Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

50301911_861105720888059_4697401750200516608_n

На „Јадранска магистрала“ сред Скопје најдена неексплодирана бомба!

На 24.09.2021 околу 12.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека при вршење ископ во фирма на ул.„Јадранска магистрала“ во Скопје била пронајдена неексплодирана граната.Увид на местото извршиле екипа од СВР Скопје и од Дирекцијата за заштита и спасување и било констатирано дека станува збор за минофрлачка граната м-1913, која потекнува од Првата светска војна. Гранатата била безбедно подигната за понатамошна постапка.

Скопје | пред 4 години

Screenshot-2021-09-25-at-11.10.26

„Ние бивш премиер заборавивме во гепек, а не па дрога“, лавина реакции откако марихуана беше најдена кај полицајци

Откако црногорските цариници пронајдоа дрога во полициско возило од Македонија, а од МВР рекоа дека марихуаната останала заборавена во колата од 2016та, на Твитер нема раат.  Дел од коментарите: 

Коментари | пред 4 години

DSC_0288

Наместо во затвор се шетал низ Скопје, приведено лице барано со потерница

Ноќва (25.09.2021) во 00.10 часот на ул.„Јадранска магистрала“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје, врз основа на потерница од Основен кривичен суд, го лишиле од слобода Ш.Д.(38) од Скопје за издржување затворска казна.Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.

Македонија | пред 4 години

GEGE-MOST12

ФОТО: Малку треба да се случи трагедија во населбата Даме Груев, градоначалникот секој ден го гледа и игнорира проблемот

Ископано, фрасфрлано, со огромна дупка во која може да пропадне и тркало од возило. Вака изгледа дел од улицата „Лука Геров“ во скопската населба Даме Груев, позната како Геге. Веќе 13 дена, овој потег седи со расфрлани ивичњаци, кои беа поставени, но поради нивната висина пречеа на возилата и беа извадени.Граѓаните излегоа на протест и ја блокираа улицата за да се реши проблемот, но, наместо тоа, добија игорнирање од страна на општина Ѓорче Петров и градоначалникот Александар Наумоски. Тој вчера играше и фудбал во близина на местото каде се наоѓаат ивичњаците, секојдневно поминува на овој потег бидејќи живее во истата населба, но изгледа, нему не му пречи ниту тоа што местото е небезбедно за возилата и жителите, а особено децата.„Нека се случи трагедија, нека почека уште малку, па тек тогаш ќе видиме кој има одговорност да го среди овој хаос. Ние плаќаме даноци, тој е должен да спроведува. Егото дома!“, искоментира еден од жителите на населбата кого го затекнавме на улицата.Улицата „Лука Геров“ ја користат илјадници граѓани на општината за да стигнат до своите домови. Всушност, таа ги поврзува населбите Ѓорче Петров, Даме Груев, Ново село, Кисела јабука, Шкорпион, Волково, Стопански двор, Орман, Никиштане, Кучково.За потсетување, граѓаните претходно излегоа на протест бидејќи со поставувањето на ивичњаците сметаа дека им се блокирани влезовите во куќите, бидејќи тие високи, а возилата се оштетуваа при поминување. Велеа дека имаат реагирано до општината, а откако биле игнорирани, се решиле за протест. Но и по протестот, никој не ги есапи нивните барања.

Скопје | пред 4 години

zelenilo-karpos-

ВИДЕО: „Изорано“ зеленилото покрај Партизанска во Карпош 4

Зелените садници на булеварот Партизански одреди во Карпош 4, делот кој се протега од „Сити мол“ до ТЦ „Антико“ се отстранети. Ова доаѓа откако претходно, дел од тревата беше целосно исушена. Жителите на овој дел од Скопје постојано реагираа поради тоа што садниците се уништуваа, а освен кратење на тревата, не се преземаше ништо за тоа да се спречи. Во овој дел на Карпош, во садниците, има и систем за наводнување кој е целосно уништен. По отстранувњето на тревата, се гледа како дел од цевките се искинати и не функционираат. Жителите велат дека работниците веќе им најавиле дека веројатно овде повторно ќе има садници со трева, иако, засега на терен не се работи.За овој потег на Општина Карпош раководена од Стефан Богоев реагираше и некогашниот градоначалник и сегашен кандидат, Стевчо Јакимовски. Тој смета дека ова што се прави не е домаќински.„Од мостот Обединети нации до Рузвелтова и назад направивме жардинери за да несовесните возачи не ги паркираат возилата во тревата. Избушивме бунари, поставивме хидрантска мрежа и систем капка по капка за да можеме да ги наводнуваме цвеќињата и тревата. Цвеќињата веќе 4 години ги нема, системот капка по капка е разграбан а сега гледате како бездушно ја уништуваат и поставената хидрантска мрежа. Домаќински нема што!“, реагираше Јакимовски.Жардинерите стојат „изорани“ веќе цела недела.

Скопје | пред 4 години

market

Сега не се доволни две, но ако продолжи покаскувањето нема да стигнат ни три минимални плати за да се покријат трошоци за еден месец

Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во август се зголемени за 214 денари во однос на јули. Сојузот на синдикати на Македонија пресмета дека за основните месечни потреби на едно семејство му се неопходни 34.342 денари, а доколку во семејството има барем еден ученик, тогаш трошоците се зголемуваат за околу осум илјади денари.Од Сојузот на синдикати на Македонија велат дека ниту просечна, ниту две минимални плати, се доволни за да ја покријат синдикалната минимална кошница. Анализите на ССМ покажуваат дека трошоците за живот континуирано се зголемуваат, а платите стагнираат.Најмногу пари, според пресметките на ССМ, се трошат за храна и пијалоци (14.633 денари) и за плаќање на режиските трошоци (10.818 денари). За лична хигиена, минималните трошоци изнесуваат 2.382 денари, а за превоз минимум се потребни 2.529 денари.Посебен товар за граѓаните е и почетокот на учебната година. Минимално за ова, според ССМ, би се потрошиле осум илјади денари само за еден ученик.Пораст на трошоците на живот евидентира и Државниот завод за статистика. Според објавените податоци за август, пораст е забележан кај зеленчукот за околу 15 проценти, кај сирењето и урдата за 1,1 процент, кај месото за 0,9 проценти, лебот и житата за 0,7 проценти и кај млекото за 0,6 проценти.– Ако со ваков интензитет продолжи зголемувањето на трошоците на живот, тогаш ниту три минимални плати не би биле доволни да го достигнат растот на синдикалната минимална кошница, оценуваат од ССМ и предупредуваат дека ако продолжи минималната плата да стагнира односно да се усогласува без да бидат прифатени забелешките од синдикатите, ќе има тренд на осиромашување на населението.

Македонија | пред 4 години

pratenici-1

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ во Собранието работи против интересите на граѓаните

„ВМРО-ДПМНЕ во Собранието рабпти против интересите на граѓаните и наместо конструктивност се што прави е блокади и кочења на важни законски измени.Во Комисијата за финансирање и буџет, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ го кочат законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на јавни претпријатија. кој предвидува отпис на каматите од страна на доверителите, како и репрограмирање на долговите и трошоците на јавните претпријатија.ВМРО-ДПМНЕ го кочи и Законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на физички лица во време на ковид-19, со кој на институциите од јавните дејности им се наредува да ги простат и избришат долговите на сите граѓани, по основ на камати во висина од 100%.Во Комисијата за труд и социјална политика, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ги кочат измените на законот со кои недела станува неработен ден за 92 отсто од работниците.ВМРО-ДПМНЕ ги кочи и измените кои треба да обезбедат трајно вработување на 4.700 наставници.Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ги блокираат и измените на Законот за служба во Армијата со кои војниците ќе имаат право на избор, ќе имаат можност да добијат и 20.000 евра отпремнина по навршување на 45 години, како и дополнителни можности при пензионирање.ВМРО-ДПМНЕ е насочена директно против интересите на граѓаните и интересите на државата и затоа на овие избори уште еднаш, по седми пат ќе бидат поразени од граѓаните“.Соопштение на СДСМ

Македонија | пред 4 години

Tetovo-6

Останува сомнежот дека останаа на функциите за да прикријат докази, влијаат на сведоци, велат од ДПМНЕ за Филипче, Хасани и директорите

СДСМ и ДУИ бегаат од темата за трагедијата со модуларната болница. Се обидуваат да ја игнорираат, да дефокусираат, да блокираат собраниска расправа. За власта трагедијата со 14 жртви е банална тема. Со еден збор Заев, Филипче, СДСМ и ДУИ се однесуваат индолентно и неодговорно како да се работи за пожар на летна тераса од ресторан, а не модуларна болница во која живи изгореа 14 пациенти.Власта бега од јавноста и дебатата затоа што ќе треба да даде одговори како е можно цел објект да изгори за 3 минути, зошто во тендерската постапка не се внимавало на огноотпорноста на материјалите од кои е градена, зошто немало противпожарни апарати и системи за заштита, зошто немало надзор, технички прием и градежна дозвола. Сите овие прашања власта е должна да ги одговори, но таа бега. Бега затоа што ќе мора некој да сноси и одговорност, прво морална, па потоа и кривична.Да имаа грам доблест Филипче и останатите ќе поднесеа оставки од морални причини, но тоа што после 17 дена нема ништо, отвора сомнеж дека тие останаа на функциите за да прикријат докази, да влијаат на сведоци или да влијаат на истрагата. Народот будно ги следи и нема да дозволи ниту еден одговорен да се извлече без санкција. Може да бегаат, но одговорноста ќе ги стаса“.Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 4 години

Popis_2021

Попишани се 1.395.000 граѓани, според Државниот завод за статистика

Заклучно до вчера до 12 часот попишани се вкупно 1.395.000 граѓани, над 435.000 домаќинства и над 600.000 станови, а се самопопишани 195.477 граѓани од дијаспората.Од денеска, граѓаните ќе можат да отидат на одредни локации во нивните општини и да ја завршат својата граѓанска и законска должност. Тоа се однесува на лицата кои во изминатите 20 дена не успеале да остварат контакт со попишувачот, односно попишувачот поминал во нивиниот пописен круг, но не ги нашол во моментот дома, оставил или не оставил порака, едноставно не бил воспоставен контакт.Контактите за секоја општина ќе бидат објавени попладнево на веб-страницата https://popis2021.stat.gov.mk/.Пописот на населението почна на 5 септември ќе трае до 30 септември.

Македонија | пред 4 години

drzavna-izborna-komisija-izbori

Од понеделник почнуваат митинзите и рекламите, избирачкиот список затворен

Државната изборна комисија го заклучи избирачкиот список, со што од понеделник почнува кампањата за локалните избори закажани на 17 октомври.Кампањата ќе заврши на 15 октомври на полноќ. Вториот круг избори ќе се одржат на 31 октомври, а кампањата за втор круг ќе трае до 24 часот на 29 октомври.Вкупно 1.824.864 граѓани ќе можат да гласаат.На Локалните избори за првпат ќе бидат применети терминали за читање отпечатоци од прсти на гласачите за да се утврди нивниот идентитет и за да се избегнат евентуални неправилности при гласањето.

Македонија | пред 4 години

crnagora

(ВИДЕО) Водителка стана хит на социјалните мрежи, ваква временска прогноза никогаш не сте слушнале

Водителка на црногорски Дневник стана хит на социјалните мрежи, кога требаше да прочита „какво време нe очекува утре“.Меѓутоа, по нејзините информации, никому не му беше јасно каква е всушност временската прогноза!- Утре облачно, сончево, повремено сончево ... облачно, потоа повремено ... температура 26 степени.Погледнете ја хит прогнозата!

Магазин | пред 4 години

talibani-830x0-1

ХИТ ВИДЕО: Талибанци вежбаат со позната песна од „Пријатели“

Видео на кое Талибанците вежбаат во теретана, возат педалинки или автомобили во забавен парк со познатата песна од серијата „Пријатели“ во позадина, стана хит на социјалните мрежи.Нереални снимки од Талибанците кои работат на различни забавни активности се појавија откако Талибанците го освоија Авганистан и Кабул.Тие беа инспирација за непознатиот автор да ја направи оваа компилација и да ги претвори снимките во „пријателско видео“, додека на крајот од снимката пишува дека е создадена од САД.

Магазин | пред 4 години

Нема фотографија

„Чудесна куќа“ на Канарските Острови заобиколена од лава

Вулканската ерупција на Kанарските острови уништи стотици домови, патишта, полиња… Но, една куќа е чудесно поштедена.ККуќата се наоѓа во Ел Параис, во сопственост на пензионери од Данска, брачна двојка која не била на островот во времето на ерупцијата, пишува Гардијан. Тие двајцата имаат над 80 години и не го посетиле островот од појавата на пандемијата на коронавирус, објави шпанскиот весник „Ел Мундо“.„Смирени сме што таа сѐ уште стои. Во одреден миг ќе можеме повторно да уживаме во куќата. Или пак, ќе им ја препуштиме на нашите три деца”, велат сопружниците во солзи.Холандскиот претприемач, кој ја изградил куќата вели дека сите плачеле кога дознале оти нивната сакана куќа е недопрена.Вулканот во природниот парк „Кумбре Виеха“ исфрла пепел, карпи и лава на околу 1.000 степени Целзиусови од неделата. Уништени се и посеви со банана, патишта и далноводи. Сепак, засега нема жртви, ниту повредени луѓе.

Магазин | пред 4 години

sportska-oblozuvalnica-640x428

Вооружен грабеж во обложувалница во Аеродром

Двајца разбојници, од кои едниот бил вооружен, ограбиле обложувалница во Аеродром.Според информациите на МВР, вчера, во 9.40 часот, во СВР Скопје било пријавено дека во спортска обложувачница на подрачјето на Аеродором, две лица, од кои едното имало пиштол, со закана врз вработениот К .С. (32) од Скопје украле пари.Увид на лице место извршила екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 4 години

marina-tucakovik-696x463-1

Само семејството и најблиските на погреб кај Марина Туцаковиќ

Синот на Марина Туцаковиќ, Милан Радуловиќ, објави изјава од семејството на социјалните мрежи, во која се вели дека датумот на погребот ќе се објави по викендот, а ќе се одржи во кругот на семејството и најблиските пријатели, почитувајќи ги сите епидемиолошки мерки.„Со цел да ги испочитуваме нејзините последни желби и да ги заштитиме нашите најблиски од епидемијата, на ниво на семејство, решивме погребот да го одржиме исклучиво за најблискиот круг пријатели и роднини. Бројот на присутните во капелата нема да надмине 10, со задолжителен сертификат за вакцинација и почитување на сите мерки. Апелираме до сите што сакаа да присуствуваат на погребот да останат во своите домови, и да и оддадат почит на Марина слушајќи ги нејзините песни, и интимно да се збогуваат со неа. Комеморацијата ќе се одржи по 40 дена за пошироката јавност, за да може секој да се збогува со неа„, напша синот на Марина.

Магазин | пред 4 години

JSP-avtobusi-parkirani

Утре бесплатен јавен превоз

Бесплатен јавен превоз по повод одржувањето на традиционалната културна манифестација „Бела ноќ 2021“ утревечер ќе организира ЈСП Скопје. За таа намена ќе бидат пуштени и дел од ноќните линии – 2, 5, 7, 22, 24, 41, 50, 57 и 65 В.Како што информираат од ЈСП Скопје, бесплатно користење на јавниот превоз ќе биде дозволено од утре, 25 септември од 18 часот, до 5 часот во недела, 26 септември.

Скопје | пред 4 години

20210924202219

(ФОТО) Папагал ја гризна Меркел, снимката го обиколи светот

Папагали „ја нападнаа" германската канцеларка Ангела Меркел.Канцеларката во заминување го посетила паркот за птици во Марлов, во својот веќе поранешен изборен округ Грајфсвалд. Сепак, болниот израз на нејзиното лице прикажан низ фотографии го обиколил целиот свет. Додека се фотографирала, еден од папагалите ја каснал по рака.

Магазин | пред 4 години

download-1-2-768x511-1

007 не треба да биде жена, вели Даниел Крег

Во екот на битката за родова рамноправност во филмската индустрија, Бонд-актерот Даниел Крег во неодамнешното интервју за „Радио тајмс“ рече дека Џејмс Бонд не треба да го глуми жена.На прашањето дали би поддржал „подиверзитетен избор како негова замена“, Крег одговори:„Одговорот на ова прашање е многу едноставен. Секако дека треба да има подобри улоги за жени и за актери Афроамериканци. Зошто жена треба да го глуми Џејмс Бонд кога би требало да има улога подеднакво добра како Џејмс Бонд, но за жена?“Одговорот на Крег ги рефлектира коментарите на извршната продуцентка на франшизата Бонд, Барбара Броколи, која во 2018 година рече: „Бонд е маж. Тој е машки лик. Напишан е како маж и мислам дека веројатно ќе остане како маж. И тоа е во ред. Не мора машките ликови да ги претвораме во жени. Треба да создадеме повеќе женски ликови и да ја прилагодиме приказната на женски ликови.“Некои медиуми наведоа обичен пример – Бонд влегува во бар и нарачува мартини. На прашањето дали сака протресено или промешано, тој одговара: „Дали ти личам на човек на кого му е важно тоа?“Дали женскиот Бонд ќе го каже истото? коментираат медиумите.

Магазин | пред 4 години

vlado-misajlovski

Мисајловски: Власта форсира да ја стави трагедијата во Тетово „под тепих“

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник, Владо Мисајловски, вечерва во Сител Телевизија, во врска со трагедијата во Тетово, истакна дека власта форсира целата трагедија да ја стави „под тепих“, затоа што не и одговара да се дискутира за истото, па ќе влијае врз истрагата како што поминува времето, тој порача дека одговорност мора да има за 14-те загинати лица.-Собранието може да заседава ако за тоа има потреба, но да бидам искрен реалноста е дека власта не сака да заседава и не сака да има седница, не сака ниту да има Анкетна комисија, додека ние мислиме како дописот да стигне за да оваа Анкетна комисија се формира и да заседава, целта на власта е друга, Талат Џафери не сака воопшто оваа тема да стигне на дневен ред во Собранието, појасни Мисајловски.Тој вели дека ВМРО-ДПМНЕ се обидува ова прашање да го наметне и во комисиите да се разговара за големата трагедија којашто се случи во Тетово, затоа што целта е да се увиди што всушност се случи.-Тоа е нашата цел, да видиме кој е одговорен и да има одговорност, но тоа да не биде вештачка одговорност со поднесување на оставки кои нема да се прифатат, бидејќи народот тоа го гледа, затоа инсистираме да се случи, мислам дека седницата нема да се случи затоа што и половина пратеници се кандидати за градоначалници, па власта не може да состави ни кворум, но прашањето е навистина важно и ние треба да го постапуваме постојано за да има истрага и да најде одговорноста, објасни Мисајловски.Тој порача дека ако власта остане комотна таа ќе влијае на истрагата, а не е мала работа 14 животи да згаснат, за тоа треба одговорност од оние кои се најодговорни за тоа.-Ова прашање не смее да стане политиканство, туку ние бараме да има истрага, а и целиот народ го бара истото, да се увиди што навистина се случи бидејќи има и други модуларни болници, а стравот кај граѓаните е голем во овие тешки времиња на корона пандемија, појасни Мисајловски.Мисајловски истакна дека до ноември месец би можело да биде задоцнето ова прашање, затоа што власта би влијаела на истрагата, а до сега не слушна јавноста за никакви придвижувања на истрагата.-Мислам дека власта ќе форсира да го стави ова прашање „под тепих“, народски кажано, затоа што не им одговара па секојдневно во јавноста отвораат нови теми, како прашањето со Бугарија, фашисти итн, се со цел оваа трагедија да се покрие „под тепих“, но народот тоа го гледа и веќе се коментира, а одговорност мора да има, критикуваше Мисајловски.Тој посочи дека во однос на истрагата не очекува ништо од власта и целиот државен апарат кој е поврзан со судските процеси и поврзаноста и корумпираноста на правосудниот систем, а до сега не знаеме ништо конкретно за истрагата, ниту што одговориле експертите, а доста работи се слушаат, па дури и префрлање на вината на секого само да не биде на власта.

Македонија | пред 4 години

vlatko-1024x683-1

Влатко Стефановски емотивно за загубата на сопругата: Тешко ми е да зборувам за тоа, доживеав тешки загуби за кратко време

Влатко Стефановски (64), македонскиот виртуоз на гитара, во интервју за хрватскиот Ин Магазин, првпат јавно кажа како се носи со загубата на неговата сопруга и смртта на брат му Горан Стефановски, еден од најреномираните македонски писатели. Во интервјуто Влатко кажа и дека бил многу млад кога ги загубил родителите.„Тоа се дупки кои тешко се надоместуваат во животот. Во последните неколку години имав уште неколку големи загуби. Тешко ми е да зборувам за тоа. Да, ја изгубив сопругата пред четири години, братот пред три и тоа беа тешки загуби за кратко време“, вели Влатко во интервјуто и додава: „Не сакам јавно да зборувам за приватниот живот, затоа што ми е патетично на некој начин“.Признава дека низ овие тешки времиња многу му помогнала музиката. Но, среќен го прави и тоа што неговиот син исто така почнал да свири, па сега одат заедно на турнеи.„Музиката ми е терапија, медитација, хоби, професија, опсесија, таа ми е сè. Кога свирите гитара тогаш не размислувате многу. А кога ќе почнете да размислувате со мозокот, тогаш се појавува некој процес кој не можеме баш да го контролираме“, рече Влатко.Влатко откри и како научил да свири и вели дека е самоук.„Ако вложите во вашите вештини 10.000 часови, тогаш ќе бидете мајстор, за што било. Јас никогаш не сум одел во музичко школо, сè научив сам. Нотите никогаш не ги научив, не ги знам ни денес“, раскажа Стефановски за „Ин магазин“.

Магазин | пред 4 години

Foto-1

Средба на претседателот Пендаровски со германскиот претседател Штајнмајер во Њујорк

Претседателот Стево Пендаровски, за време на посетата на САД по повод неговото учество на 76. Генерално собрание на Обединетите нации, во Њујорк оствари средба со претседателот на Сојузна Република Германија, Франк-Валтер Штајнмајер.Двајцата претседатели разменија мислења и информации за актуелните состојби во двете држави. Претседателот Штајнмајер изрази најдлабоко сочувство за трагедијата во тетовската модуларна болница.Претседателот Пендаровски упати благодарност до претседателот Штајнмајер за неговите лични напори и ангажман, како и за континуираната германска поддршка за нашата европска интеграција.Претседателот Пендаровски нагласи дека градењето на пријателски релации со Германија, основани на искрен и доверлив пристап, се од исклучително значење за Република Северна Македонија.Во тој контекст, соговорниците разменија мислења и информации за најновите случувања поврзани со нашата европска интеграција и констатираа дека отпочнување на пристапни преговори на Северна Македонија со Европската Унија позитивно ќе влијае на севкупната општествено-политичка клима кај нас и ќе значи дополнително стабилизирање на состојбите и просперитет на регионот.Соговорниците разменија мислења и информации за последните случувања во регионот на Западен Балкан.

Македонија | пред 4 години

3

Филипче на средба со директорот на „8 септември“, каде се лекуваат 100 пациенти заразени со ковид

Министерот за здравство д-р Венко Филипче попладнево оствари средба со претставници на хируршкиот колектив на ГОБ 8 Септември и со директорот на болницата д-р Христијан Костов.„На средбата беа разгледани повеќе аспекти од состојбата, односно во ГОБ 8 Спетември во моментов се лекуваат 100 пациенти со ковид, па оттука и редуцираноста на бројот на хируршки одделенија, но сепак со запазување на итни случаи како малигноми и фрактури. Тие интервенции се одвиваат тековно. За време на средбата се најде привремено решение за оперативниот програм за следната недела, а во тек на престојните денови министерот со лекарите ќе разговараат и за трајно решение за предизвикот. Министерството за здравство апелира граѓаните да се вакцинираат, најголем број од пациентите се невакцинирани и тоа сериозно го оптеретува здравствениот систем“, информираа од МЗ.

Македонија | пред 4 години

srbija-korona

18 починати и 525 нови случаи на коронавирус

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:Направени се 3.858 тестирања, а регистрирани се 525 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 268, Куманово – 40, Струмица – 27, Штип – 25, Битола – 23, Охрид –17, Велес и Свети Николе – по 16, Кавадарци – 15, Кичево – 14, Прилеп и Кочани – по 10, Крива Паланка – 9, Гевгелија – 6, Струга – 5, Тетово и Радовиш – по 4, Неготино – 3, Гостивар, Берово, Валандово и Кратово – по 2, Ресен, Виница, Пробиштип, Демир Хисар и Демир Капија – по 1.Регистрирани сe 449 оздравени пациенти од: Скопје – 246, Куманово – 30, Струмица – 28, Штип – 20, Кавадарци – 14, Кичево – 13, Гостивар – 12, Велес и Свети Николе – по 10, Битола и Кочани – по 9, Прилеп, Тетово и Радовиш – по 7, Крива Паланка, Гевгелија и Ресен – по 5, Богданци – 4, Кратово и Виница - по 2, Неготино, Демир Хисар, Крушево и Македонски Брод – по 1.Во текот на изминатите 24 часа починале 12 лица: 3 починати лица од Скопје (82г, 83г и 87г), по 2 починати лица од Куманово (75г и 65г) и Тетово (69г и 38) и по едно починато лице од Прилеп (81г), Демир Хисар (71г), Кичево (70г), Штип (69г) и Делчево (60г).Сите пријавени лица се починати во болнички услови.Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 6 лица, со датум на смрт во период од 22.08.2021 до 19.09.2021 година. Овие починати лица се: по 2 од Тетово и Куманово, и по едно починато лице од Кичево и Гостивар. Починатите се на возраст од 56-84 години, од кои само едно лице е починато во болнички услови, додека останатите 5 лица се починати во домашни услови.Направени се 3.858 тестови преку: ИЈЗ-236, ЦЈЗ Скопје-89, ЦЈЗ Битола-83, ЦЈЗ Прилеп-44, ЦЈЗ Тетово–58, ЦЈЗ Куманово-57, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-3, лабораторија болница Козле-15, УК Пулмологија со алергологија – 0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–301, Жан Митрев (Филип Втори)-105, Авицена-172, Биотек-289, Систина-84, лабораторија Лаор-131, Синлаб-14, Ремедика-18, Плодност–46, Генеа-6, Никоб лаб-447, ВФВ Медикал-43, Ели Медика-82, Ројал Медика –10, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.525.Досега во земјата се направени вкупно 1.269.370 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 189.159 бројката на оздравени пациенти е 170.395, на починати е 6.557, а бројот на активни случаи изнесува 12.207.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 82180, Активни 5714Куманово 11198, Активни 937Тетово 10781, Активни 951Прилеп 8973, Активни 297Гостивар 7945, Активни 497Битола 7012, Активни 271Велес 6114, Активни 311Охрид 5880, Активни 491Кавадарци 5809, Активни 213Струмица 5670, Активни 322Штип 5636, Активни 246Кичево 3917, Активни 411Струга 3773, Активни 364Кочани 3178, Активни 133Гевгелија 2382, Активни 81Неготино 2304, Активни 45Свети Николе 1862, Активни 117Ресен 1524, Активни 104Радовиш 1496, Активни 109Дебар 1445, Активни 123Крива Паланка 1388, Активни 78Берово 1205, Активни 35Делчево 1113, Активни 66Виница 1018, Активни 51Пробиштип 904, Активни 45Валандово 802, Активни 36Богданци 544, Активни 12Кратово 543, Активни 51Крушево 518, Активни 14Македонски Брод 463 31Демир Хисар 431, Активни 19Демир Капија 408, Активни 6Пехчево 310, Активни 6Македонска Каменица 294, Активни 19Дојран 139, Активни 1

Македонија | пред 4 години

brod-droga

Тројца штипјани обвинети за произодство на марихуана и хероин, а кај кумановчанец најдена марихуана

На 24.09.2021 во 02.15 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.Н.(19) од Куманово затоа што кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.СВР Штип поднесе кривична пријава против Е.Р.(34) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 14.05.2020 во Казнено поправен дом Штип, во полуотворено одделение, од затворски чувари бил пронајден хероин претходно набавен и сокриен од пријавениот заради продажба.СВР Штип поднесе кривична пријава против А.Д. (39) од Свети Николе, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. Имено во Казнено поправен дом Штип, од затворски чувари бил пронајден хероин кој претходно бил набавен и сокриен од пријавениот заради продажба.СВР Штип поднесе кривична пријава против А.Х. од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела “овозможување на употреба на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 02.03.2020 во Виница од полициски службеници, при извршен претрес и била пронајдена марихуана и мешавина од тутун и марихуана.

Македонија | пред 4 години

policija-i-inspekcija-2

Наместо да седат дома зошто можат да заразат луѓе со корона, тетовци си шетале

СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.З.(25) од с.Доброште, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “пренесување заразна болест“. На 23.08.2021 во домот на пријавената од полициски службеници била извршена редовна контрола и утврдено дека не е во домот односно постапила спротивно на решението од страна на Државен санитарен и здравствен инспекторат Тетово за изолација и лекување во домашни услови.СВР Тетово поднесе кривична пријава против Д.И.(32) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“. На 18.08.2021 во Тетово, во домот на пријавениот од полициски службеници била извршена редовна контрола, но тој не бил затекнат во домот иако имал решение од Државен санитарен и здравствен инспекторат Тетово за изолација и лекување во домашни услови.

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања