Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

aeQsy-242142902-1012551929597932-1352561449512838255-n

(ВИДЕО) Катерина ака Зоне Замфирова: Се разочарав од Холивуд, филмската индустрија ги меле луѓето од Балканот

Српската глумица Катарина Радивојевиќ неодамна во Скопје го промовира својот нов филм „Нечиста крв“. Актерката, која и денес за многумина е Зона Замфирова, за малку ќе задоцнеше на скопската премиера.„На граница имаше долга колона, па отидов до полицијата и ги молев да нè пуштат преку ред. Кога ме препознаа, ми рекоа: ‘Зоне не смее да доцни’, па пуштија. Мислам дека никогаш нема да излезам од сенката на оваа улога“, ни раскажа Катарина.Првата улога ја добила на 11 години во серијата „Полицаецот од Петлово Брдо“, каде што ја глумеше ќерката на Љубиша Самарџиќ.„Бев дете, ама секој ден се дружев со најпознатите српски глумци и тоа ми удри во глава. За среќа, моите родители веднаш ме спуштија на земја“, вели Катарина. Не биле пресреќни кога им кажала дека сака да биде актерка, ама ја запишале на часови по глума кај професорот Мика Алексиќ, кој неодамна беше обвинет за сексуално малтретирање.„Тој навистина беше суров, строг во работата, ама јас бев дете и во тоа време мислев дека така треба. Кога слушнав што се случило, не се изненадив. Се гордеам на девојките што собраа храброст и јавно проговорија. Сепак, моето искуство беше поинакво, имаше и убави работи, а и научив многу од него“, се сеќава Катарина на почетоците.Низ разговорот се потсети и на снимањето на филмот „Зона Замфирова“, со кој стекна популарност во целата поранешна Југославија. Иако поминаа повеќе од дваесет години, таа со многу емоции раскажува како Драган Николиќ ѝ помогнал да ја добие главната улога. Но, не крие ни дека поради Зоне, во времето кога беше една од најпопуларните глумици, реши да остави сè и да се пресели во Америка, каде што никој не ја знае.„Морав да побегнам од притисокот што го чувствував тука долго време. Се преселив во Лос Анџелес, одев на кастинзи, а улогите што беа како создадени за мене ги добиваа американски глумици. Се разочарав, сфатив дека филмската индустрија во Холивуд ги меле луѓето од Балканот“, рече таа за „Репортер“.Зборувавме за родителите на кои им е особено благодарна за поддршката. Среќна е што никогаш не ја прашуваат кога ќе се мажи.„Тие знаат дека не правам лесно компромиси во љубовта. Па кога до сега не најдов некој колку да се омажам, сега ќе избирам маж што ќе ми одговара во сè. Одамна замрзнав мои јајце-клетки ако еден ден решам да имам дете. Не го правев тоа со хормонална терапија оти во мојата фамилија постои генетска предиспозиција за рак, туку одев по потешкиот пат“, раскажа глумицата.Со Катарина зборувавме за сè: од новиот филм „Нечиста крв“ до почетоците на глумата, неубавите страни на популарноста, разочарувањето од Холивуд, улогите на Бродвеј, зошто ги тужи српските таблоиди и дали жали што не се преселила во Москва.

Магазин | пред 4 години

culev-droga

Македонски полицајци фатени со дрога во кола на МВР, Чулев прашува: Повторно ли Наќе е крив?

Македонски полициски службеници се фатени со голема количина дрога при обид за влез во Црна Гора. Службеници во царинската испостава Сукобин, во координација со Полициската управа, при контрола на патничкото моторно возило, пронашле поголема количина на растителна материја за која постои основано сомнение дека се работи за наркотици, ова го објавува црногорската влада преку своите институции а се однесува на инцидентот во кој е инволвирани возило во кое биле високи функционери на МВР од Скопје.“Возилото со регистарски таблички на Република Македонија се движело од правец на Албанија кон Црна Гора, а супстанцата, спакувана во неколку поединечни пакувања, била пронајдена во скриен бункер на возило наменето за криумчарење.Екстехничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев прашува: „Кој е виновен за новиот меѓународен скандал со запленето поголемо количество дрога во службено возило на МВР?! Повторно ли Наќе е крив?“Од МВР официјално го потврдуваат случајот, посочувајќи дека станува збор за претходно запленета дрога која останала во возилото.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-09-23-at-19.51.23

„Мијалков го заменивме со Чифлиганец. Нели не се исплатеше загревањето на домовите?“, реакции по највата за продажбата на Топлификација

Граѓаните не се воодушевени од купувањето на Топлификација која ќе стане уште една приватна фирма на Ванчо Чифлиганец. Односно, не се воодушевени барем оние од „Твитер“. Низа критики стигнаа, шеги, но и загриженсот. Но повеќе од јасно е дека мислењето на јавноста нема да ја промени ситуацијата на терен. Во продолжение, дел од коментарите:https://twitter.com/malistaPulikala/status/1441032646688231427https://twitter.com/seznajko3/status/1441061547078529033https://twitter.com/MarkoTroshan/status/1441009408360779777https://twitter.com/Gogiche/status/1441068637733810193https://twitter.com/B1PcG6cyiRrcoTr/status/1441029747362852873https://twitter.com/Rebrendiran/status/1441049316039094279https://twitter.com/zamislena/status/1441060869467619336https://twitter.com/020by007/status/1441045270263910400https://twitter.com/pazhnja/status/1441040331320041474https://twitter.com/baljumbaljum/status/1441023872535519236„Адора“ ја купува Топлификација која е во стечај за 9,3 милиони евра, објави Телма. Со тоа станува сопственик на двете топлани Исток и Запад и целиот имот на Топлификација запишан во стечајната маса. Информацијата за Телма ја потврди и стечајниот управник на „Топлификација“ Богољуб Макревски и Адора.

Коментари | пред 4 години

DSC07343

Арсовска им порача на центарци: Не е лесно да извоите битка со Владата, но јас таа битка ја водам со години

Независната кандидатка за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска, денеска се сретна со граѓани од општина Центар. Во разговор со граѓаните, Арсовска истакна дека центарот на градот во изминатите 4 години стагнира, наместо да гледаме раст и модернизација. Според нејзе, центарот на градот е ликот на еден град за секој турист, ликот на градот за секој добронамерник што доаѓа да не посети, а центарот на Скопје сега наликува на бетонско здание, без зеленило, без содржина, без душа.„Како претседател на Сојузот на стопански комори имаме комуникација со странски компании кои сакаат да помогнат центарот на градот да биде пример за поврзување и комуникација. Додека некој зборува како да изгледа смарт сити, веќе ја имаме визијата и донацијата за истото. Јас не сум човек што многу зборува, повеќе сакам мојата работа да покаже што можам. Секој што работел со мене и бил во комуникација со мене знае дека моите ветувања се исполнети до крај. Јас не ветувам, јас работам. Не е лесно да се бранат интересите на 24 илјади мали и средни компании во Македонија, но јас ги бранам успешно со години. Не е лесно да извоите битка со Владата, но јас таа битка ја водам со години и со оваа и со претходната Влада. Бидејќи за добар менаџер нема проблем кој не може да се реши, а секој предизвик е одење напред со идеите”, додава Арсовска.Таа во разговорот со центарци, потенцираше дека со нејзината посветеност, знаење и стручна надграденост, заедно со граѓаните ќе го врати вистинскиот сјај на Скопје, бидејќи, како што вели Арсовска, „Скопје му недостига на скопјани. Скопје средено, уредено”.„Скопјани не бараат многу, бараат да имаат град со којшто ќе се гордеат. Скопјани бараат град што ќе биде пример како треба да изгледа една современа и модерна метропола. Скопјани се уморни од решенија кои се убави визуелни на презентации, а во реалност ги нема. Тоа е нашата реалност сега, живееме во виртуелен свет на ветувања коишто не се остварени. Или ќе стоиме на страна или ќе се спротивставиме и ќе почнеме заедно да ги менуваме работите. За Скопје на сите скопјани”, заклучи таа.

Скопје | пред 4 години

zaev-maksim-dimitrievski

„Нѐ понижуаш, ја газиш историјата“, Димитриевски со тешки зборови до Заев

Некогашниот пратеник од СДСМ и сегашен градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, кој ќе настапи сам на претстојните избори, се огласи јавно по изјавата на премиерот Зоран Заев кој кажа дека ќе се брише „бугарски“, а ќе остане „фашисти“ на спомениците и во учебниците. Димитриевски му порача на Заев дека ги пониужува сите и ја гази историјата.„Има ли крај на оваа самопонижување? Зоране, пријателе, збoруваш од позиција на Премиер во име на сите нас, не' понижуваш сите, газиш по нашата историја и коските на нашите предци. Македонците и сојузничките балкански народи беа и се' уште се антифашисти.На 11-ти Октомври ќе треба на кумановската и прилепска Спомен костурница заедно да положиме цвеќе на жртвите на фашизмот, јас како градоначалник, а ти како актуелен Премиер. Сега молкот е повеќе од срам!“, напоша Димитриевски.

Коментари | пред 4 години

klinika-brza-pomos

28 починати, 526 нови случаи на корона

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:Направени се 3.632 тестирања, а регистрирани се 526 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 245, Куманово – 43, Велес – 22, Прилеп и Охрид – по 19, Штип – 18, Кавадарци – 17, Струмица – 16, Крива Паланка – 15, Битола – 12, Тетово – 11, Гостивар и Кочани – по 10, Кичево и Гевгелија – по 9, Свети Николе – 8, Виница и Валандово – по 6, Струга и Ресен – по 5, Кратово – 4, Радовиш, Берово и Пробиштип – по 3, Делчево и Демир Хисар – по 2, Неготино, Дебар, Демир Капија и Македонска Каменица – по 1.Регистрирани сe 830 оздравени пациенти од: Скопје – 250, Струга – 186, Охрид – 103, Струмица – 91, Куманово – 28, Тетово – 22, Кичево – 18, Кавадарци – 17, Велес, Штип и Битола – по 12, Кочани – 10, Прилеп и Гостивар – по 9, Гевгелија, Свети Николе, Валандово и Берово – по 6, Кратово и Дебар – по 5, Ресен, Радовиш, Пробиштип, Делчево, Неготино, Македонска Каменица и Пехчево – по 2, Крива Паланка, Виница и Богданци - по 1.Во текот на изминатите 24 часа починале 14 лица: 9 починати лица од Скопје (83г, 83г, 77г, 76г, 74г, 63г, 57г, 51г и 42г), 2 починати лица од Куманово (63г и 60г) и по едно починато лице од Велес (75г), Кратово (42г) и Кичево (42г).Сите пријавени лица се починати во болнички услови.Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 14 лица, со датум на смрт во период од 02.09.2021 до 17.09.2021 година. Овие починати лица се: 4 од Скопје, 2 од Струмица и по едно починато лице од Берово, Кочани, Гостивар, Радовиш, Куманово, Тетово, Охрид и Гевгелија. Починатите се на возраст од 37-92 години, од кои 7 лица починале во болнички услови, додека останатите 7 лица се починати во домашни услови.Направени се 3.632 тестови преку: ИЈЗ-262, ЦЈЗ Скопје-97, ЦЈЗ Битола-59, ЦЈЗ Прилеп-43, ЦЈЗ Тетово–74, ЦЈЗ Куманово-64, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-1, лабораторија болница Козле-19, УК Пулмологија со алергологија – 14, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–179, Жан Митрев (Филип Втори)-94, Авицена-191, Биотек-253, Систина-58, лабораторија Лаор-128, Синлаб-22, Ремедика-23, Плодност–51, Генеа-5, Никоб лаб-388, ВФВ Медикал-42, Ели Медика-64, Ројал Медика –10, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.491.Досега во земјата се направени вкупно 1.265.512 тестирање на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 188.635 бројката на оздравени пациенти е 169.946, на починати е 6.539, а бројот на активни случаи изнесува 12.150.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 81913, Активни 5696Куманово 11158, Активни 931Тетово 10778, Активни 959Прилеп 8963, Активни 295Гостивар 7942, Активни 507Битола 6989, Активни 257Велес 6098, Активни 305Охрид 5863, Активни 474Кавадарци 5794, Активни 212Струмица 5643, Активни 323Штип 5611, Активни 242Кичево 3903, Активни 412Струга 3768, Активни 359Кочани 3168, Активни 132Гевгелија 2376, Активни 80Неготино 2301, Активни 43Свети Николе 1846, Активни 111Ресен 1523, Активни 108Радовиш 1492, Активни 112Дебар 1445, Активни 123Крива Паланка 1379, Активни 74Берово 1203, Активни 33Делчево 1113, Активни 67Виница 1017, Активни 52Пробиштип 903, Активни 44Валандово 800, Активни 34Богданци 544, Активни 16Кратово 541, Активни 51Крушево 518, Активни 15Македонски Брод 463, Активни 32Демир Хисар 430, Активни 20Демир Капија 407, Активни 5Пехчево 310, Активни 6Македонска Каменица 294, Активни 19Дојран 139, Активни 1

пред 4 години

1632390832-collage-750x500-1

(ВИДЕО) Тешка навреда претрпе Цеца, а Шерифовиќ се смееше

Композиторот Драган Стојковиќ-Босанац уште на почетокот на новата сезона се скара со Цеца Ражнатовиќ, која од оваа година е во жирито на „Гранд“. Тој ја навреди фолк-ѕвездата и за неа рече дека не е пејачиште, туку само популарна пејачка.Кавгата настана кога една од натпреварувачките испеа песна од Цеца, а Босанац не беше воодушевен од нејзиниот настап.„Ако сме во иста професија, не сме сите исти. Марија Шерифовиќ е пејачиште, а Цеца е само популарна пејачка, ама и тоа е дискутабилно“, рече Босанац.Втората емисија од новата сезона на „Ѕвездите на Гранд“ ќе се прикажува в сабота, а фановите коментираат дека и без Карлеуша, шоуто ќе биде забавно.

Магазин | пред 4 години

apasiev

Даштевски сака да ја оштети Левица за 100.000 евра, смета Апасиев

Лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев смета дека Државната изборна комисија има за цел да ја оштети Левица одземајќи и од средствата за платено политичко рекламирање за изборите. Тој пишува дека претседателот на ДИК, Александар Даштевски наместо само на Левица и ДПА, сака пари за рекламирање да даде и на други шест субјекти. Апасиев тврди дека тие не исполнуваат услови.Зошто вмровскиот кадровик во ДИК - Александар Даштевски сака да ја оштети Левица за преку 100.000 ЕУР во очи на Локалните избори? Знаете нели, дека со измените на Изборниот законик само 7% од парите за платено политичко рекламирање одат кај „парламентарните политички партии во Собранието на РМ кои на последните избори за пратеници не освоиле доволно пратеници да формираат пратеничка група“ (останатите 90% одат кај СДС+ДУИ и ДПМНЕ+ААА).Бидејќи вкупниот буџет за ТВ рекламирање оваа година е околу 3.600.000 ЕУР, тоа значи дека 7% се некаде околу 260.000 ЕУР. Е сега, битно е кој ќе ги дели овие пари? Според законот, треба да ги делат само Левица и ДПА - оти само они го исполнуваат овој законски услов (да учествувале самостојно на избори и да освоиле помалку од 5 пратеника). Арно ама, Даштевски и крими-компанијата од ДИК, перфидно сакаат тука да додадат уште шест субјекти кои не го исполнуваат законскиот услов и кои веќе се во коалиција со СДСМ или ВМРО - така што, наместо на 2 оваа сума би се делала на 8!? Со тоа, Левица ќе биде оштетена за преку 100.000 ЕУР кои законски и следуваат! А некои овие парички ќе мора да ги надокнади - преку тужбичка за оштета, а ќе си попие и кривична пријава за 'злоупотреба на службената положба и овластување'“, пишува Апасиев.

Коментари | пред 4 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Пресврт: Девојче од Велес без родители кое тврдеше дека е тепано и силувано, ја променила изјавата!

Петнаесетгодишното девојче штитеничка на дом за деца без родители ја променила изјавата во полиција дека била тепана и силувана, потврдуваат од СВР Велес за Телма. На службениците им признала дека станува збор за лажна пријава.Две момчиња од Велес веќе беа повикани на разговор во станица, по изјавата на малолетничката. Дополнително, од свои извори Телма дознава дека со сите вештачења и пропратни оперативни дејствија околу истрагата, докажано било дека таа ниту била тепана, ниту била силувана. Со оглед на тоа што веќе постојат доказите, девојчето признало дека нејзината пријава е всушност лажна пријава.Телма побара повеќе детали за конкретниот случај и од Центарот за социјални работи во Скопје за да се слушне и нивниот став околу причините за промената на изјавата во полиција, но оттаму целосно одбиваат да коментираат за случајот и сите одговорности ги префрлија на Министерството за труд и социјална политика.

Македонија | пред 4 години

Strawberry-Moon-2018-meaning-name-June-full-moon-explained-979797

Русија испраќа човек на Месечината, течат подготовки

Русија почна со подготовки за испраќање човек на Месечината и веќе се издвоени средства за овој проект, се наведува во документот објавен од „Роскосмос“.„Роскосмос“ објави тендер за проучување на проблематични прашања за организација на летови со екипаж до Месечината, а на крајот од тој процес треба да се направат списоци со барања кои вселенската технологија треба да ги задоволи за организација на такви мисии.Цели на истражувањето се: да се дадат предлози, препораки, барања за перспективни технологии, за елементи на ракетна и вселенска технологија, што обезбедува сигурна реализација на летови со луѓе до Месечината, работа на космонаути во орбитата на Месечината и површината на Месечината.Истовремено, треба да се земе предвид потребата за решавање на медицинско-биолошките проблеми, се наведува во документот. Вкупната вредност на договорот е 1,7 милијарди рубљи (23,4 милиони долари).Официјалните документи на Роскосмос укажуваат дека првите летови до Месечината ќе бидат изведени со ракетата Ангара, користејќи мал транспортен брод.

Магазин | пред 4 години

novax

Излегува уште една вакцина за корона наречена „Новавакс“ која чека одобрение

Американската компанија Новавакс и нејзиниот партнер индискиот Серум институт ја пријавија својата вакцина против Ковид-19 за итно одобрување од Светската здравствена организација.Барањето до СЗО обично е сигнал до националните регулатори дека вакцината е безбедна и ефикасна. Потребно е и одобрување од СЗО за извоз во земјите кои учествуваат во иницијативата за споделување на вакцини – КОВАКС.Новавакс и Институтот Серум, најголемиот светски производител на вакцини, се обврзаа дека ќе испорачаат 1,1 милијарда дози вакцини на КОВАКС програмата, со цел еднаков пристап до вакцини меѓу богатите и сиромашните земји.Протеинската вакцина на Новавакс покажа ефикасност од 90,4 проценти во клиничките испитувања извршени врз околу 30.000 испитаници во САД и Мексико.

пред 4 години

23092021_PVRSM_Zaev_rabotna-sredba_2

Се отвораат 120 нови работни места во турска компанија

Делегација на турската компанија „Текнопанел“, предводена од сопственикот Орхан Кахвеџи одржа работна средба со премиерот Зоран Заев и директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски на која беше презентирана новата инвестиција на компанијата во Северна Македонија.Премиерот Заев искажа задоволство од одлуката на компанијата „Текнопанел“ да инвестира во Северна Македонија, како прва инвестициска дестинација за оваа компанија надвор од матичниот пазар. Дополнително, што европскиот пазар ќе се снабдува со производството од нашата земја. Премиерот Заев подвлече дека двете пријателски земји, Република Северна Македонија и Република Турција во континуитет ги унапредуваат билатералните односи, како и економската соработка, а голем број компании од Турција веќе работат во нашата земја.Компанијата „Текнопанел“ ќе инвестира 16 милиони евра во изградба на нов производствен капацитет во ТИРЗ 1 Скопје. Производството се очекува да започне во 2022 година.Според инвестицискиот план и финансиски проекции, „Текнопанел“ ќе отвори 120 нови работни места во оваа фаза. Според проекциите, се очекува компанијата да оствари вкупен извоз од над 170 милиони евра во следните 10 години, само како обврска за придонеси за плати, во буџетот на државата да уплати над 5 милиони евра приходи додека обврските за данок на добивка и персонален данок на плати надминуваат 2,5 милиони евра.Турската компанија „Текнопанел“ со која ќе се потпише договор во наредните неколку недели е првиот странски инвеститор со кој Владата ќе склучи договор со елементи од новиот концепт на работење на Дирекцијата за ТИРЗ.Во прв ред Владата ќе обезбеди финансиска поддршка за отворање на работни места со просечна нето -плата над 33.500 денари месечно и загарантиран раст на плати од 5% годишно. Исто така ова е прва компанија со која почнува да се применува новиот принцип на вреднување на земјиштето како дел од државната помош, односно за прв пат државата ја користи пазарната вредност на земјиштето како ресурс што се дава на користење на инвеститорот како мерка на државна помош.Според новиот концепт на привлекување инвестиции во ТИРЗ, секој потенцијален инвеститор задолжително доставува 10 годишен инвестициски план врз база на кој се проценува капацитетот на компанијата и инвестицијата, и се подготвува индивидуализиран пакет за учество на државата во инвестицијата.„Текнопанел“ е високотехнолошка компанија која произведува иновативни таканаречени „сендвич“ кровни панели кои истовремено нудат топлинска, хидро и звучна изолација, а отпорни се и на пожар. Особено се користат за покривни површини на индустриски згради.Компанијата е еден од најголемите извозници во Турција и на листата Топ 500 водечки индустриски компании во земјата, со 5 фабрики во Турција, над 450 вработени и извезува во 89 земји во Азија, Европа и Америка.

Македонија | пред 4 години

23092021_ZPVRSM_MIOA_1

Администрацијата нема да може да „клати врата и зема плата“, граѓаните ќе можат електронски да ја пријавуваат!

Граѓаните од утре електронски ќе може да поднесуваат поплаки поврзани со услугите кои ги дава јавната администрација.„Веќе од утре граѓаните непречено ќе можат да го користат и преку интернет да ги поднесуваат своите пријави коишто се поврзани со услугите кои ги дава администрацијата или со корупција. Овој систем е од огромно значење, затоа што со него ќе се овозможи ефикасно и ефективно водење на постапките за добивање на услугите, но и навремено постапување на институциите по барањата на граѓаните. Овој систем е уште една алатка што ќе ни помогне во бескомпромисната борба против корупцијата“, изјави вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.Електронскиот систем е имплементиран како посебен модул во рамки на Националниот портал за електронски услуги. Преку него граѓаните и правните лица ќе можат да испратат пријава за која било услуга до институција, како најавени корисници или анонимно со можност за евидентирање на поплаката или пријавата.Истото ќе можат да го сторат и преку телефон, за што ќе се воспостави повикувачки центар и ќе се отвори наменска телефонска линија. Телефонскиот број на којшто ќе може да се пријавува 02/3150-050 и истиот ќе биде јавно достапен.Пријави и поплаки ќе може да се поднесуваат до сите институции коишто се наоѓаат во рамките на регистарот на институции во административната алатка, тоа се сите институции кои се во рамки на државната управа со исклучок на општините и правосудните органи. Системот опфаќа услуги кои ги нудат 83 институции, а поплаките се поднесуваат за тековно отворени барања за услуги пред институциите.За да може да се мониторира, системот ќе генерира месечни извештаи за вкупен број примени пријави/претставки и предлози, вкупен број примени пријави/претставки и предлози по институција и област, вкупен број пријави/претставки и предлози за кои е задоцнето постапувањето, како и колку од нив се прифатени, одбиени или препратени. Овие извештаи ќе бидат основа за соодветни анализи за предлагање соодветни мерки и активности во конкретните области.Електронскиот систем за онлајн поднесување и следење пријави е подготвен со финансиска поддршка од Проектот на УСАИД за граѓанско учество.

Македонија | пред 4 години

apteka-kvoti-lekovi

Сопственик на аптека во Чаир почина од стрес откако му ја ограбија аптеката

Сопственик на аптека на улицата Џон Кенеди починал набргу откако објектот бил ограбен, јави МВР.Тој не бил во аптеката за време на грабежот, туку стигнал 10 минути подоцна и му се слошило.Набргу со итната медицинска помош бил однесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што од страна на лекар е констатирана смрт.Грабежот се случил синоќа по 20 часот кога едно лице со закана со нож кон вработената го одзел дневниот промет.Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 4 години

Samoubistvo-kaj-Momir-02

Ужас во Куманово: Жена нападната од лик кој и влегол дома претставувајќи се дека е од кабелска телевизија

Триесет и тригодишна жена со иницијали З. М. од Куманово пријавила во полицијата дека била нападната во својот дом од едно лице.Според пријавеното, лицето се претставило дека е од кабелска телевизија и побарало да наплати сметки, а кога влегла да побара пари, тој ја нападнал.Како што е пријавено, за неколку минути дошол нејзиниот сопруг и почнале физичка пресметка со лицето, кое потоа се дало во бегство и притоа му испаднал пиштолот.Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово, а пиштолот бил подигнат за вештачење. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 4 години

242787710_398271891698580_2376895338014019060_n

Македонија е лидер во зелената енергетска трансформација, вели Бектеши од Варшава

Енергетскиот сектор во Република Северна Македонија е еден од најзначајните сектори за развој на економијата и е приоритет за Владата за обезбедување на сигурно снабдување со енергија, економски раст и придвижување кон зелена економија. Како држава-кандидат за полноправно членство во Европската унија сме исправени пред предизвиците за ефикасното спроведување на сериозни реформи во економскиот сектор од кои особено значење за има енергетиката, а како членка Енергетската заедница ја следиме енегетската политика на ЕУ со што целосно ги имплементиравме директивите и регулативите на ЕУ за енергетика.Ова го истакна министерот за економија Крешник Бектеши на Министерскиот состанок на Партнерство за трансатланска енергија и климатска промена (P-TECC) кој во организација на Министерството за енергија на Соединетите Американски Држави и Министерството за клима и животна средина на Република Полска се одржа денеска во Варшава, Република Полска.Министерот во своето излагање за реформите кон зелена енергетска транзиција на Северна Македонија истакна дека новиот Закон за енергетика е целосно усогласен со ЕУ регулативите, како и со Енергетската заедница, и овозможува реализација на новата Стратегија за развој на енергетиката до 2040 година и Националниот план за клима и енергија, кој се чека на усвојување.„За овие наши активности Енергетската заедница ги пофали нашите напори и посветеност за сето она што го направивме во енергетскиот сектор кон целосна енергетска трансформација во зелена енергија како прва земја на Западен Балкан што го стори сето тоа“ кажа министерот Бектеши.Министерот информираше дека Стратегијата за развој на енергетиката до 2040 година беше донесена на крајот на 2019 година и разработува три сценарија – референтно сценарио, сценарио со умерена транзиција и зелено сценарио, кои одразуваат различна динамика на енергетска транзиција и овозможуваат флексибилност на земјата да одговори на соодветните политики за управување во ЕУ, кон модерна, конкурентна и климатски неутрална економија до 2040 година.„Интегрираните резултати од Зеленото сценарио од енергетската стратегија во 2025 година покажуваат значаен напредок кон енергетската транзиција. Според ова сценарио, во 2025 година се предвидени заштеди во финалната потрошувачка на енергија од 12,7%“ кажа министерот Бектеши и додаде дека Националниот план за енергија и клима ја става Северна Македонија како прва членка на Енергетската заеница која што го изработи ваков документ.Со тоа ја покажуваме сериозната заложба на земјата да биде во чекор со европските енергетски и климатски трендови, кажа министерот Бектеши во своето обраќање пред министри и високи претставници од 25 земји кои што присуствуваа на Министерскиот состанок.„Вкупната вредност на инвестициите во енергетскиот сектор, предвидени Стратегијата за развој на енергетиката 2021-2025 изнесува околу 4,2 милијарди евра и се однесуваат на покрупни инфраструктурни проекти кои претставуваат дел од вкупно предвидените инвестиции во енергетскиот сектор на Северна Македонија. Од друга страна планираните јавни инвестиции во енергетиката во периодот 2021 – 2025 година изнесуваат околу 390 милиони евра, што укажува дека јавните инвестиции во секторот на енергетика се мали по обем и дека придонесот на другите извори на финансирање ќе биде клучен за реализација на Стратегијата за енергетика“ потенцираше министерот Бектеши.Министерот на крај потенцираше дека иницијативата за конкурентна и климатски неутрална економија на секоја земја почнува од нашето размислување за тоа како ќе изгледа иднината.„Важно е какви мерки преземаат владите и дали ќе бидат доволно добри за да го заштитат нашето здравје и благосостојба, како ќе се оживее економијата, каква ќе биде нашата понуда, на чија поддршка можеме да сметаме, како ќе се променат потребите за мобилност и на крајот, каква улога може да одигра секој од нас. Земјите од Западен Балкан, имаат можност да донесат храбра одлука за движење напред кон одржлива декарбонизирана иднина и да го искористат потенцијалот на регионот за поздрава животна средина„ кажа министерот Бектеши.Во рамки на Министерскиот состанок, министерот Бектеши оствари билатерална средба со министерот за клима и животна средина на Република Полска, Михал Куртика. На средбата двајцата министери ги истакнаа своите силни заложби за продлабочување на соработката во делот на енергетиката помеѓу двете земји.Министерот Бектеши ги презентираше проектите во делот на обновливи извори на енергија кои што е предвидено да се реализираат во Северна Македонија наредниот период кои се голема можност за инвестиции од страна на полските инвеститори.

Македонија | пред 4 години

sela-1

Јас не гледам дека обвинителството работи да повика некого на одговорност, смета Села за случајот со изгорената болница

Претседателот на Алијансата за Албанците Зијадин Села прашан за став околу барањето за анкетна комисија за трагедијата во тетовската модуларна болница, истакна дека стојат зад секаква комисија која ќе работи за да излезе вистината на виделина и да има одговорност.– Треба да има законска одговорност за сите тие кои беа одговорни. За жал, откога се случија овие многу тешки немили настани, јас не гледам дека обвинителството работи да повика некого на одговорност. Не треба некои експерти од странство да ни дојдат за да се гледа дека таму биле луѓе кои не требало со закон да бидат присутни. Според тоа, обвинителството за тоа треба да се занимава со директорот на болницата и низа други пропусти кои се случија. Како на пример 11 години господинот Бесими бил вршител на должност. Не знам какви други докази им требаат за да почне одговорност за овој човек, а да продолжи и со министерот и така натаму, рече Села на денешната прес-конференција пред состанокот со претставници на Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ).

Македонија | пред 4 години

thumbnail_Naser-Nuredini-BDI1

Што им значи „зелената агенда“ на ДУИ

Демократската унија за интеграција (ДУИ), денеска го претстави четвртиот приоритет на платформата за локалните избори, Зелената агенда.Насер Нуредини од ДУИ на денешната прес-конференција истакна дека оваа Платформа и петте приоритети, кандидатите за градоначалници мора да им се придржуваат, бидејќи оваа Платформа ветува поразвиени општини, повисок животен стандард и вклученост на граѓаните во донесувањето одлуки.Нуредини нагласи дека Зелената агенда предвидува чисти градови, без отпад на нашите улици и населби, чиста вода за пиење во сите општини, чист воздух, модерна патна инфраструктура, чиста и достапна енергија за сите граѓани.„Зелената агенда значи заштита на водата, обезбедувајќи чиста вода за пиење за секој граѓанин без разлика дали живее во урбани или рурални средини, како и изградба на канализациски мрежи, пречистителни станици, како и чисти езера и чисти речни корита“, рече Насер Нуредини од ДУИ.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-09-23-at-14.09.54

(Хит ВИДЕО) Полицаец го јаваше коњот кој трчаше на автопат за да го однесе во станица

Полицаец го јаваше коњот кој трчаше на автопатот Скопје-Тетово во спротивна насока. Видеото стана хит на социјалните мрежи. Откако прво го бркаа две полициски екипи и по пет минути трчање успеаја да го застанат, полицаецот беше принуден да се качи на запрежната кола за да го однесе во станица. Видеото е вирално на социјалните мрежи, откако беше спречена трагедија.Тетовската полиција ќе поднесе пријава за 53-годишник од градот чиј коњ без контрола се движеше во спротивна насока на автопатот Тетово-Скопје.– Во СВР Тетово беше пријавено дека по автопатот Тетово-Скопје, на потегот од клучката за Брвеница кон Требошки натпатник, во спротивна насока, без надзор и контрола, сам се движи коњ со запрега. Kоњот со запрега е фатен и однесен во Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово. Набрзо е идентификуван и повикан сопственикот Н.К.(53) од Тетово, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Македонија | пред 4 години

cifliganec-1

Чифлиганец ќе ја регулира температурата на парната, зошто ја купува и Топлификација, објави Телма

Чифлиганец ја купува Топлификација – понудил 9,3 милиони евра. Собранието на доверители на 8 октомври треба да пресече дали ќе ја прифати понудата. Информацијата на Телма ја потврди стечајниот управник на Топлификација Богољуб Макревски.На електронското наддвање имало две понуди, но таа на Адора била поповолна и прифатена. Доколку Собранието на доверители ја запечати понудата, Адора ќе стане сопственик на двете топлани Исток и Запад и целиот имот на Топлификација запишан во стечајната маса.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-09-23-at-13.40.18

Заев им покажа „заби“ на Бугарите и испрати порака

Премиерот Зоран Заев кажа дека Македонија нема да презема ништо поврзано со Бугарија, додека тие не го тргнат ветото за почеток на преговорите со Европската Унија. Тој посочи дека нашата држава е спремна да работи според планот кој го имаме со Бугарите, како што е инфраструктурната поврзаност и слично.„Ние нема да испорачуваме конкретни чекори додека не добиеме поддршка. Ние имаме договор и очекуваме Бугарија да биде пријател и поддржувач на евроатланскиот процес. Не само поради договорот, туку поради добрососедството. Ние сме подготвени да ги превземеме, заедно, како две страни заедничките обврски. Еве двете институции реагираат кога се валка национално знаме на двете земји, кога се сквернават споменици. Треба да работиме на инфраструктурната повррзаност на двете земји. Имаме патоказ, за унапредување на институционалната соработка, за индните перспективи“, рече Заев.

Македонија | пред 4 години

08042021_PVRSM_Zaev_MF_Besimi_pres-konferencija-1

Ќе се брише „бугарски“ а ќе остане „фашистички окупатор“, Заев одговараше дали ќе биде член на историската комисија

Премиерот Зоран Заев смета дека не смее да се обвинува цела една нација за фашизмот, мислејќи на бугарската, додавајќи дека како што не смее да се обвинува ниту италијанската, германската. За него, фашистичкиот окупатор ја има поставеноста на структури и групи, односно лидерства во историјата. Од спомениците и учебниците ќе се тргне само „бугарскиот“, но ќе остане „фашистички окупатор“.„Треба да внимавате кога зборувате дали давате етнички предзнак на фашизмот“, Заев до новинарите.Бидејќи се меша во историјата, Заев беше прашан дали ќе стане член на историската комисија, на што одговори: „Јас само апелирам да го видите опфатот на историската комисија. Назначувањето или именувањето на фашистичкиот окупатор не е во делокруг на работата на историската комисија. Тие го работат делот на историската комисија, кој каков револуционер бил, за што се борел“.„Историската комисија работи досега на завршени пет области или пет историски личности и продолжува понатаму да работи на Гоце Делчев. Ние зборуваме за политичкиот дел на одлучувањето кое се однесува на иридентизам, кое се однесува на провокативност и не европски манири. Кога ќе видите во западно-европските земји, фашистичкиот окупатор нема етничка боја, нацонална боја. Затоа, секако на спомениците ќе остане 'фашистички окупатор', целта е да се избрише 'бугарски'. Или ако има други одредени провокации, кои што испраќаат порака кон нацијата а не кон фашизмот во тој период, не може да кажемте дека градите искрено пријателство, добрососедство. Зборувам за спемниците, но и ученибиците. Наше право и обврска е како ќе ги учиме следните генерации да го препознаат фашизмот, да го осудат фашизмот, да си ја учат историјата, а дел од нашата историја е фашистичката окупација“, рече Заев

Македонија | пред 4 години

arsovski

(ВИДЕО) Арсовски: Шилегов и Весковски местеле тендер од 300.000 евра

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов и директорот на Водовод, Душко Весковски местеле тендер од 300.000 евра, обвини портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, и го повика јавното обвинителство да реагира.„Сакаме да ја известиме јавноста дека ВМРО-ДПМНЕ во текот на вчерашниот ден заедно со правниот тим на адвокати од ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривична пријава за скандалот во ЈП Водовод и канализација, каде што е наместен тендер од 300.000 евра за фирмата КБК Инженеринг и Кодинг 2“, рече Арсовски.Тој вели дека постојат докази како се испумпале 300.000 евра со реконструкција на водоводна мрежа на улица „Варшавска“ во текот на 2020 година.„Доказите се евидентни, ги обелоденивме наназад деновиве и поднесени се до Јавното обвинителство. Фирмата КБК Инженеринг и Кодинг 2, во претходен договор со градоначалникот на Град Скопје, Шилегов и директорот на Водовод, Весковски, ја извршиле реконструкцијата на водоводната мрежа на ул. „Варшавска“ и дури потоа ЈП Водовод и канализација го објавило тендер, кој го добила токму оваа фирма која што претходно ја завршила реконструкцијата. Понаместен тендер со овие докази и со оваа фактичка ситуација, нема да можете да најдете“, рече Арсовски.Тој вели дека одговорност мора да има.„Дали најпрвин морална од страна на луѓето кои што учествувале во сето ова, а потоа и кривична согласно истрагата доколку се случи на заспаните институции во Република Македонија. Но, одговорност за овој случај мора да има. Ова е начинот на работа на јавните претпријатија кои што се на надлежност на Шилегов. Најпрвин договараат меѓу себе во четири очи која фирма ќе добие одреден тендер. Фирмата без тендер ја изработува и ја завршува работата, потоа се оди на про форма, на електронска јавна набавка односно тендер за да се замачкаат очите на јавноста. И да го добие тендерот баш онаа фирма која што претходно ја завршила работата која што и била доделена“, рече Арсовски.Тој најави дека утре ќе излезе со детални пресметки колку е, како што рече, напумпана цената од 300.000 евра за реконструкција на оваа водоводна мрежа споредбено со колку реално чини и треба да чини целата реконструкција.

Скопје | пред 4 години

konj-video-750x430-1

Коњот кој трчаше сред автопат и го бркаше полиција е однесен во станица, сопственикот доби кривична

Тетовската полиција ќе поднесе пријава за 53-годишник од градот чиј коњ без контрола се движеше во спротивна насока на автопатот Тетово-Скопје.– Во СВР Тетово беше пријавено дека по автопатот Тетово-Скопје, на потегот од клучката за Брвеница кон Требошки натпатник, во спротивна насока, без надзор и контрола, сам се движи коњ со запрега. Kоњот со запрега е фатен и однесен во Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово. Набрзо е идентификуван и повикан сопственикот Н.К.(53) од Тетово, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.Скоро пет минути, полиција бркаше избеган коњ на автопатот Скопје-Тетово, кој трчаше во спротивен правец и можеше да направи низа на сообраќајни несреќи. Автомобилите кои возеа по првата лента, навреме го забележаа животното, за да избегнат сообраќајка.По две минути, се активираше и полицијата која беше приндена да вози во спротивен правец за да го застане коњот. Имаа неколку обиди, но беа залудни. Тој застана по скоро пет минути трчање. За среќа, избегната е трагедија.

Македонија | пред 4 години

filipce-4

Филипче: Секој од нас е заменлив. Никој не е венчан за функцијата.

Министерот за здравство, Венко Филипче смета дека е заменлив, како и секој друг функционер кој е на функција. Тој одби да коментира било што поврзано со изгорената тетовска модуларна болница, во која загинаа 14 пациенти кои беа на лекување. Посочи дека Обвинителството и истражните органи треба да ги дадат сите информации, по што, ќе биде отворен и тој да зборува за сѐ.„Секој од нас е заменлив. Никој не е венчан за функцијата. Тоа е мојот став во однос на се“, рече Филипче.Истрагата трае веќе петнаесет дена, засега нема информации што е откриено, како дошло до тоа болницата да се запали и да изгори. На неа работи Основното јавно обвинителство, додека Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција ја проверува документацијата и начинот на набавка на сите модуларни болници

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања