Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

158914289_10207965657017017_8494220252371240819_n

„Попишувачите се закануваат дека ако не ги пуштат, ќе влезат со полиција“, Јанчев од Левица за текот на пописот

Носителот на советничката листа во Гевгелија од Левица, Сашко Јанчев, тврди дека добива информации од луѓе дека попишувачите се закануваат дека ако не ги пуштат да ги попишат, наредниот пат ќе дојдат со налог за да влезат кај нив и со полиција.„Ова е лага и обично заплашување! Повторувам. Ова е лага и обично заплашување За да ви влезе полиција дома мора судска одлука и таа се дава исклучиво кога е во прашање откривање кривично дело или поради заштита на здравјето на луѓето Одбивање да се попишете не е кривично дело, а пописов баш напротив го загрозува јавното здравје Не постои судија кој ќе издаде налог на полиција да ви влезе дома за да ве попишат. Значи НЕ ПОСТОИ Апостол инквизиторот и неговите попишувачи агенти се во паника оти има уште 5 дена за попис а они имаат попишано околу милион и триста илјади граѓани сосе податоци од бази, дијаспори и триста ујдурми. Се наоѓаат пред фијаско Не се плашете. Во прилог член 26 од Уставот Член 26 Се гарантира неповредливоста на домот. Правото на неповредливост на домот може да биде ограничено единствено со судска одлука кога е во прашање откривање или спречување, на кривични дела или заштита на здравјето на луѓето“, напиша Јанчев.

Коментари | пред 4 години

Нема фотографија

Фатени дилери на дрога со кокаин и пари во нив

Ноќва (26.09.2021) околу 01.10 часот во близина на манастирчето во Кочани од страна на полициски службеници од ОВР Кочани биле лишени од слобода Ш.М.(32) и малолетник, и двајцата од Кочани, бидејќи кај нив биле пронајдени и одземени хероин и пари кои потекнуват од извршено кривично дело „кражба“.По насока на Јавен обвинител од ОЈО Кочани, по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци по член 215 и 216 од Кривичниот законик.

Македонија | пред 4 години

Kradec

Млад скопјанец фатен како ограбува аптека

Ноќва (26.09.2021) во 00.15 часот на ул.„11 Октомври“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Центар го лишиле од слобода А.Х.(25) од Скопје, кој бил затекнат од полициски службеници при извршување „тешка кражба“ во аптека.Тој бил приведен во полициска станица и од него бил одземен предметот кој го употребил при извршување на делото. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Скопје | пред 4 години

243000835_896480771281538_6654340809609205377_n

Герасимовски трча на кеј, пред да почне кампањата за трката во Центар

Претседателот на општинската организација на СДСМ и директор на Заводот за индустриска сопственост Горан Герасимовски кој е кандидат за градоначалник на СДСМ за скопската Општина Центар, секојдневно е активен на социјалните мрежи. Уште пред да почне изборната кампања тој објави низа на фотографии од средби со граѓани, од активностите кои ги презема секојдневно.Последна од објавите е денешната фотографија, на која тој трча на кејот на Вардар. Герасимовски објаснува дека тоа се дел од подготовките за Скопскиот маратон, кој ќе се одржи следниот викенд.„Утрински подготовки за учество на Скопски маратон!“, напиша Герасимовски.Тој на кејот не беше сам, туку со негови поддржувачи. Сите носеа брендирани маички „Центар во срце“.

Скопје | пред 4 години

Screenshot-2021-09-26-at-10.48.52

(ВИДЕО) Груби со изјави на косовски и албански политичари агитира за пописот со апели

Вицепремиерот Артан Груби со изјави на албански политичари од Косово и Албанија, бара Албанците да е попишат. Велиме Албанците, бидејќи пораките од видеото се на албански јазик и доаѓаат само од албански политичари. Кога првпат се појавија овие изјави, од јавноста беа оценети како мешање на странски држави во домашните политики. Но, тоа не го спречува Груби и натаму да си води кампања со истите тие изјави. Ова остава впечаток дека поголем авторитет од ДУИ како политичка партија се политичките лидери и челници на Албанија и Косово.„Апели од сите страни за Пописниот процес Власта и опозиција, Албанија и Косово, сите политички лидери, а и тие од граѓанското општество, се приклучуваат на повиците за успешен Попис Само уште неколку дена остана до крајниот процес, вклучете се сите во Пописниот процес Дијаспората продолжува со попис онлајн на следниот линк“, напиша Груби.Инаку, овие пораки се реобјавуваат еден ден откако Али Ахмети се попиша и молеше и останатите да се попишат. Не запираат коментарите дека на ДУИ како партија и е најважно Албанците да пописот да се во што поголем број од другите националности.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Од 297 кандидати за градоначалници, 26 се независни за локалните избори

Од вкупно 297 кандидати за градоначалник на претстојните локални избори на 17 октомври 2021 година, 26 се независни или 8,75 проценти. Ова е помалку, споредено со последните, кога независни кандидати за градоначалници биле нешто над 10 проценти. Најмногу независни кандидати за градоначалник имало на локалните избори во 2005 година – над 25 проценти, а најмалку на првите во 1996 година – 7,5 проценти.Независни кандидати ќе има во 18 општини и Градот Скопје или во 22 проценти од вкупно 80 општини. На сите локални избори досега имало барем еден независен кандидат кој добива мандат. Најмногу независни кандидати добиле мандати на локалните избори во 2005 – седум, а најмалку на првите во 1996 година – еден независен кандидат.Локалните избори на 17 октомври 2021 година ќе бидат седми од независноста досега, но трети на кои се избираат градоначалници и советнички листи во 80 општини и Градот Скопје.Официјално кампањата за првиот круг од локалните избори започнува утре, на 27 септември, а завршува на 15 октомври на полноќ.Според Државната изборна комисија, потребниот број потписи го собрале 57 групи избирачи за советнички листи, од вкупно 70 кои собирале потписи.Од вкупно 546 поднесени листи за советници 63 или 11,5 проценти се независни. Независни советнички листи има поднесено во 40 општини или во половина општини и Градот Скопје. Најмногу независни листи имало на изборите во 2013 година – над 17 проценти, а најмалку на првите и вторите во 1996 и 2000 година, кога само нешто над 3 проценти од поднесените листи за советници биле независни.На првите локални избори по новата територијална распределба во 2005 независни советници имало во над една третина од општините – 36,47 проценти, потоа тој број полека се намалува на 35 проценти во 2009 година, на 29,6 отсто во 2013 и на 22,2 на последните во 2017 година.

Македонија | пред 4 години

243138901_178463897727301_1143783131453727763_n

(ФОТО) Бунарите од карпошани пијат вода се загадуваат со фекалии, а кај еден од нив има и депонија, обвинуваат „Независни за Карпош“

Граѓанската иницијатива „Независни за Карпош-За заштита на Карпош“ објави фотографии од кои се гледа како фекалии истекуваат во бунарите од кои со вода се снабдува целата општина. Тие велат дека испустите на фекалии ги има четири години и не се отстранети, а коритото на Лепенец не е исчистено, со што е невозможно да е види дали постојат и други испусти на отпадни води.Нивната објава во целост:💧 Бунарите од системот Нерези - Лепенец во Карпош од кои летно време пиеме вода и кои во последниве години се користат во целост, се загадуваат во сите 3 зони на заштита. Фекалните и атмосферски испусти директно во реките Вардар и Лепенец, а кои се во непосредна околина на бунарскиот систем, не се отстранети и после 4 години. Коритото на Лепенец не е исчистено во ширина од 3-5 метри и е оставено непристапно и не може да се види дали постојат и други испусти на фекални и други непрочистени отпадни води. Има диви депонии во непосредна близина на заштитната ограда на првата заштитна зона на еден од бунарите.👉 Инаку, со бунарите стопанисува ЈП „Водовод и канализација“, каде директор е сегашниот кандидат за градоначалник на Карпош од редовите на СДСМ, Душко Весковски.🆘 Како ова да е малку, лани летото во делот на втората заштитна зона се одвиваа недозволени активности на ископување на песок и чакал и полнење на дупките со отпад. Имше по телевизии и социјални мрежи фотографии и видеа.Градоначалниците Петре Шилегов и Стефан Богоев тогаш тврдеа дека сè е во ред, но за два дена дупките каде не смееше да се ископува песок и чакал и каде не смееше да се полнат со отпад, се затрупаа и порамнеа, глумејќи активност за изградба на парк...и толку.❌ Како градоначалник на општина Карпош на чија територија е ова заштитено подрачје, Стефан Богоев беше должен да го заштити, но не го стори тоа.❌ Душко Весковски, во улога на директор на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје исто така е должен да го заштити ова подрачје, но не го стори тоа.♨️ Докази постојат, но тие тврдат дека сè е во ред.За 4 години, за кои можеа да ги санираат проблемите наведени во експертизата како жаришта, а кои бараат итно делување, не го сторија тоа. Од наведените депонии само една помала е санирана, а состојбата на терен е очајна.Во прилог се видеа и слики од состојбата на терен, сликани вчера 24.09.2021, како и лажните ветувања од предизборната програма на Шилгов и Богоев за подобар живот и заштита на водата.

Скопје | пред 4 години

Нема фотографија

Еден ден од стартот на изборната кампања

Од утре стартува изборната кампања за Локалните избори што се закажани на 17 октомври.Кампањата ќе заврши на 15 октомври на полноќ. Вториот круг избори ќе се одржат на 31 октомври, а кампањата за втор круг ќе трае до 24 часот на 29 октомври.Вкупно 1.824.864 граѓани ќе можат да гласаат.Државната изборна комисија (ДИК), потврди 303 листи за градоначалници и 567 за советници. За првпат ќе бидат применети терминали за читање отпечатоци од прсти на гласачите за да се утврди нивниот идентитет и за да се избегнат евентуални неправилности при гласањето.

Македонија | пред 4 години

243007208_402092754875995_5704963454704270770_n

Арсовска вклучена на „турбо“, го шета Скопје и разговара со скопјани: Бетон наместо зеленило, ископани улици наместо сообраќаен ред

Независната кандидатка Данела Арсовска која е поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса и Алтернатива, изминативе неколку денови е постојано на терен и остварува средби со жители на повеќе скопски општини. Меѓу нив се и Кисела Вода, Гази Баба, Ѓорче Петров. Таа постојано ги споделува импресиите од средбите на социјалните мрежи, а секогаш има забелешки за кои вели дека се впечаток добиен од поплаките на граѓаните.„Денеска се сретнав со жители од повеќе населени места во општина Кисела Вода. Она што го заклучив е дека жителите на сите скопски општини мора да бидат активно вклучени во креирањето концепти за подобрување на функционирањето на сите нивоа на главниот град. Токму тие се оние кои што најдобро знаат што точно ѝ е потребно на општината за да стане подобро место за живеење за нив. Бетон наместо зеленило, ископани улици наместо сообраќаен ред, уништени паркови наместо детски игралишта, канализациони и водоводни системи без капацитет се само дел од негодувањата што ги слушнав од населението од Кисела Вода“, напиша Арсовска вчера.Таа беше и во Гази Баба. Тврди дека барањата на граѓаните не се невозможни за реализација.„Вчера вечер бев во повеќе населени места низ општина Гази Баба. Се сретнав со многу луѓе од различни места.Луѓето не се вклучени, не се прашани за тоа како треба да функционира главниот град, а токму тие се оние кои најдобро знаат. Барањата на граѓаните не се ниту премногу, ниту невозможни за реализирање. Напротив, со системски решенија, добра организација и правилна стратегија, можеме да го подобриме животот и секојдневието на граѓаните од Гази Баба“, напиша по средбата.Таа беше и во две населени места дел од општината Ѓорче Петров.„Вечерва остварив средба со граѓани од Дексион и Ново Село. Отворено разговаравме за сите наталожени проблеми кои никако да се решат од локалните власти. Дивата депонија во Ново Село постои подолг период и директно влијае на загадување на воздухот, почвата и подзнемните води, а со тоа и по здравјето на граѓаните и истото мора да се спречи. Сакам Скопје да биде град кој ќе понуди убав живот за сите граѓани, а тоа значи и еколошки чист град“, објави Арсовска.

Скопје | пред 4 години

Screenshot-2021-09-26-at-09.28.18

ФОТО: Продолжниот кабел кој излегува од струјомерот, отвори прашања дали Ахмети крадел струја

Продолжниот кабел кој излегува од местото каде е складиран струјомерот во домот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, отвори прашања во јавноста дали тоа е нелегално. На фотографиите кои ги објави, а со кои сакаше да прикаже дека тој се попишал и да повика другите да го сторат истото, Ахмети стана центар на внимание. Но, не поради пописот, туку поради сомневања дека, како што се пишува, краде струја.Според правилата на ЕВН долниот дел од орманчето мора да е затворен и во него не смее да чепка никој освен овластени службеници на ЕВН. Во овој случај, се гледа како од него излегува продолжен кабел. Засега нема информации дали службеници на компанијата ќе отидат во домот на Ахмети за да видат каде всушност е приклучен тој продолжен кабел, бидејќи, сепак, можеби станува збор штекер кој е инсталиран во ормарот за струја. Или пак, станува збор за кражба на струја како што се реагира по социјалните мрежи. На реакциите, засега нема став од Ахмети и неговата партија.https://twitter.com/spiritolibertas/status/1441869994552225795https://twitter.com/TaseNaKata/status/1441895407307530241

Коментари | пред 4 години

242818496_10159917287174260_7667701923974242873_n

ВМРО-ДПМНЕ објавува афера за Шилегов: Како градот ги мести тендерите?

ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе објави на нова афера. И овојпат, таа е поврзана со градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов. Тие велат дека со аферата ќе се даде одговор на повеќе прашања, кои ги објавија и јавно.„Зошто градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов има богатство за кое нема покритие како е стекнато? Како тендерите на град Скопје секогаш завршуваат со најскапата понудена понуда? Како градот ги мести тендерите? Кои се омилените компании на Шилегов? Во 11.30 часот ќе обелодениме докази за аферата "Профитер". Следете!“, објавија од ВМРО-ДПМНЕ.Објавата на оваа афера ја закажаа за денеска.

Скопје | пред 4 години

policiski-cas-policija-policaec

Во Скопје канзети 152 возачи зошто возеле пијани, зборувале на телефон, не почитувале брзина

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (25.09.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.На територијата на град Скопје изречени се вкупно 152 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 63 санкции, 11 за возење без возачка дозвола, 9 за возење под дејство на алкохол, 11 за технички неисправни и нерегистрирани возила. Изречени се 3 мерки за неносење на сигурносен појас, 7 за возач почетник, 8 за користењена мобилен телефон, 21 за непрописно паркирање. Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат.Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Скопје | пред 4 години

BeFunky-collage-5-960x423-1

ВИДЕО: Снимка од караница меѓу Максим Димитриевски и инспекторка објавена јавно

Видео пристигна до редакцијата на „Плусинфо“ каде може да се слушне разговор на градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски со инспекторка од Министерството за внатрешни работи (МВР), каде што тој ја прашува инспекторката зошто им кажала на работниците да престанат со работа, а таа негира дека го направила тоа.„Секторот за внатрешни работи Куманово веќе трет ден по ред врши притисок врз работата на Општина Куманово и градоначалникот Максим Димитриевски со стопирање на градежни работи кои се одамна започнати и кои се влезени во годишната програма, брифираат од општината“, пишува Плусинфо.Градоначалникот Димитриевски во видеото ѝ вели на инспекторката дека не е овластена да бара документација на работниците.– Дали знаете чија надлежност е кога се извршуваат градежни работи, кој врши увид во градежни работи? Вие немате право од изведувач да барате техничка и друга документација. Тоа е исклучиво под надлежност на градежна инспекција. Ова го правите вие од МВР континуирано, на секоја градежна активност. МВР нема право да ги спречува градежните активности на Општина Куманово, што се утврдени со годишен план за работа – ѝ вели Димитриевски на инспекторката.

Македонија | пред 4 години

dokic

Пулмологот Докиќ: Антителата опаѓаат, тоа не значи дека пациентите не се имуни

Пулмологот д-р Дејан Докиќ советува дека и да немаат антитела на тестовите кои ги прават по лабораториите, тоа не значи дека немаат имунитет кој ќе ги заштити од коронавирусот. Тој вели дека имунитетот и од прележан вирус допрва ќе се истражува.– Антителата природно опаѓаат со тек на време, но тоа не значи дека пациентите не се имуни. Еве можеби да дојдат до нула, но ако се направат имунолошки испитувања, тогаш ќе видите дека имате имунитет. Тие помнат и го неутрализираат вирусот. Да не се плашат, оние кои прележале ковид-19 и да немаат антитела, се заштитени. Допрва ќе треба да се истражува колку трае имунитетот од прележан ковид. Јас сум против давање антибиотици. Апсолутно нема никаква индикација да се даде антибиотик за вирусна инфекција. Напротив, може да штети, во фаворизирање на резистентни соеви. Нерационалното давање антибиотици доведе до поголема резистентност на одредни бактерии. Ние викаме дека не треба да се препишуваат, вели д-р Докиќ.

пред 4 години

arsovski-veskovski-shilegov

Весковски и Шилегов не само што го местеле тендерот за „Варшавска“, туку и плаќале и до 8 пати поскапо, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

Весковски и Шилегов првин најмиле фирма, таа ги завршила градежните зафати, а дури 2 месеци потоа распишале тендер за да ја исплатат фирмата. Но тука не застанува криминалот. Весковски и Шилегов плаќале услуги и до 8 пати поскапо од тоа што биле плаќани во време на ВМРО-ДПМНЕ.Еден м2 одбележување на ров во 2017 година бил плаќан за 19.3 денари, а сега Весковски и Шилегов го плаќаат за 168 денари, односно скоро 8.7 пати поскапо. Што се сменило од 2017 година до сега во градежништвото за цените да бидат над 8 пати поскапи? Ништо освен што сега на власт се Весковски и Шилегов.Безобразлукот не застанува тука. Капа за затворач во 2017 година бил плаќан 980 денари, а сега е платена 6.800 или скоро 7 пати поскапо.Иста пракса имаме и кај услугата фино планирање на дното на ровот кое во 2017 година е наплаќано 21 денари, сега е 112 денари односно скоро 6 пати.Весковски и Шилегов асфалтот го плаќаат 3 пати повеќе, па ако во 2017 година асфалтирање на исечени делови од асфалт со дебелина 10 цм за м2 било 900 денари, сега е платено 3.520 денари.Овие цени покажуваат дека нешто е труло! Овие информации и многу повеќе се доставени до ЈО и очекуваме да отворат случај за криминалот од 300.000 евра, а не да отвораат измислени случаи против кандидати на ВМРО-ДПМНЕ, на кои 5 години како се власт не можеа да најдат ниту еден случај иако да имаше веднаш ќе ги затвореа, но тие се одлучија на местенки и ПР, а вистинските криминалци од нивните редови се на функција.Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 4 години

devojka-pretepana

Девојка нападната бидејќи сакала да му раскине на дечкото, страотни детали

Дваесет и двегодишен скопјанец (Н.Ѓ.) е приведен откако физички нападнал 25-годишна девојка.Тој вчера ја однел девојката со своето возило и ја нападнал, не дозволувајќи ѝ да си замине доколку не бидат во врска.Со него е извршен службен разговор, известен е Јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе следува поднесок.

Македонија | пред 4 години

popova-shapka

Внимавајте: Тетовец продавал непостоечки парцели

Педесетгодишен тетовец пријавил дека бил измамен од сограѓанин.Според информациите од полицијата, двајцата пред околу девет месеци тие се договориле на оштетениот да му биде обезбедена парцела на Попова Шапка за сума од 1.300 евра. Тетовецот ги дал парите, но откако проверил дека не постои таква парцела побарал да му бидат вратени, по што добил назад само 610 евра.Се работи на расчистување на случајот.

Македонија | пред 4 години

semejno-nasilstvo

Откако ги натепал малолетните синови, приведен маж од скопско Волково

Триесет и деветгодишен маж од скопското село Волково е приведен од страна на полицијата.Тој физички ги нападнал неговите два малолетни сина, информираат од МВР.Мажот бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Скопје | пред 4 години

brza-pomos-51

20 лица починаа, нови 392 случаи на корона

Направени се 4.633 тестирања, а регистрирани се 392 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 180, Куманово – 32, Кавадарци – 20, Битола – 18, Кочани – 17, Прилеп и Велес – по 16, Кичево – 14, Тетово, Охрид и Штип – по 11, Гевгелија и Крива Паланка – по 7, Кратово – 6, Радовиш и Валандово – по 4, Ресен и Пробиштип – по 3, Гостивар, Струмица, Делчево и Виница – по 2, Неготино, Дебар, Берово и Демир Капија – по 1.Регистрирани сe 339 оздравени пациенти од: Скопје – 195, Тетово – 16, Велес и Струмица – по 14, Кавадарци и Радовиш – по 11, Кочани и Прилеп – по 9, Кичево – 8, Гостивар – 7, Штип и Свети Николе – по 6, Ресен и Неготино – по 5, Битола – 4, Гевгелија, Берово и Македонски Брод – по 3, Куманово, Валандово и Пробиштип – по 2, Виница, Дебар, Богданци и Пехчево – по 1.Во текот на изминатите 24 часа починале 17 лица: 8 починати лица од Скопје (98г, 82г, 79г, 79г, 79г, 74г, 69г и 69г), 2 починати лица од Кочани (89г и 82г) и по едно починато лице од Гостивар (80г), Тетово (46г), Велес (78г), Радовиш (68г), Штип (66г), Битола (86г) и Валандово (85г).Сите пријавени лица се починати во болнички услови.Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 3 лица, со датум на смрт во период од 12.09.2021 до 22.09.2021 година. Овие починати лица се: 2 од Скопје и едно починато лице од Гостивар. Починатите се на возраст од 67-93 години, од кои само едно лице е починато во болнички услови, додека останатите 2 лица се починати во домашни услови.Направени се 4.633 тестови преку: ИЈЗ-286, ЦЈЗ Скопје-62, ЦЈЗ Битола-77, ЦЈЗ Прилеп-53, ЦЈЗ Тетово–48, ЦЈЗ Куманово-61, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-4, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија – 0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–26, Жан Митрев (Филип Втори)-134, Авицена-339, Биотек-372, Систина-84, лабораторија Лаор-285, Синлаб-37, Ремедика-14, Плодност–66, Генеа-12, Никоб лаб-620, ВФВ Медикал-79, Ели Медика-119, Ројал Медика –40, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.815.Досега во земјата се направени вкупно 1.274.003 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 189.551 бројката на оздравени пациенти е 170.734, на починати е 6.577, а бројот на активни случаи изнесува 12.240Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 82360, Активни 5689Куманово 11230, Активни 967Тетово 10792, Активни 945Прилеп 8989, Активни 304Гостивар 7947, Активни 490Битола 7030, Активни 284Велес 6130, Активни 312Охрид 5891, Активни 502Кавадарци 5829, Активни 222Струмица 5672, Активни 310Штип 5647, Активни 250Кичево 3931, Активни 417Струга 3773, Активни 364Кочани 3195, Активни 139Гевгелија 2389, Активни 85Неготино 2305, Активни 41Свети Николе 1862, Активни 111Ресен 1527, Активни 102Радовиш 1500, Активни 101Дебар 1446, Активни 123Крива Паланка 1395, Активни 85Берово 1206, Активни 33Делчево 1115, Активни 68Виница 1020, Активни 52Пробиштип 907, Активни 46Валандово 806, Активни 37Богданци 544, Активни 11Кратово 549, Активни 57Крушево 518, Активни 14Македонски Брод 463, Активни 28Демир Хисар 431, Активни 19Демир Капија 409, Активни 7Пехчево 310, Активни 5Македонска Каменица 294, Активни 19Дојран 139, Активни 1

Македонија | пред 4 години

thumbnail_The-Whistlers

Кино на трева вечерва на две локации во Скопје, слободен влез

Вечерва, со почеток од 20 часот во населбите Драчево и Ченто во рамки на настанот „Кино на трева“ ќе се одржат бесплатни филмски проекции.Во населба Драчево, кај Три Круши го гледаме филмот „The Whistlers“, во режија на Corneliu Porumboiu.Синопсис: За Кристи, полицаец кој ги игра двете страни на законот, не е сѐ како што изгледа. Започнувајќи кражба со висок ризик со прекрасната Гилда, и двајцата треба да се справат со пресвртите на корупцијата, предавството и измамата.Во населба Ченто, Дом на култура „11 октомври“ го гледаме филмот „Bye Bye Morons”, во режија на Albert Dupontel.Синопсис: Тешко болна жена се обидува да го најде своето одамна изгубено дете со помош на маж среде „burnout“ и слеп архивист.*Влезот е слободен. Настаните ќе се реализираат согласно актуелниот протокол за организирање настани на отворен простор.

Скопје | пред 4 години

vakcinacija-skopje-zima

Со последните бројки 55% од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 781.623 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 1.717 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 6.897 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.495.762 дози вакцини, а ревакцинирани се 714.135 граѓани.Со последните бројки 55% од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина и 31% од населението над 18-39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Децата од 12 до 18 годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител.Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста се намалува шансата од заболување како и смртен исход од истата.

Македонија | пред 4 години

03092021_PVRSM_Zaev_promocija-na-kampanja_2

Европската Унија да забрза со носење на одлуки, порача Заев упатувајќи барање

„Понекогаш членките на ЕУ ја забораваат причината зошто работиме заедно, а тоа е затоа што сме заемно корисни. ЕУ е најдобриот проект во светот што гарантира демократија и слобода и затоа треба да го забрза процесот на донесување одлуки и тоа значи дека малите држави не треба да се третираат на ист начин како и големите држави“, вели претседателот на Владата Зоран Заев во интервјуто за австрискиот весник „Стандард“.Премиерот Заев пред посетата на претседателката на Комисијата на ЕУ, Урсула фон дер Лајен на Скопје, вели дека по шеснаесет и пол години чекање, нема веќе што многу да се направи со оглед на тоа што нашата земја беше добар пример во последниве години кога станува збор за однесување на европски начин.„Сигурно не сме најдобри, но ние сме добрата вест од Западен Балкан. Во моментов, ЕУ размислува за препораките што ќе бидат дадени на Самитот за Западен Балкан на почетокот на октомври, а има држави од ЕУ кои дури и не сакаат Унијата да продолжи да се фокусира на Западен Балкан“, вели премиерот Заев истакнувајќи дека кога станува збор за управувањето со континентот, ЕУ е заинтересирана да нé има таму, бидејќи Кина и Русија, исто така, имаат економски интереси на овој простор, што, како што нагласи Заев, не мора нужно да имаат врска со европските и демократските вредности.Во интервјуто, премиерот Заев посочи дека Северна Македонија може да даде повеќе примери на решавање на разни спорни прашања, кои ќе ги сподели со останатите Европејци.Еден од нив е Охридскиот мировен договор, кој е целосно имплементиран и е модел, кој покажува дека со малцинските прашања најдобро може да се справиме со зајакнување на локалната самоуправа.„Ова е многу корисен модел, не само за Босна и Херцеговина, туку и за земјите од ЕУ кои имаат меѓуетнички проблеми. Тие би можеле да го искористат тоа - станува збор за давање моќ на граѓаните. Кога станува збор за прашања за идентитетот, договорот за името од Преспа со Грција може да биде пример за Европа, додава Заев во интервјуто за австрискиот медиум.

Македонија | пред 4 години

2

Шилегов го шета градоначалникот на Подгорица низ Скопје, за да му се пофали со проектите

Денес градоначалникот Шилегов заедно со градоначалникот на Подгорица, Иван Вуковиќ, кој престојува во дводневна посета на Скопје, го посетија новиот мост на „Булеварот АСНОМ“ кој е во завршна фаза на изградба.Новиот премин преку Вардар ги поврзува улицата Васко Карангелевски во Аеродром со улицата Индустриска во населбата Ќерамидница, во Гази Баба. Вкупната должина на трасата изнесува 400 метри. Самиот мост е долг 150 метри, со 6 коловозни ленти, како и велосипедски и пешачки патеки од двете страни. Општините Аеродром, Гази Баба и Центар наскоро ќе бидат поврзани со овој нов мост кој е модерно булеварско решение што ќе го релаксира сообраќајот во овој дел од Скопје.Булеварот АСНОМ се гради и пробива и низ населбата Ќерамидница, кон Аеродром. Со довршувањето на „Булевар АСНОМ“, граѓаните на Аеродром и Ново Лисиче ќе имаат уште едно поврзување со центарот на градот. И на Булеварот АСНОМ, како и на новиот мост, се предвидени велосипедски патеки, а по него ќе се движат и нови автобуски линии.

Скопје | пред 4 години

aliahmeti

Ахмети со јавна молба за пописот

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети заедно со членовите на неговото семејство се попиша денеска и упати упел до сите граѓани да се попишат.-Денес бев домаќин на попишувачите во мојот дом и заедно со моето семејство станавме дел од пописот на населението во нашата земја. Ве замолувам не двоумете се и попишувајте се сите, резиденти и нерезиденти, во земјата и во дијаспората, заедно со секој член на вашето семејство. Попишувањето се одвива до 30 септември, додека од денес сите оние кои не се попишани од различни причини во својот дом, истото можат да го направат во општината во која живеат, вели Ахмети.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Лица обвинети за кривични дела и луѓе блиски на Груевски е понудата на Христијан Мицкоски, смета Кузеска

Лица обвинети за кривични дела и луѓе блиски на Груевски е понудата на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ за овие претстојни локални избори, истакна на прес-конференција, порпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.Таа обвинува дека станува збор за луѓе кои не можат да понудат ништо освен деструкција и враќање на режимот, а Мицкоски лажно ги претставува како чесни и нови лица.Еден од нив, како што рече Кузеска, е и актуелниот градоначалник и кандидат на Мицкоски за општина Петровец, против кого е поднесена кривична пријава за злоупотреба на службената положба и за перење пари. Во медиумите се појавија и натписи за сомнителното минато и на кандидатот за градоначалник во Гази Баба, Бобан Стефковски, додава Кузеска.„До денес, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не одговорија дали е точно дека Стефковски, во 2002 и 2003 во два наврати бил притворен поради неовластено производство на опојни дроги. Во јавноста постојат и документи дека кандидатката на општина Крушево, Билјана Проеска, е осудувана во 2015 година на условна казна затвор поради фалсификување исправа. И за ова, Мицкоски се уште молчи и нема одговор. Пресуда со условна казна има и кандидатот за градоначалник на Бутел, Дарко Костовски за учество во тепачка. Христијан Мицкоски и натаму молчи. Ете ја почитувани понудата на Мицкоски за овие избори. Тоа е понуда со која Мицкоски ги потценува граѓаните од кои треба да ја бара довербата“, рече Кузеска.Како што додаде, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги очекува нов убедлив пораз на локалните избори, бидејќи граѓаните не сакаат и нема да дозволат нечесни и неодговорни кадри да ги водат општините.

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања