Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

8

Кандидатите за Карпош си се почастија пијачка, откако си ветија дека нема да се навредуваат во кампања

Денес во Кинотека на Македонија кандидатите за градоначалници на Општина Карпош, Душко Весковски – СДСМ и коалицијата „Најдоброто за мојата општина“, Васко Костов – МАКЕДОНСКА ЕРА ТРЕТА, Дарко Ристовски – Левица, Христа Најдов – Движење ОДЛУЧНО ЗА ПРОМЕНИ и Стевчо Јакимовски – ГРОМ го потпишаа кодексот за фер и демократски избори.Кандидатот за градоначалник на ВМРО – ДПМНЕ, Оливер Зафировски, кој од оправдани и неодложни причини не беше во можност да присуствува на потпишувањето, целосно го поддржува овој кодекс и се обврзува на почитување на обврските кои произлегуваат од истиот.Со потпишување на овој кодекс, кандидатите за градоначалници на Општина Карпош се обврзуваат за спроведување на фер и демократски избори, со почитување на принципите на демократијата и доброто владееење за демократски развој на општеството.„Со потпишување на овој кодекс за спроведување на фер и демократски избори, заедно со кандидатите за градоначалници од другите партии, се обврзавме за одржување на кампањи и локални избори со почитување на сите закони, правила и прописи релевантни за изборите, без притисоци и без говор на омраза, во позитивна атмосфера“ – изјави Душко Весковски, генерален директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје и кандидат за градоначалник на Општина Карпош од СДСМ и коалицијата.

Скопје | пред 4 години

arafat-muaremi-finansiska-policija-F-1

Пред избори, градоначалникот на Петровец си доби кривична

Управата за финансиска полиција до ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција поднела кривична пријава против пет физички и три правни лица за злоупотреба на службената положба и перење пари во општина Петровец.Вицепремиерот за борба против корупција Љупчо Николовски, посочи дека во мај годинава добил анонимна претставка за злоупотреба на службената положба и перење пари во општина Петровец.– Управата постапила по пријавата и вчера поднесе кривична пријава против пет лица за оштета на буџетот на општина Петровец од над 1.5 милион евра, изјави Николовски.Пристигнаа, посочи Николовски, повеќе претставки и за работата на повеќе спортски федерации, за што целата документација е предадена до Јавното обвинителство да постапува.– Сега се е јавно. Повикувам да се користат сите алатки на алармирање, изјави Николовски.Директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми, рече дека до ОЈО поднела кривични пријави против пет физички и три правни лица.– Првопријавениот, во својство на градоначалник од 2009 година до сега, од 2012 година овозможил плаќање на 24 фиктивни фактури на правниот субјект „Аце транс” – Скопје, во вредност од над 31,84 милиони денари, по основ за извршени јавни набавки, иако знаел дека работите не се извршени, појасни Муареми.Против овие лица, посочи Муареми, постојат основи за злоупотреба на службената положба и должност, поттикнување злоупотреба на службената положба, злоупотреба на постапка за јавно приватно партнерство и за перење пари.Управата за финансиска полиција до ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција поднела кривична пријава против пет физички и три правни лица за злоупотреба на службената положба и перење пари во општина Петровец.Вицепремиерот за борба против корупција Љупчо Николовски, посочи дека во мај годинава добил анонимна претставка за злоупотреба на службената положба и перење пари во општина Петровец.– Управата постапила по пријавата и вчера поднесе кривична пријава против пет лица за оштета на буџетот на општина Петровец од над 1.5 милион евра, изјави Николовски.Пристигнаа, посочи Николовски, повеќе претставки и за работата на повеќе спортски федерации, за што целата документација е предадена до Јавното обвинителство да постапува.– Сега се е јавно. Повикувам да се користат сите алатки на алармирање, изјави Николовски.Директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми, рече дека до ОЈО поднела кривични пријави против пет физички и три правни лица.– Првопријавениот, во својство на градоначалник од 2009 година до сега, од 2012 година овозможил плаќање на 24 фиктивни фактури на правниот субјект „Аце транс” – Скопје, во вредност од над 31,84 милиони денари, по основ за извршени јавни набавки, иако знаел дека работите не се извршени, појасни Муареми.Против овие лица, посочи Муареми, постојат основи за злоупотреба на службената положба и должност, поттикнување злоупотреба на службената положба, злоупотреба на постапка за јавно приватно партнерство и за перење пари.

Скопје | пред 4 години

mickoski-modularna-tetovo

Мицкоски за изгорената болница: Поставена на диво, пуштена во употреба на диво и приклучена на струја на диво,

Владата направи измени на Законот за градење со кои ги заобиколува сите институции и формира нова градба која се нарекува модуларна или монтажно демонтажна градба и вели за овие објекти нема потреба од одобрение за градба, туку решение за поставување, а кои документи се потребни за ова вели ќе се дефинира со правилник за кој е одговорен минсистерот за здравство. Прашувам го видел некој правилникот и што предвидува? Значи болницата е поставена на диво, пуштена во употреба на диво и приклучена на електрично напојување на диво, рече лидерот на ВМРО-ДПМНE, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за измените на Законот за градење по средбата со првиот човек на Стопанската комора на Северо-западна Македонија, Неби Хоџа.Мицкоски додава дека „тука треба да се бара одговорноста по вертикала кој дозволил да се постави таму модуларната болница, кој ја пуштил во употреба на диво и кој дозволил на диво да се приклучи на електрична енергија“.Според него одговорноста е јасна и не треба странски комисии да утврдуваат ништо.Мицкоски со објаснување што претходно предвидувал Законот за градење.„Во Законот за градење има три столба кои се значајни, првиот е одобрение за градба, вториот е категоризација на градба, прва и втора категорија, третиот столб е употребна дозвола. До сега имаве прва и втора категорија или прва објекти кои да речеме би требало да се изгради една ваква болница бидејќи е дел од владината одговорност во случајов министерство за здравство со министерство за труд и социјала, а втора категорија се индивидуални станбени објекти, куќи. Пуштање во употреба за индивидуален станбен објект, куќа се врши со технички извештај од надзорен инжинер и тогаш со тој извештај одите во општина добивате решение и го запишувате во катастар и станува ваш. Кога станува збор за градба од прва категорија надлежно беше до сега министерство за транспорт и врски и овој објект требаше да биде градба од прва категорија. Што значи тоа, градба од прва категорија, дека има основен проект, ревидиран кој е проектиран од проектантско биро со А лиценца и ревидиран од ревизорска куќа со А лиценца. Тие документи се закачуваат на електронскиот систем е -дозвола заедно со други проекти меќу кои елаборат за противпожарни инсталации, громобрански инсталации и сл.“, рече Мицкоски.Тој објасни дека тогаш „министерството за транспорт ги праќа овие проекти до институциите на одобрување и мислење и кога ќе ги собере сите одлучува да даде одобрение за градба, која се следи и на крај комисија од министерство за транспорт и неколку други институции излегува на терен и оценува дали е изработен според проект и ако е се дава одобрение за употреба“.И сега, објаснува Мицкоски, што прави Владата.„Носи измени на Законот за градење со кои ги заобиколува сите институции и формира нова градба која се нарекува модуларна или монтажно демонтажна градба и вели за овие објекти нема потреба од одобрение за градба, туку решение за поставување кои документи се потребни за ова вели ќе се дефинира со правилник за кој е одговорен минситерот за здравство. Го видел некој правилникот и што предвидува? Значи болницата е ставена на диво, пуштена во употреба на диво и приклучена на електрично напојување на диво. Е тука треба да се бара одговорноста по вертикала кој дозволил да се постави таму, кој ја пуштил во употреба и кој дозволил на диво да се приклучи на електрична енергија“, укажа Мицкоски.

Македонија | пред 4 години

242924919_331269512048260_8884942920743363845_n

Левица: Ова е споменот на местото каде се одржал првиот час по македонски јазик - не простуваме!

Секторот за образование на Левица денес објави фотографија од зградата каде на денешен ден се одржал првиот час по македонски јазик во 1943 година. Според партијата, државата и Владата не се заложуваат за да го зачуваат споменот од местото каде се одржал првиот час. Тие порачуваат дека ова не го забораваат, ниту го простуваат.„Далечната 1943 година, на 24 септември во селото Подвис, во областа Копачка, во Кичевско бил одржан првиот училишен час на македонски јазик. Ден голем како планина! Од устата на учителот Василко Лазарески првпат во училница прозвучил македонски збор, децата првпат следеле настава на мајчин јазик, а не на јазиците на окупаторите.Зградата во којашто бил одржан тој прв час е прогласена за споменик на културата. И заборавена. Денес е во очајна состојба, со ослепени прозорци и пропаднат покрив, зарасната во треви и трње.Клептократите кои 30 години владеат за да пљачкаат, секојпат имаат полни усти со љубов кон државата и народот, а образованието им е „врвен приоритет“- секоја година го реформираат, а сега се на пат и потполно да го расформираат.Кои биле и какви се нивните заложби сведочи фотографијата од споменот на местото во кое бил одржан првиот час на македонски јазик. Една слика- илјада зборови. Затоа борбата трае и нема да застане. Левица не заборава, нема ниту да прости“, објави Левица.

Македонија | пред 4 години

mickoski

Мицкоски за дрогата во возилото на МВР: Што повеќе треба да се случи за да сфатат дека треба веднаш да си поднесат оставки

Денес пред одржување на состанокот со Стопанската комора на Северо - западна Македонија, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање во однос на пронајдената марихуана во автомобил на МВР на албанско- црногорската граница истакна дека јасна е спрегата помеѓу криминалците и власта во оваа држава и треба што побргу колективно сите да си дадат оставки и да заминат.„Јасна е спрегата помеѓу криминалците и власта во оваа држава и никој не треба да има дилема, се издаваат пасоши на нарко босови од Балканот, се фаќаат дипломати со македонски пасоши кои што се бараат по потерници по Интерпол и денеска или вчера скандалот кога е заборавена дрога во возило кое што го користат вработени на МВР. Што повеќе треба да се случи во оваа држава за да овие луѓе сфатат дека треба веднаш сите колективно да си поднесат оставки и да заминат“, нагласи Мицкоски.

Македонија | пред 4 години

WhatsApp-Image-2021-09-24-at-12.41.41

Герасимовски се обврза дека ќе ги почитува противкандидатите во Центар

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар, Горан Герасимовски денеска го потпиша Кодексот за фер и демократки избори. Герасимовски се обврза на фер избори со почитување на сите закони, правила и прописи како и почитување на владеење на правото при организирањето и спроведувањето на изборите.„Јас ќе имам фер и позитивна кампања со почитување на сите учесници и противкандидати. Да ги соочиме идеите и проектите и да имаме конструктивни дебати, само така граѓаните ќе може да го направат вистинскиот избор. На овие избори да покажеме дека политички сме созреале како општество за да ја вратиме довербата на граѓаните во политиката и институциите“, изјави Герасимовски.Спроведувањето на фер и демократки избори е почитување на основните човекови права, тоа е зацврстување на фундаменталните вредности на демократијата и градење на доверба во изборниот процес. Отчетни избори значат зрело општество кое ги почитува способностите на кандидатите.Герасимовски при денешното потпишување на Кодексот за фер и демократски избори исто така се обврза дека преку почитување на законот нема да ги користи државните капацитети и потенцијали и со тоа ќе спроведе еднаквост во кампањата и етичко известување за истата.Согласно состојбата со коронавирусот, Герасимовски како учесник во изборниот процес ќе ги почитува и мерките за заштита на граѓаните, во секоја фаза од изборниот процес.

Скопје | пред 4 години

mickoski-6

Мицкоски: Тендерите и провизиите на власта и се поважни од човечките животи

Власта уште еднаш покажува дека се и е поважно, односно врвен приоритет им се провизиите и бизнисите, а вистината и откривањето на вистината што се случуваше во модулрната во Тетово е на дното на нивните приоритети и ќе сторат се да ја заобиколат вистината, мислејќи дека вистината ќе остане неслушната, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за трите тендери од 30 милиони евра кои Филипче ги потпиша со веледрогерии блиски до СДСМ и одбивањето да се формира анкетна комисија за модуларните болници.Мицкоски истакна дека тоа се две работи кои една со друга се поврзани бидејќи гледаме дека тендерите се поважни отколку тоа што се случува во здравството и оној немил и трагичен настан кој се случи пред некоја недела во модуларната болница во Тетово.- Го партизираат ова прашање во пресрет на локални избори кое кај мене дава чувство на згрозување, но тоа се тие луѓе кои 4 години функционираат како парламентарно мнозинство. Ние ќе продолжиме да инсистираме на формирање на анкетна комисија и откривање на вистината, а тие нека продолжат да трчаат по провизии на сметка на здравјето на граѓаните, рече Мицкоски.Тој потенцираше дека повторно ќе се испрати барање за формирање анкетна комисија затоа што треба да се знае зошто тоа се случи и да има одговорност, бидејќи 14 луѓе изгореа и тоа не треба да се повтори и дека тоа што се локални избори не е пречка да се закаже седницата.- Доколку имаат сериозна намера имаат и сега време да свикаат седница, ова не се парламентарни, туку локални избори, можат да закажат и во среда и во четврток и немаат тие законска необврска да ја закажат. Ако сакаат и ако имаат намера треба да ја закажат седницата, нагласи Мицкоски.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Кандидатите за Аеродром се собраа во кабинетот кај Марин да си ветат дека ќе има фер кампања

Петтемина кандидати за градоначалник на Општина Аеродром денеска потпишаа кодекс за фер и демократски избори во пресрет на локалните избори и непосредно пред стартот на изборната кампања.Со својот потпис, Александар Филиповски (СДСМ и коалицијата „Најдоброто за мојата општина“), Тимчо Муцунски (ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“), Весна Кираџиева (Политичка партија Левица), Миле Петковски (Трајно македонско радикално обединување - ТМРО) и Билјана Аврамоска-Ѓореска (Движење „Одлучно за промени“– коалиција) како учесници во изборниот процес се обврзаа да го почитуваат законот и да водат фер натпревар и еднаквост во кампањата.Претседателот на Општинската изборна комисија – Аеродром, Горан Мојаноски изрази уверување дека ќе имаме фер и демократски изборен процес и изборна кампања во претстојниот период и дека ќе бидеме пример за сите општини како се спроведуваат изборите.По потпишувањето на кодексот кандидатите испија заедничко кафе со актуелниот градоначалник на Општина Аеродром, Златко Марин, кој им посака успех на претстојните избори во фер и демократска кампања, во која ќе се почитуваат принципите на демократијата.„Денеска испив заедничко кафе со кандидатите за градоначалник на Општина Аеродром, кои го потпишаа кодексот за фер и демократски локални избори. Само на ваков начин се придонесува во градењето на довербата во изборниот систем и во демократскиот развој на општеството“, изјави градоначалникот Марин.

Скопје | пред 4 години

toplifikacija-cifliganec-3

„Вредноста на Топлификација е 30 милиони евра“, остра рекација на акционерите откако Чифлиганец ја купува за 9 милиони

Здружението на граѓани кои се акционери во „Топлификација“, која ја купува бизнисменот Ванчо Чифлиганец реагира на продажбата. Тие велат дека до 2017 година, акцинонерското друштво имало позитивни финансиски резултати, што е единствен случај во регионот.„Топлификација АД во соработка со странскиот партнер во периодот 2007-2011 година го реализираат првиот приватен енергетски објект во регионот ТЕ ТО АД во кој симултано се произведува електрична и топлинска енергија. Вредноста на инвестицијата е околу 170 милиони евра. Целата активност од идеја за проектот поткрепена со пред физибилити и физибилити студии за проектот до добивањето на употребна дозвола во февруари 2012 година најголемиот дел од активностите поврзани со менување на локалната легислатива, надминување на отпорот на институциите на државата и обезбедување локална поддршка на проектот е реализирана од Топлификација АД. Денеска овој објект произведува околу 35% од производството на термоелектраните во државата“, велат оттаму.Додаваат дека „Топлификација“ има долгови откако се отпишуваат долгови на ТЕ ТО АД без согласност на малцинскиот акционер.„Во декември 2017 година со пресуда на Врховниот суд на РСМ Топлификација АД го добива клучниот судски процес со ТЕ ТО АД. Согласно одлуката на Врховниот суд и согласно јавното признание на ТЕ ТО АД фирмата треба да исплати на Топлификација АД 28 милиони евра со пазарни каматни стапки заклучно со 01.03.2018 година. Со помош на моќни структури во државата ТЕ ТО АД реализира стечај самиот на себе и отпишува долгови на ТЕ ТО АД во висина од над 150 милиони евра, користејќи спогодби помеѓу заинтересирани страни. Постапката преку која се реализира оваа активност не може да се спроведе без согласност на Топлификација АД како малцински акционер во ТЕ ТО АД. Иако тоа треба да му е познато на секој студент на право кој положил Трговско право, моќните структури го реализираат стечајот на ТЕ ТО АД без основниот услов спогодбите помеѓу главниот акционер на ТЕ ТО АД и ТЕ ТО АД да се одобрат од малцинскиот акционер, Топлификација АД на собрание на акционери. Со постапката на незаконскиот стечај на ТЕ ТО АД која започнува два дена по пресудата на Врховниот суд Топлификација АД е директно оштетена за над 35 милиони евра со пресметани пазарни каматни стапки на долгот до денеска. Во врска со незаконскиот стечај на ТЕ ТО АД поднесени се четири кривични пријави во Основното Јавно Обвинителство и во Основното Јавно Обвинителство за Организиран Криминал и Корупција. Подносители се Топлификација АД, Управата за финансиска полиција, акционери на Топлификација АД и странски инвестиционен фонд. Иако сите четири кривични пријави беа темелно обработени надлежните обвинителства ги одбија пријавите“, додаваат оттаму.„На крај на април 2018 година кога раководството на ТЕ ТО АД е сигурно дека незаконскиот стечај на ТЕ ТО АД ќе биде реализиран, со што на Топлификација АД ќе и бидат незаконски отпишани над 35 милиони евра, мнозинскиот акционер на ТЕ ТО АД бара стечај на Топлификација АД за долг од 1 милион евра. Висината на долгот е ирелевантна бидејќи со отписот на побарувањата на Топлификација од ТЕ ТО АД, Топлификација АД нема ресурси да ги плати обврските кон Комерцијална Банка од над 17 милиони евра. Во постапка пред Државната комисија за спречување корупција ДКСК, која се води во 2019 и 2020 година покрај другите незаконитости реализирани од извршната власт, ДКСК посочува на незаконски План за реорганизација во постапката на незаконскиот стечај на ТЕ ТО АД. Незаконитоста на Планот произлегува од фактот што во него не е предвиден главниот трошок во висина од над 17 милиони евра за плаќање на данокот на добивка кој произлегува од отписот на долговите на ТЕ ТО АД во висина од 150 милиони евра. Незаконскиот План за реорганизација директно повлекува незаконски стечај на ТЕ ТО АД бидејќи основната активност во Планот за реорганизација е отписот на побарувања, а главниот трошок во Планот за реорганизација кој произлегува од данокот на добивка не е опфатен. Врз основа на овие факти за стечајниот управител беше подготвен допис кој требаше да се испрати од него како единствено овластено лице на Топлификација АД во стечај до стечајниот судија во постапката на стечај на ТЕ ТО АД. За жал до денеска дописот до стечајниот судија на стечајот на ТЕ ТО АД не е испратен. Поради ваквото однесување на стечајниот управител поднесени се соодветни пријави до надлежните органи“, велат тие.„Проценетата вредност на Топлификација АД во стечајната постапка на оваа фирма, без побарувањата од ТЕ ТО АД по основ на пресудата на Врховниот суд е над 30 милиони евра. Вкупната вредност на Топлификација АД како проценета вредност на имотот и побарувањата кон ТЕ ТО АД по основ на пресудата на Врховниот суд се над 63 милиони евра на денешен ден Вкупните долгови на Топлификација АД се околу 20 милиони евра. Во оваа вредност е калкулиран долг кон Комерцијална Банка од над 17 милиони евра. Во моментот се во тек повеќе процесни постапки поврзани со незаконитостите во стечајните постапки на ТЕ ТО АД и на Топлификација АД и со непостапување на надлежните државни органи во овие стечајни постапки. Дел од процесните постапки се пред домашните надлежни органи, а две постапки се подготвуваат за судските институции надвор од државата. Тековната продажба на дел од имотот на Топлификација, со оглед на текот на оваа постапка и учесниците во постапката ќе биде предмет на процесна постапка во наредниот перио“, велат тие.

Македонија | пред 4 години

slika-2

Мицкоски: Во програмите на идните градоначалници нудиме револуционерни проекти

Интегрален текст од изјава за медиуми на Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ:За мене секогаш претставува особена чест и задоволство да можам да разговарам со луѓе кои што се од реалниот сектор, од бизнис секторот бидејќи тоа сум го кажал многупати во минатото ќе го повторам и сега ова се вистинските херои за граѓаните во Македонија. Ова се вистинските херои за Македонија и ова се луѓето кои што треба сите ние да им кажеме едно големо благодарам бидејќи во овие тешки времиња посебно сега во услови на светска криза со пандемијата која што еве гледате веќе се издолжи повеќе од една ипол година, успеваат да најдат начин како да обезбедат начин да го одржат сопствениот бизнис, а со тоа и бројот на вработени, па тоа дури и да го зголемат во услови на криза и на пандемија.Така што тие ја имаат мојата почит и секогаш, не само сега туку и во иднина ќе бидам на располагање за тоа што сметам дека е потребно и се разбира во насока на тоа да тие го зголемат својот бизнис, а со тоа и економијата и бројот на вработени.Како човек и како претседател на ВМРО-ДПМНЕ ценам дека ситуацијата во нашата држава во моментот е алармантна, не само поради тоа што се случуваат би рекол големи проблеми на дневна основа во секој дел од институциите, туку се соочуваат со буквално демотивиран систем и институции кои што не функционираат, Македонија е на врвот на листата на најкорумпирани држави во Европа, скандалите се секојдневни. Она кое што посебно ме загрижува е што тие не престануваат, буквално секој ден имаме по еден скандал кој што нас не засрамува како граѓани.И навистина на овие локални избори се можност да покажеме и да ги опоменеме овие кои што денеска се власт во Македонија дека едноставно погрешно ја практикуваат Владата, погрешно ја практикуваат политиката и ја водат Македонија директно во амбис.Како ВМРО-ДПМНЕ на овие избори ќе понудиме како и секогаш програми со многу проекти кои што го засегаат бизнисот, ја засегаат економијата, проекти кои што имаат за цел да додадат вредност за бизнисмените, за претприемачите, за нивниот бизнис да ги растеретат практично, дури и понудивме не само децентрализација туку и реинституционализација на Владата односно нејзино дисперзирање во повеќе области во Македонија во зависност од потребите на граѓаните. Така што цениме дека имаме револуционерни чекори. За жал, поради карактерот на оваа Влада и злоупотребите кои што се случија на минатите предвремени парламентарни избори многу малку можевме да зборуваме за понудата. Се надевам дека на овие локални избори ќе зборуваме многу за понудата, но и тука сме исто така слушнеме што бизнис заедницата односно стопанствениците и членките на Комората на Северо - западна Македонија имаат да кажат. И доколку дел од тие проекти нормално не се вклучени во програмата на нашите кандидати за градоначалници јас сум убеден идни градоначалници, неопфатено да биде опфатено. Кампањата почнува во понеделник имаше уште три дена за да дискутираме, иако јас сум убеден дека најголем дел од барањата што претходно сме ги дискутирале со луѓето од Стопанската комора Северно – западна Македонија се вклучени во програмите на кандидатите за градоначалници.Така што се радувам на оваа средба и во периодот кој што следи се надевам дека ќе бидеме сите заедно поуспешни и ќе имаме подобра економија во државата, повеќе ќе зборуваме за поубави работи отколку за лоши работи.

Македонија | пред 4 години

karticki

Скопјанка шест пати крадела и си пазарела со туѓи банкарски картички

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 35-годишна осомничена за шест кривични дела – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 3 од Кривичниот законик.Осомничената, на 3 септември, на автобуска постојка кај пазарот во населбата Ченто, се доближила до една оштетена и по краток разговор со неа искористила момент на невнимание и и ја одзела торбата во која имало паричник со картичка и пари, како и еден дуксер, во вкупна вредност од 6.000 денари.На 8 септември, пријавената дошла во куќа на улица „Кавадарска“ во Скопје, на сопственикот му се претставила како медицинска сестра која дошла да го прегледа и да му стави облоги на нозете. Додека тој се подготвувал за преглед, таа од домот украла паричник со 16.000 денари. На 9 и 10 септември, пак, влегла во два дома, претставувајќи се како попишувач од пописна комисија. На сопствениците им барала сертификат за вакцинација и додека тие го барале сертификатот, им ги одзела паричниците во кои имало банкарски картички.Во куќата на друга оштетена, на 14 септември, осомничената се претставила како внука на сосетката, па искористувајќи момент кога сопственичката на кратко ја напуштила просторијата, одзела паричник со околу 3.000 денари.На 21 септември осомничената се доближила до една оштетена пред аптека во Сингелиќ, ја замолила да и даде пари за лекови, па и го грабнала паричникот, стекнувајќи се со противправна имотна корист од 3.000 денари.Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничената, бидејќи постои опасност таа се да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон.​​

Скопје | пред 4 години

IMG-0634

Маричиќ: Добро е за државата што успешно го завршуваме пописот

Министерот за правда Бојан Маричиќ во своето гостување на ТВ24 кажа дека до крајот на следната недела успешно ќе финишира попишувањето на населението. Според него, добро е што апелите за бојкот не наидоа на поддршка кај граѓаните, кои се свесни за значењето на оваа голема статистичка операција.-Задоволени сме што пописот тече успешно. Досега 1.400.000 граѓани се попишаа. Сигурен сум дека до крајот на идната недела кога завршува пописот ќе имаме покомплетна бројка. Имаме потоа неколку месеци за сумирање на резултатите. Овој попис се прави по методологија на Евростат, подготвуван е многу долго и се спроведува после 20 години. Ова е натпартиска операција и навистина жалам што некои помали политички партии место да го поддржат, решија да собираат политички поени на пописот, но на крајот убеден дека сите ќе бидеме задоволни од тоа како го изведовме пописот.Маричиќ кажа и дека податоците собрани од пописот се навистина потребни за идните долгорочни развојни политики на земјата. Дополнително, информираше дека попишувачите се од сите етнички заедници и дека процесот е целосно инклузивен.

Македонија | пред 4 години

dimitrov

Бугарија уценува, Димитров: Со сила нема убавина

„Големиот проблем за напредок во разговорите околу историјата и другите теми е атмосферата на уцена. И македонскиот народ и бугарскиот народ и другите балкански народи имаат една изрека,која вели ‘со сила нема убавина’. За вистинска блискост и вистински напредок не може да стане збор ако опстане оваа атмосфера на уцена. Мора да има почит и чуствителност на блискот.Не може да имаме блискост и напредок кога се уценува“, вели Димитров.Тој вели дека атмосферата е нарушена поради тоа што Бугарија го прекршила членот 2 од Договорот, кој предвидува таа да ни помага на европскиот пат, а не да нè блокира.

Македонија | пред 4 години

01-1

Џафери во Будимпешта: Имаме високо разочарување затоа што секое ново шестмесечно одлагање на почетокот на преговори

„Дозволете на самиот почеток да изразам благодарност за традиционалното одржување на овој настан на највисоко парламентарно ниво во организација на Унгарското национално собрание и Претседателот Лазло Ковер, што е уште еден доказ за заложбите на Република Унгарија во изминатите децении за наше забрзано и целосно европско и евроатланско интегрирање. Тоа е наш заеднички интерес доколку се има предвид фактот што се потенцира во повеќе наврати од страна на високи европски политичари, односно дека, доколку Унијата сака поголема стабилност во своето соседство, тогаш потребна е кредибилна европска перспектива за Западен Балкан, заснована на систем на заслуги. Меѓутоа, морам да истакнам дека таа перспектива ризикува да стане заморна и неатрактивна за нас како земји кандидати доколку потфрли и не ги испочитува темелните вредности врз кои е градена Европската Унија кои во прв план го ставаат просперитетот, мирот и безбедноста на сите граѓани на континентот“, рече претседателот на Собранието, Талат Џафери.„Неодамна во Република Северна Македонија беа во посета француски сенатори и во овој контекст, во разговорите со нив предочив на актуелната ситуација на терен, односно, паралелно со високиот процент на граѓани кои се за влез во Европската Унија и непоколебливиот политички консензус, имаме сразмерно високо разочарување затоа што секое ново шестмесечно одлагање на почетокот на преговори, нам ни ги скратува можностите да напредуваме во тие преговори и да работиме уште помотивирано на европската агенда. Франција, како иден претседавач со Советот на ЕУ, несомнено ќе ги поддржи нашите аспирации а ние секако сме тука да им помогнеме за проширувањето, не само да стане еден од приоритетите на француското претседавање, туку да биде фактичка реалност преточена во старт на првата меѓу-владина конференција со Европската унија. Проширувањето како гео-стратешка инвестиција носи долгорочни инвестиции за Унијата во повеќе аспекти, односно во политичка, безбедносна и економска смисла. Тоа претставува добар механизам за напредок и награди, што не мотивира како земји да ги спроведуваме бараните реформи чиј краен резултат би требало да биде почетокот на преговорите, пристап до повеќе фондови и конечно полноправното членство во Унијата. Верувам дека како држави покажавме дека можеме да се носиме со предизвиците од процесот на интеграција и успешно да ги спроведуваме бараните реформи во предвидените рокови, со што потврдивме дека сме сериозни партнери во овој заеднички проект.Република Северна Македонија постигна импресивен напредок на полето на спроведување на пакетот клучни реформи а со потпишувањето и спроведувањето на Охридскиот рамковен договор покажавме дека можеме да послужиме како модел за внатрешна кохезија, унапредување и негување на меѓуетничките односи. Верувавме дека со потпишувањето на договорот со Бугарија и прифаќањето на сите предлози на претседателството на Европската Унија предложени минатата година, вклучително и предлогот од мај 2021 година, ќе го надминеме и спорот со Република Бугарија меѓутоа, за жал, одговорот од Бугарија е во сосема спротивна насока, комплетно го менува пристапот кон процесот, што е спротивно на напорите за зајакнување на довербата и непречениот политички дијалог. Се разбира, моменталната комплексна ситуација во Бугарија оневозможува наш поактивен дијалог, вклучително и на парламентарно ниво, каде како колеги пратеници би можеле поотворено и на пофлексибилен начин да разговараме и заеднички да придонесеме кон надминување на оваа состојба со изнаоѓање на компромис на отворените прашања.Сепак, и покрај сите пречки, продолжуваме со реформскиот процес, за земјата, за нашите граѓани а и за задржување на веќе добиените високи оценки. Веќе дваесетина години сме активни во контекст на меѓусебната соработка во регионот на Југоисточна Европа и генерираните добри резултати потврдуваат дека како земји можеме успешно регионално да соработуваме и да доживуваме заеднички успеси, што е клучен предуслов и за нашата европска иднина. Јас сум убеден дека парламентарната дипломатија може да воспостави дијалог кој придонесува за мирот и безбедноста и игра суштинска улога во справувањето со глобалните предизвици и затоа сме активни во меѓународните собранија.Во Повелбата за добрососедски односи, стабилност, безбедност и соработка во Југоисточна Европа од 2000 година, заеднички сме се обврзале безрезервно да се залагаме меѓу другото, и за почитување на принципите и нормите на Повелбата на Обединетите Нации, се надевам дека овие постулати ќе помогнат во решавањето на отворените прашања и на тој начин ќе придонесат за забрзување на процесот на евроинтеграции“, кажа во своето обраќање, Џафери.

Македонија | пред 4 години

236523441_428698648515749_6059897496560555557_n

Бесплатно возење во ЈСП, ќе има и ноќни линии за шетање

ЈСП Скопје соопшти дека и годинава ќе овозможи бесплатен јавен превоз по повод одржувањето на традиционалната културна манифестација „Бела ноќ 2021“, а во функција ќе бидат и дел од ноќните линии (2, 5, 7, 22, 24, 41, 50, 57 и 65 В).Бесплатно користење на јавниот превоз ќе биде дозволено од утре, сабота (25.09.2021 год) од 18 часот до 05 часот во недела (26.09.2021 год).Ноќните линии ќе сообраќаат во недела (26.09.2021 год) со следниов возен ред.ЛИНИЈА 2 (Автокоманда – Сарај)Поаѓање од Автокоманда 00.15 ч, 01.45 ч, 03.15 чПоаѓање од Сарај 01 ч, 02.30 ч, 04 чЛИНИЈА 5 (Дексион – Ново Лисиче)Поаѓање од Дексион 00.15 ч, 01.45 ч, 03.15 чПоаѓање од Ново Лисиче 01 ч, 02.30 ч, 04 чЛИНИЈА 7 (Карпош 3 – Горно Лисиче)Поаѓање од Карпош 3 00.15 ч, 01.45 ч, 03.15 чПоаѓање од Горно Лисиче 01 ч, 02.30 ч, 04 чЛИНИЈА 22 (Транспортен центар – Лепенец)Поаѓање од Тр.центар 00.15 ч, 02 ч, 03.15 чПоаѓање од Лепенец 01.25 ч, 02.40 ч, 04.10 чЛИНИЈА 24 (Припор – Тафталиџе 2)Поаѓање од Припор 01 чПоаѓање од Тафталиџе 2 00.15 чЛИНИЈА 41 (Транспортен центар – Долно Лисиче)Поаѓање од Тр.центар 00.20 ч, 01.45 ч, 03.15 чПоаѓање од Долно Лисиче 01 ч, 02.30 ч, 03.50 чЛИНИЈА 50 (Клинички центар – Хиподром)Поаѓање од Кл.центар 00 ч, 02 ч, 03 чПоаѓање од Хиподром 01.30 ч, 2.30 чЛИНИЈА 57 (Козле – Радишани)Поаѓање од Козле 00.15 ч, 01.30 ч, 03 чПоаѓање од Радишани 00.55 ч, 02.15 ч, 03.35 чЛИНИЈА 65 В (Транспортен центар – Стајковци)*по траса на линија 5 во 00.10 ч од Рекорд до Ново ЛисичеПоаѓање од Тр.центар 00.45 ч до СтајковциПоаѓање од Стајковци 01.20 ч до гаража во Автокоманда

Скопје | пред 4 години

Arsovski-20.09.2021

Институциите молчат за наместениот тендер во „Водовод“, смета Арсовски кој бара одговорност

„Веќе неколку дена молчат институциите за случајот со скандалозниот наместен тендер во ЈП Водовод. Наместен тендер како на филм од страна на Шилегов и Весковски, со најобемната доказна документација дека фирмата КБК Инженеринг е таа за која што претходно бил договорен тендерот. Уште поголема небулоза е што веќе фирмата ја извршила работата, па дури потоа го добила тендерот. Се работи за испумпување на 300.000 евра народни пари, пари на скопјани. Денеска ќе ги презентираме разликите во цените, каде што ќе споредиме колку би чинела реконструкција на иста ваква улица по пропорции во 2017-тата година во времето на ВМРО-ДПМНЕ, и колку чини сега оваа улица, на овој наместен тендер“, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.„Тука има една обемна споредба во однос на ставките, ставка по ставка колку би чинело. Јас би издвоил неколку работи, и би се фокусирал на финалната.На пример, геодетските работи, односно обележување на ров во 2017-та година ако чинело 19.34 денари за еден метар, сега во време на СДСМ чини 168.85 денари или за 8.7 пати поскап. Втор пример, земјани работи, односно рачен ископ на за откривање на главна водоводна мрежа, ако во 2017-тата година чинел 250.55 денари по м2, сега чини 797,36 денари по м2 или 3.2 пати повеќе. Машински ископ на земја во тесен обем на ров од 0-2м ако во 2017-тата година чинело 100.23 денари по м3, сега во 2021 година чини 276.73 денари по м3 или 2.8 пати повеќе. Рачен ископ на земја во тесен обем со длабочина на ров од 0-2м во 2017-тата година чинело 250.56 денари, а сега чини 478.41 денари за м3 или дури 2 пати поскапо е сега. Замислете подупирање на ров под слаб притисок ако чинело 1.61 ден за м2 во 2017-тата година, сега чини 140.71 денари за м2 или 87.7 пати повеќе, додека пак за подупирање во услови во јак притисок ако чинело 2.36 денари за м2 во 2017-тата година, сега чини 168.85 денари или 71.7 пати повеќе. Неверојатно“, додава тој.Намерно се издвоени овие споредби, бидејќи овде нема што да поскапи изминативе 4 години, смета портпаролот.„Верувајте дека целата спецификација, ако ја видите точка по точка од овој договор, ќе видите дека секаде по неколку пати се покачувани цените. За тоа велиме испумпување на народни пари. Или вкупно споредбата за чинење на реконструкција на улица „Варшавска“ сега и колку би чинела во време на ВМРО-ДПМНЕ во 2017-тата година е следнава: 5.498.174 денари би била во 2017, а сега е 14.066.921 денар или за дури 2 ипол пати повеќе. Нема што повеќе да се говори на оваа тема. Одговорност мора да има, а институциите мораат уште веднаш да си ја преземат својата работа, односно да не спијат и да постапат согласно оваа документација“, кажа Арсовски.

Скопје | пред 4 години

toni-mihajlovski

ФОТО: Порно актер го поддржа Тони Михајловски за градоначалник

Познатиот македонски порно актер, Гоце Гиновски чие уметничко име е Карло Бос излезе јавно да каже кого ќе поддржи на локалните избори. Тој е родум од Куманово, каде изминативе години и живее. Ќе излезе да гласа, да направи избор за „татко на градот“.Гиновски до 2002 година живееше во Куманово, Македонија, од 2002 година па до 2013 во Италија. Снимил десетици порно филмови. Тој е почитуван во Куманово и со голем број следачи на социјалните мрежи. Гиновски напиша дека поддршката ќе ја даде за Тони Михајловски, актерот кој е кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за изборите.„Поддршка за колегата. Глумци сме двајцата, но друг жанр. Гласам за него“, напиша Гиновски.Актерот Тони Михајловски, кој е поранешен член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, е кандидат за градоначалник за Куманово од таа партија. Доби поддршка од членовите на Извршниот и Централниот комитет.

Магазин | пред 4 години

policija-3

Никој не заврши без казна: 74 возачи во Штип фатени како не почитуваат сообраќајни правила

Во текот на вчерашниот ден (23.09.2021) на подрачјето на СВР Штип, полициски службеници спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 74 прекршоци, од кои 54 надвор од населено место и 20 во населено место.На сите возачи им биле изречени соодветни санкции. Санкционирани биле и 46 други видови на прекршоци, од кои 30 прекршоци за управување возило без возачка дозвола, 2 за нерегистрирано возило, 3 за технички неисправно возило, 3 за некористење сигурносен појас и 8 за користење на мобилен телефон. Истиот ден во периодот од 08.00 до 14.00 часот на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои вршат непрописно престигнување. За време на акциската контрола биле констатирани 10 прекршоци и сите биле соодветно санкционирани.

пред 4 години

224994218_4577315625652604_6519891985805782571_n

Загина градежен работник, паднал од зграда во Скопје

На 23.09.2021 во 16,39 часот во СВР Скопје од Итна медицинска помош било пријавено дека при изведување градежни работи на зграда во изградба на подрачје на Гази Баба паднал работникот М.Ц.(55) од Скопје, кој починал на местото на настанот.Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и инспектор од Државен инспекторат за труд, а по наредба на Јавен обвинител телото е предадено во Институтот за судска медицина за обдукција.

Скопје | пред 4 години

velosiped

Велосипедист е тешко повреден, возило сред Струмица удрило во него

На 23.09.2021 во 08,45 часот било пријавено дека во Струмица на бул.“Ленинова“ после крстосницата со ул.“Цветан Димов“ патничко моторно возило “цитроен“ со струмички регистарски ознаки управувано од К.Т.(39) од Струмица удрило во велосипед управуван од Л.С.(56) од Струмица.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Л.С., констатирани во Медицинскиот центар Струмица. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Струмица.

Македонија | пред 4 години

soobrakajka-696x463-312863

Прегазен пешак во Велес кој е тешко повреден, возачот го оставил и избегал

На 23.09.2021 во 17,10 часот било пријавено дека во Велес на ул.„Васил Ѓоргов“ патничко возило удрило во пешакот А.А.(79) од Велес, по што го напуштило местото на настанот.Во несреќата А.А. се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Општата болница Велес. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Велес и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 4 години

1-1-1

Докторката од Куманово која земаше мито, заврши зад решетки!

Кумановското обвинителство поведе постапка против кумановска докторка на возраст од 51-година, вработена во „Општа болница Куманово“- очно одделение, поради злоупотреба на службената положба и овластување и примање.„Осомничената директно побарала и примила корист за себе, парични средства, за да изврши службено дејствие што морало да се изврши. Таа во два наврати, на свои пациенти, им побарала износ од по 12.000,00 денари за да им изврши операција на катаракта, под изговор дека ваквите средства и се неопходни за набавка на леќи, иако леќите ги набавува самата болница, а оштетените не биле должни да го платат наведениот износ, односно требале да платат само партиципација. Побараниот паричен износ пред да бидат извршени операциите, оштетените и го платиле директно на рака на обвинетата, при што не добиле никаква потврда за уплатата“, информираат од Обвинителството.Судот со решение определи мерка притвор во траење од осум дена.

Македонија | пред 4 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

Голем е стравот во ВМРО-ДПМНЕ од поразот што ги очекува во Град Скопје и општина Карпош, сметаат од СДСМ

„Со денови ВМРО-ДПМНЕ преку фабрикувани и нецелосни документи конструира непостоечки случаи за градоначалникот Петре Шилегов и директорот на ЈП Водовод и канализација Душко Весковски. Голем е стравот во ВМРО-ДПМНЕ од поразот што ги очекува во Град Скопје и општина Карпош па затоа со денови тераат една иста лага и поднесува неосновани кривични пријави за да ја замајуваат јавноста“, велат од СДСМ.„ВМРО-ДПМНЕ нема што да понуди пред граѓаните, нема проекти и програми, па затоа мора да пласира лажни вести и дезинформации. Со таквата понуда не им бега нов убедлив пораз на локалните избори, како во Град Скопје, така и во најголемиот број на општини низ државата“, додаваат од СДСМ.

Македонија | пред 4 години

policija-2

За еден ден казнети 328 возачи поради брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (23.09.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 328 возачи. Од нив, 20 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 141 возач ја пречекорил брзината во населено место, а 187 надвор од населено место.Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Почнува „Бела ноќ“ во Скопје од утре, објавена програмата

Оваа сабота се организира „Бела ноќ“ по 17-ти пат, а граѓаните ќе имаат можност да уживаат во културно-забавната програма на 13 локации низ Скопје. Скопје и скопјани ќе имаат можност повторно да бидат дел на едно уникатно културно доживување, на веќе традиционална „Бела ноќ“.Многубројните уметници што ќе им се претстават на граѓаните со концерти, изложби, кино проекции и други културни перформанси на 13 локации ќе го претворат Скопје во центар на културните случувања во државата.Поради состојбата со пандемијата со КОВИД 19, „Бела ноќ“ и годинава, како и минатата година се одржува една недела порано од предвиденото.Официјалната програма на „Бела ноќ“ ќе започне утре, 25 септември, сабота, во 19:00 часот и ќе трае сѐ до полноќ, а поради состојбата со коронавирусот, работното време на локалите ќе остане исто, односно нема да работат во текот на целата ноќ.Сите настани ќе се одвиваат според протоколите предвидени од Министерството за здравство, на сите локации ќе биде поставена редарска служба и при влез во локацијата посетителите ќе треба да покажат потврда за вакцинација.Повеќе детали околу програмата може да најдете на следниот линк: https://www.belanok.com/home

Скопје | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања