – јули 2021 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 46.4 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 36.4 %, а кај странските зголемувањето е за 79.0 %.

Македонија | пред 4 години

242863799_402187911533146_4297743774888733274_n

Данела Арсовска ја сподели приказната за борбата со ракот на дојка: Никако не смее негативните емоции да надвладеат

Независната кандидатка за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска зеде учество во кампањата за борбата против ракот на дојка. Таа ја сподели и својата приказна, како личност која ја добила оваа борба. За болеста, вели дека не прашува пол и години.„Давам поддршка на кампањата за борба против рак на дојка „RACE FOR THE CURE“ – „НАПРЕД РОЗОВО” и ја поздравувам инцијативата на здружението „Борка–За секој нов ден“ за нивната несебична поддршка и помош на сите жени кои се соочиле со оваа болест. Јас сум една од тие жени кои ја добила битката со ракот и посакувам сите да го победат. Болеста не прашува за години и пол. Кога јас се соочив со болеста бев многу млада но сепак со единствена мисла дека морам да победам. Колку и да е тешко кога ќе дознаете, најважно е брзо соочување и борбата со болеста. Никако не смее негативните емоции да надвладеат, иако е многу полесно ова да го слушнете отколку кога ќе се соочите.Сепак, најважна е поддршката, јас имав поддршка од целото семејство и сите пријатели. Затоа и јас несебично ја давам мојата поддршка и секогаш сум отворена за сите кои сакаат да разговараат со мене за ова. #ДанелаЗаСкопје“, напиша Арсовска.

Скопје | пред 4 години

BeFunky-collage-10

СДСМ реагира: „ВМРО-ДПМНЕ конструираат случаи за Шилегов за да го ублажат поразот на изборите“

„ВМРО-ДПМНЕ не престанува да конструира случаи за градоначалникот Петре Шилегов со што само го потврдува стравот од извесниот пораз на претстојните локални избори.Може ВМРО-ДПМНЕ да пласира нецелосни и фабрикувани документи, да се обидува да врши притисок врз обвинителството но ниту тоа нема да ги спаси од седмиот изборен пораз по ред.Граѓаните гледаат дека понудата на ВМРО-ДПМНЕ за овие избори е понуда на кадри на Груевски и лица осомничени и осудени за сторени кривични дела, дека тоа е понуда осудена на пораз, па затоа секојдневно шират лажни вести во обид да го ублажат поразот“.Соопштение на СДСМ

Скопје | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања